ТОП

benziska-guzva-goriva

Поевтинува бензинот и нафтата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82% во однос на одлуката од 23.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,945%, кај дизелот за 1,174%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,425% и кај мазутот има намалување е за 1,806%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,986 ден/кг и ќе изнесува 53,305 ден/кг.Од 28.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 109,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 111,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,35%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

napadnata

Скопјанец ја удирал мајка си со столче и и ги скршил рацете

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка. Тој најпрвин започнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце. Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа.Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Македонија | пред 3 години

290549097_559809492324002_4171402047334908446_n

(ФОТО) ССМ го блокираше влезот на Скопје

Ваква е моменталната состојба на влезот на Скопје во населбата Автокоманда, по блокадата од Сојузот на синдикати на Македонија.ССМ поставија шатори на самиот булевар, откако нивните барања не беа исполнети за покачување на платите и усогласување за 2806 денари.„Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека сите работодавачи треба да ги следат примерите од локално ниво каде што штрајкот е со успех и работниците го добиваат заслуженото и одработеното усогласување на платите за 2806 денари што е едно од главните барања и главна причина за штрајкот“, велат од ССМ.

Скопје | пред 3 години

IMG_6349

Детали за сообраќајката на скопска обиколница, познат идентитетот на загинатата

На 26.06.2022 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско.Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Истот така, со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

rtdzrtdzrtdzrdz-347630

(ФОТО) Македонски автомобил падна во море во Грција

Автомобил со скопски регистарски таблички падна вo море во Неа Каликратија, Грција.На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини.„Предупредување!! Би сакал да го привлечете вниманието на вашите следбеници на паркирање на угорнина. Задолжително рачно, задолжителна брзина и правилно тркалање на тркалата. За жал денеска во Неа Каликратија се случи несреќа кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски таблички“, се вели во апелот на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

osmani

„Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз“, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше на изјавата на Александар Николоски и смета дека неговите тези сакаат да создадат етнички јаз по стратешките прашања.Османи порача дека ова е обид да се ослабне позицијата на државата и така да се обезбеди политичка предност за опозицијата.„Обично се обидувам да ги игнорирам ваквите напади, особено кога тие се на теми кои претставуваа стратешки интерес за сите граѓани, вклучувајќи ги и гласачите на опозицијата.Но...., но....Понекогаш, како што во неколку наврати тоа го прави г-нот Николовски, не само што се преминуваат црвените линии на пристојност, туку без трунка одговорност, онака лежерно и волунатаристички, се напаѓа севкупната државна позиција и успехот на целиот политички спектар да се обедини околу стратешките прашања.Буквално сите граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Власи или Бошњаци, буквално сите граѓани се обединети во одбрана и на државните интереси, и на националните интереси на нашите сограѓани Македонци. Еден од клучните темели на кои се потпира нашата цврстина и во преговорите со Бугарија, но и во претставувањето на нашите позиции во ЕУ и меѓу земјите – членки, е токму обединетоста на целиот политички, етнички, културен и општествен спектар во земјава.Јас сум свесен дека борбата за политички поени е цврста и непријатна, ние сме сите политичари и се бориме да ги освоиме симпатиите на своите гласачи; но да си дозволиш да го нападнеш, и да се обидеш да го загрозиш клучниот државен столб на кој се потпира цврстината на нашите позиции, тоа не говори само за неодговорност, туку за еден вид патологија во чија суштина лежи длабоко вкоренета албанофобија.Колку ли само треба да си алчен, и да не си ја ниту почитуваш ниту сакаш државата, за да ја нападнеш нејзината суштинска придобивка – успешната мултиетничка обединетост по стратешките интереси?Јасна е намерата на овие тези кои се надевам не се позиции на ВМРО ДПМНЕ. Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, да се направи раздор по етничка линија, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата.Наша задача е тоа да го покажеме, јасно и гласно да го посочиме, и со тоа да ги осуетиме. Да ве уверам дека нема да успеат: ќе ги зачуваме националните интереси на нашите сограѓани Македонци, ќе ги зачуваме и македонскиот јазик и посебноста на македонската култура и пристојноста, а воедно и ќе ѝ обезбедиме европска иднина на земјава и на сите нејзини граѓани“, напиша Османи.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-26-130934

(ВИДЕО) Километарски колони на Богородица

На граничниот премин Богородица за влез во Грција има километарска колона поради огромниот број на возила.Станува збор претежно за туристи од соседна Србија, како и од неколку други европски земји патуваат кон Грција.Според информациите гужва има само од македонската страна, додека од грчката возилата поминуваат многу побрзо.„На г. п. Богородица за излез од државата, има чекање околу 15-20 минути. На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

Capturelenretrtzuijtze5

На Македонецот за влакно му избега победата во „Ѕвездите на Гранд“, заврши како втор

Вечеравечер се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а победата по тензично гласање ја однесе Нермин Ханџиќ кој има само 19 години.Саша Поповиќ го објави победникот, а неговата менторка Вики Миљковиќ беше пресреќнаа.Нермин не ги криеше емоциите поради победата, па цело време беше на работ на солзи, додека присутните му приоѓаа сакајќи да му честитаат.Во финалето на популарниот натпревар влегоа вкупно 16 кандидати. Шеснаесет од нив влегоа во суперфиналето како кандидат од Босна и Херцеговина Нермин Ханџи, како и Александар Јосифовски од Македонија.Тој освои 40 илјади гласови помалку од Нермин. Саша Поповиќ откри дека победникот Нермин добил 128.456, а Александар 87.650 гласови.Победникот како награда доби автомобил.

Магазин | пред 3 години

EU-1

Преведувач одбил да преведува од „северномакедонски јазик“: Јас не знам таков јазик!

Лиценцираниот преведувач Агим Нухиу од Тетово, објави документ во кој стои да преведува од „северномакедонски јазик“. Нухиу одбил, а на социјалните мрежи стана херој.„Утрово добив понуда за превод на материјали од Северномакедонски јазик. Кој е тој јазик, знае ли некој?Јас не знам за таков јазик. Проектот е инаку од ЕУ“, напиша Нухиу.Утрово добив понуда за превод на материјали од Северномакедонски јазик.Кој е тој јазик, знае ли некој?Јас не знам за таков јазик😶Проектот е инаку од ЕУ🇪🇺.Posted by Armend Nuhiu on Friday, June 24, 2022

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Катастрофа во Скопје: 168 казни за прекршоци, 49 за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а седум за користење на мобилен телефон.Изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за некористење на сигурносен појас, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР

Скопје | пред 3 години

20190715204907

„Макрон згрешил“, Османи ја правдаше употребата на „северномакедонци“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“. На ова имаше реакции од јавноста која е децидна дека таква нација не постои. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција во Македонија.„Комунициравме со француската амбасада. И вчера бевме цел ден со неговата делегација. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна погрешна формулација. Претседателот Макрон нема дилема по однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани но и во Обединетите нации и ЕУ.Претходно, Макрон рече: „Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, и додаде дека со „северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи не знае што е изгласано во Бугарија за кревање на ветото, Македонија има став но не се знае дали ќе влијае

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не знае која е финалната верзија која е усвоена во бугарскиот парламент за кревање на ветото со услови од францускиот предлог. Ставот на Македонија е историските прашања, промената на Уставот и македонскиот јазикот да не бидат дел од преговарачката рамка, но дали истиот ќе влијае – не е познато.„Прво треба да видиме што текст има изгласано Бугарија и што француското претседателство ќе достави како конечен предлог. Верзијата која беше доставена беше работна, бидејќи одредени прашања за кои не сме усогласени останаа во загради. Така што допрва треба да видиме која е бугарската позиција и што француското претседателство кога ќе види наша и бугарска позиција, како ќе пристапат во овој процес. Ќе бидеме во комуникација со нив за да видиме што ќе биде“, кажа Османи.Тој додаде: „Ќе видиме каква резолуција донел бугарскиот парламент, па што ќе одлучи француското претседателство“.

Македонија | пред 3 години

289045952_325593983111608_6622602393219445508_n

Бугарија ќе го укене ветото за Македонија, но преговорите ќе бидат според францускиот предлог

Парламентот со 170 гласа „за“ го прифати предлогот на Демократска Бугарија да му даде мандат на Советот на министри да го прифати предлогот на француското претседателство за Северна Македонија.Народното собрание ги потврдува условите под кои Бугарија може да поддржи каков било чекор во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, и тоа:Ефикасно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и записниците од состаноците на Меѓувладината комисија според овој ДоговорГарантирање на правата на Бугарите во РСМ, вклучително и преку нивно вклучување на рамноправна основа со другите народи во Уставот на РСМПостоење на европски гаранции во однос на исполнувањето на условите од точките 1 и 2За таа цел, Владата на Република Бугарија треба да ги одобри нацрт-преговарачката рамка и заклучоците на Советот предложени од актуелното претседателство со Советот на ЕУ, под услов да бидат следниве:Појаснување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во уставот на РСМ во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народиПодобрување на предложената нацрт рамка за преговори и нацрт-заклучоците на Советот со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање од страна на Република Бугарија на постоењето на македонскиот јазик.Гарантира дека добрососедството останува хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапување кон ЕУ во PCM, за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја меѓувладина конференција

Македонија | пред 3 години

poplava

„Критично кај мостот Шипковица- Бродец“, објавена состојбата во Македонија по обилните врнежи од дожд и град

Како резултат на врнежи од дожд што го зафати подрчјето на Општина Виница на ден 23.06.2022 година пријавени се следните штети: откорнати кровни лимени конструкции на зграда и на зградата на општина Виница, имало скршени и откорнати дрва кои го отежнувале сообракајот, имало паднати тополи врз објект на Саманто (оранжерии) и имало скинати кабли на ЕВН поради кои општината на ден 23.06.2022 година останала без напојување со електрична енергија, велат од ЦУК.„На ден 23.06.2022 година, населените места Серменин, Ново Конско и Моин, Општина Гевгелија во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвикал сериозни штети врз земјоделските посеви. Поради тоа Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија ќе врши процена на сите пријави од граѓаните за штети од невремето на подрачјето на Општината.Во Општина Демир Капија на ден 23.06.2022 година во попладневните часови подрачјето на Демир Капија, беше зафатено со врнежи до дожд проследено со силен ветар и град. Како резултат од невремето кое траело 10 минути предизвикало штети во градот Демир Капија. Околните населени места не биле зафатени со невреме и град.Од Македонија пат известуваат дека од невремето имало паднати дрва и одрони и наноси од земја на стариот регионален пат од село Прждево кон Демир Капија, на кој и денес се работи на негово расчистување но нема прекини во сообраќајот.Како резултат на силен ветер на ден 23.06.2022 година во с.Петралица, Општина Ранковце, дошло до паѓање на дрво кои направило штета (кршење на керамиди) од куќа. Дополнително се очекува Комисијата за процена на штети да излезе на терен за да ја утврди направената штета.Во моментот дефекти на електродистрибутивнаа мрежа има во селата: Липково, Глажња, Лукаре и Гошинце.Како резултат на дождот кој бил со посилен интензитет на ул.171 во село Речица дошло до поплавување на одредени места по улиците. Каналот кој служел за одвод е затрупан во должина од 20м. Но ситуацијата да не биде полоша помогнало чистењето на шахтите за атмосферска вода кои биле исчистени предходно од страна на Општината. Во моментов нема опасност за поголеми поплави бидејќи интензитетот на дождот е прекинат. Но сеуште состојбата е критична и се следи.Поради вчерашните и претходните врнежи од дожд критична е состојбата кај мостот Шипковица- Бродец“, се вели во соопштението од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

„Образовниот систем симулира петки и вештачки успех, а писменоста си ја покажува на дело импровизацијата“, вели Алексиќ

Главната причина за резултатите на приемниот тест кај одличните ученици во гимназијата „Орце Николов”, е тоа што образовниот систем стимулира петки како единица мерка за успех и упис на факултет, вели за „Фокус“ професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ.– Такви се образовните политики, уписните трески, врскаџискиот систем и примерите кои им ги даваме на децата – вредиш онолку колку имаш, а не колку што знаеш или умееш. Успехот се форсира со ,,сите петки” , а тоа е реално невозможно. Образовниот систем не стимулира туку симулира петки и вештачки успех, а писменоста со хиперпридукција на ,,школувани” кадри си ја покажува на дело импровизацијата, вели таа.Со години се зборува за стимулација на надарените и вистинските одлични ученици, но ништо во реалноста не се презема и многу често вистински одличните ученици на крајот на учебната година се најмногу разочарани од системот, за ова професорката Алексиќ вели дека е „најболната“ тема.-Како да им излезеш пред очи кога ќе ставиш незаслужени петки од илјада причини ама еден повод – успех за упис на факултет. Напишана петка е напишана, никој не знае што стои зад неа. Затоа се такви резултатите на приемниот во ,,Орце Николов”. Очекувано беше после тригодишна импровизација на настава. Јаките ученици, одговорно учат во било какви услови и постигнуваат максимални резултати. Најмалку што можеме е да им ја потенцираме генијалноста пред сите, особено пред родителите, да им се извиниме што ќе имаат и други ученици петки заради успех и да ги ослободиме од испрашување последните две -три недели, додека другите си ги поправаат оценките за успех, додава таа.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања