ТОП

sutkaaa

Ужас во затворите во Македонија, состојбата е повеќе од загрижувачка

Полицајци добиваат притисоци, а затвореници се сместени во мизерни услови со бубашваби. Народниот правобранител Насер Зибери посочува дека условите во македонските затвори се лоши. Најголеми проблеми има во затворот „Идризово“ каде се сместени најмногу затвореници, каде според него состојбата е повеќе од загрижувачка. Тој вели дека има игнорантски однос од властите, а не се даваат ниту потребните пари за нормално функционирање.„ Во шеснаесет метри квадратни, со осум кревети, имаше шеснаесет осудени лица. Во друга просторија од деветнаесет квадрати имаше дванаесет лица. Во голем дел од просториите условите се неадекватни а се сместуваат повеќе од девет лица. Поради несоодветните материјални услови не се врши сместување во второ, петто и осмо крило. Условите не се подобри ниту во просториите кои се користат. Просториите каде се сместени лицата од отвореното одделение и т.н. амбулантско одделение, можат да се опишат како нехумани и деградирачки. Осудените лица сместени во овој оддел беа затекнати како спијат на под, на сунѓери, во ходници, во импровизирани кревети, ставени еден врз друг на три спрата. Хигиената на ниско ниво, а просториите се полни со инсекти како лебарки, бубашваби, тафтабити и слично. Осудените лица се жалат дека немаат пристап ниту до топла вода“, рече Насер Зибери.Ништо подобро не е ниту во затворот „Скопје“.„Таму се сместени во простории во простории со мувла по ѕидовите, каде има стар инвентар, ниско ниво на хигиена, со расипани чешми. Притворениците се жалат на пристапот до вода, кој не е решен. Затворениците складираат вода во пластични шишиња“, додава Зибери.Проблеми има и во затворот Тетово каде се сместени деца. Тие веќе една година, не посетуваат настава во затворот.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-bujar-osmani-960x640-1

„Ковачевски и Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл“, вели Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Ковачевски и Османи се актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл.„Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација.Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото.Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“, вели Милошоски

Македонија | пред 3 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_4

Планот на Ковачевски и Османи беше откриен од народот, беа приморани да го одбијат предлогот, вели Ковачко

„Вчера излеговме со прес конференција и побаравме оставка од премиерот Ковачевски, но не само од него туку од целокупната Влада. Ние сме разочарани што не се наоѓа начин да се започнат тие преговори, долгоочекувани преговори кои што се ветуваат години наназад со потпишување на разно разни договори, преговарања итн. Така да од таа страна можам да изразам разочарување што се уште еве не се почнати преговорите, и за нас како партија, а воедно и како држава цениме дека тоа е погубно“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на радио „Лидер“.Ковачки искажа благодарност до македонскиот народ, до македонските интелектуалци, новинарите, колумнистите, и сите општествени чинители бидејќи застанаа во одбраната на македонските национални интереси. Граѓаните јасно кажаа дека не прифаќаат услови со кои што се брише македонскиот национален идентитет, негира македонскиот јазик и се гази македонската историја. Граѓаните не дозволија асимилација на македонската нација.„Тоа што премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи го преговарале во изминативе шест месеци не е никако за честитање затоа што тие се тие кои што го имаат креирано документот, работеле на него. И на крај Ковачевски е токму тој што дал одобрување за тој документ. Францускиот предлог е документ кој што е направен тука пред месец, месец и половина и веќе се случува и француското претседателство како што слушнавме по медиумите. Се гледа дека и ние како опозиција се информираме од медиумите и претежно се информираме од медиумите во соседна Република Бугарија, за жал не се информираме од нашите претставници односно од нашава Влада која што ја плаќа народот и е должна да даде одговори пред нас пратениците, пред македонската јавност“, појасни Ковачки.Тој посочи дека власта цело време ја убедуваше македонската јавност дека не се разговора за македонскиот национален идентитет за на крај да се воочи дека целата проблематика се сведува токму на распродажба на македонските национални интереси.„Целата работа е дека премиерот Ковачевски и Бујар Османи имале сценарио во врска со реализацијата на овој документ. Како е тоа планирано? Планирано е во три чекори. Тие прифатиле практично се што барале Бугарите, а тоа веќе го потврди и вчера на социјалните мрежи комесарот Вархеји. А, Вархеји си кажа дека сите бугарски барања се прифатени. И сега што планирале Ковачевски и Бујар Османи? Значи првата точка односно првиот момент е веднаш да се отпочнат преговорите и при тоа тие не барале никакви дополнителни условувања, значи не ги интересирало внатре што стои туку да се почне со преговорите. Зошто? Затоа што на тој начин сакале да создадат еуфорија во земјава, дека еве готово почнуваме со преговори кои толку долгоочекувани преговори и конечно се почнуваат. И на тој начин создавајќи ја таа еуфорија сакале да направат на некој начин еден блиц крик, но во меѓувреме народот и опозицијата да ги стават пред свршен чин, значи онаа ситуација која што ја кажавме и вчера на прес конференцијата морковот или стапот, и да се доведеме во ситуација да мораме да прифатиме. Практично ако цела Европа еве да речеме прифати, а што би правеле ние со тој предлог, ние би биле доведени во ситуација да бидеме во една многу незавидна ситуација и би морале тоа да го прифатиме“, појасни Ковачки.Ковачки укажа дека за среќа тоа не му помина ниту на Ковачевски, ниту на Османи, беа препознаени од народот, од интелектуалците и од новинарите. Ковачевски беше доведен во ситуација да мора да го одбие предлогот.Во текот на емисијата тој се осврна на тоа дека се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија час поскоро бидејќи со оваа власт државата не може да оди напред.„Ние веќе ги најавивме некои чекори и гледате што се случува во Собранието, имаме една активна блокада на македонскиот Парламент каде што не ги гласаме законите кои што се на штета на македонските граѓани. и не само што не ги гласаме туку и целосно ги блокираме штетните закони. Дозволуваме да поминат само закони кои што се во интерес на граѓаните каде што треба да им се помогне на некој начин финансиски, процедурално некои работи да се решат“, истакна Ковачки.Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ изминатиот викенд покажа една масовност на протестот. И токму тој протест практично докажа дека народот ги одобрува чекорите на ВМРО-ДПМНЕ.„А, што се однесува до понатамошните чекори, сите имаа можност на протестот да го слушнат и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека доколку не договориме датум за избори, ќе продолжиме со уште посериозни чекори значи ќе одиме кон целосна блокада дури и на системот. Така да од интерес на Република Македонија, од интерес на граѓаните, па и од интерес на Социјалдемократскиот сојуз и нивната коалиција е да што побрзо се организираат избори, затоа што факт е дека со оваа структура на власт Македонија не може да продолжи ниту еден чекор понатаму“, рече Ковачки.Ковачки посочи дека Македонија има деградација на секое поле поради неодговорноста и неспособноста на власта. Образованието, здравството, одбраната, безбедноста, практично на секое поле власта направи катастрофа.

Македонија | пред 3 години

17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_6

„Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала пукнаа како меур од сапуница“ вели СДСМ

Сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во однос на евроинтеграциите потонаа, вели СДСМ„Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала, дека народот ќе бил асимилиран пукнаа како меур од сапуница како и многу други лаги претходно.Премногу е од лагите од белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да смогнат сили и да им се извинат на граѓаните.Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се променат и наместо да одработуваат за туѓи центри на моќ, да се престројат на страна на на граѓаните, на страната на националните интереси.Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ.Од тој пример, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат доста да научат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

dimitrov

Македонија треба да ја замрзне работата на историчарите, бара Димитров

Некој е нервозен. БГНЕС гледам пак се занимава со мене, со како што ме нарекоа “корона вирусот” за бугарската политика, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.„Потсетуваат на протокол на меѓувладината комисија оддржана во време кога Софија го поддржуваше почетокот на пристапните преговори со ЕУ!Документот содржи охрабрување до Комисијата на историчарите да ја забрза својата работа вклучувајќи ги и најделикатните теми од најделикатниот историски период важен за двете држави. Се разбира, формулацијата не создава обврска, ниту правна ниту политичка, бидејќи политиката може само да охрабрува и да создава позитивен амбиент за историчарите.Па тој амбиент го оневозможи токму Бугарија, кога реши со уцена и со сила да проба да добие тоа што го сака.За сите нации е здраво општествата и експертската јавност да отворат и теми од минатото околу кои има различни гледања.Тој процес го направи невозможен токму Софија, меѓу другото и со затворање очи спрема сегашноста. Дека во нивниот сосед живее македонски народ што говори македонски јазик. Без прифаќање на таа реалност, без почитување на нашето право да кажеме кои сме, не може ниту да се разговара вистински за минатото, ниту да се гради пријателство.Овој обид, се разбира е израз на нервоза околу мојата улога во битката да не’ влеземе во замката на францускиот предлог.Не гледајќи, дека бетонирањето на уцената со европски печат, ја прави работата на комисијата за историски прашања уште поневозможна. Мој став е дека македонската страна треба да ја замрзне работата на историчарите како контра мерка на прекршувањето на членот 2 од договорот од страна на Софија. Додека има вето, нема услови за работа на комисијата растоварена од уцени.Мојата улога се разбира ќе продолжи.Овој “корона - вирус” прерано сте го прогласиле за готов“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-23-150124

ВИДЕО: Францускиот предлог не е прифатлив, рече Ковачевски и ја искара и ЕУ

Изарзив незадоволсто од динамиката со која се одвиваат пристапните преговори. Македонија е кандидат близу 18 години. Ова што се случува e сериозен проблем и сериозен удеар врз кредибилитетот на ЕУ. Македонија и Албанија не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка која едноставно не успева да се искоординира и да обезбеди деблокада на нашиот европски пат. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог. Македонија направи многу, донесовме многу тешки одлуки, врме Ееу да ги даде своите ветувања пред да даде нови, ова го изјави Димитар Ковачевски по самитот на ЕУ.„Во врска со францускиот предлог, предлог кој би бил прифатлив треба да ги гарантира клучните елементи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Иаториските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка. Преговорите меѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред почнување на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на уставот. Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија“, изјави Ковачевски

Македонија | пред 3 години

lambe-a-naslovna

(ФОТО) Ламбе за прв пат ќе се појави во јавност

Популарниот фестивал во Прилеп, Пивофест годинава ќе се одржи од 14 до 17 јули. Акцентот е ставен на македонската музичка сцена.Наум Петрески, Миле Кузманоски, Елена Велевска, Елена Петреска, Вера Јанковиќ, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Љубојна, ДНК, Некст Тајм, Лозано, Ареа, Владо Јаневски, Џамбо Агушев,  Суперхикс, се дел од имињата кои ќе настапат оваа година.Но, дел од програмата е и пејачот Ламбе Алабаковски, кој за прв пат по инцидентот во Битола ќе се појави во јавноста.  Алабаковски е предвидено да настапи на 16.07 (сабота).  

Македонија | пред 3 години

FV65OCIXgAAEqrD

Рама си направи селфи со Ковачевски: „Се уште го чекате Годо?“

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер објави селфи со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и порача од Брисел дека повеќе не го чекаат Годо бидејќи се навикнати на ова и двете земји.„Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, објави Рама.Утрово тој повторно ја обвини Бугарија дека киднапира две членки на НАТО среде војна во Европа.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Да го пратевте Нефи да преговара, ќе ги нашлакаше сите. Вие го одбравте Бујар...“, „Спроведува ред и дисциплина во Охрид, како суперхерој“, реакции по тепачката на светоникот

Охридскиот бизнисмен и и советник од ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, додека ја чека пресудата за нападот против неговиот сограѓанин, Спиро Топаловски, предизвикал нов инцидент.Тој во просториите на општината со тупаници натепал педесет и шест годишен сограѓанин, кој учествувал во наддавањето на тезгите на кејот во Охрид.Граѓаните на социјалните мрежи се шегуваа дека Усеини треба да го пратат во Брисел или во Бугарија, па тоа можеби ќе е решението.https://twitter.com/marsedonec/status/1539712033171677191?s=20&t=WgyTLkko418CepvjG-vGeghttps://twitter.com/posleDIKnaPIK/status/1539718324019499031?s=20&t=WgyTLkko418CepvjG-vGeghttps://twitter.com/Magnetolicious/status/1539845875052298241?s=20&t=WgyTLkko418CepvjG-vGeghttps://twitter.com/goranman2/status/1539886584736235521?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/MilaShila9/status/1539884671345070080?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/UsernameRonin/status/1539885181183688705?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/Skopskiot/status/1539842148270489600?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/evrosimoski/status/1539835726220738561?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/MkShlem/status/1539811779022315525?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/CrosseeCrossy/status/1539748852189773824?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/BehSasKozite/status/1539739429866295296?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/Bavcov/status/1539714410213679106?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/NemamBgPasos/status/1539720044950724609?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynAhttps://twitter.com/Tomche29/status/1539711679109513216?s=20&t=kkymo8jbnFEyqJcrcEAynA 

Коментари | пред 3 години

durmo-1

(ФОТО) „Пукна гума, автобусот изгуби контрола“, нова несреќа со Дурмо турс

На автобус на Дурмо турс при движење му пукна гума. Во автобусот имало луѓе, но за среќа немало никакви последици, велат очевидци за ТВ КланМ.Патниците во автобусот биле во паника кога почувствувале мирис на изгорено, а еден од нив за ТВ Клан сведочеше за немилиот настан:„Околу 12 патници денеска се трауматизирани и исплашени од инцидентот што се случи со автобусот кој сообраќа на линијата Скопје - Гостивар. Во движење на автобусот пукна автобуската гума и возилото на кратко изгуби контрола. Возачот пред настанот го запрел возилото откако забележа дека нешто не е во ред, но по 5 минути продолжи да се движи. Во автобусот се ширеше мирис на нешто запалено а инцидентот се случи набргу потоа. Патувавме до првата наплатна рампа и застанавме таму да не земе друг автобус. Прашањето што се поставува е: Дали требаат повеќе жртви за да има судска одлука за претходниот случај?“.Извор: ТВ Клан

Македонија | пред 3 години

Nikoloski-23.06

Бугарија сака да кажеме дека не ја окупирале Македонија и не ги депортирале Македонските Евреи во Треблинка, вели Николоски

Би сакал да го поддржам извештајот што беше презентиран денеска и мислам дека овие предизвици се, се уште пред нас. Како што можеби знаете, имаше голема еврејска заедница во Скопје, како и во Македонија во целост, но за жал за време на Втората светска војна, главно, повеќето од луѓето што живееја во Скопје всушност над 90% беа депортирани во Треблинка во тоа време, во логорите на смртта, а сега има мала заедница. Но, изградивме Музеј на Холокаустот, еден од ретките што ги има во Европа, во самиот центар на градот каде што сакаме да им оддадеме комеморација на жртвите, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ„Една друга работа која сакам да ја поврзам со тоа, но и со сегашните времиња.Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка.Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило. За жал, она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската унија не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори. Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската унија, користејќи го нивното членство во Европската унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна.Би сакал да побарам овде од Стразбур, овие практики да се сменат, оваа недела се одржува Европскиот совет во Брисел каде ќе има средба и со лидерите на Западен Балкан, а барам и Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори, и да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која постои до нивната граница што се нарекува македонска нација и држава што е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

25

Граѓаните вечерва повторно на протест: Секој ден во седум во одбрана на идентитетот и до пад на хибридниот режим

Граѓаните денес се организираат на нов протест пред Владата на Република Македонија.Настан со наслов „Протест против бугаризација на Македонија секој ден во седум пред влада“, масовно се шири на социјалните мрежи.„Секој ден во седум во одбрана на идентитетот и до пад на хибридниот режим!“, стои во описот на настанот.Вчера граѓани се собраа на мирен протест пред Владата на Република Македонија, против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.

Македонија | пред 3 години

08062022_Kovacevski_obrakjanje_Otvoren-Balkan-2

„Таче викендов ќе го прифати францускиот предлог, заедно со народот ќе спречиме нов Преспански“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека, премиерот Димитар Ковчевски викендов ќе го прифати францускиот предлог.„Таче викендов ќе го прифати "францускиот предлог" за БУГАРИЗАЦИЈА на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар). Мислам дека доаѓа денот и часот за сериозен опозициски Отпор. Само ме јаде јанѕа дали е пак и ДПМНЕ декор у причава? Се надевам искрено дека не е и дека опозицијата, заедно со народот, ќе спречиме нов Преспански. Од нас зависи!#ДојдеНожДоКоскаДругари“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

nefi-useini-660x330-1

По четврти пат Нефи Усеини натепа сограѓанин со боксови

Охридскиот бизнисмен и и советник од ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, додека ја чека пресудата за нападот против неговиот сограѓанин, Спиро Топаловски, предизвикал нов инцидент.Тој во просториите на општината со тупаници натепал педесет и шест годишен сограѓанин, кој учествувал во наддавањето на тезгите на кејот во Охрид.– На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов’ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во билтенот на СВР Охрид.

Македонија | пред 3 години

Stipendija-Boris-Trajkovski

„Иднината во слободен пад“, ракции по приемните резултати во гимназијата Орце Николов

На социјалните мрежи изминатите денови беше објавена информација за спроведенето тестирање во средното училиште „Орце Николов“ каде биле пријавени повеќе од 200 ученици со одличен успех, но по спроведеното тестирање само 11 од нив го постигнале истиот успех.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/Caesar1Gaius/status/1539584156933431296?s=20&t=jTbmulGt8FqmUg5tWfr-3whttps://twitter.com/ATANASOP/status/1539581103492808704?s=20&t=jTbmulGt8FqmUg5tWfr-3whttps://twitter.com/BokiAlterEgo/status/1539556061077811200?s=20&t=jTbmulGt8FqmUg5tWfr-3whttps://twitter.com/AntovSr/status/1539339777937485824?s=20&t=t8Xpg20cTqSkdoXBitDpRwhttps://twitter.com/BatmanSaysT/status/1539525006794932224?s=20&t=-F0jYFq6E5OSgbo6MRGFvAhttps://twitter.com/partizangunner/status/1539568621319593990?s=20&t=QaG8hWycbFd_drftZ5-HiQhttps://twitter.com/spirovskib/status/1539537072435896320?s=20&t=zgOVRpZ75C5-RfAV3HPqiQhttps://twitter.com/snowgirly2/status/1539562628623876101?s=20&t=jTbmulGt8FqmUg5tWfr-3whttps://twitter.com/ZenskiPrikazni/status/1539550373752578048?s=20&t=jTbmulGt8FqmUg5tWfr-3whttps://twitter.com/mei_botata/status/1539544121454493696?s=20&t=jTbmulGt8FqmUg5tWfr-3w

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања