ТОП

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос наодлуката од 20.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,537%, кај дизелот зголемување во просек за 0,460%, кајекстра лесното масло зголемување во просек за 0,935 % и кај мазутот намалување во просек за околу 3,484%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,447 ден/кг и сега ќе изнесува 55,291 ден/кг.Од 23.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 110,00 (денари/литар)- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 112,00 (денари/литар)- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 110,00 (денари/литар)- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 107,00 (денари/литар)- Мазут М-1 НС - 55,291 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,360 %.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.6.2022 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

ucenici

Ученици со сите петки паднаа на тестот за упис во гимназија

Oваа година во гимназијата Орце Николов имаше место за 252-ца нови средношколци. Се пријавија 40 повеќе основци. Сите беа со сите петки. Филтерот мораше да се направи преку тест против кој многумина протестираа. Иако сите одлични од почеток до крај, само со петки, според пресметките и објавените резултати од тестирањето на 292-ца ученици на крај излегло дека всушност само 11 ученици оствариле повеќе од 76 % од вкупно 170 бодови од тестот, односно имале 130 бодови и повеќе. Толку всушност според критериумите за одличен би биле одлични по тестот, пишува ТелмаНиту еден од тестираните основци не успеал да го реши тестот за максималните 170 поени, најдобриот на тестирањето имал 152 бода или околу 90 % успешност.Вкупно 40 ученици, колку што биле прекубројни на пријавувањето, добиле незадоволителни резултати на тестот односно иако во основно биле со сите петки, на тестот добиле недоволен 1. Тоа се деца кои имале под 45 бода или помалку од 26 % од бодовите на тестот.39 ученици покажале многу добар успех на тестот според процентот за одговорени прашања на тестот, најмногу од пријавени 133-ца ученици имале резултат за оценка 3 –добар. Доволен успех или двојка добиле 70 завршени деветоодделенци.Резултатот кој личи на масакр на петките од основно покажа на кое ниво е образованието. Тестирањето во Орце Николов го разголи квалитетот на она што го научиле децата и за што добиле највисоки оценки.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

granica-carina

Апсење на Ќафасан: Цариници, полицајци и граѓани сакале да шверцуваат стока од Македонија

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.„Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа“, информира албанската полиција.Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

Македонија | пред 3 години

noz-ubistvo-napad

Ја давел поранешната сопруга, и удирал боксови, па со нож и нанел неколку убодни рани

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен осомничен за кривично дело – убиство.– Постои основано сомнение дека тој на 20 јуни, при вршење семејно насилство, во куќа на улицата „Дабничка“ во Прилеп, со умисла се обидел да ја лиши од живот неговата поранешна сопруга. Утрото на критичниот ден, тој дошол во куќата во која живеела оштетената, се качил во собата каде што спиела и најпрвин започнал да ја дави со рацете околу вратот и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Во тој момент пристигнала нејзината мајка која се обидела да го оттргне, но осомничениот ја турнал. Од појасот извадил нож и на поранешната сопруга и нанел неколку убодни рани во телото и ногата. Потоа бил совладан од тројца соседи кои го изнеле од куќата и го спречиле да ја оствари намерата, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност тој да избега, да влијае врз сведоците и оштетените или да го реализира обиденото кривично дело. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 3 години

17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_1

Ковачевски: Ако не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе е сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Северна Македонија има докажани пријатели во земјите членки на ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски.„Тие се оние земји кои гледаат кон иднината, наспроти минатото и од кои ние, Албанија, но и регионот имаме целосна поддршка во исполнувањето на стратешката цел - членство во ЕУ.Јас, Edi Rama и Aleksandar Vučić денес донесовме одлука, уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина. Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан.Доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе е сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот. Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички, на самитот на ЕУ за Западен Балкан, во широк форум, во центарот на европската дипломатија“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

gradba-dogradba-karpos-4-taftalidze-2

Куп куќи станале згради во Карпош, општината со нови правила

Почнувајќи од денеска (среда 22.06.2022), Општина Карпош ќе се придржува кон новите правила во процесот на урбанистичкото планирање кои се однесуваат посебно на изградбата и одобренијата за градба во зони на индивидуално домување.Тие велат:„Одредбите кои ќе се однесуваат на паркирањето, важат и за колективно домување, при што се утврдува дека:1. Oпштина Kарпош нема повеќе да дозволува паркирање со помош на таканаречени платформи, туку исклучиво со рампи и тоа поврзани директно од сервисната улица кои ќе се спуштаат до гаражните места во објектот;2. Општина Карпош нема повеќе да одобрува проекти во кои паркирањето ќе биде прикажано со таканаречени „клацкалки“;3. Целокупното паркирање, за објекти од индивидуално и колективно домување мора да биде планирано под самиот објект. Доколку постои простор за гаражирање во рамките на самата парцела, тој простор нема да се земе во предвид, туку истиот ќе треба да биде резервиран за станарите кои имаат второ и трето возило, како и за гостите кои доаѓаат во предметниот објект. Овие одредби важат доколку во индивидуалниот објект за кој се бара градежна дозвола има повеќе од две станбени единици.Кај новите градби (особено за индивидуално домување), најголем проблем создаваат возилата кои не се паркираат во парцелата или објектот, туку истите остануваат на улиците и тротоарите и го загрозуваат животот на останатите граѓани од таа улица, (маало). Дополнителен проблем претставува второто и третото возило кое го поседуваат многу семејства, а со одобрението за градба не е предвиден простор за толку возила. Истото се однесува и за возилата на гостите кои доаѓаат во станбениот објект, кој во случајот е предмет на одобрение за градба.Во изминатиот временски период имавме вистинска наезда на претворање на индивидуалните градби, во станбени единици за колективно домување. Таа тенденција одеше дотаму, што се одобруваа дури и до 15 станови, и покрај тоа што се работи за индивидуално домување. Притоа, постоечката инфраструктурата и ширината на станбените улици, не можат да овозможат нормално функционирање и живеење ниту за граѓаните кои купуваат станови во тие објекти, ниту пак за останатите жители од тој реон.Од тие причини, локалната самоуправа одлучи да се придржува според следниве правила:1. Во урбанистички парцели кои се помали од 350м2 максимум ќе се дозволуваат до четири станбени единици.2. Во урбанистички парцели до 420м2 ќе се одобруваат максимум шест станбени единици.3. Урбанистички парцели кои се поголеми од 420м2 ќе може да планираат максимум осум станбени единици.Одредбите за паркирање под точка 1, 2 и 3 се однесуваат и за колективно домување односно целокупното паркирање мора да биде во објектот. Оттаму, евентуалниот простор кој би се нашол надвор од станбениот објект во самата урбанистичка парцела, да се предвиди за зеленило и евентуално за паркирање на второ и трето возило од самите станари, како и посетителите кои доаѓаат во објектот.Одредбите од овој правилник ќе бидат во важност од 22 јуни 2022 година и ќе се применуваат без исклучок.

Скопје | пред 3 години

2022-06-22_08-07-32-256

(ВИДЕО) Претреси во Скопје, пронадени 400 грама кокаин

На 21.06.2022 во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(31) од Скопје. При претреси на две локации кои ги користи тој, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 400 грама кокаин, таблети и дигитална вага.П.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

289477145_443799361082818_1043238813543107999_n

Денес напладне Македонија, Србија и Албанија ќе соопштат дали ќе учествуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан

Претседателот на Србија и премиерите на Албанија и Македонија денес напладне ќе ја соопштат одлуката дали ќе учествуваат на самитот ЕУ-Западен Балкан.Тројцата лидери одлуката ќе ја донесат по консултации со нивните влади и советници.Лидерите на шесте земји од регионот се поканети на средба со лидерите на Европскиот совет, која треба да се одржи утре пред почетокот на редовниот јунски самит на Унијата, на кој ќе се разговара за проширувањето.„Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама„Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел.Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид“, напиша Ковачевски вчера на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

DSC_1051-01

Драматична спасувачка акција: Велосипедисти залутале кај Кожле, биле дехидрирани

Во драматична спасувачка акција денеска се спасени двајца велосипедисти кои биле пронајдени после селото Кожле.Дехидрирани и снеможени велосипедистите биле лоцирани во суровиот предел без вода. Од Центарот за управување за кризи информираат дека двајцата залутале по многуте ридски патчиња, барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото. Тие ја испиле сета вода што ја носеле со себе, а биле на терен во текот на целиот ден.„Живописната црква и гробишта се на неколку километри пред, односно над, реката Пчиња оградени со камена ограда, но и со вегетација којашто ги затскрива од поглед. Акцијата за спасување е кооринирана и во директна комуникација на ЦУК и со изгубените и со припадниците на Министерството за внатрешни работи – полицијата и со Брзата помош“, информираат од Центарот од каде добиле повик на телефонскот број 112 околу 15 часот.Веднаш биле активирани искусните оперативни дежурни работници од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Град Скопје. Биле лоцирани изгубените велосипедисти во координација со полицијата. Оперативците од ЦУК биле во постојана комуникација и со тимот полицајци на терен и со изгубените велосипедисти коишто покажувале се’ повеќе и поголеми знаци на голема дехидрација и снеможеност, дури и преку oслабениот говор при комуницирањето преку телефон. Тимот полицајци само до некаде можел да оди со теренско возило, а потоа двајца припадници на полицијата продолжиле пешки да трагаат по изгубените, со кои стапиле во телефонски контакт.Од ЦУК раскажуваат дека полицајците пеш и самите изморени од многу топлото време, но упорни во потрагата за да спсат човечки животи, ги пронашле изгубените велосипедисти живи и здрави, околу 16.00 часот. Паралелно било контактирано со Брзата помош за да дојде, додека ги извлекуваат велосипедистите, медицински да бидат згрижени и третирани во покус временски период.„Припдниците на МВР покажаа големи квалитети и упорност, за да ги спасат изгубните во нашата, но сепак опасна природа при многу топло време, а и за да го скусат времето на пружање помош, односно што побрзо да ги извлечат изгубените за да добијат на време медицинска помош“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

ustaven

Уставен суд не одлучи дали ќе се укине државното финансирање на партиите

Платеното политичко рекламирање во медиумите се најде пред Уставниот суд. Иницијативата ја поднесе пратеникот Павле Трајанов од Демократски соујз. Тој смета дека неговата партија е дискриминирана бидејќи поголемите партии повеќе се рекламираат во медиумите во изборна кампања. Уставните судии имаат поделени ставови. Некои сметаат дека изборниот законик во делот на финансирањето на партиите е коректно решение кое нуди рекламирање за оние кои не се во парламентарниот состав.„Ги ценевме решенијата на повеќе држави како, Холандија, Шведска, Хрватска, Полска, Словачка, Германија и според нивните одговори констатиравме дека во поголем дел од нив само политичките партии застапени во парламентот добиваат паушална сума која се дели во однос на гласовите кои ги постигнале. Во Шведска, износот на средства кои ги добиваат политичките партии е одреден по однос на освоените гласови од последните избори, нешто слично како нашето уредување“, изјави Насер Ајдари, уставен судија.Други уставни судии пак сметаат дека државното финансирање за партиска изборна кампања не е разумен трошок.„Со ова всушност граѓаните ги финансираат политичките партии двапати, и пред изборите и после изборите. Ова законско решение не е неопходно во демократско општество, има начини како да се финансираат политичките партии со членарина, а не со пари од граѓаните“, рече Дарко Костадиновски, уставен судија.„Ваквиот начин на распределбата на рекламниот простор и средствата не ми дава можност да заклучам дека имаме тука еднаквост на политичките партии. Начинот на одредување на висината на средствата непропорционално се сведува за поголемите наспроти помалите партии“, нагласи Осман Кадриу, уставен судија.Но, Уставниот суд не презема никаков чекор за оценување на уставноста на тој дел од изборниот законик, бидејќи нема доволно судии.Извор: Алсат.мк

Македонија | пред 3 години

2-1

„Шекеринска купила куќа на Орце Николов, па сега за невестата да има паркинг СДСМ им ја дале цела улица на станарите“, вели Јоци

Прво нивниот Жерновски фактурираше 1,5 милиони евра за камчиња на Боемска 1 и 2, еден куп отворија таму кафичи и кафани, се создаде цела бизнис зона, а сега СДСМ им ја дал цееееела Орце Николов на станарите (која ја обновија лани), онаму каде паркираа муштериите, вели Јорданка Ивановска Јоци.„Зошто? Претпоставувам пошто Радмила Шекеринска купи семејна куќа на Орце Николов, а се зборува и за други недвижнини на улицава, па да има невестата паркинг и да не се ремети женичкава од простото гласачко тело. Кафанџииве сега нек затворат бизнисите слободно! Пошто немаат очито храброст да им се наебат сè на сељачиштава од СДСМ. Без паркинг простор, стварно не знам кој ќе им доаѓа...“, стои во објавата.Инаку, денес јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на општина Центар-Скопје информираше дека е воведено резидентно паркирање на ул. Орце Николов во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови.

Коментари | пред 3 години

uploads_thumbs_resize_800x420_533034

Бугарската црква ја призна МПЦ како Северномакедонска црква!

За разлика од Српската Православна Црква која како црква мајка го додели името Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, бугарската црква не признава под називот Православна Црква од Северна Македонија, објави верскиот портал Религија МК.Оваа одлука ја донел Синодот на БПЦ, откако ги разгледал писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ-ОА и од Српскиот патријарх Порфириј.Сепак, БПЦ смета дека за официјалното име на МПЦ-ОА, дополнително треба да разговара Синодот.-Денеска на свпето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на Северна Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да иде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ.Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослжување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздарви одлуката).Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓи МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава.

Македонија | пред 3 години

288509192_379937614144657_5434462815295568643_n

„Општината да ги отстрани сите нелегално поставени угостителски тераси, дивоградби“, велат од Шанса за Центар

Шанса за Центар нема да се откаже од борбата за безбедно движење на пешаците и почитување на јавниот заеднички простор во Општин Центар.Тие до општина Центар поднесоа претставка. Истата ви ја пренесуваме во целостНие, советниците од Шанса за Центар заедно со жители на општина Центар, од подрачјето Дебар Маало, се обраќаме за да пријавиме не безбедност и ограниченост во движење на најранливите - немоторизираните учесници во сообраќајот.1. Жителите на општина Центар во бројни наврати, и индивидуално, и организирано, имаат поднесувано петиции до градоначалникот и советот, поплаки до општинските служби, до полиција, и до другите надлежни институции, во врска со работењето на угостителските објекти. Нашите обраќања се однесуваат на незаконски поставената урбана опрема, бучавата, проблемот со паркингот, и генерално арогантниот однос на угостителите кои немаат никаква елементарна почит ниту кон луѓето кои живеат во Дебар Маало, ниту кон законите и правилата кои важат во оваа држава. Од страна на општината, освен бирократски лаконски одговор дека општината постапува согласно законските надлежности, или никаков одговор, до денес не е преземена ниедна конкретна мерка како одговор на бројните наши јасно дефинирани барања и поплаки.2. Диво зафатениот јавен простор со поставување маси и столици, или заградени со ленти или објекти дивоградби, до ден денес опстануваат и се толерираат од страна на општината без јасна причина и образложение, наместо да бидат срушени во најкус можен рок. Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да џиповите се паркираат слободно на тротоари, а угостителите со лента си го затвораат просторот. Угостителите директно ги прекршуваат одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата, и тоа член 4, член 17 и член 63;Повелете слики во прилог.3. Прашањето на поставување урбана опрема на јавен простор, односно начинот на користење јавен простор за вршење комерцијална дејност надвор од просторот на локалот е прашање кое директно ги засега интересите на жителите на општината. Квалитетот на живот на жителите на Центар, особено Дебар Маало, е значително влошен изминатите години токму заради толерирањето на угостителите и нивниот арогантен однос. Општината е должна да работи на подобрување на квалитетот на живот, наместо да биде соучесник во уништување на животот во Дебар Маало. Во последно време и безбедноста во овој дел од општина Центар станува се поголем проблем заради однесувањето на гостите кои ги посетуваат локалите - насилничко возење со коли и мотори по улиците, чести тепачки, галами и караници од пијани гости во сред ноќ, и слични вознемирувачки појави кои се веќе секојдневие.Заради гореизнесеното, БАРАМЕ:Во најкус можен рок општината да ги отстрани сите нелегално поставени угостителски тераси, дивоградби;Општината веднаш да почне да ја спроведува Програмата за урбана опрема, и по неа да работи како законски документ кој не е укинат и кој е во важност се до изработка на нова Програма за урбана Опрема;Да го активира Партиципативнотот тело за Урбанизам како и директно засегнатите граѓани во изработката на нова/дополнета Програма за урбана опрема.Според Законот за постапување по претставки и предлози (Службен весник на РСМ бр 87/2008), и особено член 6, 14 и 15; бараме во рок од 30 дена да добиеме писмен одговор, за секоја ПОЕДИНЕЧНА точка од нашите барања, во кој бараме задолжително да се наведат:конкретни мерки (пример, отстранување на опрема од страна на инспекциските служби, иницирање постапка пред друг надлежен орган, покренување иницијатива за промена на закон или подзаконски акт, и слично) кои општината ги презема, која конкретна служба на општината или друга институција е надлежна за секоја мерка, со емаил и телефоснки контакт податоци од службено лице;во кој рок секоја мерка ќе биде спроведена.

Скопје | пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Казни и до 10.000 евра за нечесните трговци

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои новиот Предлог закон за заштита на потрошувачи.Во прилог Ви го доставуваме говорот на министерот од оваа прес-конференција:„На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница го усвои новиот Предлог закон за заштита на потрошувачите.Главната цел на политиката за заштита на потрошувачите во Република Севернa Македонија е да се подобри квалитетот на животот на граѓаните и, во согласност со стратешката цел на ЕУ да обезбеди сите граѓани да уживаат високи стандарди на заштита на потрошувачите како и заштита на интересите на економски послабите учесници, односно ранливите категории на граѓани во деловните трансакции на пазарот.Kaкo резултат на анализата на пазарот произлезе потребата за креирање на модерна законска рамка преку нов Закон за заштита на потрошувачите.Со овој Закон од една страна, обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење.Со овој Закон кој целосно е усогласен со европската регулатива се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи.Со новото законско решение се овозможува подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови како можноста за колективно решавање на потрошувачките спорови.Она што е новина и клучно во ова ново Законско решение е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини, како и правата и обврските.Одредена трговската практика е нечесна, доколку материјално го нарушува економскиот интерес и однесувањето на просечниот потрошувач во однос на производот,посебно кои се особено ранливи на засегнатиот производ поради нивната ментална или физичка немоќ, возраст на начин предвидлив од трговецот, кога трговецот дава неточни информации за пазарните услови или за достапноста на стоката со намера да се наведе потрошувачот да ја набави стоката под услови што се понеповолни од вообичаените пазарни услови.Одредена трговска практика се смета за измамничка пак доколку содржи лажни информации и поради тоа е невистинита, го доведува во заблуда просечниот потрошувач, дури и кога информациите фактички се точни, а во кој било од случаите предизвикува или е веројатно дека ќе предизвика просечниот потрошувачот да донесе пазарна одлука што инаку не би ја донел.Одредена трговска практика се смета дека е агресивна доколку по пат на вознемирување, принуда, вклучувајќи и употреба на физичка сила или прекумерно влијание, значително ги нарушува слободата на избор на просечниот потрошувач или неговото постапување во врска со стоката и на овој начин просечниот потрошувач го наведува или е веројатно дека ќе го наведе да донесе пазарна одлука што инаку не би ја донел.Потрошувачите чии права се повредени со користење на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надомест на штетата која ја претрпеле, имаат право и на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, додека за трговците следат глоби, санкции и забрана за вршење на дејност.-За прекршување на одредбите од овој Закон предвидени се и глоби и тоа:-За микро трговци глоба во износ од 500 до 1.000 евра, а 150 евра за одговорното лице;-За мал трговец глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра, а 250 евра за одговорното лице;-За среден трговец глобата изнесува од 2.000 до 5.000 евра, а 350 евра за одговорното лице;-За големите трговци глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра, а 500 евра за одговорното лице;-Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице, односно на трговецот - поединец за прекршокот.Во делот на прекршочните санкции предвидена е привремена забрана за вршење на дејност и тоа во траење од три месеци до две години, од страна на надлежен суд за среден трговец и голем трговец и од 15 до 30 дена за микро и мал трговец, од страна на Комисијата за одлучување по прекршок.На одговорните лица пак е кај правни лица, е предвидена забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, од страна на надлежен суд, а кај трговецот-поединец во траење од 15 до 30 дена, од страна на Комисијата за одлучување по прекршок.Покрај новиот Закон за потрошувачи кој што денеска беше усвоен од Владата исто така сакам да информирам дека денеска на предлог на Министерството за економија од страна на Владата беше усвоена информација за да се изготви нов посебен Закон за нефер - трговски практики со кој целосно ќе се транспонираат европските директиви за нефер трговски практики во односите бизнис-то-бизнис во синџирот на снабдување со земјоделство и храна, во национален закон за да се уреди состојбата од појава на нерамнотежа во преговарачката моќ помеѓу добавувачите и купувачите на земјоделски и прехранбени производи.Во директивата која целосно ќе биде транспонирана кај нас се наведува дека нерамнотежа во преговарачка моќ води кон нефер трговски практики кога поголемите и помоќните трговски партнери се обидуваат да наметнат одредени практики или договорни аранжмани кои се во нивна корист во однос на продажната трансакција.Со овој нов Закон целосно ќе се усогласат и ќе се утврдат односите помеѓу трговците со цел заштита на потрошувачите.Досега оваа директива не е транспонирана од ниедна земја во регионот односно во земјите на Западен Балкан, при што Република Северна Македонија ќе биде првата земја која ќе воспостави законска пракса на нефер трговски практики.“

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања