ТОП

nciekfkwrml819bwf0tg

Договорите за струја во ГТЦ двојно помали, откако Бајрам престана да „копа“ биткоини

Последниот договор на АД ГТЦ со ЕСМ продажба ДОЕЛ склучен лани на 16 ноември за годишна набавка на електрична енергија е за 6.359 мегаватчаса. Лани истиот договор бил за 12.779 мегаватчаса. Наеднаш истите дуќанџии, истата компанија има потреба за двојно помалку струја. Лани во ноември од магацините на ГТЦ беа изнесени бројни ригови инсталирани за потребите на Елвис Бајрам за „копање“ на биткоини, пишува МКД.мкСпоред последниот годишен договор за снабдување со електрична енергијата, АД ГТЦ за 40 милиони денари, без ДДВ, купува струја по цена од 6.291 денар по мегаватчас. Тоа значи дека проценката на АД ГТЦ за периодот од 1 декември 2021 до 30 ноември годинава е дека се потребни 6.359 мегаватчаса.Потписниците на овој договор и во ноември 2020 година се договориле за снабдување со електрична енергија од 1 декември 2020 до 30 ноември 2021 година исто така за 40 милиони денари (без ДДВ) ама по цена од 3.130 денари за мегаватчас или 12.779 мегаватчаса.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

289477145_443799361082818_1043238813543107999_n

Рама и Вучиќ сами, Ковачевски со придружба на состанок одлучува дали да оди за Брисел

Во пресрет на претстојниот ЕУ-Западен Балкан самит, денес одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама, вели премиерот Димитар Ковачевски„Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел.Разговараме и за повеќе теми кои се важни за регионот и покренавме иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот. Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

281900170_1108258476760881_8983875123659935204_n

(ВИДЕО) Скопјанка сведочи: Додека татко ми е во кома на Клиника, докторите се дерат како во кафана и журкаат со турбофолк!

Скопјанка на социјалните мрежи објви видео од Клиниката за неврохиругија во Скопје. Таа вели дека утрото кога отишла во посета на нејзиниот татко, неколку доктори и медицински сестри се однесувале непристојно во собата со пациенти, пуштајќи музика и гласно зборувајќи, што може дасе забележи и од објавеното видео.„Татко ми лежи на неврохирургија на интензивно, во кома е.3 недели не смеам да го видам, не дозволуваат посета.Секој ден одам и му носам течна храна. Они бараат.Денес одам таму и ечи турбо-фолк до даска од внатре!Седнале сестри и докторот у сред соба меѓу пациенти галамат, се дерат ко у кафана.Повторувам на интензивно каде што пациенти мораат да мируваат!!!Кога конечно после 10 минути ми отворија врата реков дека носам храна и прашав "Се извинувам, шо е со музикава"Сестрата ме направи од гомно подоле,ми затвори вратата и урлаше. "Сеа до 1 ќе чекаш надвор"Не ја зема храната. Продолжи да се дере навредена од внатре и да му се жали на докторот од мене и моето прашање.Намалија малку музиката и продолжија да се журкаат.Чекавме 1 саат и никој не дојде“, стои во описот на објавеното видео.Татко ми лежи на неврохирургија на интензивно, во кома е.3 недели не смеам да го видам, не дозволуваат посета.Секој...Posted by Alexandra Von Raven on Sunday, June 19, 2022

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР, вели ВМРО-ДПМНЕ

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР, вели ВМРО-ДПМНЕ„Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен.Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ.Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците.Ковачевски не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

sobranie

Собраниската Комисија ќе продолжи со амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11 часот, ќе продолжи со амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, во рамките на 38.седница.Комисијата досега расправаше за пет амандмани на опозицијата, кои беа одбиени од парламентарното мнозинство.Вкупно се поднесени 204 амандмани,од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство.Вчера најмногу дебата предизвика амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството.

Македонија | пред 3 години

image-165748

Страшна сообраќајка: Автомобил удри велосипедиска

Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Митропoлит Теодосиј Гологанов“ во близина на поранешната фабрика „Алумина“. Според првичните информации младата велосипедската поминувала на велосипедска патека кога во неа удрил возач со моторно возило „БМВ“ пренесе Скопје Инфо.Очевидци на терен за Скопје Инфо сведочат за страшна сообраќајна незгода и додаваат дека од силниот удар патиките на девојката биле на десетина метри од велосипедот, кој во лоша состојба сведочи за силината на ударот.Повредената девојка со возило на Итната медицинска помош е пренесена на Ургентен центар, а полицијата во моментов врши увид на местото на настанот. Фото: Скопје Инфо

Скопје | пред 3 години

38230711_2173916715969677_4848593373637902336_n

Објавено кој ќе настапува на Ohrid calling

Авалон продукција ја објави програмата за овогодинешниот Охрид колинг кој ќе се одржии од 29 јули до 01 август.„ТIMMY TRUMPET, LOST FREQUENCIES, W&W, И VINI VICI- HEADLINE-РИ НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ФЕСТИВАЛ OHRID CALLING, ИЗДАНИЕ 2022!29 ,30, 31 ЈУЛИ И 01 АВГУСТ, КАСАРНА ОХРИДНа верното племе кое цела година ја планира според Оhrid Calling, како и случајните посетители кои веќе одамна не се случајни, со огромно задоволство му најавуваме дека оваа година фестивалот се враќа на стариот pre - corona сјај со својот line up!Како хедлајнери ги имаме:Во моментов апсолутно најатрактивната DJ ѕвезда ТIMMY TRUMPET со својата балканска премиера, омилениот LOST FREQUENCIES кој и самиот не знае колку хитови има… Big Room пионерите W&W и милениците на македонската публика VINI VICI!Со нив, исто така премиерно на балканот, Blasterjaxx и Will Sparks, како и детето на Оhrid Calling, GALOSKI кој оди напред во својата кариера со светлечка брзина!Тука се и нашето братско дуо CYRILLIC, Howard Hill, Divolly Markward, Chico Rose, Nicholas Adams, RASTIK, Lady Lee, Delovski, Christian Karan, Kemaro, Erick Kassel, Jana Slayy, Yaksa и DJS FROM MARS!Влезниците се во продажба од понеделник (20ти јуни) на нашата продажна мрежа низ Македонија како и онлајн на avalon.mk“, стои во објавата.

Магазин | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Објавени новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос наодлуката од 17.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 4,307%, кај дизелот за 0,055%, кај екстра лесното маслозголемување за 0,419% и кај мазутот има намалување е за 1,480%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,421 ден/кг и сега ќе изнесува 56,738 ден/кг.Од 21.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 110,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 112,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 110,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 56,738 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,648%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

bislimovski1

РКЕ ја одзема лиценцата на БЕГ, Беслимовски тврди дека скопјани нема да останат без парно

Одржана е главна седница на која РКЕ донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност, производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ, информираше денеска претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски.„Ова е една од трите лиценци што ги има БЕГ, и од оваа компанија имаме најава дека во следниот период ќе поднесе и барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки. За денешната одлука согласно Законот за енергетика, ја извстивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија. Откако ќе биде извршен изборот, РКЕ ќе издаде соодветна лиценца. Се до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлинска енергија по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.Бислимовски појасни дека скопјани нема да останат без парно.-Нема да има никаков прекин во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, бидејќи во нашата одлука е наведено дека оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нов вршител на оваа енергетска дејност, вели првиот човек на Регулаторна.Лично смета дека оваа дејност треба да ја врши компанија кога ќе биде во државна сопственост.Бислимовски посочи дека ако има природен гас, нема да има проблем во снабдувањето со топлинска енергија.

Македонија | пред 3 години

lavce

(ВИДЕО) Лавот од Куманово за кој постапуваше полицијата, може да е истиот од Будва

Холандскиот ветеринар, Џуно Ван Зон кој го прегледуваше лавчето наречено Симба во Црна Гора што талкаше низ шумите во околината на Будва во изјава за Мета.мк рече дека не ја отфрла можноста да станува збор за истото лавче што кон крајот на септември минатата година се возеше во луксузните автомобили на кумановци, пишува Мета.мкСпецијалистот за лавови од организацијата за заштита на животни, „Четири шепи“ (Four Paws) по прегледот на лавчето констатира дека се работи за мажјак на возраст од околу 5 месеци кој моментално тежи 29 килограми.Џуно Ван Зон рече дека во моментот кога лавчето го пронајдоа бројните црногорски активисти кои се ангажираа по јавниот повик на Агенцијата за заштита на животна средина во Црна Гора, било многу исцрпено и дехидрирано.„Лавчето беше многу слабо и дехидрирано, долго време немало адекватна исхрана и затоа не ја отфрлам можноста постои шанса и да е малку постаро“, рече ветеринарот.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

meriot

Поранешниот портпарол на МВР стана управител на хотелот „Мериот“

Иво Котевски, поранешен портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи во земјата, објави Фактор.Котевски кој со години ја извршуваше функцијата директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пред две недели е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски.Инаку, Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем дел од имотот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Македонија | пред 3 години

pozarna-suma-pozar

Гори репетитор од мобилниот оператор на А1

Од 05.23 часот утрово има пожар на објект – репетитор од мобилниот оператор на А1 кај с.Новоселани (ЕЛС – Долнени).„На терен се испратени 3 ПП возила со 6 пожарникари од ТППЕ – Прилеп, 1 ПП возило со 3 пожарникари од ПП Кривогаштани, а побарана е помош и од ТППЕ – Битола која поседува специјализирано теренско ПП возило, бидејќи гасењето го отежнува горивото кое се наоѓа во објектот кое се користи за напојување на генераторот (количина околу 1000 литри).За пожарот известени се ДЗС- Прилеп, МВР, ЕЛС – Долнени и ЕЛС – Прилеп“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

HDevgnkNxU-sokriena-plaza-vo-crna-gora-koja-izgleda-kako-da-ste-na-karibite

ТВ Клан: Причина за давењето на младиот тетовец е силна струја

Силната морска струја што често се јавува на црногорското крајбрежје на Јадранското Море е причина за давењето на 21-годишниот тетовецот Енис Халили, објави „Клан Македонија“. Енис заминал да работи за време на летната сезона во туристичкото место Утјеха, на потегот меѓу Улцињ и Бар.Соседот на Енис, Беким Рамадани, се повика на вестите од црногорските портали.– Влегол во вода околу 17 часот и веројатно поради силни струи во водата се удавил. Сопственикот на објектот каде што бил вработен, им се јавил на родителите за да им каже дека изгубиле контакт со момчето. Подоцна спасувачките екипи успеале да го пронајдат и да го извадат мртвото тело околу 19 часот – изјави Рамадани за несреќниот случај од саботата.Родителите на Енис заминале во Црна Гора за да го подигнат посмртните останки.– Тоа е животот. Во потрага по подобра егзистенција, се случи трагедија на еден млад тетовец. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот – вели Рамадани.Како што соопшти македонското МНР по добиените официјални информации од властите на Црна Гора, првичниот увид утврдил дека станува збор за давање, зашто на телото на починатиот немало траги на насилство.

Македонија | пред 3 години

ljube-boskovski-gruevski

За Љубе бев непријател бр 1, Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска, кога имаш принципи вратите ти се затворени, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.„Бранко не ме сакаше за Народен правобранител.Љубе ме нарече непријател бр 1.Бучко не ме сакаше за член на Изборна.Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска.Заев не ме сакаше за член на Комисија за реформа на судството.Кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.Велат сум се менувала со промената на власта.Не се менувам јас и не ги менувам јас вредностите и принципите.Се менуваат тие кои се на власт.И штом ќе дојдат на власт не им се допаѓаат моите принципи и вредностите кои ги застапувам“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

papagal

„Таче има суфлер звани Аљи“, „Газда Али и папагалот Таче“, реакции откако Ковачевски одговори како што кажа Ахмети

По новинарско прашање за тоа како ќе функционира оваа држава во случај на голема политичка криза и зошто не се нуди решение, премиерот Димитар Ковачевски посочи дека новинарот цело време поставува прашања со ист тон и начин на поставување.„Сега ќе ви одговорам, гледам дека вие цело време поставувате прашања во исти тон и начин на поставување и тоа е добро… Прво ќе ви кажам како ќе функционираме…“, вели Ковачевски, на што лидерот на ДУИ, Али Ахмети додаде „Како до сега!“.По ова премиерот Ковачевски го повтори истото, по што присутните започнаа да се смеат. Видеото од настанот веднаш се прошири на социјалните мрежи, каде велат дека Али Ахмети е газдата, а Ковачевски папагалот.https://twitter.com/zlatkothegoldy/status/1538659515184427009?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/Aldrigmin/status/1538616747749695489?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/PravednaTavita/status/1538589253499772928?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1538541680101564419?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/zoreski/status/1538537011015032839?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/lapeshapemape/status/1538532784536535045?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/Aldrigmin/status/1538528941660639233?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/_shieldmaiden89/status/1538595160245911558?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/MrRistov/status/1538622195009785860?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7Ahttps://twitter.com/dukoska_ana/status/1538599033685561344?s=20&t=fbBfY5zRqAOZ8J8Ftu0d7A

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања