ТОП

durlovski

Ахмети во анкетниот лист треба да го дополни и Ковачевски, вели Дурловски

Оперскиот пејач Игор Дурловски со саркастичен коментар за суфлирањето од Али Ахмети до Димитар Ковачевски по прашањето од новинар како ќе функционира Владата во време на економска, а сега и политичка криза по вчерашниот протест.„Господинот Ахмети во својот анкетен лист треба да го дополни и господинот Ковачевски, напиша Дурловски“

Коментари | пред 3 години

milososki

Во 2019 рекоа дека датумот речиси сме го добиле, па во меѓувреме се скараа заради фотељата што едниот му ја 'зема' на другиот, вели Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус во кој накратко ја опиша македонската дипломатија.„Во јуни 2019 Димитров и Бујар беа заедно во Париз на средба со тогашниот држ.министер за ЕУ прашања Моншален, при што насмеани ни испратија изјави дека датумот речиси сме го добиле. Така манипулираа пред нашите избори.Овој јуни на француските избори министерката Моншален изгуби од опозиционерот Жером Геџ, во кампањата не ги спомна ни Бујар ни Димитров ни Македонија. Имагинарниот датум што го дебатираа во Париз, сега во плико, полно со историја и билатерални стапици и предуслови, е испратен во Софија, а двајцата насмеани министри од 2019та во меѓувреме се скараа заради фотељата што едниот му ја "зема" на другиот. Така отприлика овие години изгледа кредибилитетот и некадарноста на македонската дипломатија“, вели Милошоски.

Коментари | пред 3 години

mnr-5-1

Македонецот кој се удави во Црна Гора е од Тетово

Момчето кое се удави во Црна Гора е од Тетово.Maкедонското Министерството за надворешни работи(МНР) ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Македонија починало во Црна Гора.„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин, Е.Х. роден 2000 година во Тетово, му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха“, велат од МНР.Во тек е обдукција за цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ наместо конструктивност, фрла 300.000 евра за пропаднат митинг, вели СДСМ

Скапо чини дебаклот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ - пропаднатиот митинг со слаб одѕив и лоша организација, вели СДСМ„На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, а опозициската партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови.Превоз за 20.000 членови чини над 200.000 евра. Ако на тоа се додадат трошоците за бина, озвучување, светло струја, вода, сендвичи, трошоци за брза помош, противожарна заштита, лесно се доаѓа до вкупна сума од 300.000 евра.Тоа се 300.000 евра фрлени во вода, толку Мицкоски го чинеше дебаклот, слабиот протест за задоволување на неговото его.Сметката на ВМРО-ДПМНЕ е блокирана, а имотот е замрнзат, пред конфискација, па се наметнува прашањето од каде се 300.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ со блокирана сметка и замрзнат имот.Додека секаде во светот, позицијата и опозицијата се обединуваат и заедно бараат решенија за ублажување на ударот од светската економска криза, ВМРО-ДПМНЕ наместо конструктивност, фрла 300.000 евра за пропаднат митинг“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Fabric

Полициска акција во Струмица, затекнати малолетници по полноќ, а им се точело и алкохол

На 18/19.06.2022 во периодот од 21.00 до 05.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за униформирана полиција, Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за специјални полициски операции и СВР Струмица) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во два угостителски објекта на подрачјето на СВР Струмица. При тоа, констатирано е присуство на 36 малолетници после 24.00 часот, спротивно на законот, како и точење на алкохол на малолетници во еден од нив.Од страна на Државен трудов инспекторат било утврдено дека вработени во едниот објект немаат потребна документација. За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодвети поднесоци.

Македонија | пред 3 години

236452684_364139681964655_2526535282062383769_n

Возачите во Србија, Македонија и Албанија наскоро ќе плаќаат патарина со еден уред

Возачите наскоро ќе плаќаат патарина по електронски пат, со еден уред ТАГ, во трите земји – Србија, Македонија и Албанија.Ова треба да биде уште едно олеснување иницирано на последниот самит „Отворен Балкан“ што се одржа на почетокот на јуни во Охрид. Според „Патишта на Србија“ имплементацијата на новиот систем се очекува до крајот на летната сезона, пишува српски Блиц. Отворениот Балкан „електронска наплата“ (Open Balkan ETC) е акција за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарина во овие три земји, а во „Патишта на Србија“ напоменуваат дека ENP системите се базираат на истата технолошка платформа, DSRC – директна комуникација со краток дострел.„Корисниците на електронскиот уред за наплата ќе можат да го користат постојниот ENP уред со негова реконфигурација и регистрирање на својата платежна картичка на едно од продажните места. ENP уредот ќе биде поврзан со платежната картичка на корисникот, додека самиот корисникот ќе може да избере дали ќе наплатува средства во национална или во странска валута“, бјаснуваат во „Патишта на Србија“.Според сегашниот предлог, предвидено е граѓаните на Србија во Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 отсто со користење на овој уред и реципрочно за граѓаните на Македонија и Албанија.„За воведување на овој систем, кога станува збор за земјите учеснички, односно јавните претпријатија кои се занимаваат со наплата на патарина, потребни се соодветни технички и организациски подготовки на кои во моментов активно се работи, а кои вклучуваат вчитување на нови кодови на антени за читање на ТАГ уредите и друго. Потоа системот ќе биде тестиран, а почетокот на апликацијата се очекува во текот на летната сезона“, велат во „Патишта на Србија“.Додаваат и дека единствениот систем на патарина ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе го намали метежот на автопатите. Новиот начин на плаќање на патарина треба да го растовари и протокот на возила на наплатните рампи, а предност за граѓаните е што нема да чекаат во редици во шпицот на сезоната и што побрзо ќе стигнат до посакуваната дестинација.

Македонија | пред 3 години

jadransko-more-crna-gora-1

Македонец се удави во Црна Гора

Дваесет и двегодишен млад маж од Македонија се удави денеска околу 18 часот на плажата Утјеха, меѓу Бар и Улцињ, пишува Новости.Жителите на Утјеха дознале дека младото момче денеска пристигнало во овој мал залив каде што требало да работи сезонски.Од полицијата потврдија дека младиот човек се удавил и дека на телото немало траги на насилство.

Македонија | пред 3 години

pozarna

Пожар во старото училиште во село Винце

Објектот на поранешното училиште во кумановското село Винце вчера е опожарен.Од Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираа дека пожарот избувнал во 18 часот во училиштето кое не функционира 40 години.Според податоците на РЦУК Куманово, пожарот првин го гаселе четворица пожарникари со едно возило, а дополнително во 20:40 часот е пратено уште едно возило.Пожарот целосно е изгаснат 45 минути по полноќ.

Македонија | пред 3 години

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало согласност, а молчењето го потврдува ова, вели Најчевска

Oткако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кажа дека нема да го коментира францускиот предлог засега, и ќе чека да се изјаснат земјите членки на Европската Унија(ЕУ), неговата постапка ја искритикува професорката Мирјана Најчевска.„Кога се расправа за случај на силување прво прашање кое се поставува е дали жртвата јасно и недвосмислена кажала дека не го сака и не го прифаќа сексуалниот однос (се разбира освен ако не е дрогирана, нокаутирана или на некој друг начин онеспособена да каже НЕ).Во моментот кога Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало и има согласност, секое молчење го потврдува ова.Не може отпосле да викаме дека сме силувани доколку во секој момент и на секој обид за пенетрација не се спротивставуваме, не викаме и не ставаме јасно до знаење дека не сакаме да имаме сексуален однос и дека сме силувани.Нема отпосле.Има во секој момент.Не може другите да не бранат а ние да молчиме“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

288103689_447056200579642_7643394383389616517_n

Мицкоски: Ако Ковачевски не прави гафови, народот ќе мислеше дека Заев е уште премиер

Преку протестот, премиерот Димитар Ковачевски доби порака од Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека го разбира бидејќи бил како што кажа помеѓу чеканот и наковалната бидејќи коалициониот партнер го уценувал и неговиот ментор го терал да го прифати. Мицкоски по ова објаснување, побара да го отфрли предлогот и кажа дека тој заедно со народот ќе застане зад него.За Бугарија, посочи: „Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува ниту една точка од овој договор. Порака до Софија, наместо вие да не поддржувате вие не блокирате и оддалечувате како народи. Наместо да не поддржувате вие не сопирате. Тоа ли се добрососедски односи? Место да дојдете да седнете, клекнете и извините за злосторствата направени на овој народ по втората светска војна, вие сакате да ја ретуширате историјата! Тоа не се европски вредности и нема никаква врска со тоа!“.„Цели пет години чекаме датум за преговори со ЕУ кој никако да дојде, а беше главното ветување за СДСМ. Нѐ понижија, засрамија, предадоа и се уште сме заглавени во чекалницата на ЕУ. 22 години чекаме. Некои држави тогаш не ни зборуваа за ЕУ, а денеска преговараат или се веќе членки на таа ЕУ. Овој народ и Македонија дадоа многу, а не добија ништо поради погрешната политичка стратегија. Им се одзема иднината на тие генерации млади луѓе кои денеска се тука пред нас и како продолжение на таа политичка агресија која се врши врз Македонија, пристигна последниот предлог кој е актуелен овие 2-3 дена. Тој предлог за кој овие од владата се прават дека не го виделе и слушнале, а тие го договарале. Да бидеме на чисто, тоа е ништо друго, освен капитулација без одлагање. Што би се рекло: Бугаризација на Македонија на рати или дипломатски нокаут“, кажа Мицкоски.Тој рече: „Во предлогот нема датум за почеток на преговори, туку услов ако сакате да почнете отворете го Уставот и исполнете ги барањата на Софија. Тоа е првото. Второ: нѐ лажеа дека не преговараат за јазикот и идентитетот. А денеска, оние платени владени пера, преку мали колумнички нѐ убедуваат дека го заштитиле јазикот. Трето: тоа што до вчера беше наш проблем со Софија, со овој предлог, станува проблем со Брисел и ЕУ. Или да бидам попрецизен, асимилација, бугаризација па потоа европизација. Постојано неразумни притисоци“.Тој за смеењето на Ковачевски кога Рама го претстави како премер на идната западна Бугарија, рече: „Си велам, доброто е што барем го препознаа кој е и како се вика, бидејќи во државава е непрепознатлив, што ако не се овие гафови, народот ќе мисли уште Заев е премиер. Што за волја на вистината и така е.. Тој требаше да му каже на Рама: Не разбирате географија, ниту историја. Ова е мојата Македонија“.

Македонија | пред 3 години

durlovski-himna

(ВИДЕО) Дурловски заедно со присутните во еден глас ја изведе македонската химна

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше протест за промени, преку кој повторно побараа одржување на предвремени парламентарни избори.Протестот е пред зградата на Владата, каде оперскиот пејач Игор Дурловски ја изведе химната на Македонија.Претходно на социјалните мрежи Дурловски објави дека ќе пее во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу Гули.„За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ,,Заедничка Македонија”, за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки.Ќе пејам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу…Ќе пејам бидејќи да пејам од срце- најдобро знам“, објави Дурловски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-18-183357

ВО ЖИВО: Протест на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ вечерва излегува на простест за промени, преку кој повторно ќе побараат одржување на предвремени парламентарни избори.Протестот е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата.Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, упатувајќи критики до власта за неспособност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојат пораст на цените и висок процент на инфлација, зголемување на јавниот долг, неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ…

Македонија | пред 3 години

32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Петар Колев: Францускиот предлог е мачка во вреќа

„Францускиот предлог, без содржината на патоказот или протоколот споменат во него, е мачка во вреќа“. Ова во интервју за БГНЕС го вели Петар Колев, претседател на Граѓанско-демократскиот сојуз.Тој рече дека неколку работи оставиле впечаток во францускиот предлог.„Во целиот предлог единствено што е имплицитно поправено е прашањето за правата на Бугарите во Р. Македонија и промената на македонскиот устав. Односно ова е точката плус 1 од спорните 4 + 1 точки кои остануваат за преговори меѓу Скопје и Софија. Во целата содржина ќе видиме дека нема поими како општа историја, воспитно-образовен процес, архиви на тоталитарните служби во Македонија и ред други прашања кои конкретно беа споменати во условите 4 + 1 поставени од Бугарија“, рече Колев.Тој нагласи дека за него францускиот предлог е мачка во вреќа бидејќи „не може да разбере како бугарските пратеници ќе гласаат за еден документ кога овој документ е упатување на друг документ, чија содржина се уште никој не ја знае“.„Не можам да кажам дали некој се обидува да потпише бланко чек или бел лист без јасна содржина, што утре ќе бидеме крајно изненадени што ќе видиме внатре. Ако работите останат вака, без јасни гаранции за расчистување на контроверзните прашања во историјата, без јасни гаранции за промена на образовниот систем, се надевам дека сфаќате со какви нецивилизирани, нечовечки и неморални избори се соочуваат македонските Бугари. Треба да избереме дали ние и нашите деца сме Бугари или нашите дедовци се Бугари. Се надевам дека бугарското општество ќе сфати за каков вулгарен и нецивилизиран пристап е ова“, предупреди Петар Колев.

Македонија | пред 3 години

20220618181518

30 вработени во фабрика во Битола со симптоми на труење со храна

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ја затвора втората менза во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, откако кај нови 30 вработени се појавиле симптоми на труење со храна.Според информациите од ДЗСИ за „Макфакс“ заедничко за сите е конзумирање на салата со краставица, домат и пченка.

Македонија | пред 3 години

Mucunski18062022

Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, вели Муцунски

Тоа што примарно го очекуваме вечерва е десетици илјади граѓани пред Владата да кажат премногу е, време е за промени, вели потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вклучување во дневникот на телевизија 24 пред почетокот на Протестот за промени - Премногу е!Муцунски нагласи дека во државата има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее, како и дека вечерва од протестот ќе се испратат голем број на пораки, а како причина зошто граѓаните ќе порачаат премногу е и време е за промени, е токму лошата економска политика, но и попусливоста на владата во однос на прашањето со бугарскиот сосед.Шест години влада предводена од СДСМ, ДУИ и други помали коалициони партнери каде што имаме постојани порази, дали е во делот на економската политика, каде што Македонија едно време беше лидер во делот на странските директни инвестиции, за сега да слушаме дека секој трет инвеститор сака да ја напушти земјата. Македонија своевремено беше на европски врв во делот на раст на БДП, а сега се наоѓаме на друг врв по најголема стапка на инфлација, рече тој.Во делот на националните политики, меѓународните односи, влади од десницата, но и од левицата знаеле да го штитат националниот интерес, но сега имаме попуслива надворешна политика. Надворешна политика единствено на концесии спрема други странки кои што немаат коректен и европски интерес спрема Македонија, а од друга страна попусливост кој што само создава штета и ќорсокак во делот на европските интеграции. Тоа се само дел од причините зошто десетици илјади граѓани ќе кажат премногу е, време е за промени, истакна Муцунски.Во Македонија има легитимациска криза, ова влада веќе нема политички легитимитет да владее. Тоа почна со локалните избори, со масовната поддршка која граѓаните ја дадода на ВМРО-ДПМНЕ, а ние бараме поддршка за рушење на оваа власт, бидејќи има и план и стратегија како Македонија повторно ќе ги достигнува тие врвови кои што може да ги достигне, како повторно ќе ја вратиме пристојноста на македонскиот граѓанин и како ќе водиме политики насочени кон заштитата на македонските национални интереси, кажа Муцунски.Муцунски е дециден и смета дека имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити македонските национални интереси, како и дека е премногу од порази на секое поле.За жал имаме владино раководство кое што не знае како соодветно да ги заштити нашите национални интереси. Не верувам дека од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за четири месеци направиле повеќе од некои влади што направиле за четири години. Но, ние ги гледаме поразите на сите полиња, економијата, надворешната политика, образованието, здравството, нема област во кој што Македонија може да бележи напредок, а истовремено не гледаме и некој концепт дека ќе ни даде надеж дека во некоја следна година, две нешто позитивно ќе се случи. Но, верувам дека кога ќе видат масовност на граѓаните, со следните чекори кои што ќе ги преземе ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија наскоро ќе имаме предвремени парламентарни избори. И ќе дојде влада која што нема да сака да владее само заради власта, туку влада која што има план и во делот на економијата, социјалната политика, надворешната политика. Влада која што ќе знае да работи во интересите и за приоритетите примарно на граѓаните на Република Македонија, изјави Муцунски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања