ТОП

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Димовски објави упатство за работа за лица кои се на власт, а не знаат што треба да прават

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави упатство за работа, наменето за лица кои се на власт а не знаат што треба да прават.„Упатство за работа:*го користат лица кои се на власт, а не знаат што треба да прават...1. Се одбива предлогот2. Се менуваат министрите за надворешни и европски (најмалку)3. Се зазема цврста национална и државна политика4. Се формира тим за решавање на проблемот со Бугарија5. Се прогласува крај на било какви разговори за историја, идентитет и јазик6. Се зајакнуваат билатералните односи со клучните држави7. Се распушта Собрание и се бара политичка одлука за иднината од граѓанитеОва ако сакате да имаме држава и да влеземе некогаш во ЕУ...Ако не, нека ви е со среќа...П.С. Времето за преговори за членство во ЕУ со ваква рамка е подолго од времето потребно за одбивање на овој предлог, добивање во некоја иднина нов и завршување на преговори врз база на нормалните процедури во ЕУ...“, вели Димовски

Коментари | пред 3 години

279527024_534943114666482_7102584340100191531_n

„Министерката за култура оправдува поставување споменици во чест на амнестирани криминалци“, вели Левица

По поднесената Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура против Општина Липково, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот меморијален споменик во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности, од министерството, кратко и неаргументирано одговорија до Левица дека НЕМА НИШТО СПОРНО во постапката за подигнувањето на споменикот, вели Левица.„Во одговорот е очигледно воочлив напорот од надлежните инспектори во Министерството за култура, да пробаат да го оправдаат контроверзниот споменик, исклучиво потпирајќи се врз манипулативниот и противправен начин на кој општина Липково го завела истиот како спомен-обележје.Градоначалникот Еркан Арифи ја заобиколил процедурата и овој споменик го именувал како спомен обележје. Ваквото противзаконско однесување е скандалозно, со оглед на фактот дека се работи за Меморијален споменик за војната, кој нема локално, туку исклучително државно значење, бидејќи иститот беше на целата територија на државава.Со тоа што кулата е именувана како спомен обележје, општината ја избегнала процедурата во Собрание и одлуката за негово подигнување ја донела на локално ниво, односно во Советот на општината.Имено, спорниот споменик не може во никој случај да се третира како спомен-обележје, бидејќи не се однесува на личности од локално значење за општината или „селската кооперација“, како што законот налага. Напротив, споменикот се однесува на зачувување на спомените на лица амнестирани од кривичен прогон за тешки кривични дела, кои во 2001 година дејствуваа на поголем дел од територијата на Република Македонија.Очигледно е дека министерката Бисера Костадиновска - Стојчевска работи во целост да го сокрие самоволието и безаконието на ДУИ, за кои функционери не важат законите веќе 20 години наназад. СДСМ со нејзините анонимни кадри во актуелната коалиција е само пајтон-партија на ДУИ, чија цел е да ги заштити криминалите на функционерите од ДУИ, кои фактички владеат со Републиката“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

lambe-a-naslovna

Ламбе се огласи на Инстаграм

Пејачот Ламбе Алабаковски на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката која му ја дадоа граѓаните.Против него се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-06-18-101155

(ВИДЕО) Апсење на наплатната Сопот

На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци.По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари. Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 години

25012022_PVRSMKovacevski_PVRB_Petkov_tet-a-tet-sredba

„Престанете сами да преговарате и да го криете предлогот, оти не е ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата“, вели Трајковска

Најдобро е само да престанете сами да преговарате и да го криете предлогот/предлозите оти не ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата, а немате никаково право да зборувате и во мое име, а не па да се согласувате за било што, вели новинарката Жанета Трајкоска.„Решението мора да биде врзано исклучително со крајот на пристапниот процес – по ратификацијата на пристапниот договор меѓу ЕУ и Македонија од сите субјекти (држави членки, ЕУ, Северна Македонија) – вклучувајќи го и евентуалното внесување на бугарско малцинство во Уставот; МОРА да спречи можност за нови блокади на преговорите од страна на Бугарија врз основа на нејзиното толкување на Договорот;.... Да има широка поддршка од јавноста и политичките субјекти...КОН МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИНедозволиво е внесување механизам за следење или спроведување на Договорот во преговорите (преку Преговарачката рамка)Бугарија мора да се обврзе дека нема дополнително да отвора нови прашањаНе смеат да се дозволат измени на предложениот текст на Преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту какви и да е дополнителни појаснувања, изјави, итн.Текстот на Пристапниот договор со ЕУ во однос на јазикот мора да биде идентичен како и за другите држави пристапнички.Не смее да се прифати менување на Уставот како услов за почеток и текот на преговорите.Барањата за правична застапеност и јазични права можат да произлегуваат единствено од пописот.Секаква изјава со која Северна Македонија би го негирала постоењето на македонското национално малцинство во Бугарија би била спротивна на меѓународните принципи на правата на малцинствата и сериозно би го нарушила дигнитетот на државата.Итно спроведување на пресудите на ЕСЧП за македонските организации во Бугарија би бил не само знак на добра волја од страна на Бугарија, туку и извршување на нејзини дамнешни меѓународни обврски.Апсурдно е признавањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија во услови кога Бугарија го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Обидот бугарското барање за промена на Уставот да дојде преку Брисел е спротивен на принципите на ЕУ.Да се спречи злоупотреба на историското минато за етнополитички цели... Антифашистичката димензија на споменичните обележја мора да се зачува, бидејќи е суштински дел од македонската државност.Спречување на говорот на омраза од двете страни гарантирајќи ја слободата на изразувањеРаботата на историска комисија ослободена од диктат и без ограничување со рокови“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

idiot-3

„Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл“, Димитров по францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор

Напуштени црвени линии и дипломатски дебакл, обвинува поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ.„Не знам што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста“, вели Димитров за ДВ.Предлогот на француското претседателство, смета екс министерот, не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

288850599_330199985966639_4692431952088871226_n

(ФОТО) Oпасни оштетувања на мостот кај Визбегово, граѓаните бараат мерки пред да биде предоцна

Граѓните известуваат за опасни оштетувања на мостот кај Визбегово во Скопско, по што Центарот за управување со кризи (ЦУК) постапи за според стандардните оперативни процедури за да се покрене преку институциите во Системот за управување со кризи отстранување на опасноста.„Конкретно, ЦУК, согласно јавувања на грѓани и доставени документациски фотографии за оштетувања на мостот во Визбегово пред фирмата „Пантер мис“ на Качанички пат, што претставуваат опасност за животот и здравјето на граѓаните ги извести надлежните институциите во Системот за управување со кризи за да се преземат мерки за отстранување на опасност, односно санација на мостот. Пред се прво се известени локалната самоуправа Општина Бутел, Улици и патишта и Град Скопје.Граѓаните известуваат дека оштетувањата - дупката пред два месеца беше многу помала за разлика од ова што е денеска, кога известија и пратија фотографии за истото, за како и самите што велат: 'да се преземат мерки за заштита на човечките животи пред да биде предоцна'“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 3 години

protest-za-promeni2-18062022

Мицкоски: Дел од подготовките за протестот - Осветлено Кале, Скопје пулсира, протест за промени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дел од подготовките за вечерашниот протест.„Дел од подготовките за големиот масовен собир.Осветлено Скопското Кале. Скопје пулсира.Протест за промени!Затоа што навистина премногу е.Се гледаме Македонијо...Пред Влада, 20 часот“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

predlog-makedonski-aa

Kако гласи формулацијата за македонски јазик во преговарачката рамка на Македонија

По реакциите во јавноста околу именувањето на македонскиот јазик во предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија, со наводи дека стои само придавката „македонски“ и недостига зборот „јазик“, проверката на преговарачките рамки за Хрватска (земја-членка на ЕУ) и за Србија (земја-кандидат) покажува дека нема каква било разлика, односно јазиците на овие земји биле именувани на идентичен начин кога тие ги почнуваа преговорите за членство во ЕУ, пишува 360 степени.Во сите три документи: оној за земјава и документите за Хрватска и за Србија, се користи иста формулација околу именувањето на јазиците. Таа гласи:„Северна Македонија (Хрватска, Србија) ќе треба да изготви превод на acquis на македонски (хравтски, српски) во соодветно време пред пристапувањето и ќе треба да обучат доволен број преведувачи неопходни за соодветно функционирање на институциите на ЕУ во моментот на пристапување“.Еве како гласи формулацијата за македонски јазик во предлог-преговарачката рамка на С. Македонија:фото: Принтскрин/360Eве ја формулацијата за хрватскиот јазик во Преговарачката рамка на Хрватска:фото: Принтскрин/360Eве ја формулацијата за српски јазик во Преговарачката рамка на Србија:фото: Принтскрин/360

Македонија | пред 3 години

idioti-1

Четири години од потпишувањето на Преспански договор, европска перспектива ни од далеку не се гледа, вели Левица

Изминаа четири години од потпишувањето на таканаречениот Преспански договор, со кој владејачките елити од двете страни на државата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршија цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ. После четири изминати години од оваа историска неправда, суштинските проблеми на нашата држава, како сиромаштијата, класната раслоеност, деградираната животна средина и криминалот не се решени, туку се продлабочени, како резултат на политиките водени од владејачката елита, вели Левица.„Нелегитимниот референдум за промена на уставното име на Република Македонија, беше формулиран со прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Манипулативната формулација, со отпочнување на прашањето со „членство во ЕУ“, сепак резултираше со неуспешни 36 отсто излезност. Четири години од потпишувањето, се наоѓаме пред уште едно понижување, затоа што бугарските услови стануваат дел од преговарачката рамка за членство на Република Македонија во Европската Унија.Бироктратската машина на ЕУ застана зад шовинистичката надворешна политика на официјална Софија, испраќајки сигнал за политичко изолирање и непријателство кон Република Македонија. Две децении, нашето општество има оптимистичен став за членството на ЕУ, но, низата на случувања од потпишувањето на Преспанскиот договор, поврзани со охрабрувањето на бугарската насилничка дипломатија од страна на европските партнери, придонесуваат до обесхрабреност и негативно јавно мнение за преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Нашата дипломатија не смее да продолжи да учествува во преговори за идентитетот на македонскиот народ, јазик и држава, бидејќи од Европската Унија нема да има кочница за бугарските апетити.Со Преспанскиот договор, Република Македонија официјално почна да се користи како воена база на САД и НАТО. За прв пат се случи во нашата држава да парадираат и маршираат војски на туѓи држави, помеѓу нив беа и војските на окупаторските и фашистички држави од Втората светска војна. Истовремено, за овој империјалистички чин, македонскиот народ плати 2% од БДП, односно 11 милијарди денари (колку што тој изнесува оваа година), додека нашиот стратешки партнер беше помогнат со дополнителни 210 милиони долари, народни пари, потрошени за вооружување.Реалноста во која живее македонскиот народ, четири години подоцна, ги исфрли на виделина сите ноторни лаги на политичкиот естаблишмент, изнесени во време на кампањата за промена на уставното име на Република Македонија. Европска перспектива ни од далеку не се гледа, користењето на правото на вето од соседните држави (членки на НАТО) е претворено во децениска пракса, додека Европската Унија постојано ги толерира фашисоидните постапки и национал-шовинистичките однесувања на нејзините членки кон македонската држава.Самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување на криминалци и затвореници, според извештајот на „Економист”, резултираше со прогласување на Македонија за хибриден режим. Ова е јасен доказ дека новото нелегитимно име не е прифатено од обичните граѓани на Република Македонија и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување.Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку договори склучени од криминалните елити, поддржани од империјалистички пакт кој го репродуцира национал-шовинизмот.Преспанскиот договор беше донесен заради лукративните интереси на домашните и странските моќници, кои ја уништија социјалната држава и воспоставија владеење на олигархијата и криминалот – и како таков мора да биде поништен!Ниту една нација не може да биде слободна се додека опресира други нации“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Јавно ќе ги објавиме имињата на компаниите кои имаат многу високи цени, ама прво да донесеме закон за тоа, вели Бектеши

По еноромното поскапување на цените од страна на трговците на почетокот на месецов, членови на Владата се заканија дека имињата на компаниите ќе бидат јавно објавувани поради неетичко работење и големи профитни маржи.Сега министерот за економија Крешник Бектеши вели дека за тоа прво ќе треба да се донесе нов закон. Бектеши најави дека на следната владина седница ќе се усвои Предлог закон за заштита на потрошувачите со кој казните нема да бидат само парични а глобите ќе бидат повисоки. Додаде дека тоа е во согласност со европската регулатива.- Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплатува да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност, рече министерот во емисијата „Утрински брифинг“.

Македонија | пред 3 години

mitko

Јанчев ја откачи Карлеуша за Ламбе

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека е можно Ламбе Алабаковски да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, откако вчера градскиот татко соопшти дека е откажан планираниот настап на српската пејачка Јелена Карлеуша.„Деновиве сме во размислување кој пејач да дојде на нејзиното место, бидејќи, сепак, концертот беше планиран за главната вечер. Можно е да е некој од Балканот, а можно е и да настапи некој од Македонија. Можно е да биде Ламбе, Каролина и Калиопи, размислуваме за нив. Но, засега ништо не се знае. Деновиве има време да се одлучи, па најверојатно во понеделник би се знаело, изјавил Јанчев за ММС.Ламбе Алабаковски оваа недела беше пуштен од домашен притвор, кој му беше одреден откако беше уапсен за потпалувањето на влезот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

Македонија | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Ова се новите цени на горивата, повторно зголемување

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37% во однос наодлуката од 13.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 2,407%, додека зголемување има кај дизелот за 1,078%, кај екстра лесното масло за 0,346% и кај мазутот има намалување е за 0,102%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, додека малопродажнатацена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.Од 18.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 111,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 113,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,488%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

milososki

Милошоски објави дел од преговарачката рамка на ЕУ: Власта не успеа да ги заштити македонските национални интереси

Антонио Милошоски на неговиот профил на Фејсбук објави дел од преговарачката рамка на Европската унија (ЕУ).Милошоски смета дека Власта не успеа да ги заштити македонските национални интереси.„Ова е извадок од предлог преговарачката рамка на ЕУ, во која има сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови за Македонија:1. Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати.2. На Македонија И се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција.3. Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година .Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој И одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 3 години

idiotka-1

Захариева: Пропагандата на Скопје е дека ако не почнат преговори, тоа ќе ги доближи до Русија, всушност, тие никогаш не се оддалечиле

Во интервју за БГНЕС поранешната вицепремиерка и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, вели дека не ѝ е јасно зошто е ова брзање од страна на премиерот Кирил Петков за укинувањето на ветото на РС Македонија за почеток на преговорите за ЕУ.„Мојот единствен сомнеж е дека Кирил Петков ветил дека ќе го укине ветото до крајот на француското претседателство. Нешто што тој негира, но сите негови постапки зборуваат во спротивна насока, вклучително и оваа одлука која вчера беше усвоена од Советот на министри“, рече Захариева.Таа го опиша како прилично чудна конструкција, што укажува и на тоа дека на премиерот му се брза.Кирил Петков не може да ги заобиколи Народното собрание и МНР, особено МНР, без да ги прекрши правилата и законските прописи, дециднa е Захариева.Захариева го потсети премиерот дека Бугарија е членка на ЕУ, а не РСМ.„За жал, Кирил Петков влезе во играта на РС Македонија, давајќи и ветувајќи дека ќе ги направи овие компромиси кои нема да го одразуваат она што го сака Бугарија“, предупреди Захариева.Според неа, нема потреба да се брза во оваа ситуација. Таа уште во јануари го советуваше премиерот да не го прекршува националниот договор: „Тешко е да се постигне национален договор, дури и за многу важни теми. Ова е едно од ретките што сме го постигнале. Не го прекршувајте националниот договор!Екатерина Захариева рече дека ништо лошо нема да се случи доколку разговорите продолжат и сега не се донесе избрзана одлука во рок од неколку дена, со што се кршат законите и праведните интереси на Бугарија.„Очигледно дека има напредок и тој го има, бидејќи и после 5-6 месеци МНР остана да преговара, да ја брани доследната надворешна политика на Бугарија. Не гледам што ќе се случи ако продолжат овие преговори и сите се обидеме да го постигнеме она за што работиме од 2019 година“, рече Захариева.Таа предупреди дека Бугарија, а особено граѓаните на РСМ, ќе загубат ако сега избрза и РСМ почне преговори без да ги спроведе потребните реформи.„Искрено верувам дека во уште поголем интерес на граѓаните на РСМ е да ја реформираат својата држава. Нивната држава, без разлика како се дефинирани сите нивни граѓани - Македонци, Бугари, Албанци и други. - да живее под еднакви услови и да не биде дискриминиран. Да ги извлечат нивните институции од тоталитарното минато. РСМ е единствената земја која нема дадено проценка и не го осуди ова минато“, потсети Захариева.„Во интерес на граѓаните на РСМ е да ја знаат историјата онаква каква што е за да учат од неа, а не измислената историја што е создадена за да ги оддалечи од Бугарија и бугарството“, нагласи Захариева.Според неа, премиерот Петков не е свесен за последиците за Бугарија од непромисленото укинување на ветото под неисполнети услови од страна на ПКМ на позадината на војната во Украина.„Дел од пропагандата на Скопје е дека ако не почнат преговори, тоа ќе ги доближи до Русија. Всушност, тие никогаш не се оддалечиле. Тоа е наш проблем и тоа многупати сме го кажале на нашите европски партнери“, рече Захариева.Таа нагласи дека на сите - на Бугарија и на ЕУ, но особено на Бугарија како сосед - им требаат реформирани земји. Иако тоа полека се разбира во Европа, постапките на Петков, кој едно зборува, а друго прави, ги поткопува напорите на Бугарија да го реформира ПЦМ и да ја направи нормална земја.„Апсолутно сум убедена дека на следните избори ќе видиме ужасно многу пратеници кои се антиевропски и анти-НАТО. Ова ќе ја загрози геополитичката ориентација на Бугарија“, рече Захариева, додавајќи дека Русија нема проблем со нејзините нереформирани полномошници, како што е РСМ, да бидат членки на ЕУ. Има проблем со НАТО. „РСМ е сојузник во НАТО, благодарение и на Бугарија, така што наводите дека и е загрозена безбедноста се крајно лажни“, објасни Захариева.Таа нагласи дека францускиот претседател Емануел Макрон или германскиот канцелар Олаф Шолц не можат со декларација или писмено да ги гарантираат правичните бугарски барања до ПЦМ доколку не влезат во преговарачката рамка.„Тие мора да станат дел од критериумите, да бидат следени во текот на целиот преговарачки процес. ПКМ не ги исполнува сопствените договори, бидејќи францускиот претседател ќе гарантира нешто договорено од Скопје. Договорот што го потпиша македонскиот премиер, а го ратификуваше македонскиот парламент, не се спроведува. Ова е проблемот и се надевам дека се повеќе европски лидери го сфаќаат тоа. Тоа значи дека не може да им се верува на институциите на РС Македонија. Ова е вистината!“, изјави Екатерина Захариева, поранешна министерка за надворешни работи во интервју за БГНЕС.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања