ТОП

Durlovski

Дурловски ќе пее утре на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Оперскиот изведувач Игор Дурловски објави дека и утре ќе ја пее македонската химна на почетокот од опозицискиот протест што го организира ВМРО-ДПМНЕ во Скопје а на кој се најавени десетици илјади присутни.„За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ,,Заедничка Македонија", за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки - никогаш отстапки.Ќе пејам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу...Ќе пејам бидејќи да пејам од срце- најдобро знам“, објави Дурловски.Протестот ќе започне утре во 20.00 часот пред зградата на Владата.

Македонија | пред 3 години

soncevi-kolektori-640x434

Правилникот на Бесими за обновливи извори на енергија е дискриминирачки спрема мнозинството граѓани, вели Левица

Новиот Правилник за обновливи извори на енергија нуди неиздржани и половични решенија за слоевит проблем, додека е предвиден како дискриминирачки спрема мнозинството граѓани, вели политичката партија Левица.„Правилникот за обновливи извори на енергија им овозможува на богатите да ги намалат трошоците за електрична енергија, додека за мнозинството граѓани кои се на работ на егзистенцијата, се предвидува да бидат повторно извесени.Дополнително, ниско-напонската мрежа, за оптимална работа без дополнителни загуби, дозволува приклучување на генераторски уреди до 4 Kw инсталирана моќ. Се' над ова ќе продуцира дополнителни загуби и губитоци на енергија поради основната намена и димезионираноста на дистрибутивната мрежа.Примери за дискриминација:- Ако се знае дека за 25 Kw инсталирана моќ треба нешто повеќе од 700 m² кровна површина, што значи 4 фотоволтаични централи од по 6 Kw исталирана моќ - тогаш, како власта ќе им обезбеди, во една стамбена зграда со повеќе станбени површини, на сите станари еднаква можност да стават сопствена фотоволтачна централа на кровот на сопствената зграда?- Како едно просечно македонско семејство ќе си дозволи инвестиција за фотоволтаик на сопствен кров, а едвај преживува во ова време на економска рецесија?Примери за популизам:- Како власта ќе ги реши техничките загуби и пренапони што ќе се јават во дистрибутивната мрежа со допуштање на поголема инсталирана моќ од 4 Kw на 6 Kw?- Кои се придобивките од зголемувањето на инсталираната моќ, ако не е популизам, кога се знае дека се' над 4 Kw прави поголема штета од добивка?Левица долго време нуди системски решенија за минимизирање на трошоците за електрична енергија за секое македонско семејство.- Проектот "народни електрани", каде секое семејство ќе има сопствена фотоволтаична централа, е единственото одржливо, долгорочно решение за искористување на сончевата енергија во корист на граѓаните.- Изградбата на сите хидро потенциали од буџетски средства е концепт во полза на народот и државата- Долгорочни стабилни договори за снабдување со природен гас со земји кои го поседуват.- Конкретна помош на секое семејство за инсталирање на колектор за топла вода.Јасно е дека пристапот кон решенијата на Левица е во спротивност со бизнис интересите на енергетската мафија, која е дел од владината елита. Затоа, како општествено одговорно партија која ги штити интересите на државата и народот, повикуваме на оставка на владината гарнитура за да можеме да ги санираме последиците од тековната криза“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

gradeznici

Во април издадени 44,6% повеќе одобренија за градење во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година се издадени 337 одобренија за градење, што е за 44.6 % повeќе во однос на истиот месец од претходната година.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 474 500 илјади денари, што е за 58.7% повeќе во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 199 (59.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (11.0 %) за објекти од нискоградба и 101 (30.0 %) за објекти за реконструкција.Од вкупно 337 објекти, на 199 (59.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 138 (40.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.Во извештајниот период е предвидена изградба на 752 станови, со вкупна корисна површина од 61 866 м2.

Македонија | пред 3 години

2

Бунт во Идризово, чуварите попладнево на протест

Вистинска драма утринава се случуваше во затворот Идризово откако вчера полицијата влезе во затворот и заплени огромна количина на дрога, ладно оружје како и мобилни апарати од затворениците.Од непознат сторител утринава беше запалено возилото на командирот на затворската чуварска служба во КПУ Идризово.Пожарот бил подметнат во 1:50 часот по полноќ, а возилото било паркирано во кругот на затворот покрај управната зграда на Идризово.Поради настанот денес во 17 часот затворските чувари во Идризово излегуваат на протест пред затворот, како поддршка за колегата кој остана без својот автомобил.

Македонија | пред 3 години

08042020_Bekteshi_Pres_2

Бектеши ја повика Данела на дебата

Граѓаните нема да ги оставиме на цедило поради неспособноста на Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како што беа оставени изминатата зима од нејзе, вели министерот за економија Крешник Бектеши.„За да им биде на сите појасно каква е состојбата со системот за снабдување со топлинска енергија и да се увиди кој е во право во целата ситуација ја повикувам госпоѓа Арсовска на соочување во телевизиска дебата, во кој медиум таа ќе одлучи“, вели Бектеши.

Македонија | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Бектеши: Данела и ВМРО-ДПМНЕ пред шест месеци први излегоа со „решение” за парното греење, а сега бегаат од одговорност

Пред неколку месеци, поточно пред шест месеци, имавме голема криза заради цената на гасот која енормно растеше на светски берзи и имаше опасност Скопјани да останат без парно греење, вели министерот за економија Крешник Бектеши.„Додека Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија и за тоа најмала штета да имаат граѓаните, Градот Скопје и градоначалникчката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа и кажаа дека тие имаат “решение” како да го решат проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија.Успеавме да ја изменаџираме кризата за краток рок, и тоа успешно. Не само што немаше прекин на испораката на парно греење за Скопјани, туку немаше ни зголемување на цената, односно на сметките за парно за граѓаните.Но, што се случува сега. Во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парното греење во Градот, а имаме време до средината на октомври кога почнува новата грејна сезона да најдеме решение градоначалничката на Град Скопје Арсовска заеедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, кои пред шест месеци први излегоа со “решение”за парното греење, сега бегаат од одговорноста која како локална власт ја имаат со закон. Згора на тоа и признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту воља да се справат со оваа ситуација.Сакаме да ги увериме Скопјани и покрај неодговорноста на градоначалничката, Скопјани и сите граѓани да бидат спокојни бидејќи навремено ги превземаме сите неопходни мерки кои обезбедуваат непречено и континуирано снабдување со парно греење, како и со електрична енергија во услови на светска економска криза“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

kokain-albanija-makedonija2-700x394-1

(ФОТО) Во Драч запленети 45,5 килограми кокаин, крајна дестинација била Македонија

Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Северна Македонија.-Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.

Македонија | пред 3 години

IMG-ea14793a38820f6b2d9af58e04c7edab-V-960x742-1

Запален авотмобил на командир од Идризово

Утрово на паркингот пред затворот во Идризово е запалено возилото на командир вработен во затворот.Според изворот на Аваз.мк, возилото било паркирано на паркингот кој се наоѓа пред затворот додека командирот бил на работа.Случајот е пријавен во полиција.Екипите на МВР се на местото на настанот, се врши увид. Фото: Аваз.мк

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) До темел изгореа три магацини во Лисиче, детали за пожарот кој се гаснеше до утрово

Доцна синоќа избувна пожар во скопската населба Лисиче.Според првичните информации три магацини се целосно изгорени.Според иформациите кои ги има “Скопје1”, изгорел магацин на на фабрика за производство на мебел, вториот магацин е на фабрика за производство на слатки и третиот е магацини на фабрика за производство дистрибуција и продажба на мраз салфети, цевки и други производи.Гасењето на пожарите започна вчеравечерта. Eкипи на територијалната противпожарна единица со пет возила беа на терен, веќе 12 часа, поради можност пожарот повторно да избувне. Утрово над тој дел од Скопје надлетуваше и хеликоптер, но не е познато дали од воздушен пат. Местото се обезбедува и од полиција.

Скопје | пред 3 години

IMG_4243

Притвор и психијатриско лекување за двајцата напаѓачи на полицајци во Тетово

За двајца жители на тетовско Гајре кои вчера нападнале полицајци определени се мерки притвор и психијатриско лекување, информираат од СВР Тетово откако денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднеле кривична пријава против А.М.(40) и Л.М.(39). Со кривичната пријава двајцата биле изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој на А.М. му определил мерка притвор од осум дена, додека на Л.М. мерка за безбедност- задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.-Двајцата од тетовско Гајре се пријавени поради основи на сомнение дека сториле кривични дела: напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, казниво по член 383 став 2 од Кривичниот законик и противправно лишување од слобода согласно член 140 став 1 од КЗ, а Л.М. и за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 од Кривичен законик, информираат од СВР Тетово.Четириесетгодишникот кој доби притвор ќе биде спроведен во КПУ Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на мерката. Двајцата се приведени вчера откако жители на Гајре и Шипковица ги пријавиле за напад, изнуда и кражба.

Македонија | пред 3 години

korona-2

Бројот на починати лица во Македонија зголемен за 10.7% во 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 10.7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3 % на 100 умрени лица.Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец април (3 212).Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 35.9 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на КОВИД-19 (шифра U07) со 20.6 %, неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 13.8 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), со 4.2 % се застапени умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99), а потоа следат другите умрени лица, но со помала застапеност.

Македонија | пред 3 години

panovska

Ќерката Пановска и дала тендер на веледрогеријата др. Пановски, сопственост на нејзиниот татко, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Премногу е, ќерката Пановска му дава тендери на таткото Пановски, а институциите молчат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ„Клиниката за Хематологија, каде директор е Ирена Пановска Ставридис, и дала тендер на веледрогеријата др. Пановски, сопственост на таткото на директорката на Хематолигија. Договорот кој е склучен на 6 јуни оваа година тежи 900.000 евра.Ова не е прв договор кој сопственикот на др. Пановски го добива од својата ќерка. ДКСК отвори случај пред неколку години, кој се уште нема завршница за тендери во висина од 3 милиони евра кои биле дадени од ќерката на таткото Пановски.Договорите за набавка кои ги склучува веледрогеријата др. Пановски, каде сопственик е таткото на Ирина Пановска Ставридис, директор на Клиниката за Хематологија од истата таа клиника се чист судир на интереси, и смрдат на корупција.Ќерката Пановска како директор има комплетен увид во постапките за јавни набавки и постои сомнеж дека може да влијае врз изборот на фирма со која ќе се склучи договор за набавка.Дополнително, ќерката Пановска може да го доведе таткото Пановски во предност пред другите потенцијални понудувачи со тоа што предвреме ќе го известува за суштински работи поврзани со постапката за набавка.ДКСК која 3 години молчи за непотизмот и корупцијата во Клиниката за Хематологија веднаш да ја продолжи постапката, а ЈО да отвори случај за потенцијални кривични дела.Премногу е, додека бизнисите на народот тонат, тие на семејствата на функционерите од СДСМ и ДУИ да вртат милионски тендери. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

pozar

(ВИДЕО) Огромен пожар во Лисиче, полицијата и пожарната на терен

Ужасно голем пожар вечерва избувна во Горно Лисиче. Според информации на „Скопје1“ гори магацин лоциран во овој дел од Скопје. Огнените јазици ги пеплосуваат просториите на објектот, за кои детали во овој момент не се познати.Кон местото каде доцна вечерва избувна пожарот, се упатија неколку противпожарни возила и полициски патроли. Засега детали не се познати.Наскоро повеќе...

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-15-220253

(ВИДЕО) Македонија во една сторија: 11 годишната Теа со страшни болки и целосна неподвижност 3 месеци чека да се набави соодветен лек

Тешко, со болки, со плачење.Вака со месеци живее семејството Јованови чија 11 годишна ќерка Теа боледува од ретка болест..Вкочанетите раце и нозе поради дијагнозата се најголемиот хендикеп за ова девојче која и покрај силните болки и оставена без терапија, успева да измами и насмевка. Од март наваму е зависна од инвалидска количка поради прогресијата на болеста.-Не може сама, има болки, плаче...Нема поголема болка за една мајка од оваа, вели Наска Јованова.Кога пред три години и откриле на Теа дека има јувенилен ревматоиден артритис таа била на нога и на почетокот терапијата била соодветна. Лекарите им кажале – болеста е тешка и мора да се борите.-Не знаев што е тоа но подоцна дознав каква болест е таа, дека ги вкочанува рацете и нозете, вели Теа Јованова.Подоцна состојбата на Теа се влошила а дополнителен проблем е и пандемијата каде поради немање на термини морале да одат и во приватни болници.-Сопругот зема кредит и така плаќавме, со една плата сме само, вели Јованова.Ретката болест ја оставила Теа една година надвор од училишните клупи а неможе често да ги гледа и децата на улица бидејќи живеат во зграда на 4ти кат без лифт.-Сакам да имам терапија. Сакам да си играм со децата како и порано, вели Теа.Неможејќи да го издржи плачењето на ќерката, Наска била во Министерството за здравство, но не ја примиле. Од Клиниката за детски болести каде Теа е пациент ни одговорија дека е најден алтернативен лек кој девојчето ќе го прима додека стигне биолошката терапија. Целиот проблем е незавршениот тендер што го прави МЗ и долгите бирократски процедури кои се причина за солзите не само кај Теа туку и други пациенти со ретки болести.Извор: Сител

Македонија | пред 3 години

IMG_4868

Полицајци нападнати во Шипковица, биле принудени да пукаат

МВР информира дека двајца полициски службеници во село Шипковица биле принудени да пукаат во воздух откако биле нападнати од двајца жители на селото Гајре. Според полицијата, лицата требало да бидат приведени.Од полицијата велат дека А.М. (40) и Л.М. (39) биле пријавени за неколку инциденти, меѓу кои одземање пари и закани, а на едно лице му го одземале и добитокот.-При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања