ТОП

IMG_4197

Рашковски негира дека барал пасош, испрати и свој став

Со оглед на фактот дека се шири лажна вест за наводно барање да биде вратена мојата патна исправа, која ниту еден медиум не ја поткрепува со факт, туку е проста репродукција на неименуван извор, сметам дека е за потребно да реагирам на ваквите објави, затоа што истите имаат само една единствена цел – да се фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек, вели Драги Рашковски во својот демант.„Медиумите секогаш биле добро примани од моја страна како соговорници, затоа би било професионално при било каква објава поврзана со мене да побараат и потврда за планираната објава од моја страна.Голем дел од јавното мислење околу процесот кој е во судска тек е под постојана контаминација од лажни вести, со цел да се креира некаква погрешна слика, Ве замолувам за објективно и проверено известување, доколку сметате дека постојат елементи кои се од јавен интерес.Но не дозволувајте да сте катализатор на туѓите лажни вести“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

2-1

(ФОТО) Пожар во Ѓорче Петров

Пожар во подножјето на Водно.Граѓаните велат дека веќе втор ден гори во близина на фудбалското игралиште Лавови во Ѓорче.Во Ѓорче, но и околните населби се шири непријатна миризба, а граѓаните бараат надлежните да реагираат.

Скопје | пред 3 години

cernobil

Домаќинствата кои произведуваат струја од 1 јули ќе може да ја продаваат

Денес имав прилика да го потпишам новиот правилник за обновливи извори на енергија, со кој крајно во нашата држава ќе се овозможи на сите граѓани и компании да произведуваат електрична енергија на нивните покриви, а воедно и да ја продаваат на откупувачот или пак на дитрибутерот на електрична енергија, вели министерот за економија, Бектеши.„Со последните измени ќе биде обврска на универзалниот снабдувач за сите тие кои ќе одлучат да стават такви инсталации, да ја преземе вишокот на електрична неергија со тоа што ќе може да се направат дополнителни фактури на секои шест месеци, со што ќе може да им се намалат сметките или согласно договорот да им се плаќа на домаќинствата или правните субјекти. До овој момент инсталираната сила била 4 киловати за домаќинста, ја зголемуваме на 6 киловати, 20 било за малите потрошувачи сега ја зголемуваме на 40 киловати. Министерство за економија ќе почне и со мерка со која што до 30% од трошоците за инасталирање за вакви технологии на крововите на домаќинствата, ќе ги покрива министерството за економија до 1000 евра“, додаде тој.Секое домаќинство од 1 јули ќе може да почне со вакви инвестиции, изјави министерот Бектеши.

Македонија | пред 3 години

275254065_389170589701481_2507496493400034609_n

Страшна сообраќајка, загина едно лице

На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Македонија | пред 3 години

rasko

Пред одморите: Рашковски бара да му го вратат пасошот

Драги Рашковски си го бара назад пасошот. Тој пред судијката Фанка Јанчулева Михаиловска посочи дека сака да му биде укината мерка за обезбедување присуство. Неговото барање доаѓа непосредно пред летните одмори. Бидејќи пасошот му е одземен од судија на претходна постапка, сега, Јанчулева Михаиловска воспоставила надлежност. За време на денешната пауза, советот ќе треба да биде запознаен со причините за носење на одлуката и да одлучи како ќе постапи.Инаку, Рашковски остана без пасош откако најпрво беше ослободен од притвор, а потоа од куќен притвор. Одлуката беше донесена од скопска Апелација, кога истотака одредија Рашковски секој понеделник да се јавува на суд, а пасошот да му остане одземен до правосилноста на пресудата во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.Претходно, кога беше отворена истрага, Обвинителство кажа дека сега обвинетите со умисла извршиле кривични дела на штета на буџетот на државата.„Во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот, доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот. На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18% ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран, фактурата во рок од седум дена била исплатена“, образложи ОЈО-ГОКК во април годинава.Според тогашното соопштение со која беше отворена истрагата, во летото 2019 година, Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот, иако во та време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер. Со избраните економски оператори како најповолни понудувачи биле склучени договори на износ од 1.416.000,00 денари со вклучен ДДВ и од 4.605.021,00 денари со вклучен ДДВ.„Со дејствијата што ги извршил, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321,00 денари“, посочуваа од Обвинителството во април годинава.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

Османи останува оптимист за преговорите со ЕУ: Има доволно денови

Бујар Османи смета дека има доволно време за Бугарија да го откочи патот на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија. Тој кажа дека разговорите со соседот можат веднаш да продолжат, но тие треба да дадат знак. Одговорноста, според Османи, е кај Европската Унија, а не кај Македонија.„Доколку се има политичка волја, има доволна основа да се постигне договор. Ние имаме волја, спремни сме веднаш да продолжиме со разговорите. Чекаме друга страна да имаме за да продолжиме со тие разговори. Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ, за тоа каква порака ќе прати на граѓаните на Западен Балкан. Од нас не се очекува да донесеме одлука. Сметам дека има доволно денови и основа доколку се има политичка волја“, кажа Османи.За прашањето за Северна Македонија мора да одлучуваат само бугарските пратеници, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовна владина седница, додавајќи дека Владата ќе расправа за одлука со која се предвидува за сите предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ за темата со земјава да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.Софија е важно која порака ќе ја прати кон 18 милиони жители на Западен Балкан, смета Османи кој кажа дека веќе утре може да има договор меѓу двете држави.„Доколку не се успее да се постигне договор, тотално неважно е кои се различните ставови во процесот. Доколку се успее ќе се каже. Доколку не се успее можеме мемоари да пишуваме. Ние сме спремн

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

(ФОТО) „Паѓаат“ електронските уписи, родителите нервозни и загрижени

Министерството за образование и наука од оваа година воведе електронски упис во средните училишта. Порталот за запишување беше отворен од 10.06.2022 година во 10.00 часот, a учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање.Во едно од соопштенијата на МОН се вели дека процесот на аплицирање нема да им одземе на учениците повеќе од 5-10 минути.„Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука за прв пат оваа година воведува нова дигитална услуга која ќе Ви овозможи електронско аплицирање и нема да Ви одземе повеќе од 5-10 минути“ стои во известувањето од Министерството за образование и наука.Но, реалноста не е таква. Системот за електронско аплицирање во средните училишта падна.Тој постојано е недостапен. Во текот на целиот ден, се враќа, а потоа повторно се исклучува. Ова е причина поради која учениците не можат до крај да ја пополнат апликацијата, но и не е сигурни дали истата е испратена. Родителите и учениците се револтирани, и бараат надлежните веднаш да го решат овој проблем.„Не може вака. Неспремни, а сакаат електронски. Потоа, ќе излезе дека апликацијата не е пратена и ете проблем. Детето неупишано во училиште. Ако не се подготвени, се знае како треба да течат уписите. Стопати отвораме и затвораме, за да се рестартира страната“, пишува родител на социјалните мрежи“За сега нема информации од МОН дали рокот за пријавување ќе биде продолжен или учениците кои денес нема да се запишат ќе мораат да го чекаат вториот уписен рок.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Заев и Груби договориле деградација на Агенцијата за млади и спорт, вели Кираџиева

Заев и Груби го договориле почетокот на пропаѓањето на спортот во Македонија преку бришење на Агенцијата за млади и спорт како самостоен орган и нејзино интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, вели координаторката на Левица - Сектор спорт, Весна Кираџиева.„Со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците. Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Груби предложил, а Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија!Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува! Спортот е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега.Јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад.Го повикуваме директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки да се држи до ставот дека ќе се спротивстави на оваа одлука!Ја повикуваме советничката за спорт на Премиерот, Силвија Митевска, да ја искористи својата советничка позиција и да го советува премиерот за тоа колкава негативна импликација ќе има оваа деградација за спортот во Македонија.Ги повикуваме сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации да реагираат до Владата на Република Македонија со протестна нота и гласни реакции во јавноста против оваа владина одлука на СДСМ и ДУИ.Ги повикуваме сите политички партии, да не бидат неми набљудувачи особено опозициската ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери да го стори истото“, додава таа.

Македонија | пред 3 години

1234123412341234

Исмејување на претресот во затворот Идризово: „Сега овие што претресува, истите најдени ствари, ќе им ги препродаваат на затворениците. Абеее, бизнис“

По вчерашните претреси во КПУ Идризово, јавноста не бара одговорност од затворениците кои поседувале така наречени недозволени предмети, туку од чуварите, управата и Управата за извршување санкции која назначува директор на затворот. За никого не е чудно што биле пронајдени телефони, а посочуваат дека за дрогата треба некој да понесе одговорност. Запленувањето на скоро 50 ножеви, во јавност се коментира: „Сигурно во кујна влегле, нема друго објаснување“.„Полицијата извршила претрес у КАПЕДОМ Идризово. Да се смеам или да плачам е работава“, пишуваат на „Твитер“.„Нема што нема во Идризово“, вели друг твитерџија.„Бизнис центар Идризово“, пишува Царевата ќерка.Други се чудат на изјавата од директорот на затворот дека не е јасно како дрогата и телефоните влегле внатре.„Во Идризово при претрес кај затворениците за диво насеље пронајдени, оружје, дрога и (телефони мање више битно) а што очекувало мвр да пронајде енциклопедија и литература од Хомер?!“, коментираат јавно.Има и исмејување за акцијата.Свој коментар имаше и Црвенокосата: „'МВР го тресеше Идризово за дрога, оружје и телефони' Ехехехехехехехееее, не знам дали да се смеам или да плачам“.Други пак, имаат свое гледиште и велат: „Сеа овие шо претресува у Идризово, истите најдени ствари, ќе им ги препродаваат на затворениците. Абеее, бизнис. Да, врти парата“.„50 телефона и 37 ножа у Идризово а? Уше ли по 100€ од тел. зимаат чуварите, или качено е пошто е криза?“, прашува твитеџија.„Абе во Идризово напраиле претрес изгледа во кујната, друго објаснување за сите тие ножеви немам“, коментираат на Твитер.„Во затворот во Идризово нашле дрога, оружје.. Е не книги ќе најдат“, пишуваат твитерџиите.И други се исмејуваат со акцијата.Некои имаат свој осврт.https://twitter.com/onepickright/status/1536763325492641794 

Коментари | пред 3 години

655-402-bebe

Поради задоцнето породување починало новороденче, обвинение за двајца битолски гинеколози

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик.Обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка – родилка од с. Смилево – Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што пак претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата.​

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба, информираат владините служби.За ова решение, како што додаваат од таму, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби.Досегашниот претседател на Советот на Општината Бесар Дурмиши претходно имаше побарано што поскоро да се донесе одлука и датум за нови избори за Советот на Општина Тетово.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Со или без Реџепи: И со тројца три гласа во Собрание, Алтернатива шефува во 46 институции

Со само три пратеници во Собранието, Алтернатива како дел од парламентарното мнозинство на СДСМ раководи со три министерства, три заменички места во министерства и 40 други институции. Сепак, без гласовите на Сафије Садики-Шаини,Хусни Исмаили и Африм Гаши – СДСМ и ДУИ ќе останат без мнозинство што би значело паѓање на Владата. Поради тоа што Алтернатива е неопходна, па дури и без Скендер Реџепи кој го напушти мнозинството, се очекува да нема промена во делот да институции каде партијата раководи со свои кадри.Каде „пукна“ работата?Излегувањето на Скендер Реџепи од парламентарното мнозинство не беше неочекувано. Сепак, несогласувањата и препукувањата со неговиот партиски лидер Африм Гаши датираат поодамна, уште пред партискиот конгрес или четири месеци откако Алтернатива влезе во Владата. Иако во тој период не признаа јавно дека Гаши и Реџепи не разговараат, сега, оваа теорија излегува како се повеќе точна.Неофицијално, во јавноста е познато дека причината што Реџепи излегува од парламентарното мнозинство и делува како независен пратеник е тоа што е незадоволен од работата на раководството на партијата и Гаши. Реџепи не беше присутен ниту на конгресот каде се избираа партиските структури. Гаши пак тогаш оцени дека очекувањата на Реџепи дека проблемите ќе се решат за 100 дена се нереални.Еден месец подоцна, доаѓа и чекорот на Реџепи да го напушти мнозинството.Со или без Реџепи, Алтернатива шефува со 46 кадриДоговорот за влегување на Алтернатива во власта, кој го постигнаа експремиерот Зоран Заев и лидерот на партијата Африм Гаши, предвидува Алтернатува да добие три министерски места, три функции заменик-министер, како и потпретседател на Собранието и уште 40 функции.Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и администрација, како и министер без ресор задолжен за дијаспората се трите главни ресори кои ги раководат кадри на Алтернатива. Од тројцата заменици министри, двајца се во Министерството за образование и наука и Министерството за култура.Алтернатива презема одговорност во менаџирањето на управувачките раководните органи во повеќе институции на централно и на подрачно ниво. Меѓу нив од поважните се МЕПСО, ФЗОМ, Железници и Транспорт, Клинички центар – Тетово, Агенција за странски инвестиции и други.

Македонија | пред 3 години

26

(ВИДЕО) По силното невреме Охрид стана Венеција

Охридската чаршија по секое поголемо невреме се претвора во водопад. Така и денеска, вода се сливаше од сите страни. Јавните претпријатија брзо реагираа и се обидуваа да се справат со големиот наплив на вода, а по невремето ја исчистија и чаршијата.Денеска во Охрид, невремето поплави и низа улици. Прокисна и градскиот пазар, кој е новоизграден и пуштен во употреба пред повеќе од година.На терен се излезени сите служби.

Македонија | пред 3 години

lambe-klub

Не е продолжен притворот на Ламбе, но одземен му е пасошот

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе Алабаковски. На пејачот не му е продолжен притворот за кривичното дело предизвикување на општа опасност за кое се товари, но, како што рече неговиот адвокат Дарко Стефановски, како мерка на претпазливост одеземен му е пасошот.Тој на четврти јуни го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола при што изгоре везната врата.Алабаковски пријавил дека му го украле велосипедот, истиот со кој отишол до бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ чии врати ги полил со течност и запалил. Сепак, велосипедот не бил украден бидејќи МВР објави дека бил најден во домот на Ламбе при претресот.

Македонија | пред 3 години

zatvor-10

Откриено што е пронајдено при претресите во затворот Идризово

На 14.06.2022 полициски службеници од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции -Единица за брзо распоредување и СВР Скопје во координација со надлежен Jавен обвинител од ОЈО Скопје, а во координација со Управата за извршување на санкции, спроведе координирана полициска акција на локација на Скопје.Притоа, извршени се претреси во КПУ Идризово, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, како резултат на зајакната меѓуинституционална соработка, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.По добиена наредба од Судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела, како што изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.Дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања