ТОП

2

(ВИДЕО) Пронајдени 15.500 стебла марихуана во штипско, вредни над 5 милиони евра

Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022) на подрачјето на општина Карбинци, штипско, од страна на полициски службеници Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал – Сектор за криминалистички истраги, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Штип лишени од слобода Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од с.Карбинци, штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во атарот на село Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени Наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.По документирање на случаите против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 години

leb

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5 отсто

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши.– Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира министерот Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.Тој додаде дека според Одлуката за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.– Со оваа Одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, додаде Бектеши.Според Одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.

Македонија | пред 3 години

285532196_578964633587869_7119646449644924573_n

Дали градинката „Мајски цвет“ каде падна кровот е реконструирана од фирма миленик на ДУИ, прашува Велјановски

Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе, вели Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош„За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст.Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба.Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката.За несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси. За нив, јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.Оттука, поставуваме неколку прашања:1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

287082423_578964550254544_7161425621898826916_n

(ФОТО) Констатирани недостатоци во изградбата на кровот на градинката во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, утрово повторно направи увид на ситуацијата во градинката „Мајски цвет“ и изврши консултација со експерти од областа при што беа констатирани недостатоци при изведбата на плафонот. Јакимовски во обраќањето во живо од градинката соопшти три главни причини поради што дошло до паѓање на таванот.- Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, значи осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што штрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Тоа е втората причина поради што е дојдено до оваа ситуација. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година. Ќе побарам измени во буџетот и итно да видиме што ќе кажат стручните лица, како да извршиме санација се во интерес на безбедноста на нашите најмали жители во општина Карпош, соопшти Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

236608355_549426113071238_6532646002712986989_n

277 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи.Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 118 други видови прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 3 години

benziska-guzva-goriva4

Горивата поскапуваат, цените стануваат енормно високи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 % во однос на одлуката од 8.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,809 ден/кг и сега ќе изнесува 56,317 ден/кг.Од 14.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС - 95​​​ 111,50 (денари/литар)Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС - 98​​​ 113,50​ (денари/литар)Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 107,50 (денари/литар)Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 105,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 56,317 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

280708545_416588643672888_5074506153091841405_n

Објавен калкуларот за струја: Пресметајте колку ќе плаќате со новите тарифи

Регулаторна комисија објави калкулатор за граѓаните сами можат да проверат колку трошат и плаќаат сега за струја, а колку ќе плаќаат за истата потрошувачка кога плаќањето ќе биде по блокови. Споредбата на сметки се прави онлајн. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна, даде и објаснување.„Евтината струја нема да влегува во блоковите. Во наредниот период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, тие единствено можат да одат во насока за зголемување на опсегот на блоковите. Имаше доста дилеми во јавноста, на најголем дел ќе излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми“, рече БислимовскиПрофесорот Рубин Талевски го презентираше калкулаторот.За да пресметате тука: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (erc.org.mk)

Македонија | пред 3 години

Fabric

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ гласаа дискотеките во Градски парк да продолжат со работа без лиценца, вели Левица

На 12-та седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред беше и точката за продолжување со работа на летните дискотеки во Градскиот парк, вели Левица.„Со години претходните градски власти на СДСМ ветуваа дека секое лето им е последно за работа, пред локациите да се пренаменат со почетокот на изградбата на Луна паркот. Сега, новите власти на ДПМНЕ на седницата ја известија јавноста дека ќе постапат исто.Со аргументацијата дека ќе го збогатат културно-забавниот програм за младите во Скопје, СДСМ и ДПМНЕ едногласно решија да ги збогатат газдите на дискотеките со истите локации за уште една сезона.Контроверзното работење на овие дискотеки ќе продолжи, иако за истите никогаш не е распишан јавен оглас, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Договорите се продолжуваат постојано само со анекс-договор, што е надвор од законската регулатива.Со години дискотеките работат без лиценца од Министерството за економија, затоа што не постои договор за закуп на деловен простор, а до пред некоја година јавното претпријатие Паркови и зеленило наплаќало надоместок, без притоа да склучи договор со фирмите.Бидејќи се работи за имот кој е во сопственост на државата, ваквото нерегулирано работење предизвикува и директни штети врз буџетот.Звучната загаденост (бучавата) која ја создаваат овие дискотеки е вон сите мерила и регулации во модерните држави, и по воздушна линија доцна ноќе тие вознемируваат одредени населби.Дополнително, во Градскиот Парк ниту еден ноќен клуб не може да работи легално бидејќи не ги исполнува законските прописи, односно не е на оддалеченост од 300 метри по воздушна линија од детски игралчишта, градинка, училиште, станбена зграда или хотел, како што е во овој случај.За време на пандемијата со коронавирусот, видовме дека моделот за урбанизам и социјализација кој го градат овие две партии е нечовечки и отуѓувачки. Време е на младите, како и на сите граѓани, да им изградиме нови можности, нови јавни простори и културно-забавна програма која нема да биде во локалите на корупцијата на СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ.Ваквото продолжување со работа на дискотеките, надвор од законската регулатива, покажува дека трите партии повторно се ставија во заштита на неколку крупни ѕверки.На седницата, членовите од Советот на Левица гласаа ПРОТИВ предложеното продолжување на работа на овие ноќни клубови“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

netherlands_-_windmill

Хаг го поддржува почетокот на преговорите со Албанија и Македонија

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Албанија и Македонија за ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска.Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times.Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Македонија.Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет за Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина“.Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).Во 2018 година, Руте рече дека Албанија и Македонија ќе ја „ослабнат целата Унија“, укажувајќи на корупцијата и недостатокот на слобода на медиумите.Една година подоцна, Холандија, заедно со Франција и Данска, го блокираа почетокот на преговорите за членство во ЕУ за двете земји.Хаг го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.Рут сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ се обидуваат да направат се што можат за да го одржат стабилен Западен Балкан и да најдат решение за проблемите во регионот, особено во Македонија и Бугарија.

пред 3 години

285532196_578964633587869_7119646449644924573_n

(ФОТО) Падна таван на градинка во Скопје

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави фотографии од паднат таван во градинка во Скопје. Тој вели дека среќа е што овој инцидент се случил за време на викенд кога немало никој во градинката.„Среќа во несреќа е што во градинката "Мајски цвет" (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалутетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот.Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна“, стои во објавата.

Скопје | пред 3 години

BEG-toplana-Istok-i-TE-TO-elektrana-1-bg

Ќе има ли огромно зголемување на цените на парно греењето

Трите лиценцирани компании на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија прикажаа три пати поголеми трошоци за 2022 до Регулаторната комисија за енергетика, пишува  Фактор Во барањата за одобрување на максимален приход и цена за 2022, БЕГ Производство од 27 мај бара да му се признаат трошоци од 3.399.409.230 денари, односно 54 милиони евра, додека за минатата година барањето било 759.254.478, или 12,5 милиони евра. Ланската пресметка е нешто помалку произведена енергија, но сепак разликата во трошоците и натаму е голема.БЕГ Дистрибуција бара признавање на трошоци од 60 милиони евра, додека ланското барање на крајот од пролетта 2021 било 25 милиони евра. БЕГ Снабдување бара да му се признае најголем трошок - 68 милиони евра, што е за 40-тина милиони повеќе од ланското поднесено барање.Од БЕГ признаваат дека вака поднесените трошоци ќе предизвикаат зголемување на цената на парно греењето и се создаваат услови за летно поскапување.Целиот текст можете да го прочитате на тука

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

СДСМ негира дека имаме највисока стапка на инфлација

Не е точно дека имаме највисока стапка на инфлација, очајната ВМРО-ДПМНЕ, соочена со криминални скандали за Белиот дворец намерно пласира невистини, вели СДСМ„Последен е примерот на Маја Кадиевска Војновиќ од ВМРО-ДПМНЕ која паушално, со нецелосни подароци, крајно неодоговрно и несериозно изнесе невистина дека сме на врвот по стапката на инфлација.Доколку се погледнат податоците објавени на официјалната страна на еуростат за месец април, 2022 година, може да се забележи дека истите прикажуваат стапки на инфлација заклучно со месец април, но за многу повеќе земји споредено со податоците прикажани од истиот извор, за месец мај.Податоци за стапката на инфлација за месец мај сеуште не се објавени за Бугарија, Чешка, Данска, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Шведска, Исланд, Норвешка и Швајцарија.Оттука, прво не може без овие податоци, односно со нецелосна слика да се тврди нешто, второ и во објавените податови Северна Македонија има пониска инфлација од многу земји.Како на пример Белгија, Франција, Германија и сите земји на листата за месец мај (со исклучок на Холандија) прикажуваат растечки тренд на стапката на инфлација споредено мај/април.Факт е дека со растечките стапки на инфлација се соочуваат земјите на глобално ниво, вклучувајќи ја и нашата земја. Причините за тоа се глобални и самиот Евростат ги објавува овие глобални причини а на прво место причина за тоа е енергијата, односно кризата со енергенси и нивната цена.Ширење невисини, од типот „највисока стапка на инфлација има Република Северна Македонија „е свесна лага од ВМРО-ДПММЕ чија цел освен манипулација нема друго.Во време на криза, ВМРО-ДПМНЕ освен што блокира Собрание и шири невистини, со што директно наштетува на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

erdogan-1

Ковачевски денес на средба со Ердоган

Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска во рамките на неговата работна посета во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.Како што информираат од владината прес-служба, средбата на Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-w2

(ВИДЕО) Од Ковачевски стана Таче, па со незгоди го минува и мандатот: Сите гаф моменти на премиерот

Уште пред да седне во премиерската фотелја, Димитар Ковачевски во јавноста стана познат од средбата во Тирана помеѓу Заев, Рама и Вучиќ на која пресустуваше и тој.На крајот на средбата, тогашниот премиер Зоран Заев му дофрли на Ковачевски „Таче дојди бе со нас“, за да се фотографира со останатите државници од Западен Балкан. Така, Ковачевски се реши да се најде на фотографијата, но го спречија кога се обиде да застане меѓу Вучиќ и Рама. Во дел од секунда го застанаа и му покажаа каде може да стои.И тоа беше неговото првно славно појавување во јавност по кое е запаметен. Но тоа не е се.Во поздравно обраќање по повод одбележување на празникот Свети Сава, Ковачевски ја згреши и државата која ја претставуваше министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ. Ковачевски го именуваше Селаковиќ како министер за надворешни работи на ентитетот во Босна и Херцеговина – Република Српска.Како појаснување, Република Српска, како дел од БиХ нема свој министер за надворешни работи.Видеото од гафот на Ковачевски може да го видите на следниот ЛИНК.Следеше средбата со државнот секретар на Соединтетите Американски Држави, Ентони Блинкен. На средбата покрај Димитар Ковачевски, присуствуваше и премиерот на Бугарија, Кирил Петков.Двајцата премиери се сликаа со Блинкен, но Петков го скрати Ковачевски од фотографијата и истата ја објави на социјалните мрежи.„Вчера веќе имаше изјава од страна на прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст“, изјави Ковачевски веднаш потоа.Неодамна Ковачевски одржа говор во чест на Денот на македонскиот јазик. Но токму кога сакаше да покаже дека е максимално посветен на писменоста и на македонската литература, тој направи комичен гаф. Писателот Видое Подгорец, автор на Ајдучка Чешма, Белото Циганче и многу други книги за деца и младинци, според Ковачевски, стана ВИДЕО Подгорец.?t=102Пред само неколку дена албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун.Имено, додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер, а потоа и Димитар Ковачевски како премиер на Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забелешка, „идната, западна Бугарија“.Ова понижување му беше интересно на премиерот Ковачевски па во отсуство на било каков коментар само се изнеасмеа.Денес за време на литургијата во Вселенската партијаршија, Ковачевски беше заинтересиран дали работи микрофонот. Па така, додека стоеше, прво погледна наоколу, по што, потчукна на него за да провери дали е вклучен.Овој негов чекор многумина го споредија со најпознатите моменти на Мистер бин. Па така, се коментираше и: „Прва епизода од Мистер Бин“. Други пак, сметаат дека Ковачевски веќе има страв од камери и микрофони, откако неколкупати досега беше уловен со гафови кои сериозно влијаеа на неговиот кредибилитет.Некако се чини дури и нормално премиерот да проверува дали микрофонот работи, особено ако се има во предвид дека често знаат „бисери“ да излезат од неговата уста.За време на церемониите за Западен Балкан кои се одржуваа во Охрид, присутни беа високи државници на соседните држави. Меѓу нив и Александар Вучиќ од Србија. За топло добредојде имаше погача, за која Ковачевски сакаше да знае дали е тазе. Ова видео се најде на владиниот инстаграм канал.

Коментари | пред 3 години

28022022_PVRSM_Kovachevski_sredba_Rama-1

Рама обвини дека Македонците се хистерични и се правдаше за „западна Бугарија”

Албанскиот премиер Еди Рама на својот твитер профил денеска објасни дека на Самитот во Солун кој со земјите од регионот во петокот го организираше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, при ракувањето со германскиот канцелар Олаф Шолц ја иронизирал блокадата на Бугарија кон Македонија.По бројните коментари на социјалните мрежи и толкувања што е сарказам и иронија, денеска Рама напиша дека не ја разбира хистерија која настанала во Македонија кога тој со коментарот ја критикувал политиката на Бугарија.„Хистеријата кон премиерот Ковачевски на некои во Скопје по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Северна Македонија од страна на Бугарија е и за смеење и плачење. Кавга во меана над чадот од ќофтињата“, напиша Рама.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања