ТОП

IMG_4243

(ВИДЕО) Уапсени 17 малолетници, полицијата упадна во угостителски објекти

На 11/12.06.2022 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип.Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи.При спроведената акциска контрола на подрачјето во Куманово, исто така, констатирани се две неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат за вршење на нерегистрирана дејност кои ќе бидат соодветно санкционирани, а на подрачјето на Пробиштип едно лице вработено како обезбедување, кое било без документ за идентификација, е приведено во полициска станица заради утврдување на неговиот идентитет, додека од страна на Државниот инспекторат за труд констатирани се три неправилности од Законот за инспекција.Против сите лица кои сториле прекршок ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

FVCqOLeXoAADSjt

Откако Рама нѐ прогласи за „идна западна Бугарија“, Груби сподели фото и напиша: Респект

Македонскиот вицепремиер и министер Артан Груби со фотографија го поздрави Еди Рама, кој Македонија ја претстави „западна Бугарија“. Кратко откако јавноста се бунтуваше за ваквиот пристап на албанскиот премиер, македонскиот вицепремиер му одадде почит.„Респект“, напиша тој споделувајќи фотографија од Рама, Ахмети и него на маса како се смејат.Во коментарите, Груби доби круни, албански знамиња, но и коментари како „Криминaлец“, „Наркос“, „Еди е одличен“.Фотографијата доаѓа неколку часа откако цела јавност се крена на нозе по коментарот на Рама, на кој македонскиот премиер Димитар Ковачевски се смееше.Сепак, останува нејасно дали коментарот на Груби каде изразува почит кон Рама се однесува на неговиот потег каде со невкусна шега ја навреди Македонија. Истиот доаѓа во моменти кога многумина бараат албанскиот премиер да биде прогласен за „персона нон грата“

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-12-120351

(ВИДЕО) Ковачевски продолжи со гафови, јавноста го споредува со Мистер Бин

Нов гаф на премиерот Димитар Ковачевски кого јавноста го нарекува Таче, кружи на социјалните мрежи. Овојпат станува збор за исечок од видео, за време на литургијата во Вселенската партијаршија.Додека ја слушаше литургијата, Ковачевски беше заинтересиран дали работи микрофонот. Па така, додека стоеше, прво погледна наоколу, по што, потчукна на него за да провери дали е вклучен.Овој негов чекор многумина го споредија со најпознатите моменти на Мистер бин. Па така, се коментираше и: „Прва епизода од Мистер Бин“.Други пак, сметаат дека Ковачевски веќе има страв од камери и микрофони, откако неколкупати досега беше уловен со гафови кои сериозно влијаеа на неговиот кредибилитет.

Македонија | пред 3 години

FVAQCiGXoAApvai

„Бекни бе Таче, ќе ми снема лента“, „Рама: Го Заебаваме, Таче: Ме заебаваат“, реакции по наводната шега

По невкусната шега на премиерот на Албанија, Еди Рама, кој на самит во Солун, Димитар Ковачевски го нарече премиер на „идна Западна Бугарија“, граѓаните веднаш реагираа на социјалните мрежи.Тие упатија бројни критики кон премиерот Ковачевски, кој во целата ситуација само се насмевна.https://twitter.com/onepickright/status/1535754032622579714?s=20&t=CNScgX6g8oxMLYZko2hxLghttps://twitter.com/Ile95906131/status/1535745113531600896?s=20&t=CNScgX6g8oxMLYZko2hxLghttps://twitter.com/JustDDouble/status/1535744751525404672?s=20&t=CNScgX6g8oxMLYZko2hxLghttps://twitter.com/Sangvinik6/status/1535740730295058432?s=20&t=CNScgX6g8oxMLYZko2hxLghttps://twitter.com/makedonec0t/status/1535599733078732801?s=20&t=tZ6hKmYOayfPtmwRPOJZnghttps://twitter.com/drndaloto/status/1535591506219831296?s=20&t=tZ6hKmYOayfPtmwRPOJZnghttps://twitter.com/DeboraSkunk/status/1535732024643813377?s=20&t=CNScgX6g8oxMLYZko2hxLghttps://twitter.com/hebagoddess/status/1535782349241487361?s=20&t=tZ6hKmYOayfPtmwRPOJZnghttps://twitter.com/aleks_petreski/status/1535695762289483777?s=20&t=tZ6hKmYOayfPtmwRPOJZnghttps://twitter.com/AndonovskaDr/status/1535724201386119169?s=20&t=CNScgX6g8oxMLYZko2hxLghttps://twitter.com/NaToshoPomalioT/status/1535699604083286017?s=20&t=CNScgX6g8oxMLYZko2hxLghttps://twitter.com/Biktop16/status/1535885217491308544?s=20&t=tZ6hKmYOayfPtmwRPOJZnghttps://twitter.com/bobstar_m/status/1535634578253131777?s=20&t=tZ6hKmYOayfPtmwRPOJZng 

Коментари | пред 3 години

8809ABA0-0E6D-45E7-B2FB-45FC6B0DC9C8_1_102_o

(ВИДЕО) Патриотски концерт на „Меморија“, жива е Македонија!

Тричасовна лекција по патриотизам и како се сака Македонија одржаа „Меморија“ на вчерашниот концерт во арената Борис Трајковски. Помош добија и од Некст Тајм, како и дел од групата „Морал“, но и бројни нивни колеги. Не постоеше песна која публиката не ја пееше заедно со Апостол Поце Икономов, а потоа и со Ристо Самарџиев кој кажа дека пет години и два часа го чекал тој момент да застане на бината и одново запее. Најшеговит сакаше и успеа да биде Перо Камиказа чија „должност“ беше да ја анимира и публиката додека технички се решаваа случајни проблеми. Тој на стартот од концертот им рече на присутните: „Ви благодарам што сте во толкав број, изгледа не отидовте на Цеца (која имаше концерт во Пробиштип) и Рибља чорба“.Ја почнаа вечерта со легендарната „Македонија“ од Дадо Топиќ. Иако не беше Нова година, преку истоимената песна порачаа сосе публиката: „Името не го даваме!“.Од групата не ги заборавија ниту нивните колеги кои повеќе не се меѓу нас. Со „Јесен у мени“ му одаддоа почит на Аки Рахимовски. А заедно со дел од групата „Морал“ го поздравија и Влатко Илиевски. „Чао мајсторе, ако не слуша, поздрав до Аки“, рекоа од групата и ја започнаа легендарната „Кога патувам“ посветена на Влатко Илиевски, а испеана од Ристо Самарџиев.Не се испушти можноста ниту да се испрати поздрав до Еди Рама кој Македонија ја нарече „идна западна Бугарија“. Камиказа гласно извика среде бројните македонски песни: „Нека цркне оној што рече дека сме north (северна) Бугарија“.Незаборавната вечер беше заокружена со бис, каде одново се пееше заедно со публиката „Оган под ѕвездите“, за на крајот концертот да се заврши со „Никогаш северна само Македонија“.Концертот беше преплавен со македонски знамиња и публика од 7 до 77 години.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-06-12-095734

(ВИДЕО) Несреќа на Партизанска, избегната катастрофа: Откако се судрија, автомобил возејќи наназад се качи на жардењера

Вчеравечер на булеварот Партизанска, во близина на поликлиника Букурешт, во Скопје се случи сообраќајна несреќа.Автомобил додека стоеше на семафорите наеднаш почна брзо да вози наназад и се качи на жардињерата.Од видеото може да се забележи дека на семафорите стои уште еден автомобил од кои се излезени три лица.За сега нема информации дали има повредени во несреќата.

Скопје | пред 3 години

IMG-ea5e548aed556e0087dc559cf1c2c1bf-V

(ФОТО) На автопат „фатен” со радар, возел 241 километри на час

Полициски службеници на СВР Тетово од 22.00 часот на 11.06.2022 од 02.00 часот на 12.06.2022 спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата со т.н. ноќен радар, во која вкупно се изречени 96 мерки (ТЕ-66 и ГВ-30). Од нив 41 мерка (ТЕ-23 и ГВ-18) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозоленото.Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-43, ГВ-12) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.

Македонија | пред 3 години

285315068_326335976353040_6993845923420292384_n

Странци се изгубија во Мариово, со автомобил заглавиле на лош пат

Во заедничка акција на Центарот за управување со кризи и Министерството за вантрешни работи вечерва се пронајдени и спасени две изгубени семејства од странство со четири деца кои со два автомобила поради лошите временски услови залутале и заглавиле во планински предел во Мариово.ЦУК информира дека семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон.„Во доцните дневни часови - пред стемнување, (со пронаоѓање во 19.15 часот), успешно се реализираше акција на спасување изгубени семејства, од странство во два автомобила, коишто заедно со дечиња (четири) залутале во нашата држава и заглавиле со возилата заради лошите временски и патни услови во планина. Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион. Семејствта залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што, како што информиравме, до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон.Конкретно, хронолошки, околу 16,00 часот е примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзани со лицата коишто биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглвени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде што постојано се комуницира со изгубените на којшто им е наложено да чекаат помошта да дојде после нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информациите семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман - Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила од кое едното е од Литванија. Во возилата, во кои имало пет возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго. Од страна на оперативните дежурни работници во регионалните центри за управување со кризи е веднаш стапено во контакт дежурните оперативци од Министертвото за внатрешни работи и преку СВР Кавадарци е преземена акција за извлекување, со можност за дејствување и со тим со теренско возило од Михаилово. Дежурните оперативци од РЦУК Велес се во постојана комуникација со загубените и лоцирани семејства, а и со колегите од МВР. По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и после објавувањето на оваа информација се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

gg-Stefan

(ВО ЖИВО) Прва заедничка литургија на архиепископот Стефан и патријархот Вартоломеј

Во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец” во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан ќе одржат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква. Владата соопшти дека премиерот Димитар Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со патријархот Вартоломеј.На литургијата предводена од поглаварите на двете цркви, според последните информации ќе присуствуваат и митрополитите дебарско-кичевски г. Тимотеј и преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископите хераклејски Климент и антаниски Партениј, повеќемина ѓакони, како и монаси од Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител” и монахињи од манастирот Рајчица „Свети Георгиј Победоносец”.Во состав, пак, на владината делегација, покрај премиерот Ковачевски ќе бидат и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски. Предвидено е членовите на владината делегација да бидат примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а покрај тоа тој ќе има и одвоена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски.На Патријаршиска и синодална света литургија, меѓу другите, најавено е присуство и на стотици верници од земјава, кои специјално допатуваа во Истанбул по повод значајните настани кои деновиве се случуваат во древниот Фанар.На заедничката литургија и претходеа вечерната богослужба во ставропигијалниот манастир „Балаклија” во Истанбул по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест” во четвртокот, по која патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, како и празничната Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј Победоносец” по повод именденот на вселенскиот патријарх во петокот, на која молитвено присуствуваа и членовите на нашата црковна делегација.Во обраќањето кон патријархот Вартоломеј, по Божествена литургија по повод неговиот именден, архиепископот Стефан му се заблагодари за прифаќањето на нашето апелациско прибегнување и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-11-at-11.23.41

„Плетвар на вода“, „Државчево не е дизајнирано за три дена дожд да истрпи“, низа реакции по поплавата и одроните

По три дена дожд, апокалиптични снимки доаѓаат од Плетвар. Одрони и реки вода течат низ патот. На терен расчистува изведувачот на патот кој се гради со години. Сообраќајот е во прекин.„Поплава на плетвар. Сообраќајот во прекин. До кога ќе биде готов експресниот, години поминаа?! Барем работете професионално а не вака“, напиша еден од твитерџиите.Имаше и други реакции:https://twitter.com/ilijadimitrov38/status/1535578877355036672?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/BlackTaurus7/status/1535567452498804744?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Hedera_Genus/status/1535563069367140353?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/UsernameRonin/status/1535556333235322880?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/jepirovski/status/1535572105621798912?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/brunobananiBa/status/1535561061356777477?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/tiktaknaradio/status/1535561317167276032?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/na_adji_Jankula/status/1535543773492551681?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtAhttps://twitter.com/Dalibor_81/status/1535542354777710593?s=20&t=2ahf0ov8Db1HHyPM5anNtA

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-11-125145

(ВИДЕО) Рама за Македонија: „Идната западна Бугарија“

Албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун вчера.Додека грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер и Димитар Ковачевски како премиер на Северна Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забаелешка, „идната, идна западна Бугарија“ по што сите се насмеаја.Конверзацијата е на видеото на 1:00.

Македонија | пред 3 години

286554612_749157486526415_2816340404981264093_n

Ново видео од Плетвар, по три дена дожд, полесно е да се отвори бродска линија

Поради одрон и полава сообраќајот на Плетвар е во прекин. Утрово на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа големиот одрон и колона возила. На снимките објавени на приватни профили се гледаат големи наноси и вода која носи камења и земја.„Плетвар утрово, по три дена дожд… Може да се поправи, а полесно е да се отвори бродска линија“, стои во описот на едно од објавените видеа.

Македонија | пред 3 години

528701286615da34164168035146119_v4_big

Шолц пристигна во посета на Македонија

Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија. Канцеларот Шолц, чиј домаќин ќе му биде претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на аеродромот во Скопје го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.Канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.Во составот на нашата делегација на пречекот и на билатералната средба со делегацијата на СР Германија се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.Според агендата за официјалната посета на канцеларот Олаф Шолц, веднаш после церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Sequence-03.00_06_18_21.Still002

(ВИДЕО) Oгромни одрони и поплави на Плетвар, сообраќајот во прекин

Утрово на социјалните мрежи беа објавени видеа од Плетвар. Поради одрони и поплава сообраќајот на патот е целосно во прекин.Според објавеното видео, на патот има голема колона од возила, а возачите апелираат да се избегнува овој патен правец.За сега нема информации кога ќе биде расчистен патот и кога ќе се нормализира сообраќајот.„Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

0-02-05-d934b284f56ff2fbeb6ddf193a03c550fe8c7201865de71dacbcb697e0cec58a_26e2648cdc2

ФОТО: Прокисна тераса на кафуле во скопски трговски центар

Кафулиња во скопски трговски центар прокиснаа од поројните дождови кои вечерва го зафатија главниот град. Тендите поставени на времените летни тераси не беа доволни силни за да го издржат интензитетот на дождот и невремето. Па така, наместо водата да се слева надвор од објектите, таа ги накисна гостите.„Од страните врнеше буквално врз масите, а од средината течеше како чешма“, објаснуваат гости во еден од локалите.Невремето го зафати скоро цело Скопје. Почна од Аеродорм, па продолжи кон Карпош и Ѓорче Петров. Улиците беа преплавени со вода.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања