ТОП

IMG_5583

(ФОТО) Верниците нервозни се вратија од гробиштата во Ѓорче, затекоа фрапирачка состојба: За срамота!

Верниците со низа реакции за несреденоста на гробиштата во Ѓорче Петров. Високи треви, расфрлан отпад и полни контејнери беше она што можеше да се забележи насекаде. Задолжени за одржување се АД Бутел, кои очигледно, не си ја завршиле својата обврска пред верскиот празник Задушница.„За срамота“, „Невидена катастрофа“, „За ова ли земаат пари“, беа само дел од коментарите од разочараните верници. Дел од граѓаните реагирале и во АД Бутел, но велат дека е залудно.„Исто ви се фаќа и да вртите на сите телефони, ќе ви кажат дека само двајца работници имаат и не можат да постигнат, јас веќе се жалев пред месец дена и тоа ми одговорија, немаат луѓе“, вели еден од верниците.„Секоја година е исто, никој не презема ништо, а за контејнерите да не правиме муабет не ги чистат, чекаат да скапе или ветар да дувне да однесе по гробовите па да си исчистиме самите“, вели друг верник.„Како ние ќе одиме до гробовите змии ќе не изедат, срамота за Бутел“, коментираат други.Ова не е првпат да има вакви остри реакции за чистотата на гробиштата. И покрај тоа што верниците плаќаат за одржување, очигледно дека надлежната служба на АД Бутел знае да потфрли во својата работа.

Скопје | пред 3 години

deca-poprecenost

Уапсената негувателка врзала дете за кревет била под дејство на алкохол

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата.Омбудсманот соопшти дека утврдено било дека вработената била во алкохолизирана состојба, а раководството на установата презема мерки против вработената, поради таквото постапување. Очекува реакција и од надлежното министерство.„Омбудсманот очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената, при што укажува дека особено треба да се зајакнат критериумите, но и да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во установи и други форми на згрижување на деца и деца/лица со попреченост и апелира редовно да се контролира и мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените во јавните установи, вклучително и во Малите групни домови, односот кон децата“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ФОТО: Попушти мост во Драчево, има простор и цел човек да пропадне

Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи стигна пријава од загрижен граѓанин којшто не извести дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост. Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, информираат од Центарот за управување со кризи.„Токму од овие причини ЦУК апелира до надлежните институции итно да превземат соодветни мерки и дејства со коишто ќе го обезбедат овој мост и ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Како што истакнавме во повеќе наврати, за нас во ЦУК на прво место секогаш е безбедноста на граѓаните. ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму ние ќе ги превземе сите неопходни дејства.Безбедноста на граѓаните на прво место“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

00006.00_00_10_10.Still001

(ВИДЕО) Како од филм: Уапсени пет лица од Батинци, со сила земале „порше“ и 50 илјади евра од сосед

На 09.06.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал поднесена е кривична пријава по брза постапка против осум лица, за кривично дело „изнуда“ по чл. 258 од Кривичниот законик, и тоа Ј.К.(34), М.Т.(47), Р.С.(51), Џ.Ќ.(46), Е.Ч.(42), М.Р.(32), С.Р.(33) и Б.Р.(34), сите од скопско Батинци.Имено, на 08.06.2022 во СВР Скопје жител на Батинци пријавил дека на 05.06.2022 околу 20.30 часот во казино во с.Батинци, каде по претходна вербална расправија со М.Т. бил повикан од Ј.К. и задржан подолго време, бил физички нападнат со тврди предмети од неколку лица. Тие со закани му изнудувале до 10.06.2022 да им исплати 50.000 евра и му го одзеле патничкото возило „порше кајен“, во кое имало пари и лични документи.По утврдување на идентитетот на осумте сторители на кривичното дело, од страна на полициски службеници од СВР Скопје - Единица за интервентна полиција, во координација со ОЈО Скопје извршени се претреси во нивните домови и лишени од слобода се Ј.К., М.Т., Р.С., Џ.Ќ., Е.Ч., а за М.Р., С.Р. и Б.Р. е распишана централна потерница. По извршеното пребарување во околината од домовите на приведените лица, на стариот пат за с.Количани, пронајдено е и одземеното патничко возило.Од страна на Судија на претходна постапка на Ј.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на останатите четири приведени лица им се одредени мерки за безбедност.

Скопје | пред 3 години

286314705_527303592410401_6385834756916128959_n

Почина познатиот македонски пејач Александар Сарев

Познатиот македонски пејач кој прв ја испеа легендарната песна „Каде сте Македончиња“, Александар Сарев почина вчера во Скопје на 86 годишна возраст, информира неговото семејство.Александар Сарев е роден на 20-ти февруари 1936 година. Во богатата своја музичка кариера, најпознат беше откако во 1987 година на Фолк фест Валандово, за првпат ја изведе антологиската музичка тема „Каде сте Македончиња“.Погребот на Сарев ќе се одржи денеска во 13 часот на гробиштата во Бутел.

Магазин | пред 3 години

pat

Изминаа 3000 денови како „се гради" автопатот од Кичево кон Охрид, министерот за транспорт и врски никаде го нема, вели Ивановски

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради" автопатот од Кичево кон Охрид, вели Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.„57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.Премногу е“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

44-1-1024x768-1

Кабел го предизвикал синоќешниот пожар во Јавното стамбено претпријатие

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор излезе со соопштение по синоќешниот пожар кој зафати една од бараките на ова претпријатие.„Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопаниување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета. Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН“, се вели во соопштението.Фото: Фактор

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-10-082151

„Син на македонски режисер доби повеќе пари за еден филм, отколку сите мои филмови заедно“, Милчо Манчевски за непотизмот и економијата

Познатиот македонски филмски режисер и сценарист Милчо Манчевски објави видео порака со наслов „Непотизам и економија“.Видеото е снимено специјално за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум - СЕФФ“ (Skopje Economic and Finance Forum (SEFF).Манчевски во обраќањето се осврнува на македонската економија и загубите кои настануваат во општеството поради одливот на мозоци од земјава.„Трипати заминував од Македонија и трипати се враќав, донесов знаење, финансии и желба да помогнам. Но, многумина заминуваат не само поради желбата за повисока заработувачка туку и поради подобри услови за живот, за почист воздух и ефикасно судство, на места каде не мораш да бидеш нечиј син или ќерка за да имаш работа и пристоен живот“, рече Манчевски.

Македонија | пред 3 години

bitiki

„За да заштедите излезете на дождот и измијте ја косата“, „Колку кришки леб смееме да јадеме?“, реакции по изјавата на Битиќи

„Аако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома за да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, најверојатно ќе треба да се навикнеме да живееме на 22 степени во зима, а во лето, ако е 24, да направиме на 26 степени целзиусови“, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.По оваа изјава новинарот Горан Момироски обзнани истражувачки труд, според кој се отвора голем сомнеж за најтежок вид на корупција во врвот на власта, а тоа е трговија со влијание.„Во едната организација главна е сопругата на директорот на агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу, Афродита Муслиу. Додека пак во втората организација е Милинда Рушити Битиќи сопруга на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Со тој проект тие добиваат фантастичен проект од над 600 илјади евра“, заклучи Момироски.На ова реагираа граѓаните на социјалните мрежи кои прашуваат колку кришки леб треба да јадеме на ден.https://twitter.com/StevanoAna/status/1534761747596423168?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Shoeder006/status/1534879906412232704?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/realTotoMK/status/1534940794863374337?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Biktop16/status/1534899560652361730?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/Kalabalak_/status/1534806791866957824?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pAhttps://twitter.com/TempestOfFlame/status/1534800737657663490?s=20&t=tcVkVDv_-ZBoTSlUZxT9pA 

Коментари | пред 3 години

micko

„Мицкоски сам ќе си направи штаб како докажан мајстор од изборните спотови“, реакции по одлуката за конфискација

Судот донесе пресуда да се конфискува партиското седиште на ВМРО- ДПМНЕ и друг имот на партијата. Оваа вест предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Ова се дел од коментарите.https://twitter.com/papilio_21/status/1534953562064699392?s=20&t=ycf_dCwEDfzk5PEasdOTVwhttps://twitter.com/marsedonec/status/1534831442060091392?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/AcoGusaro/status/1534827417893851136?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/LOshGZE/status/1534938112677273600?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1534795006145347585?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/MaximOvertroll/status/1534499066717081609?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1534615511106985984?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/insider_corner/status/1534605381963599876?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/NorthZmic/status/1534668886968258560?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/Freddy_AFC/status/1534864204863361026?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1534591489451384832?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/neamtviter/status/1534769414674997249?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/Nopak_od_Varosh/status/1534600600083738627?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/Samosvesen/status/1534561657594204161?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/februar1967/status/1534532770550190081?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/februar1967/status/1534531549152043008?s=20&t=wtGFbHS_-Pxi0HlHUqvi_Ahttps://twitter.com/SendvicSoVegeta/status/1534516888365047808?s=20&t=9R4H9ahoMr8FjUTgdVzlLQ

Коментари | пред 3 години

lambe-klub

Ламбе пуштен во домашен притвор

Мерката притвор за Ламбе Алабаковски, Судскиот совет од Битолскиот Основен суд ја преиначи во куќен притвор, по жалба на неговиот адвокат.Пејачот попладнево го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде ќе ја издржува мерка.Инаку Ламбе Алабаковски пријавил дека му го украле велосипедот, истиот со кој отишол до бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ чии врати ги полил со течност и запалил, дознава „Скопје 1“. Според неофицијални информации, тој во полиција наводната кражба ја пријавил истиот ден кога и го сторил делото, кое го призна пред два дена. Сепак, велосипедот не бил украден бидејќи МВР објави дека бил најден во домот на Ламбе при претресот.

Македонија | пред 3 години

284936157_10224191096237477_6714764860548443710_n

Вистината за животот на Ромите од Шутка, скопјанец сподели сурови детали

Скопјанец на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека живееме во дискриминаторска средина полна со предрасуди. Тој објави дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Шутка.„"Не ти беше ли страв дека ќе се заразиш?", ме праша еден пријател кога му кажав дека минатата недела се возев во минибус со 15 Роми од Шуто Оризари до Охрид, каде што поминав преубави три дена со нивната НВО."Абе што ќе ги учиш, нив ги бива само за крадење," продолжи просветлениов.Не знам колку тие научија од мене, но јас научив дека Абдула завршил машински со просек 9,3 (дел од испитите ги учел во тоалет, додека останатите спиеле), Сеад завршил шумарски и е успешен претприемач, Ибрахим студира медицина...Научив и дека граѓаните на Шутка плаќаат иста цена за автобуски билети, а добиваат многу полоша услуга. Автобусите 19ка и 20ка се крш во споредба со оние од другите линии - стари, без клима, без редовен сервис (оние новите климатизирани и на метан се резервирани за другите населби кај што живеат луѓе со посветол тен).Научив дека често автобусите не возат до крајната дестинација и ги оставаат патниците до затворот, на тој начин принудувајќи некои од нив да одат пешки и по четири станици за да стигнат дома.Научив дека поради нередовноста многу деца не можат на време да стигнат на училиште, а родителите на работа или мораат да дел од скромните плати да ги трошат на такси.Научив дека жителите на Шутка секојдневно се соочуваат со понижувања и нељубезен однос од страна на шоферите и контолорите на карти само затоа што се Роми.Научив, односно си потврдив, дека живееме во ужасно дискриминаторска средина полна со предрасуди.Пријателе, граѓаните на Шутка не се ништо помалку вредни од мене и тебе. Единствената разлика меѓу нив и нас е што немале шанса да растат во исти ислови, во средина каде добиваат ист третман со останатите кои со замислена плава крвИ да не заборавам да одговорам на прашањето, да се заразив. Се заразив со нивниот ведар дух, добрина, посветеност, солидарност... и многу сум им благодарен за тоа“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

1111113234123513

Нови детали: Како Ламбе падна во рацете на полицијата

Ламбе Алабаковски пријавил дека му го украле велосипедот, истиот со кој отишол до бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ чии врати ги полил со течност и запалил, дознава „Скопје 1“. Според неофицијални информации, тој во полиција наводната кражба ја пријавил истиот ден кога и го сторил делото, кое го призна пред два дена. Сепак, велосипедот не бил украден бидејќи МВР објави дека бил најден во домот на Ламбе при претресот.Неофицијално, токму пријавата на Ламбе кој во полиција дал и опис на велосипедот, им била од голема помош на службениците за да откријат дека тој го предизвикал пожарот. Кога направиле споредба на украдениот велосипед, со велосипедот кој го возел тогаш осомничениот а се гледал на снимките од видео надзор, трагите ги однеле до пејачот. Засега официјална потврда за ова нема.Според информации на „Скопје 1“, Алабаковски наводната кражбата ја пријавил истиот ден кога го опожари бугарскиот клуб. По три денови, кога се правел претрес во два објекти кои се поврзуваат со пејачот, велосипедот бил пронајден.Дека маж со велосипед го опожарил објектот, прва објави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска. Генчовска на записите на една од безбедносните камери можела да види маж кој безбедно пристигнал со велосипед, извадил туба со запалива течност и мирно ја истурил течноста пред вратата од куќата.Алабаковски е трет ден во притвор.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тензично во Карпош, се гласале вработувања и ДУП-ови

Жешка седница во Советот на Општина Карпош. 10тата седница мина во тензија, со долг почеток, велат Независни за Карпош.„Најпрво Независни забележаа на изостанатото пренесување во живо на седниците (кое во случајов ќе дадеше и вистинска слика што се случуваше на седницата), како и недостаток на информации од општината (точка на дневен ред за нови вработувања во општината а без одговор на побарана информација за постоечки вработувања по договор за авторски права и на определено време)Потоа следеше барање од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за отстранување на точката од дневен ред:Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ 01, Блок 6, Општина Карпош – СкопјеБарањето се стави на гласање и не беше усвоено.По тоа барање следеше координација на советничката група на ГРОМ, а потоа излагање на Градоначалникот во кое објави раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на ниво на општина Карпош.Следеше и координација на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ по која започна седницата.Независни гласаа воздржано за усвојување на записниците од претходните седници, зошто сметаме дека без пренесување во живо на седницата, беспредметно е усвојување на записници за кои немаме увид во реално време дали се точни.По однос на точките од дневен ред:Имаше две иницијативи за измена и дополнување на програмата за екологија и ефикасност.-Првата поднесена од страна на советниците на Левица која се однесуваше на намалување и стандардизирање на автомобилите во сопственост на општината и воспитните установи, за која се заклучи дека ќе се пренесе како обврска во друг сектор ( сектор за поддршка на Градоначалникот)-Втората иницијатива беше со финансиски импликации, да се одвојат средства за имплементирање на проект на ниво на државата за воведување на апликација со нови мерачи на воздух (беше образложено во рамките на комисиите дека истите ќе бидат мобилни и со широк дијапазон намерни вредности) и истата беше прифатена. Средставата кои ќе ги издвои општината се 618.000 денари.-Се прифати едногласно и предлог-иницијатива од советниците на Левица за разгледување на правните можности за носење одлука за ослободување од партиципација за храна и престој на децата во градинките на општината.-Во однос на нацрт планот за градска четврт ССЗ 01 блок 6, истиот не беше прифатен.-Како една од точките кои секако привлекуваат поголемо внимание на граѓаните е и точката за нови вработувања во општината, која беше изгласана, и за која секако бевме против поради недостаток на точни информации за севкупниот број на вработени и релната потреба од истите.Се изгласаа 16 нови вработувања во општината.‼️ВО МОМЕНТОВ ВО ОПШТИНА КАРПОШ СЕ УШТЕ НЕМА ЛИЦЕНЦИРАН ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОР КОЈ БИ ГО СЛЕДЕЛ ПРОБЛЕМОТ СО ПРЕКРШУВАЊАТА НА ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА, НИТУ ИМА СОРАБОТКА СО ДРУГА ОПШТИНА ЗА ТАКВО НЕШТО.-Освен точките за финансиска помош на здружението Денсерс Јунајтед и награди за најдобро уреден еко-училишен двор-катче, останатите беа од техничка природа и гласањето помина без расправа.-Како последна се постави точка за советнички прашања на која Независни поставија две и чекаме на одговор од општинските служби:1. Дали и кога се планира склучување на договор со добавувач на електрична енергија?2.Кои се насоките на општината во случај на советник со судир на интереси установени од ДКСК?И како за крај, советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои најавија иницијатива за бришење на маркицата за 28катница (или суспендирање на ДУПот) не предложија, ниту покренаа било каква дискусија на таа тема“, се вели во објавата.

Скопје | пред 3 години

28032022_PVRSM_Kovacevski_sostanok-vo-Sofija_6

Бугарија со три барања за да го тргне ветото

Бугарскиот премиер рече дека се работи заедно за да се види дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови.Бугарија има три јасни барања за да може да има напредок на темата со Северна Македонија, порача бугарскиот премиер Кирил Петков на заедничка прес-конференција утрово во Софија заедно со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.Осврнувајќи се на обвинувања од партијата Има таков народ, која вчера излезе од владата, дека Петков води посебна надворешна политика и сака да го тргне ветото, бугарскиот премиер рече дека ова што го слуша последниве денови се лажни наводи.„Од утрово и последните денови слушам лажни наводи дека бугарската влада имала две надворешни политики и што уште не. Сакам да разјаснам дека Бугарија има три јасни барања за напредок на темата Северна Македонија“, рече Петков.Првото, рече тој, е почитување на рамковната позиција на Бугарија усвоена во парламентот. Второто е вклучување на Бугарите во Уставот за да може да се заштитат нивните права, а третото барање, вели премиерот, е спроведување на Договорот за добрососедство.„Ова беа нашите дискусии и порано и сега, и работиме заедно за да видиме дали ЕУ може да биде гарант на овие три услови“, рече Петков.Вархеји, пак, порача дека само една земја ги кочи преговорите, а тоа е Бугарија и без нејзина согласност не може да се продолжи понатаму.„Не можеме да го продолжиме процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ без тоа да го одобрат сите земји членки. Сè уште чекам поддршка од една земја, а тоа е Бугарија и на тоа работиме со сите овие средби и разговори што ви водев овде и во Скопје“, изјави еврокомесарот.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања