ТОП

siromastija-1-copy

Двете најголеми партии се препукуваат кој да ги врати украдените пари, а граѓаните осиромашуваат

Изминатиот период двете политички партии се препукуваат околу зголемениот животен стандард на граѓаните. Тие преку партиски соопштенија бараат да се вратат украдените пари на граѓаните.СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да го продаде Белиот дворец кој е проценет дека вреди седум милиони евра, а во него има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180 000 евра.„По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните. Тоа е правично и праведно, парите да се вратат кај граѓаните, затоа што тоа се пари на граѓаните. Во тој луксузен дворец проценет на седум милиони евра, има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180 000 евра. Тоа се сериозни средства кои во време на светска економска криза можат да се искористат за помош кон граѓаните и домаќинствата“, вели СДСМ.Слични се барањата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие бараат премиерот на државата да го продаде златниот прибор во владата кој вреди 40 илјади евра. Според нив со тие пари ќе може да се купи едно амбулантно возило.„Ковачевски во ек на најголема криза додека народот едвај си купува леб, купи златен прибор за јадење за во влада. Приборот кој владата го набави е 40 илјади евра. Со 40 илјади евра, наместо златен прибор, Ковачевски можел да купи едно амбулатно возило, но и да нахрани илјадници семејства. Ковачевски не сака да се откаже од 50% од акцизата за горивата за да има повеќе пари во буџетот за крадење и трошење на луксуз“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Додека тие се препукуваат кој треба да ги врати парите, граѓаните осиромашуваат.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 102.0, а индексот на цените на мало изнесува 101.5.Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2 %, млекото за 5.4 %, лебот и житата за 3.7 %.Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19.0 %, услугите за сместување за 7.5 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7.4 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 7.0 %, течните горива за домаќинствата за 5.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 5.7 %, туристичките аранжмани за 4.3 %.

Македонија | пред 3 години

klima

„Владата ги стимулираше граѓаните да се греат на струја, а сега ги казнува со висока индустриска цена“, вели О2 иницијатива

О2 иницијатива на социјалните мрежи објави податоци на кои се прикажани вкупниот број на домаќинства според енергентот потрошен како основен тип на греење. Тие велат дека со воведување на индустриска цена на струјата овие граќани ќе бидат казнети и истите ќе бидат стимулирани повторно да се греат на дрва.„Во државава, од податоците на ДЗС, во 2019 имало околу 178,000 домаќинства кои се греат на струја. Со воведување на блок-тарифите, тие кои се греат на струја и кои годиниве Владата и општините ги стимулираше да го остават дрвото за греење и преминат на струја, ќе се казнат и ќе плаќаат висока индустриска цена.Истите сега ќе се дестимулираат и ќе се стимулира враќањето кон дрвата за греење, а со тоа и на аерозагадувањето“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

120190420_222336

Талир 2 значи правда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ и Белиот дворец, вели СДСМ

Пресудата за случајот Талир 2 е последната потврда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.Низ судски процес базиран на докази и сведоштва се докажа дека биле злоупотребени милионски суми на пари, дека грубо биле прекршени законите за ВМРО-ДПМНЕ денес да биде една од најбогатите партии во Европа.Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна и од епски размери, но со последната пресуда исправена е уште една неправда.И по последната пресуда исто како и по претходните против функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се извини и да ги осуди незаконските постапки, тој упорно останува во одбрана на криминалот.Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-08-at-18.33.52

(ВИДЕО) Се бара слобода за Ламбе: Тој е македонски херој, крик на бунтовноста

Со патриотски песни, кинење на плакати, говори и транспаренти со натписи „Фашизмот мора да падне, слобода за Ламбе“, се протестираше против одредениот притвор на пејачот кој призна дека го запалил влезот на бугарскиот клуб во Битола. На протестот организиран од Левица пред полициската станица во Битола се викаше: „Слобода за Ламбе“, „Ламбе е херој македонски“.На други плакати пишуваше: „Земја измачена од клети фашисти“, „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајлов“. Претставник на младината на Левица имаше и говор на протестот каде кажа: „Денес сме сведоци како бугарската влада дава пари и купува ветер, затоа што народот со пари не се купува. Во овој град, денес гледаме како актуелната власт дозволува да биде отворен културен клуб кој носи име на прокламиран фашист. Да биде уште поголем парадоксот, во центарот на градот присуствуваше и бугарскиот премиер со негова делегација. Тоа доволно зборува за нивните територијални претензии кон Македонија, како во минатото, така и денеска“.По говорот, сите бараа одново слобода за Ламбе на кого му е одреден притвор од осум дена.„Се собравме да дадеме поддршка за Ламбе, кој е патриот, наш сограѓанин. Токму реакцијата на Ламбе претставува тоа што сите ние го мислиме и чувствуваме за оживувањето во овој град. Ламбе е крик на бунтовноста и затоа бараме негова слобода“, кажа еден од говорниците.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-12

Ново зголемување на горивата, нафтата добива рекордна цена!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 % во однос на одлуката од 6.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,800%, кај дизелот за 3,797%, кај екстра лесното масло за 3,933% и кај мазутот зголемувањето е за 0,340%.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит.Од 9.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 110,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 112,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,056%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

286406737_5706219066063290_8969078072716909126_n

„Ламбе не се оправдува себеси, сам призна дека го сторил делото“, адвокатот на Алабакоски смета дека тој не треба да е во притвор

Адвокат Александар Георгиев бранител на Ламбе Алабакоски за „Канал 5“ кажа дека се спротивставиле на барањето за одредување притвор бидејќи тоа не е казна туку мерка за обезбедување присуство. Според адвокатот, Алабакоски во целост претходно пред јавен обвинител го признал делото, има 34 години, со семејство, татко на две малолетни деца, со приходи во Македонија – обезбедувањето можело да биде и со помалку строги мерки за обезбедување на присуство.„Со давање на ветување, јавување во судот еднаш неделно, па дури и куќен притвор, депонирање на патна исправа ќе дадеше резултати. Доблесно е она што Обвинителство од старт побара само поради бегство, а не и заради влијание врз сведоци и повторување на делото. Одлуката на судот за притвор е поради двојното државјанство“, објасни адвокатот.За квалификацијата на делото, не сакаше да коментира.„Одговорно тврдам дека позади тоа што Ламбе го призна, тоа е негово. Не го оправдувам, ниту тој сам себе се оправдува. Да, со тоа што го направил го исполнува битието на кривичното дело за кое се товари“, додаде адвокатот за „Канал 5“.

Македонија | пред 3 години

vmro-pressuda-palata-bozinovski-gruevski

Се запленува имотот на ВМРО-ДПМНЕ: Кирил Божиновски доби условна казна, Груевски нови шест години затвор за изградбата на белата палата

Никола Груевски е осуден на шест години затвор за предметот „Талир 2“ кој се однесува на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Кирил Божиновски доби условна казна која нема да се активира ако во следните пет години не направи исто кривично дело. Казните ги изрече судијката Даниела Алексовска Стојановска, која во детали ја образложуваше одлуката. Пресудата доаѓа само на ден откако обвинетите и нивните адвокати дадоа завршни зборови. Судијката еден саат ја образложуваше одлуката која ја донесе во името на граѓаните на Македонија. Таа додаде дека противправно е обезбедено пратиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и имотот ширум Македонија. Ова значи дека обвинителот Љубомир Лапе, според судот, го докажал тврдењето за незаконско постапување на двајцата обвинети.„Обвинетите го сториле кривичното дело за кое се гонат. За обвинетиот Кирил Божиновски чија одбрана можеше овој суд да ја чуе, за разлика од Никола Груевски, не беа спорни дејствијата кои ги превземал за изградбата на партиското седиште за што имал и писмено известување. За ова обвинето лице остана спорно што смета дека сите дејствија кои ги превзела смета дека се законити. Од изведените докази произлезе нешто друго, а тоа е дека само превидно се создава слика дека Божиновски постапувал по одлуки на колективните тела, бидејќи телата постапувале по барање на Груевски. Фактот дека обвинетите Груевски и Божиновски постапувале по лични и тесно партиски интереси, а Кирил постапувал по барањата на Никола, а дека одлуките на телата биле одлуки на Груевски и формално биле донесени се согледа и од исказите на бројните сведоци. Доказите укажуваат на тоа“, кажа судијката објаснувајќи ја пресудата.Според судијката, биле сослушани 17 сведоци на Обвинителството, а по предлог на одбраната биле сослушани 23 сведоци. Сите тие придонеле судечкиот совет да донесе ваква пресуда. Таа кажа дека одбраната не успеале да ја докажат својата теорија со која обвинетите ги посочуваа како невини.„Овој предмет имаше приоритет во постапувањето, овој судечки совет направи максимални напори овој предмет да добие судска разрешница. Беа закажани вкупно 56 рочишта. Поради промена на член на судечкиот совет главната расправа започна одново во февруари 2020 година. Од новото започнување на главната расправа беа закажани вкупно 49 рочишта, 27 беа одржани“, кажа судијката Алексовска Стојановска.Таа додаде дека за да се спречи политичкото влијание, има строги законски ограничувања.„Предвидено е дека политичките партии не можат да се финансираат од приватни претпријатија кои вршат јавни работи. Политичката партија немала законски можности за договори со ДГ Бетон, бидејќи се спротивни на Законот за финансирање на политичките партии. ДГ Бетон не го докажа финансискиот мотив за предметните договори“, кажа судијката.Истрагата за овој предмет беше отворена во рокот од 18 месеци што го имаше СЈО, но обвинението е поднесено по истекување на рокот, поточно на 22 ноември 2018 година. Обвинението за изградбата на партиското седиште се однесува на начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот вреден 8,2 милиони евра, а е поднесено против поранешниот претседател на партијата Никола Груевски и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.Затворски казни побара обвинителот Љубомир Лапе за обвинетите Никола Груевски кој беше претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Божиновски кој беше генерален секретар на партијата, а за предметот „Талир 2“ кој е за изградбата на седиштето на партијата. Лапе кажа дека двајцата партијата ја третирале како трговско друштво. Тој тврди дека докажал дека ДГ Бетон го изградиле објектот за да добиваат приходи од јавни набавки односно пари од државата, а на ВМРО-ДПМНЕ целта им била да ги избегнат законските ограничувања за финансирање на политичките партии, а не да изградат деловен објект. Лапе од судот побара конфискација на целиот имот и осудителни пресуди, што денеска беа досудени.Експремиерот Никола Груевски кој пребегна во Унгарија со тврдење дека е политички прогонуван објаснуваше на социјалните мрежи што е предметот „Талир 2“, непосредно пред утрешната пресуда. Според него, тоа е: „План на власта во нејзините активности на политичкиот прогон да ме осудат мене и Кирил Божиновски за виновни и преку судовите да го заплени централниот штаб на главната опозициска партија во државата“.Конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ која ја бара Лапе значи во корист на државата да се заплени и целата опрема како што се теписоните од 20.000 евра, камини од 20.000 евра, лустерите од 20.000 евра, паркетот од 90.000 евра, плочките од 100.000 евра. Тука спаѓаат и послужавниците вредни 156.124 денари, шестте сета ножеви вредни 106.930 денари, вазната вредна 180 илјади евра, четирите чинии за супа за кои беше кажано дека вредат 57.996. Меѓу другото, ако биде прифатен предлогот за конфискација, ќе се одземе и опремата од фитнес салата која чинела 65 илјади евра.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-08-at-12.21.10

(ВИДЕО) Јакимовски ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека имало рекет и закани. Според него, сега ќе следуваат навреди и клевети поради одлуката.„Во изминативе седум месеци се потрудив да работиме транспарентно и да ги корегираме политиките кои биле погрешни. Со целосен ресепкт за политиките кои ги носиме да се усогласиме и заедно да делуваме за интересите на граѓаните. За жал целото мое искуство како четврти мандат за градоначалник, очигледно дека не успеваме да се разбереме на соодветен начин и да ја тераме работата. Начинот на работа со опструкции, инат, подметнување, навреди не е соодветен за коалициони партнери. Начинот на работа каде еден ќе деригира на коалиционите партнери или советот на Карпош е несоодветен и ваквиот начин е незапамтен за работата на нашата општина. Максимално сме незадоволни од соработката со ВМР0-ДПМНЕ. Од тие причини сакам да ви соопштам дека на ваков начин со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претеседател не можам да соработувам“, кажа Јакимовски пред советниците.Тој се обрати и на прес-конференции.„Се соочуваме со навреди, омаловажување. По 99 месеци коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, морам да соопштам дека таа коалиција не може да опстои во општина Карпош. Јас со моите години, искуство, карактер, не можам да дозволам некој да си поигрува со мене, интересите на граѓаните, советот на Карпош. Затоа јас и Карпош мора да се спротиставиме на инструкциите, на командите од еден центар. Мораме да се спротиставиме на обидите за рекет и закани врз стопанственици од нашата општина. Јас сум градоначалник за сите и имам обврска да ги штитам сите. Ќе продолжиме опозиционо да делуваме и во интерес на граѓаните. Имам поплаки дека се работи кои ние како локална самоуправа сме должни да ги работиме, има индиции дека се обидува луѓето да ги рекетира, дури и закани кон стопанственици, со кажувања дека кога ќе дошле на власт ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што не е дојден на власт да се заканува. Сметам дека со реваншизмите треба да престанеме. Сметам дека Обвинителството, судството треба да си ја работат својата работа“, објасни Јакимовски.

Скопје | пред 3 години

bujar-osmani-512

За МНР, шпекулација е дека македонскиот јазик ќе стане „јазик на С. Македонија“ во ОН

Министерството за надворешни работи (МНР) ги отфрла, како што вели, шпекулациите за употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации, според кои наводно Секретаријатот на ООН дал наредба постепено да се исфрла од употреба придавката македонски.Го пренесуваме во целост соопштението на МНР:„По однос на пријавените шпекулации за употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека единствениот референтен документ на Организацијата на Обединетите Нации за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology).Во него се дадени основните информации за секоја земја: официјалното име, кратко име, јазик на држава, назив на валута, ISO кодовите и др. (подолу линкот на UNTERM со официјалните податоци за Северна Македонија).Секретаријатот на ООН, како и сите негови тела е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во истиот (UNTERM). Вработените во Секретаријатот на ОН немаат надлежност за толкување на вакви прашања. Секретаријатот на ОН раководи и има надлежност во менаџирањето на прашањата околу употребата на 6-те официјални јазици на Организацијата (англиски, француски, шпански, арапски, кинески и руски).Постојаната Мисија на Северна Македонија при ОН во Њујорк, одржува редовни средби со претставници на Секретаријатот на ОН, и во таа насока нема никакви индиции што одат во прилог на објавените шпекулации.Согласно појавениот интерес на јавноста, нашата мисија во Њујорк стапи во контакт со претставници на Секретаријатот, од каде дополнително и официјално ни беше потврдена важечката пракса и регулатива преку која категорично ги отфрлаат сите шпекулации изнесени во медиумите за наводна „внатрешна инструкција во ООН за начинот на користење на терминот – Македонски јазик“.Оттука сакаме да посочиме дека пријавените информации претставуваат злонамерни шпекулации, чии намери се да создаваат непотребно вознемирување на јавноста, и не одат во прилог на интересите на Северна Македонија.Линкот на UNTERM за личната карта на земјата е секогаш достапен он-лајн и на него може да пристапи секој.Линк: https://unterm.un.org/UNTERM/Display/Record/UNHQ/NA/1c98d616-3b6a-4d15-a7cb-f88c7f988b83

Македонија | пред 3 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_4

Обединетите нации бараат: Да се избегнува терминот „македонски јазик“

Индикатори за бришење на македонскиот идентитет сѐ пофреквентно „испливуваат на површина“, а потврда за тоа е најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Северна Македонија (РСМ)“, пишува Нова Македонија.Секретаријатот се вели дека мора да се „избегнува“ терминот „македонски јазик“, во согласност со општиот став дека терминот „Македонија“ и сите деривати од овој термин не смеат да се употребуваат.Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна.Понатаму се додава дека од оваа година категоријата „македонски јазик“ ќе се користи за „антички македонски јазик“, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик.Истиот извор појаснува дека во ООН постои забрана (таканаречена – „BAN“) за зборот „Македонија“ и сите изведени деривати од овој термин (македонски/ска/ско), што од претходниот месец важи и за јазикот.Попушта ли идентитетскиот бетон од Преспанскиот договор - Нова Македонија (novamakedonija.com.mk) 

Македонија | пред 3 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Убиство во струмичко

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице.Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители.​

Македонија | пред 3 години

Screenshot_1-5

Ламбе не е херој туку најобичен вандал, посочи Најчевска

Не застануваат коментарите за Ламбе Алабаковски кој од печај стана „херој“ благодарение на перцепцијата на граѓаните. Последен во низата ставови е даден од Мирјана Најчевска, професорка на Правниот факултет. Таа посочи дека Ламбе не е херој туку вандал. Даде и објаснување.„Ламбе не е херој. Ни дисидент. Не е ни пироман (новинари дај прочитајте дефиниција за пироман) или терорист. Ламбе е најобичен вандал. Ама тие кои дозволија отворање на клуб со име Ванчо Михајлов во Битола се криминалци. Како и оние кои го направија Скопје 2014. Различни а исти“, пишува Најчевска.Инаку денеска се организира и протест во Битола за мерката притвор која му е одредена на Алабаковски.

Коментари | пред 3 години

285846388_1164194780788818_2171771388715667132_n

СДСМ апелира да не се политизира настанот во Битола

Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач, вели СДСМ.„Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица.Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји.Наша обврска е да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија чија цел е оддалечување на Северна Македонија од ЕУ.Имаме разбирање за вознемиреноста на нашите граѓани, но никогаш нема да одобриме насилничко однесување.Единствено надлежен за ценењето на евентуалните олеснителни околности во конкретниот случај е исклучиво правосудната власт, а не дневната политика.Конечно, во текот на оваа година ќе бидеме сведоци на отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград. Ние се бориме со вредности, принципи и доследност, а не со насилство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Lambe-protest

Протест за поддршка на Ламбе во Битола

Денеска во Битола ќе се одржи протест за поддршка на пејачот Ламбе Алабаковски кој ја потпали вратата на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Според реакциите на граѓаните се очекува голема присутност.И јас сум Ламбе“ e главно мото на социјалните мрежи каде јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач.Протестот ќе се одржи со почеток од 18 часот пред полициската станица во Битола.

Македонија | пред 3 години

lusteri-3

Во Белиот дворец со има кинески лустери од над 20.000 евра, вели СДСМ

Белиот дворец е симбол на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ.„Со пари на граѓаните израсна од мала скромна жолта куќа во бела палата на 7 спрата, вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, скап мебел, позлатени рамки и уметнички дела.Во неа има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180 000 евра.Од Белиот дворец, кој стои како споменик на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето лицемерие, да продава лажна загриженост и да дејствува на штета на граѓаните.Одамна на граѓаните им е јасно дека лицемерното ВМРО-ДПМНЕ не може да понуди ништо друго освен криминал и расипништво“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања