ТОП

Screenshot-2022-06-07-at-22.52.54

Груевски се правда за „Талир 2“ пред пресуда: Какво трговско друштво? Какви глупости се тоа?

Експремиерот Никола Груевски кој пребегна во Унгарија со тврдење дека е политички прогонуван објаснуваше на социјалните мрежи што е предметот „Талир 2“, непосредно пред утрешната пресуда. Според него, тоа е: „План на власта во нејзините активности на политичкиот прогон да ме осудат мене и Кирил Божиновски за виновни и преку судовите да го заплени централниот штаб на главната опозициска партија во државата“.„Обвинителот не презентира доказ дека барем некогаш во животот сум се сретнал со сопственикот или менаџерот на Бетон Скопје, па макар и случајно на улица, во маркет, во парк, или случајна средба во ресторант, а камоли да договарам било што со него. Ниту пак за Ниту пак за К.Божиновски понудија доказ дека нешто договарал, a само ние двајца сме обвинети. Обвинение изградено на претпоставки, на ниво на бујна фантазија, кои немаат никаква врска со реалноста. Дали обвинението и намерите на обвинителството се правно издржани? Апсолутно не! Дали имаат докази за некакво незаконско постпаување? Ниту еден доаказ. Па дури и обвинителот не го крие тоа дека нема докази и цело време употребува зборови од типот дека нешто било “симптоматично” и слично, но јавно во судница признава дека процедурата за градење на штабот била законска, па дури и потврдува дека настрешницата која Жерновски се закануваше дека ќе ја руши е законски изградена“, напиша Груевски.Тој сметак дека процесот е вон закон бидејки наместо како што предвидел законот за СЈО да се поднесе во рокот од 18 месеци, се поднел 16 месеци после тој рок.„Само заради ова во нормална земја процесот не би ни почнал. Има и куп други незаконитости и погрешни процедури, но кому воопшто му е грижа за тоа во земја со политички судски случаи, каде пораката од власта е закон над сите закони. Што сторило ВМРО-ДПМНЕ? ВМРО-ДПМНЕ во тоа време поседува многу атрактивна локација во строгиот центар на градот, на која е сместен централниот штаб со големина од околу 500-600 метри квадратни, кои не ги задоволуваа потребите за непречено функционирање и работа. Штабот на СДСМ е околу 4,150 метри квадратни и дури и денес е за околу 200 метри квадратни поголем од овој што сега го има ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ денешната зграда на Владата (некогаш ЦК на КПМ) ја добиле како наследство од поранешната комунистичка партија на Македонија и ја трампале со објект на Министерството за образование кое денес е нивиот централен штаб, поголем од овој на ВМРО-ДПМНЕ. Плус десетици простории/штабови низ општините во државата добиени на ист начин“, пишува Груевски.Тој додава:ВМРО освен централниот штаб осум пати помал од оној на СДСМ, имаше само 50% од само уште еден штаб во населбата Влае, стан на Рекорд (некое време беше прес центар) и куќа во Охрид. Кои потези ги повлекло ВМРО-ДПМНЕ во 2012?Партијата немала законска обврска, но сепак објавила платен оглас во весниците за привлкување понудувач за инвеститор кој би сакал да изгради објект на целото земјиште сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, да го намени за деловни активности (во случајот хотел), а еден дел од тој објект да го одстапи на ВМРО-ДПМНЕ наместо да и плаќа пари за земјиштето во строгиот центар. Тоа е форма со која во Скопје и низ цела Македонија законски се изградија и се градат илјадници објекти. Секаде во светот применувана форма за индивидуалци или правни лица кои своето земјиште го трампаат за одреден број квадрати изграден простор. Се јавиле три фирми на огласот. Критериумот бил кој ќе даде највисок процент на изграден деловен простор како надокнада за оставеното земјиште. Најголем процент од 43% дала Бетон АД Скопје, која имала намера да изгради хотел. Од тие причини партиската комисија која ги прегледала понудите проценила дека тоа е најповолна понуда (второ пласираната фирма нудела 30%), а ИК и ЦК ја усвоило таа одлука.Но партијата проценила дека нема потреба од толку многу квадрати и со договор исто така одобрен од истите органи околу 500-600 метри квадратни му ги продала на Бетон Скопје уште веднаш. Бетон ги платил и иако во таа година партијата имала четири пати повеќе приходи од уплатата на Бетон Скопје, кои дошле од други извори, сепак ОЈО тврди дека партијата токму од тие пари купила уште околу 23-24 помали простории за штабови низ општините во Македонија, и бара покрај централниот штаб, да се запленат и тие локални простории.Цената по која ВМРО-ДПМНЕ го продала вишокот простор е нешто над 3.400 евра од квадрат, во време кога на улица Македонија веќе се беа продале деловни простори по околу 4000 илјади евра квадрат. И објектот на Бетон Скопје излегува инсе води на улица Македонија. Време во кое на јавно електронско наддавање при продавање на државно земјиште веќе имаше постигнати цени од околу три илјади евра од квадрат во строгиот центар на Скопје, како на пример земјата купена од АД Осигурителна Полиса на ул.Св.Климент Охридски бр.22 каде подоцна го изградија своето седиште.Патем речено, кога не станува збор за апартмани за продажба или индивидуална куќа, не е важно колку е цената во моментот во таа околина, туку бидејки се развива бизнис каде локацијата игра голема улога во развојот на тој бизнис, се гледа за колку време е повратот на инвестицијата во корелација со бизнисот кој ќе се развие по изградбата на проектот. Но, кој води сметка за тоа денес кога само е важно што побрзо да се завршат процесите и да се доделат затворски казни како алатка на партијата на власт во одсуство на проекти и решение на проблемите на народот со кои би ги привлекле гласачите. Уште слушавме од медиумите ставени во служба на власта дека партијата правела профит а тоа било противзаконски а обвинителот кажа дека партијата се однесувала како трговско друштво.Каков профит? Какво трговско друштво? Какви глупости се тоа?Кој правел и поделил профит, кога сите пари партијата ги има употребено или за простории за своето редовно и нормално функционирање или за други тековни трошоци во редовното работење и функционирање на партијата?Се фрлаат флоскули од ракав, се е површно, никој ништо ниту проверува, ниту анализира. Само да се каже нешто, да се нападне некој и да се задовли некој друг.Што правеше лажната пропаганда во минатите години?По принципот илјада пати повторена лага станува вистина, медиумите блиски до СДСМ тврдеа дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија во Европа и поседува имот од околу 60 милиони евра. Самото обвинителство во овој процес потврдува дека и централниот штаб и сите други купени 23-24 штаба не надминуваат вредност на имотот од околу 8 милиони евра (претпоставувам слично е и со имотот на СДСМ ако се процени неговата вредност по истата методологија), а за тоа колкав имот имаат партиите во Европа кои лично сум ги посетил и видел, не логично е да зборувам и споредувам. Според квадратурата, штабот на ВМРО-ДПМНЕ може да биде околу 10-20% од тие објекти бидејки станува збор за многу побогати и поголеми држави и партии. Но, пропагандата работеше а и сеуште работи и многу луѓе без да проверат или размислат веруваат во тоа.Што е тоа што ОЈО има докази за незаконско работење?Нема никави докази освен сомнеж дека процентот од 43% кој го добила партијата им личел висок, иако има и повеќе други примери во Скопје, што беше презентирано во судот, со 40% па дури и 50% одстапен простор за така ултра атрактивна локација како што е локацијата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. При тоа, се сомневаат, повторувам немаат доказ туку се сомневаат, дека ВМРО-ДПМНЕ за возврат му помагала на Бетон Скопје да добие и заработи од други државно спонзорирани проекти, односно дека Бетон Скопје добил ветување за идна помош. Ниту покажаа доказ за такво ветување, ниту пример за тоа што е тоа што ВМРО-ДПМНЕ му помогнал на Бетон.Обвинителството ги презентираше пиходите на Бетон Скопје во тие години од проекти кои ги финасирале државните институци, општините и градот Скопје и тие изнесувале помеѓу 36 и 76%, различно од година во година. И тоа треба да е во правец на нивниот сомнеж. Повторувам дека не посочуваат, ниту пак нудат докази дека некој конкретен проект за градба Бетон Скопје го добил со помош на ВМРО-ДПМНЕ. Нема такво нешто. На пример да кажат еве докази дека тој пат, или тој објект Бетон Скопје го добил на тендер, а не требало да го добие. Нема такво нешто, бидејки ние го направивме законот да биде со јавно електронско наддавање каде победува тој со најниска цена, па и да сме сакале незнам како би им помогнале, особено во услови кога законски за да има наддавање мора да има барем уште еден наддавач, инаку лицитацијата се поништува.Забораваат клучна работа, дека тоа беа години на огромна градежна експанзија, се градеа стотици проекти и сите поголеми градежни компании добивале многу проекти и имале висок процент на приходи од државата и општините. На пример, второ пласираната, исто така градежна фирма на огласот на ВМРО-ДПМНЕ имала 90% од прихоите од проекти финасирани од државата и тоа во многу поголем износ одколку Бетон Скопје.И уште нешто. Викнале куп сведоци.Сите сведочат во корист на ВМРО-ДПМНЕ и во корист на нас кои сме обвинети, во правец дека се било регуларно.Можам да замислам барем дел од тие сведоци какви притисоци имале од обвинителството, но овој пат не успеале со тие средства и методи.Најважно!!! Сведочел и сопственикот на АД Бетон Минчо Јорданов, веројатно клучен сведок во постапката, кој своевремено беше и потпретседател на владата предводена од СДСМ, кој јасно и недвосмислено кажал во судницата, дека никој не му вршел никаков притисок или барање, дека се било регуларно, дека пресметките за хотел во тој дел на градот и те како им се исплателе заради место положбата (фирмата има и други хотели и го разбира тој бизнис), дека кога го видел огласот во весник самиот побарал од службите да се мобилизираат и да се подготви понуда. За жал, неколку години подоцна, кога хотелот не е дограден, фирмата запаѓа во криза и не стигнала да го доврши, но делот каде е штабот го завршила и предала во рок од 10 месеци како што била понудата. Истиот рок го понудиле и другите два понудувачи.За оние кои ги интересираат повеќе детали, оние кои ги интересира темата и сакат да ја проучат поподробно, препорачувам во линкот подолу да ги погледант и слушнат аргументираните излагања на дел од одбраната.

Македонија | пред 3 години

286406737_5706219066063290_8969078072716909126_n

Ламбе оди во притвор, одлучи судијата од Битола

Според извори од Обвинителството судија на претходна постапка му определил осум дена притвор на Ламбе Алабаковски, осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-07-at-13.25.27

Утре пресуда за Груевски и Божиновски, како и одлука дали палатата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја земе државата

Откако денеска одбраната и обвинетите дадоа свои завршни зборови за „Талир 2“ предмет кој се однесува за изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, судијката закажа пресуда за утре (среда). Обвинетите останаа на тврдењата дека се невини. Првообвинетиот Никола Груевски е во бегство, а неговиот адвокат кажа дека тој нема вина. Второобвинетиот Кирил Божиновски во детали објаснуваше како функционира партијата и како е поставена хиерархијата со што негираше вина.Затворски казни побара обвинителот Љубомир Лапе за обвинетите Никола Груевски кој беше претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Божиновски кој беше генерален секретар на партијата, а за предметот „Талир 2“ кој е за изградбата на седиштето на партијата. Лапе кажа дека двајцата партијата ја третирале како трговско друштво. Тој тврди дека докажал дека ДГ Бетон го изградиле објектот за да добиваат приходи од јавни набавки односно пари од државата, а на ВМРО-ДПМНЕ целта им била да ги избегнат законските ограничувања за финансирање на политичките партии, а не да изградат деловен објект. Лапе од судот побара конфискација на целиот имот и осудителни пресуди.Конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ која ја бара Лапе значи во корист на државата да се заплени и целата опрема како што се теписоните од 20.000 евра, камини од 20.000 евра, лустерите од 20.000 евра, паркетот од 90.000 евра, плочките од 100.000 евра. Тука спаѓаат и послужавниците вредни 156.124 денари, шестте сета ножеви вредни 106.930 денари, вазната вредна 180 илјади евра, четирите чинии за супа за кои беше кажано дека вредат 57.996. Меѓу другото, ако биде прифатен предлогот за конфискација, ќе се одземе и опремата од фитнес салата која чинела 65 илјади евра.

Македонија | пред 3 години

E-ybczGX0AYQ2CN

„Преку 60 мртви во пожари и ниту еден одговор, Пошта ја запалија и никому ништо - се е промашено во државава“, коментира Мицковски

Новинарот Ивор Мицковски го искоментира случувањата со откривање на виновници за повеќе пожари, узурпирани плацеви, запалената зграда на Македонски пошти. Тој смета дека во Македонија е се утнато.Неговиот став во целост:„Преку 60 мртви во пожари, десетици и десетици милиони материјална штета, технички сервиси оставени да работат после докажана хаварија, држени во фиока случаи од страна на одговорни министри, серија на сомнителни пожари во институции и за ослободување на плацови за градење, и ниту еден, еден единствен одговорен.Абе Пошта ја запалија уништувајќи културно наследство, и никому ништо. За чин кој пред 70 години човек би бил прогласен за народен херој, глумат правна држава и одговорни институции. Лани додека гореше државата и шуми отидоа неповрат си се ладеа на море, а ги немаа оспособено ни тие три ертрактори. Да, никој не треба да зема правда во свои раце, ама разбирлив е гневот од институционалната и политичка хипокризија и неказнивост. Се е утнато и промашено во државава од овие сервилни политиканти“.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-07-at-13.02.52

Се бара притвор за Алабаковски, Спасовски со детали како фатиле дека пејачот го запалил бугарскот клуб

Ламбе Алабаковски ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка. Полицијата бара обвинителот да побара притвор. Ова го обнзани министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој кажа дека има несоборливи докази дека Алабаковски го сторил делото.„Имаше опсежна активност во Битола. Се преземаа многу активности во овој дел. Беа направени многу службени разговори, се прегледа многу видео надзор од повеќе објекти. И на основа на сите овие податоци, податоци, информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело. Доцна синоќа по наредба на судот, а предлог на обвинител е направен претрес во домот и во неколку други објекти кои ги користи или се сопственик на сторителот. Пронајдени се облеката и други предмети се доведуваат во врска со кривичното дело. Тоа значи дека имаме несоборливи докази“, рече Спасовски.Според министерот, овој случај е третиран како сите други. За него, неточни се коментарите дека овој случај најбрзо се расчистил, за разлика од други како што се убиствата во Скопје, пожарите и слично.„Важно е дека институциите функционираат, тоа е многу важно за граѓаните, државата. Ако сакаме да имаме правда, мора да имаме функционални институции“, додаде Спасовски.

Македонија | пред 3 години

lambe-3

(ФОТО) Ламбе од печај стана „војвода“, „мушкарчина“, „херој“, откако се откри дека го потпалил бугарскиот клуб во Битола

Веста дека пејачот Ламбе Алабаковски е потпалувачот на бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола од дел најголем дел на јавноста е дочекана со восхитување. Тој доби поддршка, па е прогласен од „мушкарчина“ до „патриот“, а дел пишуваат и: „да му се позлатат рацете“. Ваквите реакции доаѓаат и по нецел час откако се обнзнани веста. Според информациите кои засега се познати, Алабаковски го признал делото пред полицијата, од која бил приведен.Речиси и да нема негативни реакции, додека Алабаковски од пејач го прогласуваат за „војвода“.

Коментари | пред 3 години

lambe-klub

Познат пејач е приведениот кој го запали бугарскиот клуб во Битола

Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото.„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода“, вели Спасовски.Инаку, Алабаковски пред една година се врати од САД. Тој е родум од Битола. Изминатиот период, гостуваше и по ТВ шоу-а во Македонија. Тој е женет и татко на две деца.

Македонија | пред 3 години

bektesi

Ако се покаже дека има манипулации од одредени трговци и не ги вратат цените, тогаш државата ќе интервенира, вели Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека доколку се покаже дека има манипулации од одредени трговци и самите не ги вратат цените согласно некоја нормална маржа на добивка, тогаш, нагласи тој, државата ќе интервенира за тие да не бидат на грбот на граѓаните.Тој вели дека официјално ги добил сите податоци од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и утре ќе одржи координативен состанок.– Ќе ги разгледаме сите податоци. Во четврток ќе имаме состаноци со Стопанските комори и секторски со трговците на големо и со трговци на мало, и со производители на основни прехранбени производи и кон крајот на неделата ќе одлучиме согласно сите податоци, изјави Бектеши.Влијание, Бектеши рече, дека државата има само за домашните производи, за кои се следат и влезните цени на суровините и производствените цени, додека за увозните производи не може да се влијае, освен во делот на давачките, каде државата целосно се откажа од тие придонеси.– Чекаме да се усвои ребалансот на Буџетот, каде се предвидени средства за креирање на нови мерки, се со цел да го ублажиме притисокот и да им излеземе во пресрет на граѓаните, посебно на тие категории, кои имаат најголема потреба, изјави Бектеши.

Македонија | пред 3 години

ahmeti-5431

Ахмети: Не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното, тоа го средува жена ми

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното интервју на ТВ 21 рече дека не знае колку чинат зејтинот и брашното бидејќи за тоа е задолжена неговата сопруга.– Јас не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното… Тоа го средува жена ми. Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран – рече низ смеа Ахмети.

Македонија | пред 3 години

20190715204907

Макрон бара решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Францускиот претседател изрази подготвеност да биде домаќин на претставници на властите на Бугарија и Македонија со цел да се склучи билатерален договор.Тој договор би овозможил отворање на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија.Сепак, како што рече, тоа ќе се случи „кога ќе дојде време“.Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, веќе неколку недели бара решение за спорот меѓу двете земји, соопшти синоќа Елисејската палата по телефонските разговори на Макрон со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Димитар Ковачевски.За време на тие разговори, Макрон изразил „целосна поддршка за договорот меѓу двете земји, што ќе придонесе за добрососедските односи и ќе ја зајакне европската перспектива на Македонија“, соопшти француското претседателство.Бугарија го блокираше пристапот на Македонија во ЕУ во ноември 2020 година поради јазични и историски спорови.

Македонија | пред 3 години

120190420_222336

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра

Во време на светска економска криза, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на граѓаните, вели СДСМ„ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, корупција и расипништво, партија што во 11 годишниот режим стана најбогатата во Европа, на грбот на граѓаните, за денес да глуми загриженост за економскиот стандард.Ако навистина се загрижени за стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нека ги продадат подните плочки од 100.000 евра, а парите нека ги насочат кон граѓаните.Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони.Освен одбрана на криминал, лажни вести и блокади, ВМРО-ДПМНЕ не може ништо друго да понуди“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Otvoren-Balkan-1-1

Денеска започнува Отворен Балкан во Охрид

Во Охрид денеска почнува дводневен самит на регионалната иницијатива Отворен Балкан, на кој присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и претставници од Црна Гора и БиХ.Како што е најавено, на самитот ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка во областа на високото образование, туризмот, културата и даночните служби.Гостин на самитот ќе биде црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ кој ја поддржа иницијативата Отворен Балкан и ќе присуствува, како што најави, во улога на набљудувач.Во улога на гостин на самитот ќе биде и претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.Самитот ќе започне околу 18 часот, во хотел Метропол во Охрид, со средба на лидерите на земјите од Отворен Балкан со министрите за земјоделство.Потоа следува работна вечера на лидерите на Отворен Балкан.На официјалното отворање на самитот во среда, покрај српскиот претседател Вучиќ, премиерот Ковачевски и Рама, како и Абазовиќ и Тегелтија, на официјалното отворање на самитот ќе се обратат и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, објави владата.Лидерите на Отворен Балкан ќе се сретнат и со претставници на меѓународни организации.На крајот на самитот, претседателот Вучиќ и премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат прес-конференција.Отворен Балкан е регионална иницијатива формирана од Албанија, Северна Македонија и Србија, со цел зголемување на економската и друга соработка меѓу трите земји, како и подобрување на меѓусебните односи.

Македонија | пред 3 години

FUgW2tNXwAIWI4T

ФОТО: Се исуши и искрши зелениот кров над ГТЦ платен над половина милион евра

Исушено зеленило, искршени даски и кабли се фотографиите од крофот на ГТЦ кои деновиве се проширија на социјалните мрежи.Граѓаните реагираа и бараат одговорните за одржувањето на јавните површини треба да се грижат за нив, за тревниците, дрвјата, цвеќето.„Кровот на ГТЦ плаче за селфи од Горјан и советниците од Зелен Хуман Град“, стои во описот на фотографиите.https://twitter.com/Krushka19/status/1533500975637532674?s=20&t=SYTU64h1is2847VNOeUraQЗелениот покрив на Градскиот трговски центар пред три години беше пуштен за посетители и за истиот беа издвоени 550.000 евра.

Скопје | пред 3 години

20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Мерки за заштита од ценовните шокови дури во наредниот месец односно месеци

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека мерките за заштита на граѓаните од ценовните шокови кои веќе ги има, ќе се носат во наредниот месец односно наредните месеци. Тој не кажа конкретен датум, само посочи дека се прави редизајн на постојните мерки. Уверува дека се сѐ следи, но немаше никаков конкретен одговор кога заштитата на џебот на граѓаните ќе биде заштитен.„Први реагиравме со мерки и тоа беше потврдено од сите извештаи. Веднаш на почетокот на енергетската криза го намаливме данокот на струјата и извршивме субвенционирање на 80 отсто од сметките кои граѓаните ги плаќаат. Исто така во однос на храната прво беа замрзнати цените, кога таа мерка го исцрпи капацитетот беа ограничени маржите. Со оглед на тоа дека мора да имаме одговорност кон сите играчи, во овој момент се прави редизајн на мерките, а кога ќе бидат направени сите анализи, ќе бидат воведени нови мерки. Гледате дека во најголемиот дел од секторите се зголемуваат платите. За цената на нафтата и нафтените деривати, гледате дека урива рекорди. Не знам до каде ќе оди цената на нафтата. Доколку ги погледнете, јас секое утро станувам со советниците и ги гледаме берзите со енергенси. Она што можеме да апелираме, е побрзо да заврши агресијата на Русија врз Украина со што ќе се стабилизира пазарот“, рече Ковачевски.Тој најави контроли, но не и какви би биле можните нови мерки.„Со ребалансот кој е предвиден има и предвидени нови 80 илјади евра за антикризни мерки, а кои ќе бидат по ревидирањето на постојните мерки, предложени и во функција. Граѓаните да не се грижат, Владата има дневен увид на кризата“, додаде Ковачевски.За стоковите резерви кажа дека се на ниво порпишано со закон.„Немаме недостатоци на храна во државата“, додаде Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

guzvi-benziska-6

Нови цени на горивата, сите се зголемуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % во однос на одлуката од 3.06.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179%, кај дизелот за 1,697%, кај екстра лесното масло за 1,673% и кај мазутот зголемувањето е за 0,482%.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 110,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 112,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања