ТОП

Screenshot-2022-06-06-at-13.04.47

(ВИДЕО) Џафери се спаси благодарение на пратениците од власта

Претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, Панчо Минов, седна нервозен, но стана насмеан откако за две ипол минути заврши денешната седница. Парламентарното мнозинство со пет гласа „против“ ги надгласа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои имаа четири гласа „за“ изгласување на дневниот ред. Па така, прашањето дали собранискиот спикер Талат Џафери го прекршил Етичкиот кодекс со пцуењето во Собрание и навредите упатени кон семејства на службеници, нема да се разгледува.„Констатирам дека дневниот ред не е утрвден и ја заклучувам оваа седница“, кажа Минов.Потегот на пратениците од парламентарното мнозинство да не гласаат за предложениот дневен ред по кој можеше да се отвори и дебата, наиде на негодувања од ВМРО-ДПМНЕ. На крајот, опозициските пратеници им дадоа и тн. ироничен аплауз на колегите поради кои дневниот ред не беше усвоен.

Македонија | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Апсења на Бит Пазар, во Карпош, Аеродром и Битола - сите поради иста причина

На 05.06.2022 во 17.15 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода И.К. (26) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 06.06.2022 од страна на полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола ги лишиле од слобода П.В.(24), С.С.(24), Н.П. (25), сите од Битола, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени 17 таблетки и грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од Кривичниот законик.На 05.06.2022 во 07.15 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Д.Б. (34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од полициската станица Битола на ул.„Павел Шатев“ во Битола ги лишиле од слобода Б.И.(19) и В.У(34) од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.На 06.06.2022 во 00.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ц.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 05.06.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Ресен и Т.П. (32) од Битола, бидејќи кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по чл. 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-06-at-09.10.10

(ФОТО) Принцот Луи е хит во Македонија!

Принцот Луи е хит на Твитер откако неколку денови по ред ја освојува јавноста со слатките реакции за време на големата парада по повод Платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета.Ова се дел од мемињата кои се појавија на твитер изминатите денови.https://twitter.com/Bouqet100/status/1533041573239345153?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533043987598172160?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/SicarioMK/status/1532675449549209601?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533341271091204097?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/HanaSweethard/status/1533210398706606080?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/HanaSweethard/status/1533209526907850754?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533202239510220801?s=20&t=Tf1s8UC1F01Ar5UKaSqMPghttps://twitter.com/Bouqet100/status/1533044649161637888?s=20&t=o9j68YtpeMXEwebDE7dUbwhttps://twitter.com/sophie_marigold/status/1532427290944086017?s=20&t=YZkox8UInIYGDmra2HLPBg 

Коментари | пред 3 години

lavrov

Македонија забрани авионот на Лавров да го користи воздушниот простор на земјата

Од Министерството за надворешни работи во Скопје за Радио Слободна Европа (РСЕ) потврдија дека Македонија го одбила барањето на Амбасадата на Руската Федерација за користење на воздушниот простор на земјата за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделник, на 6 јуни, планира посета на Белград.Барањето на руската амбасада е испратено и покрај тоа што Македонија воведе воздушни санкции кон Русија на 28 февруари, по инвазијата на таа земја врз Украина, која започна на 24 февруари.Лавров заедно со рускиот претседател Владимир Путин е на списокот со санкции во многу западни земји поради инвазијата на Украина. Единствените земји во кои можат да патуваат во Европа се Белорусија, Молдавија, Србија и Босна и Херцеговина.

Македонија | пред 3 години

fatime-fetai-gibraltar

Фетаи сама од трибините навиваше за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на гостувањето во Гибралтар ја оствари зацртаната цел и со триумф од 2:0 (1:0) ја забележа првата победа во рамки на групата 4 од Ц-дивизијата во Лигата на нации.Обвинителката Фатиме Фетаи и овој пат ја бодреше Македонската репрезентација, но овој пат сама.Таа пред само неколку месеци ја бодреше Македонската репрезентација во Палермо заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски, Лазар Нанев, претседателот на Основниот суд во Кавадарци. По ова тие се најдоа на тапет во јавноста откако се шпекулираше дека на државен трошок биле во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија.

Македонија | пред 3 години

285833252_1164194514122178_349171824516716185_n

Да отвориш клуб и да го наречеш Ванчо Михајлов, може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи во врска со клубот Ванчо Михајлов во Битола.„Да отвориш клуб на културата во Македонија и да го наречеш Ванчо Михајлов (кој со културата има допирни точки како риба со велосипед) може да биде само со намера да создадеш постојан извор на конфликти, да продуцираш конфликти и да ги користиш секогаш кога ќе ти притребаат.Елементарна дипломатска култура ќе покажеа кога ги видоа реакциите во Македонија да го променат името на клубот.Меѓутоа, во случајот очигледно постои и умисла и намера за создавање и одржување непријателство меѓу Бугарите и Македонците“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

456

(ВИДЕО) Возете внимателно, пожар кај Смоквица

Пожар во близина на Смоквица.Возачите апелираат внимателно да се вози во овој дел од автопатот поради чад.На терен се противпожани возила како и екипи на МВР.Повеќе информации наскоро

Македонија | пред 3 години

uploads_thumbs_resize_800x420_533034

Патријархот Порфириј денес ќе ѝ го врачи томосот на МПЦ-ОА

Во Соборниот храм во Белград се одржува света архиерејска литургија, на која служат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот македонско-охридски Стефан со епископите на двете цркви.По оваа литургија, како што дознава Танјуг, Патријархот на СПЦ ќе му врачи томос на Архиепископот Стефан за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква.

Македонија | пред 3 години

00013.00_22_21_05.Still921-1536x864-1-750x430-1

Генчовска „откри“ кој го подметнал пожарот во клубот „Ванчо Михалов“

„Штом дознав на нашата средба со Бујар Османи за палењето на домот за култура, заминав за Битола. На лице место се сретнав со директорот на битолската полиција. Ви благодариме за брзата реакција и на противпожарната бригада и на полицијата, дежурниот обвинител. Директорот на полицијата ќе вложи максимални напори за откривање на сторителот на овој немил и вандалски чин“. Ова го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска која престојува во Скопје, за Бгнес.„Моите очекувања се дека судството во РСМ ќе си ја заврши работата. На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и  ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носел маска“, рече Генчовска.Таа додава дека според неа ова дело е направено ладнокрвно и намерно.„– Ова нема да предизвика пожар во односите меѓу нас. Во моментов односите се нормално конструктивни и се одвива нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство  – рече Генчовска.Пожарот е израз на говор на омраза, рече Генчовска, и додаде дека се очекува Северна Македонија и нејзината Влада да имаат кохерентна сеопфатна политика за справување со говорот на омраза.– Оптимисти сме за резултатите – кога и како е прашање на подготвеност на колегите од Владата на Република Северна Македонија да ги спроведат овие договори – додаде Генчовска.

Македонија | пред 3 години

kucinja-kuce

Ако ве касне куче ќе поминете низ оваа голгота, исплива страшно сведоштво на скопјанец

Твитер корисник ја објави својата голгота со примањето вакцини по каснување од куче-скитник додека возел велосипед. Како што вели тој, имал среќа што повредата не била голема, но му била искината кожа, што барало медицинска помош и следење на протоколите за добивање вакцини.„Утрово ме касна куче додека возев точак, па да споделам искуства. Ме нападна на успонот Говрлево - Долно Соње. За среќа не е голема повредата, но сепак е искината кожата и мора да се истераат сите вакцини и протоколи. Кучето беше улично, дремеше во тревата покрај патот. Залаја друго куче од дворовите, и ова наеднаш рипна и ме нападна, одма проба да ме касне. Прво промаши, и се оддалечи. Си реков ок, си отиде. Тоа местело нишан, и вториот пат ме касна. После свикав, застанав, кучето избега. Проверив, нема големо крварење и може да се вратам сам. Се јавив на брза помош за консултација каде да одам за преглед/преврска.Од брза помош беа одзивни, понудија возило ама објаснив дека сум функционален. Ме упатија во Св. Наум Охридски (стара Градска Болница). Во Св. Наум Охридски ме примија без проблем, почекав во ред и ме преврзаа, но немаа вакцини па ме пратија во 8ми септември на инфективно. Во 8ми Септември ме примија веднаш и ми дадоа тетанус, но немаа вакцини против беснило, па за тоа ме пратија на инфективна клиника во клинички центар. Во клинички центар огромна гужва, и најнапорен дел од процесот е да искомуницирам дека се работи за улично куче кое не го видов добро за да се вратам и да го најдам. Постои некој протокол по кој во првите 24 часа треба да одите да го барате кучето што ве каснало. Откако успеав да објаснам дека нема многу поента да се бара улично куче кое го погледав може 5 секунди на отворен пат на кој потоа поминав уште 10 улични кучиња, ми дадоа вакцина против беснило. Сега следат уште многу дози од вакцините, против беснило и тетанус. Уште еднаш ќе нагласам дека имав голема среќа што повредата е мала. По 10 години активно возење првпат ми се случува да ме касне куче. Во болниците генерално сите беа професионални и приемчиви (дури ми дозволија точакот да е покрај портирот за да не го украдат), единствен напор е што недостатокот на вакцини ве тера да направите круг низ цел град за да ви дадат терапија“, - сподели твитер-корисникот на денот кога беше каснат.Иако се чинеше дека приказната е завршена, на денот кога требаше да ја прими четвртата доза од вакцината против беснило, твитер-корисникот сподели: нема вакцини.„Денес требаше да ја примам четвртата доза на вакцина против беснило, по каснување од куче. Накратко, вакцини нема. Нема да ги коментирам ставовите на медицинските лица, само ќе ги цитирам. Најпрво да потенцирам дека претходните две вакцини беа многу професионално и ефикасно дадени, без одлагања и бирократија. Секако, откако првиот пат се убедив со лекарите дека барањето на кучето нема голема поента. Утрово во инфективна клиника сестрата ги прими моите документи и се пожали дека сеуште не им работи системот. По десетина минути прашав каде ќе ме вакцинираат, и ми кажа дека немаат вакцини, бараат. Друга сестра наводно излезе да бара вакцини, но по уште 15 минути повторно прашав и ми рекоа дека воопшто нема вакцини против беснило и дека сестрите чекаат доктор за да даде насоки. Додека јас чекам инфективната клиника се полни со пациенти и на сите им се кажува дека системот не работи и дека не можат да почнат со прегледи. По уште 10 минути дојде доктор и на сите се извини за доцнењето бидејќи немаат систем. ас повторно прашав и докторот одговори дека вакцини нема, но дека со три примени дози и серум сум сосема безбеден. Наводно по некој нов протокол кој се применувал во странство се давале три вакцини. Но треба да ми напишат извештај, а за тоа треба да проработи системот. Некаде кај 9:20 утрото системот "проработе" и ме повикаа да ми дадат извештај. Со извештајот објаснија дека не сум во ризик зошто куче во урбана средина не е претежен носител на беснило Исто ми објаснија дека вакцината и серумот чинат "едно мало богатство" - околу 1000 евра Ми дадоа упат за 8ми Септември, ако има вакцини против беснило да продолжам терапијаНе објаснија како се цени "мало богатство" спроти ризик по човечки живот и редовно плаќано здравствено осигурување. Ниту објаснија како болниците немаат увид во централен инвентар на лекови.Велат дека во германскиот пекол е тешко, секој ден казнетите мора да јадат по една кофа со гомна. Велат дека во македонскиот пекол е супер, бидејќи или нема кофа или нема гомна“, вели тој.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-05-093843

ОЈО бара притвор за детето кое вчера на Пластичарска прегази жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 4 јуни, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, детето во судир со законот управувало патничко моторно возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола, а брзината на движење на возилото не ја приспособил на условите кон својствата и состојбите на патот и кон густината на сообраќајот. Од тие причини, кога стигнал пред клучката Бит Пазар, не бил во можност навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во телото на жена, која како пешак го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин. Од ударот, оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.Надлежниот јавен обвинител, оценувајќи дека постои опасност детето во судир со законот да се даде во бегство, да ја попречува постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото, на судијата за деца му предложи да определи мерка притвор.​

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

За СДСМ, Мицкоски е очаен политичар оти блокира Собрание во време на криза

Само очајни политичари како Христијан Мицкоски блокираат Собрание во време на криза и газат државни позиции во спорот со Бугарија во клучни моменти, вели СДСМ.„Мицкоски не е само неодговорен, тој е лажен патриот кој дома зборува едно а надвор на Конгрес на ЕПП поддржива Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.Со денови Мицкоски молчи и бега од одговор на прашањето зошто и го прави ова на сопствената земја, на сопствениот народ.Во време на најголема светска економска криза Мицкоски ја блокираше работата на Собранието, ги кочеше законите на сметја на граѓаните.Само во едно е константен Мицкоски, по секоја цена го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

1

Започна шестото издание на „Охрид Трчат"

Над 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 земји денеска ќе трчаат на шестото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат".Стартот на првата трка од 21 километар е од 8 часот и 30 минути на кеј „Македонија" пред хотел Палас, каде се пријавени 330 учесници, додека трката од пет километри ќе почне пет минути подоцна, а пријавени се 980 учеснициЗа време на трката низ охридските улици ќе има посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во градот. Се заобиколува дел од улицата „Македонски Просветители" и се трча кон „Мите Богоевски" и „Даме Груев". Се трча по улиците „Кеј Македонија", „Македонски Просветители", „Партизанска", „Јане Сандански", „Димитар Влахов", „Мите Богоевски", „Даме Груев", „Туристичка", „Абас Емин", „Кирил и Методиј", „Илинденска", „Коста Абраш", „Свети Наум Охридски", „Кузман Јосифовски" и патека Студенчишта. Трката ќе се одвива во централното градско подрачје во стариот дел на градот и оди кон патеката Студенчишта и повторно се враќа назад, полумаратонците ќе трчаат два круга За првите три места на трката од 21 километар предвидени се парични награди од 300, 200 и 100 евра додека за сите други трки имаме медали, дипломи, подароци од партнерите.

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

„Децата не се криви што носеле ножеви, ДУИ се криви што не донеле торта“, реакции по вчерашната прослава на партијата

ДУИ вечера прослави 20 години од основањето на партијата со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје. Плоштадот беше полн претежно со млади луѓе, а настапуваа тројца изведувачи и групи.Од МВР информираа дека во Полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје, поради тоа што на плоштадот „Скендербег“ во Скопје околу 23.00 часот, каде се одржувал јавен собир организиран од политичката партија, пред завршување на настанот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичката пресметка со друга група на лица, а биле употребени и остри предмети. Во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ биле донесени со повреди од остар предмет 15 годишник од с.Арачиново, Г.С. (20) од с.Танушевци и А.Н.(20) од с.Брест. Од малолетниците кои биле приведени биле одземени два ножа. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Ова се само дел од рекциите на социјалните мрежи во врска со овој настан.https://twitter.com/patnik2022/status/1533145849026551809?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/depetski/status/1533137234710482945?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/goranman2/status/1533125107635429376?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/goranman2/status/1533124004113960960?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/Mukomanche/status/1533112735394934784?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/goranman2/status/1533170527682060290?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/brunobananiBa/status/1533171504392937473?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/alhemicharot1/status/1533161265329319938?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/Trim4e_1/status/1533159445760442369?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/Trim4e_1/status/1533158554613465088?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/makedonija20/status/1533140478811680768?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xg 

Коментари | пред 3 години

kabel-1

„Викнете експерти од Германија увид да направат, кабелот да не прошетал до Битола“, реакции по пожарот во клубот Ванчо Михајлов

Два месеци откако беше отворен, запален дел од културниот центар Иван Михајлов во центарот на Битола. Изгорена е влезната врата и името на клубот, а внатре во објектот нема материјална штета.Инцидентот утрово бил пријавен во битолската полиција. Заедно со обвинител извршиле увид, подигнати се траги кои се дадени на вештачење а издадена е и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните камери кои ги имала самата зграда но и околните објекти.Овој настан предизвика голем број реакции на социјалните мрежи каде се пошегуваа дека можеби кабел го предизвикал пожарот во клубот, па побараа и овој пат да се викнат германски експерти со цел да направат увид.https://twitter.com/KrumeB/status/1533053416150388736?s=20&t=S5rYw4VvjYwEir-oIN1kUghttps://twitter.com/Makedonija_MKD/status/1533042872324345858?s=20&t=S5rYw4VvjYwEir-oIN1kUghttps://twitter.com/Beliotpesjak/status/1533042581663371270?s=20&t=S5rYw4VvjYwEir-oIN1kUghttps://twitter.com/deleted90808465/status/1533040417637294080?s=20&t=S5rYw4VvjYwEir-oIN1kUghttps://twitter.com/BiguzDikuz/status/1533037125138096138?s=20&t=S5rYw4VvjYwEir-oIN1kUghttps://twitter.com/imakrupnasol/status/1532996990363222019?s=20&t=S5rYw4VvjYwEir-oIN1kUghttps://twitter.com/PravednaTavita/status/1533119321043619847?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1533084699693928450?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/ZommbieWalker/status/1533061987411890177?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/atanasnajdov_a/status/1533100424999337989?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xghttps://twitter.com/atanasnajdov_a/status/1533087273377570816?s=20&t=QhBcdkie8D-bqfLh1_f2Xg 

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања