ТОП

Screenshot-2022-06-04-161211

(ФОТО) Малолетник ја прегазил жената која почина на близу Пластичарска во Скопје

47 годишна жена денеска беше прегазена пред клучката кај Бит Пазар.Таа го преминувала булеварот преку жардињерите, на место каде нема означен пешачки премин.- На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул.“Никола Карев“ патничко моторно возило “сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје. Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт, информира МВР.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-04-124536

Ангелов бара да учиме од Албанците

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција изјави дека Македонците треба да учат од Албанците како се почитуваат оние кои се бореле за сопствената држава.„Денес е прослава на ДУИ односно 20 години од формирањето на политичката партија ДУИ, која што произлезе од редовите на УЧК. Јас и го честитам овој јубилеј од 20 години и сакам да укажам дека граѓаните Албанци од Македонија, на било кои избори, секогаш повеќе од 55% даваат поддршка на ДУИ. Тоа зборува во насока дека меѓудругото дека Албанците даваат поддршка на ДУИ затоа што потекнува од УЧК, организација која што се бореше, според нас за отцепување на дел од територијата на државата, но според нив за нивните права.Ние Македонците треба да учиме од Албанците како се почитуваат оние кои што се бореле за сопствената, во нашиот случај ние се боревме за државата. Тие се бореа за нешто кое што нам ни е туѓо, но сепак Албанците покажуваат почит кон нив. Поголем дел од македонските бранители верувавме дека ВМРО-ДПМНЕ е она што е ДУИ во албанскиот блок, и дававме поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за жал наместо да ни биде возвратено на ист начин, некаде по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, по 2006 година бранителите беа тужени, додека злосторниците опфатени со хашките случаи беа амнестирани, но и многу други неправди“, вели Ангелов

Македонија | пред 3 години

jotova

Јотова намeсто Македонија, нѐ нарекува „западен сосед“, а бара почитување на Бугарите

Бугарската политичарка Илијана Јотова преку социјалните мрежи порача дека опожарениот културен центар „Иван Михајлов“ е уште една провокација. Таа вели дека „западниот соссед треба да ги почитува правата на Бугарите“„Потпалувањето на културниот центар во Битола е уште една провокација и дел од маскираната анти-бугарска кампања, која почна веднаш по отворањето на клубот. На отворањето, пред еден месец, бугарската делегација присуствуваше во Битола, а функција на културниот дом е зачувување на бугарската култура и идентитетот на Бугарите во Северна Македонија. Само брзо дејствување на институциите со цел откривање на сторителите ќе покажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како на сите останати националности“, напиша Јотова.

Македонија | пред 3 години

FUVNf_5WQAAloQ3

Мицкоски најави инфраструктурен бум во Битола, па доби коментар: Чоек сликаш една улица, со три слики од тебе

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи се пофали дека во Битола се случува инфраструктурен бум.„Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти, се за интересот на битолчани, се за интересот на Битола. Тоа е нашето мото, промените продолжуваат, ние сме заедно со народот продолжуваме низ Македонија. Ги повикувам битолчани да ни се придружат на големиот протестен народен собир кој ќе се одржи на 18 јуни пред Владата на Република Македонија со цел да испратиме порака дека е доста, мора да заминат, доста и е на Македонија од порази, мора Македонија да почне да победува!“, напиша Мицкоски во описот на фотографите кои ги објави.Но, најголемо внимание привлече еден од коментарите под фотографиите, во кој лидерот беше искритикуван дека објавил повеќе фотографии од себе, отколку од улицата.„Чоек имаш сликано само 1 улица и 3 слики од тебе. Ало“, стои во коментарот.https://twitter.com/dzigi_migi/status/1532992145820372992?s=20&t=mZM1m4TTO0EJmFSwbK9SNghttps://twitter.com/MickoskiHM/status/1532716485449326592?s=20&t=mZM1m4TTO0EJmFSwbK9SNg 

Коментари | пред 3 години

policija-i-inspekcija-3

Падна во рација со 14 лица: Полицаец наместо на работа се шетал со дрога низ Скопје

Од 02 до 04 јуни 2022 година во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за спречување на недозволената трговија со дрога и други кривични дела, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, Специјална антитерористичка единица Тигар и Единица за службени кучиња во координација со Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се легитимирани повеќе од 150 лица, а приведени се 14 лица кај кои е пронајдена дрога (бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, екстази...). Приведени се Ј.Т., Д.Ш., Ф.И., С.М., Л.П., Б.А., С.Л., Ф.Ј., Љ.П., Ф.С., О.Ј, Т.Г., Н.Б., Х.Г.,Во склоп на акцијата, во содејство со сообраќајната полиција, откриени се 30 лица, меѓу нив и малолетници, кои управувале возило без возачка дозвола, а одземено е и едно возило поради основи на сомнение дека потекнува од извршена кражба.Извршени се и над 70 прегледи на возила.Меѓу приведените е и Ф.И.(25)од скопско, полициски службеник, кој не бил на работна задача, а при прегледот кај него е пронајдена дрога. За случајот веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени за натамошна постапка. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени мерки и активности за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а најстрого ќе бидат санкционирани и полициските службеници кои ќе ги прекршат законите на било каков начин.

Скопје | пред 3 години

285833252_1164194514122178_349171824516716185_n

Од видео надзорот се бараат пироманите кои го запалија бугарскиот клуб

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“.„Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење.Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти.“, велат од обвинителството.

Македонија | пред 3 години

jovo

Осуден експретседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски

Судечки совет на скопскиот кривичен суд, во четвртокот, донесе пресуда со која за сторена злоупотреба на службената положба и овластување го осуди поранешниот претседател на Врховиот суд, Јово Вангеловски.Судот, како што екскл узивно дознава „ПРАВОСУДСТВО“, на Вангеловски му изрече казна затвор во траење од една ипол година, но истата му е заменета за условна, доколку во наредните четири години не стори ново кривично дело.Според обвинението Вангеловски на својата поранешна колешка, судијката Лидија Неделкова не и исплатил надоместок на плата во износ од 32.000 денари. Функцијата прв човек на највисокиот суд, ја наследи токку од сега оштететена судијка Недлекова.Додека беа колеги растеше нетрпеливоста меѓу нив. Таа заработи и кривична од него, а не се согласуваа ниту за тоа која институција треба да одлучува по притворот за тогаш осомничениот бизнисмен Сеад Кочан.

Македонија | пред 3 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

(ФОТО) Запален Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола

Запален Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од истиот и се апелираше институциите во најбрз можен рок да го расветлат случајот.„Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар "Иван Михайлов" - Битоля.Очекуваме институциите во нај брз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата!!“, стои во објавата. Клубот се отвори во април, со присуство на високи делегации од Бугарија. За Македонија, името на клубот беше карактеризирано како провокација. Реакции имаше и од граѓаните ширум државата.

Македонија | пред 3 години

sobranie-6

Мицкоски дома блокира закони а надвор поткопува државни позиции со Бугарија, вели СДСМ

Христијан Мицкоски делува против интересите на граѓаните и на државата, и во земјата и во странство, вели СДСМ„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во парламентот со месеци, со години блокира донесување на клучни закони од интерес на граѓаните. Таа е единствена партија во Европа, која во време на криза го блокира собранието.Шефот на луксузната Бела палата, Христијан Мицкоски со Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП) ги поткрепува ставовите на Бугарија која го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ и во клучни моменти, ги поткопува државните позиции.Мицкоски прави штета на граѓаните и на државата и дома и надвор од земјата.Граѓаните очекуваат одговор зошто Мицкоски работи против нивните интереси во државата и зошто во клучни моменти се става на страната на Бугарија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Dalekovod_Pari

Во изминативе 2 години произведуваме по 1 терават часови струја помалку годишно, за чија набавка се троши и до 250 милиони евра, вели опозицијата

Заради криминалната влада и АД ЕЛЕМ плаќаме 250 милиони евра за увоз на струја, која порано била произведувана во Македонија, вели опозицијата„Во изминативе 2 години произведуваме по 1 терават часови струја помалку годишно. Таа струја наместо од домашно производство како во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега ја увезуваме. Годишно за набавка на 1 терават часови струја се троши и до 250 милиони евра. Тоа се пари кои се одлеваат од државата во форма на девизи.Доколку власта работеше на полето на енергетиката, тие 250 милиони евра наместо на увоз на скапа струја, ќе можеа да се инвестираат во нови енергетски капацитети во државата.Со сегашната пракса на работа, т.е. неработа и крадење енергетскиот систем колабира, а се помало е производството на домашна струја. На среден до долг рок тоа ќе значи целосна енергетска зависност ма државата од увоз на струја, и неизвесност за домаќинствата и стопанството, кои наместо од домашни извори ќе се снабдуваат од странски пазари на струја, која е поскапа.СДСМ нема план за енергетиката. Со СДСМ само тонеме. Потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на енергетиката и на што е можно поголемо домашно производство и нови енергетски капацитети“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Се зголемува цената на бензинот, дизелот останува ист

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос наодлуката од 2.06.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит.Од 4.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 109,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 111,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,105%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврденицени.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

„И во Германија се намалија даноците на горивата, само во Македонија не“, вели опозицијата

Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ковачевски да не удира врз народот, тоа што СДСМ и ДУИ крадеа 5 годиnи не треба сега да биде покривано од граѓаните преку плаќање на скапи горива.И во Германија се намалија даноците на горивата и до 30 евро центи, само во Македонија не.Намалувањето на ДДВ од 18% на 5% ќе влијае на намалување на цената на горивата и ќе спречи крах во транспортниот сектор, земјоделието и индустријата во целост.Високите цени нема да го наполнат буџетот, иако Ковачевски на тоа се надева, тие само ќе го осиромашат народот и ќе ја фрлат државата во сиромаштија.Очигледно е дека СДСМ не знае како да управува со државата, па својот криминал сака да го покрива со удар врз граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

25-scaled-1

„Да плаќаш даноци у Северџанија е ептен 'каурски'“, вели Апасиев

Општина Сарај не наплаќа даноци, пошто да плаќаш даноци у Северџанија е ептен "каурски", вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Оттука, општина Сарај нема пари за градинки.Оттука, сите деца од општина Сарај идат у општина Карпош.Оттука, децата од општина Карпош немаат кај да идат.Оттука, Советот на Општина Карпош носи одлука да си ги заштити децата од Карпош и им дава приоритет при упис.Оттука, овие од ДУИ се жалат кај "Омбудсманот" (кој btw е нивниот шпицен кандидат за премиер на прошлите избори).Оттука, "Омбудсманов" као нешо вика не е у реду вака.Оттука, се набацуе и сороспискиот хор од Хелсиншки, со иста "аргументација".Оттука, идете бре сите у три лепе п.м.!Наравоучение: Карпошани - со вас сме и да не попуштате ни сантим на силеџиите од ДУИ и Сорос“, се вели во објавата на Апасиев.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-03-084520

Апасиев бара комплетно нов избор на 9 нови уставни судии

Оваа пресконференција ја свикавме по повод еден историски настан во уставно-судската историја на Македонија, бидејќи прв пат на пленарна седница во нашата три децениска независност се предлага предлог-Закон за уставни судии од страна на пратениците на Левица - сметаме дека треба да ја надминеме онаа флоскула дека Уставниот суд се саморегулира, тоа не е така затоа што членот 113 од Уставот предвидува Деловникот да се носи само за постапката и начинот на работа на Судот но не и за уставните судии, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Како наследник на Југославија, ние сме првата социјалистичка држава која вовела уставно судство во 1963 година, за денес за жал да костатираме дека тоа е потполно урнисано, и не ги задоволува барањата за заштита на Уставот кои граѓаните ги имаат од уставните судии. Затоа, за прв пат предлагаме предлог-Закон за уставни судии кадешто стриктно ќе се пополни правната празнина која сега постои во Уставот, а тоа е флоскулата „истанкат правник“. До сега, постоеше само еден услов за уставни судии - да биде истанкат правник. Така ни се случуваше правник од селска кооперација да станува уставен судија.Со цел да тоа не биде така, Левица предлага lex specialis за уставни судии. Воведуваме јасни и проверливи критериуми за номинација на уставните судии. Претседателот предвидуваме да не може да предложи никаков друг правник, освен универзитетски професор, поранешен омбудсман или негов заменик, поранешен републички јавен обвинител, или адвокат и civil rights defender со 20 годишно искуство во заштита на човековите слободи и права.Понатаму, од страна на Судскиот Совет да не може да се предлагаат основни и апелациони судии, т.е. само врховни судии и судии кои суделе во меѓународно судство - тоа значи од Стразбур поранешните судии, додека од страна на Собраниската Комисија за избори и менување, воведуваме неколку критериуми. Завршени студии со просек 9, најмалку да биде магистер или доктор на науки, да има објавено релевантни книги или стручни трудови, и воведуваме да има само едно државјанство, а не повеќе државјанства, и да не вршел политичка функција седум години пред изборот. Тоа значи да не може да биде поранешен министер, поранешен пратеник, поранешен генерален секретар и сл.Тоа што е новитет, се предвидува јавен оглас за уставни судии. Потоа, за прв пат се предвидува номинација од страна на правните факултети која досега не постоеше, имено до сега само пратениците предлагаа. Се предвидува под комитет за селекција каде што во еден широк состав ќе учествуваат универзитетите, академијата, МАНУ, интер-универзитетската конференција и други релевантни субјекти, и за прв пат се предвидува сослушување, односно, концептот кој е присутен во западните земји, или интервју на кандидатите којшто ќе биде пренесуван во живо на телевизија, и за прв пат се предвидува разрешување на уставните судии, бидејќи досегашните уставни основи за разрешување се сосем мали и не се случило уставен судија да биде разрешен.Накратко, ова се новините, бидејќи сметаме дека најдобриот заштитник на граѓаните е интелектуалниот и научниот профил на судијата, кој за жал е девалвиран во овие 30 години, со констатација дека денес го имаме најслабиот, убедливо, персонален состав на уставниот суд, и во преодни и завршни одредби се предлага една револуционерна одредба, а тоа е принудна пензија на сегашниот состав на уставниот суд. Тоа значи дека по сила на закон, доколку овој закон биде изгласан, сегашниот состав на уставниот суд ќе престане да постои и ќе се премине кон комплетно нов избор на 9 нови уставни судии“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Инфлацијата во април достигна 10,5% и беше една од највисоките во Европа, вели ВМРО-ДПМНЕ

Цените на основните продукти растат секој ден, а со тоа македонските граѓани осиромашуваат се повеќе и повеќе. Додека сите сериозни држави носат мерки за да се заштити стандардот на граѓаните, кај нас Владата мерките не само што не ги продолжи, туку и не кажува дали воопшто размислува да преземе нешто итно, вели ВМРО-ДПМНЕ„Инфлацијата во април достигна 10,5% и беше една од највисоките во Европа, а од тогаш цените на енергенсите и продуктите во маркетите вртоглаво пораснаа. Лебот достигна 40 денари, брашното, млекото и шеќерот се 60 денари, маслото за јадење над 165 денари. Ако на ова се додаде дека поскапеа и горивата и електричната енергија тогаш граѓаните се доведени до егзистенција.Владата на Ковачевски без срам бега од одговори зошто не ги продолжи мерките кои предвидуваа намалени или укинати стапки на ДДВ за клучните животни продукти и зошто дозволи ваков ценовен шок.Впрочем и пратениците од ВМРO-ДПМНЕ и Коалицијта поднесоа законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.Но власта неколку дена бега од носење на овие измени со кои ќе се заштити стандардот и семејниот буџет на граѓаните.“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања