ТОП

zgrada-stan

(ФОТО) Колку нови станови новите градоначалници во Скопје одобриле за градење од ноември 2021 до март 2022

Граѓанската иницијатива О2, на социјалните мрежи објави колку нови станови новите градоначалници во Скопје одобриле за градење од ноември 2021 до март 2022?Предничи Аеродром со 792 нови стана, потоа Карпош со 382 и Гази Баба со 230.Вкупно сите општини во Скопје ќе изнедрат нови 1,989 стана само за овој период.Пред заминување градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во октомври 2021 издал 160 одобренија за градење за рекордни 1,268 стана. Надокнадил за цел мандат.Живееме во кризен период по многу параметри, ама криза за градење на нови станови во Скопје нема.Податоците се од Државниот завод за статистика“, велат од О2 иницијатива.

Скопје | пред 3 години

zemjodelci

Со лажни потписи на министри се нудело државно земјоделско земјиште

Ова информирање на јавноста има за цел да ги предупреди правните и физичките лица кои сакаат да се стекнат со закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост да не подлегнуваат на понуди од лица кои нудат земјоделско земјиште во државна сопственост на брз начин и без спроведување на постапки пропишани со законот за земјоделското земјиште, туку за сите информации да се обратат до надлежната организациона единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Секторот за управување, располагање и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, која ќе им ги даде сите потребни информации за законските постапки за добивање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп или пак да ја користат веб страницата на Министерството каде се објавуваат сите јавни огласи и јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста и земјоделските стопанства дека во изминатите месеци се забележани случаи на организирана и свесна измама на штета на правни и физички лица кои сакаат да се стекнат со право на закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.Измамата се врши преку фалсификување на потписите на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство кои биле на функција во овој период, а кои согласно законот за земјоделско земјиште се eдинствено надлежни за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.Освен потписите на министрите, фалсификувана е и содржината на договорите за закуп, а истите не се архивирани во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Ваквите инкриминирачки дејствија се пријавени во надлежните институции за откривање и гонење на сторители на кривични дела и очекуваме во најбрз можен рок да се откријат сторителите и да се покренат соодветни кривичноправни постапки“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Skrivnica3

„Во Скопје има скривници за сместување на 18% од населението, а обврската е да има за 30%“, вели Шанса за Центар

А еве каде запна дискусијата за дополнувањето и усвојувањето на првата програма за активности во областа на заштитата и спасувањето во Општина Центар - кај местата за собирање и за евакуација на населението во случај на вонредни настани, и кај подземните засолништа, велат од невладината Шанса за Центар.„Шанса за Центар смета дека собирните места и местата за евакуација на населението во вонредни состојби кои се наведени во Планот за заштита и спасување на Општина Центар треба да бидат јавно обележани, мапирани и за нив граѓаните да бидат добро информирани.Со тоа сметаме дека при вонредни состојби во случај да има потреба од евакуација на население тоа ќе може да се спроведе на многу побрз и поефикасен начин, а добрата претходна подготвеност и информираност на граѓаните за ваквите мерки ќе помогне значително. Дополнително, овие локации како и самите Планови за заштита и спасување во други општини како Карпош, Велес, Кавадарци, Аеродром се објавени на нивните интернет страници и се достапни за заинтересираните.Службениците и дел од советниците во Центар имаат спротивен став, дека тие локации се тајни и не смеат да бидат јавно обележани, означувани или споделувани. Тие сметаат дека информирањето на граѓаните и јавноста за тие места од страна на властите треба да биде само доколку и кога би имало потреба за спроведување на евакуација.Втората мерка за која исто така имавме спротивставени ставови се скривниците. Шанса за Центар смета дека Општината треба секоја година да бара и да ѝ пружа ако е потребно поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување да се врши инспекција и да се проверува оспособеноста на засолништата на територија на Центар, особено во услови на растечките меѓународни ризици по безбедноста.Медиумските истражувања покажуваат дека во Скопје има скривници за капацитет за сместување на 18% од населението, а обврската е да има за 30%. Но, и дел од оние засолништа кои постојат не се функционални, туку се запуштени, затрупани со отпад и често се користат за приватни цели.Наспроти нашиот став дека иако одржувањето на засолништата не е надлежност на општината, сепак таа треба да има активен став кон сите прашања кои ја засегаа безбедноста на жителите на Центар и да бара од надлежните институции да си ги исполнуваат своите должности, дел од советниците и службениците сметаат дека ова едноставно „не е наша надлежност“. Дека тоа е исклучиво на ДЗС и дека е несоодветно Општината да се меша во таа област.Дебатата ќе продолжи и на следната седница, но нас по однос на овие две прашања нѐ интересира и ставот на граѓаните и на стручните лица од областа на заштитата и спасувањето. Ќе ви бидеме благодарни ако можете да ни споделите коментар или размислување околу овие теми:Дали местата за собирање и евакуација на населението во услови на вонредни состојби и непогоди треба да бидат јавни, обележани и граѓаните за нив да бидат однапред информирани или треба да се сметаат за таен податокДали општината треба постојано да бара и инсистира други институции да ги исполнуваат своите надлежности во однос на подготвеноста на засолништатаОд летокот кој е изработен од страна на Град Загреб во 2014 година можете да видите како други градови го информираат населението за просторите за евакуација“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

283535168_584806039669131_8406117589212878086_n

Левица: Дали Владата подготвува да испрати оружје во Украина

Според информациите кои стигнаа до Левица - Секторот Безбедност од офицери вработени во армијата, деновиве на Воениот аеродром на АРМ се врши контрола и поправки на петте „Сухои“ авиони.Имено, според добиените информации, овие поправки се вршат од страна на украински воени инженери, што индикативно укажува на тоа дека ова се прави за да се достават во Украина, како донација од наша страна, со цел да бидат подготвени за користење на фронтот, вели Левица.„Она што дополнително е загрижувачки за нашата јавност се ознаките на нацистичкиот баталјон „Азов“, забележани на униформите кои ги носи персоналот што ги подготвува авионите. А, интересно е да се напомене дека и „Сухоите“ беа купени токму од Украина која сега, наводно истите, ќе ги добие назад, иако претходно беа платени.Во ситуација кога македонското небо е „чувано“ од страна на грчкото воздухопловство, а нашето воздухопловство се наоѓа во материјално незавидна ситуација и скромни капацитети да одговори на било каков евентуален предизвик, ваквиот потег дополнително ја става безбедноста на Република Македонија во уште поранлива позиција.Со ваквото однесување, Македонија си ја подрива и така лошата меѓународната позиција! Преку директното вмешување во специјалната воена операција во Украина, државата не може да извлече било какви придобивки за македонскиот народ. Со таквиот потег единствено што може да се постигне е ново влошување на односите со Руската Федерација во време на економска и енергетска криза.Ги повикуваме како Министерството за одбрана, така и Владата на Република Македонија да соопштат на јавноста:- Постои ли присуство на украински воени лица во македонските бази?- Дали истите во државата се наоѓаат под симболот на фашистичкиот баталјон „Азов“ и ги подготвуваат „ловците“?- И дали навистина ќе се потврдат индикациите за вмешување на државата во украинскиот конфликт, што дополнително може да ги загрози националните интереси“, се вели во објавата на Левица.

Македонија | пред 3 години

benziska-guzva-goriva

Ковачевски го полни буџетот на грбот на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

За два дена заради Ковачевски цените на горивата се зголемија за 12 денари, го полни буџетот на грбот на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ„Само пред два дена литар дизел се чинеше 86 денари, а од денес истиот е 97.5 денари, литар бензин пред два дена се продаваше по цена од 97 денари, а сега се продава за 109 денари. Тоа е зголемување за 12 денари за два дена.Ова зголемување само 10% е заради растот на цената на нафтата на светските берзи, додека 90% заради високата акциза на владата, која ја зголемуваа неколку пати од 2017 до денес.Сега нашите граѓани точат гориво како во Германија, но со македонски плати. По најавените намалувања на даноците за горивата, цените во Германија ќе бидат и пониски од тие во Македонија.Многу пати во минатото кога цената на нафтата на светските берзи се движела околу 140 долари за барел, цената на литар гориво во Македонија биле околу 75 денари, но тогаш не беше СДСМ на власт, а зголемувањето на акцизата за горивата не беше начин да се полни буџетот.Сега СДСМ ја клекнаа економијата на колена. Буџетот нема од што да се полни и се удира по народот.СДСМ не знае како да се справи со кризата. Потребни се предвремени парламентарни избори што поскоро. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извлече државата од криза“, се вели во сооопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-01-at-10.43.29

Бензинот донесе и револт: „Единствена држава во свет во која минималната плата овозможува максимална сиромаштија“

Не стивнуваат реакциите, но и иронијата кај возачите кои ги коментираат новите цени на горивата. Додека Владата мудро молчи, народот постојано зборува дека ценовниот шок ќе ги дотолчи нивните скромни буџети. Епилог од реакциите - нема. Голем дел од јавноста вели: „луксуз стана да се вози 'југо', поскап е бензинот од горивото“.Еве што друго се коментираше...Многумина се потсетија на легендарната изјава од пратеничката Мира од Делчево, која доби прекар „Мира Дизел“.https://twitter.com/Cyanide30349997/status/1531717034614169601?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgЗа вчерашните гужви, Седо Перо напиша:https://twitter.com/sedo_pero/status/1531716413282471937?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgСе коментираше и изјавата на експремиерот Зоран Заев кој кажа дека сидрото влече напред.https://twitter.com/Majevtika/status/1531724525011886081?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgСе правеше и компарација на цени.https://twitter.com/naukaetop/status/1531728297658310658?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgСе коментираше и издржливоста на народот.https://twitter.com/AndonovskaDr/status/1531743559799431169?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgИмаше и шеги за тоа која цена е повисока.https://twitter.com/Kaurkata903/status/1531864478165385216?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgНе се изостави ниту Талат Џафери со пцовките.https://twitter.com/Mijakott/status/1531703663655325696?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgКомпарација имаше и помеѓу цените и платите.https://twitter.com/TheFitzzz/status/1531759198551392257?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgНекои во иронија ќе речат:https://twitter.com/ljubisailievsk3/status/1531742678085517319?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgИронијата одеше и до тука...https://twitter.com/dipling5/status/1531742184470347778?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgНалик пазарењето по бутици, каде кога се нема пари да се купи се влегува само на разгледување, ќе биде и пазарењето по бензиски пумпи.https://twitter.com/Dean06618857/status/1531735227701284866?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgСе коментираше и тоа колку гориво се добива за 1000 денари.https://twitter.com/el_padrino____/status/1531710810703204355?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgДруги пак, ја побараа пратеничката Мира да се врати во собрание.https://twitter.com/zlatkothegoldy/status/1531688387589062663?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgСо оглед дека на 50 евра наточен дизел по старите цени, се добива заштеда до 5 евра, имаше и коментари:https://twitter.com/Freddy_AFC/status/1531669802489634819?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHgПознатиот Петар вели дека не се јаде на планина грашок поради трудот, други велат:https://twitter.com/batozoki/status/1531724811659005952?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHg

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-06-01-at-10.48.15

Понеделнички ќе започне судењето за Асани, кој и извади бубрег, матка и јајник на родилката Јилдиз Веапоска

Во понеделник, на 6 јуни започнува првото рочиште на суд против докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилка и извади бубрег, матка и јајник. Судењето е јавно и ќе се одржи во струшкиот суд. Обвинение поднесе тамошното обвинителство. На рочиштето, ќе се појави и родилката Јилдиз Веапоска која битката ја водеше јавно.Струшкото основното јавно обвинителство денеска до надлежниот суд достави обвинение против 54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.Како здравствен работник – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, информираат од Обвинителството.Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година, со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените прегледи обвинетиот наплатувал по 1.000 денари од пациентките, а за примените средства не издавал никаков доказ.При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство на 16 јануари 2020 година, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му било врачено Решение со кое му било забрането во неа да врши здравствена дејност.Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.

Македонија | пред 3 години

4

(ВИДЕО) Запленета дрога вредна околу 300.000 евра

Во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) во прилепско, Министерството за внатрешни работи, поточно полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола - ОВР Прилеп, реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога, во која беше пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел - Република Грција, а беа запленети околу 86 кг марихуана во вредност од околу 300.000 евра и од слобода е лишено едно лице.Имено, во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства.Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, а А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот. Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик.

Македонија | пред 3 години

sobranie-6

Продолжува активната блокада во Собранието, вели Петрушевска

Петрушевска:На 18 јуни народот ќе испрати силна порака дека оваа ненародна власт треба веднаш да си заминеПратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во своето гостување на Радио Лидер зборуваше за работата во Собранието односно за однесување на Талат Џафери и посочи дека такво однесување е недозволиво.-Состојбата во Собрание е многу сериозна, ние покренавме две иницијативи, имено едната е она која ја поднесовме до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања кој што за жал е предводена од пратеник кој е дел од парламентарното мнозинство, познат по неговата променливост во однос на ставовите, но она кое го очекуваме е наредната недела да ја закаже таа комисија. Во таа комисија треба да дискутираме за одговорноста на Џафери, додека интерпелација е сумирана во однос на целата негова работа во Собранието. За жал навредите и она кое што го слушнавме искрено се срамам кон вработените и нарушувањата на човековите права, на стручните служби без разлика дали станува збор дали се со високо образование, или со средно, тоа се луѓе кои поминале толку многу мандати и ние без тие луѓе не можеме да функционираме. Недозволиво е такво однесување, а камоли во Собрание. Едно такво однесување не можеме да препознаеме никаде во Европа особено замислете ова однесување доаѓа од луѓе кои милуваат честопати да се нарекуваат прогресивна влада. Ние да имавме прогресивна влада ова утро требаше да видиме оставка од целиот „економски тим“. Ние од оваа влада очекуваме да се вразуми, рече Петрушевска.Таа понатаму во текот на своето гостување порача дека потреби се избори час поскоро и дека на 18 јуни народот ќе испрати порака дека оваа ненародна власта треба да си замине.-Денеска продолжува активната блокада во Собранието и ние заедно со народот ќе стасаме до предвремени парламентарни избори. Цениме дека навистина е алармантно она кое се случува во државата и потребни се час поскоро избори и тим кој ќе има стратегија и визија за да ја врати Македонија на правиот пат. Во она кое се случува во Македонија бара обединување, сплотеност и мислам дека ја имаме таа поддршка. На 18 јуни ќе ни се придружи народот и ќе испратиме една силна порака дека крајно време е оваа ненародна власт да си замине и да почнеме сериозно да се работи во интерес на граѓаните, додаде таа.

Македонија | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Транспарентно, стар и нов Тарифник како ќе си плаќате: Ако досега струјата ве чинела 10 446 денари, сега ќе плаќате 14 947 денари

Дарко Грујоски, ИТ специјалист, направи анализа какво поскапување ни доаѓа наскоро, со новата одлука на Регулаторна комисија. Неговото јавно пишување ви ги пренесуваме интегрално„Транспарентно, стар и нов Тарифник како ќе си плаќате .– За евтина тарифа би платиле по старо, 525,4 киловати по 3,67 денари = 1 928 денари. За скапата тарифа, за потрошувачката до 250 киловати, би платиле околу 1 737 денари по претпоставена цена од 6,95 денари за киловатчас, односно цена 5% пониска од актуелната. Овој процент е само наша претпоставка која сметаме дека одговара на најавата за „нешто пониски цени“ за првата тарифа.Следните 250 киловатчасови, до 500, ова семејство ќе го чинат 1 830 денари. Под услов ако остане ветувањето дека за вториот тарифен блок ќе остане актуелната цена.Преостанатите 571 киловатчасови, ако се пресметуваат по пазарна цена како што најави Бислимовски, а која изнесува околу 15 денари за киловатчас, ќе го чинат ова домаќинство 8 565 денари.Кога ќе се додаде ДДВ-то од 5% и јавното осветлување, сметката која зимава чинела 10 446 денари, со новиот тарифен модел, ќе чини 14 947 денари, односно четири и пол илјади денари или 45% повеќе“, напиша Грујоски.

Коментари | пред 3 години

124972984_hi076394674

(ВИДЕО) Маж фрли торта на „Мона Лиза“

Маж преправен во стара жена во инвалидска количка фрли торта на „Мона Лиза“, познатата слика на Леонардо да Винчи во Лувр во Париз.На уметничкото дело, кое не беше оштетено, остана бел крем размачкан преку заштитното стакло.Сторителот, кој носел перика и кармин, ги повикал луѓето „да мислат на Земјата“ додека го изнесувале од музејот. Медиумите претпоставуваат дека станув азбор за еко-активист.„Мона Лиза“ е најпознато уметничко дело на светот, создадено од Леонардо да Винчи во 1503 година.https://twitter.com/okezonenews/status/1531893308913377280?s=20&t=4Z_6sQpBrwPDUXss8z8lHg

Магазин | пред 3 години

guzvi-benziska-6

(ВИДЕО) Час пред поскапувањето: Гужвите и нервозите не стивнуваат по бензиските, возачите бесни се караат додека точачите на гориво се изморени

Зголемувањето на цените на горивата до десет денари за литар, го запали алармот кај граѓаните да наточат бензин, дизел или плин по пониски цени. И на скоро час пред да се стартува продажбата на дериватите по нови цени, гужвите по бензинските станици во Скопје не застануваат. Колоните со возила и возачите кои чекаат редици, се протегаат и по булеварите. Дел од граѓаните се нервозни поради гужвата, а сите се нервозни поради зголемувањето на цените.„Дојдено ни е до 500 денари затоа што земаме плата од 400 евра со која издржуваме семејства со пет члена. Немој ти да објаснуваш дали ќе заштедиме или не“, реагираше возач до вработен на бензинска кој искоментира дека никој нема ништо да заштеди ако точи цени постари, наместо по нови цени.Сликите по бензинските станици се непроменливи од пладнево. Кога Владата не донесе одлука за нови мерки со цел да се заштитат граѓаните од ценовен шок.„Скопје1“ прошета низ бензинските станици по булеварот Партизански одреди, по Илинденска, но и во Аеродром. Гужвите никаде не стивнуваат. Секој поединец се обидува да стигне до литар гориво повеќе, а резервоарите најчесто се полнат до крај.

Македонија | пред 3 години

IMG_5233

Енормното зголемување на цените на горивата можеше да се спречи уште на почеток на мај

Зголемувањето на цените до десет денари на горивата можеше да се спречи уште на почетокот на мај. Тоа ќе се направеше ако се намалеа акцизите, како што предложија и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа точка никогаш не дојде на ред. Пратеникот Бојан Стојаноски кој во негово и име на неговите пратеници го поднесе предлогот по третпат, објасни и како законот никогаш не се нашол на дневен ред.„На 05-ти мај со координаторот Никола Мицевски во име на целата пратеничка група поднесовме (по третпат) закон за намалувањето на акцизите за 50%. На 09-ти мај на пленарна седница, побарав дневниот ред да биде дополнет со оваа точка, но настана расправија со Талат Џафери, требаше да добијам 10 минути да го образложам предлогот, а добив само 3 минути по што ми беше исклучен микрофонот. Законот е поднесен по итна постапка, што по Деловник го обврзува Џафери да го стави на првата наредна седница. Доколку тогаш го донесоа законот, на 09-ти мај, граѓаните и компаниите 22 дена ќе плаќаа поефтино гориво, а сега горивата немаше да бидат над 100 денари за литар.Џафери и мнозинството составено од ДУИ - СДСМ да се вразумат и што побрзо да се ефектуира овој закон кој е заглавен во лавиринтите на Собранието за веднаш да им помогнеме на граѓаните и стопанството“, објасни Стојаноски.Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Огромно поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Македонија | пред 3 години

mepso

МЕПСО побара поскапа струја за 68 отсто

Државната МЕПСО денеска ја достави пресметката на трошоците до Регулаторната комисија и побара зголемување на цената на струјата за 68 отсто, објави Телма.Претходно истото го сторија и ЕВН ХОУМ, Електродистрибуција и МЕМО и со ова сите енергетски компании ги доставија пресметките на трошоците до Комисијата.Заедничко за сите е што пријавија загуби и бараат зголемување на цената на струјата но во различна висина но засега не е познато колку бараат останатите компании.Од МЕПСО информираат дека барањето за 68 отстотно зголемување на цената се должи на зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во преносната мрежа, кои се купуваат од слободниот пазар.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања