ТОП

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

„Додека владее тешка криза за граѓаните, службеници на Владата се луксузираат под прикритие како новинари“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија, Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.Да потсетиме дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња.Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине“.

Македонија | пред 3 години

majmun-drogiran-1

„Кај нас мајмунските сипаници ќе си ги викаме прилепски?“, Македонците ја коментираа новата инфекција

Околу 80 случаи на инфицирани од мајмунски сипаници се потврдени во 11 земји, објави Светската здравствена организација на крајот на мај 2022 година. Од таму предупредија дека најверојатно ќе бидат пријавени уште случаи. Сипаниците се предизвикани од вирусот на мајмунски сипаници, член на истата фамилија на вируси како малите сипаници, иако тие се многу помалку сериозни. Почетните симптоми се: треска, главоболка, оток, болки во грбот, болки во мускулите и општа малаксаност. Детектиран случај со вакви сипаници има и во Грција.И дел од јавноста во Македонија ги коментираше мајмунските сипаници:https://twitter.com/SolarNik/status/1528394961422532614https://twitter.com/travellstories/status/1528359405116325888https://twitter.com/L_Traveler__/status/1528307717961555968https://twitter.com/unstabIeweirdo/status/1528143540404068352https://twitter.com/AnDroidMkd/status/1528102497188995073https://twitter.com/Fingerprint83/status/1528061216945577984https://twitter.com/LegitMacedonia/status/1528059217315258368https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1528000106334674944

Коментари | пред 3 години

screenshot_2-25-696x378-343910

Полицијата со детали за пожарот во скопскиот хотел „Буши“

На 21.05.2022 во 17,45 часот во СВР Скопје, Ќ.Б. пријавил дека во Старата скопска чаршија, на ул.„Самоилова“, во Скопје настанал пожар во кујна од хотел. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а на седум лица, според до сега пријавеното, им е укажана помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ или други болници.На повеќе лица им е пружена лекарска помош на лице место..Известен е јавен обвинител и по насоки од обвинителството се врши увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

collage-5

(ВИДЕО) Ечат тапани, матуранти се качуваат на ѕид, идни доктори од скопското медицинско училиште ја фрапираа јавноста

Снимка од прослава за матура стана вирална на социјалните мрежи. Истата наиде на низа негативни, но и позитивни критки. Според објавувачот, станува збор за матурска прослава на студенти по медицина. Се вијат ора, ечат тапани. Интересен момент кој наиде на посебна заинтересираност е качувањето на ѕид на еден од матурантите. Она што е јасно е фактот дека снимката навистина е направена во скопското средно училиште за медицина.Меѓу коментарите, се вели: „Ќе биде доктори од овие“.

Скопје | пред 3 години

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Војниците протестираат со шатори пред Влада

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред Владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк. на ваков чекор се одлучиле бидејќи, како што велат веќе два години владата за дел од професионалните војници не презема никакви активности за префрлување во друга институција.- Согласно член 40а од Законот за служба во армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но, веќе 2 години од страна на владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција“, велат од Синдикатот по што аплеираат дека со шатори пред влада ќе останат се додека не се исполни нивното барање.

Македонија | пред 3 години

272460415_1404278773336696_2465730208885557802_n

Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на охридско-струшкиот регион.Бектеши при обиколката на Охридската чаршија каде оствари средба со стопанствениците истакна деке законските измени се веќе во собраниска процедура и во зависност од работата на Собранието очекува најмногу за две недели овие законски измени да бидат изгласани и да стапат на сила со почетокот на туристичката сезона.„Измените на Законот за трговија во делот на „Недела неработен ден“ се во собраниска процедура, со нив им се дава можност на сите трговци во туристичките места да можат да работат и во недела и празници преку целата година. Овие измени дополнително ќе ја поттикнат економската активност во земјата, посебно во туристичките места“ кажа Бектеши и потенцираше дека измените се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, а работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела ќе добијат дневница поголема за 100 проценти, а останатите во дејностите кои се определени согласно Законот за работни односи ќе добијат дневници поголеми за 50%.“Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи во првиот квартал, а и очекувањата за бројот на туристи согласно веќе направени резервации за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија оваа летна сезона, посебно Охрид и Струга овие законски измени очекуваме дека ќе придонесат за уште поуспешна сезона. Министерството за економија и Владата ќе продолжат со креирање на мерки за поттикнување на домашниот туризам со цел за зголемување на бројот на домашни и странски туристи во земјата“ кажа Бектеши.Како дел од мерките кои што и оваа година ќе се реализираат за поддршка на домашниот туризам како што истакна министерот е и мерката за ваучери за одмор во домашните туристички капацитети на работници со ниски приходи.“Со Ребалансот на буџетот се предвидени 15 милиони денари за да продолжиме со мерката за ваучери за туризам за работници со ниски приходи, согласно предвидените средства проекциите се дека ќе се обезбедат ваучери за 1.500 до 2.000 семејства“ кажа Бектеши.

Македонија | пред 3 години

policija-kazni

246 сообраќајни казни во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 20 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

08032022_PVRSM_8mi-Mart-2

(ВИДЕО) Обраќање на премиерот Ковачевски: Успеавме, просечната плата надмина 30.000 денари

Премиерот Ковачевски преку видео обраќање се заблагодари на сите владини претставници во овој и минатиот мандат за трудот кој го вложиле во реализација на едно од најважните ветувања на Владата, просечна плата од над 30.000 денари.Во прилог ви го пренесуваме интегрално неговото обраќање:„Владата предводена од СДСМ го реализираше едно од најважните ветувања дадено пред граѓаните уште во 2017, просечна плата од над 30.000 денари.Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. И покрај сите опструкции од опозицијата и блокирани закони за раст на платите, платите во континуитет растат.Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме.Во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а Буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно. Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да ве уверам, дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои. Ќе работиме максимално одговорно, посветено и ефикасно во интерес на граѓаните.За крај, изразувам благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување. Докажавме дека ветувањата ги исполнуваме и од зацртаните цели не отстапуваме“.

Македонија | пред 3 години

mickoski-45312

Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација, вредноста на 30.000 денари сега и пред една година не е иста, порача опозицијата

„Малку кој веруваше дека ќе имаме двоцифрена инфлација која е една од највисоките во регионот. Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100%“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на видео обраќањето на Димитар Ковачевски.Тие додаваат:„Цената на струјата е покачена за 30%, цената на горивата е покачена за 80%, цените на лебот и брашното се покачени за 100%, шеќерот за 40%, млекото за 50% , маслото за јадење е двојно поскапо итн.Стандардот на граѓаните е уништен. Платите ја изгубија својата вредност. Прашањето кое треба да си го постават во владата е колкава вредност имаат 30 илјади денари сега, а колку имале пред една година.Ковачевски треба наместо со евтини пи-ар трикови и снимени обраќања, да се симне меѓу народот и да ја види растечката сиромаштија.Над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Над половина милион граѓани живеат со 150 денари дневно, а власта во исто време предвидува стотици милиони евра за непродуктивни трошоци како набавки на мебел, службени возила, цвеќиња, кафиња, жардињери, плаќа криминални физибилити студии и испумпува пари во партиски фирми преку матни тендери.Криминалот, неодговорноста и неспособноста на оваа власт на СДСМ и ДУИ народот скапо ја плаќа“.

Македонија | пред 3 години

pozar-busi-681x430-1

Пожар во хотелот „Буши“ во скопската чаршија, навремено евакуирани сите гости

Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје за МИА.Тие потврдија дека пожарот е локализиран.

Скопје | пред 3 години

Soobrakjajka-Kacanicki-2

(ФОТО) Сообраќајка на Качанички пат, маж е со повредена глава

Сообраќајка се случи на Качанички пат. Попладнево, се судрија две возила од кои едното е марка “панда”. Двете со скопски регистарски ознаки. Очевидци сведочат дека двајцата возачи се повредени.Од тоа што може да се види на местото на несреќата, пристигната е и Брза помош. Еден од патниците во возилата е веќе со преврзана глава.Од ударот оштетени се и двете возила. Едното од нив марка “Панда” има поголеми оштетувања, меѓу кои предната гума која е целосно откачена.Непознато е како дошло до несреќата. На терен има и полиција. Сообраќајот се одвива отежнато.

Скопје | пред 3 години

282213022_1069840153640575_6438249801466276309_n

ФОТО: Ужасна сообраќајка во Влае, повредени однесени во болница

Маж и жена се повредени по тешка сообраќајка која се случи во Влае, пред мостот „Обединети нации“. Според првичните информации станува збор за судир меѓу возила. Очевидци велат дека судрени се две возила, од кои едното е „Фиќо“.Први на помош истрчаа очевидците на настанот кои се обидуваа да им помогнат на мажот и жената. По нив, дојде и Брза помош. Лицата кои им се обидоа да помогнат, велат дека жената тешко реагирала, а мажот можел да мрда.„Скопје 1“ се обрати и до МВР од каде се очекуваат детали за страшната несреќа.

Скопје | пред 3 години

282477109_1015220009121296_5438896227674953730_n

Позната состојбата на повредените од вчерашната сообраќајка во Влае

Двете лица кои вчера беа повредени во сообраќајката која се случи меѓу „Венто“ и „Фиќо“, кај мостот „Влајко“ немале тешки повреди. Иако на местото имаше локви крв, тие биле надвор од животна опасност.Докторите од болницата „8 септември“ по укажување на лекарската помош, ги пуштиле на домашно испитување.Увидот од страна на полицајците и крим техника, траеше повеќе часа, до доцна вечерта. Се утврдуваше како се судриле двата автомобили. По ова, се очекуваат и официјални детали.

Скопје | пред 3 години

bujar-osmani-512

Османи: Ги ценам напорите на Фрација за почеток на пристапни преговори и членство во ЕУ

Остварена средба со висока делегација од француското МНР во состав: Сирил Дикемал, заменик директор на Директорат за ЕУ во МЕНР на Франција, Леонор Гим, советничка во Директорат за ЕУ, Силвен Гиоге, заменик директор на Директорат за Континентална Европа и Никола Фај, шеф на мисијата за Западен Балкан во Директорат за Континентална Европа.„Особено ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес преку одржување на првите меѓувладини седници со Северна Македонија и Албанија, уште за време на француското претседателство со Советот на ЕУ. Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е геостратешка инвестиција за стабилност и просперитет за земјите од Западниот Балкан, но и за Европа, особено во актуелниот геополитички контекст“, вели Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

1q1q1q1

Девет години затвор за Груевски, три за Јанакиески, Трајковски доби четири години

Поранешниот премиер Никола Груевски за злоупотреба на службената положба и овластување доби девет години затвор во случајот „ТНТ“. Миле Јанакиески, ексминистер за транспорт и врски е осуден на три години затвор. Поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски доби четири години затвор. Инспекторката од Гази Баба, Елисавета Најдовска е осудена на четири години затвор. За спроведување на тендерот за уривање на „Космос“ односно фаворизирање на фирма која уривала се ослободени три лица: Насе Ралев, Марика Зафировска, Александра Димитриевска – Аврамовска бидејќи не е докажано дека го сториле делото.„Обвинетите за да му се одмазат на Фијат Цановски кој ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, искористувајќи ја нивната моќ со умисла го поттикнале Тони Трајковски да стори кривично дело, тој како градоначалник да ја искористи службената положба и да го сруши незаконски објектот Космос. Тони Трајковски го прифатил тоа и ја поттикнал обвинетата Елисавета Најдовска. Тој ѝ кажал дека Јанакиески и Груевски побарале да се сруши објектот, а таа прифатила. Таа направила мерење на максималната височина на нултата точка, без да постојат законски услови на мерење на таа височина, без да има заштитен тротоар на зградата. Составила записник каде незаконски навела дека објектот отстапува од квотите и донела незаконско решение за уривање“, објасни судијата Ставрев.Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Случајот добива првостепена пресуда по 11 години.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања