ТОП

Screenshot-2022-05-25-at-08.23.19

Со донации се опремува спортскиот центар „Марко Божиновски“: Парите место за млади таленти, ќе одат на столчиња и други зафати

Потребни се средства за околу 2000 столчиња за опремување на спортскиот центар во Ново Лисиче - „Марко Божиновски“. Ова на социјалните мрежи го објави Јорданка Ивановска-Јоци. Таа го искритикува актуелниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски за кој рече дека единствено се појавил на сликање, а не направил ништо за спортскиот центар.„Ете, нема ни столчиња! Фондацијата ,,Марко Божиновски" беше формирана со цел помош на талентирани млади ракометари, но поради незаинтересираност на локалните власти да вложат во основни нешта во спортскиот центар, нивната работа и имено обврска, сега мора да им ја вршат граѓански здруженија. Парите место за млади таленти, ќе одат на столчиња и други зафати, кои, треба да ги плати имено Муцунски и Аеродром, но тоа не го прават!Очигледно е дека Општина Аеродром не вложи ништо во инфраструктурата, единствено #Тимчо #Муцунски само се појави за сликање. И толку. Но, за тоа другпат. За оние кои сакаат да донираат, повеќе детали на линкот: Фондација „Марко Божиновски“ https://markobozinovski.org/doniraj/, од странство прекуинтернационалната платформа GoFundMe: https://gofund.me/c749fc50“, објави Јоци.

Скопје | пред 3 години

pucko-petrol

„Со Пуцко-петрол која со владини тендери прави 100 милиони приход, ДУИ може да добие 30 пратеници“, коментира Хајредини

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, посочи начин на кој ДУИ може да добие 30 пратеници. Тоj низ иронија посочи на кој начин тоа може да го направи.„Со помош на компанијата ПУЦКО-ПЕТРОЛ, чии сопственик е пратеник, а неговиот брат градоначалник на општина Пласница, двајцата кандидати на ДУИ, ДУИ може да добие 30 пратеници, не 20, како што се фали Bектеши, зашто оваа компанија, со тендерите што ги добива од Владата на Ковачевски остварува повеќе од 100 милиони приход“, напиша Хајредини.

Коментари | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

„Немаме за леб, трошиме за чоколадо“, јавни апели до Владата откако најавија ваучери за туризам среде пет кризи

Кристина Ампева, граѓански активист од „Гласен текстилец“ посочи дека Владата со најавата дека ќе има ваучери за туризам, остава простор таа, но и граѓаните, да кажат "Немаме за леб, трошиме за чоколадо".„Само што овој пат , другарчињата од влада забораваат дека од 2020 имаме корона криза, здравствена криза, економска криза, енергетска криза, воена криза. Нека продолжат со глупите мерки, стварно ќе се каат. Нека продолжат со задолжувања , па и овој народ малце да се освести кога ќе почне да снемуваат продукти а струјата нема да можеме да ја плаќаме. Преку глава му е на народот. Освестете се , владо и функционерчиња. Вака држава не се води. Ако не знаете, прашајте, не е срам. Срам е милион и пол луѓе кои едвај останавме да не' носите во пропаст“, посочи Ампева

Коментари | пред 3 години

lorenco

Западен Балкан сака брзо да се приклучи на ЕУ, но Брисел вели дека тоа нема смисла

Земјите од Западен Балкан, повикувајќи се на војната во Украина, бараат забрзан влез во Европската унија, но бриселските власти велат дека нема политичка волја меѓу 27-те членки да ги прифатат, но и дека „нема смисла овие земји да се приклучат пребрзо“. На форумот во Јадранско-јонскиот регион одржан во Тирана минатата недела, десетте земји објавија заедничка декларација во која ја повикуваат ЕУ „да го забрза патот на Западен Балкан“, бидејќи нивното членство би било „инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа“.„Проширувањето на ЕУ е политика која отсекогаш извезувала мир и стабилност во сите земји во областа каде што ЕУ би се проширила“, рече заменик-министерот за надворешни работи на БиХ, Јосип Бркиќ. „Верувам дека руската агресија против Украина дополнително ќе ни ги отвори очите, дополнително ќе каже колку е важно проширувањето како такво и дека ќе заврши во Југоисточна Европа“, додаде тој.БиХ аплицираше за членство во ЕУ пред повеќе од шест години и сега се надева дека ќе добие кандидатски статус до 30-ти јуни, кога завршува француското претседателство со ЕУ. Кандидатскиот статус е чиста политичка одлука“, рече Бркиќ.

Македонија | пред 3 години

IMG_4875

(ФОТО) Сообраќајка во Ѓорче, две лица во болница - едно возило излетано од патот

Автомобили со тетовски и скопски регистарски таблици се судрија во Ѓорче Петров. Несреќата се случи попладнево, на раскрсницата меѓу улиците Кузман Шапкарев и Борис Сарафов. Едно од возилата, од силината на ударот е излетано и надвор од улицата.Очевидци велат дека интервенирала и Брза помош, која двете лица од автомобилот со скопски регистрации ги пренела во болница. Тие биле повредени, а за здравствената состојба засега нема информации.Увид направи и полицијата, која ќе треба да ги утврди причините за несреќата. Локалното население вели дека на оваа раскрсница скоро никогаш не се почитуваат сообраќајните правила.

Скопје | пред 3 години

pendarovski-i-radev

Радев не престана со провокации: Сите сме Бугари денеска

На 24 мај сите сме само Бугари - со тие зборови ја започнува честитката претседателот Румен Радев до бугарскиот народ по повод 24 мај, денот на светите браќа Кирил и Методиј- Денес има седум милиони бугари во бугарија. милиони други се надвор од татковината. Но, секогаш постои невидлива татковина што секој ја носи со себе каде и да оди. Тоа е бугарскиот јазик. од раѓање сме предодредени да размислуваме и чувствуваме на богат, звучен, нијансиран и изразен мајчин јазик. јазикот нè инспирира, јазикот нè утешува. јазикот е нашиот дом и надеж во тешките и осамени моменти, особено далеку од татковината, вели Радев.

Македонија | пред 3 години

policaec-policija-skopje

139 казнети возачи во Скопје бидејќи зборат на телефон, возат пијани, со нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

IMG_1557

г.г. Стефан треперејќи: Еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода, ова е празник за сите Христијани

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и посочи: „Како да го разбереме ова денешно Собрание, ако не со настаните од воскресението. Имено, ова свештено Собрание каде во совршена заедница ни се нуди целиот и сам Христос, е и патот од Ерусалим до Емаус, е и горната одаја каде Христос преку Тома ни се нуди на сите нас, да се допреме до него и никогаш да не посакаме повторно да се оддалечиме или посомневаме колку е добар и совршен“.„Бог ни даде ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната и очекуваната вест. Затоа уште еднаш ваша свестост, Вам и членовите на Архиерскиот собор, Ви благодариме. Стоејќи трепетно во овој момент, овој свештен собор, во мене, оѕвонуваат зборовите: „Целата си убава и дамка нема на тебе“. Ја гледам токму убавината на црквата и длабоко ги разбирам зборовите на Апостолот на народите кој вели дека Христос е глава на телото односно на црквата, а ние сме членови на неговото тело. Затоа од длабочината на душата воскликнувам фалејќи го Бога за неговиот дар, за црквата, па велам: „Постојано те величаме тебе Христе, кој неискажливо ги соедини небесното и земното и ја создаде единствената црква на ангелите и луѓето“. Еве нам и денес ни се нуди таа несовршена заедница, која е чиста и долгорочна, чија чистота со ништо не се осквернува и со ништо не може да се одземе. Која е од едниот до другиот крај на Вселената“, кажа г.г. Стефан.Тој посочи: „Овој историски период кој сите го минуваме е празник за сите Христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние кои сонуваа да ја видат обновена ОА, да ја видат афтокевална или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на охридскиот архепископ. Тие наши предци од небесната црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство. Верувам дека деновиве конечно е радосен и Арсениј, последниот охридски архиепископ, а и архиепископот Доситеј и патријархот Герман и сите кои искрено сакаа да ја видат возобновена Охридската архепископија. Кога некој ја чита историјата на Охридската црква, се соочува со црква која не воспоставува граници, која ниту денес не ја користи самостојноста за да се изолира, туку да стане поблиска со другите, да биде тоа што се и другите, неоткинлив и суштински дел на една апостолска црква“.„55 години седевме и чекајќи во тремот и ненаоаѓајќи некој да се погрижи за нас. Потоа ни пристапи друг човек, нашиот собрат и денешен сослужител, неговата светост српскиот Патријарх Порфириј. И еве сега имаме и кој да ни нацрпи вода. Сега и сите ќе видат колку е нашата нива плодна и дека посеаното стигнало за жетва. Сега целосно ги гледаме сите убавини на рајот бидејќи имаме со кого да ги споделиме, не тагуваме веќе како Адама, туку се радуваме како апостолите, на денот на педесетницата, опиени од слаткиот пијалак на заедницата и братската љубов. Само вака подготвени, можеме со радост да го чекаме и денот на духот свети, бидејќи љубовта кога се споделува таа се преумножува. Ние православните исповедаме дека црквата е Соборна, затоа што не се ограничува од никакво место, народ, време туму во себе ги содоржи оние кои правилно и вистински веруваат во сите места, народи. Црквата не е федерација од помесни цркви туку од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет, како единствено цело на целото човешство. Нејзина цел е да го обедини човекот во себеси и да го освети“, додаде Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-24-at-11.35.18

Српскиот Патријарх Порфириј: Се менуваат граници, единствена е црквата Христова која не се менува

„Се се менува во овој свет. Се менуваат границите, се менувале, сигурно и повторно ќе се менуваат. Црквата Христова е единствена моја не се менува. Таа столб и тврдина на вистината. Затоа Апостолот Павле како света должност ни остави нас, па вели: Ве молам браќа во име на Исус Христос меѓу вас да нема раздор, да бидете потврдени во ист збор и иста мисла. Браќа и сестри, пред некој ден во Белград служеме во св. Сава. Денес тука. И во Белград каде имаше повеќе илјади луѓе собрани, така и тука, видов радост, љубов, во очите на сите Вас. Видов и обврска, задача и порака до нас архирeите. А тоа е, дека вашата љубов, молитви, го надминаа искушението и овозможија Господ да направи чудо. Покажа дека не можеме едни без други, дека Христос е нашата мерка, дека неговите заповеди се закон во кои сакаме да живееме, дека тој е алфа и омега за нашето постоење. Пред се поради вашите молитви, на вас овде и тие во Белград и молитвите на сите, воспоставивме единство“ кажа Српскиот Патријарх Порфириј.По ова, Српскиот Патријарх посочи дека Соборот на МПЦ ја прифаќа и признава афтокефалноста на Македонската православна црква-Охридска Архепископија. Ова беше поздравено со громогласен аплауз.„Во исто време, Светиот Синод на нашата црква стави на должност на Синодот заедно во соработка со архепископот Стефан да разработат се, техничко-организациски детали, за потоа да следи свеченото прогласување на официјален акт. Потоа ќе биде известени сите православни цркви во својот канонски ред и поредок и повикани и тие да ја прифатат афтокефалноста на МПЦ-ОА. Ве молиме и вие да не примите во вашите молитви“, додаде Српскиот Патријарх Порфириј.

Македонија | пред 3 години

spc-patr

СПЦ ја призна автокефалноста на МПЦ ОА, аплаузи во Соборниот храм

Аплаузи во Соборниот храм Свтеи Климент Охридски, откако Српскиот Патријарх обзнани дека Соборот едногласно прифати автокефалност за МПЦ ОА.„Видов пред некој ден и сега радост и љубов во очите на сите вас. Гледам обвска и задача за нас архиереите а тоа е дека вашата љубов и молитви во Белград и овде го надминаа искушението ни да Бог направи чудо, да разбреме дека сме едно и дека не можеме едни без други. А сега ви носиме уште една вест. Собороот на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ ОА каде Соборот благослоував прифаќа и признава автокефален статус“, изјави српскиот Патријарх.

Македонија | пред 3 години

18012021_ME_Bektesi_pres-konferencija_1

Бектеши бара 900 милиони за да врати долгови на Владата во која ДУИ е скоро 20 години

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека се бараат 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади.„Како што објасни и министерот за финансии, и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследивме од претходните Влади“, рече Бектеши.Тој додава дека дел од овие пари ќе бидат искористени за нови мерки, кои Владата ги подготвува со цел да им помогне на граѓаните и компаниите, а посебно на социјалните категории.„Како што предвидовме, 100 милиони евра на почетокот на годината за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните“, порача Бектеши.

Македонија | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Центарот на Скопје утре ќе биде затворен за сообраќај

На 24.05.2022 (вторник) поради официјална посета на делегација на Српската православна црква, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, при што за сообраќај ќе бидат затворени бул. „Партизански одреди” од крстосница со ул. „Аминта Трети” до крстосница со бул. „ВМРО” и ул. „Св.Климент Охридски” од крстосница со бул. „Илинден” до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски” во Скопје.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

seks

Монструозно: Наставник од Струмица сексуално нападнал ученичка

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-23-at-10.36.12

(ФОТО) Скопје во една слика: Коњот заврзан на тераса во напуштен објект во Дебар Маало е спасен

Коњ бил заврзан во напуштена зграда во Дебар Маало. Според информациите на спасувачите, тој бил оставен дехидриран, без храна и вода. За него јавија случајни минувачи и медиуми, по што следеше акција за негово извлекување.„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, објави ЗОО-Скопје.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-23-at-10.31.14

Бизнисмени вие сте на ред: Државата крена раце од Марианчо познат по „Идол“, остана без кров над глава, роднини и родители

Марианчо Костовски е суперхерој од Прилеп-познат по видеото од Идол. Сега, се бара претприемач кој ќе му овозможи достојни услови за работа, како и примања, но и сместување. Неговиот сограѓанин, Даниел Кочоски, објави за состојбата на Марианчо.„Идол мој со кој седам секоја вечер пред домот за култура Марко Цепенков и пијам пиво. Лик со големо срце и душа. Државата има кренато раце од него има преголем долг во ЕВН, нема струја, нема вода, нема греење, нема кров, нема роднини, нема родители, нема ништо и покрај тие сите нечоечки услови тој е позитивен со сите прилепчани. Има приход од Тобако 🙌 со разнесување на лото. Има храна од сите угостители во цела чаршија 🙌. Секоја чест за нив !!! Има социјална помош од 5000ден. Која му ја укинуваат доколку се согласи да живее во домот за старци и мора од 21:30 да се прибере таму. Мацио не сака да ги изгуби тие 5000ден. и не сака да биди условуван во колку часот да се прибира таму. Мацио е млад и сака да живеј нормално! Мацио одбива да седи таму и порај неколку иницијативи од прилепчани кои сакале да му помогнат за да го вдомат таму.Мацио е златен чоек на кој мора да му помогниме. Помош се бара само од стабилен претприемач кој можи да му обезбеди соба и работа. Вреден е, сите го знајме чоеков. Доколку има чоечки услови за живот тој можи да ја одржува хигиената и нормално(со малце помош) да функционира перфектно. Во градов мислам дека има стабилни претприемачи кои би му помогнале. Ги замолувам претприемачиве со страшни фирми да му помогнат! За чоечки живот зботувам на долг период! Мациов че си работи кај вас поштено, само дајте му минимална плата и чоечки услови за живот. Кој сфати, сфати! Добротворни донации не се добрдеојдени. Добредојдени се само доби работодавци кои можат да му помогнат. Поздрав! За чоек прајме муабет!“, напиша Костовски.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања