ТОП

talat-dzaferi33

Следува обид за разрешување на Џафери, Мицевски сподели кои чекори се преземаат

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат Интерпелација на Претседателот на Собранието Талат Џафери, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.-По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден Автократ кој што си дозволува да се однесува како собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права. Талат Џафери, со своите диктаторски и непринципиелни методи не смее ни ден повеќе да го води законодавиот дом. Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја вреѓаше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за кои се дрзна да им го ограничи правото на движење и ги заклучи во пленарната сала. Почитувани граѓани, ова се крици на еден немоќен и неспособен човек кој што не може да изгради сопствен авторитет ниту кај службата ниту кај пратениците и затоа незнаејќи што да прави се дрзнува насила да спроведува режим кој што е далеку од демократски. За Талат Џафери, не постои Деловник, не постојат човекови права. Овој автократ е влезен во филм дека никој ништо не му може и дека е недопирлив и затоа мора да си оди подалеку од храмот на демократијата, вели Мицевски.Тој додава дека ова е човек што си дозволува да фрла амандмани на опозиција во контејнер, да омаловажува вработени во Собранието, луѓе професионалци кои се криви само затоа што одбиваат да ги примаат неговите наредби кои се незаконски, насилно да ги заклучува пратениците во Собранието, да крие закони и интерпелации во фиока и да го ускратува уставно загарантираното право на пратеник да ги застапува граѓаните кои што го бирале.-Сакаме да додадеме дека сето ова случува со амин и знаење на СДСМ кои што секојдневно ги бранат постапките на Џафери сакајќи најлошиот претседател на Собранието во историјата да го претстават како најдобар. Ова е одговорност и на СДСМ, кои заедно со Џафери ги приредуваат овие циркуси во Собранието. Нас ни е јасно дека Џафери и СДСМ ќе направат се, повторно да избегаат од одговорност како многупати досега и исто така им порачуваме дека оваа Интерпелација не смее да заврши повторно кај него во фиока и никогаш да не ја стави на седница како што се случи со предходната што ја поднесовме. Редот и функционирањето на Деловникот мора да се вратат во Собранието на Република Македонија. Самоволието, деспотското раководење и сите други методи на кои е навикнат Џафери може да си ги применува само во својата партија и кај него дома. Ги повикуваме пратениците од СДСМ да да се ослободат од ова заложничко однесување на Талат Џафери и да ни се приклучат заедно да кажеме СТОП на овој човек кој што секој ден се повеќе го урнисува законодавниот дом. Исто така, го повикуваме и премиерот Димитар Ковачевски, еднаш барем да се заинетесира и да се постави како вистински премиер, а не да молчи и да бега од јавноста бидејќи ова што се случува е и негов срам. На македонската јавност и е повеќе од јасно дека Ковачевски е само пиун, човек кој што не е биран од народ и затоа мора да се распишат предвремени парламентарни избори за Македонија да се ослободи од овие луѓе кои секој ден ја уништуваат државата и народот, без око да им трепне, рече Мицевски.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Талат го изгуби кредибилитетот со заклучувањето пратеници во сала, вели Апасиев и понуди опција за разрешување

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, со остра реакција за Талат Џафери, откако спикерот вчера заклучи пратеници во собраниска сала.“Со заклучувањето на пратениците во пленарната сала на Собранието, Талат не само што стори кривично дело, туку и целосно го изгуби кредибилитетот да го води парламентот! Од вкупно 120 пратеници, треба пет - за да почне постапката за интерпелација.Двајцата пратеници на Левица стојат на располагање. Се бараат уште тројца јунаци и да почне процесот”, вели Апасиев.

Македонија | пред 3 години

pesak

Детали за несреќата во Ѓорче, познат идентитетот на загинатиот и возачот на “Аудито”

На 25.05.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“ во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрило во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај. На местото на несреќата починал пешакот С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Скопје | пред 3 години

bislimovski1

Струјата ќе поскапи, на Бесмиловски му е жал

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија. Според него, постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.„Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас“, изјавил Бислимовски за емисијата „Економски магазин“ на Тв Алсат.Бислимовски изрази жалење што поскапувањето на струјата е неминовно.

Македонија | пред 3 години

Bojan_Stojanoski_30.10.2020

Џафери нѐ држеше како заложници, тоа е кривично дело за кое се оди во затвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски посочи дека собранискиот спикер Талат Џафери го држел него и неговите колеги како заложници во собраниската сала, заклучувајќи ги вратите. Тој смета дека ова дејствие на Џафери е казниво и дека е кривично дело.Во текот на вчерашниот ден Џафери ги затвори вратите во Собранието и практично ги држеше пратениците како заложници. Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува.Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ова е трета тешка злоупотреба на позицијата на Талат Џафери“, посочи Стојаноски.Тој е дециден дека одговорност ќе има.„Секој кој мисли дека заради припадноста на една политичка партија од која никој досега не одговарал за ништо, а ја испокрадоа цела држава ќе се спаси - се лаже. Останува во наредниот период да бидеме сведоци на релативизирањето од страна на СДСМ и Ковачевски, па ќе слушаме изговори од типот – „вратите сами се заклучија“. Апелираме до сите граѓани, медиуми и претставници на меѓународната заедница одблиску да ги следат овие случувања, бидејќи во Собранието на Република Македонија не владее нормална и работна атмосфера. Затоа изборите се единствено решение“, додава Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

dragan-danilovski-1

„Мајмунските сипаници се како 'прошетка во парк', споредени со КОВИД-19“, вели епидемиологот Даниловски

Епидемиологот Драган Даниловски во интервју за Фактор вели дека не треба да бидеме загрижени за појава на нова пандемија поради ширењето на мајмунските сипаници. Тој вели дека ризикот за општата популација е низок, а најпаметно би било да си го „свртиме погледот настрана“ и да не обрнуваме премногу внимание на лавината најразлични, вознемирувачки информации.„А зошто би биле загрижени? Дали затоа што еден одамна познат вирус што предизвикува зооноза „скокнал“ од земјите каде што е ендемичен (Централна и Западна Африка) меѓу нас „западњаците“? Треба ли да се „трескаме од земја“ за околу 160 заболени низ 12-13 земји? Треба ли да паничиме, кога епидемиолозите сѐ знаат за него!?Знаат одамна дека е ДНК вирус, кој често не мутира (за разлика од РНК вирусите, каков што е САРС-КоВ-2).Знаат дека леталитетот (смртноста кај заразените) кај овој западноафрикански, поблаг тип на вирусот (врз основа на податоци од Африка) е околу 1 на 100 (а не 1 на 10). Знаат дека многу од луѓето кои добиле мајмунска сипаница во сегашната епидемија немаат историја на неодамнешно патување во Африка или позната изложеност на заразено лице.Знаат дека, во голема мера, идентификуваните случаи се кај млади мажи (20-50 години), кои имаат секс со мажи, што треба да наведе на претпоставка дека болеста се шири преку контакт кожа на кожа, можеби од изложеност на осип и лезии за време на сексуалната активност.Знаат дека, ако смртноста во Африка е 1 на 100, тогаш во западните земји сигурно ќе биде многу пониска.Знаат дека заразни се само оние што имаат симптоми и дека е лесно тие да се препознаат и изолираат.Знаат дека преносливоста му е ниска – базичниот репродукциски број R0 е помал од 1 – и дека тоа значи невозможност за експоненцијален раст на бројките. Заради што, линеарно расте бројот на нови случаи.Знаат дека сите што биле вакцинирани пред 1972 година против големите сипаници (variola vera, smallpox) се заштитени и од мајмунските сипаници (85%), зашто се сродници (подгрупа Orthopoxvirusi на фамилијата Poxviridae. Во оваа подгрупа спаѓаат и вирусите на вариола вера, вакцинија и кравјите сипаници).Знаат дека 99% од заболените спонтано ќе оздрават за 2-4 недели, само со т.н. симптоматска и „супортивна“ терапија (терапија на поддршка).Знаат дека постои вакцина и лек за ризичните пациенти и потешките случаи.Знаат дека никогаш нема да има потреба од рестриктивни мерки и масовна вакцинација!Не може да не знаат дека мајмунските сипаници се како „прошетка во парк“, споредени со КОВИД-19. Ако сето тоа се знае, чуму, тогаш, толкава оркестрирана врева од сите медиуми, но и светски здравствени агенции? Зарем не заслужува народов мирно лето? Не му беше ли доста од стеги и стравови? Како некому да му е душевна храна сеењето страв... а можеби и други мотиви се во прашање“, вели Даниловски.Целото интервју можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

collage-6

Нервозата кај демаскираниот Талат Џафери расте, со затворањето на пратениците стори кривично дело за кое се лежи затвор, вели ВМРО-ДПМНЕ

Нервозата кај демаскираниот Талат Џафери расте, со затворањето на пратениците стори кривично дело за кое се лежи затвор, вели ВМРО-ДПМНЕ„Вчера Талат Џафери противправно ја лиши целата пратеничка група од слобода и го спречи нивното слободно движење.Џафери ги затвори вратите во Собранието и практично ги држеше пратениците како заложници. Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува. Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.Ова е трета тешка злоупотреба на позицијата на Талат Џафери.Дали Ковачевски и ова ќе го изрелативизира, па ќе слушаме изговори од типот – „вратите сами се заклучија“.Останувањето на Ковачевски на власт по секоја цена како што тоа го прави сега со неприфаќање на предвремени парламентарни избори, ќе им дава право на Талат Џафери и на ДУИ уште повеќе да ги кршат законите и да не одговараат, зошто само од нивната добра волја опстојува владата.Ковачевски е марионета во рацете на Талат Џафери. Избори мора да има час поскоро. За срамот никогаш да не се повтори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

pesak

ФОТО: Загинатиот пешак во Ѓорче Петров е од Сарај

Пешакот кој загина во сообраќајката во Ѓорче Петров бил од Сарај, дознава „Скопје1“. Животот го изгубил веднаш откако „Аудито“ го прегазило. Очевидци велат дека пешакот летнал над возилото, а автомобилот е неколку метри пред мртвото тело.Првичните и неофицијални информации велат дека имало обиди да се спаси пешакот и од страна на случајни минувачи, но неуспешно.Засега официјални информации од полицијата нема. На терен е излезена екипа, се прави увид и се чека насоки од јавен обвинител.Не е познато ниту дали пешакот поминувал на пешачки премин или претрчувал низ четирите ленти на улицата.

Скопје | пред 3 години

collage-6

ВИДЕО: Заклучени пратеници и хаос во Собрание!

„Заклучени пратеници и хаос во Собрание!“, реагира Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!“, додава тој.Бидејќи микрофоните во салата беа исклучени, а јавноста не може во живо да ги следи седниците поради тоа што Собранието нема можност за тоа, пратеникот Бојан Стојаноски се обрати до јавноста преку социјалните мрежи:„Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во Собранието. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници“, кажа Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

IMG_4917

(ФОТО) Молење и бегање во Карпош 4: Пешаци наместо на пешачки скокаат жардиниери, полицијата ги брка

Полицијата е без милост кога во прашање е почитувањето на правилата и прописите од страна на пешаците. Во текот на целиот ден, во Карпош 4, во делот каде имаше два смртни случаи за една година, изрекоа десетици казни. Ова е првпат да се спроведе ваква акција во овој дел на општината.Дел од пешаците кои скокаат преку жардиниери се жалеа и бараа да им биде простено. Но, службениците издаваа платни налози.Дел од пешаците се обидуваа и да избегаат од полицајците, па кога ќе прескокнаа на другата страна од булеварот Партизански одреди, со трчање одеа позади трговскиот центар кој се наоѓа во близина.Инаку, полицијата секојдневно издава стотици платни налози поради сообраќајни прекршоци.

Скопје | пред 3 години

dzaferi-1

Извинување од Џафери не чекајте, пцуењето за него е дозволено

На собраниските службеници местото им е на работа среде работното време, а не на кафе на улица Македонија. Вака коментира собранискиот спикер Талат Џафери, откако беше снимен како со погрдни зборови им се обраќа на вработените во Службата.Ова е снимката која излезе во јавност пред речиси две недели. Реакции имаше многу, а Џафери вели – нема објаснување и додава дека не чувствува потреба да се извини.Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата, тврди Џафери. Додава дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ којашто ја блокира работата на Собранието, треба да води сметка за тоа што самите тие го направиле, а не да оценуваат дали претседателот го прекршил етичкиот кодекс.

Македонија | пред 3 години

412889-patrijarhot-vartolomej-vo-poseta-na-jasenovac

Вартоломеј со изјава по признавањето на автокефалноста на МПЦ од СПЦ

Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање.Вартоломеј објасни дека уште пред одлуката на Вселенската патријаршијата постоел дијалог меѓу црквите на Северна Македонија и Србија.-Во изминатиот период, пред нашата одлука, беше започнат дијалог со црквата на Скопје, но нашата одлука ѝ олесни на црквата на Србија и во четвртокот на 19 мај, Неговото Блаженство патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ го покани поглаварот на Охридската црква и имаа заедничка литургија во Белград. Ова нè исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Една шизма што траеше околу шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период. Оваа заедничка литургија на 19 мај, Србија ја нарече литургија за помирување и драго ни е за овие случувања, вели вселенскиот Патријарх.

Македонија | пред 3 години

goran-blagoev-678x381-1

Благоев: БПЦ ќе биде принудена да ја признае МПЦ

Бугарската православна црква ќе мора да ја признае македонската како една од многуте православни цркви во светот, а не како единствената со која има директно заедничко историско минато, вели за БНР црковниот аналитичар и историчар д-р Горан Благоев.Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Благоев, шансите за тоа се пропуштени. Тој оценува дека речиси никој во православниот свет нема да биде импресиониран од претензиите на Бугарија за името Охридска архиепископија.Благоев смета дека во последните години Бугарската православна црква се покажала со многу низок авторитет во семејството на православните цркви и, ако Светиот синод на БПЦ сметал дека имало причина, можел итно да реагира со порака до сите помесни православни цркви, да ги бранат своите историски права на ова име. Ако не го стори тоа, православниот свет ќе го прифати она што го диктира и одредува Цариградскиот патријарх. Во црквата, како и во политиката, работите не се случуваат секогаш како што сакаме, вели Благоев. Она што се случи со МПЦ, според него, е очекувано, особено откако Бугарската православна црква во 2019 година одби да се заложи да го поддржи решавањето на македонскиот црковен случај. Откако бугарскиот синод немаше ниту овластување ниту потенцијал да го стори тоа, работите природно дојдоа до она што се случи вчера – српскиот патријарх Порфириј во Скопје објави дека СПЦ и дава автокефалност МПЦ-ОА.Благоев коментира и дека „македонска црква била воспоставена како анти-српска, но за жал, властите на Тито многу бргу ја претвориле во инструмент на анти-бугарско однесување“. Пристапот и односот на Бугарија во однос на ова прашање, според него, треба да биде многу деликатен, бидејќи Софија веќе огорчила доволно луѓе во Македонија со блокадата на влезот на земјата во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

284235778_408450351291369_8922294751858812757_n

„Ова не ти е Форино, оставка“, пратеникот Јаулески удри по Џафери

„Ова не ти е Форино“, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески побара оставка од собранискиот претседател Талат Џафери. Тој му порача: „Таљо не пцуј“.„Поминаа повеќе од 10 дена откако Талат Џафери редеше мајки-шајки, се однесуваше како да е на сточен пазар а не во Собрание на кое тој лично е претседател. Одговорност нема, оставки нема, а заедно со СДСМ се трудат сето ова да се заборави. Тука сме да потсетиме и уште еднаш да порачаме: ОСТАВКА!“, посочи Јаулески

Македонија | пред 3 години

policija-rotaciona-svetla

Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ, вели опозицијата

Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Според информациите кои ги објавија медиумите, Ариф, заменик директор на Бирото за јавна безбедност, придружуван од уште едно лице по меѓусебна расправија со началникот на ЕБР Чаир, Едмонд Миртезани, се пресметале со пукање од огнено оружје.Зошто случајот и три дена откако се случил се уште не е расчистен. И зошто не се преземени мерки за суспендирање на заменик директорот на БЈБ?Дали Спасовски и Ковачевски се плашат од ДУИ и само за да не излезат од влада, се спремни да премолчат секаков криминал и скандал?Спасовски исто како и Ковачевски е заробеник на ДУИ и желбата за власт.Македонија со СДСМ само губи. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштнеието.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања