ТОП

darko-1

Делчевски ниви: Кои се лицата кои добија притвор, зошто се води истрага, за што се гонат

Кривичен суд им одреди притвор на двајцата управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Мирослав Митровски и Игор Гиевски, заедно со третоосомничениот помагач во случајот поврзан со купопродажба на парцели за фотонапонски централи во Делчево. Одлуките се донесени и за останатите четворица осомничени за кои се бараа мерки за обезбедување присуство. За сите се одредени мерките побарани од обвинителот, освен за едно лице кое наместо ефективен доби куќен притвор.Кои се овие лицаДел од медиумите уште претходно ги објавија имињата на осомничените во случајот „Делчевски ниви“ меѓу кои се двајца управители во ЕВН, телохранител на Христијан Мицковски и уште неколку негови сегашни и поранешни блиски личности:Игор Гиевски, управител на ЕВН Електрани, Мирослав Митровски, управител на ЕВН Електрани, Дарко Тодоровски, поранешен советник во Советот на Општина Делчево, Дарко Ќурчиски, бизнисмен, Влатко ( дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски) и Марија Илиевски, негова сопруга, и Орце Тодоровски-Ефто.Зошто се води истрагаОд она што досега е јавно познато, осомничените Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски и неговата сопруга Марија Илиевски, сите од Делчево, добиле на подарок ниви од други лица, кои ги стекнале во сопственост на 1 септември 2021 година.ЕВН на 21 септември го купило земјиштето, а неколку дена подоцна парите легнале на сметките на брачниот пар Илиевски и кај советникот Тодоровски. Земјиштето со реална пазарна вредност од 10 до 30 денари за квадратен метар, ЕВН им го платила по десет евра за квадрат.Сомневањата се дека со препродажбата трите физички лица и тројцата вработени во ЕВН, кои биле роднински и пријателски поврзани, испумпале пари од компанијата за потребите на ВМРО – ДПМНЕ за локалните избори, но на утврдувањето на патот на парите сè уште се работи.Непотврдени сомневањаОткако аферата за прв пат доби јавност, владејачката СДСМ во неколку наврати обвинуваше дека со испумпаните пари од ЕВН Електрани, лицата учествувале во нелегално финансирање на политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори. До овој момент, од Финансиската полиција такви наоди нема.За кое кривично дело се гонатОсновното јавно обвинителство Скопје информираше дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, додека останатите се осомничени за помагање при извршување на кривичното дело.Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето.Дел од наведените катастарски парцели не ги исполнувале критериумите за пренамена од земјоделско во градежно земјиште согласно Законот за урбанизација, дел од катастарските парцели не исполниле услов согласно објавените критериуми предвидени во јавниот објавен оглас за доделување на право на користење премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали објавен од страна на Министерството за економија, иако согласно одлуките на Надзорниот одбор и Управниот одбор на правното лице парцелите биле купувани токму со таа намена.Купопродажбата се реализирала со склучување на купопродажни договори помеѓу правното лице од една страна во својство на купувач и четвртоосомничениот, петоосомничениот, шестооосмничената и седмоосомничениот од друга страна во својство на продавачи. Третоосомничениот, пак, бил во постојан контакт со осомничените и помагал околу лоцирање на недвижностите.Правното лице, врз основа на склучените договори, за недвижност – земјоделско земјиште од 5, 6, 7 и 8 класа, со вкупна проценета пазарна вредност од 2.146.723 денари, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите изнесува околу 97.284.337 денари и претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Бугарија со нови правила за македонското вето

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.

Македонија | пред 3 години

271715276_268308865415933_2874747500255289001_n

153 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за возач почетник...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

EVNzgrada

Изречени шест притвори во Кривичен, управители на “ЕВН Електрани” се носат во затворот во Шутка

Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството и им одреди притвор на шестмина од седуммината обвинети за случајот парцели за ЕВН, меѓу кои и за двајца поранешни управители во компанијата. За една од осомничените е одредени мерки на претпазливост- одземање на пасош и забрана за напуштање на домот.Финансика полиција поднесе кривична пријава. Скопското обвинителство ја прифати и денеска отвори истрага.„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, додека останатите се осомничени за помагање при извршување на кривичното дело.Во текот на 2021 година, првоосомничениот и второосомничениот, во својство на управители – одговорни лица во правно лице, заеднички, со намера за друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда членовите на управниот одбор на оштетено правно лице, а потоа и овластеното лице во правното лице да извршат незаконита исплата.Во постапка за купување на недвижен имот – земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици, двајцата осомничени не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки и не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат. Притоа намерно исклучиле дел од вработените лица кои поради нивната стручност било задолжително да бидат вклучени во постапката, а на дел од вработените им дале директни наредби и насоки за изготвување на cost benefit анализи за исплатливоста на инвестицијата, вметнувајќи невистинити податоци и прикривајќи ја реалната состојба. Врз основа на лажните податоци од анализите за исплатливост, изготвени по наредба на двајцата осомничени, купопродажбата била оценета како погодна, па на 15.09.2021 година надзорниот одбор на правното лице донел одлука – Одобрение за купување на недвижниот имот.Со таквите дејствија првоосомничениот и второосомничениот влијаеле да бидат одобрени изготвените невистинити анализи од страна на доминатниот акционер во компанијата и да се реализира инвестицијата за купување на недвижен имот – вкупно 48 катастарски парцели во КО Делчево, КО Ветрен, КО Габрово и КО Берово од кои биле 29 во сопственост на останатите осомничени.Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето.Дел од наведените катастарски парцели не ги исполнувале критериумите за пренамена од земјоделско во градежно земјиште согласно Законот за урбанизација, дел од катастарските парцели не исполниле услов согласно објавените критериуми предвидени во јавниот објавен оглас за доделување на право на користење премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали објавен од страна на Министерството за економија, иако согласно одлуките на Надзорниот одбор и Управниот одбор на правното лице парцелите биле купувани токму со таа намена.Купопродажбата се реализирала со склучување на купопродажни договори помеѓу правното лице од една страна во својство на купувач и четвртоосомничениот, петоосомничениот, шестооосмничената и седмоосомничениот од друга страна во својство на продавачи. Третоосомничениот, пак, бил во постојан контакт со осомничените и помагал околу лоцирање на недвижностите.Правното лице, врз основа на склучените договори, за недвижност – земјоделско земјиште од 5, 6, 7 и 8 класа, со вкупна проценета пазарна вредност од 2.146.723 денари, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите изнесува околу 97.284.337 денари и претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените.Оценувајќи дека постои опасност за влијание врз сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, додека за една осомничена се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска на осомниченaтa да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со одредени лица“, велат од Јавното обвинителство

Македонија | пред 3 години

FB_IMG_1653646394612

Петре за пристапните рампи на Данела: Скопје не е ски центар па да се прават скокалници

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов ги искритикува пристапните рампи кои ги постави Данела."Скопје не е ски центар па да се прават скокалници …Лицата со потешкотии во движењето ниту можат ниту ќе употребуваат вакви “пристапни рампи”. Прашајте ги токму нив за стандардите, аголот, можноста да се користи оваа “скокалница”. Тие, верувајте, најдобро знаатџ, вели Шилегов.

Скопје | пред 3 години

stoilkovski

СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир, вели Стоилковски

СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир. Вчера не одговорија дали за лицето коешто пукало кон полицијата заради контрола на возило и потоа е ослободено, е осудено за истото дело и веќе цела година има наредба до СВР Скопје да биде приведено за издржување на затворската казна? Ова го истакна на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Оливер Спасовски повеќе не смее да се крие и како прв човек на МВР, мора да одговори:Дали Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, е снимен од камерите на системот „сејфсити“, од безбедносните камери, вечерта на местото на пукањето во Чаир?Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат лицето да замине?Дали постои снимка од системот „сејфсити“ на којашто се гледаат полицајците и Ариф Асани, а на снимката нема други лица?Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група на граѓани ги попречила да го приведат лицето“?Почитувани,МВР под Оливер Спасовски не смее да биде испостава на СДСМ и да служи за самоволие на ДУИ. Доколку врхушката на СДСМ сакаат, тие може да бидат заложници на ДУИ, но Македонија ниту било кој граѓанин не смее да биде заложник, само и само за гола власт на СДСМ. Со СДСМ, наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност.Оливер Спасовски, доста се криеш, ова е огромен скандал. Македонија не смее да биде мафијашки рај за ти да бидеш министер! Премногу е!“, рече Стоилковски.

Македонија | пред 3 години

darko

Се бараат притвори за шест лица за осомничени кои купопродавале земјиште во Делчево за „ЕВН Електрани“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, додека останатите се осомничени за помагање при извршување на кривичното дело.Во текот на 2021 година, првоосомничениот и второосомничениот, во својство на управители – одговорни лица во правно лице, заеднички, со намера за друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда членовите на управниот одбор на оштетено правно лице, а потоа и овластеното лице во правното лице да извршат незаконита исплата.Во постапка за купување на недвижен имот – земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици, двајцата осомничени не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки и не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат. Притоа намерно исклучиле дел од вработените лица кои поради нивната стручност било задолжително да бидат вклучени во постапката, а на дел од вработените им дале директни наредби и насоки за изготвување на cost benefit анализи за исплатливоста на инвестицијата, вметнувајќи невистинити податоци и прикривајќи ја реалната состојба. Врз основа на лажните податоци од анализите за исплатливост, изготвени по наредба на двајцата осомничени, купопродажбата била оценета како погодна, па на 15.09.2021 година надзорниот одбор на правното лице донел одлука – Одобрение за купување на недвижниот имот.Со таквите дејствија првоосомничениот и второосомничениот влијаеле да бидат одобрени изготвените невистинити анализи од страна на доминатниот акционер во компанијата и да се реализира инвестицијата за купување на недвижен имот – вкупно 48 катастарски парцели во КО Делчево, КО Ветрен, КО Габрово и КО Берово од кои биле 29 во сопственост на останатите осомничени.Осомничените првично ги стекнале парцелите со формални договори за дар, кои во суштина се договори за купопродажба бидејќи за трансакцијата им биле исплаќани парични средства. Со тоа незаконски била избегната обврската за достава на писмена понуда или објава на јавен оглас за земјиштето.Дел од наведените катастарски парцели не ги исполнувале критериумите за пренамена од земјоделско во градежно земјиште согласно Законот за урбанизација, дел од катастарските парцели не исполниле услов согласно објавените критериуми предвидени во јавниот објавен оглас за доделување на право на користење премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали објавен од страна на Министерството за економија, иако согласно одлуките на Надзорниот одбор и Управниот одбор на правното лице парцелите биле купувани токму со таа намена.Купопродажбата се реализирала со склучување на купопродажни договори помеѓу правното лице од една страна во својство на купувач и четвртоосомничениот, петоосомничениот, шестооосмничената и седмоосомничениот од друга страна во својство на продавачи. Третоосомничениот, пак, бил во постојан контакт со осомничените и помагал околу лоцирање на недвижностите.Правното лице, врз основа на склучените договори, за недвижност – земјоделско земјиште од 5, 6, 7 и 8 класа, со вкупна проценета пазарна вредност од 2.146.723 денари, на продавачите им исплатило парични средства во вкупен износ од 99.431.060 денари. Разликата помеѓу исплатената сума и реалната вредност на парцелите изнесува околу 97.284.337 денари и претставува значителна имотна корист што ја оствариле осомничените.Оценувајќи дека постои опасност за влијание врз сведоци, вештаци, соучесници и прикривачи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, додека за една осомничена се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска на осомниченaтa да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со одредени лица.​

Македонија | пред 3 години

osmani

Се отвара македонската амбасада во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во посета на Киев, од каде информираше дека амбасадата повторно ќе биде ставена во функција."Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставиме и нашата амбасада во Украина.Северна Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ", се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Земјотрес во Македонија

Утрово во Македонија беше почувствуван земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 12 километри од Тетово.

Македонија | пред 3 години

w_56736106

Лани дипломирале 12.2 отсто повеќе студенти од 2020 година

Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1 225, односно 15.8 проценти се вонредни студенти.Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки.Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број студенти, а по рокот 72 отсто.

Македонија | пред 3 години

dzaferi-1

Автократот Џафери не е достоен за претседател на Собрание, очекуваме Ковачевски и СДСМ да ја поддржат интерпелацијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Автократот од Форино, Талат Џафери не е достоен да го води законодавниот дом. Тој во клучната демократска институција со своето самоволие ги лиши пратениците од слободно движење, да им заклучува врати и да ги држи како заложници, вели ВМРО-ДПМНЕ„Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува. Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.Да потсетиме дека Џафери во рок од десетина дена влегува од скандал во скандал. На заклучувањето на пратениците му престоеше пцуење, навредување и дерење кон службениците во собранието, но и скандалот со средбата со чеченски политичар кој што е близок со режимот во Кремљ, кој е директен ризик по безбедноста. За сето ова Џафери ниту се извинува, ниту има намера да поднесе оставка.Да има грам совест Џафери ќе си поднесеше оставка. Бидејќи нема, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери. Очекуваме конечно Димитар Ковачевски и СДСМ да излезат од заложништвото на ДУИ и да ја поддржат интерпелацијата. Во спротивно ќе покажат дека поважни им се фотелјите од демократијата и личната кариера кои им зависат од ДУИ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Јакимовски: Коалициските договори во Скопје и во Македонија и обврските на ВМРО ДПМНЕ се „чиста нула“

Стевче Јакимовски во вчерашното интервју во „Само интервју“ истакна дека со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски не функционираат во најдобар однос.- Тие што се мои обврски како коалиционен договор во Карпош се исполнети во целост, но коалициските договори во Скопје и во Македонија и обврските на ВМРО ДПМНЕ се „чиста нула“, истакна Јакимовски во интервјуто. Тој нагласи дека ГРОМ не е партија на потрчковци, неалудирајќи на тоа дека во прашање е доведено учеството во коалицијата. 

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

(ФОТО) Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски, вели СДСМ

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои целата јавност беше информирана пред локалните избори конечно добива епилог, вели СДСМ.„Кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски.Сите овие лица се под сомнение дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски и Белиот дворец. Апелираме до надлежните институции докрај да се расчисти овој криминал,а одговорните да бидат соодветно санкционирани.Одамна заврши времето на недопирливите за законот.Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

pukanje-1

Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР една година не го приведува, вели ВМРО-ДПМНЕ

Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР една година не го приведува, вели ВМРО-ДПМНЕ„Дали МВР една година избегнува да го приведе за отслужување на казна затвор лицето кое среде бел ден пукаше во Чаир?Дали истото лице е ослободено по асистенција на Ариф Асани, заменик директор во БЈБ, и дали тој е човекот кој оневозможува негово апсење?Со што ги задолжил пукачот од Чаир ДУИ и СДСМ, па вториот човек во БЈБ да мора да го крие и интервенира тој да биде пуштен на слобода?Дали Ариф Асани и функционерите во МВР, наместо да ги ставаат зад решетки, работат за криминалците?МВР со Спасовски и Ковачевски е заштитник на мафијата.МВР на Спасовски и Ковачевски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Нарушената безбедност и несигурноста која ја има во општеството и државата заради криминалната влада која штити криминалци е уште една причина за да има предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

jule-244

(ВИДЕО) Еднаш го уби возачот, вторпат системот: Трогателно интервју на битолчанец чиј брат загина преминувајќи улица

Бојан Петровски од Битола отворено за „А1он“ зборуваше околу трагичната смрт на неговиот брат. Возачот кој го прегази доби 18 месеци затвор, што за семејството на загинатиот е мала казна. Тие раскажаа низ што поминуваат, што бараат од државата, а објаснуваат и зошто се сомневаат на корупција.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања