ТОП

gondola

„Белград на вода, Тетово под вода“, „Фалеа уште гондоли“, реакции по поплавите во Тетово

Улиците, подвозници и пониските дворови во Тетово се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи.Ова предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а ова се дел од нив.https://twitter.com/mancesterovec7/status/1530902438504439810?s=20&t=0LMOAg-TvjR90mFshVv3VAhttps://twitter.com/rmcfmk/status/1530916344962629638?s=20&t=ofdpA8kqqALr0wEpYyEqaQhttps://twitter.com/AntoskiNinoslav/status/1530886076675592192?s=20&t=lfO_qjUWeVmgAlMCm2zz5ghttps://twitter.com/malerott/status/1530918028539486209?s=20&t=5niGdniJCZvfbvzsolhHMAhttps://twitter.com/Shpendi_kasapot/status/1530906540085071873?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicAhttps://twitter.com/SolarNik/status/1530966033464545280?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicAhttps://twitter.com/Beliotpesjak/status/1530964389800583169?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicAhttps://twitter.com/stoniranoezhe/status/1530929140672626693?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicA 

Коментари | пред 3 години

282146900_388969849942098_9046653043501499526_n

(ВИДЕО) Тетово се претвори во Венеција, фрапирачки снимки од градот

Секој нов дожд ги потсетува тетовчани на поплави, велат од Левица.„Стари улици, нови улици, збиени згради каде нема место за паркирање, нема место за пешаци, нема приод за амбулантни возила ниту за пожарни а камоли за луѓе на колички.Буквално целата инфраструктура на Тетово е неплански катастрофално направена.Тротоарите се пропаднати. А за време на дожд се поплавуваат улиците.Граѓаните на Тетово и покрај тоа што уредно си платиле комуналиите, уште многу ќе почекаат да го добијат соодветно за платеното.После секој дожд, ова е сликата на Тетово“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

284030313_1156956981539046_2309970050160422421_n

(ФОТО) Автомобил се преврте на кров на патот Куманово - Скопје

Автомобил се преврте на кров на патот Куманово - Скопје.Несреќата се случила во билизина на рафинеријата.Во моментов нема информации како дошло до несреќата и дали само едно возило учествувало.Нема информации ниту за здравствната состојба на патниците.

Македонија | пред 3 години

Capture

(ВИДЕО) Масовна тепачка сред Прилеп

Денес на социјалните мрежи се споделува видео кое е снимено во Прилеп.На видеото може да се забележи масовна тепачка меѓу млади луѓе.„Вчера масовна тепачка и во Прилеп, полиција нема“, стои во описот на видеото.https://twitter.com/pejacot/status/1530942449450876929?s=20&t=gZOBNG2AtYism-eDbBRicA

Македонија | пред 3 години

285125744_5556799531017702_1483716953575056579_n

(ФОТО) По невремето во Македонија: Автомобил заглави во поплавена улица, сообраќајот блокиран

Улици и автомобили под вода, оштетени земјоделски посеви, поплавени дворови и подруми – ваква е сликата во повеќе населени места по силното невреме што викендов ја зафати Македонија.На социјалните мрежи објавена е слика од автомобил кој заглавил на една од улиците во Струмица, и истиот го блокирал сообрачајот„Заглави автомобил во поплавената улица на „Младинска“. Во моментот сообраќајот е блокиран“, стои во објавата.https://www.facebook.com/strumicadenes/posts/pfbid02JBVgK7rDPvLSqHKwEDk9L8RsV5VE9pUbdsoz6D3W3K2ANvY57peuzwQYBTcBfe7bl

Македонија | пред 3 години

7664ADC0-4696-404D-99A7-A5915ED58A24

ФОТО: Падна потпорен ѕид во Скопје, сите служби на терен

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба ПинтијаДенеска екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата.Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

Скопје | пред 3 години

281875672_5029558543760594_6336580873443269016_n

(ФОТО) Град со големина на орев во Лозово, уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници

Силно невреме со дожд град поголем од орев синоќа го зафати Лозово. Градот ги уништи земјоделските насади во општината во која граѓаните егистираат од земјоделието, објави градоначалникот, Бошко Цветковски.„Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат граѓаните на Лозово. 100 посто уништено. Уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници… Се’!“, се вели во бојавата на Цветсковски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

danela964521

Данела до Петре: Манипулатор!

На Фејсбук профилот на Град Скопје деновиве беа објавени фотографии од изградбата на пристапна рампа кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето.Веднаш по објавата се огласи поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов ги искритикува пристапните рампи.“Скопје не е ски центар па да се прават скокалници … Лицата со потешкотии во движењето ниту можат ниту ќе употребуваат вакви “пристапни рампи”. Прашајте ги токму нив за стандардите, аголот, можноста да се користи оваа “скокалница”. Тие, верувајте, најдобро знаат, вели Шилегов.Од Град Скопје апелираат да не се манипулира јавноста со фотографии од претходната состојба на патеката и проектот кој опфаќа реконструкција на целиот мост, кој е во интерес на сите граѓани и да не се злоупотребува за дневно политички цели.„Рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај се реализира според сите стандарди и согласно проектна документација изработена од стручни лица.По негативните реакции од јавноста во врска со изградбата на рампата за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај, Град Скопје ја информира и уверува јавноста дека изградбата на патеката се реализира според сите стандарди за ваков вид патеки и согласно проектна документација изработена од стручни лица.Со изградбата на оваа рампа на овој фреквентен потег ќе се овозможи полесен пристап до мостот во Сарај за сите граѓани, за лицата со потешкотии во движењето, за родителите со мали деца, велосипедистите и за рекреативците.За да нема дополнителни заблуди во јавноста, Во прилог Ви испраќаме фотографии и видео анимација од проектот“, стои во објавата.https://www.facebook.com/CityofSkopje/posts/pfbid02FMMPxWUx44XKfddUX5g5tUsrYjg36LFGAkQikj1En5mqFQT8stoRp1qGnEy1KM3rl

Скопје | пред 3 години

droga-prodazba

Посетители на концерт во Скопје фатени со дрога

На 28/29.05.2022 од страна на Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Карпош, при извршена контрола на посетители на музички концерт во објект на подрачјето на Карпош и во два угостителски објекта во Скопје лишени се од слобода 7 лица.Притоа, кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Р.Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

gradnevreme

Николовски: Рекордно искористени палки за еден ден, спречена појава на град во над 80% од прогнозите

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, синоќа објави дека авионите искористиле рекорден број на палки за засејување на градоносни облаци, со што била спречена штета по земјоделските посеви во поголемиот дел од прогнозите.„Преку навремената реакција на УХМР со активирање на воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци и со вкупно 262 палки беше дејствувано врз градоносни облаци. Ова е рекордно дејствување на авионите со рекорно искористени палки за еден ден, при што е спречена појава на град во над 80% од прогнозите, со што е спречено предизвикување на поголеми штети на земјоделските посеви“, објави министерот на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

metalni-rabotnici

Ќе остане ли недела неработен ден за работниците

Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на зако¬нските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите, велат од ССМ.„Најавените предлог Закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво.Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%.Сметеме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во Државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите.Не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на Социјален дијалог во Државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството.Поради се ова наведено и едностраното пристапување кон овие значајни прашања за работниците задолжителна е реакција од членовите на ЕСС и Економско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работните.Бараме итна средба на Економско социјалниот совет на која како единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

DJI_0470.00_13_57_19.Still026

(ВИДЕО) Силни громови и невреме во Скопје

По Охрид и Тетово, силно невреме го зафати и Скопје. Громотевици, силен дожд и ветер ноќва го погодија главниот град. Скопјани се вознемирени од силните громови, по кои десетина пати се слушнаа силни пукања. За разлика од Охрид, во Скопје на паѓаше град. Невремето траеше половина час, по што остана само дождот.Центарот за управување со кризи ги повика граѓаните во земјава на внимателност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов.Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-28-184854

(ВИДЕО) По дождот Тетово доби езеро, жителите прашуваат каде се пастрмките

Дожд доцна попладнево го зафати Тетово.Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците во градот, што направи проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.На социјалните мрежи граѓаните објавија видеа од поплавените улици.Ситуацијата во Тетово тамошните жители ја опишуваат како во градот да има „Тетовско езеро“, а други пак веќе прашуваат каде се пастрмките.

Македонија | пред 3 години

2

(ФОТО) Одрон го затрупа патот од Штип кон Скопје

Одрони предизвикаа застој во сообраќајот на патниот правец Штип - Скопје, во близина на селото Коњари.Според информациите затрупани се две коловозни ленти и се вози само по една.За среќа во моментот кога се случил одронот немало возила на патот.Инаку на неколку километри подолу паднат е потпорен ѕид на автопатот.

Македонија | пред 3 години

zemjotres-fudbal

За навивањето со албански знамиња на натпревар меѓу Шкупи и Пандев, повикана е инспекцијата да реагира

Левица поднесе Иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до Агенција за млади и спорт, а против ФК Шкупи и ФФМ.„Од страна на навивачката група на ФК Шкупи, на фудбалскиот натпревар против ФК Академија Пандев, кој се одржа на ден 17.05.2022 година, беа истакнати знамиња на соседна Р. Албанија, а не беше истакнато знамето на Р. Македонија, кое е задолжително да се истакне.Со ваквите постапки се прекршуваат член 7, член 15, 16 и 17 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Член 7 предвидува:„При официјални државни посети и меѓународни манифестации од политички, научен, културно-уметнички, спортски и друг карактер, заедно со грбот, знамето и химната на Република Македонија истовремено се истакнуваат, односно изведуваат и грбот, знамето и химната на друга држава и меѓународна организација, во согласност со одредбите на овој Закон.Согласно член 30 од истиот закон: „Со парична казна од 50.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице ако не ги употребува грбот и знамето на Република Македонија согласно одредбите од чл. 7 на овој закон.“Согласно актите на ФФМ, присуството на државниот симбол е задолжителен на сите средби под ингеренции на ФФМ. Со конкретните дејствија, ФФМ го прекршиле член 7 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.Од тие причини, преку оваа Иницијатива до Агенцијата за млади и спорт, Левица бара веднаш да се спроведе вонреден инспекциски надзор и да бидат преземени сите законски дејствија, а по утврдената фактичка состојба, да се донесат соодветни управни акти со што би се санкционирале и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Уставот, законите и подзаконските акти“, велат од Левица

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања