ТОП

oruzje-17

3 дена нема одговор каде е украденото оружје од охридската полиција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски да си поднесе оставка, 3 дена нема одговор каде е украденото оружје од охридската полиција, вели ВМРО-ДПМНЕ„Од магацинот на МВР во Охрид не само што е украдена муниција за автоматско оружје, туку се украдени и бомби и гранати, доволни за вооружување на цела единица.Оружјето е украдено од полициски магацин, кој се наоѓа во кругот на поранешната касарна во Охрид, опколен со други полициски објекти.Магацинот е објект кој го обезбедува полицијата. Нејасно е како крадците влегле во полициски круг, и извршиле грабеж на полициски магацин, изнеле неколку кутии со оружје и никој не ги видел, ниту слушнал.Или Спасовски е целосно неспособен или тој е соработник во овој грабеж.Како граѓаните да се чувствуваат безбедни, кога тие кои треба да ја гарантираат нивната безбедност, не можат ниту себе да се заштитат? Кое е образложението на Спасовски и зошто 3 дена молчи или чека медиумите повторно да извадат некоја снимка за да каже дека и тој ја има истата снимка, а крадецот само што не го фатил?Наместо да чека на чуда, Спасовски да си поднесе оставка веднаш, зошто никој повеќе не верува дека Спасовски може да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Тој е целосно неспособен“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

278630190_541392414018340_5258819745201078676_n

(ВИДЕО) Ечат трибините по победата на македонските ракометари

По победата над Чешка ечат трибинитње во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.https://twitter.com/Gomatic2/status/1515767296945491972?s=20&t=NYe8A7wkf-kiD-2C28KYZgНатпреварот заврши со резултат 27:25.Ова беше последнот натпревар од баражот за следниот планетарен собир.Нашиот национален тим имаше предност во текот на целиот натпревар, на полувремето имаше два гола позитива (14-12). Во вторто полувреме, нашата селекција имаше и максимални четири гола предност, но најчесто беше на три гола предност.

Македонија | пред 3 години

2022-04-16-13_50_58-C0038.MP4

„Скопје, новиот Ерусалим, еден крст за секое семејство“, реакции по поставувањето на темелите за новиот крст во Драчево

Вчера се поставија темелите на новиот крст во Драчево во Паркот на бранителите. Крстот ќе биде висок 63,5 метри и ќе наликува на оној кој беше поставен пред неколку години во Ново Лисиче.Крстот е донација од Светскиот македонски конгрес, а на настанот присуствуваше и претседателот Тодор Петров. Темелите ги освети господин господин Стефан во сослужение со повеќе попови.На ова реагираа граѓаните кои велат дека немаат основна инфраструктура, потребно е да се реконструираат улиците во општината, да се направат паркинзи како и градинки за децата.https://twitter.com/goli_otok/status/1515684437111058433?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/maxdestructionn/status/1515673936528384000?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/NikolasTweet/status/1515654097717846023?s=20&t=HqIkaT3e90Lf4wR-dz_c-ghttps://twitter.com/1KRealDeal/status/1515678842328862720?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/TheFitzzz/status/1515673004868526080?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/SieMiGaDjuro/status/1515666056119005190?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/100deutschemark/status/1515647969315504131?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/Filipco/status/1515641973679575040?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/BujnaVegetacija/status/1515639814305034242?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/Roma92377181/status/1515611981805506560?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/mladjireferen_/status/1515610528101679107?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/baljumbaljum/status/1515635183298428929?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/ChakNaOriz/status/1515388643573174279?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGghttps://twitter.com/blazevski_mk/status/1515372955697569796?s=20&t=N7CtCQdTPi67CuEgcbppGg

Коментари | пред 3 години

Foto-2

И Пендаровски “удри” по Бугарите: Во Битола беше направен обид хитлеров соработник да биде претставен како мост за зближување

Иако отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет претставува чекор кон зближување на народите и нивните култури, именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза, вели претседателот Стево Пендаровски.„Не спорејќи ја добрата намера на премиерот Петков, вчера во Битола во составот на бугарската делегација беа и двајца претставници на поранешната власт во Софија кои беа најгласни противници на македонскиот пат кон Европа. Со самото нивно присуство и изјави беа минимизирани пораките за добрососедство и соработка кои беа испратени од бугарскиот премиер.Во 2017 година, идејата да се формира комисија составена од историчари беше да се најде компромис за историските настани и личности кои треба да бидат заеднички чествувани и од македонскиот и од бугарскиот народ.За жал, вчера во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока“, додава тој во својата објава на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

w_56674011

89 нови случаи на ковид, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.649 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 46, Битола – 14, Прилеп – 11, Тетово, Струмица и Неготино – по 3, Кавадарци и Охрид – по 2, Куманово, Гевгелија, Штип, Струга и Кичево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 15 реинфекции.Регистрирани сe 55 оздравени пациенти од: Скопје – 41, Битола – 4, Кавадарци– 2, Куманово, Велес, Гостивар, Охрид, Свети Николе, Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.Направени се 1.649 тестови преку: ИЈЗ-100, ЦЈЗ Скопје-85, ЦЈЗ Битола-58, ЦЈЗ Прилеп-29, ЦЈЗ Тетово-14, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–75, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-40, Биотек-57, Систина-22, лабораторија Лаор-100, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност-16, Генеа-9, Никоб Лаб-133, ВФВ Медикал-18, Ели Медика Плус-16, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 788.Досега во земјата се направени вкупно 1.996.485 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.605, бројот на оздравени пациенти е 298.306, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.038.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 145000, Активни 539Куманово 16609, Активни 15Битола 15132, Активни 166Прилеп 14109, Активни 59Тетово 13442, Активни 16Кавадарци 10602, Активни 34Велес 9727, Активни 20Гостивар 9569, Активни 18Охрид 8814, Активни 31Струмица 8042, Активни 21Штип 8001, Активни 21Кичево 5599, Активни 20Кочани 5069, Активни 5Струга 4710, Активни 8Гевгелија 4396, Активни 7Неготино 3672, Активни 7Ресен 2711, Активни 8Свети Николе 2622, Активни 1Радовиш 2526, Активни 13Крива Паланка 2413, Активни 2Делчево 1973, Активни 11Дебар 1673, Активни 0Берово 1644, Активни 2Валандово 1480, Активни 0Виница 1387, Активни 4Пробиштип 1265, Активни 1Богданци 1019, Активни 0Кратово 962, Активни 1Крушево 928, Активни 4Демир Хисар 828, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 591, Активни 1Македонска Каменица 523, Активни 0Пехчево 486, Активни 2Дојран 345, Активни 0

пред 3 години

278478487_10225168091021745_6728364919531608495_n

Боки 13 и Катица како Донатела и Карл: Оние кои не ставија во затвор за да се спасат себеси, ќе одговараат!

Бојан Јовановски преку социјалните мрежи упати порака до они кои како што вели шират говор на омраза. Тој вели дека „Донатела и Карл ќе ја добијат конечната правда, а оние кои не ставија во затвор ќе одговараа“.„После милион навреди и понижување на лична основа, линч, тортура, дискриминација и повреда на основните човекови права кои ги доживеавме во изминатиот период каде бевме навредувани и атакувани со најпогрдните зборови кои постојат, од "педерот до свињата" ( за кој линч и навреди ниедна од организациите за заштита на човековите права немаше никаква конкретна реакција и постапување, туку само молк, очигледно и за жал и човековите права кај нас се третираат како селективни права на поединците ) , па затоа после се, оваа сатира на оваа веќе вирална фотографија ја доживувам како комплимент и добронамерен хумор !!!Една лична порака до сите оние кои шират говор на омраза, не можете вие толку да вреѓате и ширите омраза колку што јас можам да издржам !!!И за крај категорично, Донатела и Карл ќе ја добијат конечната правда, а оние кои не ставија во затвор за да се спасат себе си, ќе одговараат!!!РЕКЕТ Е ПАДНАТ !!!“, вели Боки 13.

Коментари | пред 3 години

278509580_467301221849539_1296767525976558213_n

Пред 10 години сдсмовците ги нарекуваа вмровците ,,Бугари, Бугари", а вчера послаа црвен тепих на злото, вели Јоци

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи сподели видео од пред 10 години, кога поддржувачи на политичката партија СДСМ, пред Град Скопје ги нарекуваа вмровците „Бугари“.„Погледнете како пред 10 години сдсмовци го кршеа Град Скопје и вмровци ги нарекуваа ,,Бугари, Бугари".И што остана од СДСМ во 2022, која вчера дозволи славење на ванчомихајловистичкиот повампирен фашизам и посла црвен тепих на злото? Ништо не остана.Прчвара!Срам за Македонија и за секој Македонец е денешново СДСМ“, вели таа.

Коментари | пред 3 години

najcevska

„Да се гордееш со Ванчо Михајлов, зборува многу за развојот на една држава“, Најческа удри по Бугарите

Да се гордееш со лик како Ванчо Михајлов зборува многу за историјата и денешното ниво на развој на една држава, вели професорката Мирјана Најчевска.„Да дозволиш странска држава да отвори културен клуб со име на човек како Ванчо Михајлов зборува многу за твоето сопствено ниво на свест, достоинство и ниво на незнаење.Џабе се вознемирувате од окупацијата на Фашистичка Бугарија врз Македонија во Втората светска војна кога самите ги величате носителите на фашизмот во Македонија, додава таа.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-17-at-11.15.36

„Никој никогаш не не' терал да ги признаеме Македонците во Бугарија“, вели бугарската потпреседателка за пресудите од Стразбур

Бугарската потпретседателка Илиана Јотова вели дека судот во Стразбур никогаш не наложил да се признае македонското малцинство во Бугарија. Според неа, тоа нема ниту да се случи. Ова го одговори на прашањето како може од една страна Бугарија да бара права за Бугарите во Македонија, а да не ги имплементира вкупно 16 добиени пресуди од Судот за човекови права во Стразбур има за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, од кои 11 се на ОМО „Илинден Пирин“.„Ние немаме малцинства во Бугарија. Треба да го прочитате бугарскиот Устав. Тоа што го цитирате од Стразбур, нигде не пишува Бугарија да го признае македонското малцинство. Никој никогаш не ја принудувал Бугарија да признава малцинство, бидејќи Стразбур го признава бугарскиот Устав“, вели Јотова.Првата пресуда оваа организација ја добила пред Судот за човекови права во Стразбур во 2001. Ниту неа, ниту последователните 10 добиени пресуди, Бугарија ги спроведе до денеска. А ни останатите 5 што ги добиле „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и други подносители на тужби за кршење на човекови права од бугарските власти.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Менување на учебници, Бугарите во Уставот и други услови, па Македонија ќе преговара со ЕУ, укажа Јотова

Укажувањата дека војната која се води во Украина може да се прелее на Балканот, не ја вознемирува бугарската потпретседателка Илиана Јотова. Таа смета дека тоа нема никаква поврзаност со членството на Македонија во ЕУ, што пак, според европските и домашните политичари треба да е гаранција за мир.„Не правам поврзување помеѓу едното и другото. Има голема разлика. Ние сме дел од ЕУ таму ги кажуваме нашите позиции. За РС Македонија не знам зошто се прави таква поврзаност. Тука станува збор за исполнување на критериуми за членство на РС Македонија во ЕУ. Тие се напишани, тоа е процедура“, вели Јотова.Според неа, нема да е доволно само Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, туку ќе треба да се променат и ученибиците.

Македонија | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Во понеделник Кризниот штаб на Општина Центар ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“

Кризниот штаб на Општина Центар, заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.„Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши анализа од стручните институции ќе имаме прецизен увид, но и ќе донесеме одлука за следните чекори како најбрзо и најбезбедно да го отстраниме целиот отпад и расчистиме просторот. Општината ќе се координира со останатите надлежни институции и ќе преземеме соодветни мерки“, вели градоначалникот Герасимовски.Општина Центар ќе побара од овластени лаборатории за животна средина да извршат мерења и достават извештаи од мерењата, како би се одредиле следните чекори. По овој состанок и насоките од институциите надлежни за овој проблем, Општина Центар ќе ги знае следните чекори и за истите ќе ги извести сопствениците. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, практично по стапувањето на функција, неколкупати досега во своите јавни настапи предупредуваше од можноста за еколошка катастрофа на местото на поранешната фабрика „Треска“, споредувајќи ја сега состојбата таму дури и со Чернобил.„Повеќе пати сме апелирале за изнаоѓање издржано решение за отпадот кој се наоѓа таму, но поради објективни причини, локацијата сè уште не е исчистена. Чистењето на локацијата е и обврска на сопствениците на објектите. Досега до општината се пристигнати 28 барања за отстранувања на објекти од страна на сопствениците и истите се уште се во постапка“, рече Герасимовски.Тој потенцира дека приоритет на општината е што поскоро безбедено да се расчисти целиот простор кај „Треска“ и да се стави крај на ваквите немили настани, бидејќи поголеми и помали пожари се случувале во изминатиот период повеќе пати. Покрај ова, старите хали се предмет на грабежи, а локалните жители се чуствуваат небезбедно. Зависно од исходот и заклучоците на Кризниот штаб, потенцираше Герасимовски, можно е да се спроведе и забрзана постапка за издавање дозвола за рушење на објектите, со цел побрзо отстранување на опасниот азбестен отпад и како примарно, поголема безбедност на граѓаните.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Веднаш да започнат пристапните преговори со ЕУ, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за грчки „То вима“ истакнува дека долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина, проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја стабилизира демократијата. Премиерот Ковачевски вели дека многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање, особено во контекст на војната во Украина.Во интервјуто за „То вима“ по учеството на Делфи форумот во Грција, премиерот Ковачевски говори за повеќе теми меѓу кои ЕУ перспективата, војната во Украина, но и последиците за нашата земја.Премиерот порачува дека „НАТО и ЕУ треба да го задржат својот кредибилитет за да го зајакнат регионот“, а политиката на отворени врати е историски успех кој обезбедува мир и безбедност на целиот европскиот континент.„Оваа политика мора да продолжи за да се обезбеди интеграција на регионот, безбедност и стабилност на Западен Балкан. Долгорочното одложување на европската интеграција влијае на евроскептицизмот и недовербата во целина. Треба да ги надминеме регионалните спорови. Ова денеска е прашање на безбедност, а не на економија. Проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста. Ќе ја стабилизира демократијата. Многу е важно Северна Македонија и Албанија да ги започнат пристапните преговори со ЕУ без одлагање“, вели премиерот Ковачевски.Ковачевски нагласува дека руските активности и во земјата и во регионот се идентификувани и следени, објаснува дека и во и вон Собранието кај нас постојат партии „кои отворено ја изразија својата поддршка за Русија, а во исто време, во сајбер-просторот има значително присуство на организирани групи кои го поддржуваат рускиот напад и релативизирање на конфликтот што не треба да се потцени“.„Овие напори имаат за цел да создадат дилема во однос на стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот, да ја нарушат довербата на граѓаните во овие стратешки одлуки на нашата земја. Доколку ЕУ покаже отсуство и слабост на Западен Балкан, трети страни ќе имаат повеќе можности да ја пополнат празнината, која е од особено геостратешко значење“, вели Ковачевски и појаснува дека Северна Македонија веќе 17 години е земја кандидат и се уште немаме започнато преговори, што се должи на предизвици што ја спречија нашата европска интеграција.Премиерот Ковачевски додаде дека за Северна Македонија, нема алтернатива за членството во ЕУ.„За нас тоа е прифаќање на највисоките западни демократски вредности и заложби за исполнување на европските стандарди во општеството и институциите. Пречката за почеток на преговорите на Албанија и Северна Македонија се чувствува во целиот регион како удар за Унијата. Недостигот на одобрување на преговарачка рамка губи драгоцено време. Важно е, особено во контекст на војната во Украина, процесот да започне без ден одлагање. Потребно е Северна Македонија да има кристална европска перспектива, да има предвидлив, сигурен, силен и забрзан интегративен процес“, истакнува премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

policija-policaec-35

175 пијани возачи казнети изминатата вечер

Во текот на вчерашната вечер (16/17.04.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 175 возачи. Од нив 35 на територија на СВР Штип, 24 на територија на СВР Скопје, по 20 на територија на СВР Охрид и СВР Куманово...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 3 години

collage-6

„Ќе си речеш: Русиве и Украинците го претераа... Ама па, Камчев да си ги бара парите назад...“, реакции по судењето со Боки 13 и Јанева

По рочиштето на кое Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева како тужени, а Јордан Орце Камчев како тужител, сведочеа за 1.5 милиони евра за кои бизнисменот тврди дека ги дал, јавноста исто така излезе со низа коментари.https://twitter.com/IdamNaMore/status/1515064620146438148https://twitter.com/karambabaramba/status/1515001429043421199https://twitter.com/QbraveheartQ/status/1514978184143454211https://twitter.com/IdamNaMore/status/1515068697064488965https://twitter.com/beba19581/status/1514949259040284676Бојан Јовановски-Боки 13 остана на тврдењето дека не зел пари од Орце Камчев во износ од 1.5 милиони евра, кои сега бизнисменот ги бара да му се вратат. Тужениот Јовановски-Боки 13 имаше низа квалификации за бизнисменот, раскажуваше за неговото минато, а исказот кој Камчев го дал пред судиите го оцени како лажен и конструиран додавајќи: „Ние сме правосилно осудени и издржуваме казна додека криминалците шетаат слободно на улица“.„Точно е дека Камчев подмитува за да се спаси. Но не го подмитил Бојан Јовановски, за да изврши влијание врз тужената Катица Јанева. Јордан Камчев навистина имал контакт со највисоките функционери во државава, па во таа смисла, одговорно тврдам дека не сум му олеснил никаква позиција, ниту сум влијаел да му се олесни било што и еднаш засекогаш да се знае. Човекот кој му ветуваше на Камчев и влијаеше со уцени и закани да му биде вратен пасошот, поради нивни криминални интереси, со сторена шпионажа во државата е Зоран Заев. Не беше пуштен само Камчев туку сите од ‘Империја’ поради тоа гласање (за промена на Уставот)“, рече Јовановски на судењето.Зоран Милески-Кичеец, за Јовановски-Боки 13 е торбоносец, токму поради тоа што од домот на Камчев ја изнел торбата „Луј витон“.„Торбоносецот Зоран Милески-Кичеец, не случајот е повлечена тужбата за него, па во таа смисла Камчев нека си ги бара парите онаму каде се договарал и нешто добил. И нека ги бара таму каде некој му дал гаранција, тоа е Русковска, поради нивниот блиски однос. Ова за што сум тужен, целосно го негирам особено поради недореченостите во правосилната пресуда“, кажа Јовановси-Боки13.Јовановски-Боки 13 тврди дека не броел пари во домот на Камчев, ниту бил присутен кога се броеле пари. Тој додаде: „Да имало такво нешто Камчев немало да одолее да ме сними“. Потоа, продолжи со сведоштво дека Камчев заедно со ексминистерот за здравство Венко Филипче и Милески-Кичеец преговарале за како што вели, бизнисменот да ја земе со јавно-приватно партнерство болницата „8 септември“.„Сакаа да ја земат 8 септември, тука беше Венко Филипче, Камчев, Кичеец па преговараа за јавно приватно партнерство, па му оставија на господинот време да направи потребни студии, па Венко да направи некакви пропозиции за документација. Камчев му ветуваше милионски износи на Венко за 8 септември. Имаше две средби, на едната средба беше Зоран Заев на мобилен телефон. Одговорно тврдам дека се лажни исказите на тројцата актери во оваа приказна за тие 500 илјади евра затоа што има и три противречни искази. Во нивното вештачење стои дека не се знае ниту дали се дадени парите. Зоран Милески Кичеец кажа дека ми дал 250 со 250 илјади евра, Јордан Камчев кажа дека неговата сопруга ми дала 500 илјади евра. Кажуваат различни места и временски периоди. И, за сега да чуеме дека тие 350 илјади евра ми биле дадени во канцеларија во ‘1ТВ’. Вака не се утврдува материјална вистина, бидејќи кога лажат треба да се договорат како ќе лажат, бидејќи вака забораваат што лажат“, посочи Јовановски-Боки 13.Пред судот, раскажуваше и како според него течеле средбите со бизнисменот Камчев.„Јас во 2016 година стапив во контакт со неговата сопруга која бев опериран во клиниката ‘Систина’. За операцијата уредно ги подмирив трошоците. Потоа не сум имал никаков контакт со Јордан Камчев. Бев повикан од Зоран Милески-Кичеец да се сретнам во ресторанот ‘Сушико’ со него и тужителот, на негово барање и инстирање, за што постои материјален доказ, бидејќи ме снимале цело време, каде јас му кажувам на Милески-Кичеец: ‘Со таква гнида каква што е Камчев не сакам да се среќавам’. Ова е токму поради мислењето кое претходно го опишав. Улогата на Милески-Кичеец е повеќе од јасна, поради тоа што, истиот беше оперативецот на Јордан Камчев, па по негово инсистирање, бидејќи јас со Милески-Кичеец имав поблиска релација, се сретнавме во ‘Сушико’, разговаравме за рекламирање во телевизијата, ме испрашуваше перфидно, од околу, дали имам некои сознанија за негов прогон, но за обвинителот Наум Паноски, а не Катица Јанева, бидејќи се водеше предистрага за фиктивни фактури кои ги испраќале до Фондот за здравство. Таква предистрага се водеше против него, а ја водеше Наум Паноски. Во тој момент Камчев ми кажа дека преку бугарски пријатели блиски до Зоран Заев, а се мисли на Бојко Борисов и негов советник, дека Камчев ќе си ги среди сите работи и тоа ми беше кажано со зборовите: ‘Шефе јас знам како ќе си средам. Јас сум бизнисмен, тој е оперативец, но ти си за медиуми главен’. Тогаш Камчев сакаше да ме фали. Потоа ми ја прати директорката на ‘Систина’, да преговара со мене за сумата за рекламирањето. Сумата од 160 илјади евра беше понудена од нивна страна, уште пред да ја знам Катица Јанева или Лазар Јанев да биде вработен во телевизијата. Улогата на Кичеец во целата оваа рашомонијада беше како мене да ме држи мене во кондиција. Под точно утврден ценовник и утврдени термини, по нивно барање, така што ноторна лага е дека договорот бил без ценовник и утврден систем на рекламирање“, кажа Јовановски-Боки 13.Според него, односот продолжил со ручеци и вечери.„Па заврши со злоупотреба на мојот лик и дело од страна на двајцата, но повеќе од тужителот, што значи инсистираше да се гледа со мене. Јас поседувам телефон кој не е вештачен и може да се види кој кога и кого барал. Станува збор за искажани тврдења дека му се завршени и дека има цврсто ветување од Зоран Заев и бугарските пријатели, дека за него нема да има кривичен прогон и вели: „Јас со Зоки завршив работа“. По ова излегува интервју од тужителот каде го глорифицира Зоран Заев, и зборува дека тој е најдобриот премиер кој го имала Македонија“, посочи Јовановски-Боки 13.„Во Кривичната постапка, тужителот кажа дека: ‘Мене Бојан не ми побара пари, туку дојде Зоран Милески-Кичеец и Лазар Јанев и тие ми побараа пари’. Па судот нека цени за каков профил станува збор. Измама и влијание се нема случено. Суден сум за претпоставено влијание и не сум бил надреден над тужената за да имам авторитет“.Раскажа и за односот со ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева со која заедно се осудени во „Рекет“.„Мојот однос со Катица Јанева беше пријателски, септември 2018 година кога ја повикав да гостува во емисијата ‘Лица’ кај Анета Кочишки. Тогаш настана тоа фамозно селфи, каде јас велам: ‘Почнува нешто големо’. А се пишуваше дека јас сум најавувал дека ќе го апсат Камчев. Така беше презентирано. Тужената Катица Јанева гостуваше, ние останавме во пријателски односи. Таа не оддавала службени тајни, ниту постои таков доказ. Се е базирано на претпоставки и шпекулации. Кога се случи апсењето на Камчев, јас како прокурист во ‘1ТВ’ известував објективно и неселективно, иако рекламер беше ‘Систина’. Човекот кој вршеше притисок да не биде добиен ефективен притвор за Камчев беше лично Зоран Заев. Тоа го знам од непосредно признание стеканто по лично кажување на Зоран Заев во неговиот кабинет кога јас бев на средба кај него, за што постојат материјални докази во мојот телефон. Кичеец беше оперативец и на Зоран Заев. Потоа Зоран Заев ми кажа дека кога не успеал да издејствува куќен притвор за Камчев и дека обвинителката Катица Јанева му создавала големи политички проблеми. Ми беше кажано дека двајца пратеници се од Камчев обезбедени за уставните промени, односно дека нема да гласаат за промените бидејќи СЈО и отворањето на ‘Империја’ создал проблем. Ова не е гол исказ, туку постои материјален доказ кој не е изведен, каде има порака меѓу мене и Зоран Заев за лицето Катица Јанева каде што зборуваме и ми пишува порака за мекнеење (омекнување) на Јанева“, кажа Јовановски-Боки 13.Посочи дека Милески-Кичеец земал позајмица од него, за да му ги даде на Камчев.„Зоран Милески-Кичеец побара од мене заем за да му ги даде како позајмица на Камчев, кои сакаше да му ги даде него, а не сакаше да каже од кого се парите. Зоран Милески влегува кај мене во 11 часот сабајле и во Космо црна кеса, парите кои ги побара од мене ги изнесува. Со истата Космо црна кеса влегува кај Камчев околу 12-1 часот, истиот ден. Кичеец после тоа ме зема сам, па заедно одиме заедно кај Камчев. Излегува Кичеец со торбата, а што имало во неа, треба да каже тој што ја носел торбата. Јас никогаш не сум ја допрел. Потоа, истиот ден, вечерта повторно бевме кај него. Јас сум бил присутен милион пати кога Милески-Кичеец и Камчев си разменувале торби и кеси, никогаш не сум прашувал што има во нив, исто како што мене никој не ме прашува што носам јас во мојата торба“, кажа Јовановски-Боки13.

Коментари | пред 3 години

278364033_1045317426380684_1996693763231894631_n

„Нашиве политичари се глупи или какви се шо ги нема да се јават со реакција на сите бугарски провокации од Битола?“, лавина реакции по отворањето на бугарски културен центар

Бугарскиот премиер Кирил Петков и потпретседателката на државата Илијана Јотова утре ја посети Битола и учествуваа на отворањето на културен центар кој го носи името на Иван – Ванчо Михајлов. Делегацијата најпрво го посети Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, а потоа ќе присуствуваат на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“, кое треба да го отвори премиерот на Бугарија, Кирил Петков.На ова имаше реакции од јавноста во Македонија:https://twitter.com/helthy_eski/status/1515385835671232516https://twitter.com/GPockov/status/1515385459349897216https://twitter.com/bakraci/status/1515380387278733313https://twitter.com/Effo_Antivirus/status/1515377625941823494https://twitter.com/ivobosilkov/status/1515373909226438662https://twitter.com/NAPHEXSCHRINK1/status/1515368012488097800https://twitter.com/RedRadish5/status/1515365892611264516https://twitter.com/Nepismen300/status/1515364880244686860https://twitter.com/SZaharieski/status/1515398511394754563https://twitter.com/SancoPansa5/status/1515389927336431623https://twitter.com/FlavrSavr/status/1515410967529758723https://twitter.com/LegitMacedonia/status/1515408030036283398https://twitter.com/OneMorph/status/1515406135607631878 

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања