ТОП

sonk

Неделков: Додека членовите на СОНК не се произнесат, штрајкот продолжува

СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.„Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

tamara

Никој нема да одговара за смртта на малата Тамара

Обвинителството реши да не ги гони поранешните директори на Фондот за здравство за случајот со смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес, објави Телма. Обвинението против директорите од тоа време Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази денеска е повлечено, како и тоа против претседателката на Управниот одбор на фондот во тоа време, Елена Трпковска.За другите 9 доктори што биле дел од комисии во Фондот кои одлучувале за лекување во странство наместо за несовесно работење во службата, Обвинителството решило да ги гони за дело од член 86 б став 2 во врска со став 1, од Законот за здравствено осигурување. Со ова преиначување, делото застарува и Кривичниот суд има само една опција – да го затвори предметот, пишува Телма.- Advertisements –Осумгодишната Тамара почина во 2015 година додека за неа се водеше процедура да и биде одобрена операција во странство. Операцијата не можеше да се изведе во Македонија и затоа се водеше постапка девојчето да се лекува во некоја странска болница на држвна сметка.Кривичната пријава по смртта на Тамара ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права со мајката на Тамара, Жаклина Димовска, а со неа опфатен беше и тогашниот министер за здравство Никола Тодоров.

Македонија | пред 3 години

makraduli

Макрадули повеќе не е генерален директор на „Пошта“

На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија.Владата го разреши од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија Стево Крстевски, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, којашто е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет.За в.д. претседател на Инспекцискиот совет на денешната седница Владата ја именуваше Даниела Рендевска.

Македонија | пред 3 години

koronavirus-kovid-skopje

Едно лице почина од ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово - по 2, Куманово, Гостивар, Кичево, Неготино, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.Од вкупниот број на позитивни (133), регистрирани се 20 реинфекции.Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 97, Битола – 21, Кавадарци и Куманово - по 6, Прилеп и Охрид – по 4, Тетово и Ресен – по 3, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево и Кратово – по 1.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струга (73г), починато во болнички услови, пријавено на 08.04.2022 година.Направени се 1.833 тестови преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-37, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, Лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–86, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-35, Биотек-96, Систина-44, лабораторија Лаор-60, Синлаб-4, Ремедика-14, Плодност-11, Генеа-16, Никоб Лаб-115, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 883.Досега во земјата се направени вкупно 1.999.002 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.752, бројот на оздравени пациенти е 298.688, на починати е 9.263, а бројот на активни случаи изнесува 801.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 145105, Активни 444Куманово 16611, Активни 7Битола 15147, Активни 122Прилеп 14112, Активни 34Тетово 13445, Активни 13Кавадарци 10604, Активни 24Велес 9742, Активни 29Гостивар 9570, Активни 18Охрид 8815, Активни 20Струмица 8044, Активни 20Штип 8001, Активни 16Кичево 5599, Активни 6Кочани 5070, Активни 3Струга 4711, Активни 7Гевгелија 4396, Активни 6Неготино 3673, Активни 6Ресен 2710, Активни 3Свети Николе 2623, Активни 0Радовиш 2527, Активни 7Крива Паланка 2413, Активни 0Делчево 1970, Активни 4Дебар 1673, Активни 0Берово 1642, Активни 4Валандово 1481, Активни 1Виница 1386, Активни 2Пробиштип 1265, Активни 1Богданци 1019, Активни 0Кратово 962, Активни 0Крушево 928, Активни 2Демир Хисар 828, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 591, Активни 0Македонска Каменица 522, Активни 0Пехчево 486, Активни 1Дојран 345, Активни 0

пред 3 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Пилицајци добија кривична пријава

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални истраги при МВР поднесе кривична пријава против М.С., А.Д., Л.И., В.Т., Н.М. и Н.Ќ., сите вработени во Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавените, во периодот од 18.12.2021 до 21.02.2022, изготвувале службени белешки и наредби за работа подолга од полното работно време во кои го допишувале првопријавениот, иако знаеле дека не бил присутен при преземањето на службени дејствија во случаите на кои биле ангажирани и на тој начин го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 3 години

skolo-4

Владата ги задолжи МOН и МТСП да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%.Владата формираше работна група во која се вклучени заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.Во заклучоците по оваа точка е вклучено и задолжувањето за Министерството за информатичко општество и администрација да започне процес за подготовка на закон за платите во јавниот сектор.Владата воедно ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк.Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да достават информација до Владата за одговорот на СОНК во врска со овие заклучоци, како и да побара писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

Македонија | пред 3 години

273270117_346850633874501_5853847992867667829_n

Изменет режим на сообраќај од 20 до 23 април во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

Pozar-Treska-4

Нафта во „Треска“ може да го пеплоса Скопје, градот со загрижувачко инфо

Денеска се одржа состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со учество на командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, директори на јавните претпријатија и членови на кризниот штаб.На состанокот се разговараше за преземање на мерки за превенција од пожари, по случајот со пожарот во поранешната фабрика Треска, во скопската општина Центар.Се донесоа заклучоци, меѓу кои и потребата ресорно надлежните институции да преземат итни мерки за расчистување и отстранување на запаливите материјали како и штетниот отпад од поранешната фабрика Треска кој може да го загади воздухот и почвата и воопшто животната средина на жителите кој живеат на тој потег, со што надлежните би можеле да ја отстранат опасноста од загадување и од повторување на пожари. На терен при гасењето на пожарот, пожарникарите кои интервенираа беа изложени на ризик и опасност, како и околните куќи кои ги делеше само еден ѕид од пожарот. На самото место не само што постоеле извесни запаливи материјали во магацините, има и цистерна со обем од 20 илјади литри на нафтени деривати и истата е огромна опасност која ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните.Градот Скопје ги става на располагање своите капацитети за помош во расчистувањето на штетните материјали, доколку надлежните институции утврдат потреба од истото, а воедно за подобра и навремена подготвеност на службите за интервенција, беше донесен заклучок да се побара информација за база на податоци од Дирекција за заштита и спасување, за мапирање потенцијални ризични места во градот каде постојат цистерни или магацини со запаливи или ризични материјали, со цел брза и навремена интервенција за заштита од можни хаварии и инциденти предизвикани од пожар.

Скопје | пред 3 години

sonk

„Шести ден од штрајкот веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК“, вели Неделков

Со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до решение и запирање на штрајкот во градинките и училиштата, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК . Со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот. Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е.Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК ( Советот на СОНК ), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе ,,разумна,, одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека ,, понудата не важи,,. Не благодариме!И конечно, одрдени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Заврши увидот во „Треска“, пожарот не предизвикал штети по здравјето на граѓаните

Заврши состанокот на „Штабот за заштита и спасување“ во Општина Центар, каде беа поканети и други надлежни институциии, со цел да се слушнат стручните мислења во поширока дискусија за состојбите во фабриката „Треска“.Градоначалникот Горан Герасимовски извести дека увидот од страна на МВР е завршен, но во тек е предистражна постапка на јавното обвинителство, по што општината ќе ги знае конечните чекори за постапување.„Во овој момент Општина Центар ги чека записниците од МВР и Противпожарната служба, како и насоките од Министерството за животна средина за да знаеме како да постапиме во однос на планираното отстранување на објектите кои се наоѓаат таму“, изјави Герасимовски за медиумите.Герасимовски рече и дека пожарот во „Треска“ не предизвикал сериозна загаденост на воздухот. Тоа го потврдуваат информациите од околните мерни станици кои во периодот од 13-ти април, ден пред настанувањето на пожарот, до денес, не покажуваат надминување на параметрите за загаденост на воздухот. Затоа тој потенцираше дека истиот не треба да се поистоветува со состојбата кај „Охис“, која е хемиска индустрија.„’Треска’ е фабрика за дрвна индустрија и тука пред сѐ, се работи за материјали од дрво, железо, бои и лакови и други материјали од тој тип. Само покривните табли се од компанијата „Салонит“ (попознати како салонитки) и во нивниот состав се наоѓа опасниот елемент азбест. Како штопретходно кажав, состојбата во фабриката е навистина страшна, локацијата е можно жариште на нови пожари, но и еколошка катастрофа и депонија среде Центар. Таму согласно законските прописи, самите сопственици на објектите треба да си го исчистат отпадот, по налог на општината и останатите надлежни институции“, изјави Герасимовски.Општина Центар, согласно Законот за управување со отпад на приватен имот и во координација со надлежните институции, ќе им наложи на сопствениците во даден рок да го отстранат отпадот. Доколку во дадениот рок објектите не се отстранат, Општина Центар ќе испрати допис до ЈП „Комунална хигиена“ за да ја преземе обврската за отстранување на разрушените бараки од фабриката. При што сметката за тоа ќе биде на товар на сопствениците.На „Штабот за заштита и спасување“ кој го свика градоначалникот Герасимовски присуствуваа претставници од МВР, ЦУК, ДЗС и инспектори при Државниот инспекторат за животна средина, додека немаше претставник од Противпожарната служба, иако беа уредно поканети од страна на општината. За крај, Герасимовски повторно се заблагодари за брзата реакција на припадниците на полицијата и Противпожарната бригада, Црвениот крст и сите кои во четвртокот помагаа за брзо и ефикасно локализирање и гаснење на пожарот.

Скопје | пред 3 години

234786586_397205545075467_2082182706027825334_n

Големо зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90 % во однос на одлуката од 11.04.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг.Од 19.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,873%, кај дизелот за 2,983%, кај екстра лесното масло за 3,270% и кај мазутот има намалување за 0,937%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,956%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija-3

18 нови случаи на ковид, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 684 тестови, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16 и Битола – 2.Од вкупниот број на позитивни (18), регистрираниа е 1 реинфекција.Регистриран e 231 оздравен пациент од: Скопје – 101, Битола – 41, Прилеп – 24, Кичево – 13, Охрид – 8, Кавадарци и Радовиш – по 6, Штип – 5, Велес – 4, Куманово, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Демир Капија и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86г), починато во домашни услови, пријавено на 30.03.2022 година.Направени се 684 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-18, Биотек-27, Систина-14, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-91, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 421.Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а бројот на активни случаи изнесува 826.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 145028, Активни 464Куманово 16610, Активни 12Битола 15130, Активни 126Прилеп 14109, Активни 35Тетово 13442, Активни 13Кавадарци 10602, Активни 28Велес 9728, Активни 16Гостивар 9569, Активни 18Охрид 8811, Активни 20Струмица 8042, Активни 18Штип 8001, Активни 16Кичево 5598, Активни 7Кочани 5070, Активни 3Струга 4711, Активни 8Гевгелија 4396, Активни 7Неготино 3672, Активни 6Ресен 2710, Активни 6Свети Николе 2622, Активни 1Радовиш 2526, Активни 7Крива Паланка 2413, Активни 1Делчево 1969, Активни 4Дебар 1673, Активни 0Берово 1640, Активни 2Валандово 1480, Активни 0Виница 1386, Активни 2Пробиштип 1265, Активни 1Богданци 1019, Активни 0Кратово 962, Активни 1Крушево 928, Активни 2Демир Хисар 828, Активни 1Македонски Брод 736, Активни 0Демир Капија 591, Активни 0Македонска Каменица 522, Активни 0Пехчево 486, Активни 1

пред 3 години

19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

Поранешен полицаец се заканувал дека ќе го убие министерот Спасовски

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка.Со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице. Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​​

Македонија | пред 3 години

thumbs_b_c_44975ece7879dfed47c5df3d7f1b8f24

(ФОТО) Зеќири фотографиран во затвор

Ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, деновиве е фотографиран во затворот „Скопје“ во Шутка, каде издржува мерка притвор. Фотографијата стана вирална на социјалните мрежи, каде граѓаните коментираат „Каков крај човече“. На неа се гледа дека Зеќири шета во дворот на затворот, облечен во тренерки.Претходно, фотографиран во затвор беше и Боки 13.Зеќири десет дена се наоѓа во затворот „Скопје“. Обвинителката Катерина Коларевиќ побара ефективен притвор што подразбира негово носење во затворот „Скопје“ во Шутка. Мерката беше побарана поради сомнежи дека може да избега, да го повтори делото или да влијае на сведоци. Таа очекуваше истата да биде одредена, а нејзините аргументи да се прифатени. Таа рече дека нема материјални докази, но има сомнежи за можно бегство.Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.Зеќири поднесе и оставка од позицијата генерален секретар на Владата.„Низ мојот работен век секогаш сум го одбирал вистинскиот пат, патот на чесноста, праведноста и вистината. На овие мои животни вредности сакам да останам доследен. Затоа, како човек со личен интегритет, ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. Верувам во институциите на системот, верувам во правичноста и праведноста и верувам дека вистината ќе излезе на виделина. На сите институции им стојам на располагање во секое време, за да ја докажам мојата невиност.Почитуван претседателе, Ви благодарам на укажаната можност да бидам дел од Вашиот владин состав и Ви благодарам што верувате во мојата заложба и посветеност во работата“, напиша Зеќири.

Македонија | пред 3 години

278700252_552748416215508_1210977531306522558_n

Каракачанов: Македонија без Бугари - оган да ја запали!

Ексминистерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, преку статус на социјалните мрежи порача: „Македонија без Бугари - оган да ја запали!“. Ова доаѓа откако пред два дена, беше во Битола, каде се отвораше културен клуб.„Ми претставуваше големо задоволство да присуствувам на отворањето на Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола. Ви благодариме за неуморната работа и борба на Бугарите во Македонија за зачувување на бугарскиот јазик. Само едно би сакал да го посоветувам премиерот Петков. Следниот пат кога ќе излезе да го прочита својот однапред подготвен говор, во кој вели дека мора да го „искорениме јазикот на омразата“, а притоа на 50 метри под местото каде што се наоѓа, има група Македонци кои пцујат Бугари од Македонија, да погледнете и слушнете малку“, напиша Каракачанов.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања