ТОП

mijalkov-pred-sud-960x510

Мијалков џабе се жалеше: Пред пресудата за „Плацовите на Водно“, одлучено тој да остане без имотот

Имотот на екс началникот на УБК Сашо Мијалков останува замрзнат. Скопскиот кривичен суд ја потврди одлуката за забрана за оттуѓување на становите и хотелот Мериот во вредност од милиони евра. Ваквото решение го образложува дека постои основано сомнение дека потекнува од кривично дело, а се им се забранува и на правните лица да располагаат со нивните удели.Инаку имотот на Мијалков е запленет како дел од истрагата Империја за која Телма веќе пишуваше дека е прошиена и ке опфати нови осомничени, нови кривични дела и фирми кои се вплеткани во мрежата на перење пари и затајување данок.Во истрагата инаку до сега е опфатен биснисменот Орце Камчев, Цветан Панделевски – „Пелистерка“, Ненад Јосифовиќ, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа и уште седуммина, но според најавите овој список не е конечен.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM-Kovacevski_Sostanok-vo-Sofija-2

Ковачевски: Ние сме определени за членство во ЕУ, но преку достоинствено решение со Бугарија базирано на европски вредности

„Јас можам да кажам за она што ние како држава го имаме како цел а тоа е што побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ и дека решението за ова прашање треба да се базира на европски вредности, со почит кон достоинството на сите граѓани на двете држави и со взаемна почит меѓу политичарите и институциите во Северна Македонија и Бугарија“, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.„Разговорите треба да ги водиме на тие принципи и јас се надевам дека постои простор да седнеме и на база на такви принципи да ги водиме во иднина. Така разговарам со премиерот на Бугарија. Со тон и дух на комуникација којшто соодветствува на двајца премиери и јас таква комуникација на неделно ниво имам со премиерите и претседателите на Србија, Грција, Албанија и со другите во регионот“, нагласи премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Неделен возен ред за време на претстојните празници

По повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (22.04.2022 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180 кои ќе возат по делничен возен ред.Во сабота (23.04.2022 год), недела (24.04.2022 год) и понеделник (25.04.2022 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИУтре и во недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦАЖичарницата утре, во сабота и недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а во понеделник нема да работи.РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ НА ЛИНИИТЕ ДО СРЕДНО ВОДНОЛиниите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник нема да сообраќат, а во останатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред.

Скопје | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Ковачевски и СДСМ молчеа за отворањето на клубот Ванчо Михајлов, а кога јавноста реагираше, излегоа со наводни осуди, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски и СДСМ да не глумат загриженост пет ден по настанот, да кажат зошто дозволиле формирање на клубот Ванчо Михајлов, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ковачевски и СДСМ не можат да ги манипулираат граѓаните. Пет дена молчеа за отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола, за кога видоа дека јавноста е целосно против фашистичките тенденции да излезат со наводни осуди.Ковачевски и СДСМ дозволиле формирање на клуб со името Ванчо Михајлов, тие знаеле и дека Петков ќе дојде на отворање на истиот, и молчеа во надеж дека се ќе помине без поголема реакција на јавноста. Ковачевски и СДСМ се организатори на срамот кој го претрпе Македонија и Македонците.Ковачевски и СДСМ да не глумат загриженост, туку веднаш да побараат писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик историја, пред се поголемите налети на фашизам на кои сме сведоци“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

04042020_Spasovski_Cestitka_1

МВР со Спасовски го следат само криминали и скандали, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија е претворена во див запад, а Оливер Спасовски молчи и бега од одговори и одговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ„Пред неколку дена се случи кражба на оружје, муниција и бомби од депо на МВР во Охрид и нема никаква информација кој го направил тоа и каде е оружјето. Оливер Спасовски не може да обезбеди сигурност на објектите на МВР, а камо ли пак да гарантира безбедност на граѓаните.Уште не е разрешен овој случај, а веќе нов скандал се случува во Крушевско. Масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра е украдено, а МВР и Спасовски и за ова молчат. Уште се свежи сеќавањата на кадарот на Спасовски кој беше фатен во транспорт на марихуана, и затоа со право јавноста се прашува дали МВР ќе го разреши воопшто и овој случај.Овие скандали се надоврзуваат на убиството на ракометарот кој институциите се обидоа да го заташкаат, но и матната јавна набавка која МВР ја направи со компанија која е на црната листа на САД.Се скандал до скандал, се криминал до криминал.Спасовски е неспособен и криминоген. Затоа мора да си поднесе оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски до судот пред пресудата за “Плацови на Водно”: Пред испит сте!

Ова е веројатно последна моја објава околу политичкиот прогон во предметот “Плацеви Водно”. На едно место едно резиме на сите факти, лаги, нелогичности, игри, местенки...Наменет е за оние кои ги интересира и ја следат темата, прилагодено колку што е можно на јазик разбирлив за секого. Судиите знаат да судат според докази, а не по претпоставки, но ако имаат дозвола од власта или ако се охрабрат да и се спротистават, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„1.Од законско процедурален и формален аспект предметот незаконски и со лага на обвинитеството беше прифатен да се суди од т.н.судија на претходна постапка кој одлучува дали се исполнети законските претпоставки за некој предмет воопшто да се прифати да се суди.Според законот за да еден предмет влезе во судска расправа треба осомничениот пред да се обвини да биде повикан на распит и да даде исказ. Ако тоа не е можно од било која причина, се запира постпаката, додека не стане можно. Обвинителството, правдајки се на наводна наводна техничка грешка во дописот до судот, а всушност суштинска повреда во која тврдат дека сум дал изјава, го измами судот дека е извршен распид и така предметот влезе во судење. Значи од старт криво насадено дрво.На почетокот на судењето тоа му беше предочено на судијата, но тој одговорил дека по тоа прашање ќе се произнесе кога ќе ја изрече пресудата.Предметите со вакво прекршување секогаш паѓаат пред Судот за човекови права во Стразбург, но поминуваат години за тоа, па кога е во прашање политички прогон, власта е задоволна бидејки го постигнала моменталниот планиран ефект.Согласно македонските закони, судиите се обврзани да ја следат праксата на судот во Стразбург и прекршокот во тој дел, е основ за разрешување од судија сега или во иднина. Јавноста ќе види дали судот во овој предмет ќе гја следи праксата во Стразбург или очекувањата на власта под чии производ е овој конструиран предмет.2.Политичката пресметка на власта со мене и со повеќе други неистомисленици се одвива преку обвинителството и судот. Имаат и силна медиумска подршка. Како и подршка на некои квази експерти и т.н. аналитичари. Единствено што немаат се аргументи и докази.Обвинението е дека сум земал партиски пари и со нив прикриено на име на други лица и фирми сум купил имот. Преставници на партијата во судот потврдија дека немаат констатирано никаков кусок на пари и во ниту еден ревизорски извештај не се појавило вакво нешто, така што партијата кажа дека нема оштетно побарување.Обвинителството исто така не посочи доказ дека сум земал, како сум земал и кога сум земал партиски пари за купување на имот. Само онака кажаа дека сум земал. Ништо повеќе од тоа, а се работи за над 1,3 милиони евра. Значи никаков доказ за потекло на наводните пари со кои наводно сум купувал имот, што е лага.Тој имот за кои невешто направиле конструкција е едно земјиште од околу 11 илјади метри квадратни, уште едно од околу 2.700 метри квадратни и два стана едниот околу 65мкв а вториот околу 45мкв, кои ги користам и за кои имам валиден договор за закуп.На крајот на постапаката, кога сватија дека предметот е целосно без елементарни докази, празен и јавноста им се потсмева, па дури и нивните подржувачи, во последне момент набрзина направија нова спогодба со едедн од обвинетите, кој и официјано е најбогатиот човек во Македонија (Јордан Камчев). Тој до тој момент им беше таргет за политички прогон исто како и јас и го малтретираа цели 8-9 месеци во притвор за да го прикажат како криминалец и виновен, делумно од одмаздолљубие за објавените снимки од предметот Рекет и делумно да го направат соработник. Тој од почетокот на постапката до пред самиот крај тврдеше дека немал никаква врска со мене, ниту јас со земјиштето, што е точно. Тоа го слушнавем и од audio снимкитеод два телефонски разговори водени во фебруари 2021 година кога предметот е во фаза на истрага и кои се појавија на Youtubeканалот The true above all.Така, со новиот договор, обвинителството го смени обвинението, едно лице од опкружувањето на Камчев го ослободи (неговата мајка), за него побара најминимална казна исто како и за луѓето околу него затоа што ја прифатија уцената да му помогнат на обвинителството и прстот да го вперат кон мене. Во договорот направен во обвинитеството информациите говороат дека влеени се и други пазарења околу предметот Империја каде исто така Камчев беше таргет на обвинителството.По направениот нов договор, измислија уште еден нов сведок, зет од сестра на Камчев, кој кажа декаимал фирма со три стана кои незнаел како се нашле на неговата фирма и не ги чуствувал за свои и дека други луѓе му рекле дека требало да бидат наменети за мене. Сепак, чесно кажа и дека јас и тој иако сме се познавале и среќавале никогаш не сме разговарале на таа тема, ниту сум побарал нешто од него на таа тема. Единствениот кој му го потврди ова е неговиот шура и обвинет во предметот Ј.Камчев кој практично во обид да се спаси себе и неговите луѓе, ја направи спогодбата со обвинителството со која направија нова конструкција, различна од првичната. Другиот обвинет кој наводно му кажал дека тие станови се за мене, категорично го негеришае тоа во судот. Така одприлика изгледа овој предмет во кој ниту еден сведок директно не ме прозива мене дека било што разговарал со мене за сиот овој имот, дека сум давал или земал пари, дека сум барал било какви услуги од ваков тип и слично. Идејата на овој договор во последен момент е и покрај промената на изјавата ма Ј.Камчев насочена против мене, истиот да жртвува три негови и на неговиот зет стана на Водно, како што Александар Ивановски својата слобода одлучи да ја купи со два помали стана и едно земјиште од 2.700мкв. Се заедно тоа да се заплени и да се прикаже како запленет мој имот, поточно како имот кој требало да ми прпадне, а со цел од истото владејачката партија да прави политичка пропаганда.Основна работа во било која судска постапка за обвинение како ова, каде ме теретат за перење пари и против правно збогатување, е да има обрт на пари, плаќања од мене и на мене. Кога со матерјални докази би докажале дека сум внел пари а во случјот и би земал назад, бидејки едното земјиште за кое ме теретат е продадено, но и кога би го нашле изворот на тие пари, тогаш предметот е со докази. Кога би нашле докази дека наводниот скриен имот е мој и на мое име, исто така би имале докажан случај. Кога би нашле барем еден сведок кој би ме посочил директно мене дека сум побарал да ми купи нешто на негово име со од мене дадени пари и тоа би било нешто иако не доволно за прогласување виновен. Такви се законите во целиот свет и во Македонија. Но, ништо од ова нема. Комплетно ништо. Нула.Обвинителството побара меѓународна правна помош од Кипар, за движењето на парите за купувањето на земјиштет од околу 11.000. Одговорот пристигна и обвинителството согласно законот го сподели со судот и одбранта. Во документот стои дека никакви пари во кеш (готовина) не се уплаќани на фирмата-мајка сопственик на земјиштето. Приходите на фирмата се од нејзиното редовно работење и непостои ниту физичко лице, ниту фирма од Македонија, ниту било какво правно или физичко лице кое на било кој начин е поврзано со мене а кое уплатило средства на оваа фирма-мајка сопственик на земјиштето со име Сирах Лимитид.Значи таа фирма си формирала фирма во Макеоднија, фирма ќерка, и префрлила пари и со тие пари се купило тоа земјиште. За директор го назначиле Ристо Новачевски кој дал изјава во обвинителството дека немам никаква врска со ова земјиште и дека за директор е поставен по препорака на негов пријател од Македонски телекомуникации, за подоцна кога ќе го стават и подржат некое време во притвор, под притиоск и уцена мене да ме посочи дека јас сум го препорачал, а во последната изјава на крајот на судењето уште и да додаде дека јас сум сакал да правам градена фирма.Да потсетам дека во правната теорија и пракса, исказите на обвинетите не се земаат за докази бидејки се цени дека може и да се лажни заради себе спасување, така што изјаваите на Ј.Камчев, Р.Новачевски и другите обвинети во нормално судство не би биле никаков доказ, но сепак им требаа заради замајување на јавното мислење.Во таква ситуација, обвинителството немаше ниту еден матерјален доказ и ниту еден сведок кој директно ме посочува мене во смисла дека сум побарал нешто од него/неа во правец на купување и продавање имот, уплата или давање и исплата или земање на пари, барање да ми прикрие мој имот и слично. Се се сведува на рекла-казала на 2-3 сведока кои кажуваат дека некој друг ме посочил мене дека ќе сум бил сопственик на имотот, ама иако ме знаеле и се среќавале со мене, јас никогаш ништо не сум побарал од нив, ниту сме разговарале за тоа. На тој начин, всушност овие сведоци на обвинителството станаа сведоци во моја полза, нормално ако имаме судство кое суди по докази.Така е и со помалото земјиште од 2700 метри квадратни, за кое и самиот сведок Александар Ивановски кажа дека по наводна сугестија на Сашо Мијалков го купил од свои пари и дека цело време си е на негово име и јас не сум имал никаков допир со тоа земјиште, ниту право на сопственост. Истиот сведок буквално истото го тврди и за станот од околу 65мкв, купен со негови пари и во негова сопственост и тогаш и денес, а за станот од 45 мкв не ме посочува ниту мене, ниту некое конкретно лице поврзано со мене дека му дало некакви пари нему или на неговта секретарка Татјана Стојановска на чие име и на име на нејзина фирма ги купил двата стана. Истата кажа дека само претпоставувала дека земјиштето од 2,700 квадраттти и тие два стана се мои, бидејки така и кажал нејзиниот шеф, кој патем речено е под уцена во предметот Империја и под уцена од извршената контрола во неговите фирми непосредно пред да биде повикан да биде сведок во овие случаи. Впрочем и самиот Камчев во објавениот телефонски разговор на јутјуб посочува под каков притиоск освен самиот тој, бил и Александар Ивановски и други сведоци за кого раскажува о прва рака бидејки се сретнал со него и разговарал.Ќе пропуштев уште нешто. Обвинетиот Ристо Новачевски, соработник на обвинителството одкако беше притворен и одкако беа направени контроли на неговите фирми, веројатно со намера на обвинителството предметот да го направат по шаренолик, кажал дека сум му рекол да купи и купил на аукција некоја мала земја вон градот Крушево за околу 650 евра, или околу 40.000 денари, за која кажал дека ја купил со негови пари и си останала негова, и ниту сум имал ниту имам допирна точка со тоа.Накратко кажано, обвинителството не понуди ниту еден матерјален доказ за купување, продавање или сопственост на мој имот, ниту предложи еден сведок кој директно ме посочи мене дека јас сум побарал од него да ми изврши било што во врска со овој имот. Се се сведе на претпоставки, филмувани индиции и ниту еден доказ на кој може да се заснова пресуда.3. Најважните поенти на сведоците:1.Александар Ивановски цело време зборуваше за претпоставки и логики и како тоа цело време претпоставувал дека купувал имот за мене, пред се затоа што становите биле во близина каде живеам. За земјиштето од 2.700 мкв, како и за двата стана кои ги купил со негови пари, никогаш не добил пари од мене за тоа и денес истите се во негова сопственост, како и она земјиште од 11.000 метри квадратни, кажа дека сме се сретнале неколку пати но никогаш ниту јас, ниту тој не отворил тема за ова, ниту било што сум побарал од него поврзано со купување и прикривање имот. Ако веќе зборуваме за логика, логично би било кога веќе сме се гледале да ги проверел претпоставките или јас да прашам нешто околу тоа или да се заблагодарам и слично. Наспроти ова, тој точно и прецизно раскажува како јас се однесувам кога сакам да купам стан. Имено раскажува дека по моето заминување од Македонија сум му се јавил на телфон и сум го прашал дали има стан за продавање бидејки моето семејство сака да го замени живеалиштето со друго, а тој ми одговорил дека нема.2.Сведокот Серјожа марков кажа дека единствен што кај него се појавил за земјиштето бил Александар Ивановски и дека јас никогаш не сум побарал од него било каква услуга. На коментарот дека истиот му рекол дека земјиштето е за мене, самиот искоментира дека тоа е дел од менталитетот на многу бизнисмени во земјата но и на целиот Балкан, да се фалат со повисоки авторитети и кога немаат никаква врска со нив.3.Сведокот Менка Макаровска исто така го посочи како единствен Александар Ивановски дека имал полномошно за офшор фирмата и воопшто не ме спомна мене.4.Сведокот Бранкица Ивановска исто така не ме спомна никаде и кажа дека не го пишувало моето име никаде во документите што ги преведувала.5.Сведокот Миле Јанакиески под голем притисок од обвинителството раскажа дека сум имал стил на микроменаџирање, дека сум ги знаел сите проблеми и проекти и дека сум се интересирал за сите да одат напред и да се гради. За да се спаси од притвор кој му висеше над глава кажа дека во рамките на разговор за сите точки на комитетот за градежна експанзија и развој сум дал согласност за урбанизација на земјиштето од 11 илјади мкв и дека истото сум го направил и во комбето при теренските посети. Ова веднаш се демантораше со цврст и непобитен доказ, одкако судот од владата по официјален пат ги доби сите записници од тој комитет од кој се виде дека на ниту една негова седница не сум присуствувал, и седниците ги водел Миле Јанакиески како потпретседател на комитетот. Се установи и декатоа земјиште воопшто не било на дневен ред на ниту една седница и сето ова го потврди вештак. Истот така сведокот Соња Липиткова кажа дека како тогашен заменика министер за екологија присуствувала на сите до една седници на комитетот и дека јас ниту еднаш не сум бил присутен, ниту пак се зборувало за било кое од двете земјишта на Водно. Сведоците Коце Трајановски, тогашен градоначалник на Скопје, Гордана Клинчарова тогашен секретар на градот и Дејан Митровски-Урко тогашен шеф на моето обезбедување, потврдија дека заедно со другите биле присутни во комбето при теренската посета на неколку скопски општини и дека не само што не станало збор за тие земјишта, туку и немало воопшто посета на Водно со комбето. Така што, притисокот на Миле Јанакиески од страна на обвинителството се покажа залуден.6.Сведокот Александар Јанакиески, тогаш одговорно лице во општината Центар за урбанистички планови а потоа и во градот Скопје, кажа дека никогаш не сум му побарал никаква лична услуга, ниту пак сум барал било што за посочените земјишта. Спомна дека Алек Ивановски се повикувал на моето име, дека имал некој разговор и со Миле јанакиески околу викенд населбата во Крушево, но и додаде дека честа пракса било на разни бизнисмени и функционери да се повикуваат на мое име за да си завршат некоја работа и за да им обрне повеќе внимание.7. Сведокот Гордана Јанкуловска, која обавуваше функција генерален секретар на партијата објаснувајки како се одвивало финасирањето на партијата кажа дека никогаш не сум и побарал пари од партиската каса, дека тоа било под нејзина ингеренција и контрола. Исто така кажа дека во многу ретки случаи кога заради приватни причини била осутна од работа и неможела да дојде на закажаната средба, се случило донатори да остават помали износи на средства кај мене или кај секретарката кои веднаш и биле предавани по нејзиното доаѓање. Таа исто така кажа дека немало ниту еден случај кога некој донатор ја известил дека оставил средства кај мене или кај било кој, која таа не ги добила како одговорна за финасирањето на партијата. При сведочењето на гордана во отсуство на сериозни аргументи, обвинителката главна тема наметна дали имало или не сеф во мојата канцеларија, како да е тоа некаков доказ.8.Сведокот Влатко Чинговски кажа дека тој редовно како човек со партиски теренски одговорности доставувал писма и пакети до генералниот секретар и се сомневал оти така му било логично дека во некои од нив можеби имало пари. Но, самиот кажа дека пари никогаш не видел во тие пратки. Од друга страна, оној на кој му ги доставувал, генералниот секретар Кирил Божиновски кажа дека никогаш немало пари во тие пратки и дека тој не ги отварал лично, туку вработените во неговиот кабинет, кои понатаму постпаувале по барањата и поплаките од тие писма и пратки.9.Сведокот Мартин Протогер кој исто така е под притисок на истиот обвинител во друг предмет кажа две работи од кои едата беше побиена со документи а втората сам си ја поби.Тој кажа дека по сила на функција претседателот на партијата има клуч и шифра од сефот на генералниот секретар, што лесно се поби одкако судот ги доби сатутот и актот за организација на партијата со мислење на судкси вештак каде се гледа дека такво нешто не постои. Втората работа е што кажа дека уште пред периодот кога предметното земјиште од 11 илјади мкв се продало јас сум имал здравствени проблеми со кашлање и лекарите ми препорачувале да живееам некаде на повисоко каде воздухот е многу почист и дека сум му зборел дека сакам да побарам земјиште во Сопиште, што е точно. Потоа за да ги задоволи апетитите на неговите сатрпи од обвинителството измисли дека во некоја прилика сум му кажал дека сум купил некоја земја од 10 илјади мкв кај куќата на Ристо Гуштеров. Земјата за која ме теретат нема врска и не е во непосредна близнина на таа куќа така што тоа му беше првото самопобивање, а второто беше кога го продожи исказот и самиот кажа дека непосредно по тој настан повторно сум продолжил да му говорам дека заради проблемите со кашлањето морам да најадам некоја локација во Сопиште и дека повремено тоа сум го повторувал до самиот крај на нашата соработка, со што тој сватил дека не сум купил никакво земјиште претходно а потврдата дошла кога тогашната опозицја ме нападнала за земјиште на Водно а јас сум му кажал да демантираат затоа што тоа не е точно.10. Сведокот Нинослав Стојановски кажа дека бил благајник и претседател на МК ,,Два бреста,, и дека членството собирале пари, обично по 200 денари, за ситни трошоци како купување сокови, поправка на кров на штабот, и слично и дека никогаш не ми предале пари мене, дури и дека никогаш не се запознал со мене.11. Сведокот Ленче Папазова била сметководител на фирмата и кажа дека никогаш не сум побарал од неа да ми заврши некои лични услуги и дека нејзе и се јавил Ристо Новачевски за да ја ангажива за д го води сметководството на таа фирма. Кажа дека претпоставува дека се јавил по некоја препорака, но незнае чија.12. Сведокот Бисерка Јовкова Ќаева, даде контрадикторан изјава во која сама себе се негираше. Најпрвин таа кажа дека станот за кој ме теретат бил нејзин и кога решиле да го продадат кажала на многумина дека го продала, но подоцна во изјавата кажала дека мене никогаш не ме сретнала до тој момент на продажба на станот, што значи дека не ми го понудила мене. Потоа под очигледен притиоск кажа дека стнот го купиле некои мои адвокати кои незнаеше да ги наведе по име, а од договорот за купопродажба се гледа дека станот го купила фирма сопственост на секретарката на Александар Ивановски-татјана Стојановска за што платила данок, и пооа редовно плаќала данок и на крај по 7-8 години склучила договор за изнајмување со мене на тој стан. Конечно, на прашање дали е сигурна дека тоа биле адвокати или луѓе на Груевски, кажа дека не е сигурно но претпоставува. Повторно претпоставки на исплашени луѓе.13. Сведокот Илија Гечев, бизнисмен од Кавадарци беше еклатантен пример за обид за манипулација на обвинителството со судот, за среќа не успешен. Имено, сведокот раскажа дека министерот за транспорт во тоа време Миле Јанакиески му понудил некое земјиште дека се продава кое според описот е во близина на едно од земјиштата за кои ме теретат. За среќа се разјасни, дека тоа земјиште кое му било понудено да го купи не било ни 11 илјади, ни 2,700 метри квадратни туку 1.200мкв и било сопственост на бизнисменот Дејан Панделевски. Гечев потврди дека никогаш во нашите меѓусебни средби не сум му спомнал било што за земјиште на Водно.14. Сведокот Татајана Стојановска најправин раскажа дека нејзиниот шеф Александар Ивановски ја викнал и ја замолил да на нејзино име купи еден па уште еден помал стан и едно земјиште и и кажал дека тие се за мене наменети. Но, потоа на прашања кажа дека таа нема ниту доказ ниту со сигурностзнае дека тоа навистина било така, бидејки има само еден извор, а тоа е нејзиниот шеф Александар Ивановски, кој наводно така и кажал. А и самиот Александар Ивановски во судот кажа дека и тој претпоставувал дека е така, оти друг така му кажал, а другиот негираше во судот и оти имало логика бидејки становите биле во близина каде живеам.Кај сведокот Татјана Стојановска се откри дека не ја кажува вистината кога беше прашана дали има добино некое писмо од мене, што таа го негираше, за подоцна ДХЛ потврди како во фебруари 2021 година и врачил писмо испратено од мене, кое јас го објавив јавно и во кое барам да ми ја достави сметката за плаќање на киријата бидејки во меѓувреме истече периодот во кој согласно договорот заради направената инвестиција нетребаше да плаќам кирија. Подоцна пратив уште едно слично писмо, во кое покрај истото ја понудив и опцијата за прекин на договорот и тоа го сокри и не одговори на повиците да каже дали примила писмо од мене, но и тоа ДХЛ го потврди а судот се увери заедно со наод на бешто лице, со издавање потврда дека го примила одкако претходно неколку пати одбила да го прими. Тоа во секој независен суд ја намалува кредибилноста на сведокот кога двапати ќе се фати во лага. Таа како лична секретарка на Александар Ивановски кажа и дека незнаела дали во време кога се купувале становите нејзиниот шеф бил пред бракоразводна постапка што ја дава смислата на тоа зошто купувал имот на туѓо име. Сепак кажа дека никогаш не примила пари од мене и никогаш не сме се сретнале или разговарале по телефон. Факт е и тоа дека десетина години сопствениците на двата стана си плаќале данок на имот.15.Сведокот Сузана Николовска кажа дека неколку пати донирала пониски суми за партијата по регуларен пат и дека никогаш не се сретнала со мене а ме знаела само од телевизија.16.Сведокот Драги Огњановски, припадник и кандидат за пратеник на партијата Обединети за Македонија кажа дека пред изборите во 2006 година донирал приближно пет илјади евра на партијата, дека ги доставил кај секретарот Гордана Јанкуловска, дека за тоа имал документ кој никогаш него приложи. Тој кажа дека никогаш мене не ми дал пари и не ме запознал.17. вештото лице Кире Костов во детали го разглоби она што на почетокот го напишав а поврзано со анализата на мтерјалот добиен во Јавното Обвинителство од меѓународна правна помош, каде се гледа дека ниту јас, ниту мој близок или било кое поврзано лице со мене, ниту било кој од Македонија уплатил средства на фирмата Сирах Лимитид, ниту пак во фирмата се уплаќани пари во готовина (кеш).Вештакот го објасни движењето на парите од банка во банка, уплатите и исплатите, но ни трага ни глас од моја или на мој близок вмешаност во истите. Ова е и најсилниот матерјален доказ, после кој во било која земја предметот би бил затворен односно обвинението отфрлено. Од вештачењето се гледа дека оваа фирма префрлила слободни средства од своето редовно работење на фирмата ќерка во Македонија Сирах Инжињеринг која со тие пари го купила земјиштето. За какво перење пари и за какво збогатување мое да стане збор после овој доказ? Ова беше и главниот аргумент на Јордан Камчев во тој дел од процесот кога ја говореше вистината и пред да отиде и да направи спогодба со обвинителството, која спогодба според сите сознанија не е само за овој предмет туку и за други каде тој би се теретел.18. Вештото лице Дивна Станчева од катастерски аспект објасни дека во однос на земјиштата кои се предмет на ова обвинение и во однос на некаква пренамена која се случила, се било законски и согласно процедурите.19. Сведокот Кирил Божиновски, генерален секретар на партијата недвосмислено кажа дека никогаш како претседател на партијата не сум му побарал и не ми дал пари во готовина, ниту пак примил некои пари од мене. Тој појасни дека сефовите во неговата канцеларија воопшто не ги користел. Ниту пак некогаш сум му кажал дека сум купил некаков плац или стан.20. Сведокот коце Трајановски, некогашен градоначалник потврди дека никогаш не сум му ургирал јас или мој близок околу промена на урбанистички план, ниту пак сум побарал од него било каква лична услуга поврзана со плацеви, станови и други работи. Исто така кажа дека никогаш не сум му кажал дека сум купил плац или стан и доколку навистина имало потреба од некаква ургенција во градот, сведокот кажа дека сме биле доволно блиски да тоа го направам директно со него.21. Сведокот Александар Бичиклиски кажал дека бил советник во град Скопје и дека пред и за време на гласањето на Генералниот урбанистички план никој не му блијаел како да гласа, но и дека никој не покренал иницијатива против тој ГУП.22. Сведокот Емил Димитриев, во својство на порнешен генерален секретар на партијата кажал дека никогаш додека бил секретар не сум побарал ниту ми дал партиски пари, ниту пак чул такво нешто од неговите претходници. Никогаш не се ургирало преку него за промена на ДУП или ГУП.23. Сведокот Борче георгиевски во својство на советник во градот Скопје кажал дека гласал за ГУПот без никаков притисок од било кого.24. Сведокот ирена Мишева во својство на претседател на Советот на г.Скопје кажала дека никогаш, па ниту за усвојување на ГУПот и се немам јавено за ургенција или било какво барање.25.Сведокот лазо малијански кажал дека според геодетскиот елаборат во физичка делба не е можно да се прикриваат податоци и дека се запазила целокупнаѕта законска постапка и неможе да стане збор за некакво фиктивно пренесување на реален дел од земјиштето.26.Сведокот Ѓорѓија Сајковски во својство на актуелен генерален секретар на партијата изјавил дека партијаат има своја жиро сметка, има ангажирано сметководствено биро и дека прават завршни сметки. Напоменал дека во партијата се вршеле и редовни ревизоркси контроли и според извештаите нема никакви недостатоци во работењето. Нагласил дека не се чуствуваат оштетени, ниту имаат информација дека се оштетени и изјавил дека не предјавува никакво оштетно побарување од инволвираните во овој предмет.27. Сведокот Наташа Несторовска изјавила и објаснила во детали дека се било во ред со плаќањата во банката при купородажбите на земјата и дека е запазена целата процедура односно се работело согласно законите во државата.28. Сведокот Софија Куновска која во 2012 година била советник и координатор на советничката група на СДСМ во градот изјавила дека тогаш имало расправа за ГУПот и потоа регуларно бил изгласан, и дека ГУПот се однесува за поголем дел на градот а не само за една општина.29. Сведокот Ивона Талевска, како тогашен новинар раскажала дека од лично искуство и сведоштво преку примери била запознаена дека јас и јордан камчев во тој период не сме биле во добри односи , дури и во лоши односи, што јасно укажува дека не било можно да тој за мене прикрива некаков имот.30. Сведокот Дејан Митровски – Урко во својство на мој поранешен шеф на обезбедувањето навел дека бил присутен во комбето, како и секогаш во било кое превозно средство во кое сум бил јас, при теренската посета и дека комбето воопшто не се придвижило кон Водно, ниту пак сум издал инструкција за некое земјиште на Водно. Тој навел дека имав здравствени проблеми и потешкотии со дишењето заради што често сме оделе на пешачење на повисоко, но дека никогаш ниту видел, ниту чул дека сум купил некакво земјиште на Водно, ниту пак станови. Навел и точно од кој стан секој ден сум излегувал, односно од оној каде цело време живеев, бидејки природата на неговата работа беше да ме следи од моментот на напуштање на домот. Истиот навел дека во повеќе наврати сум зборувал, се до крајот на нашата заедничка работа во 2014 година, дека заради советите на лекарите, сум сакал да купам земјиште во Сопиште дека не сум го реализирал тоа.31.Сведокот Сергеј Самсоненко изјавил дека земјиштето е во негова сопственост, што го докажал и со документи.32.Сведокот Владимир Стаиќ истото го потврдил за друг дел од истото земјиште.33. сведокот Соња Липиткова, во својство на заменик министер за екологија и член на комитетот за градежна експанзија изјавила дека присуствувала на сите до една седници на тој комитет, и дека иако формално јас бев претседател на комитето, никогаш не сум го водел и секогаш го водел Миле Јанакиески како подпретседател, така што и не сум можел да остварувам некакво влисјание на тој комитет. Истата изјавила дека никогаш не сум и се јавил да ургирам за било што, ниту било кој друг се јавил во мое име да ургира кај неа. Напоменала дека никогаш никој не и се јавил да ургира за земјиште на Водно.34. Сведокот Гордана Клинчарова во својство на поранешен секретар на г.Скопје изјавила дека иако долго се познаваме, уште од 1999 година, никогаш никој, а најмалку јас сум и се јавил за било каква ургенција во градот Скопје за плацеви или станови. Истата потврдила дека била присутна на теренското работење и движење со комбе на поголем број лица, и дека истото не се придвижило кон Водно и не сатанал озбор за плацеви на Водно.35.Сведокот Кицо Петрески во својство на поранешен мој телохранител од 2006 до 2017 година, изјавил дека во неколку наврати низ годините сум се интересирал кај него за климатските услови за живеење во повисоките делови на Сопиште каде што тој има викендица и сум му кажал дека по совет на лекарите а заради кашлање кое беше заради загадениот воздух во Скопје, треба да најдам и купам некој плац во Сопиште на кој би изградил куќа за живеење. Сме разговарале за тоа која е надморската висина таму, како се цените и колку е чист воздухот. Изјавил и дека во еден од тие разговорири некаде во 2018 година сум изразил желба да го разгледам тоа место и дека отидов и поминав неколку часа разгледувајки ги земјиштата таму, дека ми се допаднало но дека не сум купил плац таму, што е точно, а главна причина беше фокусираноста на политичкиот прогон и секојдневното присуство во судот. Ова со Сопиште е само уште еден показател дека не сум имал плац на водно, штом толку долго и толку често сум размислувал и разговарал со повеќе мои блиски соработници за купување плац за живеење во Сопиште. Најмалку пет мои поранешни соработници во овие сведочења го потврдија тоа.Сите овие 35 сведоци сведочеа до моментот додека Јордан камчев не направи три средби со обвинителкаат Лиле без присуство на неговите адвокати, каде договорил соработка со ветување привилегии во овој и во други предмети против него, поточно во овој предмет да добие најниска можна казна, а не го знам договорот за другите предмети, но наскоро и тоа ќе се дознае. Така, оддеднаш Камчев го предложи неговит зет од сестра за сведок, го смени целокупниот наратив и суштина на дотогашната одбрана, вештачења, изјави на сведоци, и оддеднаш синхронизирано со зетот мето Стојчески започна друга приказна, во која тврди дека кога ристо новачевски му се јавил да го купи земјиштето му кажал дека е мое, а тој од страв да не му се одмаздам го купил, и ми чувал три стана како компензација на име на фирмата на неговиот зет Мето Стојчевски.36.Зетот на камчев Мето Стојчевски како дополнително предложен сведок кажа дека јас никогаш од него не сум побарал било каква услуга за змејиште или станови и дека иако сме се познавале и повремено сме се среќавале, никогаш не сме разговарале ниту за наводни мои земјишта, ниту за наводни три стана кои тој наводно ми ги чувал. Наместо тоа наведе дека трето лице му го кажало тоа, а тоа трето лице, го негираше истото во судот. Мето Стојчески не знаеше да иодговори и како и со кој пари ги купил становите. Очигледно, спасувајки го неговиот шура, беше во непријатна ситуација и оттука целата конфузност која произлезе од овој во последен момент направен договор за спасување на Камчев и мое теретење. Со обзир на нивните роднински врски и со обзир дека Камчев е обвинет, исто како и Ристо новачевски секој нормален суд во развиена земја во светот ова не би го земал во обзир бидејки во судската теорија и пракса стои дека исказот на обвинетите (а со тоа и нивни роднини) не може да се земе како сведочње бидеки обвинетите може и да лажат за да се спасат.Македонското судство е пред нов испит и предизвик. Тој не би постоел ако власта ги остави судиите да судат според доказите или ако се охрабрат да и се спротистават, бидејки тие знаат што се докази а што не. Дали ќе ги остави, оли дали ќе се охрабрат да се спротистават ќе видиме утре“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

sl-1

Директорот на Градски паркинг се пожали од МВР: Се’ уште имаме опструкции

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од точките на дневен ред беше и Предлог одлука за давање согласност за усвојување на годишната сметка на ЈП Градски Паркинг – Скопје за 2021 година. Во делот на раправата во своето обраќање советникот Галевски, потенцирајќи ги аферите на претходното раководство на претпријатието, како што се злоупотреба со платежни картички, превработување на партиска основа и слично, укажа на тоа дека видно се намалени приходите од Сектор Пајак, при што побара одговор од актуелниот директор Бојан Христовски за ова. Галевски додаде дека причината за ова е политичка опструкција од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).Директорот Христовски од говорницата потенцираше дека, во изминатиов период неколку пати реагира за овој проблем, а освен тоа се одржуваат комуникации и средби со МВР за надминување на истиот – сепак тој уште не е решен и опструкциите и понатаму траат.„Морам да истакнам дека правиме обиди и напори за подобрување или воопшто воспоставување на соработка со МВР, со цел на дневно ниво да се отстрануваат непрописно паркираните возила од коловозите, коишто ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот во Скопје. Сега за сега немаме никакви реакции, се’ уште се подигнуваат многу мал број на возила од тротоарите, пешачките зони, места кадешто може да поминуваат лица со посебни потребни и слично“, одговори Христовски.Освен ова, тој истакна дека постојано се контактираат министерот Оливер Спасовски како и другите одговорни функционери за овој проблем, меѓутоа нема никаков фидбек, па поради ова логично е тоа што го рече советникот дека е политичка опструкција.„Еднаш или два пати неделно писмено се обраќаме до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, до директорот за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на СВР Скопје, Тони Јакимовски, на коишто постојано им укажуваме на реакциите кои секојдневно пристигнуваат до нашето претпријатие од трети лица, граѓани или правни субјекти коишто се жалат на непостапувањето од страна на МВР, односно пријавуваат на бројот 192 кадешто ги известуваат за непрописно паркираните возила, чиешто постапување за отстранување е во ингеренции на МВР, но од страна на министерството нема реакција. Ние ќе продолжиме со нашите барања, како и јавно и институционално да ги повикуваме да си ја вршат својата работа“, нагласи Христовски.

Скопје | пред 3 години

policija-rotaciona-svetla

Велешанец со клоци по телото и главата напаѓал повозрасни жени

Основното јaвно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 6 март, дошол во куќата на 77-годишна жена и побарал од неа да му даде пари и храна. Во моментот кога оштетената го отворила паричникот и од него извадила 100 денари за да му ги даде, осомничениот три пати ја удрил со бокс во пределот на левата страна од лицето и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа и го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настанот.На 5 април, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде живеела сама жена на возраст од 78 години. Преку преградниот ѕид се префрлил во дворот од куќата, па по скалите се качил на терасата од вториот кат и преку прозорецот влегол во куќата. Се симнал на долниот кат каде седела оштетената и од неа побарал пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари кај себе, тој ја турнал од креветот и ја удирал со клоци по телото и главата, нанесувајќи и телесни повреди. Пребарувајќи низ куќата, го пронашол паричникот на оштетената во кој имало 1.000 денари, ги одзел парите и околу 20 литри ракија кои ги пронашол во домот, па си заминал.Јавниот обвинител до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомниченото лице му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 3 години

kanabis

„Украден е канабис од 2 милиони евра во Алдинци“, вели Ковачки

Пратеникот Драган Ковачки на својот профил на Фејсбук објави дека утрово е ограбен канабис во вредност од 2 милиони евра од фармата за производство „5 летерс“ кај крушевското село Алдинци.„Утрово повторно кражба на марихуана, овој пат на масло во вредност од 2 мил. евра во "5 летерс" кај Алданци.*Ако веќе 5 дена го чекаме Спасовски да каже за кражбата на оружјето, бомбите и муницијата во СВР Охрид, може да се претпостави дали и кога ќе го расветли случајов со кражбата на масло од марихуана“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-20-103501

Треба да имаме закон за забранети имиња како „Ванчо Михаилов“, вели Халили

Поранешниот дипломат Мухамед Халили синоќа во дебатата „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека во Македонија треба да има закон за забранети имиња, како што е „Ванчо Михајлов“.„Закон за забранети имиња немаме и треба да го имаме“, рече Халили.Поранешниот амбасадор посочи дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков и отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ било една вистинска провокација.„Една таква посета требаше да има цел за зближување на двете влади, институциите. Но, фактот што таа посета почна и заврши со некои изјави кои не доликуваат на досегашните вистински напори меѓу двата премиера Ковачевски и Петков, тоа значи дека целта не беше постигната, туку беше една вистинска провокација што не само јас лично како поранешен Амбасадор, туку и Советот на Амбасадори така го оквалификува“, рече тој.

Македонија | пред 3 години

278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Културeн Центар Иван Михаилов: Ако заедничката историја остане само празен текст, нашите деца ќе продолжат да учат лаги за нивното потекло

Утрово на профилот на Културниот Центар Иван Михаилов Битола, беше објавен текст со наслов „Моменти на отворањето на Центарот за култура Иван Михаилов Битола“. Во текстот стои дека македонските Бугари сакаат владата на Република Македонија да го отвори уставот и да ги запише Бугарите како државотворен народ„Денес,сите се собравме овде да го отвориме клубот на Центарот за култура Иван Михаилов.Првичниот датум 5 март не е случајно избран. Тоа е датумот на раѓање на нашиот великан бугарски писател ВЕНКО Марковски од Македонија, човекот кој се изјасни против методите на градење на македонската нација, па 5 години беше прогонет во логор Голи Оток. Враќајќи се во Бугарија, го напиша своето големо дело „Крвта не станува вода“.Датумот 16 април, случајно го избравме, но се покажа дека нема случајности со Бога.Ова е датумот на кој Слободна Бугарија слави 143 години од воспоставувањето на Уставот на Трновски, а денес ние македонските Бугари сакаме македонската влада да ни го отвори уставот и да ги запише Бугарите во него како државотворен народ.- Ако заедничката историја остане само празен текст од Договорот од 2017 година, тоа ќе биде трагедија за нашиот народ во Македонија бидејќи нашите деца ќе продолжат да учат лаги за нивното потекло. Сеќавањето на десетици илјади убиени ќе биде извалкано. Тоа се нашите предци. Тоа се нашите татковци. Ако го прифатите ова во Бугарија, тоа ќе биде кршење на нашите права. Не сме дојдени од странство овде во Македонија !!! Ние не сме малцинство!!! Ние сме луѓето што ги подаривме Егзархијата, преродбениците и Илинден на Македонија и на целиот бугарски народ. Историјата е важна затоа што да не беше, немаше да учиме за злосторствата на Сталин. А децата нема да учат за сегашните злосторства на Путин! Како југословенските комунистички концентрациони логори се поприфатливи од советските комунистички логори?-Бидете патриоти не само пред вашите гласачи таму во Бугарија. Лесно е да се биде патриот кога живееш во слободна земја. Ние денес овде ја сакаме вашата солидарност. Ја сакаме вашата помош. Ние не прашуваме. Ние инсистираме. Ова е наша должност кон споменот на стотиците илјади бугарски синови кои ги оставија своите коски во нашата земја. Тоа им го должите на Левски, Ботев, Гоце, Јаворов, Тодор Александров и Ванчо Михаилов.-Ова е нашата татковина и сакаме да живееме во неа без лаги. Сакаме да не бидеме спречени слободно да броиме. Пописот докажа дека некој се уште се плаши да го прифати нашето слободно изразување. Кој може да се излаже дека во Македонија живеат 3.500 Бугари? Ова е доказ дека овде има тежок демократски дефицит !!!- Ако ни се дадат демократски права, никој нема да биде оштетен. Ќе продолжиме да бидеме македонски патриоти и бугари.Од името на Центарот за култура „Иван Михаилов“ од срце ви благодариме на сите за поддршката што ни ја давате.Сепак, сето тоа не би постоело без посебна личност за нас, жена, железна фигура која верувала во нас од самиот почеток, која ни давала сила и храброст да се бориме, кога сите други го вртеле погледот и се надевале дека нашата работа нема да успее. .Тоа за нас е г-ѓа Вида Боева Попова и ВМРО-Рим.Ви благодарамИ нека блесне зората на Слободата“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

271715276_268308865415933_2874747500255289001_n

151 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

277855109_247167797562351_2330856545089821216_n

Се поизвесна можноста Врховен да ја укине пресудата за „Рекет“, објавени недостатоци и повреди кои резултираа со казни за Боки 13 и Јанева

Преку оваа студија на Коалицијата „Сите за правично судење” случајот „Рекет“, детално, конкретно и фактолошки со целосен осврт на целокупниот судски предмет, неспорно ќе се утврдат сите повреди од апсолутен карактер на законот за кривична постапка, нееднаквоста на орудијата на страните во постапката, повреда на правата на обвинетите во постапката, повредата на начелото на фер и правично судење, објави денеска Бојан Јовановски.„Наспроти сите претпоставки и шпекулации поттикнати од видливата тенденција на Русковска која резултираше со закани кон судии од Апелациониот суд Скопје кои подоцна истите не осудија. Наспроти сите незаконити постапувања на Русковска како предметен обвинител во случајот, која преку површни, неточни, шпекулативни, сензационалистички и навивачки пропагандни механизми го водеше овој случај, наместо во судница со докази. Со злоупотреба на судиската функција, во смисла на одредбите од законот за судови, судиите Васка Николовска-Масевска и судија Софче Гаврилова Ефремова ја донесоа првостепената судска одлука потврдена и од Апелациониот суд, каде претседател на советот беше истиот оној судија Јани Нича за кој Русковска водеше финансиска истрага, па оттука се поставува прашањето дали тој судија можел и смеел да суди во овој случај и дали повторно при носење на второстепената одлука клучно било влијанието, стравот и заканите од Русковска кон споменатиот судија?!“, пишува Јовановски.Апелира до сите заинтересирани внимателно да ја прочитаат оваа студија која, како што вели, се темели на факти и од оваа анализа ќе се утврди зошто е неодржлива, неоснована и нарачана пресудата за случајот „Рекет“!После сето ова основано барам ново фер судење и фер постапка почитувајќи го начелото на еднаквост на орудијата на страните во постапката, барам судење спроведено согласно законот за кривична постапка, барам судење пред непристасен суд, каде ќе има само право а не политички нарачана пресуда!, вели Боки.Целосната студија од Коалицијата „Сите за правично судење“:Студија на случај за предметот КОК-116/19 под кодно име „Рекет“Lura paria debent esse eorum inter se qui sunt cives in eadem res publicaСите граѓани на една држава треба да имаат еднакви праваОваа студија на случај ќе даде осврт на целокупниот судски предмет којшто се водеше пред Одделението за организиран криминал и корупција во рамки на Основниот кривичен суд Скопје. Истата особено ќе стави акцент на текот на судскиот процес, почитување на стандардите за фер и правично судење како и почитување на процесните права на обвинетите во постапката вклучувајќи ги и правата загарантирани со Европската конвенција за човекови права (во понатамошниот текст: ЕКЧП).ВоведВо ноември 2018 година Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ( во понатамошниот текст СЈО) отвори истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев и други 12 осомничени лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Злосторничко здружување„, „Оштетување или повластување на доверители“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“ во периодот од 2002 до 2013 година. Во истиот период на Јордан Камчев и други 4 осомничени лица од овој предмет им беше определена мерка притвор од страна на судија на претходна постапка во траење од 30 дена, а во декември 2018 година Апелациониот суд Скопје мерката притвор за првоосомничениот Јордан Камчев ја замени со поблага мерка т.е. куќен притвор.На 30.01.2019 година Врховниот суд донело начелно правно мислење со кое по истекот на рокот од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, СЈО не е овластен тужител за предистражни и истражни дејствија. Со ова начелно правно мислење на осомничените лица во предметот „Империја“ им беа укинати мерките за обезбедување на присуство.На 15.07.2019 година беа уапсени Бојан Јовановски (сега обвинет во предметот „Рекет“) и Зоран Милевски (сега веќе осуден во предметот „Рекет“) за наводен рекет врз бизнисмени и политичари. На истите им беше определена мерка притвор од страна на судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (во понатамошниот текст: ОЈОГОКК) во август 2019 година објави соопштение за јавност дека води истрага во врска со предметот „Рекет“, а на 21.08.2019 година беше уапсена и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која и беше и определена мерка притвор во траење од 30 дена.Според ОЈОГОКК, Бојан Јовановски како првообвинет влијаел врз јавниот обвинител на СЈО, Катица Јанева, истата да изврши службено дејствие што не смеела да го изврши во рамки на истражната постапка во предметот „Империја“ што ја води СЈО за да му ја олесни положбата на еден од осомничените во таа постапка (бизнисменот Јордан Камчев, кој во предметот „Рекет“ се јавува како сведок), односно мерката притвор да му биде заменета со куќен притвор, а во иднина осомничениот Јордан Камчев да биде во својство на заштитен сведок или пак да склучи спогодба за вина и да плати незначителна сума на штета. Како посредник во овој случај се јавува и третообвинетиот, сега веќе осудениот Зоран Милевски, кој ја призна вината на првото одржано рочиште по предметот. За извршување на горенаведените дејствија, според обвинението, обвинетите примиле награда од сведокот Јордан Камчев во износ од 1.500.000 евра.На 10 октомври 2019 година ОЈОГОКК поднесе обвинение против три лица и тоа:– против првообвинетиот Бојан Јовановски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по чл.359 ст.7 вв. ст.3 вв.ст.2 вв. чл.22 од КЗ и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл. 273 ст.1 од КЗ;– против второобвинетата Катица Јанева за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 ст.3 вв. ст.1 од КЗ;– против третообвинетиот Зоран Милевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по чл.359 ст.7 вв. ст.3 вв.ст.2 вв. чл.22 од КЗ.Првото рочиште по овој предмет со референтен број КОК-116/19 беше насрочено на 03.12.2019 година, односно скоро 2 месеци по поднесување на обвинението од страна на ОЈОГОКК до Основниот кривичен суд Скопје. Законот за кривична постапка (во понатамошниот текст: ЗКП) им дава можност на обвинетите во судската постапка да признаат вина дека го сториле кривичното дело што им се става на товар согласно чл.381 од истиот. На самото рочиште, третообвинетиот Зоран Милевски ја призна вината дека го сторил кривичното дело што му се става на товар, по што судот ја раздвои постапката за овој обвинет и донесе осудителна пресуда со која му одреди казна ефективен затвор во траење од 3 години.Постапката за останатите двајца обвинети продолжи понатаму и истата заврши на 18.06.2020 година со објава на пресудата. Судот ги прогласи обвинетите за виновни дека ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар и им изрече единствена казна затвор во времетраење од 9 години за првообвинетиот Бојан Јовановски и 7 години за второобвинетата Катица Јанева.1. Прашања што произлегуваат од постапката1.1 Оцена на обвинителниот акт и докази на кои се темели обвинението (вештачење на снимките и предлагање докази што не се прибавени)Со поднесување на обвинителниот акт, јавното обвинителство достави и листа на докази врз основа на која го темели обвинението против обвинетите, во која листа дел од доказите се однесуваат на наредби за вештачења кои сè уште не биле изготвени, како и предлог за продолжување на изречените мерки за обвинетите, сметајќи дека сè уште постојат причините за определување на мерката притвор предвидени во член 165 од Законот за кривичната постапка (ЗКП).Вака поднесениот обвинителен акт подлегна на оценка од страна на Советот за оцена на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје, кој постапувајќи по приговорите на обвинителниот акт, на нејавна седница, одржана на 8.11.2019 година, без присуство на странките во постапката, донесе решение со кое приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.Согласно член 321 став 1 точка 5 од ЗКП, обвинителниот акт треба да ги содржи доказите врз кои се темели истиот. Исто така согласно член 336 став 2 од ЗКП, „при оцена на обвинителниот акт, судијата или советот за оцена на обвинителниот акт го цени обвинителниот акт од аспект на наводите наведени во приговорот против обвинителниот акт, списите на предметот и доказите доставени во прилог на обвинителниот акт“.Се поставуваат прашањата:– како советот кој одлучувал за оценка на обвинителниот акт можел разумно да донесе одлука во однос на истиот, при услови кога дел од доказите наведени во обвинителниот акт воопшто не се прибавени, ниту пак е позната нивната содржина, а воедно и– како може обвинителството да предлага докази кои не се прибавени, односно да го темели обвинението на докази, во овој случај вештачења, чија содржина сè уште не е позната, и за кои не е сигурно дека го поткрепуваат обвинението?1.2 Правна квалификација на делотоШто се однесува на класификацијата на кривичното дело кое му е ставено на товар на првообвинетиот – перење пари и други приноси од казниво дело согласно член 273 став 1 од ЗКП, истата е збунувачка од аспект на самото исполнување на битието на кривичното дело. Имено, перењето пари е илегален процес на стекнување на голема сума пари генерирани од криминална активност, кои навидум изгледаат дека потекнуваат од легитимен извор. Парите од криминалната активност се сметаат за „валкани“, а процесот „ги пере парите“ за да можат да изгледаат „чисто“, односно легално заработени.Перењето пари најчесто е процес кој поминува низ три фази: фаза на пласман, фаза на прикривање и фаза на интеграција. Во првата фаза парите се внесуваат во системот на финансиски институции или во стопанството, во втората фаза се врши прикривање на изворот на средствата по пат на креирање на цел систем финансиски трансакции коишто имаат за цел да го оневозможат следењето на трагата на сомнителните пари, додека пак интеграцијата претставува последна фаза во процесот на перење пари.Во оваа фаза парите се интегрирани во легитимниот економски и финансиски систем и претставуваат составен дел од вкупните средства во тој систем.2. Директивата на Европската заедница 2005/60/ЕЗ за спречување на користење на финансискиот систем со цел перење пари и финансирање на тероризам, перењето на пари го дефинира како „прикривање на вистинската природа, изворот на парите, претворање и пренос на имотот (средства) во смисла на прикривање на незаконско потекло, односно здобивање, поседување или употреба на средства стекнати од казниво дело.3. Оперативната Група за определување на дејствија за спречување перење пари и финансирање на тероризам – ФАТФ го дефинира поимот за перење пари како „процес преку кој добивките за кои основано се верува дека потекнуваат од криминална активност се транспортираат, трансферираат, трансформираат, конвертираат или се вградуваат во легалните фондови, со цел да се прикрие нивното потекло, изворот, движењето или сопственоста“.4. Нашиот законодавец перењето пари го дефинира како пуштање во оптек, примање, преземање, заменување или раситнување пари од поголема вредност што се добиени со казниво дело или за кои се знае дека се прибавени со казниво дело.5. Сепак, треба да се има предвид дека пуштањето во оптек се однесува на последната фаза од процесот на перење пари, погоре опишана како фаза на интеграција каде парите се интегрираат во легалниот економски систем и се пуштаат во оптек.Да се навратиме на нашиот случај, каде првообвинетиот согласно обвинителниот акт е обвинет за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, и начинот на кој го сторил тоа е со пуштање во оптек на паричните средства што ги прибавил со кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание, имено со купување на луксузен мебел, облека и обувки од модни дизајнери.Оттука, може да се заклучи дека првообвинетиот не сторил дејствија на прикривање на вистинската природа на илегално стекнатиот имот, туку едноставно ги трошел илегално стекнатите пари на материјални добра. Нејасно е зошто купувањето на материјални добра со илегално стекнати пари е класифицирано како кривично дело од чл. 273 став 1 од КЗ, бидејќи таквото дејство, само по себе не го исполнува битието на казненото дело перење пари. Доколку тоа би било така, во тој случај и обвинетиот кој извршил кривично дело кражба и украл пари за да купи храна или облека би требало да биде обвинет како за кражба, така и за перење пари, бидејќи храната ја купил со илегално стекнати пари, односно истите ги пуштил во оптек.Исто така, друго прашање кое поттикнува конфузија е зошто само првообвинетиот е обвинет за кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело, во услови кога сите три лица посочени во обвинителниот акт се обвинети дека земале пари, па доколку е така нејасно е зошто само еден од нив се товари за тоа кривично дело. Доколку пак, првообвинетиот е тој кој ги „перел“ парите и на останатите обвинети, тогаш се покренува прашањето дали можеби обвинетите сториле кривично дело – Злосторничко здружување казниво со чл. 394 од КЗ. Овие прашања во текот на постапката ниту еднаш не беа ниту, коментирани, ниту образложени и фрлаат сомнеж врз целосната правна квалификација на 2 Спречување на перење пари кај финансиските институции, д-р Гоце Трајковски Скопје, 2011 година, стр.10-12 3 (линк) и 4 (линк)5 Чл. 273 став 1 од Кривичен законик кривичните дела кои се ставаат на товар на обвинетите. Имајќи го предвид фактот дека судот не е врзан за правната квалификација од поднесеното обвинение, истиот при своето постапување одлучување е должен врз основа на Кривичниот законик правилно да ја определи правната квалификација на дејствијата согласно наводите истакнати во обвинителниот акт. Така во поткрепа на погоре наведеното, судот можел и требал да го земе во предвид фактот дека станува збор за три лица кои се здружиле со цел да вршат кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна и да квалификува кривично дело Злосторничко здружување согласно чл. 394 од Кривичниот законик.1.3 Пристап до докази и начело на еднаквост на оружјатаКоалиција „Сите за правично судење“ преку своите професионални набљудувачи го мониторираше текот на целиот судски процес. Она што беше детектирано како пропуст во текот на судскиот процес од страна на професионалните набљудувачи е во поглед на почитувањето на начелото на еднаквост на оружјата.Врз основа на тоа што дел од доказите при поднесување на обвинението, односно вештачењата не биле изготвени, на одбраната и беше скратена можноста да се запознае со сите докази кои се ставаат на товар во моментот на поднесување на обвинението. Покрај тоа, одбраната реагираше и на фактот што не и била дадена можност да добие копија од списите на предметот кои се чуваат во јавното обвинителство, а кое право е загарантирано согласно чл. 79 став 2 од ЗКП, а воедно го опфаќа и принципот на контрадикторност и еднаквост на оружјата во постапкaта. Имено, на одбраната и била дадена можност само да направи препис на лице место на доказите кои се ставаат на товар на обвинетите, а со оглед на енормниот број на докази приложени кон обвинителниот акт, апсурдно е иститеда се препишуваат при постоење на технологии кои ги нуди едно модерно општество.Во овој поглед, одбраната се повика на случајот Доленец против Хрватска 6 каде Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) го зазема ставот дека неограничениот пристап до списите на предметот и неограничена употреба на какви било белешки, вклучително, доколку е потребно, и можност за добивање копии на релевантни документи, се важни елементи на фер и правично судење во кривичната постапка.Во конкретниот случај жалителот немал таков пристап, со што му била овозможена еднаквост на оружјето кое нешто претставува повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата. ЕСЧП во истиот случај посочил дека членот 6 од Конвенцијата, прочитан како целина, го гарантира правото на обвинетиот да учествува ефикасно во кривично судење. Концептот на „ефективно учество“ во кривично судење вклучува право на составување белешки за да се олесни спроведувањето на одбраната.Во случајот Галстијан против Ерменија7, ЕСЧП утврдил дека членот 6 од Конвенцијата му гарантира на обвинетиот „адекватно време и простор за подготовка на својата одбрана“ и воедно подразбира дека бранителите имаат право да направат се што е „неопходно“ за да се подготви одбраната. На обвинетиот мора да му се даде можност да ја подготви својата одбрана на соодветен начин и без ограничување во однос на можноста да ги истакне сите релевантни аргументи за одбрана 6 А.бр. 25282/06, пресуда на ЕСЧП од 26 февруари 2010 година 7 А.бр. 26986/03, пресуда на ЕСЧП од 15 февруари 2008 пред судот и на тој начин да влијае на исходот на постапката, и токму поради тоа, истиот има право да се запознае со резултатите од истрагата спроведени во текот на постапката.Понатаму, дел од доказите на кои се темели обвинението, се однесуваат на снимки, кои според одбраната не се автентични и законити и како такви не треба да се земат предвид при донесување на пресудата. Имено, за овие докази нема законска рамка за постапување, за разлика од таканаречените „бомби“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за кои што има утврдена законска рамка, додека пак во однос на неовластеното снимање од страна на првообвинетиот, второобвинетата има поднесено приватна тужба против него за неовластено снимање.Согласно чл. 12 став 2 од ЗКП „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот, законот и меѓународнитедоговори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и на нив не може да се заснова судската одлука.“ Исто така согласно член 110 став 1 од новиот Закон за јавно обвинителство, „Јавното обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушкувани материјали.“ Исклучок на ова се само предметите поднесени до надлежниот суд до 30 јуни 2017 година.Оттука, се поставува прашањето кој третман ќе го имаат овие докази во поглед на донесување на одлука од страна на судот и колку истите ќе влијаат при одлучувањето за вината на обвинетите.Во случајот Гефген против Германија8, ЕСЧП утврдил дека при одредување дали постапката како целина била правична, мора да се води сметка за тоа, дали биле испочитувани правата на одбраната. Она што особено треба да се испита, е дали на жалителот му била дадена можност да ја оспори автентичноста на доказите и да се спротивстави на употребата на истите. Покрај тоа, мора да се земе предвид и квалитетот на доказите, како и околностите, во кои истите биле прибавени и дали околностите фрлаат сомнеж врз веродостојноста или точноста на доказите. Од една страна, не треба по автоматизам да се укажува на проблем со правичноста на постапката во случаите каде прибавените докази не се поткрепени со друг материјал, а од друга страна, може да се каже дека во случаите каде доказите се многу силни и каде не постои ризик истите да се неверодостојни, потребата од поткрепување на доказите е соодветно на тоа послаба.Еднаквоста на оружјето е карактеристично обележје на правичното судење.Таа бара да и се даде разумна можност на секоја страна да до изложи својот случај под услови што не ја ставаат во значително подредена улога во однос на другата страна.На 09.04.2020 година одбраната на првообвинетиот во постапката поднесе предлог до судот за вештачење на неговиот мобилен телефон со образложение декаистиот не е целосно вештачен. Јавниот обвинител се спротивстави на предлогот на одбраната со образложение дека мобилниот телефон е вештачен само во периодот за кривичноправниот настан кој што е опишан во обвинението. Ваквиот предлог на одбраната судот го одби како неоснован Имено, важно е да се напомене дека мобилниот телефон на првообвинетиот во истражната постапка со наредба на јавниот обвинител е одземен, па оттаму одбраната немаше можност да изготви свое вештачење со оглед на тоа дека немаа пристап до телефонот. Она што дополнително се јавува како дилема е тоа што јавниот обвинител на 26.05.2020 година во своите завршни зборови направи измена на обвинителниот акт во точката 2 каде што се проширува периодот за сторување на кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“ односно дека од ноември 2017 година обвинетиот Бојан Јовановски ги пуштил 8 А.бр. 22978/05, пресуда на ЕСЧП од 01 јуни 2010 година парите во оптек. Оттаму, се поставува прашањето дали е целосно извештачен мобилниот телефон со оглед на тоа дека истиот е само вештачен за периодот ноември 2018 година – април 2019 година, период кој што е наведен и во самиот обвинителен акт.Во членот 70 од ЗКП, се детално наведени правата на обвинетиот кој што ги има во текот на кривичната постапка, а како едно од основните права е обвинетиот да има доволно време и можности за подготовка на своја одбрана, да има можност да се изјасни за фактите и доказите што го товарат и да ги изнесе сите факти и докази што му одат во прилог. Исто така, членот 305 од ЗКП дозволува бранителот на обвинетиот во постапката да може да му дава предлози на јавниот обвинител за преземање на определени истражни дејствија за собирање на докази. Согласно законот по кој што се води оваа постапка, одбраната има право да ангажира технички советник за одредени стручни прашања или пак за оспорување на вештачењето. Со оглед на одлуката на судот за одбивање на предлогот на одбраната за вештачењето на телефонот, се поставува прашањето дали е целосно почитувано начелото на еднаквост на оружјата, како и дали беа почитувани правата на обвинетите целосно во оваа постапка согласно законот?Европскиот суд за човекови права има заземено став и донесено повеќе пресуди поврзани со повреда на чл.6 од ЕКЧП што се однесуваат на начелото на еднаквост на оружјата. Според ЕСЧП, не се почитува еднаквоста на оружјата во случаите кога било одбиено барањето на обвинетиот за презентирање алтернативно експертско мислење. Со оглед на тоа што на обвинетиот не му било овозможено да го оспори вештото мислење презентирано како доказ од јавниот обвинител, ЕСЧП оценил дека обвинетиот бил лишен од можноста да изнесе аргументи во своја одбрана под истите услови како и обвинителството.9 Правилата за прифатливост на докази понекогаш може да бидат спротивни на принципите на еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка, или да влијаат на правичноста на постапките. Во контекст на вештачењата, правилата за нивна прифатливост не смеат да ја одземаат можноста на одбраната да можат да ја побијат нивната содржина, особено со алтернативни наоди и мислења. Поради тоа, во одредени околности, одбивањето да се дозволи алтернативно вештачење на материјални докази може да се смета за повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата (Матитстина против Русија)10Она што треба исто така да се потенцира во однос на овој доказ предложен од обвинителството, а според ставовите на ЕСЧП е дека наредбата за вештачење на телефонот на првообвинетиот е дадена од страна на ОЈОГОКК која што е странка во постапката и е користен како доказ против првообвинетиот, а вештачењето не е направено по наредба на судот. Ова остава дополнителен сомнеж кај обвинетиот за непристрасно и независно вештачење односно подготовка на стручно мислење. ЕСЧП смета дека ваквиот начин на постапување на судовите значи дека обвинетиот бил лишен од можноста да изнесе аргументи во своја одбрана под истите услови како и обвинителството што според ЕСЧП претставува повреда на чл.6 од ЕКЧП. (Stoimenov vs.Macedonia). 11 9 „Вештачењето и „еднаквоста на оружјата“, Д-р Гордана Лажетиќ – Бужаровска, редовен професор, Д-р Лазар Нанев, вонреден професор, Д-р Олга Кошевалиска, доцент, стр.5 10 А.бр. 58428/10, пресуда на ЕСЧП од 27 март 2014 година 11 А.бр. 17995/02, пресуда на ЕСЧП од 5 јули 2007 година1.4 Измена на обвинителен акт / предлог за изрекување на мерка проширена конфискацијаПо завршувањето на доказната постапка, со давањето на завршните зборови јавниот обвинител направи „прецизирање на обвинението“, конкретно во делот кој се однесува на првообвинетиот Бојан Јовановски, поточно дека истиот ги пуштил во оптек парите прибавени со кривичното дело „примање награда за против законито влијание“ во период кој започнува од месец ноември 2017 година и завршува со 15.07.2019 година, на кој начин обвинетиот го сторил кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од член 273, став 1 од КЗ.12 Со измената на обвинителниот акт, јавниот обвинител воедно предложи сите привремено одземени предмети од обвинетиот да бидат конфискувани со мерката проширена конфискација.Ваквата измена на обвинението покренува неколку прашања, од кои основното е поврзано со праксата на јавните обвинители да вршат измени во обвинителните акти и предлози со давањето на завршните зборови, прашање кое е често дискутирано помеѓу правниците. Измената на обвинението е регулирана со членот 393 од ЗКП, согласно кој член ако обвинителот оцени дека изведените докази укажуваат дека се променила фактичката состојба изнесена во обвинението, може на главната расправа да го измени обвинението. Заради подготовка на одбраната главната расправа може да се одложи“.Согласно ваквите одредби од ЗКП очигледно е дека интенцијата на законот е да дозволи соодветно време за подготовка на одбраната во случај кога со обвинението се прават суштински, а не технички исправки, па поради тоа било која измена на обвинението која се однесува на поврзаност на пресудата со обвинението во смисла на член 398 од ЗКП не би смеела да се направи со давање на завршните зборови, туку во текот на доказната постапка, како би можело во дополнението на доказната постапка согласно член 394 од ЗКП, со цел да се пружи прилика на одбраната за побивање на изменетото обвинение.13Во конкретниот случај, јавниот обвинител го прошири периодот во кој е сторено кривичното дело „перење пари“ за повеќе од 12 месеци, што претставува промена на описот на делото кое е предмет на обвинителниот акт. Поради тоа, со измената на обвинението со давањето на завршни зборови на јавниот обвинител, судот повеќе и нема можност да и дозволи на одбраната соодветно да се подготви, бидејќи доказната постапка е веќе завршена, а во завршните зборови не смеат да се изнесуваат и презентираат докази.14Второто прашање поврзано со измената на обвинението е од материјална природа, поточно со измената е променет периодот на сторување на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, но не и времето на сторување на кривичното дело „примање награда за против законито влијание“. На овој начин хронолошкиот редослед на настаните добива нелогичен тек, па така парите кои се стекнати со извршување на кривичното дело „примање награда за против законито влијание“ на Првичната верзија на обвинителниот акт го товареше првообвинетиот дека истиот ги пуштил во оптек парите во првата половина на 2019 година. 13 Г. Калајџиев, Г. Лажетиќ, Л. Неделкова, М. Денковска, М. Тромбева, Т. Витларов, П. Јанкуловска, Д. Кадиев, Коментар на Законот за кривичната постапка, Мисија на ОБСЕ во Скопје, 2018 година, стр. 806. 14 Согласно член 398 од ЗКП, пресудата може да се однесува само на лицето кое е обвинето и само на делото кое е предмет на обвинението. Согласно овој член судот не е врзан за правната квалификација на делото, но е врзан со фактичкиот опис на обвинението во смисла на начинот и времето на сторување на кривичното дело.Членот 394 од ЗКП нуди можност по завршување на доказната постапка, а пред давањето на завршните зборови, судот да им овозможи на странките да прибават и презентираат докази кои се однесуваат на новите околности, почетокот на 2019 година, се пуштени во оптек една година порано, односно почнувајќи од ноември 2017 година, кога обвинетото лице сè уште не ги имало парите во владение за да може да го стори кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.Во оваа ситуација судот правилно одлучи да го ослободи обвинетиот за најголем дел од периодот опфатен во измената на обвинението, но сепак истиот прифати дека кривичното дело е сторено почнувајќи од ноември 2019, односно два месеца порано од периодот опфатен со истрагата и обвинителниот акт. Во вакви околности, останува да се види образложението на судот за прифаќањето на дел од измените во обвинението кои настанаа со давањето на завршните зборови на обвинителот.Дополнителни прашања се провлекуваат во поглед на барањето за проширена конфискација, тема со која домашното судство нема практично искуство. Целта на конфискацијата, како посебна мерка е да се оневозможи располагање со нелегално стекнат имот, која се покажува како доста успешна во борбата со организираниот криминал, тероризмот, корупцијата и останатиот финансиски мотивиран криминал. Проширената конфискација е специфичен тип на конфискација, која за прв пат добива широка афирмација со Конвенцијата на Обединетите нации Против транснационален организиран криминал, со која практично се охрабруваат државите да воведат механизми за одземање на имотот стекнат определен период пред сторување на кривичното дело во случаите кога станува збор за тешки кривични дела поврзани со перењето на пари, транснационален криминал, трговија со луѓе и дрога, корупција и слични други кривични дела.15 Истата е понатаму разработена во повеќе документи на Обединетите нации и Советот на Европа, а во главно со проширената конфискација се воведува претпоставка за криминално потекло на имотот стекнат во период пред сторување на кривично дело со кое се стекнува незаконска корист, без притоа да постои судска одлука за конкретна поврзаност на тој имот со некое претходно сторено кривично дело, нешто што е неопходно кај посредната или непосредната конфискација кои го таргетираат имотот настанат како резултат на конкретно кривично дело. Ваквата претпоставка за нелегално потекло на имотот пред сторување на кривичното дело се заснова на криминалниот начин на живот на обвинетиот, а за нејзина реализација неопходно е обвинетото лице да не успее да го докаже легалното потекло на имотот, без притоа обвинителот да мора да докаже надвор од разумно сомневање дека тој имот потекнува од конкретно кривично дело. Во случаите на проширена конфискација ЕСЧП во својата ограничена пракса има одлучено дека е дозволено одредено префрлање на товарот на докажување на легалното потекло на имотот врз обвинетото лице, сè доколку не биде извршено префрлање на товарот за докажување во поглед на вината за кривичното дело.(Филипс против Обединетото Кралство) 16Кај нас, проширената конфискација е регулирана во Кривичниот законик во членот 98-а, кој предвидува дека „од сторителот на кривично дело сторено во рамките на злосторничко здружение со кое се остварува имотна корист и за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и кривично дело во врска со тероризмот од членовите 313, 394-а, 394-б, 394-в и 419 на овој законик за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна или е поврзано со кривичното дело перење пари за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, ќе се конфискува имотот стекнат во временски период пред осудата што судот го определува според околностите на случајот, но не подолг 15 United Nations Convention against Transnational Organized Crime and the Protocols Thereto, United Nations, New York, 2004,16 A.бр. 41087/98 пресуда на ЕСЧП од 12 декември 2001 година од пет години пред сторувањето на делото, кога врз основа на сите околности судот основано е уверен дека имотот ги надминува законските приходи на сторителот и потекнува од такво дело.“ Првото и основно прашање поврзано со предлогот за конфискација е токму во поглед на апликативноста на истата во конкретниот случај согласно дадената дефиниција во КЗ. Од самиот член 98-а не е сосем јасно дали проширената конфискација може да се изрече кон сторителот на кривично дело перење пари, кое не е поврзано со кривично дело во врска со тероризмот или со злосторничко здружение? Секако голем број на меѓународни документи го охрабруваат применувањето на проширената конфискација за кривични дела кои придонесуваат кон неосновано збогатување и прикривање на имотот, како што е кривичното дело „перење пари“, но притоа не може да се изземе уреденоста на проширената конфискација во домашното законодавство и претворањето на одредбите од меѓународните Конвенции во домашните закони. Впрочем, во оваа насока е битно да се истакне дека голем дел од конвенциите кои Македонија ги има ратификувано исто така овозможуваат и ги охрабруваат државите да овозможат примена на проширената конфискација и за кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба, давање и примање поткуп и други коруптивни кривични дела, кои согласно домашниот КЗ не се подобни за изрекување на проширена конфискација. Ова значи дека меѓународните документи даваат општа правна рамка во која националните законодавства имаат голема слобода како да се движат, на кој начин и до кој степен да ги имплементираат механизмите кои конвенцијата ги промовира. Во контекст на ова говори и фактот што конфискацијата на имот е како ретко кое друго поле од кривичното право, бидејќи постојат големи разлики помеѓу националните правни системи во поглед на начинот на кој истите ја регулираат конфискацијата, поради што голем дел од државите имаат концепти кои не се компаративни со концептите во други правни системи17. Конкретно ако се анализира користената терминологија на членот 98-а од КЗ, може да забележиме дека кривичните дела од областа на тероризмот и злосторничкото здружување се директно таргетирани со проширената конфискација, но терминологијата налага кривичното дело перење пари да е поврзано со некое друго кривично дело, односно истото не е директно и самостојно посочено како останатите две групи на кривични дела. Во овој контекст, може сосем логично да се тврди дека кривичното дело перење пари е ставено како дополнителен алтернативен услов за изрекување на проширената конфискација во случаите кога е сторено кривично дело од областа на тероризмот (пропишана казна од најмалку 5 години или поврзаност со кривичното дело перење пари), и ваквото тврдење да има иста логичка вредност како и тврдењето дека „перењето пари“ е посебно и самостојно предвидено како дело за кое може да се изрече проширена конфискација.Во ваква ситуација, кога одредбите од КЗ не се доволно јасни и прецизни, мора да се внимава со нивното толкување како не би се нарушила правната сигурност и предвидливост, ниту пак би се навлегло во прекршување на правилото „nullum crimen nulla poena sine lege certa“, поради што е неопходно темелно образложение на одлуката на судот, особено во отсуство на соодветни образложенија на предлогот за конфискација од страна на јавниот обвинител. Во отсуство на било каква судска пракса до сега во поглед на примената на проширената конфискација, постапувањето на судот би требало да биде уште толку повеќе внимателно и темелно образложено.Од друга страна, дури и да се апстрахираме за момент од прашањата поврзани со исполнувањето на битието на делото „перење пари“ со самото трошење на средствата стекнати со кривичното дело (дискутирано погоре), како и на применливоста на проширената конфискација кај 17 Ligeti, K., Simonato, M. Chasing Criminal Money. Challenges and Perspectives on Asset Recovery in the EU, Hart Publishing, Oxford, 2017, p кривични дела „перење пари“ без да постои нивна поврзаност со кривичните дела од областа на тероризмот и злосторничко здружување, повторно наидуваме на препрека која е вредна за дискусија.Имено, она што е јасно во одредбите на членот 98-а од КЗ е дека за да може да се изрече проширена конфискација во врска со кривичното дело перење пари е неопходно да е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, додека пак обвинетиот во конкретниот случај се товари за кривичното дело „перење пари“ од член 273, став 1 од КЗ, за кое е пропишана казна затвор од 1 до 10 години. Повторно, од аспект на правната сигурност и предвидливост, гледајќи ја терминологијата искористена во членот („дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години“, а не „дело за кое може да се изрече казна од 4 години или построга казна“) подразбира дека за конкретното дело најниската предвидена казна мора да биде казна затвор од 4 години, додека во конкретниот случај минималната казна е која е предвидена за делото за кое се товари првообвинетиот е 1 година затвор, во кој случај проширената конфискација не би можела да биде апликативна.Дополнителни прашања кои се провлекуваат како последица на барањето на проширена конфискација се поврзани со кривичната и финансиската истрага, следењето на текот на парите, како и префрлањето на товарот на докажување, како во поглед на легалното потекло на имотот, така и во поглед на докажувањето на постоењето на кривичното дело и вината на обвинетото лице. Она што е веднаш воочливо е што ниту во предлогот за конфискација, ниту во обвинителниот акт, ниту пак на главната расправа јавниот обвинител не ја прецизираше вредноста на имотот кој е привремено одземен и кој е побарано да биде конфискуван.Согласно членовите 530 и 532 од ЗКП, јавниот обвинител е должен да прибира докази кои се однесуваат на имотната корист и висината на износот на нелегално стекнатиот имот, за што има и посебни овластувања да предлага мерки, како и да задолжува институции, правни и физички лица до него да доставуваат податоци и известувања. Иако постојат разлики во поглед на степенот до кој обвинителот треба да ја докаже поврзаноста на имотот со кривично дело во постапките за посредна и непосредна или вредносна конфискација, поточно во постапките за проширена конфискација е дозволено одредено префрлање на товарот на докажување за легалното потекло на имотот врз обвинетото лице, ваквото префрлање не е апсолутно, па така јавниот обвинител сепак има обврска да достави одреден минимум на докази со кои ќе внесе објективен разумен сомнеж за нелегалното потекло на конкретниот имот.18 Во таа насока е и самата дефиниција во членот 98-а според која судот ќе донесе одлука за проширена конфискација кога ќе биде „основано уверен дека имотот ги надминува законските приходи на обвинетиот“, што повторно укажува на одредена обврска на јавниот обвинител да предложи доволно докази со кои основано, а не надвор од разумно сомневање би го уверил судот дека имотот потекнува од нелегални извори. Дополнително, проширената конфискација не е задолжителна секогаш кога се исполнети законските услови, односно кога се сторени кривичните дела наведени во членот 98-а од КЗ, како и согласно тоа што постапката за конфискација се поведува побарање на јавниот обвинител, укажува на тоа дека истиот мора да располага со определен број на докази кои укажуваат на нелегалното потекло на имотот определен период пред сторување на кривичното дело, иако не е неопходно да докаже конкретна поврзаност на тој имот со некое претходно сторено кривично дело. Поради ова, навистина е невообичаено што не е изготвено вештачење на одземените предмети за да се утврди нивната вредност, особено што во конкретниот случај обвинетите лица се товарат дека нелегално заработиле 1 милион евра.Дополнително прашање кое се надоврзува на ова е поврзано со 18 Golobinek Robert, Financial investigations and confiscation of proceeds from crime, training manual for law enforcement and judiciary, Council of Europe 2005 недостигот на докази со кои би се овозможило следење на текот на имотот по неговото набавување нанелегален начин, неговата распределба и располагање од страна на обвинетите, како и неговото евентуално префрлање на трети лица, што во крајна линија го повлекува прашањето зошто барањето за конфискација е насочено само кон едно од обвинетите лица во ситуација кога не постојат доволно докази да укажат на тоа дека тоа е единственото лице кое располага со нелегално стекнатиот имот со кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“?Прашањата во врска со докажувањето на легалното потекло на имотот, во конкретниот случај дополнително се испреплетуваат со докажувањето на вината во поглед на сторувањето на кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ од членот 273, став 1 од КЗ. Во конкретниот случај, привремено одземените предмети за кои е побарана проширена конфискација се истовремено и доказ за сторување на кривичното дело „перење пари“, бидејќи според обвинителниот акт, првообвинетиот ги пуштил во оптек парите стекнати со сторување на кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, на начин што истиот ги купил сега привремено одземените предмети за кои е побарано да се конфискуваат. Ситуацијата е дотолку повеќе искомплицирана доколку се погледнат процесните аспекти на проширената конфискација, па така истата според одредбите на членот 533, став 1 и 2 од ЗКП, ќе биде изречна во случаите предвидени со КЗ, ако обвинетиот во рок од една година од денот на започнување на главната расправа не успее да докаже дека имотот е законски стекнат, а во случаите кога судот ќе донесе пресуда пред истекот на една година, мерката ќе биде дополнително утврдена со дополнителна пресуда по истекот на предвидениот рок. Во конкретниот случај судот ја донесе пресудата пред истекот на рокот предвиден во членот 533, поради што истиот е законски обврзан за барањето за проширена конфискација да одлучи дополнително.Иако ЗКП не нуди одговори на тоа како ќе се спроведе оваа дополнителна постапка во однос на проширената конфискација, кои лица ќе учествуваат и коиправа ќе ги имаат истите, она што вистински е проблематично е настанувањето на една парадоксална ситуација, поточно:• Доколку во конкретниот случај обвинителот не успее да докаже надвор од разумно сомневање дека обвинетиот го сторил кривичното дело „перење на пари“, обвинетиот нема обврска да го докаже легалното потекло на имотот, бидејќи проширената конфискација може да се изрече само од сторител на кривично дело (поврзано со) „перење пари“, па оттука истата нема повеќе да биде апликативна и судот нема да може да ја изрече во овој случај. На овој начин, фактички еоневозможено префрлањето на товарот на докажување на потеклото на имотот;• Обратно, доколку обвинителот во отсуство на доволно докази за следење на текот на имотот успее да докаже дека обвинетиот сторил кривично дело перење пари само врз основ на непропорционалниот сооднос на легалните приходи на обвинетиот со имотот за кој се бара проширена конфискација, ќе се изврши префрлање на товарот на докажување врз вината за кривичното дело „перење пари“, бидејќи истиот не успеал да докаже дека легално ги стекнал предметите од кои зависи постоењето на кривично дело „перење пари“. Ова е особено проблематично доколку се земе предвид фактот што судот во оваа ситуација ќе мора да одлучи за постоењето на кривичното дело „перење пари“ пред да одлучи за легалното потекло на имотот, па така истиот технички ќе донесе одлука за потеклото на имотот пред одбраната да има прилика да ги презентира сите докази што во крајна линија ја доведува во прашање пресумпцијата на невиност.Барањето за проширена конфискација е дотолку повеќе проблематично што на истото може да се гледа како на алтернатива во случај обвинителството да не успее да докаже дека имотот на обвинетиот е поврзан со конкретното кривично дело, или во случај истиот да биде ослободен за проширениот период опфатен со измената на обвинението, имотот да може да се конфискува со проширена конфискација иако е стекнат пред сторување на делото за кое обвинетиот е осуден.Ова е дотолку повеќе битно ако се навратиме на прашањата за недостиг на доволно докази прибрани со финансиска истрага и кои се однесуваат на следење на имотот и откривање на незаконски стекнатата корист со кривичното дело. Во ваква ситуација, проширената конфискација може да биде искористена со цел да се одземе имот поврзан со кривично дело за кое обвинетиот не бил прогласен за виновен, што може да покрене сериозни прашања во однос на пресумпцијата на невиност и правото на фер и правично судење. ЕСЧП сè уште нема воспоставено цврста пракса и сè уште нема дадено прецизен одговор на многу прашања кои се поврзани со конфискацијата на имот, додека од друга страна пак, ЕСЧП применува прилично казуистичен и индивидуалистички пристап, што дополнително придонесува кон неможноста да се најде воедначен и умерен пристап при примената на проширената конфискација. Сепак, она што ЕСЧП го има поставено како критериум на одлучување е поврзано со природата на конфискацијата и нејзината примена како казна или како мерка, при која оцена ЕСЧП не се раководи согласно домашното законодавство туку ги применува критериумите поставени во случајот Енгел и други против Холандија, согласно кои критериуми судот одлучува дали одредена мерка има ретрибутивна, реститутивна или превентивна природа, независно од тоа како истата е регулирана со домашното право.19 Во овој контекст неопходно е да се додаде дека ЕСЧП има одлучено во неколку наврати дека конфискувањето на предмети во кривична постапка кои не се поврзани со организирани криминални групи, без да постои осудителна пресуда, во системите кои немаат воведено цивилна конфискација (во кои спаѓа и Македонија) може да претставува прекршување на членот 6 и членот 7 и членот 1 од Протоколот 1 на ЕКЧП, особено доколку истата се применува како прикриена казна во случаите каде обвинителството не може да го докаже надвор од разумно сомневање постоењето на кривичното дело.20. Поради ова е судот правилно одлучи што не го прифати барањето за проширена конфискација, па истиот одреди посредна конфискација, односно одземање на имотот во кој е претворена нелегално стекнатата имотна корист со кривичното дело. Иако изрекувањето на конфискацијата на имот е за поздравување, особено доколку се земе предвид дека конфискацијата се изрекува прилично ретко, особено во случаите поврзани со корупција, сепак ваквата одлука на судот повлекува неколку прашања.Првото и основно прашање се однесува на идентификувањето на имотот кој е стекнат со кривичното дело и кој се конфискува, а е поврзано со отсуството на податоци како во барањето на обвинителот, така и во одлуката на судот во врска со висината и потеклото на имотот кој се конфискува. Тука треба да се земе предвид првенствено фактот што со изрекување на непосредна, посредна или вредносна конфискација, обвинителот носи поголем товар на докажување на потеклото на имотот и поврзаноста со кривичното дело отколку кај проширената конфискација. Дополнителен факт кој треба да се има предвид е незаконски стекнатата имотна корист од 1.5 милиони евра, а имотот кој треба да се конфискува се состои од луксузни добра, како скапа облека, накит и уметнички слики. Поради овие околности, се јавува оправдан сомнеж дека со одлуката за конфискацијата на имот не е опфатен целиот незаконски стекнат19 А.бр. 5370/72, пресуда на ЕСЧП од 23 ноември 1976 година 20 Суд Фонди и други против Италија 75909/01; Варвара против Италија 17475/09; Парапониарис против Грција 42132/06; Герингс против Холандија 30810/0 имот, или пак истиот не е одземен од сите лица кои се стекнале со ваква незаконска корист порадисторување на делото.Дополнителни прашања во постапката се јавуваат во поглед на тоа во колкава мера судот е врзан со барањето за конфискација на јавниот обвинител? Имајќи предвид дека во конкретниот случај обвинителот побара проширена конфискација, а како што беше напоменато и погоре, во такви случаи законот дава рок од една година од започнување на главната расправа обвинетиот да го докаже потеклото на својот имот. Доколку судот донесе пресуда пред завршување а рокот од една година, што беше случај во овој предмет, истиот согласно член 533 од ЗКП ќе определи дополнителен рок и во поглед на барањето за конфискација ќе одлучи со дополнителна одлука. Иако во овој случај, со оглед на тоа што обвинителот го поднесе барањето за проширена конфискација со завршните зборови, како и со оглед на тоа што судот ја определи конфискацијата со пресудата, неколку денови по давањето на завршните зборови и тоа врз основа на членовите 97, 97-а и 98 од КЗ, а не и на 98-а, ефективно беше скратен периодот од една година кој ЗКП го предвидува како гаранција за правата на обвинетиот кон кого е насочено барањето за проширена конфискација.ЗаклучокПочитувањето на основните човекови права и придржувањето до пишаните одредби од процесните закони во судските постапки е клучно за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, особено во овие моменти кога довербата на граѓаните во јавното обвинителство и судството е сведено на минимум. Судот е должен да спроведе транспарентна постапка, а одлуките кои ги носи да бидат темелно образложени и засновани на доказите презентирани во текот на постапката со цел пресудата да не биде заснована на шпекулации или претпоставки.Автори:Дарко АврамовскиИвана ПетковскаЕмилија Спасовска

Македонија | пред 3 години

granica-so-srbija

Во Македонија може да се влезе и без сертификат или потврда за вакцина

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.На денешната седница Владата донесе одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

И синот на Кочо Анѓушев тера нов бизнис, отвора бренд среде Скопје

Огнен Анѓушев, синот на бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервјуто за Машки магазин откри дека лансира свој моден бренд.Брендот кој е наречен „ZERO“ ќе нуди гардероба за жени, а неговата продавница ќе биде сместена во центарот на Скопје и своето отварање ќе го доживее на почетокот на наредниот месец.Младиот Анѓушев ја потврди веста за влез во модниот пазар, а како што објасни, тој уште од мал имал пасија кон модата. Огнен во даденото интервју истакна дека и поради својата детска пасија завршил моден дизајн на престижниот италијански факултет „Институто Марангони“.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања