ТОП

Screenshot-2022-04-24-at-00.58.29

(ВИДЕО) Во полн сјај блесна црквата св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, илјадници верници го дочекаа Велигден

Биењето на камбаните во храмовите на Македонската православна црква, точно на полноќ, ја најавија радосната вест за воскресението Христово. Илјадници верници ги посетија црквите и манастирите во Скопје. Во полн сјај блесна и црквата св. Петар и Павле во Ѓорче Петров.Велигден е најголемиот христијански празник, Празник на победатата над смртта. Ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Веста за христовото воскресение вечерва на полноќ ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири.Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивека, а почнува на Велики Четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта Христова и спасението.

Скопје | пред 3 години

0-02-05-f5a2ab0cdde424505eb5f428bb4fa9dc8e3c27b375375481fe84bc5333fc28cf_26e03db5372

(ФОТО) Блесна Плаошник во Охрид, се слави Христовото воскресение

Илјадници верници веста за Христовото воскресение синоќа на полноќ ја дочекаа во Светиклиментовиот храм на Плаошник.Покрај охриѓани имаше голем број домашни и странски гости. Сплотени со свеќи во рака и желби за подобро утре го прославија најголемиот христијански празник.Инаку преполни со верници беа и сите градски цркви.За продолжениот празничен викенд во древниот Охрид има голем број на гости од земјава и соседството.Најголемиот православен празник, Велигден, кој ја слави победата на животот над смртта, од годинава продолжи да се чествува како што беше пред пандемијата.

Македонија | пред 3 години

market

Вработен во маркет во Карпош нападнал купувач

На 22.04.2022 во 15.45 часот К.П.(81) од Скопје, пријавил дека на 21.04.2022 околу 15.15 часот на подрачјето на Карпош откако излегол од маркет двајца од вработените му рекле да ја врати корпата која што ја носел со себе, а кога пријавителот рекол дека сака да ги однесе продуктите до неговиот дом бидејки живеел блиску едниот од нив физички го нападнал. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

znaminja-777x437

„Или Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ или ќе стане неформална втора бугарска држава“, вели Димовски

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако историјата и јазикот се дел од обврските на Македонија спрема ЕУ, тогаш Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ или ќе стане втора бугарска држава.„Доколку идентитетските праша, историјата и јазикот станат дел од обврските на Македонија спрема ЕУ,во преговарачката рамка,тогаш Македонија илиникогаш нема да стане членка на ЕУ илиќе стане како неформална втора бугарска држава...“, вели Димовски

Коментари | пред 3 години

278873020_10221878718138642_7081064419741762252_n

ФОТО: Се распадна фасадата на Владата

Стефан Богоев на социјалните мрежи објави фотографии од фасадата на Владата на Република Македонија.На фотографиите може да се забележи распаднатата фасада на владата, која беше направена во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.„Криминалот на режимот на ДПМНЕ ден денес го плаќаме...“, напиша Богоев во описот на фотографиите.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-23-at-11.06.23

Космички јајца за Велигден – оваа шара може да ја добиете од само еден чај

осмички јајца со посебен дезен како небо полно со ѕвезди и специфична боја која не може да се купи – тајната е во природното фарбање на јајцата со чај од хибискус.Ова е исклучително брз и лесен начин за украсување јајца, а вие добивате необична, оригинална и интензивна боја, толку волшебна што вашата велигденска корпа и трпеза ќе блеснат.Постојат различни начини за бојадисување на јајцата на природен начин.На пример, виолетова боја се добива со готвење виолетова зелка, добро познатиот кромид дава кафено-бордо нијанса, додека куркумата е ненадмината кога се работи за пастелно жолта боја.Важно е да се користат бели јајца на природен начин на бојадисување, со цел бојата подобро да се прими.За да обоите јајца со хибискус, потребни ви се:10 бели јајца80 гр чај од хибискус1 лажица сол800 ml вода (400 ml во секој сад)маслоцрвена гел боја на јајце (опционално)Подготовка:Во тенџере ставете јајца и сол, па на класичен начин сварете ги јајцата. Поделете го хибискусот во два сада, по 40 гр, а потоа истурете 400 мл вода и 50 мл алкохолен оцет. Се остава да отстои неколку минути, па се додаваат по 5 јајца.Оставете ги јајцата да отстојат во боја најмалку 3 часа, полека извадете ги со лажица и наредете ги на салфетка, ќе добиете интензивна боја и дезен кој потсетува на ефектот на мермер.Оставете ги јајцата целосно да се исушат, па ако сакате, можете дополнително да ги разубавите со додавање на гел боја.Во топла вода ставете кесичка гел боја да се загрее, а потоа истурете неколку капки на ракавицата, а потоа истријте ја бојата на јајцето.Двете бои совршено ќе се спојат и ќе добиете прекрасен дезен кој можеме да го наречеме „космички“ јајца. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло да блеснат.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-18.21.22

„Картонска макета од Груевски ќе ги лежи изречените казни?“, јавноста реагира по новата казна за експремиерот

Кривичниот суд Скопје изрече првостепена пресуда за случајот „Плацеви на Водно“. Никола Груевски, Сашо Мијалков и Јордан Орце Камчев осудени се на вкупно 9 години и 3 месеци казна затвор. Никола Груевски доби казна затвор од 7 години плус парична казна 3500 евра. Ова наиде на многу реакции, особено откако судијата Илија Трпков посочи дека обвинителката Лиле Стефанова докажала дека експремиерот си купувал имот од парите кои симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ иг донирале за партијата. За имотот, Стефанова пак посочи дека е во вредност од три милиони евра. Ова не е прва затворска казна за Груевски, тој претходно е осуден во случајот за набавакта на Мерцедесот и „Шамари во Центар“.https://twitter.com/Berberot2/status/1517561995058425856https://twitter.com/srce_swatko/status/1517559338042372097https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1517205197235400704https://twitter.com/februar1967/status/1517196352329068544https://twitter.com/VidanaDeSign/status/1517192025971568640https://twitter.com/ddimkooooo/status/1517188550319607810https://twitter.com/jabandzija/status/1517180977159753733https://twitter.com/mancesterovec7/status/1517176285478498306https://twitter.com/evrosimoski/status/1517147403459039232https://twitter.com/tviterana/status/1517148364860579841https://twitter.com/DingoOdKratovo/status/1517129249651576832

Коментари | пред 3 години

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Силен земјотрес почуствуван во Скопје

Силен земјотрес се почуствува во Скопје. Жителите, особено оние кои живеат во згради, се исплашени од силината на потресот.Според информациите од глобалните апликации за регистрирање на земјотреси, станува збор за потрес од 5,2 степени по Рихтеровата скала, регистриран во Босна и Херцеговина. Локацијата е 44 километри од Мостар.Поради силината, земјотресот е почуствуван и во Србија, како и Словенија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-22-at-12.34.18

(ФОТО) Боки 13 се отвори пред јавноста: Овие слики се товар на судијките, Русковска, докторите, кој ќе го носат цел живот

Бојан Јовановски-Боки 13 објави фотографии од првото рочиште за случајот „Рекет“. Тој вели: „Овие слики ќе одбележат еден период од мојот живот за кој ќе зборувам описно и детално кога ќе дојде време. Многумина се радуваа кога ме видоа во оваква состојба, ликуваа, се потсмеваа, ме понижуваа, едноставно овие слики беа кулминација на малодушноста и злобата на поединците кој со сета сласт ги шеруваа и публикуваа овие слики со најгрозни коментари“.Тој додава дека фотографиите се грозни, па објаснува: „Но единствено би сакал да знаете дека еден ден пред да почне судењето кај омилените и инструирани судии Васка Николовска-Масевска и Софче Гаврилова-Ефремова и пред овие слики бев буквално исфрлен, како куче скитник, од болницата 8-ми септември, со недовршена инфузија и канила на раката, по налог на директорот на болницата (другар на Заев), под наредба и закана директно од Русковска, наредба да бидам испуштен од болница во катастрофална здравствена состојба на судиите и чинителите од власта ( кој мислат дека се богови на земјата ). Токму оние судии кој по секоја цена мораа да ја извршат зададената задача, кршејќи ги сите законски норми и да ме осудат по секоја цена!!!“.„Овие слики не се мој срам, овие слики се срам и товар кој погоре опишаните ќе си го носат додека се живи!!! Нека трепкаат овие слики и нека бидат синоним и приказ што значи вистинска тортура во 21 век!!! Денеска е Велики петок, најтажниот ден во христијанскиот свет, денот кога Исус бил мачен, камшикуван, осуден на смрт и распнат, последните негови зборови биле : "Господе, опрости им, оти не знаат што прават", а јас како скромен верник и христијанин ќе кажам, Господе, само твојот суд е вистински и суди им по твоја воља. Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот“, пишува на профилот на Фејсбук.

Коментари | пред 3 години

policaec-policija-skopje

Апсења за дрога, кражби, нелегално оружје - акциите на МВР во изминатиот ден

Денеска (22.04.2022) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово. По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка. Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 21.04.2022 во 21.50 часот во тетовско Долно Палчиште полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Џ.Р.(47) од тетовско Синичане. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба на плац за градежни работи, сопственост на А.А. од истото село. Џ.Р. е приведен во полициска станица, а кај него се пронајдени предметите од извршеното кривично дело, кои што подоцна со потврда му се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 21.04.2022 во 18.10 часот во казино на подрачјето на Драчево од полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија е лишено од слобода едно лице од с.Палиград, скопско, затоа што при претрес во казиното, извршен со судска наредба од Основен кривичен суд, во просторија од казиното била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 21.04.2022 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, Б.Ј.(82) од Скопје пријавил дека на ул.„Бледски договор“ бил каснат од куче скитник.На 21.04.2022 во 14.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Д.М.(34) од тетовска Вратница. За него постои основано сомнение дека е извршител на повеќе тешки кражби на подрачјето на Теарце. Д.М. е приведен и задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.На 21.04.2022 во ОВР Кичево приведен е Б.Р.(63) од кичевското село Подвис. При претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа ловна пушка „Оразара“ калибар 16 мм и десет ловни патрони, што нелегално ги поседувал. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 21.04.2022 во 14.10 часот во Полициска станица Бит Пазар, А.А.(30) од Скопје пријавила дека на ул.„Серава“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.На 21.04.2022 година од 15.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 15 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (08 - надвор од населено место, 07 - во населено место).На 21.04.2022 во 19.00 часот во Полициска станица Карпош, Д.П.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Багдадска“ бил каснат од куче скитник.

Македонија | пред 3 години

278738423_295500109427190_3599212943445185598_n

“Се разгледува можноста за поставување картонски шалтерски работници, откако картонските полицајци дадоа резултати”, не престануваат исмејувањата со Оливер

Нова превентивна активност на подрачјето на СВР Тетово е отпочната денеска, соопшти МВР, и тврди дека тоа дало забележителни резултати. Станува збор за макета на полицаец со радар, која полицијата почна да ја користи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.Ова се дел од реакциите на јавноста.https://twitter.com/young_popeto/status/1517395531261227009?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/dzodzomiller/status/1517392260387721218?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1517388377724801026?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/L_Traveler__/status/1517292096629129216?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/Yoda_mk/status/1517380076991561728?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/zlatkothegoldy/status/1517378607177424898?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/seirdotmk/status/1517358997665374208?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/Ljube_A/status/1517275889758879754?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/CheGuev21277156/status/1517240320123195392?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/mancesterovec7/status/1517249183123746816?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/gorge_kocev/status/1517246862729920512?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnwhttps://twitter.com/adzi_jankula/status/1517239493312528384?s=20&t=i3WlK1uCzS9lMZyaZSSbnw

Коментари | пред 3 години

36730220_10156615781172716_2315088677937610752_n

Груевски со остра реакција по затворската казна: Но, ништо не е вечно… Ќе дојде добро време!

Откако судијата Илија Трпков му изрече седум години затвор за предметот „Плацови на Водно“, експремиерот Никола Груевски реагираше на социјалните мрежи. Тој вели: Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година“.„Исто како и тогаш: во име на народот. Една модерна инквизиција во која жртвата пред судењето да почне е веќе осудена и неформално е договорена и висината на казната помеѓу спрегата власт-опозиција-судство. Само политиката има сила да го смени тоа, бидејќи таа го создава. Време во кое судиите за да не си направат личен проблем за себе, во ваквите процеси не судат по закон и со реални докази, туку прифаќаат изјави на уценети сведоци од обвинителството и власта кои се темелат на претпоставки, па така и ги именуваат (самите тие сведоци не кријат дека кажуваат претпоставки) и како тежок преседан се прифаќаат како неспорни докази лажни искази на обвинети на кои во истиот и/или во други предмети кои ги води истиот обвинител им се заканува сериозна казна, па за да се спасат од прогонот подготвени се на се. Тие лица исказите и одбраната ја менуваат од час во час, особено одкако ќе ги стават во притвор кој во Македонија е инструмент за тортура и изнуда на лажни изјави и лажни признанија.nПРЕТПОСТАВКИТЕ именувани како претпоставки од самите уценети сведоци, судиите подоцна ги именуваат со зборот “ФАКТИ”. ЧУВСТВАТА на некој уценет сведок за една или друга работа, за кој самиот сведок вели дека му биле чувство и ништо повеќе, судиите ги именуваат со зборот “ДОКАЗ”, независно што самиот сведок ги именува како чувства“, пишува Груевски.Според него, пресудите и висината на казните се одредени уште пред да почне судењето.„Се другото е “театар” за јавност, односно време на пропаганда кога и јавноста треба да се убеди, што завршува со долг политички говор и некаква психолошка анализа на судијата, бидејќи за правна нема реални аргументи.Аудио снимки се прифаќаат како доказ кога им одговара на обвинителството и судот, односно на власта за да осудат некој што им е таргет, но ако истите треба да докажат дека таргетираното лице нема вина, тогаш истите не се дозволува да се изведат како докази. Обвинителството и судот можно е да те прогласат дека си земал голема количина пари од некаде, без било каков доказ, матерјален доказ или изјава на сведок, односно без апсолутно ништо што наведува или уште помалку го докажува тоа, и без никаков срам да ја почнат реченицата со зборовите односно фразата: “се докажа дека…” па се продолжува со куп испревртени тези креирани да си го покријат сопствениот срам пред јавноста. Ако си политички ставен на острел може да те обвинат и што не си пријавил имот кој не е и никогаш не бил твој и истиот уште и да го запленат заради политичко пропагандни цели, а вистинските негови сопственици да си молчат и уште да се среќни што “извлекле жива глава”, во смисла што незаслужено во една политичка хајка не добиле долгогодишна затворска казна иако често и тие немаат некоја објективна вина за такво нешто да им се случи. Во една таква атмосфера се е можно. Во Македонија во ова време во политички мотивираните процеси не суди судот, туку политиката. Потоа подготвени чекаат сервилните и контролирани медиуми, т.н. аналитичари и т.н. експерти да ја дораспарчат жртвата која нема никаква реална вина и да одслугуваат на политиката. Власта преку правосудниот систем прави што сака, кому сака нешто запленува и во колкава сака вредност независно од се, кому сака не запленува, зависно од близината со неа. Нема критична маса меѓу стручната елита која е спремна да постави логични прашања колку и да гледа беззаконие и апсурдни процеси. Но, ништо не е вечно… Ќе дојде добро време“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

DSC_0070

Божиновски: До кога ќе трпиме да сме омаловажувани како народ

До кога ќе трпиме да сме омаловажувани како народ? Очигледно нашите вредности не се исти со оние на ЕУ, барем не со Бугарија и Грција, вели Божидар Божиновски.„Додека овде живеат повеќе народи и уживаат права кои им се заслужени како граѓани на Македонија во Бугарија и Грција нашите воопшто немаат права. Не им е гајле ни за суд во Стразбур, ни за ништо… Си тераат. То е проблем на ЕУ што дозволила такви членки да има.Нашиот проблем е по секоја цена да се приклучиме на друштво кое очигледно не нѐ сака. И нема потреба да нѐ сакаат таму. Македонија е независна 31 година, со соседи кои само на душмани можеш да им ги посакаш и пак - еве нѐ. Многу значи за средување на внатрешните проблеми поддршка од ЕУ ама ако не сакаат да ја дадат не мораат. Мала држава сме, во која најголем дел од населението има изгубено доверба. Тука што сме мали е предност, може да се средиме побрзо.Едноставно на таа маса нема што да бараме. Ќе се преживее и без ЕУ“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

235800648_425771962195307_1037075062295838406_n

Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 20.04.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит и ќе изнесува 84,50 ден/лит.Од 22.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,086%, кај дизелот има зголемување за 0,807%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,890% и кај мазутот зголемувањето е за 0,031%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,065%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-14.08.40

Плацови на Водно: Груевски осуден на седум години затвор, Мијалков на 1 година и три месеци , Камчев доби затвор од една година

По девет месеци е донесена пресуда за предметот „Плацови на Водно“. Според судијата Илија Трпков, обвинетите не стекнале имотна корист за себе туку за Никола Груевски, бидејќи се плашеле од неговата одмаздољубивост.Груевски доби казна од седум години затвор. Мијалков доби 1 година и три месеци затвор. Ристо Новачевски кој е кум на Груевски е осуден на условна казна, која ќе биде затвор во траење од две години, ако во наредните пет години не стори ново кривично дело. Бизнисменот Ненад Јосифовиќ исто така доби условна казна, кој ако во наредните пет години не стори ново кривично дело, нема да одлежи две години затвор.„Како отежителни околности се имаше во предвид околностите под кои се сторени делата, адаптибилноста на обвинетите за да се изгуби патот на парите, висината на износите и начинот на кој биле инвестирани во недвижности. При одмерување на видот и висината на санкцијата ја имаше во предвид и јавноста и интересот. Судот ја ценеше и осудуваноста на Груевски како и фактот дека против Мијалков се водат постапки. Ваквите отежнувачки околности се донесени во корелација со олеснителните околности“, кажа судијата Илија Трпков.Експремиерот и бегалец, Никола Груевски е првообвинет за за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Тој во неколку наврати преку социјалните мрежи од Будимпешта се жалеше дека сите обвинети кои сведочеле против него, тоа го правеле затоа што биле уценети. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за кривично дело перење пари, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.Обвинителката Лиле Стефанова од судијата Илија Трпков, побара на Никола Груевски да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената. Побарана е и конфискација на становите, за кои сведок тврдеше дека се на Груевски, а не се запишани како негова сопственост. Стефанова, за Ристо Новачевски побара обвинетиот да биде условно казнет, додека за обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, обвинителката Стефанова побара минимални казни. Сите негираа вина. Во завршните зборови обвинителката Стефанова наведе дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева.Случајот „плацови на Водно“, стана познат во јавноста пред точно седум години, односно во март 2015 година, кога одекнаа снимките на тогашната опозиција СДСМ за тоа како блиски лица до тогашниот премиер Никола Груевски планирале да купат атрактивното земјиште од илјадници квадратни километри, каде меѓудругото има и преубава шума.Според документите од катастарот, три фирми ги имаа во раце атрактивните локации – фамозната компанија Ексико ДООЕЛ, КАРА и Сирах Инижинеринг.Според обвинителството, плацовите на Водно кај Шестата управа се платени 1,3 милион евра, пари од донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да ги внесе во партиската каса, Груевски ги инвестирал во земјиштето на Водно. Во сето ова, тој не бил сам.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања