ТОП

25012022_PVRSM_Kovacevski_PVRB_Petkov_zaednicka-sednica_2

Кои се тие бугарски барања за кои и Петков знае дека доколку Ковачевски ги прифати наеднаш ќе падне владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, но за да не падне владата Петков истите ги предлага како дел од рамката за влез во ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ковачевски прифаќа бугаризација на Македонија, ако дозволи бугарските барања за негација на јазикот и нацијата да бидат дел од рамката за влез во ЕУ.Кирил Петков во изјава од Бугарија кажа дека против бугарските интереси би било доколку Бугарија инсистира на исполнување на сите нејзини барања пред отпочнување на преговорите со ЕУ, односни дека тоа ќе значи пад на владата на Ковачевски, и дека сите тие бугарски барања треба да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Особено сега кога има влада како таа на Ковачевски која е спремна истите тие барања да ги реализира.Оттука се поставува прашањето, кои се тие бугарски барања за кои и Петков знае дека доколку Ковачевски ги прифати наеднаш ќе падне владата?Дали тие барања задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја?Дали тоа што прифаќа бугарски максималистички барања Ковачевски не сака да побара писмени гаранции за македонскиот јазик, идентитет и историја?Ковачевски наместо да бега од одговори, да каже што е тоа што е тој спремен да го прифати, а би можело да ја сруши владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

koridor-deset34

Да не крадеше СДСМ сега со 900 милиони евра ќе се направеа автопат од Велес до Битола и од Гостивар до Кичево, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски ја краде иднината и на неродените - 900 милиони евра се доволни за 3 автопати, а се трошат за покривање загубите на СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ„900 милиони евра колку што владата ќе се задолжи за овозможување на буџетска ликвидност се пари со кои можеа да се направат над 200 километри автопат.Со 900 милиони евра кои Ковачевски ги троши за покривање на својата неспособност ќе имаше автопат од Велес, преку Прилеп до Битола, и втор автопат од Гостивар до Кичево или од Штип до Струмица.Автопат со Ковачевски нема зошто СДСМ наместо да работи крадеше и несовесно се однесуваше со буџетот, па потроши стотици милиони на матни тендери во РЕК, на тендерите на Рашковски, договорите во четири очи на Мухамед Зекири, диловите на Филипче и Дончев, бизнисите на Заеви.Криминалот на СДСМ сега не чини сите нас, граѓаните на Македонија 900 милиони евра, кои наместо на над 200 километри автопат одат на покривање на расипништвото на СДСМ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

278906856_377045527769199_4717028108165998018_n

Министерот за образование нервозен: Се договоривме, но зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие!

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири излезе со реакција откако СОНК одлучи да продолжи со штрајкот.„Во интерес на учениците и непречен воспитно образовен процес, како и во интерес на наставниците и унапредување на нивниот општествено материјален статус, во текот на вчерашниот ден постигнавме согласност со СОНК , која од претставници на социјалните партнери, а во присуство на највисокото раководство на Европската конфедерација за синдикати за образование, беше соопштена пред целата јавност: 12% повисоки плати во образованието од месец јули, заедничко утврдување на методологија за раст на платите која би се применила од 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор исто така од следната година. Но, зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие. Одлуката на синдикалното раководство денес е променета и тоа на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта. Министерството за образование и наука цени дека премногу настава е изгубена досега и тоа мора да престане. Доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува“, вели Шаќири.Тој додава:„Ги повикуваме директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, од утре да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование. Имаат надлежности и одговараат за непостапување по истите. Исто така, ги повикуваме и родителите/старателите на учениците од утре да продолжат да ги пуштаат/ носат своите деца на училиште. Тие се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат многу да помогнат во нормализирањето на состојбите. Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да им овозможиме иднина на децата. Многумина од нив ги чекаат уписи во средни училишта или факултети. Многумина одлучиле да се вработат по завршување на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не ги уништуваме нивните планови и очекувања. Сите имаме одговорност!“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Училиштата затворени, градинките отворени - решение нема, одлука донесена

Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.Тој по денешната седница истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре.„Советот на СОНК одлучи да продолжи штрајкот и утре се’ до наоѓање на заедничко решение со Владата“, рече Неделков.Како што додаде, градинките ќе ги отворат вратите во интерес на родителите, децата и стопанството кое трпи поради неможноста за згрижување на децата.Советот на СОНК одлучил и да организира голем масовен протест во среда на 4 мај.Неделков пoвтори дека жалат за непријатностите со кои се соочуваат родителите и учениците и повика на разбирање.

Македонија | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-

Уште едно големо зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 % во однос на одлуката од 21.04.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 52,825 ден/кг.Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 84,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 86,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 52,825 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,579%, кај дизелот има намалување за 1,059%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,418% и кај мазутот зголемувањето е за 1,876%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,082%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

prestrelka-dui-2-960x503-1

МВР со детали за пукањето во Чаир: Кој е убиен, а кој пукал

На 25.04.2022 околу 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Браќа Реџепагиќ“ две лица пукале со автоматско оружје. Од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал. Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје. Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

28032022_PVRSM-Kovacevski_Sostanok-vo-Sofija-2

Интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски да внимава што потпишува, интеграцијата во ЕУ не смее да биде процес на побугарчување, вели ВМРО-ДПМНЕ„Бугарските барања и изјавите на Петков за поместување на ветото со услови кои како што вели не треба да се бараат наеднаш, се опасност дека Ковачевски е на пат да потпише или прифати рамка за асимилација на Македонците.Ковачевски и Османи целосно нетранспарентно го водат процесот на преговори, и ги носат граѓаните и општеството пред свршен чин.Ковачевски уште не се изјаснил ниту за клубот Ванчо Михајлов и фашистичките тенденции, тој немаше ниту да реагира на негацијата на Македонците да не беше преголемиот јавен и медиумски револт.Ковачевски се со преговорите се однесува како да не е од овде, па чека првин дали одредена работа ќе наиде на критика на јавноста, за потоа тој да ја осуди или пофали.Ковачевски не однесува целосно не зрело, и тој заради неговиот аматеризам и неспособност е на пат да ја понижи државата.Токму затоа Ковачевски веднаш да побара писмени гаранции од ЕУ за македонскиот идентитет, јазик и историја“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

pukanje-1

Пукање сред Скопје, загина едно лице

Вечерва во СВР Скопје е пријавено пукање од огнено оружје во чајџилница на ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје, при што, според пријавеното се повредени три лица, а едно од нив починало од повредите, велат од МВР за КУРИР. На терен е полиција.

Скопје | пред 3 години

Zemjotres34

Нов земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 3.6 е почувстуван во близина на Делчево во 18:55 часот.Според податоците земјотресот е на 17 км од Делчево на длабочина од 2 километри.Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот.

Македонија | пред 3 години

277601695_5048562138563904_7680181995873981325_n

(ФОТО) Осамнаа пораки од Катица Јанева, извесен е пресврт: Кому угодувала ексшефицата на специјалните обвинители

Екс специјалната шефица на специјалните обвинители Катица Јанева по подолго време на јавноста и најави вистински пресврт. За време на велигденските празници, таа преку социјалните мрежи сподели пораки до целата јавност. Објавите се јавни, не се ограничени, што значи дека можат да ги видат сите.Таа во првата порака објавена на ден Велигден напиша: „Се трудев да угодам на сите, не чинев. Од сега ќе се трудам да си угодам на себеси, и натаму нема да чинам на никого“.Ова предизвика и лавина реакции, јавноста го толкува како прв од низата чекори на Јанева каде таа ќе ја извади целата вистина на виделина и ѝ дава поддршка, како никогаш претходно.Утрово (понеделник), Јанева, го надополни своето излагање. Сподели фотографија со дланка која држи шајки, што симболизира болка. На неа имаше испишано и нова порака.„Од дното стануваат само храбрите. Тоа не е работа за слабите“, пишува на фотографијата.Катица Јанева одлежува казна затвор за случајот „Рекет“. Повеќепати во излагања кажа дека „Рекет“ е резултат на желбата на елити во Македонија да се уништи специјалното јавно обвинителство. Против Јанева, сведочеа и нејзини колешки. Таа на рочиште во Граѓанскиот суд, овој месец рече: „ „Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија по чашка, во предметот Плацови на Водно побараа поблаги мерки за него (Орце Камчев), најголемиот финансиер и перач на пари во историјата на Македонија. Без срам и перде побараа за неговото сторено кривично дела“, а откако таа доби затворска казна по обвинение дека му овозможила поволна позиција на Орце Камчев во „Империја“.Се чини дека Јанева тек сега започнува да најавува вистински пресврти. Особено, што овие пораки доаѓаат за време на големиот христијански празник, но и по нејзиното појавување во јавност на рочиште во Граѓански суд. Таму, Јанева за првпат преку сарказам почна да „удира“ по многу важни и големи лица од македонското општество, како што се бизнисмени, обвинители, политичари.

Македонија | пред 3 години

mkd-548103

Извесно дека учениците ќе си останат дома и оваа неделa, штрајкот продолжува: Можам да изразам само надеж

Владата да најде средства и да се договориме во однос на побарувањата на СОНК, се во интерес на учениците, родителите и наставници, вели претседателот на сонк, Јаким Неделков. Тој рече дека „има сигнали“ за продолжување на преговорите. На прес-конференцијата поддршка на СОНК му изрази Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование - ETUCE. Денеска очекува нова средба со преставници на владата.„Можам да изразам само надеж дека до вечер ќе имаме добри резултати, доколку членството позитивно“, рече Неделков и порача дека е мошне извесно дека штрајкот ќе продолжи и утре.На прес-конференцијата на СОНК учество имаше Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование - ETUCE, која изрази поддршка на СОНК и најави придружување на лидерот на СОНК во преговорите со министерот за образование.Флокен изрази солидарност со синдикалните барања, рече дека јасно ја изразува поддршката и нагласи дека се потребни поголеми вложувања во образованието во Македонија, како и во наставниот кадар.

Македонија | пред 3 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Албанец крадел во Струга

На 24.04.2022 во 14.40 часот на локалниот пат с.Велешта-с.Долна Белица, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Х.А.(56) од Република Албанија. Тој бил затекнат при извршување кражба во плац за авто делови. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево.

Македонија | пред 3 години

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

15 казни за возење без возачка дозвола во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 69 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски: На овој Велигден да помислиме на сите оние коишто страдаат во воените судири, и да им ги посветиме нашите молитви и благослови

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – ВелигденПретседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.„Најискрено ви посакувам празничните денови да ги поминете, пред сѐ, во добро здравје, неизмерна радост и во среќа, исполнети со духовен мир.Вдахновени од Христовото страдање за човештвото и од неговото воскреснување да им дадеме смисла на нашите животи и да ги победиме искушенијата, отворајќи ги нашите срца и споделувајќи безусловна љубов.На овој Велигден да помислиме на сите оние коишто страдаат во воените судири, коишто се погодени од елементарни непогоди, коишто се соочуваат со здравствени тешкотии, на сите оние коишто се без топлината на својот дом, на разделените од семејствата, на сите во беда и немаштија. Ним да им ги посветиме нашите молитви и благослови.Се надевам дека светлината на Велигден ќе ни даде сила и поттик за добра мисла и за добри дела.Христос воскресна!“

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања