ТОП

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Се зголемуваат цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 24.03.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,044 ден/кг и ќе изнесува 56,207 ден/кг.Од 26.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 56,207 (денари/килограм)Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,322%, кај дизелот за 3,210%, кај екстра лесното масло за 2,933% и кај мазутот за 2,240%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,016%.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-25-192122

ВИДЕО: Мизерен пречек и огромна поддршка за фудбалерите среде Скопје

Oткако вчеравечер го победија европскиот шампион Италија во Палермо, фудбалерите се вратија назад Македонија.Од аеродромот, фудбалерите веднаш заминаа на плоштадот Македонија, каде што ги чекаа илјадници навивачи од целата земја кои пееа навивачки песни.Поддршката на плоштадот беше огромна, но ниту Град Скопје, ниту Владата на Република Македонија не се погрижи да организира достоен прочек за фудбалерите.Освен заштитна ограда, на плоштадот не беше поставено никакво озвучување ниту бина, па фудбалерите мораа да викаат за да ги слушне публикатаЈавноста веднаш реагираше велејки дека дочекот е мизерен споредбено со оние кои беа организирани во минатото.Инаку на пречекот не се појави целата македонска репрезентација, а од ФФМ преку социјалните мрежи информираа дека мора да се придржуваат до ковид протоколите.„Заради Ковид протоколи од УЕФА, само неколкумина од фудбалерите ќе ги поздрават присутните на плоштадот. Мора да се придржуваме до протоколите заради видеата и сликите кои се споделуваат, а овој начин на групирање со луѓе надвор од тимот, УЕФА не го дозволува во своите протоколи“, информираа од ФФМ.На плоштадот беше и градоначалничката Данела Арсовска која не ја испушти можноста да се фотографира со дел од фудбалската репрезентација, но не кажа зошто нема целосна организација на овој дочек според примерите од минтатото.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-25-190014

Стотици навивачи ги пречекаа фудбалерите на плоштадот Македонија

 Стотици навивачи со овации, силен аплауз и навивачки песни ги пречекаа македонските фудбалери на плоштадот Македонија.„Ви благодарам на поддршката. Не можевме сите да дојдеме, но дојдовме да ве испочитуваме. Имаме уште еден натпревар и ветувам дека ќе дадеме максимум како што дадовме вчера“, изјави Стефан Ристовки пред присутните.За потсетување, откако со голот на Трајковски Македонија ја победи Италија, во вторник ќе игра против Португалија во финалето за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија | пред 3 години

20220325143806

Детали за опожарениот двокатен автобус

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) објави детали за настанот во кој беше опжарен двокатен „Јутонг“ автобус.„Неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, стои во соопштениетоИнаку возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.Фото Курир 

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-25-at-12.59.43

Се запали автобус на ЈСП во Нерези

Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета.Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета.Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

Скопје | пред 3 години

276302121_7219424114797503_2718225510327017323_n

По голот, Трајковски со порака до македонската јавност

Македонија го победи апсолутниот фаворит со 0:1, а херој на вечерта беше Трајковски кој постигна гол во судиското продолжение и со тоа им ја смрзна крвта на сите италијански фудбалски фанови.Истовремено, офанзивниот фудбалер со овој погодок предизвика еуфорија меѓу македонските навивачи во Палермо и оние кои излегоа низ улиците во Македонија да го слават големиот успех, а сега испрати и прва порака после емоциите кои го донесе кај секој искрен фудбалски фан од нашата земја.– Ова е за моето семејство и за цела МАКЕДОНИЈА!, – порача стрелецот на голот во Палермо.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-24-233317

(ВИДЕО) Ваква атмосфера во Македонија немало одамна, цело Скопје на улица

Со свирежи, развеани македонски знамиња и пароли се слави победата на Македонија во дуелот против Италија. Низ улиците на Скопје речиси веднаш откако заврши натпреварот, скопјани излегоа со автомобилите за го прослави пласманот на Македонија во финалето за Светското првенство.Според видеата објавени на социјалните мрежи центарот на главниот град е целосно блокиран и се пеат навивачки песни.

Скопје | пред 3 години

46

(ВИДЕО) Скопје слави за победата на Македонија, македонски знамиња и свирежи за голот на Трајковски

Со свирежи, развеани македонски знамиња и пароли се слави победата на Македонија во дуелот против Италија. Низ улиците на Скопје речиси веднаш откако заврши натпреварот, скопјани излегоа со автомобилите за го прослави пласманот на Македонија во финалето за Светското првенство. Нема рамнодушни и сите се задоволни од епилогот од мечот кој до последната минута беше неизвесен.Во меѓувреме, македонските фудбалери слават во Палермо, навивачите кои отпатуваа таму низ улиците на Сицилија. Победничкиот гол за Македонија го даде Александар Трајковски.Италија во 30.минута ја имаше најдобрата шанса, а ја создаде Столе Димитриевски. Македонскиот голман сакаше да проигра во средината, топката стигна директно до Доменико Берарди, кој беше во супер можност, шутираше кон празниот гол, но Столе Димитриевски сепак успеа да спаси. Две минути подоцна Николо Барела се обиде од далечина, а во блокот шутираа и Чиро Имобиле и Лоренцо Инсиње.Во 39.минута, Дарко Чурлинов украде топката од стоперите на Италија, тргна сам кон голот на Донарума, но не издржа во спринтот, па Флоренци го стигна и расчисти со лизгачки старт.Во 45.минута, првата конкретна акција и од Македонија, Барди го проигра Трајковски, кој шутираше од 20 метри, но Донарума одбрани.На почетокот на вториот дел, повторно напади од италијанскиот тим, се закани Берарди, еднаш беше непрецизен, а вториот пат Димитриевски одбрани.Берарди во 64.минута имаше уште една убава можност, но во последен момент блокираше Алиоски во корнер.Емерсон во 79.минута упати „бомба“ од 20 метри, но над голот на Македонија.И потоа шок за Италија. Александар Трајковски во 95.минута погоди за 0-1. Од 25 метри упати „бомба“ и го совлада Донарума.

Скопје | пред 3 години

277183385_638698823859074_6624463374336901087_n

Груевски удри по Камчев и кумот: Едниот лаже, другиот се испазарил

Правосудниот систем во Македонија го достигнува највисокиот степен на брутален и невиден политички прогон. Со пресудите и со обвинетите се тргува како на пазар. Се тргува и се продаваат луѓе и човечки судбини заради политички цели, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Или подобра метафора е дека сведоците и обвинетите се принудуваат со пиштол на чело да потпишат или дадат изјава која и е потребна на власта и обвинителството за да ги остварат своите валкани и подмолни зацртани цели. Или поинаку метафорично кажано со веќе вбризган отров и против отров на масата пред нив кој би им го дале доколку потпишат или изјават нешто што обвинителството посакува.Ова не е правда. За правда треба докази а не изнудени лажни изјави со брутални методи кои немаат врска со демократија, кој немаат врска со фер постапка и кој имаат врска само со желба и порив за уништување.Ова е перфидна игра која е полоша и од војна бидејќи во војната сепак има некои правила.Ова не е правда. Преблаго е ако кажам дека ова не е фер, бидејќи станува збор за нешто многу полошо и пострашно. Ова го нема ни во Африка.Ваквиот начин на добивање на пресудите очигледно стана пракса во Македонија, бидејќи поинаку и неможат да ги добијат. Сега сите оние кои немаат доволно силен интегритет и лична доблест, одкако видоа што се случи во Титаник бараат спас во тоа. Од друга страна ова е единствен спас за обвинителството да излезе како некаков победник во оваа валкана игра. Но, тоа ќе биде привремена победа. Тоа ќе биде пирова победа.Во последните денови обвинителката Лиле Стефанова која во последните 7-8 години се занимава речиси без исклучок со конструирани случаи против лица од ВМРО-ДПМНЕ, по истата методологија како во Титаник, нудејќи милост на други обвинети со пресуди кои нема да ги однесат во затвор, очигледно викајќи ги еден по еден обвинетите направила нечесна спогодба како на пазар со повеќето обвинети, со која доколку ги сменат досегашните изјави и целата вина ја префрлат на мене, ќе им даде ослободителна пресуда или блага казна со која не би оделе во незаслужен затвор.Доколку го добие тоа што треба обвинетите да и испорачаат, ќе прати порака на судот за видот и висината на казната, овој ќе ја преточи во пресуда, и нема да следи жалба бидејки обвинителот е задоволен, обвинетите се задоволни, сите се задоволни. Освен правдата, правичноста и вистината, употребени во обид за мое уништување и осудување со долгогодишна казна затвор.Луѓе кои цела година и половина се под тортура, по притвори, под закана, итн, и ги издржаа тие премрежија и предизвици, се бранеа со сите сили, докажувајќи ја вистината, докажувајќи дека обвинението кон нив и кон сите е лажно, невистинито и конструирано, кои ги издржаа сите тие репресии, на крајот кога веќе обвинителството беше пред пораз со овој лажен и конструиран случај, соочени со моќта и безкурпулозната бруталност на власта преку обвинителството, подклекнаа и одлучија да “продаваат” други луѓе за да се спасат. Не се тоа “предавања”, бидејќи предавање претпоставува дека нешто се случило па некој кажал за тоа, туку тоа е прифаќање на нечесната понуда за “продавање”, со цел тргување за сопствен спас, со што прифаќаат срамно да се спасуваат.Конструирањето на политички мотивирани случаи со обезбедување лажни докази во првите случаи на обвинителството пред 7-8 години, преку копии од аудио матерјали чии оргинал никогаш не се презентираше и што е спротивно на закон, а кои беа модифицирани, кратени и селективно објавувани и употребувани во судските случаи, а подоцна и со изјави од уценети сведоци или обвинети на кои им поставуваат услов дека единствен начин да не ги уништат и стават во долгогодишен затвор е давање лажна изјава со која мене би ме обвиниле и осудиле.Прогон во незамисливи димензии, кој еден ден ќе влезат во учебници за партиско контролирани и раководени обвинителства кои вршат политички прогон со најбрутални методи.Денес во судот прв изјава даде обвинетиот во случајот “Плацеви Водно” Ристо Новачевски кого во 2020 година го ставија во притвор со цел да изнудат изјава каква што сакаат, која од тогаш па до денес ја промениле со цел да биде уште полоша за мене.Шпекулациите на медиумите уште кога Ристо Новачевски излезе од притвор без посебни мерки, беа дека е уценет и договорен да служи како инструмент на обвинителството со цел да се спаси со ослободителна, условна или некоја друга ниска или симболична казна, независно дали тоа ќе се случи на првостепениот суд или на повисоките судови се покажаа точни, освен во делот дека тој ќе биде сведок како што очекуваа.Но обвинителството за да го држи под цврста контрола до последен момент, наместо сведок го направи обвинет и буквално му диктира што да каже во денешната изјава.Во обвинителството беа свесни дека во случајот “Плацеви Водно” имаат загубен предмет и на Ристо Н. гледаат како на последна шанса да се вратат некако во игра, иако било кој од стручните лица ако ги прашате ќе кажат дека тежината на исказот на обвинет кога говори против некој друг за себе да се ослободи е никаква, бидејќи се смета дека обвинетиот може да лаже за да си помогне себеси за разлика од сведокот, (освен сведоци кои се исто така обвинети и уценети во друг случај и се под закана во случајот на истиот обвинител во други предмети).Ристо Новачевски денес кажал дека сум го повикал и сум му кажал дека сакам да правам градежна фирма и да се бавам со градежништво, па сум му предложил тој да биде управител.Ристо Н. срамно лаже. Тоа не е вистина. Никогаш не сум помислил да правам градежна фирма а уште помалку Ристо да е управител. Никогаш преку никаква и ничија фирма или лице не сум купил земјиште или станови. Преку овој лажен исказ сакаат да кажат дека кога бев премиер, кога работев по 15 часа на ден да ја при движам земјата напред, и кога Македонија под мое водство како премиер редеше успеси на секое поле, економијата растеше со највисоки стапки во Европа и имавме успешни реформи на секое поле, јас сум сакал да станам градежник. Тоа е бесрамно лага.Ристо Н. денес во изјавата се надминал себеси и од изјавата која ја дал кога бил во притвор во 2020 година. Тогаш таму потпишал исказ дека сум го викнал и сум му понудил да биде управител на фирма на некои странски инвеститори. Тоа е неговата изјава во есента 2020 година. Тогаш не вели дека јас сум сакал да правам градежна фирма туку дека странски инвеститор бара управител и дека тој прифатил.Ова е всушност трета негова изјава на оваа тема и сите три се различни.Во првата изјава во обвинителството уште во август 2015 година тој кажал дека одреден бизнисмен кој за жал денес не е веќе жив го викнал на средба и му го понудил местото управител во фирма на странски инвеститор кој сака да вложува во земја и градба на куќи. На прашање на обвинителот дали Никола Груевски има некаква врска со тоа, Ристо Новачевски одговорил дека Никола Груевски нема ништо со оваа компанија, ниту пак со локациите.За ова, како и за втората изјава постојат записници потпишани од него и секако од обвинителот.Пет години подоцна во 2020 година во втората изјава дадена додека е во притвор и под закана, наместо конкретно споменатиот бизнисмен, како лице кое му понудило да биде управител на странска фирма во сопственост на странски инвеститори, спротивно на претходната негова изјава лажно ме посочува мене, дека јас сум му го кажал тоа.Во меѓувреме во овие година и половина соочена со губење на предметот на обвинителката и дошла на памет уште поконкретна формулација за да ме обвинат мене, па денес во оваа трета верзија во судот се објаснува дека јас не сум му рекол дека е тоа за некој странки инвеститор туку дека е моја фирма и дека јас сакам да се бавам со градежништво со таа фирма.Во меѓувреме заборавија дека на почетокот со месеци, речиси една и пол година ме обвинуваа дека сум сакал да градам куќа во која би живеел.Одкако фотографиите кои ги лиферуваше обвинителството во јавноста со некаква луксузна куќа, се испостави дека се извадени од некој австралиски магазин за убави куќи во Австралија, сега приказната ја променија и тврдат дека сум сакал да имам градежен бизнис на тоа земјиште, што значи да градам и продавам куќи. Практично во самиот финиш го менуваат обвинението.Не разбирам како не им е срам вака лажејќи сами себе да се побиваат, односно да си ги менуваат претходните лаги со нови на начин што и мали деца не го прават тоа во нивните игри.Тоа е срамно лажење, а уште посрамно е со какви средства обвинителството се обидува да издејствува како што тие ова го нарекуваат со зборот “Победа”, кога разговараат со околината за овој и другите случаи од политичкиот прогон.Каква победа е таа со лаги, интриги, изнудени изјави, давање милост во ист или друг предмет против обвинетире, местења на судски случаи и уцени на луѓе да дават лажни изјави во судот за да одбегнат долгогодишен затвор? Тоа не победа. Тоа е зло!Се фалат со докази од меѓународна правна помош од Кипар, а не кажуваат дека ниту сум уплатил таму пари, ниту во готовина ниту жирално преку банка, ниту мој близок уплатил, ниту било кој од Македонија.Едно време тврдеа дека со готовина од партијата прибрана од чланарини и донации сум го купил земјиштето. Од доказите и вештачењата кои сами ги нарачаа излезе дека формата која го купила земјиштето немала примено никаква готовина или популарно наречено “кеш” од никаде.Нивните “победи” се со играње со човечки судбини, со ставање и држење луѓе во притвор додека не им прифатат да дадат изјава каква што сакаат, со уцени и лажни конструкции.Еден експерт во правото кој го познава случајот неодамна ми рече: “Ристо Н. е “измислен обвинет” за да се принуди да дава изјава против тебе. Тој нема прекршено закон, но ставен во притвор и уценет, со влезени инспекции во неговите фирми со цел да ги уништат, доаѓа до заклучок дека и без прекршување закон може да биде осуден во оваа држава, освен ако не даде изјава со која тој нема да биде осуден на ефективен затвор но со лажно сведочење ќе помогне тоа да бидам јас.Ристо Новачевски е крајно контрадикторен во целата изјава. Тој вели дека сум му кажал дека тој треба да биде управител, а Алек (Александар Ивановски) ќе ја завршел работата. А самиот Алек во изјавата кажа дека тој речиси не се познавал со мене. Дека никогаш јас не сум побарал да ми купи земја или стан, ниту било кога сме ја разговарале таа тема.Немањето логика се гледа во тоа што ако Алек ми бил близок за тој да ја “брка работата” зошто Ристо а не Алек би го ставил за управител во ситуација кога навистина би го правел тоа.Подоцна изјава дал и Орце Камчев. Тој во сите негови изјави досега како во обвинителството така и во судот тврдеше дека Ристо Новачевски му го понудил земјиштето да го купи и нему му се допаднало за градба на рехабилитациони центри и затоа го купил.Издржа во неговата борба за докажување на вистината цели осум месеци притвор со тешки репресии и кога излезе од притворот низ неговите прашања кон сведоцие пак го тврдеше истото и куп сведоци донесе да кажат каков рехабилитационен центар сакал да гради и колку му било значајно тоа и дека не увидел никаква поврзаност на фирмата која го продава земјиштето со мене. Дури докажуваше и дека воопшто не сме биле блиски, што е точно.Денеска во очигледно во последните денови координиран договор и тој кажал дека Ристо Новачевски му го понудил земјиштето да му го продаде и дека му рекол дека било мое, а тој го купил плашејќи се од одмазда од мене ако не го купил. Значи било кој што се знае со мене ако му понудил на Орце нешто да купи тој ќе купил без да провери дали е тоа така. Такво нешто Камчев никогаш не би направил, но во лагите се е можно.И Орце Камчев “се испазарил” и “преку ноќ” ја сменил изјавата и погазил се што збореше до сега, изјава за која цела јавност ја убедуваше дека е вистина и жестоко ја напаѓаше обвинителката речиси на секое рочиште дека прави лажна конструкција. Уште и додал дека земјиштето го платил или трампал со некакви три апартмани во некоја зграда со име “Панорама” или слично на тоа, нешто што никогаш не се случило, ниту пак имам или некогаш сум имал такви апартмани во вкупна големина од 750 мкв кои чекале за примопредавање, со што сам се негира дека ми дал некаква компензација.На прашање дали сум ги превзел тие станови, кажал дека не сум ги превзел и дека ми ги чувал Мето Стојчевски, кој е зет од сестра на Орце Камчев. Какви лаги!!! Неверојатно!!! Неможам да поверувам!!!Ниту поседувам такви станови, ниту сум ги договорил со некој, ниту некој ми ветил или ми чува станови некаде, каде незнам ни каде точно е тоа, ниту со некого сум договарал такво нешто.Па вака секој што има станови може да каже еве овие станови кои не ми се продадени ги чувам за Груевски. Еден ден да му ги дадам и да ги превземе.Каква лудост!Ја посочил неговата сестра Тина Камчева, дека наводно преку неа сум му праќал пораки што да правел и како да постапувал. Ако сум сакал да му кажам нешто, зошто тоа би го правел преку сестра му. Па тој во тоа време би долетал да се сретне со мене ско сум сакал да го викнам на средба, како што би долетал кај било кој премиер да го повика. Зошто би одел преку сестри, браќа, зетовци и слично ако ми требало услуга од Орце Камчев?Со Тина Камчева и со Мето Стојчевски се познавам и неколку пати семејно сум се сретнал, но никогаш ниту сум праќал пораки на Орце за некакво земјиште и станови, ниту нешто што наликува на тоа. Претпоставувам дека сега и нив ќе ги викаат за сведоци да го спасуваат со лажно сведочење нивниот брат и шура. Јас незнам како сите овие луѓе мирно ќе спијат после сето ова, како ќе се справуваат со грижа на совест местејќи ме мене за да се извлечат, како ќе живеат со тоа.Во панична реакција за себе спасување Орце Камчев кој судскиот процес го започна со тоа дека ќе докаже дека е невин пред судот заради неговата чест, честа на неговиот покоен татко Илија Камчев и на неговите деца и дека се ова е лажна конструкција против него, за да го заврши панично прифаќајки да биде соработник на власта, и вовлекувајќи ја и неговата сестра и зет во измислени малверзации за перење пари, бидејќи измислената компензација во станови исто така е перње пари.И конечно, Орце Камчев година и пол зборува друга приказна. Јас немам никаква политичка моќ и се прашувам од која одмазда и од кого до вчера кажуваше сосема обратно од тоа што денес го кажа.И извесен Нено Јосифовиќ близок на Орце Камчев кој лично никогаш не сум го сретнал во неговата изјава кажал дека Алек Теранова му рекол дека фирмата му треба за Никола Груевски, а самиот Алек кажа дека никогаш не сум зборел со него на таа тема.Оваа игра е смислена неодамна и е набрзина обмислена, па така многу од денешните изјави се контрадикторни на доказите на обвинителството.Невидена игра, како во холивудски филм. Но во тие филмови секогаш победува правдата и вистината. За сега ми останува да верувам дека порано или подоцна и во оваа голема хајка на власта против мене, во која не се бираат средства, ќе победи вистината“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-01-25-at-10.06.28

Објавени приватните пораки на Драги Рашковски, се зборува за тендер, софтвер, милиони

На денешното судење во кое е обвинет Драги Рашкоски, се читаа пораки од вибер комуникација, а според пораките што ги читаше Трајчева, Даниел Станчев, Ирена Ивановска и Драги Рашковски разговараат за конкурирање на тендер. Пораки од апликацијата Вибер од телефонот на обвинетиот Даниел Станчев од „Инвока груп“, денеска презентираше обвинителката Ивана Трајчева на судското рочиште за случајот „Софтвери“, каде што првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.Првата комуникација што ја презентира Трајчева беше од вибер-група меѓу обвинетите Даниел Станчев, Ирена Ивановска и Драги Рашковски, за кој обвинителката кажа дека бил запишан во телефонот како „Перо 078“.Првата комуникација на „Вибер“ е помеѓу Даниел Станчев и обвинетиот Драги Рашковски запишан (мемориран) со латинични букви „Перо 078“ и обвинетата Ирена Ивановска запишана со латинични букви „Ирена 070“. Станува збор за разговор во група кажа Трајчева и ги презентираше пораките.Првата порака е од 5 јули 2019 година и е со содржина: „Нова аудиобомба за Рашковски_потивко-не смееме да разговараме со Рашковски“. Од „Перо 078“ пораката е: „Чувај ја таа кај тебе. Како доказен материјал“. Следната порака е од „Ирена 070“ која праќа насмевка (емотикон). Потоа, пишува Даниел Станчев : „Кој е крив, Рашко е крив. Во пензија е Б.Ц., треба нов“. Следната е од „Перо 078“: „Перо е крив“. Даниел Санчев враќа: „Да аплицираме со Инвока и ФИНГИ, така? Нема измени?“. Следната е од „Перо 078“, датумот е исти: „Па може“. Следната е од Даниел Станчев: „И да нè зборат, ќе нè зборат за пари, не дека сме се посрале“. Следната порака е „Перо 078“: „Тешко ќе ја направат спојката. Трајче ќе го јаде. Трајче и Перо“. Даниел Станчев враќа: „Перо 50к за проектот за утре. Или повеќе, па да спуштаме?“. „Перо 078“ пишува: „COOB?“ Следната е од Даниел Станчев: „Да“. Потоа „Перо 078“: „Макс“. Станчев: „Нема буџет, ние треба да ставиме од нас“. „Перо 078“: „Има предвиден“. Станчев на ова враќа линк од страницата на Бирото за јавни набавки и пишува: „Падна сајтот на БЈН. Ова го немаше Гоко кога беше директор“. „Перо 078“: „Игор знае колку е буџетот“. Станчев испраќа слика од страната на Бирото за јавни набавки каде освен „Инвока“ има и понуди од други две фирми и пишува: 1.2 и 5.2. конкуренција“. „Перо 078“: „Знам. Ќе ја поништиме“. Станчев: „Има грешка со барањето за цена. Пишано е цена на месец а не вкупна цена“.Комуникација помеѓу обвинетиот Даниел Станчев и обвинетиот Игор Христов заведен како „Игор сервер“ исто така беше читана во судницата. И овие пораки ги презентираше обвинителката Ивана Трајчева.Првата порака е од Даниел Станчев: „Здраво Игор. Кој е буџетот за сооп? За утре?“ на што „Игор сервер“ враќа: 3.6. Станчев вика: „Со ДДВ?“, „Игор сервер“ вика: „Не“. Станчев вика: „3.6 го пишува“. „Игор сервер“: „Да ама стај го 4“. Станчев враќа: „Паднат е БЈН“. „Игор сервер“: „Не. Не пишува“. Даниел Станчев: „4+ДДВ?“. „Игор сервер“: „Да“. Даниел Станчев: „ДДВ 18 отсто?“. „Игор сервер“: „Не, 5%“. Станчев: „Нема превентивно“. „Игор сервер“: „Не. Има една година гратис после тоа“. Станчев испратил слика од страната на БЈН каде се гледаат понудувачи и тоа правни лица Инвока, Кинг и Лирекс. „Игор сервер“ пишува: „Кој е прв?“. Станчев вратил: „Лирекс 1.25, Инвока 4.2 м“. „Игор сервер“ прашува: „Кинг?“, а Станчев враќа слика од БЈН каде се прикажува предмет на јавна набавка за кој Трајчева вели дека софтверот за безбедност во сообраќајот и изрекување на казни. Потоа, Станчев пишува: „Сигурно ќе има бодување или да исфрлат за неисполнување услови“.Обвинителката Ивана Трајчева кажа дека пораките биле најдени во телефонот на обвинетата Ивановска, кој бил марка „ајфон 11“. Муабетите според неа биле правени на „вибер“ со Драги Рашковски, кој бил зачуван во телефонот како „Перо 078“ и со обвинетиот Даниел Станчев.Во нив се зборува за јавна набавка. Ова е продолжение на пораките.Првата порака е од Даниел Станчев 23.12.2019 година: „Перо има три понуди, сите 7м. Лирекс, Кинг и ние“. „Перо 078“ односно Рашковски вратил: „Епа кога е наддавање?“. Обвинетата Ирена Ивановска напишала: „2 по 7м и една 7.3м“. Станчев пишал: „Ти треба да кажеш...“. „Перо 078“ односно Рашковски пишал: „Да одиме до 4.5. Кога ќе е наддавањето?“. Станчев одговорил: „Нема објава се уште. Изветување треба да ни пратат“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Нели е утре?“. Станчев одговорил: „До утре е евалуација. До 10ч“. „Перо 078“ односно Рашковски повторно: „Аха“. Станчев: „Подобар ли Дамјан“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Да. Утре ќе е наддавањето. Немој да утнете. 15 поени имате само“. Ирена Ивановска пишала: „Од колку?“. „Перо 078“ односно Рашковски одговорил: „Ќе ви стаса маил. Гледајте утнете и да се убијам. И како може некој да има повеќе стартни по..“. Ирена Ивановска одговорила: „Не знам“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Е па доставиле повеќе потврди. Ќе ви стаса маил за датум“.На 31.12.2019 година, „Перо 078“ односно Рашковски пишал: „Аукција на 2-ри февруари, за сообраќајното, Инвока 95 бода, Лирекс 90 бода, Кинг ИЦТ 85“. Станчев пишал: „Најниска цена? Професорот е бек-ап за наддвањето, му дадовме јузер“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Важи. Спремни?“. Добил одговор: „Да. Почна“. Станчев: „5.56 дојде цената“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Терајте. До 4. Па ќе ми кажеш“. Ирена Ивановска: „4.235м, Завршивме“. „Перо 078“ односно Рашковски: „Ние?“. Даниел Станчев: „Е кој друг“.По оваа презентација, Рашковски рече дека не се плаши од комуникацијата.„Како можете да гарантираните за пораки од ПДФ документ. Ако отворите ќе видите таму пишува кој е изворот. Дајте да ја видиме базата, дали тоа таму го има. Нас Обвинителство ни презентира ПДФ документ, не знам дали да смејам или да плачам, со цело мое знаење. Да се утврди дека изворот на пораките е контакт.дб базата, а не ПДФ документ. Лажен извор ни прикажувате“, додаде Рашковски.Реагираше и Станчев: „Овој документ бидејќи сега е пред нас, е уредуван на 24.01.2021 година“.Трајчева одново кажа: „Оригиналните докази се во судот, датите што ги гледате овде, како што можевте да видите додека ги читав, се маркираат со жолто. Судот може да провери.“Претходно, исто така беше читана комуникација помеѓу Рашковски, Станчев и Ивановска.

Македонија | пред 3 години

boki-13

Боки 13: За голите сензационалисти сум педерот со лисици на раце, ама јас лисиците ги доживувам ко моден детаљ

Профилот на Боки 13 на Инстаграм по подолго време е повторно активен. Профилот го води администратор кој последниве денови објавува фотографии од Бојан. На последната слика, Бојан се поздравува со својот татко во судот, а рацете му се врзани со лисици. Во објавата, Бојан вели дека лисиците ги доживувал како дел од стајлингот и дека тоа што ги носел не го понижило.„Секогаш ги почитував правилата и протоколите на затворската полиција, па согласно истите, при секое спроведување во суд или каде било надвор од установата бев со лисици на рацете (како и на оваа фотографија во судот каде пробувам да се поздравам со татко ми и со мојот другар, брат, пријател). За голите сензационалисти тоа беше рај за очи, ‘Боки ‘педерот’ со лисици на раце’. Мислеа дека со лисиците на раце ќе ме понижат повеќе, но се зезнале, бидејќи јас секогаш лисиците ги доживував како дел од мојот стајлинг па ги ставав во модна функција (искрено, не се баш пријатни, но што се мора не е тешко). Па затоа еден совет, пред да впериш прст во некого, провери дали твоите раце се чисти. Моите се чисти со лисици и без нив. А, да, во мене вперија прсти баш оние со највалкани раце и лепливи прсти“, стои во пораката на Бојан.

Коментари | пред 3 години

partizanska-brza-pomos-914

Новозаразени 281, пријавени се 3 починати лица од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции.Регистрирани сe 285 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Прилеп – 37, Кавадарци – 21, Битола – 16, Куманово – 14, Гевгелија – 7, Ресен – 6, Велес – 5, Кичево и Гостивар – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Штип и Берово – по 2, Охрид, Струмица, Неготино, Виница, Богданци, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.275 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–200, Жан Митрев (Филип Втори)-47, Авицена-50, Биотек-59, Систина-42, лабораторија Лаор-49, Синлаб-12, Ремедика-13, Плодност-12, Генеа-26, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 976.Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 142543, Активни 1132Куманово 16500, Активни 70Битола 14643, Активни 148Прилеп 13917, Активни 103Тетово 13408, Активни 42Кавадарци 10404, Активни 82Велес 9640, Активни 26Гостивар 9517, Активни 15Охрид 8675, Активни 82Струмица 7980, Активни 26Штип 7958, Активни 19Кичево 5535, Активни 40Кочани 5029, Активни 20Струга 4681, Активни 10Гевгелија 4348, Активни 26Неготино 3647, Активни 12Ресен 2666, Активни 13Свети Николе 2611, Активни 2Радовиш 2509, Активни 12Крива Паланка 2403, Активни 5Делчево 1914, Активни 14Дебар 1664, Активни 8Берово 1637, Активни 2Валандово 1472, Активни 5Виница 1376, Активни 11Пробиштип 1261, Активни 3Богданци 1019, Активни 10Кратово 958, Активни 8Крушево 916, Активни 6Демир Хисар 826, Активни 5Македонски Брод 735, Активни 1Демир Капија 586, Активни 3Македонска Каменица 522, Активни 3Пехчево 484, Активни 0Дојран 342, Активни 0

пред 3 години

Нема фотографија

Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници.Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел сузбивање на дивите превозници на територијата на градот. Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-24-at-10.49.26

Ковачевски: Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што го прави во Украина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел.Премиерот Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, ги соопшти очекувањата од состанокот.Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во целост:„Денес сме сведоци пред голем предизвик за Европа и за целиот свет. Бевме убедени дека мирот во Европа никогаш нема да биде прекинат со ваквата агресија на Руската Федерација кон Украина. Тоа претставува невидено кршење суверенитетот и територијалниот интегритет на една независна држава. Ова предизвикува бегалска криза.Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја дадеме нашата поддршка за народот на Украина. Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ги донесовме сите одлуки со земјите членки на НАТО и на ЕУ.Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што Русија го прави во Украина. Сметаме дека мирното решение е единствениот начин за решавање на ова прашање.Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава.На состаноците кои претходеа на овој самит во НАТО беше разговарано за зацврстување на источното крило и тоа секако ќе биде дискутирано и на овој вонреден самит.Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе понуди соодветна помош на украинскиот народ. Сега е време кога слободниот народ на Украина има потреба од помош од демократскиот свет.“

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Регистриран земјотрес во подрачјето на Битола

Утрово е регистриран земјотрес 106 километри јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола.Како што наведува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран утрово во 6 часот и 15 минути.Потресот бил почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања