ТОП

pozar-Krit

Масовна евакуација на туристи од Крит поради шумски пожар, чадот се издига и над позната плажа Мкри Џалос

Голем пожар во Грција продолжува неконтролирано да гори во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна шумска област во близина на општината Иерапетра.Пожарот го поттикнуваат урагански ветрови кои достигнуваат и до ниво осум според Бофортовата скала, што предизвикува брзо ширење кон југ и им се заканува на станбени згради, туристички сместувачки капацитети и клучна инфраструктура, вклучително и бензинска пумпа.Видливост нула, површина покриена со чадСпоред службите за итни случаи, пожарот моментално се шири на најмалку 6 километри, што го отежнува неговото локализирање. Густ чад обвиваше поширока област, а видливоста на некои места беше намалена на речиси нула.Чадот се проширил до плажата Макри Џалос, на 10 километри од Ахлија во регионот Ласити, каде што пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.Евакуации, затворени патишта и респираторни проблемиГлавниот пат во близина на населбата Агија Фотија беше затворен за сообраќај, а полицијата ги повика жителите и туристите да избегнуваат секакви непотребни патувања поради исклучително лошиот квалитет на воздухот, екстремната топлина и пепелта што паѓа од небото.Во населбата Агија Фотија, куќите и имотите за изнајмување беа уништени, а локалните извори известуваат дека областа останала без електрична енергија. Најмалку четири постари лица се однесени во болница со проблеми со дишењето предизвикани од вдишување чад.Болниците се во готовност, хотелите се евакуираниЗдравствените власти ги ставија сите болници на Крит во состојба на готовност. Властите наредија масовна евакуација на хотелите, приватните сместувачки капацитети и домовите во општината Ферма бидејќи пожарот се приближува кон областа. Операцијата се спроведува со поддршка на пожарникари, полиција и локални волонтери.Досега, околу 1.500 луѓе се евакуирани од околните населби и туристички области и префрлени во Иерапетра. Околу 200 од нив се привремено сместени во градската спортска сала.Противпожарната бригада е значително зајакната. До среда навечер, на терен имаше 155 пожарникари, осум специјализирани пешадиски екипи и 38 противпожарни возила. До зајдисонце, четири хеликоптери испуштаа вода врз огнот. Локалните општински тела, исто така, ангажираа цистерни за вода и тешка механизација.Уште 17 пожарникари, еден пешадиски тим и пет возила доаѓаат од Пиреја, а уште 33 пожарникари и четири дополнителни екипи на EMODE доаѓаат од Елефсина.Местото на пожарот е непредвидливо, луѓето се евакуирани по морски патСпоред информациите од јавната телевизија ЕРТ, противпожарната служба наредила тактичко повлекување за заштита на персоналот и фокусирање на изградба на противпожарни појаси. Противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на ноќта.Во текот на денот, преку системот 112 неколку пати беа издадени предупредувања за вонредни состојби, со наредби за евакуација од неколку населени места, а поединци беа евакуирани и со чамци од плажите.Пожарот се шири низ густа шума, помошта пристигнува од воздухПожарот, кој избувна помеѓу Агија Фотија и селото Скинокапсала, се шири низ густа запалива вегетација. Сувите услови, стрмниот терен и силните ветрови го отежнуваат гаснењето пожари уште повеќе.Во текот на оваа недела, повеќе од 50.000 луѓе во Турција беа евакуирани поради пожар во Измир, а најмалку шест лица загинаа како резултат на топлотниот бран што ја погоди Европа - вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Франција.

Свет | пред 7 месеци

920541_573957962634478_1877160628_o

Жерновски прашува: Која земја не се замара со ЕУ? Одговорот ќе ве изненади

Поранешниот амбасадор на Македонија, Андреј Жерновски со иронија го привлече вниманието на фактот што Македонија нема амбасадор во Данска.„Која е земјата без амбасадор во Данска?Вчера, Данска официјално го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на ЕУ, со две главни приоритети: безбедност и конкурентност. Задачата е доста тешка, како резултат на екстремната неизвесност и нестабилност со кои денес се соочува Европската Унија.Инаку, Данска повторно стана силен застапник на проширувањето, тврдејќи дека Украина само во рамките на ЕУ и НАТО може да биде безбедна и просперитетна. Да се потсетиме на историското наследство на Данска во однос на проширувањето: во 1993 година, данското претседателство со Советот на ЕУ заврши со самитот на кој се воспоставија Копенхашките критериуми, кои станаа библија за сите последователни рунди на проширување.Овојпат, Данска го поставува својот основен приоритет за проширување на ЕУ низ безбедносна перспектива. Мошне значајно е што го опишува проширувањето како „геополитичка неопходност“ и „единствениот начин ЕУ ефикасно да придонесе за стабилизирање на европскиот континент“. Но, нејзиното претседателство со Советот се соочува со предизвикот да го усогласи овој геополитички императив со пристапот на ЕУ кон проширувањето, базиран на заслуги и сопствената подготвеност на ЕУ за проширување.Сите земји кои се членки на ЕУ или се кандидати за влез во истата, имаат свој амбасадор во Копенхаген, освен една. Причината е едноставна- владата на таа земја има други приоритети и нема време да се занимава со небитни работи како што е, на пример, нејзиниот евроинтеграциски процес.Прашање:Која е таа земја?“ праша Жерновски

Македонија | пред 7 месеци

kostadinov

Струмичкиот градоначалник ќе делува во или надвор од СДСМ: Костадинов најави нова стратегија по завршување на локалните избори

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој синоќа го замрзна челнството во СДСМ, откако лидерот Филипче не му додели повторна кандидатура, уште еднаш се огласи на ФБ занеговите следни чекори и најави поинаква политичка стратегија:-Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“

Македонија | пред 7 месеци

Pentagon

Пентагон донесе одлука – нема повеќе испорака на „Патриот“ за Украина!

Одлуката на Пентагон да ги запре испораките на оружје во Украина ги изненади дури и оние кои редовно се информирани за ваквите потези - вклучувајќи членови на Конгресот, претставници на Стејт департментот и клучни европски сојузници, потврдуваат шест лица запознаени со ситуацијата.Што сè е запрено?Според повеќе извори од NBC News, меѓу оружјето чии испораки моментално се запрени се:Десетици ракети за системот „Патриот“, клучни за одбрана од руски ракетиилјадници гранати од 155 мм за хаубициповеќе од 100 ракети „Хелфаер“повеќе од 250 GMLRS (водени повеќекратни ракетни системи за лансирање)десетици ракети „Стингер“ за воздушна одбранадесетици ракети од авиони AIMдесетици фрлачи на гранатиЕвропа и Зеленски се шокираниВо Европа, дипломатите и тимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидуваа да откријат зошто САД одеднаш ја замрзнаа помошта, откако Белата куќа ја потврди веста. Ниту Зеленски ниту Европската Унија, според европски функционер и украински советник, не добиле претходно известување.САД и Украина работат на организирање средба меѓу Трамп и Зеленски, потврдија две лица запознаени со подготовките. Ова започна вчера, откако почнаа да кружат информации дека Вашингтон ја запрел испораката на оружје.„Украина беше информирана за одлуката вчера во Киев, а телефонски разговор меѓу Трамп и Зеленски ќе биде организиран многу наскоро“, рече еден европски дипломат, додавајќи: „САД тврдат дека ова не е пауза или суспензија“.„Мораме да ги заштитиме нашите луѓе“Зеленски вчера изјави дека украинските власти се во контакт со американските партнери за да ја разјаснат ситуацијата. „На еден или друг начин, мора да обезбедиме заштита за нашиот народ“, рече украинскиот претседател.

Свет | пред 7 месеци

Pesok

Топлотен бран во Македонија цела недела, температурите над 40 степени, а потоа нагло заладување, дури и снег на европските Алпи

Топлиот бран од Африка кој зафати голем дел од европа, цел регион, како и Македонија, ќе продолжи се до крајот на оваа недела, и истиот ќе придонесе и понатаму да имаме многу топло време со висока вредност на Ув индексот 9, прогнозира Славчо Попоски.Според него, сепак, во недела во попладневните часови ќе има појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, но и услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. И во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.Поради многу топлото време, но и поради високата вредност на Ув индексот, граѓаните, особено оние повозрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.Инаку, според најновиот излез на Европскиот модел (ECMWF), наредната недела следува поголемо разладување на времето и голем пад на температурите во најголем дел од Европа, а околу и по 10 јули пад на температурите и врнежи се очекуваат и во Македонија. На европските Алпи ќе има и обилни врнежи од снег.фото: Unsplash

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-230448

(ВО ЖИВО) Адвокатот Давидовиќ очекува маратонска судска постапка за Пулс

Она што го тврди Обвинителството и измислува топла вода е различно и не е иста одговорноста за сопственикот и обезбедувањето за трагедијата во Пулс, вели во Претрес Звонко Давидовиќ, адвокат на обезбедувач кој немал лиценца.„Треба сериозни докази. Судот треба реално да процени а не само дека има обвинение. Од доказите и вештачењето не може да се види колкав е капацитетот на објектот. Мислам дека вратите не биле заклучени од страна на полицајците.Има обвинет министер и од 2012 година и голем број обвинети и ова може да ја одолговлечи постапката. Има многу адвокати, има и хрпа докази и ова ќе биде маратонска постапка. Голем број обвинети носат голем ризик за одолговлекување. Не очекувам дека обвинителот ќе ја раздели постапката на првото рочиште”, рече Давидовиќ.Следете не на линкот:https://www.youtube.com/live/4ih2pmtgyv8

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-222921

(ВО ЖИВО) Давидовиќ: Обвинетиот обезбедувач бил само гостин во Пулс, обвинението се уште го немаме

Гостин во „Претрес со Ландов” е и Звонко Давидовиќ, адвокат на обвинет обезбедувач на дискотеката „Пулс” кој немал лиценца.„Тој бил на тоа место, но не како обезбедување, туку како гостин. Не ја чувал вратата. Треба да се утврди улогата на обезбедувањето. Немаме добиено обвинение а не знам зошто”, вели Давидовиќ.Доказите ги видел, има хрпа документација, хемиско, градежно вештачење, вештачење фирми, снимки и тука обвинителите, смета, ја сработиле работата.„Она што го тврдат треба да го докажат на судење. Ова што се случи во Кочани е само заради корумираниот и разнебитен систем.Не е можно пазарна инспекција да не знаела за Пулс, УЈП да не провери како и другите институции. Овој клуб со години незаконски работел”, вели Давидовиќ.Тој беше бранител и на Мијалков, Нинџа, Мујо. И за тоа ќе говори во Претрес.Гледајте не на линкот:https://www.youtube.com/live/4ih2pmtgyv8

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-210338

(ВО ЖИВО) Богдановиќ би прифатил понуда од Димитриевски да биде кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Центар

Саша Богдановиќ во „Претрес со Ландов”рече дека не знае дали на голема врата ќе се врати во политика.Најдобро, вели се пронаоѓам на локално ниво.„Не сум член на ниту една партија, пред парламентарните избори ја напуштив СДСМ.Нема да станам вмро- вец Максим Димитриевски со кого два пати сум се видел, ми кажа дека може да ме стави на анкета за градоначалник на Центар. Максим може да смета на мене како кандидат за градоначалник на Центар. Не ми постави услови да станам член на ЗНАМ, иако ме праша дали би се зачленил.Сега зависи во која форма гледа на моето учество и членство. Мора да ми каже што нуди.Имам големо искуство и поминато некои фази”, вели Богдановиќ.Тврди дека Горан Герасимовски на нечесен начин станал кандидат за градоначалник во 2021 бидејќи тој имал поголем рејтинг од Герасимовски. Централата ја донела одлуката.Негира дека тој на нечесен начин во 2017 година станал кандидат иако Андреј Жерновски имал поголем рејтинг од него, тогаш, вели општинската одлучила дека ќе подржи само општински кадар, а Жерновски не бил член на СДСМ.Следете не на линкот:https://www.youtube.com/live/4ih2pmtgyv8

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-210504

(ВО ЖИВО) Богдановиќ: Заев ме тргна од политиката и не ми даде шанса за втор мандат

Саша Богдановиќ, екс градоначалникот на Центар, вечерва е гостин во „Претрес со Ландов”.Тој вели дека не е лут на СДСМ, туку само укажувал на тоа што не чинело во партијата. Негира дека молчел кога бил градоначалник.Рече дека Заев е човекот кој го тргнал од политиката и не му дал шанса за втор мандат.Вели дека само 10-на згради се изградени во негово време, но не знае точна бројка.„Како градоначалник, тоа што го ветивме го реализиравме. Имавме позитивни реакции за мораториумот на ДУП-те”, рече Богдановиќ.Тој вели дека не потпишал во заминување од функцијата многу дозволи за градба, само за 5-6 згради. За првата зграда кај Холидеј ин тој ја потпишал дозволата. Богдановиќ вели дека дел од граѓаните сакале тука згради.„Изменивме 9 ДУП-а, со Мораториумот, но по одлуката на Уставен суд, ревизијата беше сопрена”, вели екс градоначалникот на Центар.Три дена пред заминување Богдановиќ потпишал одобрение за петкатница кај Јадран. Тој појаснува дека се одело електронски.Претресот може да го следите на линкот:https://www.youtube.com/live/4ih2pmtgyv8

Македонија | пред 7 месеци

kostadinov1

Костадин Костадинов го замрзна членството во СДСМ: „Ова не е крај, туку почеток на нов тек“

Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Струмица, објави дека ја замрзнува својата партиска активност во СДСМ, откако не беше избран за кандидат на претстојните локални избори. Во обраќање полно со емоции и политички пораки, тој порача дека нема да се кандидира повторно, иако никогаш досега не загубил избори.„Ова не е крај. Ова е момент кога човек мора да зборува чесно и од срце. Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена“, изјави Костадинов.Тој упати директна критика кон актуелното раководство на СДСМ, обвинувајќи за безидејност, недостаток на храброст и отсуство на вистинска понуда за граѓаните. Сепак, подвлече дека останува социјалдемократ „не по книшка, туку по вредности“.Во објавата најави и создавање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Според него, тоа ќе биде „доволно прецизно за да обедини авторитети, но и доволно забавно за да ги привлече младите“.„Не сакам да бидам градоначалник по инерција. Сакам да бидам избор по потреба, по убедување, по визија“, вели Костадинов, истакнувајќи го неговото досегашно портфолио како едно од најсилните во Македонија – со проекти како електричен јавен превоз, нов урбанистички план и зелени пазари.Костадинов порача дека својата конечна одлука дали ќе остане во СДСМ или ќе дејствува надвор од партијата ќе ја соопшти во две фази – првата во септември, а втората по изборите.„Да се повлечеш кога си најсилен е најголема храброст“, заклучи тој.

Македонија | пред 7 месеци

sajn-kostadinov

Филипче обзнани: Асен Шајн влегува во трката за градоначалник на Охрид, Костадинов извиси во Струмица

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче презентираше неколку имиња за кандидати за градоначалници на престојните локални избори. Па така, во Охрид кандидат ќе им биде д-р Асен Шајн, а во Струмица кандидат ќе биде Маријан Даскаловски. Ова значи дека Костадин Костадинов извиси и нема да добие шанса за нов мандат. Во Дебрца кандидат ќе биде Љупчо Паунковски.„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување а не поделба на партијата“, рече Филипче.Кандидатите се бирани според принципи кои ги има СДСМ, но и според резултати од анкети.„Сите одлуки ги носиме по широк консулатитвен процес“, додаде Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Skopje-nesreka

„Дедото што ги учеше децата на внимателност, сам стана жртва на безредие“ - зетот на загинатиот скопјанец прикажа дека и натаму има возила на пешачката патека

Бојан Бошковски, зет на загинатиот Југослав Николовски, објави детали за несреќата што се случила на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата, истакнувајќи дека станува збор за зона со засилен пешачки сообраќај каде во моментот имало над 30 деца.-Во погрешно време, на погрешно место, во држава во која безредието стана секојдневие… Југослав Николовски, дедо на Теа, Алек и Оги, излезе пред својата зграда на пешачката патека спроти Паркот на Франкофонијата и таму, под прозорецот од својот стан, беше убиен од мотор кој дојде од зад грб. Во тој момент, на оваа т.н. „најпешачка“ зона во Скопје, имаше повеќе од 30 деца.Југо беше човекот кој се грижеше за целото маало, кој ги учеше децата да бидат внимателни, да гледаат лево и десно кога излегуваат на патеката кон паркот. Синоќа, токму тој стана жртва на хаосот и небезбедноста што владеат во нашето општество. Овој настан уште еднаш потврдува дека никој не е заштитен, дури ни на места кои треба да бидат најбезбедни – пешачките патеки во парковите.Ова се фотографии од „пешачката“ патека, направени во текот на само еден час, кои јасно го покажуваат вистинскиот проблем со кој се соочуваме секојдневно... Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme

Скопје | пред 7 месеци

IMG_5572

Судскиот процес за „Пулс“ преселен во Скопје, ќе го суди Кривичен суд

Предметот за одговорноста за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, денеска официјално беше префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, по одлука на Врховниот суд на Република Македонија.Како што информираат од Кривичниот суд, префрлањето е направено согласно решението на Врховниот суд, кој постапувал по предлог на Апелациониот суд Штип. Главната причина за промената на месната и стварната надлежност е недостатокот на доволен број судии од кривична област во надлежните судови во Штип и Струмица, кои би можеле законски и ефикасно да постапуваат по сложениот предмет.„Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, Законито постапување, а преку постапката ќе допринесат и за „сензибилизирање на јавноста“, како што е наведено во решението“, стои во соопштението.Предметот, кој е заведeн под број КООА – 13/25, е оформен по обвинителен акт поднесен од Основното јавно обвинителство – Кочани. Според постапката, обвинителниот акт ќе биде распределен преку АКМИС-системот на совет за оцена на обвинение. Откако ќе биде доставен до обвинетите, започнува законскиот рок за поднесување приговори.По истекот на роковите и доколку се исполнат сите процесни услови, судот ќе закаже седница за оцена на обвинението. Од Кривичниот суд најавуваат дека странките и јавноста ќе бидат навремено известени за сите наредни чекори.Овој потег на Врховниот суд се смета за обид да се обезбеди праведно, транспарентно и стручно водење на процесот, за случај кој веќе подолго време го следи висок јавен интерес.

Македонија | пред 7 месеци

Toploten-bran

Екстремни горештини од утре го зафаќаат регионот – здравствените власти апелираат на внимателност кај најранливите!

Македонија се подготвува за нов, интензивен топлотен бран кој се очекува да го зафати целиот регион. Под влијание на многу топла воздушна маса од јужните краишта, од утре па сè до средината на наредната недела, земјава ја очекува период со исклучително високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) преку официјален допис.Времето ќе биде претежно сончево со слаба до умерена облачност, а температурите речиси насекаде ќе надминуваат 30°C. Во одредени делови од земјата термометрите ќе покажат и над 40°C. Според најавите, неделата попладне и вечерта може да донесе краткотрајна нестабилност со локални врнежи и грмежи.Во пресрет на жештините, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати сериозни препораки, особено насочени кон заштита на повозрасните граѓани, хронично болните и другите ризични групи.Според ИЈЗ, повозрасните лица треба да избегнуваат директно изложување на сонце и физички активности на отворено, особено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува носење светла, лесна и памучна облека, капи со широк обод, очила за сонце и задолжително користење заштитен крем со УВ фактор од најмалку 30 кога се излегува надвор.Исто така, важно е да се внесува повеќе течност од вообичаено – најдобро обична вода – и да не се чека до појава на жед. Се апелира на избегнување алкохол, пијалаци со кофеин и екстремно студени напивки, кои може да предизвикаат шок за телото. Доколку лицето има медицински препораки за ограничен внес на течности, неопходно е претходно да се консултира со лекар.Во делот на домашните активности, ИЈЗ советува да не се користат шпорети, рерни и други извори на топлина во најжешкиот дел од денот, бидејќи тоа дополнително ја зголемува температурата во затворените простории.– Хронично болните лица, особено оние со срцеви, белодробни и невролошки заболувања, мора строго да се придржуваат до овие насоки и редовно да ја земаат својата терапија – порачуваат од Институтот.Во случај на било какви промени во здравствената состојба, граѓаните треба веднаш да се јават кај својот избран матичен лекар – се наведува во соопштението.

пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.45.06

(Видео) Подметнат е пожарот на плацот во Кочани каде гореа возила, на камерите се гледа лицето кое го подметнало

Пожарот кој избувна на плац во близина на Кочани, бил подметнат. Ова го соопштува Обвинителството за „Скопје1“. Тие посочуваат дека биле прегледани снимки од надзорни камери, на кои е забележано лице кое го предизвикува пожарот во кои изгореа неколку автобуси. Пожарот беше во близина на бензиска пумпа, среде ноќ.„Извршен е увид на лице место, подигнати се материјални траги. Увидот го вршеа полициски екипи и стручни лица. Согласно увидот од видео материјалот, се гледа лице кое го подметнува пожарот. Дадени итни наредби до МВР за идентификација на сторител на евентуално кривично дело. Дополнително ќе има наредба за вештачење“, велат од МВР за „Скопје1“.Според МВР, изгореле три автобуси и комбе.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања