ТОП

martin-ko

Костовски: Димитриевски бил тројански коњ и уценет играч на власта

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, со свој став по вчерашното отвфрлање на обвинението против Максим Димитриевски. Вели дека актуелниот прв човек на Куманово не само што бил тројански коњ за раскол во партијата, туку бил и уценет играч на власта.„Пет дена пред завршните зборови – обвинението против Максим Димитриевски исчезна. Готово, не важи, исчезнале доказите.Борецот за правда “коректорот” Димитриевски конечно се избори за правда, ама борбата била да ја закопа правдата и да не одговара.Ова е црн ден за правдата и обвинителството, но и ден кој фрли светлина на вистината за политичкото делување на Димитриевски.Димитриевски не само што бил тројански коњ за поделба на СДСМ, туку очигледно бил и уценет со кривично дело за кое морал да одработува. Овој правен преседан само потврдува дека со оваа власт на Мицкоски и неговиот пион Димитриевски правда нема да има. Ќе има правда за оние кои тие сакаат да има, за нив и нивните не.Затоа Димитриевски всушност бил комотен во криминалот, затоа што бил и заштитен и уценет. Затоа веројатно се заканува со тужби кога се откриваат неговите криминални продажби на земјиште и станови.Кумановци веќе го препознаа лажното лице на Димитриевски. Зад празната реторика и чукањето во гради нема ништо друго освен лични интереси и уништување на системот. Системот кој ветија дека ќе го менуваат самите го уништуваат.И за ова, сметката ќе дојде на избори“, вели тој.

Македонија | пред 7 месеци

putin-5190

Путин подаде рака на Талибанците, Русија е првата земја што ја признава Владата на Авганистан

Русија постепено гради односи со Талибанците, за кои претседателот Владимир Путин минатата година рече дека сега се сојузник во борбата против тероризмот.Официјална Москва, вчера објави дека ги прифатила акредитивите на новиот амбасадор на Авганистан, со што стана првата земја што ја признала талибанската влада во земјата.Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва гледа добри перспективи за развој на врските и ќе продолжи да го поддржува Кабул во безбедноста, борбата против тероризмот и криминалот поврзан со дрога. Тој, исто така, гледа значајни трговски и економски можности, особено во енергетиката, транспортот, земјоделството и инфраструктурата.„Веруваме дека чинот на официјално признавање на владата на Исламскиот емират на Авганистан ќе даде поттик за развој на продуктивна билатерална соработка меѓу нашите земји во различни области“, соопшти министерството.Авганистанскиот министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, во соопштението изјави: „Го цениме овој смел чекор на Русија и, ако даде Бог, тој ќе им служи како пример на другите“.Ниту една друга земја формално не ја признала владата на Талибанците, која ја презеде власта во август 2021 година по хаотичното повлекување на САД од Авганистан по 20 години војна. Сепак, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Пакистан назначија амбасадори во Кабул, што е чекор кон признавање.Рускиот потег претставува важна пресвртница за администрацијата на Талибанците, која се стреми да ја ублажи својата меѓународна изолација.Вашингтон веројатно внимателно ќе го следи потегот. САД замрзнаа милијарди средства на авганистанската централна банка и воведоа санкции врз некои високи лидери на талибанците, што придонесе во голема мера за исклучување на авганистанскиот банкарски сектор од меѓународниот финансиски систем.Од друга страна пак, Русија гледа потреба од соработка со Кабул бидејќи се соочува со голема безбедносна закана од исламистички милитантни групи со седиште во низа земји од Авганистан до Блискиот Исток, а Талибанците тврдат дека работат на искоренување на присуството на Исламска држава во Авганистан.Западните дипломати велат дека патот на Талибанците кон пошироко меѓународно признавање е блокиран сè додека не ги променат своите политики за правата на жените. Талибанците ги затворија средните училишта и универзитетите за девојчиња и жени и воведоа ограничувања за нивното движење без машки старател. Тие тврдат дека ги почитуваат правата на жените во согласност со нивното строго толкување на исламскиот закон.

Свет | пред 7 месеци

IMG_1804

„One stop shop“ систем од денеска за помали гужви на Табановце, се преговара и со Албанија

Се намалуваат гужвите на граничниот премин Табановце, од денеска, петок, 5 јули, официјално стартува примената на системот „One Stop Shop“, со кој контролата ќе се врши само при влез во државата. Овој интегриран модел на гранична проверка треба значително да го олесни и забрза преминот на патници и стоки, особено во летниот период кога метежите се најизразени.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека свеченото пуштање во употреба на системот ќе се одржи токму во петок на граничниот премин Табановце-Прешево, со што официјално ќе започне новиот начин на заедничка контрола со Србија.– Со соседна Србија се договоривме на крајот на неделава да го ставиме во функција овој систем. Во петок ќе организираме церемонија со што ќе отпочне примената на новиот модел на гранична контрола – рече Тошковски.Тој додаде дека во тек се и преговори и со Албанија за воведување на „One Stop Shop“ на уште два гранични премини, со цел дополнително олеснување на движењето на луѓето меѓу двете земји.Сличен модел веќе се применува и со Косово на премините Блаце и Јажинце, иако во Белановце сè уште не е ставен во функција. Според најавите, Македонија планира дополнително проширување на системот, додека со Бугарија и Грција, кои се членки на ЕУ и Шенген, ќе се работи на организациско подобрување на граничната инфраструктура и протокот.– Вчера бев на граничниот премин Богородица со Грција и утврдивме дека има простор за оптимизација на преминот. Со мали реорганизации можеме да отвориме две нови ленти за излез и дополнителна лента за влез на товарни возила – истакна Тошковски.Овие мерки беа соопштени по средбата со литванскиот министер Владислав Кондратович, кој престојува во официјална посета на Скопје. Двајцата министри потпишаа Договор за реадмисија и договор за билатерална полициска соработка.

Македонија | пред 7 месеци

1.p

Фатен возачот кој го усмрти скопјанецот на пешачката патека на кеј и избега

По еден ден бегство, приведен е возачот на моторот, кој го усмрти скопјанецот Југо на пешачката патека на кеј, кај Жабарот, дознава “Скопје1”. Тој избегал веднаш по трагедијата, оставајќи го зад себе повредениот сопатник и усмртеното тело на Југо.Трагедијата се случи во вечерните часови, кога моторот со голема брзина удрил, кој излегол од дома за да исфрли отпад. Семејството и пријателите на трагично загинатиот скопјанец побараа правда, а јавноста негодуваше поради се почестите вакви трагедии. Повеќе информации се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 7 месеци

DSC02123

Голема акција во Скопје и Куманово

По повеќемесечна предистражна постапка спроведена од Основното јавно обвинителство Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска е реализирана голема полициска акција на територијата на Скопје и Куманово.Како што соопштија од Обвинителството, во текот на истрагата биле применети посебни истражни мерки, а денешната акција е спроведена под раководство на јавен обвинител. Полициските екипи извршиле претреси на повеќе локации, при што е запленето поголемо количество амфетамин и се уапсени неколку лица осомничени за поврзаност со недозволена трговија со дрога.Од институциите велат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на сите оперативни дејствија. Акцијата претставува дел од поширокиот напор за сузбивање на организираниот криминал поврзан со дрога на национално ниво.

Македонија | пред 7 месеци

kostadinov1

Костадинов можеби ќе се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Иако сѐ уште не донел конечна одлука, актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов во објава на фејсбук признава дека размислува да се кандидира уште еднаш – овој пат како независен кандидат.Почитувани пријатели,секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање:„Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток.Но ова не е одлука за слава, туку одговорност пред сите вас.Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување.Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари –на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото.Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните.Веќе разговарам со многумина –со народот на терен,со граѓански здруженија,со партии,со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички советнички листи.Да, сѐ е возможно.Но потребно ми е време.Одлуката ќе ја соопштам јавно,за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна.Зашто кога одговараш пред народот –мораш да бидеш подготвен не само да победиш,туку и да ја носиш победата со чест.До тогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица.Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна.

Македонија | пред 7 месеци

skopje

(Видео) Скопје: Удрил во две паркирани возила и си заминал – д-р Маја Кирјас: „Се срамам каде живеам“

Сведоштво од познатата докторка Маја Кирјас разоткри уште една несовесност на улиците во Скопје. Според нејзината објава, неидентификуван возач во раните утрински часови со своето возило удрил во две уредно паркирани коли – едната од нив нејзиното „Нисан“ – и потоа го напуштил местото на несреќата.„Возилото е мое! Поточно, уште на лизинг… Паркирано уредно. Позади паркирано друго возило. Во 6 часот од гостилница 'Дукат' се слуша силен удар од трето возило кое ги удира возилото позади мене и моето Нисан возило!“, напиша д-р Киријас, потенцирајќи дека снимката од безбедносните камери „за жал покажува сè“.Несреќата се случила пред зградата каде што таа живее, а како што тврди, иако нејзиното возило било правилно паркирано, штетата е значителна.Докторката упати и остри критики до дел од порталите кои, според неа, ја злоупотребиле несреќата за сензационализам: „Одредени портали на несреќата на граѓаните прават шоу. Се срамам каде живеам. За порталите би дала сугестија – не пренесувајте лажни вести, за да ни оставите барем трошка верба во тоа што го читаме!“Случајот е пријавен и се очекува полицијата да го идентификува и санкционира возачот кој избегал од местото на настанот.

Скопје | пред 7 месеци

andrei-kovacev

Ковачев потврди: „Нема место за идентитетот и за јазикот во извештајот за напредокот на Северна Македонија“

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент се усогласиле околу предлогот од извештајот за напредокот на Северна Македонија да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, потврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, по написите во бугарските медиуми.Според него, на иницијатива на Европската народна партија (ЕНП), групите на Социјалдемократите (С&Д) и Обнови ја Европа (Либералите) ја дале својата согласност за ваквиот амандман. Одлуката е донесена синоќа, а се очекува да биде изгласана и на претстојната пленарна седница на Европскиот парламент следната недела.Ковачев изјави дека темите поврзани со идентитетот и јазикот не припаѓаат во извештаи за пристапување на држави во Европската Унија, бидејќи, како што рече, тие можат да предизвикаат поделби и да отворат „Пандорина кутија“.Тој ја обвини Владата во Скопје дека, пред локалните избори, има намера да ја прикаже ситуацијата како „триумф над источниот сосед“. Ковачев нагласи дека Северна Македонија треба да го почитува договорот со Бугарија и да овозможи продолжување на работата на Заедничката историска комисија, бидејќи, според него, токму таму треба да се водат разговорите за заедничкото минато, во согласност со договореното.Во својата изјава тој се заблагодари на сите европратеници кои ја поддржале оваа позиција, со посебен акцент на колегите од Бугарија.

Македонија | пред 7 месеци

klekovski2062023

Во полицијата, царината и одбраната има најмногу боледувања, мотивот за земање е 90 до 100 процентна исплата на платата

Вкупниот број на осигуреници во здравственото осигурување надминува еден милион и 820 илјади, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис.Според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски граѓани кои престојуваат во странство, а кои не се одјавиле од државата и продолжуваат да користат здравствено осигурување. Тој не ја исклучува можноста дека има и фиктивни осигуреници.„Над половина од здравствените осигуреници се по други основи, а не по основ на плата и на осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Влада да се преиспитаат критериумите. Тоа е интерсекторска работа која ќе потрае бидејќи имаме помалку жители од тоа што во моментот имаме здравствени осигуреници“, истакна Клековски во изјава за медиумите.Од Фондот за здравствено осигурување ќе предложат и измени на Законот за здравствена заштита со цел да се подобри системот на контрола при издавањето на боледувањата, за истите да се даваат на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно.„Во основа имаме околу 17 илјади боледувања заради болест и околу 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања на контроли произлегува од тоа што во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања така што размислуваме како да предложиме измени за да се подобри системот на контрола на боледувањата“, вели Клековски.Тој вели дека често се случува при зголемен обем на работа, персоналот да земе боледување за да ги избегне работните задачи. „Кога тие ќе земат боледување, се поттикнуваат и другите вработени да бараат начин да го избегнат зголемениот обем на работа. Кај матичните лекари има јасно пропишани стандарди како може да се даваат боледувања, но ако ги погледнете дијагнозите дека покрај акутните респираторни заболувања, скоро 50 проценти од боледувањата во Фондот се за болести на рбетниот столб, а кој било вработен над 50 години ако му го снимите рбетот ќе излезе дека има спондилоза или лумбаго, тогаш станува субјективно дали треба да се оди или не на работа”, изјави Клековски.Дополнителна мотивација за земањето боледувања, според Клековски, се и колективните договори во кои е предвидено 90 до 100 процентна исплата на плата во време на боледување, што во однос на приходите значи дека на вработените им е сеедно дали се на работа или не. Друг фактор се и ниските плати во некои институции во јавниот сектор поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и дополнителна работа.

Македонија | пред 7 месеци

kazni-policija-policaec

Низ Скопје пријавени три напади – меѓу жртвите и малолетник

Во текот на 2 јули 2025 година, во Скопје се пријавени три одделни случаи на физички напади, информира Министерството за внатрешни работи. Еден од нападите е извршен врз малолетник, а другите два по расправии и недоразбирања.Во првиот случај, С.Ј. (30) од Скопје пријавила во СВР Скопје дека на 30 јуни, околу 19:00 часот, на подрачјето на Центар, три лица физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле пари. Полицијата презема мерки за расветлување на случајот.Во вториот случај, М.Ф.С. (25) пријавил дека околу 10:00 часот истиот ден бил нападнат од лицето М.Д. во просторија на објект на подрачјето на Бит Пазар. И тука се работи на расчистување на случајот.Третиот напад се случил околу 13:45 часот во селото Текија, скопско. Б.А. (36) пријавил дека по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од С.Р. од селото Мршевци. Се преземаат мерки за расчистување и на овој настан.Сите случаи се под полициска истрага.

Скопје | пред 7 месеци

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Европски шамар за Македонија: Трите најмоќни партии во ЕП бараат бришење на „македонски јазик“ и „идентитет“, за Мицкоски тоа е талибанско однесување

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Социјалистите и демократите (С&Д) и либералната „Обнови ја Европа“ – постигнале договор за отстранување на термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од финалната верзија на извештајот за напредокот на Северна Македонија. Ова го објавија бугарските медиуми, повикувајќи се на европратеници од ЕНП.Според предлогот, кој треба да се изгласа на пленарната седница на ЕП на 8 јули, наместо изречно да се признава македонскиот јазик и идентитет, во извештајот ќе се вметнат формулации со кои ќе се избегнуваат тие термини под изговор дека се „контроверзни“ и „чувствителни“.?t=495Таквата позиција претставува значаен чекор назад во однос на нацрт-извештајот кој претходно помина во Комисијата за надворешни работи, каде четири пати експлицитно се споменуваа македонскиот идентитет и јазик – што Владата на Северна Македонија тогаш го претстави како „дипломатска победа“.Но, новите амандмани – до кои дојде и порталот „Независен“ – покажуваат дека дури и известувачот Томас Вајц ретерира од првичните ставови, предлагајќи вметнување ставови дека прашањата за јазикот и идентитетот се „научни дебати“ и дека не треба да има прејудицирање од страна на ЕП. Овие формулации, според експертите, фактички ја легитимираат бугарската теза дека македонскиот јазик е варијанта на бугарскиот и дека потеклото на идентитетот е спорно.Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше. Тој изјави дека „бришењето на македонскиот јазик и идентитет е исто толку лошо како и обидот да се додаде зборот ‘модерен’“. Според него, ваквиот потег го разоткрива суштинскиот проблем во преговорите со ЕУ – дека не се работи само за вклучување на Бугарите во Уставот, туку за длабоко непочитување на македонскиот национален идентитет.„На талибански начин се брише македонскиот јазик и идентитет. Тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите“, изјави премиерот. Тој упати критика и до сите кои тврдеа дека со уставните измени ќе се затворат сите прашања, барајќи од нив извинување пред јавноста.Меѓу поднесените 28 нови амандмани има и такви кои бараат да се замени зборот „македонски“ со „на Северна Македонија“, како и формулации што ја ставаат „заедничката историја“ со Бугарија во образовниот процес. Особено активен во тој контекст е бугарскиот европратеник Ивајло Велчев, кој самостојно поднел 10 амандмани, вклучително и предлог повторно да се внесе спорниот термин „современ македонски јазик“.Сѐ уште не е јасно дали сите амандмани ќе бидат изгласани, но јасно е дека ЕУ ретерира, а Македонија останува повторно без гаранции за својот јазик и идентитет во европските документи. Од неофицијални дипломатски извори се сугерира дека целта е да се избегне блокада на извештајот и да се сочува „техничка неутралност“ во однос на историските спорови. Но, за македонските граѓани, тоа значи уште едно разочарување од европскиот пат.

Македонија | пред 7 месеци

Makso

Снемало докази, па се повлекле - Обвинителството се правда зошто се откажале од гонење на Максим Димитриевски

Основното јавно обвинителство Куманово го повлече обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, со образложение дека не постојат докази за постоење на кривично дело.Во соопштението на обвинителството се наведува дека првичното обвинение се темелело врз вештачење кое укажувало на значителна имотна штета од над 3,3 милиони денари, поради непостапување по член 59 став 11 од Законот за градење. Штетата, според тогашниот обвинителен предлог, ѝ била нанесена на две правни лица.Сепак, по спроведената постапка и сослушување на вештаците, било утврдено дека откако било издадено одобрение за градење, штетата наведена во обвинението реално не постои. „Неспорно е дека повеќе не се исполнети законските обележја на кривичното дело“, наведува обвинителството.Понатаму, обвинителот испитувал и можност за постоење на друго кривично дело, но по двојна анализа на доказите – и на ниво на Основното обвинителство и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – било утврдено дека нема доволно докази за покренување било каква кривична постапка по службена должност.Со тоа, случајот против Димитриевски е затворен.

Македонија | пред 7 месеци

Diogo-Jota

Пукнала гума на „ламборгинито“ на Жота, спидстерот целосно изгорел: Детали за трагедијата што го потресе светот!

Фудбалскиот свет беше шокиран од веста за смртта на Диого Жота (28), португалски напаѓач и еден од најважните играчи на Ливерпул, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Неговиот помлад брат Андре Филипе (26), професионален фудбалер за португалскиот клуб Пенафиел, исто така бил во возилото.Несреќата се случила околу полноќ на 65-от километар од автопатот А-52, во близина на градот Чернадиља, во покраината Замора. Според првичните информации, Ламборгинито со кое патувале излетало од патот, најверојатно поради дупната гума, и се запалило по силниот удар. Пожарот целосно го зафатил возилото и се проширил на околната вегетација, што го отежнало спасувањето.Очевидци веднаш повикале служби за итни случаи, но и покрај брзата реакција на пожарникарите, полицијата и брзата помош, патниците не можеле да бидат спасени. Телата биле пронајдени во изгорен автомобил, а поради сериозноста на штетата, не било лесно брзо да се утврди нивниот идентитет.Диого Жота се ожени со својата долгогодишна партнерка Рута Кардосо пред само десет дена. На свадбата, тој позираше со неа во друштво на нивните три деца: синовите Денис (роден 2021), Дуарте (2023) и ќерката родена во 2024 година.Жота ја започна својата кариера во Португалија и се истакна со настапите во Вулверхемптон и Атлетико Мадрид пред да се приклучи на Ливерпул во 2020 година, каде што брзо стана еден од клучните играчи на Јирген Клоп. Тој се сметаше за важен дел од тимот за претстојната сезона и требаше да патува на подготовки во наредните денови.Оваа ненадејна и голема трагедија длабоко го погоди спортскиот свет, а бројни пораки со сочувство веќе пристигнуваат од Англија, Португалија и цела Европа. Ливерпул сè уште не даде официјална изјава за оваа трагедија.

Свет | пред 7 месеци

IMG_3373

Обвинителството се повлече: Против Максим Димитриевски повеќе не се води постапка за злоупотреба

Основното јавно обвинителство Куманово, на само пет дена пред закажаните завршни зборови, се повлече од обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, по пријава од двајца бизнисмени од Куманово за ненавремено издавање дозвола за градба.Основниот суд Куманово денеска објави дека донел пресуда со која обвинението против Димитриевски се одбива.„Основниот суд Куманово, имајќи предвид зголемениот интерес на јавноста за предметот К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово, за кривичното дело според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ја информира јавноста дека на 1 јули 2025 година донесена е пресуда со која се одбива обвинението, согласно член 402 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка, бидејќи јавниот обвинител на 30 јуни 2025 година го повлекол обвинението“, се наведува во соопштението на судот.Судскиот процес започна на 2 април 2024 година, а последното рочиште се одржа на 27 јуни. За 4 јули беше предвидено изнесување завршни зборови, што го најави и судијката Маја Денковска.Во обвинителниот акт се тврдеше дека Димитриевски, во својство на градоначалник на Куманово, од април 2023 година не постапувал по службена должност, односно не потпишал решение за одобрување градба и не ја изготвил пресметката за надомест за уредување градежно земјиште за фирмите „УПМ-ГРУП“ и „Хромак“ од Куманово. Според тужителите, на тој начин е направена штета во износ од 3,3 милиони денари.На денешната седница на Советот на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски изјави дека Обвинителството утврдило оти не постојат елементи на кривично дело, поради што обвинението било повлечено.„Како човек кој верува во системот, учествував во сите рочишта и верував дека постојат чесни луѓе и професионалци кои ќе донесат промени во судството. Но, секогаш сум ги критикувал оние кои се водат од политички мотиви и меѓусебни поврзаности, какви што има многу во Кумановскиот суд, но и во други судови во земјава. Времето ќе покаже кој е дел од тој механизам“, рече Димитриевски.Тој ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори како претставник на коалицијата ЗНАМ, која е дел од владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 месеци

Ezero-mladost

Масивни наслаги од слузеста материја, можно присуство на цијанобактерии во Езерото Младост: Експертите предупредуваат, „капењето е забрането“

Водата во Езерото Младост не е безбедна за капење и рекреативни активности, предупредуваат здравствените власти. Граѓаните се советуваат да избегнуваат контакт со водата сè додека не се добијат дополнителни резултати од стручни испитувања.Според информации добиени од Центарот за јавно здравје, во езерото е забележан сериозен еколошки дисбаланс. Видлива е значителна појава на алги, формирање густа жолто-кафеава пена, како и масивни наслаги од слузеста и сунѓереста материја долж крајбрежјето – индикации што упатуваат на можно присуство на цијанобактерии, познати и како „сини-зелени алги“. Овие микроорганизми имаат способност да продуцираат токсични супстанции (цијанотоксини) кои можат да влијаат штетно врз здравјето на луѓето.Дополнително загрижува фактот што лабораториските анализи покажале присуство на амонијак во количини петкратно повисоки од дозволеното, што укажува на сериозно загадување, веројатно како резултат на испуштање на отпадни води или органски материи.Поради потенцијалните ризици по здравјето, особено за деца, лица со осетлива кожа и хронични болести, експертите апелираат да не се користи езерото за капење додека не се утврди безбедноста на водата.Очекувањата од надлежните институции се да реагираат итно, да спроведат подетални анализи и да преземат мерки за санација на состојбата.фото: Unsplash

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања