ТОП

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп: Путин само сака да продолжи да убива – Украина мора да се брани со „Патриот“

Американскиот претсеател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не покажал никаков интерес за прекин на огнот, туку напротив – сака „да оди до крај и да продолжи да убива луѓе“. Изјавата доаѓа по телефонскиот разговор кој Трамп го имал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој разговарале за засилување на воздушната одбрана на Украина, вклучително и испорака на американски ракети „Патриот“.„Ќе им требаат за одбрана… силно се погодени. Тоа се навистина импресивни ракети,“ рече Трамп, опишувајќи ги системите „Патриот“ како клучни во борбата против руските напади.Иако администрацијата на САД претходно привремено стопираше некои испораки на оружје кон Киев, Трамп посочи дека е оптимист за обновување на поддршката, по „многу добриот разговор“ со Зеленски. Зеленски, пак, преку Телеграм порача дека работат на „зајакнување на капацитетот за одбрана на небото“, како и на заедничко производство и набавка на одбранбени системи.Трамп откри дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за можно вклучување на Германија во испорака на „Патриот“, но одлука сè уште не е донесена.Официјален Киев предупредува дека секоја пауза во воената поддршка од Западот значи слабеење на нивната способност да се спротивстават на ескалирачките руски воздушни напади и офанзиви на фронтот.

Свет | пред 7 месеци

rusija-areodrom-drom

Украински специјалци погодија руски воен аеродром – уништени бомби и авион

Украинските специјални сили во саботата извеле напад врз рускиот воен аеродром Борисоглебск во Воронешката област, соопшти украинската војска преку социјалните мрежи.Според нивните информации, при ударот било погодено складиште со „клизни бомби“ и тренажен авион, а постои сомнеж дека се оштетени и други воени летала, иако засега не се објавени дополнителни детали.Во соопштението се наведува дека аеродромот служи како база за руски борбени авиони од типот Су-34, Су-35С и Су-30СМ, кои редовно учествуваат во нападите врз Украина.

Свет | пред 7 месеци

kostadinov-strumica

„Народе мој, време е!“ Струмичкиот градоначалник најави кампања 365 дена со луѓето

Актуелниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов кој го „замрзна“ неговото членство во СДСМ откако лидерот Венко Филипче не го кандидираше за уште еден мандат најави кампања со луѓето која, како што пишува на ФБ, ќе трае 365 дена.Од следната недела започнувам народна кампања – 365 дена со вас.365 дена со луѓето!Не кампања на зборови, туку на дела.Не кампања на ветувања, туку на покажување.До сега бев секој ден, секој час со вас – на улиците, во селата, на пазарот, во дворовите, во училиштата, на градилиштата.Но сега е време да ви го презентирам сето она што чесно, посветено и со љубов го имам сработено.Јас и мојот тим – 365 дена со народот.Нема фотелји, нема привилегии – само служба, чесност и резултати.Ова не е почеток на политичка кампања.Ова е продолжение на животната мисија: да се служи на народот со срце, ум и одговорност.Ќе бидеме таму каде што сме секогаш – меѓу народот.Ваш,Коста Костадинов

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Вработен во Водовод претепан со метални палки, клоци, боксови - жртвата има скршеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против три лица поради сомнение за кривично дело Насилство по член 386 став 3 од Кривичниот законик, откако на 2 јуни брутално нападнале вработен во пункт на „Водовод“ во Шуто Оризари.Според обвинителството, додека оштетениот паркирал службено возило пред објектот, тројцата осомничени му пришле од зад грб и без повод го нападнале со дрвени и метални палки, клоци и боксови, нанесувајќи му тешки телесни повреди, вклучително и фрактури на повеќе коски. Насилството се случило пред очи на очевидци, предизвикувајќи силна вознемиреност и страв кај присутните.До моментот, еден 29-годишен осомничен е уапсен, а обвинителството побара притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Другите двајца напаѓачи, на возраст од 38 и 40 години од Сингелиќ, се во бегство, а за нив се распишани насоки за пронаоѓање и приведување.

Македонија | пред 7 месеци

kocevski

Вештачењата за Онкологија и трагедијата во Кочани се завршени, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ околу септември

Вештачењата за случаите поврзани со Онкологија и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се веќе комплетирани, информираше денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Во изјава дадена по седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, Коцевски нагласи дека овие вештачења претставуваат значаен финансиски товар за обвинителството, со оглед на тоа што биле изработени во странство.– Сите вештачења кои се однесуваат на случајот во Кочани и на Онкологија се веќе завршени. За Онкологија, според моите информации, веќе е закажана главна расправа. Но, овие вештачења носат сериозни трошоци бидејќи се правени надвор од државата – изјави Коцевски.Во однос на предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој по одлука на Врховниот суд е препратен за оценка до Основниот кривичен суд Скопје, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“ околу септември.-Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје – рече Коцевски.

Македонија | пред 7 месеци

kazni-policija-policaec

Жена почина во приватна болница, 17-годишник предизвика сообраќајка, запленета дрога во Скопје и Струмица

Во приватна здравствена установа во селото Кадино, скопско, починала 36-годишната И.Т. од населбата Илинден – се наведува во полицискиот билтен на МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар, а на телото не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.Во несреќа што се случила на регионалниот пат Ресен–Стење, на влезот во селото Царев двор, 17-годишен возач од Ресен изгубил контрола и со возило „фолксваген“ излетал од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобиле тој и двајца сопатници – едниот на 19-годишна возраст, другиот малолетен. Уште еден малолетен сопатник се здобил со телесни повреди. Сите се од Ресен, а повредите се констатирани во Клиничката болница Битола. И Во Струга, во селото Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици и електричен тротинет, управувани од малолетници. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.На 3 јули во Скопје, во семејниот дом во општина Гази Баба, 51-годишна жена била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. Случајот бил пријавен во 3.30 часот по полноќ на 4 јули. Се преземаат мерки и по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.Истовремено, пријавено е и исчезнување на 14-годишник од јавна установа за згрижување деца. Според пријавата во Полициската станица Карпош, И.И. повторно се оддалечил од установата, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.Во две одвоени полициски акции, беа откриени и одземени наркотични материи. На 30 јуни во Струмица, по сообраќајна незгода, во возило „голф“ управувано од 33-годишен маж од село Попчево, полицијата пронашла и одзела марихуана, по што против него е поднесена кривична пријава. Во Скопје, на неколку локации на 3 и 4 јули, беа приведени пет лица – четворица на возраст од 19 до 25 години и еден 17-годишник – кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.Во Дебар, 65-годишен маж од село Долно Палчиште доби кривична пријава поради тоа што извршувал јавен превоз на патници без лиценца. Тој бил затекнат при полициска контрола во возило „опел зафира“ како врши нерегуларен превоз на излезот од Дебар.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Сериозно размислуваме за данок за оние што не склучиле брак

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ која се одржа во Владата, при што порача дека државата е свесна за демографската криза и отворено се соочува со неа.„Оваа Влада не го премолчува проблемот, го признава и се бори со него“, рече Мицкоски, додавајќи дека борбата за повисок наталитет не е задача на едно министерство, туку на целото општество – од градинките и училиштата, до родилиштата, семејствата и иселеничките клубови.Во своето обраќање, премиерот потенцираше дека државата треба да стане место „каде мајчинството е благослов, а не товар“ и каде младите ќе имаат причина да останат.„Се надевам, професор Јаневска, дека оваа година читанката нема да биде ‘Мама, тато и јас’, туку ‘Бато, дада, јас, мама и тато’“, рече Мицкоски.Како дел од предложените мерки, тој откри дека Владата размислува и за воведување на дополнителни даноци за лицата кои не се во брак, како начин да се стимулира формирање семејства.„Знаеме дека нема магично решение, но има постојана, намерна државничка борба. И ние веќе ја почнавме“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

sudenje

Наместо во строгото КПУ Идризово, судија пратил осуденик во Гевгелија, сега му се суди нему

Судија од Основниот суд во Кавадарци се соочува со обвинение за несовесно постапување, откако со своите одлуки свесно овозможил осудено лице да ја избегне издршката на затворската казна речиси цела година. Обвинението го поднесе Основното јавно обвинителство Велес.Како што информираат од Обвинителството, станува збор за судија за извршување санкции, кој во текот на 2024 година намерно постапувал спротивно на законот во предмет што се однесува на извршување казна затвор од 3 години и 8 месеци. Казната била изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија, а осудениот требало да биде упатен во КПУ Идризово – Скопје, со оглед на висината на изречената казна.Сепак, судијата, иако навреме ја примил пресудата – на 5 април 2024 година, не постапил во законскиот рок и дури по доцнење го изготвил упатниот акт, со кој осуденото лице било погрешно насочено кон затворот во Гевгелија. Оттаму било вратено известување дека установата нема надлежност за ваква казна.Наместо веднаш да го коригира пропустот и да го упати лицето во соодветната установа, судијата продолжил со одолговлекување – пробивајќи ги роковите при секоја наредна одлука во предметот.Дури на 4 јуни 2024 година добил известување дека осудениот не се појавил во КПУ Идризово. Иако бил обврзан да издаде наредба до полицијата во рок од 24 часа за приведување, тој го направил тоа дури на 7 јуни. Централна потерница била распишана, по што осуденото лице било пронајдено и лишено од слобода.Казната започнал да ја издржува дури на 11 март 2025 година – скоро една година подоцна од првично предвидениот термин во април 2024 година.Сега судијата се соочува со обвинение за несовесно вршење на службата, при што, според Обвинителството, неговите дејствија биле свесни и со намера да му обезбедат поволности на осуденото лице.

Македонија | пред 7 месеци

ojo-gokk

Обвинение за директорот на Геријатрија за поткуп од 20.000 евра – фатени на лице место со примачот на парите

Обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица за кривични дела поврзани со корупција, информираат од Обвинителството.Првообвинет во случајот е директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, кој се товари за кривично дело примање поткуп, додека второобвинетото лице се товари за примање награда за противзаконито влијание.Според обвинението, директорот побарал поголема сума пари од сведок – давател на доживотна издршка, за да овозможи болнички прием на лице во тешка здравствена состојба. Иако се работело за службено дејствие што морал да го изврши, тој го условил со лична корист. Второобвинетиот ја примил договорената сума во негово име, со цел да изврши влијание и да го поттикне директорот да ја исполни својата обврска.При примање на дел од договорените 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата.Обвинителството заедно со обвинителниот акт поднесе и посебен предлог за продолжување на притворот за двајцата обвинети, со образложение дека не постојат услови за поблага мерка.

Македонија | пред 7 месеци

blokada-srbija

Блокади низ Србија: Полицијата во камуфлажни униформи врши апсења од рано наутро

Во Србија, денес е петтиот ден од студентските и граѓанските протести и сообраќајните блокади низ целата земја. Блокади има во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Краљево, Ваљево, Панчево, Суботица и други градови.Првите апсења на граѓани веќе се евидентирани во Нови Сад. Во Белград, полицијата ги отстрануваше блокадите, а на улиците беа присутни силни полициски сили, вклучувајќи ја жандармеријата и полицајци во цивилна облека со балаклави.„Полицијата ги приведува граѓаните за преминување на улица, но повеќе нема да можат да го прават тоа“, рече граѓанин, еден од учесниците во блокадите.Во Ниш, жена се обиде да ја пробие блокадата со својот автомобил, но полицијата ја запре. Граѓаните во Ниш ги блокираат раскрсниците со преминување на пешачки премини и со тоа го забавуваат сообраќајот, во присуство на полициска придружба.Клучни делови од Белград беа исто така блокирани, вклучувајќи ја улицата Таковска, улицата Кралица Марија, кружниот тек во Нов Белград и неколку раскрсници во Карабурма и Коњарник. На некои места сообраќајот се одвива бавно, додека на други е целосно запрен.Граѓаните на некои места прават бучава со свирчиња и труби, а протестите засега се одвиваат без поголеми конфликти, освен спорадични полициски интервенции.Професорката Ана Савиќ од Факултетот за природни науки изјави за Н1 Белград дека ситуацијата покажува знаци на општествени промени. Како е блокирано?Граѓаните на Стариот град во Белград ги блокираат раскрсниците со брзо демолирање на контејнери за да го спречат сообраќајот, а кога ќе пристигне жандармеријата, тие брзо се преместуваат на нова локација.Како што изјавија за Н1, ова е нивната тактика – штом се појави полицијата или жандармеријата, тие го напуштаат местото без конфликт и продолжуваат понатаму.До 8 часот наутро, тие веќе имаа сменето неколку локации: од Плоштадот на Републиката, преку тунелот Теразије, улиците Дечанска и Македонска.Според извештајот на Н1, граѓаните се многу лути и викаат „напумпајте го“. Жандармеријата брзо ги следи, а зад нив следат и неколку полициски возила.Меѓу демонстрантите има и родители со мали деца. Градскиот сообраќај функционира повремено, а меѓу толпата нема организирани полицајци или моторџии.

Свет | пред 7 месеци

RIM-eksplozija

ФОТО/ВИДЕО Најмалку 20 повредени во страшна експлозија во Рим, била толку моќна што ја регистрирале и сеизмографи

Повеќе од 20 лица се повредени, вклучувајќи најмалку тројца со тешки изгореници, по силна експлозија на бензинска пумпа во источен Рим околу 8:20 часот утрово.Итните служби биле на местото на настанот пред експлозијата бидејќи биле повикани откако камион удрил во цевковод на бензинска пумпа, објавија италијанските новински агенции.Пожарот се проширил на блискиот магацин, а ударниот бран од експлозијата ги оштетил блиските згради.Според извештаите, експлозијата се случила на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на Виа деи Гордијани, а детонацијата се слушнала низ целиот италијански главен град, објави Ројтерс.Страшната експлозија фрли остатоци на 300 метри од местото на настанот. Според некои сведоштва објавени на социјалните мрежи, по експлозијата прво избувнал пожар, а потоа следеле две речиси последователни експлозии, од кои втората била помоќна.На снимката се гледаат остатоци расфрлани низ теренот, а оградата околу теренот се чини дека е свиткана во експлозијата. „Џиновска огнена топка на небото“Тие велат дека на небото се појавила огромна портокалова огнена топка, некои жители избегале во паника, а снимките покажуваат огромен облак од темно сив чад како се извишува над зградите во Рим.Локалниот веб-сајт „Рома тудеј“ објави фотографија од огромна топка од пламен и чад што се издига високо кон небото над бензинската пумпа и околните куќи.„Го слушнав додека излегував од куќата, беше многу силен тресок, целата куќа се тресеше и се плашев дека прозорците може да се скршат поради тоа колку беше гласно“, изјави еден сведок за Ројтерс.Осум полицајци и еден пожарникар се повредени, а на местото на настанот се едно амбулантно возило, две медицински екипи и три амбулантни возила, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот, објавува „Кориере дела сера“.Планот за вонредни состојби е активиран и сите служби за итни случаи се ставени во состојба на готовност. Сликите објавени од пожарникарите покажуваат дека бензинската пумпа е речиси целосно уништена.Експлозии една по друга„По првата експлозија имаше неколку верижни експлозии“, изјави портпаролката на римската полиција, Елизабета Акардо, за РАИ, додавајќи дека сите повредени полицајци претрпеле изгореници, но нивните животи не се во опасност.Портпаролот на противпожарната служба Лука Кари потврди дека еден пожарникар е повреден во експлозијата, но не сериозно, додавајќи: „10 екипи работат на местото на настанот“.Полицијата ја проверува целата околина барајќи повредени или заробени лица во блиските згради, јавува Асошиејтед Прес. Експлозијата се случила во квартот Пренестино, на југоистокот од Рим, во близина на градинка и спортски клуб. Поради безбедносни причини, агенцијата за јавен превоз во Рим, Атак, ја затвори блиската метро станица Теано по наредба на полицијата, јавува АНСА.Експлозијата била толку моќна што ја регистрирале и сеизмографи.

Свет | пред 7 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уште еден пешак прегазен во Скопје – уапсен е возачот

Пешак на возраст од 65 години се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во центарот на Скопје.Како што информира МВР, несреќата се случила на 3 јули околу 11 часот на улицата „Филип Втори Македонски“. Патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот К.К., исто така од Скопје.Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Од страна на СВР Скопје бил извршен увид, а возачот е приведен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 месеци

avtopat-Srbija

Трагедија на автопатот кај Суботица: Македонски државјанин загина, друг тешко повреден

Рано утрово, на автопатот Нови Сад–Суботица, во насока кон граничниот премин Хоргош со Унгарија, животот го загуби 39-годишен македонски државјанин, а уште едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа.Несреќата се случила околу 5:15 часот, кога патничко возило од марката „Киа“, по сè уште неутврдени причини, излетало од коловозот во близина на населбата Вишњевац — помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица — и се превртело.Во несреќата на самото место починал сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) се здобил со тешки повреди и е хоспитализиран во болницата во Суботица.На местото на трагедијата увид извршија екипи на сообраќајната полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица.Српската полиција информира дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Македонија | пред 7 месеци

EP

„Српски свет“ во фокусот на нацрт-извештајот, геополитички проект за контрола на Балканот и влијание врз Северна Македонија“

Во очи гласањето во Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Северна Македонија, бугарската агенција БГНЕС, освен што објави дека трите најголеми политички групи во ЕП постигнале договор за отстранување на формулациите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од документот, наведува и дека во нацрт-резолуцијата се изразува сериозна загриженост за наводното српско геополитичко влијание во регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија.БГНЕС го користи нацрт-извештајот на европратеникот Томас Вајц како основа за критики насочени не само кон македонската држава, туку и кон регионални и глобални фактори. Според агенцијата, документот остро го осудува т.н. проект „Српски свет“, опишувајќи го како геополитичка стратегија на Србија за доминација на Балканот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, и го поврзува со промени на граници и дестабилизација на регионот. Во извештајот се нотира и учество на претставници на македонската влада на состаноци кои се поврзуваат со оваа стратегија, што се оценува како загрижувачко за регионалната стабилност.Дополнително, БГНЕС пренесува дека во документот е нагласена потребата од отворање на архивите на поранешните југословенски тајни служби – УДБА и КОС – со цел, како што се вели, да се прекине со тоталитарното наследство и да се зајакне транспарентноста и демократијата во регионот.Во продолжение, еве што пишува БГНЕС:Во точка 80 од извештајот се изразува: „загриженост во однос на проектот ‘Српски свет’ и фактот дека претставници на владата на Северна Македонија го поддржуваат и промовираат овој концепт; се осудува учеството на средби што имаат за цел воспоставување на сфера на влијание што го поткопува суверенитетот на други држави и стабилноста во регионот.“Во точка 81 се наведува: „потребата од отворање на архивите на југословенските тајни служби (УДБА и КОС – од времето на југословенскиот диктатор Тито по 1945 година – заб. ред.), кои се чуваат и во Северна Македонија и во Србија, како и потребата тие архиви да бидат отворени на регионално ниво, со цел да се надмине тоталитарното минато на транспарентен начин, за зајакнување на демократијата, отчетноста и институциите на Западен Балкан.“„Северна Македонија останува цел на непријателски странски влијанија, вклучително и обиди за раздор во општеството и поттикнување на антиевропски ставови, особено преку таблоиди и медиуми на српски јазик, кои служат како регионални засилувачи на руската пропаганда и имаат значително влијание“, се наведува понатаму во документот. Таму се потсетува дека Северна Македонија протерала 13 руски дипломати меѓу 2018 и 2023 година поради активности што не биле во согласност со нивниот дипломатски статус, што укажува на постоење на прикриени мрежи за влијание. Се посочува и дека Кина се стреми да го прошири своето влијание преку контрола на информациите, инвестициска дипломатија и присилни клаузули во договори за инфраструктурни заеми.Во извештајот се предупредува дека кинеските дипломатски структури финансирале платена содржина и коментари во македонски медиуми без јасно означување. Анализа од 2023 година утврдила дека субјекти поврзани со руската држава користеле српски медиуми за да шират наративи непријателски кон НАТО и да тврдат дека Европската Унија ја притиска Северна Македонија „да се откаже од својот идентитет“.Во нацрт-резолуцијата, која може да се види од секој граѓанин на веб-страницата на Европскиот парламент, се изразува загриженост дека Северна Македонија и другите држави од Западен Балкан, кандидати за членство во ЕУ, се особено силно погодени од странски мешања и кампањи за дезинформација, вклучително и хибридни закани, стратешка корупција, нетранспарентни финансиски текови и принудни инвестициски практики, особено од Русија и Кина.Изразена е загриженост и за „улогата на Унгарија и Србија во поддршка на геополитичките цели на Кина и Русија, а во тој контекст – ризикот од зависност од Кина поради асиметрични договори за заеми, како и заемот од Унгарија за Северна Македонија, кој изгледа има кинеско потекло“.

пред 7 месеци

Dimitrov

„За македонскиот јазик, Преспанскиот договор е силно оружје, искористете го!“ Никола Димитров дава предлог како да се реши спорот со Бугарија за јазикот и идентитетот

Еден од потписниците на Преспанскиот договор, Никола Димитров, со кој се реши 27 годишниот спор со соседна Грција дава предлог и за решавање на проблемот со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет. Во објава на Фејсбук, Димитров пишува дека Преспанскиот договор е силно оружје и треба да се искористиМе фрапира изедначувањето на нерешението на проблемот со Бугарија со решението на спорот со Грција.Во пакетот што го прифати претходната влада, “брилијантниот успех” што бескрајно ни го искомплицира патот до членството во ЕУ вметнувајќи нерешен идентитетски спор во пристапниот процес, е и официјалната изјава на Софија дека македонскиот јазик е сиромашен дијалект на бугарскиот јазик што таа не го признава како посебен јазик.Црно на бело, доставен во Брисел.Сега повторно реактуелизирана преку бугарските европратеници во дебатата во Европскиот парламент.Единствениот меѓународен компромис, со огромна тежина, каде македонскиот јазик навистина е чист, признат и апсолутно неспорен, Преспанскиот договор ние не само што не го користиме, туку и го напаѓаме.Меѓу другото, македонскиот јазик е во преговарачката рамка со ЕУ, токму како резултат на Преспанскиот договор.Ја читам претседателката на државата, како вели дека Бугарија била инспирирана од Преспанскиот договор за ветото, во смисла дека ѝ се отвориле апетити, без воопшто да се сети дека “инспирацијата” може да биде и фрустрација, оти токму таму - македонскиот јазик е афирмиран, нешто што веројатно ако е чесна, ќе си признае дека не било баш едноставно да се обезбеди на светска сцена, како што се тврди дома по митинзи или амфитеатри.Тој спор, кој прво беше на ниво на ООН, врз основа на резолуција на Советот за безбедност од 1993, ние го затворивме како Македонци со македонски јазик. Спорот со Бугарија - апсолутно не. Ниту спорот е решен, ниту Софија стави потпис на македонскиот јазик, туку се издвои од останатите членки на ЕУ со своја крајно навредлива изјава на ниво на говор на омраза.И таа е суштинската разлика!И затоа не може ниту заедно да ги напаѓате и Преспанскиот договор и таканаречениот Француски предлог, со клучни елементи зготвени во Скопје и Софија, ниту заедно да ги браните - тие се спротивност!Понатаму, претседателката има една суштинска невистина или недозволива грешка во своето излагање.Таа тврди дека НАТО било важно и ни требало, таа го поддржува членството и добро ќе било да сме направеле компромис за НАТО, ама со Преспанскиот договор сме се фокусирале само на ЕУ, толку што дури и во референдумското прашање не било НАТО ниту спомнато.Напротив, во прашањето се разбира се и НАТО и ЕУ.Уште повеќе, ратификацијата на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО во грчкиот парламент беше услов за влегување во сила на Преспанскиот договор.Тоа на што претседателката е горда, тоа што вели цитирам - “во ваква безбедносна ситуација НАТО е многу важен за нас”, е тоа НАТО е овде и ние сме таму само и само поради Договорот што не се умее или не се сака да се искористи во наша полза.Единствениот услов за членство во НАТО од Самитот во Букурешт во 2008 наваму, беше решение за спорот околу името.Дали претседателката навистина, ама навистина смета дека е мудро и логично токму деновиве да се напаѓа меѓународен договор, каде недвосмислено се потврдува македонскиот јазик!?“, напиша тој.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања