Македонец загина во Бугарија откако 19 годишник со кола влета во ресторан и уби три лица
Три лица загинаа откако 19 годишен возач со автомобил влетал во ресторан, објавија тамошните медиуми.Околу 01:36 часот ноќеска, на бројот 112 е добиена дојава за инцидент на улицата Гранчарска во Разград каде полицијата утврдила дека 19-годишен возач, кој го возел автомобилот на својот татко, ја изгубил контролата врз возилото и удрил во гости во ресторан.Тројца мажи загинаа на местото на настанот – на возраст од 58, 62 и 64 години.58-годишникот е државјанин на Македонија, со постојано живеалиште во Бугарија.Возачот бил тестиран за алкохол и дрога, неговите примероци биле негативни. Исто така, биле земени крв и урина за хемиска анализа. Известено е обвинителството, а за случајот е покрената предистражна постапка.Обвинителството објави дека подигнале обвинение против младиот човек и ќе побараат изрекување на најстрога превентивна мерка „притвор“ за него.
Македонија | пред 6 месеци