ТОП

policiska-lenta

Македонец и двајца Бугари загинаа откако автомобил удри во маса во ресторан во Разград

Трагедија се случи во бугарскиот град Разград, каде што 58-годишен Македонец, заедно со двајца бугарски државјани, загинаа откако во нивна насока удри автомобил додека седеле на маса во ресторан, јави ТВ Стар.Покрај Македонецот, кој имал 58 години, животот го загубија и двајца бугари, на возраст од 62 и 64 години, со кои седел на истата маса во моментот на несреќата.Според првичните резултати од тестирањата, возачот на автомобилот, кој има 19 години, не бил под влијание на алкохол или наркотични супстанции. Сепак, му биле земени крв и урина за дополнителни лабораториски испитувања.По несреќата, на возачот му е изречена мерка притвор од 72 часа.

Македонија | пред 6 месеци

Perparim-Avdilji

Од липковско Лојане до градоначалник на Цирих, партијата ФДП го номинира Перпарим Авдили да го води швајцарскиот град

ФДП во Цирих ги избра трите кандидати кои ќе ги предложи за членови на Градскиот совет на претстојните избори на 4 септември. Покрај советничките кандидати Михаел Баумер и Марита Вербали, партијата го номинираше и сегашниот градски советник, како и кандидат за градоначалник, Перпарим Авдили.Комитетот го препорачува Перпарим Авдили како кандидат за претседател на градот, односно градоначалник, стои во соопштението за медиуми што го објави партијата.Во соопштението се презентираат профилите на тројцата кандидати, а посебно внимание е посветено на Авдили, кој е опишан како „човек од акција со креативен нагон“ за Градскиот совет на Цирих.„Цирих мора повторно да се позиционира како иновативна економска, културна и метропола на знаењето, живописно место полно со разновидност и напредок. За тоа е потребен посветен градоначалник кој во секојдневниот живот ќе го претвори ова ветување во реалност – со фер можности за домување, работа и развој на нашите населби“, се наведува во презентацијата.Во објавата на социјалните мрежи Авдили кој го претстави своето кандидатство, пишува:„Пораснав во Цирих, како дете на имигрантско семејство. Одев на училиште во Алтштетен и Албисриден и сè уште редовно играм фудбал со моите пријатели во населбата. Понекогаш дури и заедно ги следиме натпреварите на градскиот клуб на Лецигрунд, на кој имам мала преференција.По завршувањето на мојата комерцијална обука, ја започнав кариерата во финансискиот центар на Цирих. Денес сум финансиски директор во непрофитната организација „libs“, која се наоѓа во Северен Цирих и каде што поддржуваме 1.500 практиканти во машинската, електротехничката и металната индустрија да го развиваат својот професионален пат.Го сакам она што го работам и го сакам овој град. Имам длабоки корени тука.Но, градот е администриран на непроменлив начин со години. Без храброст. Без боја. Без душа. Сакам Цирих да продолжи да се развива, да цвета и конечно да биде перцепиран како вистинска метропола.Потребен ни е град со јасна цел, крај на администрацијата без визија што ја видовме во последните години. Ако сакаме да бидеме релевантни, мораме да бидеме видливи и чујни – космополитски, разновиден, креативен и храбар град. За ова ни треба лидерство со визија, емпатија и ентузијазам“, напиша Авдили.

Македонија | пред 6 месеци

Pozar-Blace

Хеликоптерите Бел и Агуста го ставија под делумна контрола пожарот кај Блаце

Пожарот што попладнето вчера избувна над магистралниот пат Скопје–Блаце, утрово е ставен под делумна контрола. Но борбата со огнените јазици сè уште не е завршена – два крака и натаму се активни, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Како што информира, рано изутрина, уште од 5 часот, силите на скопската Противпожарна бригада излегле на терен со повеќе возила и екипи, поддржани од воздух со два хеликоптера на МВР, еден армиски хеликоптер, како и специјализирани возила од ДЗС – „пинцгауер“ и „хермелин“ со поголема цистерна.„Пожарот е ставен под делумна контрола, за жал сè уште имаме активни два краци“, изјави Ангелов во утринската видео-изјава. Тој прецизира дека еден од краците бил локализиран по воздушна интервенција со хеликоптери на полицијата.Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека двата нивни хеликоптера, „Бел 412“ и „Агуста Бел 212“, од 5 до 9 часот утрово исфрлиле повеќе од 30 тони вода врз пожарот кај Блаце и дека продолжуваат со активни летови и дејства на терен.Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е официјално утврдена, но според директорот на ДЗС, најверојатно станува збор за човечки фактор – фрлен отпушок од автомобил во движење или намерно предизвикување.Ангелов апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да пријават веднаш на бројот 112 доколку забележат пожар.Инаку, сообраќајот кон граничниот премин Блаце, кој синоќа беше делумно блокиран за автобуси и товарни возила поради проширување на пожарот, е повторно нормализиран, информираа од МВР.фото: ДЗС

Македонија | пред 6 месеци

nastresnica-belgrad

Се урна настрешница во центарот на Белград, се уште виси! Делови од бетон завршиле на шеталиштето

Дел од настрешницата на зграда на адреса Кнез Михајлова 10, во строгиот центар на Белград, се урна во текот на ноќта пред парфимерија, пренесува Н1 Србија.Според изјавите на вработена во продавницата, сè било во ред во текот на претходниот ден, што укажува дека инцидентот најверојатно се случил во текот на ноќта или рано изутрина.Властите веднаш реагирале и ја обезбедиле областа со црвена сигурносна лента со натпис „претпазливост, опасност“. На граѓаните им е забрането да се движат низ тој дел од улицата додека не се отстрани урнатиот материјал и не се процени стабилноста на објектот.Делови од настрешницата завршиле директно на шеталиштето, а еден дел сè уште виси, што претставува дополнителен ризик за минувачите.Надлежните служби се очекува да спроведат инспекција и да утврдат што точно ја предизвикало оваа опасна ситуација во една од најфреквентните улици во Белград.фото:Print Screen/N1

Свет | пред 6 месеци

Sonce-pekol

Температури до 42 степени – УХМР најавува топлотен бран и за денеска!

Македонија денеска повторно е зафатена од многу топло време, со температури кои ќе достигнуваат до 42°C. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, а попладне постои можност за појава на краткотрајна нестабилност.„Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 42 степени“, се наведува во соопштението на УХМР.Во Скопје, исто така, се очекува екстремна жештина. Според најавата, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе достигне до 42°C.„Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 42 степени“, информираат од УХМР.Иако најголемиот дел од земјата остана сув, УХМР соопшти дека во последните 24 часа, воден талог, односно количина на паднат дожд е измерен само на Попова Шапка, каде наврнале 19 литри на метар квадратен.„Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, се додава во соопштението.УХМР апелира на внимателност поради екстремните температури, особено во најтоплиот дел од денот, како и зголемен ризик од пожари.

Македонија | пред 6 месеци

Pozarnikari

Ќе се вработуваат 400 пожарникари, во тек е оглас – пренаменети и стари армиски и полициски возила

Додека пожари веќе создаваат сериозни проблеми, институциите дури сега објавуваат оглас за вработување на 400 пожарникари. Паралелно, се работи на пренамена на стари армиски и полициски возила кои треба да помогнат во справувањето со огнените стихии.„Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна пренамена на полициските и армиски ‘БТР 80’, ‘Хермелини’ и ‘Пинцгауери’ кои беа управувани од луѓе кои се вешти од МВР и Армијата. На сите тие возила им е вграден различен резервоар, во зависност од статиката на возилото, да не дојде до изместување на тежиштето и да не дојде до превртување. Работеа инженери на овој проект. Резервоарите се од 1,5 метар кубен до 6, исто така се со вградени пумпи со различна ‘коњажа’, пумпи со различна можност, притисок итн и навистина тоа делува импресивно. Кога зборувавме со луѓето од Армијата колкав терен тие би можеле да покријат, ми беше кажано дека до 20 километри само овие возила кога би се распределиле би изгасиле пожар“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ на Сител телевизија.Тој нагласи дека трансформацијата на возилата не ја чинела државата ништо.„Оваа пренамена на старите армиски и полициски возила не ја чинеше државата ништо, туку тоа беше направено од општествено одговорни компании. Ако едно вакво возило чини 400 илјади евра, тогаш тоа значи дека се заштедени неколку десетици милиони евра од буџетот“, рече Мицкоски.Во изјава, Мицкоски посочи дека процесот на вработување на пожарникари дури сега започнува.„Отпочнат е огласот за вработување на 400 нови пожарникари. Ги охрабрувам луѓето преку општините, тие кои се чувствуваат подготвени да влезат во овој процес. Оваа единица, армиските хеликоптери и хеликоптерите на полицијата, а на тоа додадени и Ер тракторите, еден е вратен од сервис, другиот се враќа оваа недела, а третиот до крај на јули, ценам дека сме подготвени доколку оваа година се случат пожари да ги совладаме“, истакна премиерот.Според него, направените чекори треба да овозможат поголема подготвеност во справувањето со пожари, при што, како што рече, „за разлика од минатото, државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле“.

Македонија | пред 6 месеци

Teksas-reka

Драматични видеа од Тексас, 28 деца и уште 54 возрасни се жртви во големите поплави, снимките покажуваат колку брзо се надошла реката

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 82, вклучувајќи најмалку 28 деца, додека потрагата по девојчиња исчезнати од летен камп влегува во третиот ден, а стравот од нови поплави доведе до нови евакуации.Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, изјави дека 68 лица загинале во поплавите во неговиот округ, епицентарот на поплавите, вклучувајќи 28 деца.Гувернерот на Тексас, Грег Абот, на прес-конференцијата вчера попладне, рече дека уште 10 лица загинале на други места во Тексас и потврди дека 41 лица се водат како исчезнати. Претседателот Доналд Трамп изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека веројатно ќе ја посети областа во петок. Тој додаде дека неговата администрација била во контакт со Абот.Уништен христијански кампМеѓу најтешко погодените е летниот христијански камп за девојчиња стар речиси еден век, каде што 11 девојчиња и една советничка сè уште се водат како исчезнати, рече Леита. Поплавите се случија откако блиската река Гвадалупе се излеа од своите корита по обилните дождови во централен Тексас во петокот, на Денот на независноста на САД.„Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи за 8 метри и имаше катастрофални поплави - однесоа имоти, а за жал и човечки животи“, беше кажано на прес-конференција.Шефот на Одделот за управување со вонредни состојби во Тексас, Ним Кид, изјави дека во разурнувањето загинале три лица во округот Барнет, едно во округот Том Грин, пет во округот Тревис и едно во округот Вилијамсон. „Бројот на жртви ќе се зголеми“„Ќе видите дека бројот на жртви ќе се зголемува денес и утре“, рече Фримен Мартин, директор на Одделот за јавна безбедност на Тексас.Официјалните лица во саботата соопштија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои кои се држеле за дрвја, откако ненадејна бура наврнала до 38 сантиметри дожд низ регионот, околу 140 км северозападно од Сан Антонио.Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана во неделата и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.Тајмлапс снимката направена во петокот покажува колку брзо се искачиле поројните води по должината на реката Љано во градот Кингсленд, Тексас - околу 150 километри североисточно од кампот Мистик.Снимките со забрзано движење покажуваат како водата го покачила нивото и се кревала по речното корито во рок од само 30 минути.“

Свет | пред 6 месеци

helikopteri

Хеликоптерска акција против пожарот кај Чучер Сандево – локализиран и огнот во дворот на болницата во Бардовци

Утрово, точно во 5 часот, започнаа воздушните интервенции врз пожарот што ја зафати територијата на општина Чучер Сандево, поточно околината на селата Чучер и Блаце. Во гаснењето се вклучени три хеликоптери – два на Министерството за внатрешни работи и еден на Армијата на Република Македонија.На терен дејствуваат и сили на Противпожарната бригада на Град Скопје со повеќе екипи и возила, екипи од Јавното комунално претпријатие од општината, тимови на Црвениот крст кои поставија базен за полнење вода на хеликоптерите, како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување со противпожарни возила, информира ЦУК.Центарот за управување со кризи соопшти дека е во постојана координација со сите надлежни институции и службите на терен, со цел ситуацијата што побрзо да се стави под контрола.Во меѓувреме, јавноста беше вознемирена и од пожарот кој вчера попладне избувна во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ во Бардовци. Министерството за здравство соопшти дека пожарот зафатил само надворешна тревна површина обрасната со сува трева и дека не постои причина за загриженост.„Ситуацијата е целосно ставена под контрола. Навремената интервенција на надлежните служби спречи проширување на огнот кон болничките објекти. Од безбедносни причини беше спроведена краткотрајна превентивна евакуација на дел од пациентите и персоналот. Нема повредени, ниту е причинета материјална штета врз објектите“, информираат од Министерството.Во болницата останува дежурен медицински и административен персонал кој внимателно ја следи состојбата и е подготвен за натамошна реакција доколку има потреба.

Македонија | пред 6 месеци

mickoski-puls-roditel

Последниот критичен пациент од Кочани е надвор од опасност; Мицкоски: Му простувам на родителот што ме навредуваше

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Сител“ изјави дека сочувствува со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани и дека му простува на родителот кој, под влијание на болката, го навредувал пред камери.„Сочувствувам со нивната болка. Трагедијата беше страшна и не задеси по само осум месеци од преземањето на власта. Она што го направивме досега, ретко кој го направил – денес добив информација дека и последниот пациент кој беше во критична состојба е надвор од опасност. Првата група веќе го заврши рехабилитацискиот третман на Пониква, а на почеток на следната недела следува втората група. Континуирано сме во контакт со повредените и со семејствата на починатите“, рече Мицкоски.Во однос на навредите што ги добил од еден од родителите, тој изјави:„Оној родител кој ме навредуваше, му простувам тоа е специфична ситуација во која не би можел да замислам како се чувствува човекот“.

Македонија | пред 6 месеци

514412929_1040963561556941_8626817765418194968_n

(Виде) Пожар во Бардовци: Евакуирани пациенти и персонал од психијатриската болница

Попладнево изби пожар во скопската населба Геге, кој брзо се прошири кон Бардовци и зафати дел од дворот на Психијатриската болница. Огнот захвати површини со сува трева и дрвја, заканувајќи се да навлезе во самиот комплекс на болницата.Навремено реагирање спречи поголема трагедија – сите пациенти и персоналот беа безбедно евакуирани.Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш побара дополнителни сили од Противпожарната бригада и стапи во контакт со Хеликоптерската единица на МВР. Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушна поддршка која веќе делувала во реонот на Чучер Сандево – Блаце, но на крајот тоа не било потребно.„Пожарот е ставен под контрола, а хеликоптерот на МВР останува на задачата во Блаце“, соопштија од ЦУК.На терен биле и директорот на болницата Иса Абдулаи и директорот на ЦУК, кои ја координирале акцијата на лице место.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-17.46.04

Потресен апел од Кочани: Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè“

Семејството на 21-годишната Ивона Антова, една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати потресен јавен апел на социјалните мрежи, обвинувајќи дека нивната ќерка не загинала веднаш од пожарот, туку била оставена беспомошна и без медицинска грижа во најтешките мигови.„Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè – како ја буткаат, како паѓа, како моли за рака, а никој не ѝ помогнал“, напишаа нејзините родители во јавната објава.Според нив, девојката со последните сили снимала и документирала како се обидува да побара спас, но наместо подадена рака добила удари и игнорирање од луѓето околу неа.Родителите тврдат дека Ивона била пронајдена во болница, оставена сама, без кислородна поддршка, со трагични услови на интерно одделение. „Татко ѝ ја најде легната на страна, со рачето под главата, како да се обидела да стане, а не можела. Јас, нејзината мајка, не можев ни да ја видам – бев приклучена на инфузија, а срцето ми умираше со неа“, стои во нивното сведоштво.Семејството бара одговорност од институциите и од сите оние кои, како што велат, затаиле и ја оставиле Ивона да умира сама во болка и страв. Апелираат случајот да не се заборави и бараат правда за својата ќерка, нагласувајќи дека ќе се борат за неа – како што и таа се борела до последниот здив.„Љубовта кон Ивона нема никогаш да згасне. Ќе се бориме за неа, како што таа се бореше“, завршуваат Антови во јавниот апел што предизвика силни реакции во јавноста.

Коментари | пред 6 месеци

2

За Јордан Ѓоргиев и Васил Јованов – притвори. За Љури кој го прегази Југо? Се чека одговор на жалбата, па ќе следува одлука

Жалбата на Обвинителството за куќниот притвор на Фатон Љури, осомничен за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека, на кејот на Вардар, стигнала до Кривичниот суд. Со ова почнуваат роковите, таа да биде доставена до обвинетиот и неговиот адвокат, а потоа Кривичниот совет ќе постапува. Барање за произнесување е пратено, сега се чека одговор.Законот за кривична постапка предвидува одговор на жалбата, судот да добие за 24 часа. Потоа, судиите носат одлука дали оваа мерка ќе опстане или ќе се одреди построга. Засега не е познато дали осомничениот барал укинување на мерката на претпазливост, односно да се брани од слобода.Инаку, Љури, според обвинителите, бил возачот на мотоциклот. Го оставил повредениот другар и усмртениот пешак и избегал. До одлуката на Кривичен совет, јавноста остро реагира и прашува, како е можно, осомничен за прегазување на пешачка патека, кој немал ни возачка, а се дал во бегство и не укажал помош на сега усмртениот скопјанец – да добие куќен, наместо ефективен притвор.Како споредба, се земаат два случаи. Па така, првиот е примерот каде возачот Јордан Ѓоргиев ја усмрти Викторија Николова кај „Сити мол“. Кај него, и покрај олеснителните околности што не избега, беше на лице место, имаше возачка дозвола и соработуваше со органите на прогонот, Кривичниот суд му одреди ефективен притвор и сѐ до пресудата беше во затворска ќелија.Вториот случај е усмртувањето на Фросина Куланова. Возачот Васил Јованов, кој не избега, остана на местото на несреќата и соработуваше со органите на прогонот – доби ефективен притвор.Непознато е кој судија одлучи да не ја уважи мерката ефективен притвор за  Фатон Љури. Особено, бидејќи по настанот избега, а беше најден и уапсен по еден ден. Обвинителството уште истиот ден поднесе жалба на мерката на претпазливост. Тие сметаат дека постои простор за негово повторно бегство и влијание на сведоци.

Македонија | пред 6 месеци

31122024-Mickoski-pres

(Видео) Нема да има даноци за самци, Мицкоски: Само иницирав дебата, се извинувам

„Се извинувам ако некој погрешно ме сфатил, нема никакви даноци“, вака премиерот Христијан Мицкоски го дообјасни своето претходно јавно појавување кога кажа дека размислуваат за воведување на даноци за немажени и неженети. Тој рече дека целта му била да испровоцира јавна дебата.„Целта ни беше само да испровоцираме јавна дебата. Јас се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал. Ајде сите заедно да работиме, да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата Македонија“, рече Мицкоски.Тој не се согласува дека младите и создавањето на семејства треба да биде со финансиска помош.„Тивко исчезнуваме, тоа тивко поминува. Јас не се помирувам со тоа. Се радувам на јавната дебата, ми викаат дека треба со финансиска поддршка да се излезе. Не е тоа решението. Една од најбогатите економии е Јужна Кореа, има потрешено 270 милијарди долари во последниве 15 години, за да стигне до стапка две мајки да раѓаат едно дете. Не е до финансиите, до срцето и главата е. До умот“, рече Мицкоски.Тој додаде дека во читанка треба да се смени поимот за семејство.„Не треба да биде јас мама и тато, туку јас, мама, тато, бато и дада“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-14.40.44

(Видео) Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски: Ќе го воскреснеме Скопје од сивилото

Време е Скопје да го вратиме на скопјани и да изградиме Град на кој сите ќе се гордееме, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Рече дека сообраќајниот хаос, но и прљавиот град ќе бидат први работи. Тој рече дека нема разлика помеѓу Данела Арсовска и Петре Шилегов.„Свесен сум во каква состојба е Скопје, во какво сивило живееме, но спремен сум по завршување на овие избори, да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот на сите сограѓани, без делби, ќе останам близок до сите граѓани. Не очекувајте од мене салонски политичар, покажав и овие изминати години дека не сум таков, дека сум меѓу граѓаните за да ги ислушам. Ја барам поддршката од сите скопјани, без разлика вера, нација, политичка припадност. Ги повикувам сите да се приклучат во оваа заедничка мисија“, рече Ѓорѓиевски.Тој рече дека почнуваат со креирање на програмата, детално ќе се разработува, дека ќе има рокови и колку ќе чини. Сѐ што ќе зацрта, тој рече дека ќе даде се од себе да биде реализирано.

Скопје | пред 6 месеци

orce-kiselavoda-2

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Ова е одлуката на Извршниот комитет, а по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.„Тој води убедливо, дури петпати, споредбено со решенијата на СДСМ. Тој со својата максимална посветеност, покажа и докажа дека умее и сака да работи за граѓаните. Од она што јас можам да го кажам за Орце, знам дека е исклучително мотивиран да победи и да победува секој ден за Скопје и скопјани. Тој е достапен и отворен, кој решава проблеми, по четири години девастирање на Градот. Кога сме кај Градот, ги научивме сите лекции, за да не згрешиме при одлука за прв човек на Градот. Тој ќе има задача да го врати на скопјани“, рече Мицкоски.Ѓорѓиевски, кој е актуелен градоначалник на општина Кисела Вода, важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски и дел од новата генерација на функционери во ВМРО-ДПМНЕ. Тој не ги криеше амбициите да биде кандидат за Скопје. На партиските анкети беа и имињата на министерот за локална самоуправа Златко Перински, како и ексградоначалникот Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски. Ѓорѓиевски имал најголема поддршка.Кандидатот Ѓорѓиевски, веќе најави дека „најдоброто допрва доаѓа“.Кандидатурата доаѓа во време на зголемени тензии во градскиот Совет, каде ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство, а со градот раководи Данела Арсовска која иако победи со помош на владејачката партија, сепак продолжи сама во дејствувањето.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања