ТОП

bitola-bolnica

Запалена сува трева во кругот на битолската болница предизвика пожар, навремено е локализиран

Министерството за здравство информира дека синоќа избил пожар во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ во Битола, како резултат на палење сува трева.Според соопштението, веднаш по појавата на огнот биле известени Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица, по што екипите интервенирале навремено и успеале брзо да го локализираат пожарот.„Болницата ги презеде сите потребни мерки за следење на состојбата и заштита. Нема никакви оштетувања на болничките објекти, ниту беше загрозена безбедноста на пациентите и персоналот. Работата во установата се одвива непречено. Интервенцијата беше брза и успешно завршена, без потреба од евакуација или дополнителни мерки“, стои во известувањето од Министерството.Од таму додаваат дека состојбата во сите јавни здравствени установи се следи постојано.

Македонија | пред 6 месеци

Tramp

Трамп воопшто не е задоволен од Путин, одлучи повторно да испраќа оружје на Украина: „Мора да се бранат“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да испрати дополнително одбранбено оружје во Украина, откако неговата администрација привремено ги запре одредени испораки минатата недела.„Ќе испратиме повеќе оружје. Мораме, тие мора да бидат способни да се одбранат“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тие се силно нападнати. Ќе мора да им испратиме повеќе оружје“, додаде Трамп. „Претежно дефанзивно, но нападите се навистина тешки“, рече тој.Најновата изјава на Трамп доаѓа откако висок функционер на Белата куќа минатата недела за Си-Ен-Ен изјави дека администрацијата привремено ги запрела испораките на оружје за Украина, вклучително и ракети за воздушна одбрана. Одлуката е донесена по прегледот на воените трошоци и американската странска помош, кој го одобри министерот за одбрана Пит Хегсет. Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, во тоа време изјави дека одлуката е донесена за да се „стават американските интереси на прво место“.Некои американски претставници сугерираа дека прегледот на помошта за Украина е делумно поврзан со напорите на Пентагон да се фокусира на Кина и да се подготви за можен иден конфликт во Пацификот, прашање што го истакна шефот за одбранбена политика Елбриџ Колби.„Министерството за одбрана продолжува да му нуди на претседателот конкретни опции за продолжување на воената помош за Украина, во согласност со неговата цел да се стави крај на оваа трагична војна. Во исто време, Министерството внимателно го разгледува и прилагодува својот пристап кон таа цел, земајќи ја предвид подготвеноста на американските сили за одбранбените приоритети поставени од администрацијата“, рече Колби во соопштението по привремената суспензија.Русија задоволна од прекинот на снабдувањетоРусија го поздрави прекинот на одредени испораки за Украина, тврдејќи, без никакви докази, дека тоа е затоа што САД повеќе немаат доволно оружје.„По наредба на претседателот Трамп, Министерството за одбрана ќе испрати дополнително одбранбено оружје во Украина за да се осигури дека украинскиот народ може да се одбрани додека работиме на постигнување траен мир“, изјави вчера портпаролот на Пентагон, Шон Парнел. „Нашата рамка за проценка на воените пратки низ целиот свет останува на сила и е клучна за нашата одбранбена политика „Америка на прво место“.САД досега се најголемиот поединечен донатор на воена помош за Украина откако Русија ја започна својата инвазија во 2022 година, снабдувајќи ја со противвоздушни системи, дронови, ракетни лансери, радари, тенкови и противтенковско оружје, што предизвикува загриженост за намалувањето на американските залихи.Трамп претходно во март ги суспендираше сите воени испораки за Украина по жестоката расправија во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Околу една недела подоцна, тој повторно го одобри продолжувањето на помошта.Зголемување на руските нападиОдлуката за испраќање дополнително оружје доаѓа откако Трамп разговараше одделно со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски минатата недела. По разговорот, тој рече дека разговорот со Путин бил разочарувачки и дека „немало напредок“ кон примирје.Во меѓувреме, Зеленски во последните недели постојано бара од западните сојузници да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина по сè поинтензивните руски воздушни напади. Русија лансираше рекорден број беспилотни летала врз Украина во петокот вечерта, само неколку часа по средбата на Трамп со Путин.Трамп изјави дека САД го разгледуваат барањето на Украина за дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ по, како што рече, „многу добар“ телефонски разговор со Зеленски. Украинскиот претседател во саботата изјави дека тоа бил неговиот најдобар и „најпродуктивен“ разговор со Трамп досега.Трамп вчера повторно го изрази своето незадоволство од рускиот претседател, велејќи: „Воопшто не сум задоволен од претседателот Путин“.

Свет | пред 6 месеци

Vila-Vodno

Без вода на Водно и Црничe: Претседателската резиденција и стотици домови „жедни“ во пеколни горештини

Во срцето на Скопје, на ридовите каде што се издигнуваат елитните згради и куќи со базени, граѓаните веќе неколку дена немаат ни капка вода. Претседателската резиденција на Водно е целосно без вода, а и во познатата вила Водно има само слаб притисок. Истата судбина ја делат и жителите на населбите Водно и Црниче, кои се очајни поради долгите и чести прекини на водоснабдувањето, токму во денови со исклучително високи температури.Гневот расте – улиците се блокираат, а граѓаните веќе не прифаќаат извинувања и повици за штедење. Велат дека со денови не можат да се избањаат, да подготват храна, да одржат хигиена во домот. Според нив, состојбата е веќе алармантна, а институциите доцнат со решавање на проблемот.Според ЈП Водовод и канализација – Скопје, главниот проблем е преголемата потрошувачка во попладневните часови и преоптоварениот водоснабдителен систем. Во соопштението до јавноста тие апелираат граѓаните да не ја трошат водата за полевање, перење возила и полнење базени – дејности кои, според претпријатието, дополнително го влошуваат снабдувањето, особено во високите зони како Водно.Но, жителите не прифаќаат да бидат виновници за нешто што институциите со години наназад го игнорирале – застарената водоводна мрежа, која веќе не може да го поддржи темпото на градежната експанзија. Водно, некогаш зелена и мирна зона со неколку семејни куќи, во последната деценија се претвори во урбана џунгла со масовна изградба на луксузни згради со десетици станови и големи приватни имоти со базени – сите приклучени на истиот дотраен систем.Систем што пука по шавовиНиту претседателската резиденција, ниту граѓаните на Водно и Црниче се поштедени од последиците на овој урбанистички хаос. Најзасегнати се куќите и зградите на улиците Славејко Арсов и Салвадор Аљенде, каде што водата или целосно ја нема преку ден или се појавува со минимален притисок по полноќ.„Градиме на големо, а никој не инвестира во нова инфраструктура. Старите цевки не можат да издржат. Ова веќе не е само неудобност, ова е кризна состојба“, предупредуваат граѓаните.Протести и закани за радикализацијаСиноќа, револтирани жители на Водно излегоа на улиците, поставија блокади и јасно порачаа дека нема да отстапат се додека проблемот не се реши трајно. Протестите ќе продолжат и ќе се радикализираат, велат, ако водата не се врати во чешмите.Проблемот со водоснабдувањето во повисоките делови на Скопје не е нов, но досега никогаш не бил толку критичен. Водовод бара разбирање и рационалност, но жителите бараат одговорност, инвестиции и – итно решение. Водно не е само елитна населба. Таму живеат и семејства, деца, стари лица. А сите тие – без вода – се оставени на милост и немилост на жештините и институционалната инертност.Анита Буховски

Скопје | пред 6 месеци

pozar-2

Пожар беснее во Чучер- Сандево, општината бара вонредна состојба и меѓународна помош

Критично е во скопската Општина Чучер-Сандево од пожарот кој зафати делови од овој крај.Освен Чучер опасно е и во Глуво, Бразда, Кучевиште, Мирковци и се шири до Бутел и други места.Луѓе кои живеат во овој дел но и во летниот период престојуваат во викендици, за Скопје1 велат дека од вчера има прав и пепел, а денеска од ширењето на огнената стихија неиздржливо е и не се диши од чадот и пепелта. Некои од нив, особено оние со деца, плашејќи се, веќе ги оставиле куќите.Луѓето се организираат заедно со пожарникарите, копаат ровови за да ги одбранат од огнот куќите и црквите.На вонредна седница на Општината Чучер Сандево советниците побараа Владата да прогласи вонредна состојба во општината, но бараат меѓународна помош.Граѓаните се жалат дека опасноста е голема и дека нема соодветна реакција надлежните.Во текот на денешниот ден, на терен интервенирале општински служби, физички и правни лица, екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК, но условите на теренот се исклучително тешки.Утре акциите ќе започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР.

Скопје | пред 6 месеци

pozar-1-1

Повторно избувна пожар кај фабриката за оружје АТС АММО во Самоков

Околу 13 часот денеска, повторно се активираше пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населбата Самоков, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според пријавата од командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, пожарот избувнал по ноќна експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот се случила и втора експлозија на друго буре, по што огнот се проширил повторно.Во моментов, гори ниска вегетација и тревна површина, како во, така и надвор од кругот на фабриката. Засега не се зафатени производни хали или други складишта, но постои опасност од ширење на пожарот, поради што се преземаат итни мерки за локализација.На терен интервенираат екипи од ТППЕ Македонски Брод и Прилеп, а се очекува и поддршка од Кичево. Градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал и ангажирање на воздухопловни сили преку бројот за итни случаи 112.ЦУК веќе ги процесуира барањата до МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Генералштабот на Армијата, и најавува редовно информирање на јавноста за развојот на ситуацијата.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-05-at-13.09.35

Експлозии на буриња со хемикалии – активиран повторно пожарот во близина на фабриката за оружје во Самоков

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод пријавил дека повторно е активиран на пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков.ЦУК наведува дека иако претходниот отворен пожар во магацинот беше локализиран пред неколку дена, во ноќните часови била забележана експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот дошло и до втора експлозија на друго буре со хемикалии, по што пожарот повторно се активирал.Во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација.На терен интервенира една противпожарна екипа со едно возило од ТППЕ Македонски Брод. Поради сложеноста на теренот и опасноста од ширење на пожарот, Градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал поддршка од ТППЕ Прилеп и ТППЕ Кичево. ТППЕ Прилеп веќе упати едно противпожарно возило со екипа на лице место.Градоначалникот на Општина Македонски Брод преку повикувачкиот број за итни случаи 112 официјално побара и воздухопловна поддршка за помош на копнените сили во справување со пожарот.Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги процесуира барањата до Министерството за внатрешни работи (МВР), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.ЦУК останува во координација со сите надлежни институции и ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек во врска со овој пожар.

Македонија | пред 6 месеци

hermelini

Состојбата со пожарите сѐ уште сериозна – осум активни пожари низ земјата, најмногу во регионот на Македонски Брод

И покрај ангажманот на институциите, состојбата со пожарите на отворен простор во земјава и натаму не е стабилизирана. Според информациите што Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги објави денеска до 14:00 часот, активни се вкупно осум пожари, додека само еден пожар е целосно изгаснат.Најголем дел од активните пожари се лоцирани во општина Македонски Брод, каде се бележат дури три жаришта – кај селото Црешнево, во населбата Самоков и во селото Слатино. Во Црешнево гори деградирана дабова шума и грмушки, додека во Самоков, во кругот на поранешната фабрика „Сувенир“, избувнал пожар во магацин/хала со складирани гуми и палети. Кај Слатино гори лисната постелка и ниска вегетација.Пожар е активен и на подрачјето на општина Прилеп, кај селото Бешиште, каде гори приземен пожар во мешана шума. Во општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу изворите на реката Бабуна и локалитетот Бабина Дупка, засега нема активен пламен, но има појава на чад во карпест дел.Пожар се уште гори и на потегот помеѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација. Исто така, шумски пожар е активен и кај селото Белаковце во општина Старо Нагоричане.Од ЦУК информираат дека единствениот пожар кој е целосно изгаснат до овој момент е во село Чешиново, општина Чешиново-Облешево, каде што горело стрниште.Надлежните институции се на терен и ги преземаат сите мерки за локализација и гаснење на пожарите, а јавноста се повикува на зголемена внимателност и пријавување на секое жариште на бројот за итни случаи 112.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Ова е епилогот од претресите во Скопје и Куманово: шест лица под истрага, се бара и притвор

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против шест лица, осомничени за организирана и продолжена трговија со наркотични дроги, меѓу кои и амфетамин, марихуана и психотропни супстанции.Според обвинителството, осомничените во периодот од 1 мај до 3 јули 2025 година, во повеќе наврати со умисла извршиле поврзани дејствија на неовластено производство и продажба на дрога, при што користеле ист траен однос и слични околности. Станува збор за околу 6,5 килограми амфетамин, 257 грама марихуана и 98 таблети MDMA (екстази).Предистражната постапка траела неколку месеци и дел од доказите се обезбедени со примена на посебни истражни мерки. На 3 јули, сите шест лица беа уапсени во координирана акција на полицијата, а по наредба на судија за претходна постапка беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово.Во текот на претресите, покрај наведените дроги, биле пронајдени и други наркотични супстанции – хашиш, кокаин, разни таблети, дигитални ваги, готовина и опрема за пакување.Јавниот обвинител поднесе предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување притвор за сите шестмина осомничени.

Македонија | пред 6 месеци

Pozarnikari

Трагедија во Ѓорче Петров: По пожарот кај Лепенец, пронајдено изгорено човечко тело

Вчерашните пожари ја земаа првата жртва, дознава „Скопје1“. Според наши извори, човечко тело е најдено изгорено во штала која била лоцирана во близина на Железничката станица Ѓорче Петров.Телото на човекот е најдено до изгорените тела на добитокот, а просториите биле целосно пеплосани. Информацијата на потврдија од МВР за „Скопје1“.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

LABUBU

Купуваш играчка, добиваш зависност: феноменот Labubu

Зад симпатичните дизајни и привидно невините играчки што ги обожаваат децата, често стојат сериозни маркетиншки механизми и бизниси вредни милијарди евра. Еден од најновите глобални феномени – куклите Labubu – е совршен пример за тоа.Овие мали фигурички не се само играчки. Тие се дел од прецизно осмислена стратегија за продажба, заснована на концептот на „слепа кутија“ – купувачот не знае која верзија ја добива сè додека не ја отвори. Таа неизвесност буди возбуда, адреналин, а кај децата – и силна емоционална поврзаност.Психологот Мулиќ Чорбо вели дека ваквите трендови не се нови. „Кога јас бев девојче, Барби куклите беа апсолутен хит. Имавме само една или две, но вредеа многу. Се собираа деца околу нив, се создаваше заедништво. И Labubu е слична приказна – кукла, приврзок и симбол на споделена игра“, објаснува таа.Но зад таа „споделена игра“, вели таа, стои агресивен маркетинг. „Важно е што играчката пренесува. Луѓето се поврзуваат со пораки, симболи, стилови. Дури и возрасните реагираат на тоа што ги ангажира емоционално“, додава Чорбо.Професорот Касим Татиќ пак, посочува на уште подлабоката игра: „Ова се маркетинг трикови со прецизна цел – да се стимулира побарувачката и да се создаде социјален притисок. Кога сите купуваат нешто, и ти чувствуваш дека треба.“Според него, „психологијата на мистеријата“ игра клучна улога – фактот дека не знаеш што точно купуваш ги тера луѓето да се навраќаат, да собираат, да трошат повеќе.Цената на една кукла Labubu варира од 20 до 30 долари, но за ограничени изданија – цената експлодира. На eBay некои примероци достигнуваат и до 7.000 долари. На платформата StockX, моделите направени во соработка со брендот Vans се продаваат и по над 3.000 долари.Тоа што почнува како „слатка играчка“ за дете, често завршува како колекционерска манија за цело семејство.Мулиќ Чорбо апелира до родителите да не дозволат маркетингот да ја преземе улогата на воспитувач.„Купувањето секогаш е избор што носи вредносна порака. Како родители, мора да зборуваме со децата – зошто сакаат одредена играчка, што таа претставува, и дали зад тоа се крие нешто што можеме заеднички да разбереме.“Таа потсетува дека децата се во фаза кога силно тежнеат кон припадност и уникатност, а ваквите трендови умешно ја користат таа потреба. „Но, токму затоа мора да им помогнеме да го разберат светот зад пакувањето.“

Свет | пред 6 месеци

policija-policaec

Возач во пијана состојба предизвика тешка сообраќајка во Скопје

Тешка сообраќајка во Скопје: Возач со 3,08 промили алкохол удрил во друго возило – три лица повредениНа крстосницата меѓу булеварите „Србија“, „Трета Македонска бригада“ и „12 Македонска бригада“ во Скопје, во саботата попладне се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила – „цитроен“ управуван од 60-годишниот И.К. и „опел антара“ управуван од 23-годишниот Ф.К., двајцата од Скопје.Како што соопшти МВР, во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а полесно се повредени Ф.К. и неговиот сопатник П.Б. (19). Повредените се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.По наредба на јавен обвинител, И.К. бил лишен од слобода во 18:30 часот, бидејќи алкотест покажал дека управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Скопје | пред 6 месеци

lami

Во скопската зоолошка градина починале две лами, ЗОО молчи

Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, алармира дека во скопската Зоолошка градина повторно угинале животни – овој пат две лами, при што тврди дека институцијата го прикрива случајот. Според него, поморот трае со години, а состојбата ја опишува како „вистински хорор“.„Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години. Ја нареков куќата на стравот со цел некоја 'умна' глава да превземе нешто за ова што ѝ се случува на оваа установа“, напиша Кирков на своите социјални мрежи.Тој потсетува дека „откако Арсовска дојде на чело на Скопје и со поставување на нејзините 'професионални' кадри за директори, во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни, дел од нив под сомнителни околности“.Како што вели, последните два случаи на угинати лами се случиле пред четири до пет дена. „За нив неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберкулоза“, посочува Кирков. Тој додава дека и пред само еден месец починале уште две лами, за кои „се знаело, наводно, дека боледуваат од истата болест – туберкулоза“.Според него, вработените биле изложени на ризик и притисок, а истовремено и посетителите. „Неколку дена претходно, вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влегуваат во живеалиштата на ламите без никаква хтз или заштитна опрема“, вели Кирков и предупредува дека симптомите кај животните биле „видливи“, а тие не биле изолирани.Кирков тврди дека директорот во сенка, Стаменов, заедно со директорот на хартија, Попов, наредиле информацијата за угинувањето на ламите да се сокрие и да не се објавува. „До таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ, тие тоа не го прават. АХВ дознаа утрово од мене“, вели тој.Тој јавно ја прашува градоначалничката: „Данела Арсовска, што уште ќе му направиш на Скопје?“Апелира до новинарите и здруженијата за заштита на животни да реагираат:„Ги охрабрувам сите новинари, друштва за заштита на животни да го испитаат ова и да ги побараат одговорите и одговорноста од таму кај што треба. Јас, како Советник во Град Скопје, како и секогаш, истото ќе го направам“, заклучува Кирков.СК1 го контактираше директорот Зоран Попов за да побара детали. Доколку одговори на пораката, ќе ги проследиме одговорите. Не е првпат медиуми и активисти да откриваат дека угинале животни во Зоолошката, пред тоа да го направи самата институција.фото: ЗОО Скопје/ФБ

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-07-at-11.22.54

Стигнале пријави за мито побарано од медицинари – Алиу молчи за имињата и од кои клиники доаѓаат

Граѓани пријавиле барање на мито од страна на медицинари, кажа Азир Алиу, министер за здравство. Но, засега ова е непријавено до правосудните институции. Посочува дека тие прво ќе ги проверат пријавите, па ќе видат што понатаму.Алиу одби да каже кои клиники биле пријавените, како и дали се од скопскиот Клинички центар.„Прва фаза е, не е добро да именуваме клиники.. Ќе нѐ оставите недела-две. Имаме методологија, свесни сме дека кога креираме систем треба да одговараме“, рече Азир Алиу, министер за здравство.

Македонија | пред 6 месеци

lefkada-brza-pomos

Трагедија во Грција: Девојка се онесвести откако доби предлог за брак – се бори за живот

Трагичен момент го обележа патувањето на млад пар во Лефкада, Грција. Додека уживале во романтичен излет на живописната црква „Пророк Илија“ во селото Енглуви, 24-годишна девојка од Чешка паднала во безсознание веднаш откако нејзиниот партнер ѝ предложил брак.Случајот се случил пред неколку дена, кога младиот маж ѝ го поставил клучното прашање, а таа – во момент на емоции – колабирала и паднала на земја. Била итно пренесена во болница во Превеза, каде лекарите констатирале екстензивно мозочно крварење. Поради сериозноста на состојбата, девојката е префрлена на интензивна нега во болница во Јанина, каде се бори за живот.Лекарите велат дека состојбата е критична. Според првичните информации, не се работи за надворешна траума или пад поради повреда, туку за ненадејна внатрешна медицинска компликација.Грчките медиуми известуваат дека парот бил на одмор во Лефкада, а предлогот за брак требало да биде врв на нивната романтична авантура. Наместо среќа – трагедија.Истрагата е во тек, а семејството и пријателите се во шок и со надеж за нејзино закрепнување.

Свет | пред 6 месеци

Vardar

Пронајдено тело на непознат маж во Вардар кај Велес – наредена обдукција

Во реката Вардар, на влез во Велес вчера напладне е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат.„Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања