ТОП

BE07C998-88DB-4206-839E-82F8C1380A0F

Избегал возачот кој го усмрти скопјанецот на пешачката патека на Кеј - детали од МВР

Возачот на мотоциклот со кој го усмрти скопјанецот Југослав Николовски избегал, а полицијата уште го нема најдено. Николовски излегол од домот за да фрли отпад до контејнерите кај Министерство за земјоделие, а возачот со голема брзина го прегазил и усмртил буквално под прозорот на зградата во која живеел.„Во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР за „Скопје1“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.ПРЕТХОДНО:

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-10.39.29

(Видео) Пак избувна пожар во депонијата во Визбегово

Гори депонијата во Визбегово – повторно. Густ црн чад се издига над северниот дел на Скопје и се шири кон градот, предизвикувајќи загриженост кај жителите.Ова не е првпат оваа летна сезона. Истата депонија гореше и на 30 јуни, кога од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека пожарот се реактивира постојано поради природата на отпадот.Граѓаните повторно се жалат на неподнослива миризба. Интервенираат од Противпожарната служба на Град Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

kozuf

„Вленизација“ на Кожув: Алијансата за Албанците го обвинува Изет Меџити за молк пред еколошки масакар

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари најостро реагираше на, како што го нарекоа, „невидено уништување на животната средина“ на планината Кожув, каде компанија во сопственост на Ѓоко Стерјоски – сопственик на мрежата на казина и обложувалници „Спортлајф“ – наводно сече илјадници квадратни метри шума заради приватни бизнис-интереси.Од Алијансата предупредуваат дека оваа активност сериозно го загрозува биодиверзитетот и еко-системот во регионот и ја поткопува квалитетот на животот на локалното население.Посебно остри критики упатија кон министерот за животна средина, Изет Меџити, кого го обвинија за молк и „неприфатливо однесување“.„Овој молк укажува на политичка и финансиска заробеност и го прави Меџити заложник на индустријата за игри на среќа, неспособен да преземе мерки за заштита на животната средина“, велат од партијата.Во реакцијата се вели дека ова прашање не е само еколошко, туку и социјално и национално, и се нагласува дека Кожув не е „приватна сопственост за бизнис-интереси, туку заедничко богатство што мора да се заштити од уништување“.Од Алијансата најавуваат дека во следните денови ќе објават нови податоци за поврзаноста на претставници на коалицијата ВЛЕН со индустријата на казина и ќе продолжат да ја следат темата со цел да се обезбеди институционална и политичка одговорност.

Македонија | пред 7 месеци

motor-soobrakajka

(Фото) Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел

Излегол на улица, а смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел. Ваква судбина доживеа скопјанецот Југо, кој вчера го загуби животот на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата. Неговите роднини за „Скопје1“ посочуваат дека сѐ се случило околу 20 часот кога имало преку 30 деца во близина. На моторот, според нивните информации, имало две лица, кои бегале од полиција.„Го убија на пешачка зона“ вели роднина на загинатиот Југо.Преку социјалните мрежи од него се простуваат и пријателите.„Да умрам недалеку од местото кај што се родив, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените... Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше. Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот. Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, вели неговиот пријател Дончо Наумовски.„Скопје1“ побара детали од МВР. Оттаму очекуваме одговор.

Скопје | пред 7 месеци

ChatGPT-Image-Jul-2-2025-10_17_32-AM

Европа мора да слуша и кога боли, не сме рецепт туку народ – писмо до Марта Кос

По изјавата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дадена на прес-конференција во Скопје, во која таа го спореди идентитетот со традиционални јадења и обичаи, реагираше универзитетскиот професор и поранешен пратеник, д-р Јове Кекеновски.Во отворено писмо упатено до Кос, Кекеновски наведува дека македонскиот идентитет не може да се сведува на „погачи, тавче-гравче, пинџур и полнети пиперки“, како што изјавила еврокомесарката.„Со сета почит – но да бидеме јасни: ние, Македонците, не го мериме нашиот идентитет според тоа колку лути пиперки ставаме во пинџурот, ниту колку убава е тавата со грав. Идентитетот не е фолклорна манифестација или гастрономско доживување“, пишува Кекеновски.Тој посочува дека македонскиот идентитет е историски, јазично, културно и политички оформен низ векови, и постојано изложен на негирања и условувања – токму во контекст на евроинтеграциите.„Не сакам да верувам дека вашата изјава била свесно насочена кон банализирање на македонскиот идентитет. Верувам дека намерата ви беше топла. Но токму таквиот пристап ја покажува ограниченоста на европската перспектива кога станува збор за нашето прашање“, наведува професорот.Во писмото, Кекеновски потсетува дека за разлика од Словенија, која никогаш не била цел на системско негирање од страна на соседна земја-членка на ЕУ, Македонија со години се соочува со барања кои директно ја засегаат нејзината етничка и културна самобитност.„Во момент кога во Европскиот парламент се поднесуваат амандмани што го негираат македонскиот јазик како посебен, ваквото сведување на идентитетот на кујнска традиција е конкретен удар врз борбата на еден мал народ да го зачува своето право на постоење во сопственото име, јазик и култура“, истакнува тој.Кекеновски ја повика Кос, но и европската администрација, да го разберат сензитивитетот на македонското прашање и да не го сведуваат на етнографија и рецепти.„Слушајте нè. Почитувајте нè. И разберете: идентитетот не е објаснување за ЕУ. Тој е темел на човечко достоинство“, завршува Кекеновски.

Коментари | пред 7 месеци

antonio

Милошоски предупредува: Барањата на Бугарија се далеку од козметика

Во гостувањето во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, говореше за значењето на самитот ЕУ-Западен Балкан што неодамна се одржа во Скопје.Тој нагласи дека изборот на Македонија како домаќин на овој важен состанок не е случаен, туку доаѓа како резултат на добрите резултати што земјава ги постигнала во спроведувањето на реформите, согласно новиот план за економски раст на Европската комисија.„Сметам дека не е случајност што Македонија беше избрана да го организира овој самит, бидејќи фокусот беше ставен на планот за раст на ЕК, кој се рефлектира преку реформските агенди на сите држави од регионот. Нашата држава, во тој контекст, постигна најдобри резултати. Имаме солидна реформска агенда и добар степен на нејзина реализација, што е признавање за заложбите на македонската Влада и за посветеноста кон европските вредности“, истакна Милошоски.Тој додаде дека според неговите информации, Македонија ја надминува просечната стапка на имплементација на реформите, која изнесува 75 отсто, како што беше посочено од еврокомесарката Кос.„Кога има јасни, објективни и мерливи критериуми, кои не се условени од билатерални пречки или политички злоупотреби, резултатите се видливи, а оценките позитивни“, додаде пратеникот.Осврнувајќи се на позицијата на бугарските европратеници, Милошоски рече дека нивниот однос е добар показател за оние што имаат илузии дека Бугарија има само едно барање – промена на Уставот.„Поведението на бугарските пратеници во Европскиот парламент не треба да изненадува. Напротив, тоа е корисно отрезнување за сите оние што мислат дека Бугарија бара само козметичко прилагодување на Уставот. Во реалноста, тоа е само почеток на низата сериозни и тешки барања што ги имаат“, изјави Милошоски.На крајот, тој подвлече дека независно од конечниот исход во Комисијата за надворешни работи на ЕП, факт е дека Македонија успеала да покаже дека менувањето на преамбулата не е единствениот услов од страна на Бугарија.„Без разлика како ќе се развиваат настаните, она што се случи во европската Комисија е веќе успех. Стана јасно дека не станува збор само за реформи, туку за барања кои директно навлегуваат во историскиот и идентитетскиот наратив. Ако извештајот не помине поради бугарските пратеници, тогаш барем ќе знаеме за што всушност се работи – не за образование или здравство, туку за обид за прекројување на историјата“, заклучи Милошоски.фото: ФБ

Македонија | пред 7 месеци

pozar

Пожарот кај Грчиште и денеска не ставен под контрола, изгореа неколку штали

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени куќи, но во гаснењето се ангажирани голем број пожарникари и технички средства.-Во гаснењето покрај ТППЕ Валандово, екипи испратија и против пожарните друштва од Струмица, Дојран, Гевгелија, Радовиш и Кавадарци, а во гаснењето учествува и еден хеликоптер на МВР. Состојбата е сериозна и ги преземаме сите мерки да го ставиме под контрола големиот пожар и да не дозволиме негово ширење, изјави за МИА Костадинов.Инаку, според видеа објавени од пожарникарите и локалните медиуми може да се види дека станува збор за голема огнена стихија, која во неколку наврати се закануваше да ги зафати првите куќи во Грчиште, а забележливо е и прусуство на амбулантно возило.

Актуелно | пред 7 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Цаци, готова си“ – Петровска пријави закани, ѝ застанал автомобил со охридски таблици од кој викале по неа

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски регистарски таблички ѝ го пресретнал патот, а од внатрешноста на возилото била упатена вербална закана. Инцидентот го потврди и самата Петровска за „Слободен печат“.– Зборовите што ми ги упати беа ,,Цаци, готова си“. Во станица посочив дека нападот доаѓа после пратеничко прашање кое го поставив минатата недела во врска со дете одземено од неговата мајка и доделено старателство на таткото, но моето прашање не беше за самата судска предуда туку за постапувањето на службеник од Центарот за социјални работи кој без да има таква одлука се обидел да го одземе детето од мајката и да го предаде на таткото. Причината поради која знам за ова е затоа што самата сведочев во два наврати дека детето не сакаше да се оддели од мајката, бидејќи таа живее кај мене на спрат, додаде Петровска.На седницата за пратенички прашања, одржана пред пет дена, Петровска го постави ова прашање до Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, но одговор не доби бидејќи министерот и заменикот отсуствуваа.

Македонија | пред 7 месеци

1751432615-Screenshot-2025-07-02-070324-750x429-1

(Видео) „Ќе пумпам по секој меч на Вимблдон“, Ѓокогивќ го објасни потегот за кој зборува цела Србија

Новак Ѓоковиќ, по својата прва победа на годинешниот Вимблдон, направи карактеристична кореографија насред теренот – „пумпање“, со што повторно испрати симболична порака, но и отвори простор за толкувања.Иако дел од јавноста го препозна политичкиот контекст, дека тоа е поддршка на студентскиот отпор во Србија, српскиот тенисер даде дипломатски одговор, нагласувајќи дека се работи за приватен момент со неговите деца.„Тоа е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни што ги слушаме во последно време. Разговаравме дека оваа кореографија би можела да биде соодветна прослава за секоја победа на Вимблдон. Така ќе славам и понатаму. Паралелата е симболична“, изјави Ѓоковиќ, насмеан од уво до уво.Потоа објасни и за кои песни станува збор: „Едната е странска, ’денс’ хитот Pump It Up, а другата е Баци све са себе, каде во еден дел се пее: ‘пумпај, пумпај, зашто си стао’.“Изјавата дојде по мечот и беше дадена на прес-конференцијата во Лондон, каде Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека секоја негова гестикулација е внимателно избрана – било да е приватна, симболична или јавно разбрана.Што значи „пумпај“ – и како овој израз стана лајтмотив на студентските протести во Србија?Можеби на почетокот звучеше како шега или уште еден интернет-феномен без длабочина, но „пумпај“ брзо прерасна во препознатлив знак на отпор, порив за слобода и генерациски став – ПУМПАЈ!Со секое скандирање, со секој транспарент на кој се појавуваше, овој израз ја напушташе територијата на баналноста и стануваше повеќе од збор – стануваше порака, гест, енергија на еден бунт.„Пумпај“ си го најде патот до срцето на протестите, не само како слоган, туку како симбол на моменталната борба, несогласување, отпор. Го користеа студенти, пензионери, глумци, наставници, но и сите оние кои се чувствуваа изнемоштено, омаловажено или загрозено. Изразот – спонтан, а сепак совршено прецизен – создаде атмосфера која истовремено беше сериозна и разиграна. Но, како една фраза што порано ќе ја чуевме на свадба, во кафана или теретана, заврши на протестни маршеви, блокади на мостови и студентски барикади?„Пумпај“ е всушност народска и поп-културна парола која преку сарказам и повторување го искажа чувството на неприфаќање, провокација, но и надеж. Стана начин да се каже сѐ – без да се каже експлицитно ништо.Дали е ова само моментален тренд или во него се крие нешто подлабоко? Ако судиме според улиците во Белград, одговорот е јасен: „Пумпај“ не е само фраза – тоа е пулсот на еден отпор.

Свет | пред 7 месеци

515233526_1280835643412094_1088667511975920486_n

Орел, албанско знаме, без збор за Македонија - албанскиот премиер се шета низ Скопје со ДУИ, Таравари го пофали дека ја носи Европа до Балканот

Во екот на подготовките за претстојните локални избори, албанскиот премиер Еди Рама се појави во Скопје, каде што, наместо вообичаени дипломатски средби, реши да прошета низ Старата скопска чаршија во друштво на функционери на ДУИ и Арбен Таравари. Иако нема најави за официјални состаноци, посетата на Рама предизвика сериозно внимание на социјалните мрежи и во политичките кругови.На една од објавените фотографии, Рама напиша: „🦅Te Çarshia e Vjetër e Shkupit❤️🇦🇱“ — што во превод значи „Во Старата чаршија на Скопје“. На сликата нема македонско знаме, туку само албанско, а се гледа во друштво на ексминистерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и со поддржувачи и граѓани, од кои некои се фотографирале, еден од нив облечени во албанска народна носија.[caption id="attachment_341823" align="alignnone" width="679"] Screenshot[/caption]Неговиот престој доаѓа во чувствителен политички момент, кога албанскиот политички блок е во фаза на престројување пред изборите. Иако без официјална агенда, симболиката на посетата и изборот на локација оставаат простор за политичка интерпретација.Засега нема потврда дали Еди Рама ќе се сретне со државни функционери или ќе одржи јавен настап, но неговата прошетка со претставници на ДУИ низ срцето на Скопје остава силна политичка порака.Со фотографии од нивната заедничка дружба, се јави и Османи, кој напиша „Премиерот на европска Албанија ја донесе духот на еднаквоста и европската иднина во срцето на Скопје, во Чаир!“.[caption id="attachment_341825" align="alignnone" width="688"] Screenshot[/caption]Објава на социјалните мрежи има и Арбен Таравари, лидер на едно од крилата на Алијанса на Албанците.„Со премиерот кој ја носи Европа толку блиску до Балканот“, напиша тој со фотографијата.[caption id="attachment_341827" align="alignnone" width="678"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Најчевска: Бујар Османи мора да одговара за велепредавство – време е Македонија да постави услови кон Бугарија

Професорката по право Мирјана Најчевска вели дека е време „да се залечат раните кои ѝ беа нанесени на Македонија од страна на Бујар Османи“, обвинувајќи го поранешниот министер за надворешни работи дека направил чекори кои донеле тешки последици по државата.Според неа, првиот неопходен чекор е во Собранието да се отвори расправа за вториот протокол со Бугарија, со цел да се побараат измени.„Бујар Османи мора да одговара за велепредавство или, во најмала мера, за злоупотреба на службена должност со која нанел трајни и многу тешки штетни последици за државата“, наведува Најчевска.Во својот јавен став, таа повикува државата да заземе поинаков пристап кон односите со Софија, поставувајќи јасни услови и барања.„Македонија треба да почне да поставува барања и услови во насока на доказ за добрите намери на Бугарија и нејзината посветеност на добрососедските односи“, вели таа.Меѓу тие услови, Најчевска ги издвојува:Извинување од Бугарија за злосторствата направени за време на фашистичката окупација во Втората светска војна.Репарација на штетите нанесени на Македонија во тој период.Заштита на правата на Македонците во Бугарија и надомест на штетите направени преку непочитување на меѓународни договори и вредности на Европската Унија.Според неа, само преку вакви конкретни чекори може да се врати достоинството на македонската држава и да се воспостави правична основа за било какви добрососедски односи.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск му се заканува на Трамп, но нема моќ да го сруши?

Кога станува збор за политика, Илон Маск не се снаоѓа толку добро како во бизнисот. Иако вчера му се закани на Доналд Трамп и на републиканците како никој досега, шансите да ја реализира таа закана се мали.За време на расправата за новиот закон за буџетот, Маск објави серија пораки на платформата X. Во една од нив директно се закани со политичка одмазда: „Секој член на Конгресот што кампањата ја базираше на намалување на потрошувачката, а потоа гласаше за најголемото зголемување на долгот во историјата – треба да се срами! Ќе ја изгуби изборната трка следната година, макар тоа било последното нешто што ќе го направам во животот.“Изјавата е најостриот напад на Маск досега кон Трамп и Републиканската партија – и тоа од некој што до неодамна важеше за негов близок сојузник.Но, според анализа на CNN, Трамп нема сериозна причина за загриженост. И покрај тоа што Маск успеа да ја трансформира автомобилската и вселенската индустрија, ништо не укажува дека може истото да го направи со Републиканската партија.Маск, кој кратко време беше именуван од Трамп на чело на Одделот за ефикасност на владата, сега најавува политички отпор: сака да финансира предизвикувачи на сите републиканци кои го поддржале контроверзниот закон и размислува за основање своја партија – America Party.Иако има ресурси за тоа – Маск вложил околу 300 милиони долари во политички кампањи, вклучително и во кампањата на Трамп – неговото влијание во партијата е ограничено. Како сопственик на X, може да води онлајн кампањи против републиканци, но досега се воздржувал од директна конфронтација со Трамп.Во исто време, Маск го губи теренот и меѓу гласачите. Неговиот најгласен политички обид – поддршката за конзервативен кандидат на изборите за Врховниот суд во Висконсин – заврши со пораз. Според CNN, резултатот можеби би бил подобар да не се вмешал.Главната пречка за Маск, според политички аналитичари, е што нема сопствена политичка база. Трамп веќе десет години ја доминира Републиканската партија и има силна, лојална поддршка. Дури и кога Маск беше негов најгласен сојузник, никогаш не беше централна фигура во движењето MAGA.Сега, Маск се приближува до либертаријанското крило на партијата, како сенаторот Ранд Пол, кој исто така гласаше против законот. Но, како што потсетува CNN, ваквиот курс досега не донел победа на национално ниво.Иако Маск не може да биде кандидат за претседател поради тоа што е роден надвор од САД, најави дека ќе основа своја партија доколку законот се усвои: „Ако овој луд закон помине, веќе утре ќе ја основам America Party. Оваа земја заслужува алтернатива на двопартискиот монопол.“Сепак, како што пишува CNN, трета партија во американската политика е тежок предизвик – потребно е да се скрши емоционалната и историска врска што гласачите ја имаат со двете големи партии. Единствен кој бил блиску до тоа е Рос Перо во 1992 година, кој освои 19% од гласовите, но не победи во ниту една сојузна држава.Во меѓувреме, Доналд Трамп остро возврати. Во неодамнешна изјава го нарече Маск „DOGE чудовиште што можеби ќе мора да го изеде“, алудирајќи на можноста да ја употреби извршната власт против него.Маск веќе плаќа цена за политичкиот раскол: дел од пазарот му се сврте, а акциите на неговите компании паднаа. И додека неговото влијание во технологијата останува големо – Starlink е клучен за Украина, а SpaceX за американската вселенска програма – неговата политичка моќ останува скромна.„Никој веќе не се грижи што ќе каже Илон“, изјавил неименуван висок функционер од Белата куќа за CNN.

Свет | пред 7 месеци

zagreb

Имал 1,88 промили алкохол во крвта, а возел слалом низ Загреб, полицијата го казни 2.800 евра

Четириесет и шестгодишен жител на Загреб направил низа прекршоци во неделата навечер, предизвикувајќи немири меѓу возачите со своето возење слалом. Околу 20:40 човекот се осмелил да вози кон исток по Љубљанската авенија со ниво на алкохол во крвта од 1,88. Најмалку еден километар, како што велат од полицијата, тој преминувал сообраќајни ленти.Сепак, полицијата го пречекала на раскрсницата на Загрепската авенија и улицата Свилковиќи.Полициските службеници утврдиле дека тој немал регистарска табличка за возилото што го управувал. Потоа му направиле алкотест, откриле и дека неговата возачка дозвола била одземена на почетокот на 2023 година.Резимето на постапката е апсење на несовесен возач кој бил придружуван од полицијата до Општинскиот суд за прекршоци во Загреб.Иако полицијата му предложи на судот да го прогласи човекот за виновен и да му изрече казна од 30 дена затвор со шестмесечна забрана за управување со возило од категорија Б, судот одлучи да го „удри“ по џебот со изрекување казна од 2.800 евра.

Актуелно | пред 7 месеци

izrael-vojska

Израел го прифати 60-дневниот прекин на огнот; Трамп: „Прифатете ја понудата, следната ќе биде многу полоша“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Израел се согласил на условите за постигнување конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во рамки на обидите за ставање крај на војната во палестинската енклава.„Израел се согласи на потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да го прекинеме воениот конфликт“, објави Трамп на социјалните мрежи.Тој додаде дека Катар и Египет, кои „работеа многу напорно на воспоставување на мир“, ќе го достават конечниот предлог.„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати понудата – бидејќи подобра нема да добијат, само полоша“, заклучи американскиот претседател.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.11.52

САД ја стопираат испораката на клучно оружје за Украина

САД привремено ја прекинаа испораката на дел од противвоздушните проектили и друга муниција за Украина, поради загриженост за сопствените залихи, јавуваат извори запознаени со одлуката.Според два извора кои говореле за американските медиуми, одложувањето се однесува на дел од воената помош што ѝ беше ветена на Украина од претходната администрација на Џо Бајден. Меѓу засегнатите пратки се и пресретнувачки ракети наменети за соборување на руски дронови и проектили. Порталот Politico прв го објави извештајот во вторникот.Пентагон соопшти дека претседателот Доналд Трамп и натаму има можности за продолжување на воената помош во согласност со целта за запирање на војната.„Истовремено, Министерството темелно го преиспитува и прилагодува својот пристап за постигнување на таа цел, при тоа чувајќи ја подготвеноста на американските сили во согласност со одбранбените приоритети на администрацијата“, изјави Елбриџ Колби, заменик-министер за политика во Пентагон.Во исто време, Русија продолжува со постепено напредување на фронтот, преземајќи нови територии во југоисточните региони Донецк и Дњипропетровск. Зголемени се и воздушните напади на различни делови од Украина.САД веќе еднаш ја прекинаа испораката на воена помош – кратко во февруари, а потоа повторно подолгорочно во март. Последните пакети биле испорачани откако Трамповата администрација одобри продолжување на веќе договорената помош од времето на Бајден. Официјална потврда на новата политика сè уште нема.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања