ТОП

IMG_5572

(Видео) „Ќе има сериозни проблеми со обвинението за трагедијата во Пулс, oчекуван е проблем и со докажувањето“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, во гостување во емисијата „Претрес“, изјави дека обвинителниот акт за трагедијата во Кочани е поставен на правно проблематичен начин.„Ако мисли јавниот обвинител дека завршил работа со тоа што поднел обвинение, за кратко време ќе сфати дека е во голема заблуда. Затоа што овде се работи за исклучително сложен предмет со многу правни замки, кои влијаат, значи, и на успехот, односно основаноста на поднесеното обвинение“, рече тој.Туфегџиќ укажа и на пропусти во пристапот на институциите: „Мислам дека некои работи се од обвинителско-полицискиот менаџмент пропуштени и испуштени, а тоа е мениџирање со семејствата на и загинатите и настраданите. Уште ние немаме јасна слика и дефиниција кој таму се гони, за што се гони и понатаму, очекувам сериозни проблеми во тоа обвинение.“Осврнувајќи се на содржината на обвинението, тој додаде: „Ако е тоа така, ако е унифицирано поставена равенката, односно кривичното дело, очекувам проблем во докажувањето, кои сега за сега не би го коментирал. Меѓутоа гледам, а по однос на поврзаноста на обвинетите и сообвинетите.“Според него, целиот процес се водел без јасна координација: „Останува впечатокот дека ние не се снајдовме баш најдобро во овој предмет. Прво требало да се мисли за надлежноста, навремено да се интервенира, навремено Врховниот суд да донесе одлука и така натаму.“На прашањето дали може да се очекува брза постапка со оглед на бројот на обвинети, Туфегџиќ одговори:„Како може да дојде до брза правда со триесет и четири обвинети во еден случај? Овој процес ќе трае. Мислам дека нашите политичари треба конечно да сфатат и некогаш нешто да научат од грешките на претходните“, додаде Туфегџиќ.„Брза правда не постои“, заклучи тој.ЦЕЛО ГОСТУВАЊЕ:

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-02-at-09.58.29

Трамп слави, Маск бесен: Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка

Американскиот Сенат со тесно мнозинство го изгласа законот за даноци и потрошувачка на ТрампПо повеќе од 24 часа преговори, американскиот Сенат со резултат 50-50 го изгласа новиот закон за даноци и државна потрошувачка предложен од претседателот Доналд Трамп. Одлучувачкиот глас го даде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој лично присуствуваше на гласањето.Иако сите демократи гласаа против законот, му се приклучија и тројца републиканци – Том Тилис, Ренд Пол и Сузан Колинс – што го доведе исходот во рамнотежа.Предлог-законот, кој ја зголемува државната задолженост за 3,3 билиони долари, ги вклучува многу од клучните политички приоритети на Трамп, меѓу кои и:кратење на финансирање за спроведување на федерални судски наредбиограничувања поврзани со имиграцијатапошироки овластувања за извршната властСега законот се враќа во Претставничкиот дом за финално одобрување.Бизнисменот Илон Маск објави анкета на платформата X во која прашува:„Треба ли да се дозволи укинување на финансирање за спроведување на судски одлуки – како дел од законот за буџет?“Иако формално насочено кон справување со нелегалната имиграција, Маск предупредува дека ваквата мерка „овозможува и други злоупотреби на претседателската власт“.Во исто време, Маск ја сподели проценката дека шансите тој да основа нова „Американска партија (America Party)“ до 2025 година скокнале на 41%.

Свет | пред 7 месеци

ChatGPT-Image-Jul-1-2025-05_58_56-PM

„Ние не сме полнети пиперки“ – бура реакции по навредливата изјава на Марта Кос

Изјавата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дадена во Скопје, каде што го спореди македонскиот идентитет со традиционални јадења како „тавче-гравче“, „погача“, „пинџур“ и „полнети пиперки“, предизвика остри реакции во македонската јавност. Наместо топла порака за културна припадност, нејзините зборови беа протолкувани како површно и навредливо сведување на националниот идентитет на гастрономија.Димовски: Да беше ЕУ сериозна, ова ќе беше навредаПоранешниот пратеник Илија Димовски реагираше со саркастичен тон:„Паметен и досетлив сарказам беше дозволена политичка комуникација во време кога низ Европа имаше проникливи и ведри луѓе за лидери. Денес има се, освен тоа. Да беа сериозни во ЕУ, денешната изјава на Кос ќе требаше да ја сметаме за навреда“, напиша Илија Димовски.Давидкови-Јанковиќ: Срамно е што нема протестна нотаВо остро фејсбук-реагирање, од од канцеларијата Давидкови-Јанковиќ порачаа:„Срамна, недолична и безобразна беше изјавата на еврокомесарката Марта Кос. Не се идентификува овој народ со полнети пиперки и пинџур, ниту со ајвар , ниту со погача. Овој народ се идентификува со своите гени и корени кои се протегаат многу далеку и многу длабоко во историјата. Овој народ се идентификува со сета своја макотрпна борба за слобода, се идентификува по свој јазик и култура, со своите обичаи и гостопримство, кое вие очигледно ниту знаете да го цените , а ниту понешто за нас да научите. Нема да пишувам за генерации просветители но ќе ве потсетам на Кирил и Методиј, на Охридската архиепископија, на фреската од Курбиново која е постара од онаа во Рим. Срамно би било јас вас да ве идентификувам по компирот, јодловањето и кратките панталони, затоа и нема да го направам тоа, затоа што сме ние кроток и гостопримлив народ кој никогаш по туѓото не посегнал. Срам да им е на министерот за надворешни работи што нема протестна нота, срам да ви е на сите вас политичари што не доведовде до ваква состојба и положба, ние не сме полнети пиперки, многу многу повеќе сме од тоа“, напишаа од Давидкови-Јанковиќ.Србов: Никој не ни ги оспорува рецептите, туку историјатаПолитичкиот аналитичар Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ порача:„Почитувана Кос, нашиот идентитет не се полнетите пиперки и тавче гравче, и никој не ни ги оспорува рецептите и кулинарските вештини. Нашиот идентитет е нашето минато, нашето општествено и политичко минато, и токму тоа некој ни го оспорува и сака да ни го промени“, напиша Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.Многуфина: Летна манџа за идентитетСо силна доза иронија и општествена критика, инфлуенсерката и критичарка Ина Многуфина напиша:„Како што разбрав нашиот идентитет е летна манџа. И манастирите, ок, ама тие малку опљачкани ни се, ајварот ни го земаа други, името го дадовме, јазикот глеам нешо се дешава таму, културата одвај ја држиме додека оди во турбо траш... значи пиперки ни останаа за летна манџа и останува уште да ја романтизираме сиромаштијата од типот "абе све ви сменија ама пиперките никој не може да ги пуни ко вие" и ние да викаме "да, да муце, може немавме многу ама бевме среќни со пиперките". За идентитет не било битно име и јазик и фолклор туку тавче гравче и пунети пиперки ко да сме ресторан и аплицираме за Мишелин ѕвезда со Алачка за претседател“ напиша Ина Многуфина.Туфегџиќ: Сакаат тивко да ни сервираат нов идентитетАдвокатот Владимир Туфегџиќ изрази сомнеж дека вакви изјави не се случајни:„Да не бидеме наивни, овакви политички гиганти од ЕУ очигледно имаат задача онака лагано али сигурно на тивка ватра, да не спремаат да ја прифатиме новата кафанска тавче гравче дефиниција за нашиот национален идентитет. Додуше, кога ќе размислам подобро, а можда на женава државава стварно и личи на кафана, онака од страна гледано“, напиша адвокатот Владимир Туфегџиќ.Настапот на Кос, наместо да ја приближи Унијата до македонските граѓани, отвори стари рани и предизвика сериозен сомнеж дали ЕУ навистина ја разбира длабочината на борбата за македонскиот идентитет. Политичката порака – ако постоела – се изгуби во несреќната и, според многумина, понижувачка споредба.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-17.36.14

(Видео) Големи пожари кај Марвинци и Фурка – се бара и хеликоптерска поддршка

Два одделни пожари избувнаа денеска попладне во југоисточниот регион на државата – кај селата Марвинци (општина Валандово) и Фурка (општина Дојран), при што гори сува трева и ниска вегетација.Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), кај селото Марвинци интервенира Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожарот засега се држи под контрола, но гаснењето е отежнато поради топлото време и ветерот.Пожарот кај селото Фурка е поинтензивен и проширен, па на терен се ангажирани:ТППЕ Гевгелија со едно возило и тројца пожарникариДоброволното противпожарно друштво (ДППД) Дојран со едно возило и тројца пожарникариПоради сложеноста на теренот и ризикот од проширување на огнот, ЦУК процесуираше итно барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за вклучување на хеликоптер за гаснење од воздух. Од МВР е потврдено дека ќе биде испратен хеликоптер за поддршка.Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено и веднаш да пријавуваат појава на пожар, поради зголемената опасност од ширење во ек на летната сезона.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-15.56.09

(Видео) За Марта Кос македонскиот идентитет се тавче-гравче, пинџур, погача, полнети пиперки

Комесарката за проширување, Марта Кос, на денешната прес конференција во Скопје, рече дека не може да ни даде никакви гаранции дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот.Несвојствено за политичар, таа навредливо ни го спореди македонскиот идентитет со тавче гравче, полнети пиперки и пинџур.„Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во Македонија, погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците”, рече Кос.Премиерот Христијан Мицкоски одговори:„За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански.Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет”.https://www.youtube.com/live/K_bWPQLnMaQ?t=1217s

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-5123

Мицкоски од лидерскиот самит: „Не прифаќаме уцени под маска на европскиот процес“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на лидерскиот самит во Скопје, испрати порака дека Македонија не се води по европскиот пат со сервилност, туку со јасна визија, конкретни резултати и цврста определба за европските вредности – но без уцени.„Денес сме тука не само како домаќини, туку и како партнери и сојузници на заедничка визија – Западен Балкан што не се дефинира преку проблемите, туку преку можностите. Интеграцијата во ЕУ за нас не е само збор – тоа е акција, реформи, резултати“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека домаќинството на самитот е симболична потврда за регионалната и европска релевантност на Македонија, како и за политичкиот капитал вложен во стабилноста и реформите.Во фокусот на разговорите бил Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, кој, според Мицкоски, претставува историска шанса за економска и институционална трансформација.„Тоа е алатка преку која ќе ги модернизираме јавните услуги, образованието, дигиталната и енергетската инфраструктура. Ќе ја направиме татковината европски дом – уште пред формално да стане членка на ЕУ“, рече тој.Сепак, Мицкоски упати и јасна порака:„Нашите чекори се со отворено срце и разум, но се противиме на уцени кои не се дел од европските вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото и достоинството – тоа се вредностите што ги прифаќаме, сè друго е туѓо за нас.“Премиерот додаде дека реформите не се декорација, туку неопходност, и оти државата ќе продолжи со работа, со јасна волја и сопствена визија, независно од надворешните притисоци.„Испорачуваме резултати не затоа што некој го бара тоа, туку затоа што нашите граѓани го заслужуваат. Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности, не по налог, туку по убедување“, порача тој.Во завршницата, Мицкоски ѝ се заблагодари на еврокомесарката за проширување Елисабета Кос и на Европската комисија за поддршката, но посочи дека Македонија останува решена самата да си помогне – со реформи, со работа и со доверба во сопствените сили.

Македонија | пред 7 месеци

sveditelstvo

Од следната учебна година нема да има хартиени сведителстава за основците и средношколците

Учениците од основното и средното образование од учебната 2025/2026 година ќе добиваат свидетелства исклучиво во електронска форма, најави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Иако можноста за дигитални документи постои и оваа година, Министерството реши новината целосно да се примени од есен.Промената нема да значи дополнителен трошок за родителите или училиштата, бидејќи системите на училиштата и високото образование се веќе поврзани, а податоците за успехот на учениците ќе бидат директно достапни за средните училишта и факултетите.„И сега е-дневникот овозможува печатење електронски свидетелства. За учениците од прво до деветто не е потребно секое свидетелство, освен она од деветто одделение за запишување во средно. Средните училишта потоа ги бараат и останатите свидетелства – кои ќе можат да ги повлечат електронски, без да се ангажираат учениците и родителите“, објасни Јаневска.И факултетите, според неа, ќе имаат пристап до електронските документи за потребите на уписот, без потреба од физички копии.За учениците кои ќе се запишуваат на странски факултети, ќе биде потребно да поседуваат хартиена копија од свидетелството од деветто одделение и дипломата од четврта година. За таа цел, училиштата ќе можат да обезбедат печатен примерок.„Ако е потребно, училиштата може да потрошат 500 денари за топ хартија и да издадат потврда за успешно завршена учебна година“, додаде Јаневска.Сепак, таа признава дека дигиталната неписменост, особено во руралните средини, претставува пречка за целосна транзиција кон електронско водење документи. Токму затоа, иако дигитализацијата ќе стане стандард, физички свидетелства ќе останат достапни за оние на кои им се неопходни.Министерката очекува дека веќе од следната година, 80 до 90 проценти од свидетелствата ќе бидат издавани исклучиво во електронска форма.

Македонија | пред 7 месеци

apsenje-toskovski

(Фото) Апсењето во Струмица било филмско, планирале дрогата да ја изнесат од Македонија, вели Тошковски

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица, каде беше спроведена акцијата.„СВР Струмица разби меѓународен канал за трговија со дрога и запленија 100 килограми марихуана која беше превезувана, а целта беше да се извлече надвор од Македонија. Македонските граѓани можат да видат темелна дрога против нелегалната трговија со дрога“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Тој кажа дека „апсењето било филмско, на криминалците што ја транспортирале дрогата“.„Информиран сум од началникот на СВР Струмица, дека ќе даде предлог за наградување на полицајците, а јас ќе прифатам и соодветно ќе ги наградиме кои што во работењето успешно ја направија акцијата“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Маск му се закани на Трамп: ‘Ќе ве урнам, ако треба и по цена на сè!’

Се распламтува политичкиот конфликт на врвот на американската моќ: поранешниот сојузник и донатор на Доналд Трамп – милијардерот Илон Маск – му објави отворена војна на американскиот претседател. Повод е новиот закон за сечење трошоци и субвенции, кој Трамп го промовира како „голем и прекрасен закон“, а Маск го нарекува „луд и деструктивен“.Конфликтот кулминираше со заканата на Маск дека ќе ги „урне“ конгресмените кои ќе гласаат за законот – дури и ако, како што рече, тоа му биде „последното нешто што ќе го направи на Земјата“. Маск најави и формирање на нова политичка партија – „Американската партија“ – доколку законот биде усвоен.Во одговор, Трамп нападна преку Truth Social, обвинувајќи го Маск дека добил „најмногу државни субвенции од било кој човек во историјата“ и предложи неговиот Оддел за ефикасност (DOGE) да ги провери сите бенефиции што компаниите на Маск ги користеле од федералниот буџет.„Можеби без тие пари Маск ќе требаше да ја затвори својата продавница и да се врати во Јужна Африка“, напиша Трамп и додаде: „Можеби ќе треба да ги стопи своите ракети, да запре со автомобилите и да заштедиме МНОГУ пари!“Соработката меѓу двајцата – која резултираше со скоро 300 милиони долари поддршка за кампањата на Трамп – сега изгледа мртва. Расправијата ги вознемири и редовите на Републиканската партија, кои стравуваат дека овој судир може да ги чини мнозинство на изборите во 2026.Во меѓувреме, акциите на Tesla доживеаја големи флуктуации, со загуба од речиси 150 милијарди долари пазарна вредност, пред да се стабилизираат.Иако сè уште не е јасно дали Маск навистина ќе формира трета партија, конфликтот веќе ја менува политичката динамика во САД – и може да го редефинира изборниот пејзаж пред новите избори.

Свет | пред 7 месеци

latas-kostadin

Ескалира конфликтот меѓу Латас и Костадинов: Ако си маж, дојди, а поттикот на убиство е кривично дело

Новинарот Драган Павловиќ Латас преку јавна објава на социјалните мрежи најави дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, обвинувајќи го за, како што наведува, „повик на убиство“ и „илустрирање со крв“.„Малиот градоначалник на Струмица, викан Кока, повика на убиство – мое, заради кажан збор“, пишува Латас во објавата, алудирајќи на претходниот пост на Костадинов во кој тој реагираше на контроверзни ставови на Латас, меѓу кои и неговата спорна квалификација дека Струмица е „бугарски град“ и дека неговиот починат татко бил коцкар. Покрај личните напади, Латас го повикува Костадинов „лично“ да изврши убиство ако, како што вели, „има му**“, тврдејќи дека во спротивно останува само „лигав полтрон“.„Плукам на тебе и на твојата фамилија која те создала и воспитала таков, убиец во најава. Ти си срам за себе, за својата фамилија и за Струмица која масовно ја рекетираш и крадеш, за што допрва ќе се пишува и чита. Ни син, ни маж, ни политичар. Нула. Гнида отфрлена од сите. Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело. Нека не фрла друг во огин. Ако има муда, ако е маж, нека дојде - и нека го направи тоа. Или ќе го направи, иле ќе остане тое што е, лигав полтрон на Зоран Заев полуден што го оставила вереницата, му собрала имот и избегала за друг. Полуден што Зоран Заев се мисли дали да го кандидира пак за градоначалник. Полуден што апсењата на бандата од Заев веќе почнаа, а тој е еден од нив. Полуден што феудализмот во Струмица завршува. Нека не чека долго. Или пукај, лично, и емитиконите со крв од постот претвори ги во дело. Или пушти вода во ќенефот на СДСМ и исчезни однесен од неа“, напиша Латас.

Коментари | пред 7 месеци

290631767_568149508353300_3194982847569814433_n

Притвор за битолчанец кој нападнал лекар и полицајци во казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 28-годишен маж кој на 29 јуни во казино во Битола физички нападнал доктор од Итната медицинска помош, а потоа и двајца полициски службеници.Како што информира Обвинителството, лицето најпрво го нападнало докторот кој се обидувал да му укаже здравствена помош, удирајќи го со тупаница и нанесувајќи му телесна повреда. Подоцна, додека бил пренесен во Клиничката болница во Битола, продолжил да дава отпор на медицинскиот персонал, по што била повикана полиција.При интервенцијата, осомничениот ги нападнал и двајцата полицајци – ги удирал и им се заканувал.Обвинителството го гони за две кривични дела – напад врз здравствен работник при вршење дејност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Уапсен возач на камион по тешка сообраќајка во Чаир

Возач на товарно возило е приведен откако предизвикал тешка сообраќајна несреќа на улицата „Ќемал Сејфула“ во скопската населба Чаир, во која со тешки повреди се здобил возач на мопед.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила во понеделникот, на 30 јуни, околу 14:40 часот, кога се судриле товарен „мерцедес“ со скопски таблички, управуван од 29-годишниот Е.П. од Косово, и мопед, управуван од 32-годишниот скопјанец Ф.А.Возачот на мопедот со тешки телесни повреди бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.Полицијата извршила увид на местото на настанот, а возачот на товарното возило е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 месеци

sudir

(Фото) Семафор искршен, перничиња активирани, интервенира Брза помош – судар кај Собранието

Сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата кај Собрание. Очевидци посочуваат дека автомобил марка „ауди“ и „алфа“ се судриле, а веднаш била повикана и Брза помош бидејќи еден од возачите се жалел на повреди.Од фотографиите може да се види дека поголеми оштетувања има автомобилот „алфа“ во кои се отвориле и воздушните перничиња. Од силината на ударот, искршен е и семафорот.Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 7 месеци

pomos

„Ја продаде куќата за да им обезбеди дом – сега бега од пеколот“ - и треба помош на мајката на тепаното дете од Драчево

Венера, мајката која ја објави страотната снимка каде се гледа како таткото го шамара сопственото четиригодишно дете, а притоа му се заканува дека ќе го убие, бара помош од целата јавност. Фондацијата „E-crowd“ објави апел за нејзин достоинствен живот. Таму се опишува и дел од нејзиниот живот.„Во време кога ја очекувала својата втора ќерка, мајка од Скопје одлучила да вложи сè во иднината – го продала својот стан за да помогне да се изгради семејна куќа во Драчево. Во неа сакала да обезбеди топол и безбеден дом за своите три девојчиња: Нина (9), Дијана (4) и Ана Марија (3). Но, токму таму започнал кошмар кој траел премногу долго. По серија случаи на семејно насилство, кулминирано со физички напад врз едно од децата, мајката конечно го прекинува молкот. Започната е и правна постапка – не само за заштита, туку и за преземање на домот кој самата го финансирала и бракоразводна постапка. Таа е вработена како асистент во Црвен крст на Македонија и со сите сили се бори да им овозможи сигурен, стабилен и достоинствен живот на своите деца, без повторна траума од селење“, пишува во описот на кампањата.Кампањата има за цел да обезбеди правна помош, подобрување на условите за живот, основни потреби за децата, психосоцијална поддршка и стабилна средина за раст и развој.За таткото на децата, се води постапка. Видеото наиде на остри јавни осуди.

Македонија | пред 7 месеци

tepacka-tepanje-pretepan

Серија семејни и улични пресметки во Скопје – четворица приведени

Во текот на вчерашниот ден (29 јуни), полицијата интервенирала во неколку случаи на семејно и јавно насилство на територија на Скопје, при што биле приведени повеќе лица.Во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје, го лишија од слобода Д.И.(47) од Скопје по претходна пријава од неговата 41-годишна сопруга дека околу 20.30 часот во семејниот дом во скопско село физички ја нападнал.Неколку часа порано, во 19:00 часот во Карпош, полицијата го привела 36-годишниот В.П., кој се степал со 56-годишниот С.П., при што уште две лица се здобиле со повреди додека се обидувале да ги разделат.Истиот ден во 17:44 часот, 26-годишна жена од Кочани пријавила дека на паркинг во Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.Ѓ., за кого се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во 12:15 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка меѓу две лица на возраст од 18 и 25 години.Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања