ТОП

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Повеќе пожари на отворено – активен фронт кај Бешиште, изгаснато во Визбегово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска евидентирани се неколку пожари на отворено низ земјава.Пожарот на дивата депонија во Визбегово е целосно изгаснат, а противпожарната единица на Град Скопје интервенирала и кај запалена сува трева на улицата Малешевска во населбата Драчево, како и по пријави во близина на авто-плац ЕНЗО и во Долно Лисиче, кај местото Чаталот.Најсериозен е пожарот кај село Бешиште (општина Новаци), во близина на границата со Грција. Пожарот кој избувна вчера попладне зафаќа уредена шума со бор, даб и бука, и е поделен на два краци. Гаснењето е отежнато поради непристапен терен и детонации од заостанати гранати. На терен се четворица вработени од ЈП „Црн Бор“ со едно возило.Во атарот на село Ерџелија, општина Свети Николе, пожарот е локализиран, а гореле сува трева и стрниште. Екипите на ТППЕ Свети Николе интервенирале со три пожарникари и едно возило.Исто така, пожар бил пријавен и на автопатот Гостивар–Тетово, кај Неготинска Петља, каде што интервенирале пожарникари од ТППЕ Гостивар.Надлежните апелираат на внимателност и одговорност при движење и активности на отворено.

Македонија | пред 7 месеци

struga

Обвинение за брутален напад во Старата чаршија во Струга – двајца во притвор, трет осомничен е малолетник

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против две полнолетни лица од село Радолишта, осомничени за кривично дело насилство, а постапка ќе се води и против трет соизвршител – малолетник, согласно Законот за правда на децата.Настанот се случил на 21 јуни во Старата чаршија во Струга, каде по вербална расправија, тројцата осомничени го нападнале оштетениот. Тој се обидел да побегне, но кога се вратил по мобилниот телефон што го испуштил, бил нападнат со тупаници и клоци.Жртвата побарал помош, а насилството престанало дури кога случаен минувач застанал со автомобил и интервенирал. Повредениот се засолнил во блиско кафуле, а потоа бил пренесен во болниците во Струга и Охрид.Обвинителството побара продолжување на притворот за двајцата полнолетни, со образложение дека покрај нападот, го вознемириле и јавниот ред и мир.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.29.07

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Попладнево избувна пожар на глисер во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро. Пожарот предизвика вознемиреност кај присутните туристи и граѓани, а густ црн чад се издигаше над езерото. Околу глисерот имаше и други паркирани пловни објекти.На местото интервенираа граѓани, а има присутна и полиција. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Очевидци велат дека глисерот бил закотвен кога почнал да гори.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Охрид | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.47.10

(Видео) Муртезани: Европскиот процес не е блокиран, туку билатерализиран – не се плашиме од барања, но да не станат блокади

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, порача дека интеграцијата на Македонија во ЕУ не е замрзнат процес, иако е оптоварена со билатерални пречки. Според него, бугарското вето не го стопира целосно процесот, туку само го отежнува отворањето на преговорите.„Европската интеграција е жива и се движи во повеќе сегменти. Преку Планот за раст, граѓаните на Западен Балкан веќе имаат пристап до одредени бенефиции што досега беа резервирани за земјите членки“, изјави Муртезани.Тој нагласи дека Владата е подготвена да одговори на нови барања, но предупреди дека тие не смеат да бидат билатерални и да се претворат во нови блокади: „Не се плашиме од барања, но мора да бидат европски – а не национални ултиматуми.“

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-33-4360PM

Приведена 19-годишна радовишанка: Возела пијана, предизвикала несреќа и избегала од местото

Деветнаесетгодишна девојка од Радовиш е приведена откако предизвикала сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и го напуштила местото на настанот, информира МВР.Како што соопштија од Министерството, инцидентот се случил на 29 јуни во 06:30 часот на улицата „Самоилова“ во Радовиш. По преземени мерки, било утврдено дека возачката Т.К. управувала возило со 2,23 промили алкохол во крвта.Таа е задржана во Полициската станица Радовиш. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 7 месеци

ubistvo-vanja-

(Видео) „Имало планови за ликвидации уште од 2022, не можеле без поддршка – кој ја штитеше групата?“ прашува Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчески, во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати сериозни критики до институциите и постави низа прашања поврзани со текот на истрагата, но и со безбедносниот систем во земјата.„Не добивме одговор на клучното прашање – зошто истрагата не тргна во насока на сознанијата кои постоеја уште првиот ден?“, рече Туфегџиќ во „Претрес со Ландов“, посочувајќи на сознанието од сведочењето на Велибор Манев дека групата осудени подолго време правела планови за киднапирања и убиства, а составувале и списоци со потенцијални жртви уште од септември 2022 година.Според него, постои сомнеж дека дел од фокусот на истражните органи бил намерно пренасочен.„Зошто истрагата толку упорно се обидуваше да го инволвира таткото на жртвата? Дали тоа беше направено за да се дефокусира јавноста од вистинската причина – постоење на организирана група за ликвидации?“, праша адвокатот.Туфегџиќ оцени дека Обвинителството мора да ја продолжи истрагата и да даде одговор на клучните прашања: што правеле безбедносните служби кога група со таков капацитет се движела низ државата, и дали некој од институциите обезбедувал логистичка поддршка?„Да не се лажеме, ова не може да го организира поединец, без поддршка или логистика од внатре. Оваа истрага не смее да заврши – туку треба да се прошири“, порача Туфегџиќ.?t=6884

Македонија | пред 7 месеци

latas-kostadinov

Костадинов до Латас: Осветата ќе си ја добиеш, кога ќе шеташ по улица ќе гледаш преку рамо, нема да знаеш од кај ќе дојде наплатата

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објави остар статус на својот Фејсбук профил, со кој директно му се обрати на новинарот Драган Павловиќ – Латас, ветувајќи му „освета што ќе ја носи целиот живот“. Повод за реакцијата е изјава на Латас, во која, според Костадинов, бил споменат неговиот покоен татко на навредлив начин.„Го изговори името на мојот татко со гадна уста. Сега ти нема враќање“, пишува Костадинов, додавајќи дека со ваквиот напад Латас не удрил по него, туку „по мртов човек, по мојата крв, по основата на сè што сум“.Тој вели дека не станува збор за хумор или критика, туку за отворен напад врз семејната чест, најавувајќи дека ова нема да остане неказнето.„Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.“Во постот, градоначалникот му порачува на Латас дека осветата ќе биде лична, долготрајна и ќе го следи цел живот.„Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.“

Коментари | пред 7 месеци

reka-devojche-makedonija-davenje-vo-italija

Трагедија во Италија: Девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди Педероба, во италијанската покраина Тревизо, јавуваат италијанските медиуми.Според информациите, девојчето Адна Ислам било на излет со своето семејство – родителите Ихмет и Наила Ислам и помалите брат и сестра – кога за време на игра со други деца, се лизнала и паднала во реката. Силната водена струја веднаш ја повлекла и таа исчезнала од површината.[caption id="attachment_341589" align="alignnone" width="651"] Screenshot[/caption]Родителите веднаш го пријавиле исчезнувањето, а на терен пристигнале дваесетина припадници на противпожарната служба од Тревизо, нуркачи, хеликоптер од одделот за летови на Венеција, како и беспилотни летала. Потрагата била отежната поради силните струи и непристапниот терен.По неколку часа интензивна потрага, нуркачките екипи го пронашле телото на девојчето заглавено меѓу карпи во дел од реката со брз тек. Докторите кои биле на теренот, за жал, само можеле да констатираат смрт.Семејството на девојчето живеело во Кавасо дел Томба. Локалните медиуми потсетуваат дека ова е втор ваков трагичен случај во реката Пјаве за само десет дена, по смртта на 21-годишно момче кое се удави при нуркање во областа Фагаре.

Свет | пред 7 месеци

803_dmitrij-peskov-shutterstockcom-id1974_f

Русија откри што го кочи крајот на војната во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделното обраќање за телевизијата Belarus-1, изјави дека брзината со која би можеле да се одвиваат преговорите за прекин на војната во Украина директно зависи од ставот на Киев, ефикасноста на посредувањето на САД и од ситуацијата на боиштето.Повеќе од пет месеци по доаѓањето на Доналд Трамп на власт, не е постигнат никаков пробив за запирање на војната што Русија ја започна во февруари 2022. Иако Трамп во својата изборна кампања вети дека ќе го заврши конфликтот „во еден ден“, засега нема реален напредок.„Многу работи зависат од ставот на украинскиот режим“, рече Песков, додавајќи: „И од тоа колку посредувањето на Вашингтон ќе биде ефективно“. Според него, ни ситуацијата на теренот не може да се игнорира како клучен фактор.Русија и натаму бара територијални отстапки од Украина и прекин на западната воена поддршка – барања што Киев ги смета за целосно неприфатливи.Иако нов датум за следна рунда мировни преговори сè уште не е одреден, Песков изрази надеж дека „во блиска иднина“ ќе има поместување во таа насока. Тој потврди дека и покрај неодамнешните преговори во Истанбул во мај и јуни, на кои беа договорени размените на заробеници и телата на загинатите, суштински напредок за прекин на огнот не бил постигнат.Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека двете страни доставиле „целосно спротивставени“ меморандуми за мировен договор.Русија во меѓувреме продолжува со територијалното напредување во југоисточните региони на Украина, особено во Донецк и Дњипропетровск, како и со интензивирани воздушни напади низ целата земја.Турција, која беше домаќин на последната рунда преговори, изрази подготвеност повторно да ги прими делегациите на завојуваните страни.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-09.51.17

(Видео) Уапсен најбараниот нарко-бос на Еквадор: „Фито“ откриен во подземен бункер по 17 месеци бегство

По повеќе од една година бегство, еквадорските безбедносни сили конечно го уапсија Хозе Адолфо Масијас Виламар, познат по прекарот „Фито“ – лидерот на злогласната криминална банда Los Choneros. Апсењето е резултат на специјална операција на полицијата и војската која траела над 10 часа, а ја потврди и претседателот Даниел Нобоа на социјалната мрежа X.Фито бил пронајден во неговиот роден град Манти, скриен во подземен бункер. Според локалниот весник El Mercurio, засолништето било ненамерно разоткриено од неговата тригодишна ќерка.Масијас Виламар издржува 34-годишна затворска казна изречена во 2011 година, но во јануари 2024 успеал да побегне при обид за негов трансфер од затворот во Гвајакил. Тој бегство се совпаднало со серија крвави нереди во еквадорскиот затворски систем, кога криминалните групи презеле контрола врз неколку објекти и држеле чувари како заложници.Сега, Фито се соочува со екстрадиција во САД, каде го очекуваат обвиненија за шверц на дрога и оружје во Њујорк. Американските власти го поздравија апсењето и повторно ја потврдија својата поддршка на еквадорските напори во борбата против транснационалниот организиран криминал.Еквадор, како транзитна зона за кокаин од Колумбија, Боливија и Перу, се соочува со растечко насилство и влошена безбедносна состојба, при што судирите меѓу картелите го доведоа криминалот на историски ниво. Апсењето на Фито претставува симболичен и оперативен удар врз подземјето, но и предизвик за стабилизација на земјата.

Свет | пред 7 месеци

ukraina-hirkov

Руската офанзива тапка, но не застанува: Се водат жестоки борби кај Покровск, дроновите ја редефинираат војната

Додека вниманието на светот беше префрлено кон Блискиот Исток, во Украина продолжуваат крвавите пресметки. Москва не се откажува од територијалните амбиции – Русите распоредиле над 110.000 војници кај Покровск, целејќи кон нова фаза на војната. Иако долго најавуваната летна офанзива засега нема драматичен пробив, бројот на жртви и интензитетот на борбите се во постојан раст.Главниот украински командант, Олександер Сирски, вели дека секојдневно се водат над 50 судири само на тој дел од фронтот. Според него, обидите за напредување од руската територија почнуваат да губат интензитет. Сепак, ситуацијата е сложена – Москва напредува во некои подрачја, како кај селото Зирка, а украинската одбрана на одредени делови „се урива со алармантна брзина“, според платформата DeepState.Војната премина и на друго ниво – тактиките се редефинираат. Додека руската пешадија напаѓа села во групи од по десет луѓе, украинската страна се адаптира со мини-утврдувања и прикриени позиции. Во центарот на новата етапа се – дроновите. Двете страни војуваат и во воздух: Русија секоја ноќ испраќа стотици ирански Shahed-дронови за да ја засити украинската ПВО, додека Киев изведува дрски напади длабоко во руската територија – дури и на аеродроми и стратешки бази на Крим.Украинскиот министер за одбрана Умеров предупредува дека Русите користат и до 500 дронови за една ноќ, со цел да ја исцрпат украинската одбрана. Претседателот Зеленски апелира за повеќе „Патриот“-системи од САД, но од Вашингтон стигнува само „можеби“.Состојбата на терен покажува дека конфликтот нема брзо да заврши. Кремљ и натаму инсистира на целосна контрола врз Донецк, Запорожје и Херсон. Со вакво темпо, војната лесно може да се протега и во 2026 година.И додека светот гледа на други страни, во Украина продолжува тивка, но жестока, дронска и пешадиска војна – војна која сè помалку личи на 20 век, а сè повеќе на технолошка и психолошка битка за опстанок.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-14.08.31

Уапсени и оштетено полициско возило, во Белград полицијата ги отстрани блокадите

Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград по протестите на Видовден и во неделата.Сообраќајот сега може да се одвива нормално. Според полицијата, нивните припадници дејствувале професионално.Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.Оштетено е едно полициско возило.Студентите повикаа на граѓанска непослушност по апсењето на осум нивни колеги.Вишото јавно обвинителство обвини осум студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Свет | пред 7 месеци

mickoski-petrovska

Мицкоски: Судот потврди дека Петровска ширела клевети – таа возвраќа: „Спорот заврши во едно рочиште“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека добил тужба за клевета против пратеничката и поранешна министерка Славјанка Петровска, откако Граѓанскиот суд во Скопје донел првостепена пресуда во негова корист. Според него, судот утврдил дека Петровска јавно ширела невистини и ѝ наложил не само извинување, туку и објавување на пресудата во медиумите.„Ова не е моја лична битка, туку битка за вистината и за достоинството на секој што не прифаќа лагите да останат неказнети“, порача Мицкоски преку објава на социјалните мрежи, додавајќи дека „вистината победува“.Петровска, пак, кратко му возврати преку коментар на неговиот пост: „Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Среќна 1949 година.“Според ТВ24, таа ќе поднесе жалба на оваа одлука на Скопскиот граѓански суд.Судската пресуда засега е првостепена и не е правосилна.Ask ChatGPT

Македонија | пред 7 месеци

kozuf

(Видео) „Да се тргнете од Дошница веднаш“, „сакаат да ги исечат вените на Кожуф“ - протест против мини хидроцентрала!

Со транспаренти, извици и јасни пораки за заштита на природата, денеска (29 јуни) се одржа мирен протест кај туристичката населба Смрдлива Вода, под планината Кожуф, против најавената изградба на мини хидроцентрала на реката Дошница.Протестот го организираа неколку граѓански здруженија и еколошки активисти, кои предупредија дека изградбата на хидроенергетски објекти во овој регион ќе има сериозни и трајни последици врз животната средина, водните ресурси и локалниот биодиверзитет.„Ова не е само борба за реката Дошница, туку за секој извор, поток и дрво што некој го гледа како профит, а не како живот“, порача еден од говорниците пред собраните граѓани.Организаторите обезбедија и бесплатен превоз за сите заинтересирани граѓани од Гевгелија, со поаѓање пред Градскиот театар во 9:45 часот, што резултираше со значителен одѕив.Присутните упатија апел до надлежните институции да ја преиспитаат најавената инвестиција и да ја стават заштитата на природата пред приватните интереси.Протестот помина мирно, а граѓанските здруженија најавија дека борбата за зачувување на Кожуф и неговите води ќе продолжи.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Трамп: Србија се подготвуваше за нова војна со Косово – ја спречивме со закана за стопирање на трговијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД успеале да спречат вооружен конфликт меѓу Србија и Косово, кој бил во подготовка на почетокот од оваа година. На прес-конференција во Белата куќа, Трамп рече дека неговата администрација реагирала навреме и му се заканила на Белград со прекин на трговските односи.„Имам пријател во Србија кој ми рече: ‘Повторно ќе одиме во војна’. Не сакам да кажам дека станува збор за Косово, но станува. Требаше да започне голема војна, но ја спречивме поради трговијата. Им реков – ние не тргуваме со оние што водат војна“, изјави Трамп од Овалната канцеларија.Изјавата беше дадена за време на заедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Конго и Руанда, по потпишувањето на мировен договор меѓу двете земји со посредство на САД. Трамп ја искористи можноста да се пофали со, како што рече, „неколку светски мировни успеси“ за кратко време.„Постигнавме мир меѓу Индија и Пакистан, Израел и Иран, Конго и Руанда... и уште неколку други. Србија се подготвуваше за војна со една група – нема да кажам која – но го спречивме тоа“, додаде Трамп.Изјавата доаѓа во контекст на сè понапрегнатите односи меѓу Белград и Приштина, особено по серијата инциденти и тензии во северниот дел на Косово. Белград сè уште не се огласил официјално по повод изјавите на Трамп.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања