ТОП

nesreka-prvi-momenti

Три години од несреќата кај Ласкарци, се уште нема виновници

Македонија со жалење се сеќава на 13 февруари 2019 година, датум кој беше кобен патниците кои патуваа со автобус на „Дурмо турс“ на релација Скопје-Гостивар.Шестнаест лица го загубија животот, а 35 се здобија со тешки повреди кога автобусот се преврте во близина на селото Ласкарци.Возилото падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата, а во 17:30 часот во малиот парк во центарот на Гостивар, ќе учествува на спомен-настанот во чест на жртвите од оваа трагедија.Неколку месеци по несреќата, во септември истата година во Основниот кривичен суд во Скопје почна судскиот процес во кој има шестмина обвинети, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, како и тројца вработени во станицата за технички преглед. Процесот уште трае.

Македонија | пред 3 години

vodno-sneg-0123

Жена сериозно повредена на Водно, интервенираше Горската служба

Центарот за управување со кризи објави предупредување до планинарите и љубителите на пешачењето на Водно.„Денеска во претпопладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно, имено жена движејки се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв.Жената се здобила со посериозни повреди односно со прелом на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до ургентен центар.Со оглед дека се работи за сè уште ниски температури во текот на ноќите а променливи во текот на денот Центарот за управување со кризи укажува на Внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 3 години

pozar-pristina

Ноќеска изгоре куќа во Скопје

Kуќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3:20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила.Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.„Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот“, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Пукање на забава каде биле Безос, Ди Каприо, Џастин Бибер, има повредени

Три лица биле застрелани пред бар во Лос Анџелес каде настапувал пејачот Џастин Бибер, а на чиј концерт присуствувале многу познати имиња од Холивуд.Пукањето се случило во петокот вечерта по настапот на канадскиот пејач, а според полицискиот извештај три лица биле застрелани.Петнаесет минути пред три часот настанала тепачка пред шанкот, по што се слушнале истрели. Според полицијата испукани се вкупно 10 куршуми.Сите повредени се згрижени во болница и нивната состојба е стабилна, а напаѓачот се уште е во бегство.Настапот на Бибер, кој го најавува Супербол викендот, привлече големо внимание кај познатите личности, меѓу кои неговата сопруга Хејли Бибер, Леонардо ди Каприо, Дрејк, Амбер Роуз, Лил Бејби, сестрите Клои и Кендал Кардашијан, како и Џеф Безос со партнерката.

Магазин | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

И натаму црни статистики: 31 починати од ковид-19, 1.222 новозаболени за еден ден

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.342 тестови, а регистрирани се 1.222 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 649, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34, Охрид – 26, Штип – 20, Неготино – 19, Кочани – 18, Струга – 16, Кичево и Гевгелија – по 14, Радовиш – 12, Крива Паланка – 9, Македонски Брод и Делчево – по 6, Берово, Ресен, Свети Николе и Валандово – по 5, Богданци и Дебар – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Дојран, Кратово, Пробиштип и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.222), регистрирани се 157 реинфекции.Регистрирани сe 1.502 оздравени пациенти од: Скопје – 862, Битола – 118, Куманово – 78, Кавадарци – 54, Тетово – 51, Велес – 49, Струмица – 40, Гостивар – 33, Кочани – 31, Штип – 24, Кичево – 20, Неготино – 17, Прилеп, Свети Николе и Делчево – по 14, Охрид и Радовиш – по 10, Гевгелија и Ресен – по 9, Богданци – 8, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Струга и Виница – по 3, Берово, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (62г, 70г, 73г, 83г, 84г и 85г), 5 лица од Куманово (65г, 67г, 72г,81г и 85г), 3 лица од Битола (70г, 80г и 89г), 2 лица од Охрид (53г и 62г), по едно од Прилеп (85г), Радовиш (81г), Виница (61г), Македонска Каменица (83г) и Неготино (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 63г до 86г. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 8 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 - 10.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=31), 9 лица се целосно вакцинирани, кај 30 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.342 тестови преку: ИЈЗ-425, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–1, ЦЈЗ Куманово-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-107, Авицена-189, Биотек-172, Систина-65, лабораторија Лаор-172, Синлаб-29, Ремедика-7, Плодност-44, Генеа-10, Никоб Лаб-489, ВФВ Медикал-129, Ели Медика-30, Ројал Медика–28, Спектра-ММ-30, Рапид Лаб–13, Жан Митрев Струмица–17, Нова Лаб Дијагностика–21, Рамус-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.824.Досега во земјата се направени вкупно 1.842.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 286.096, бројот на оздравени пациенти е 265.945, на починати е 8.736, а бројот на активни случаи изнесува 11.415.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 131810, Активни 6863Куманово 15680, Активни 469Битола 13674, Активни 499Прилеп 13228, Активни 331Тетово 13039, Активни 384Кавадарци 9751, Активни 421Гостивар 9196, Активни 232Велес 8990, Активни 292Охрид 8312, Активни 260Штип 7755, Активни 114Струмица 7663, Активни 223Кичево 5179, Активни 136Кочани 4842, Активни 106Струга 4544, Активни 104Гевгелија 4042, Активни 154Неготино 3470, Активни 158Свети Николе 2570, Активни 77Ресен 2493, Активни 66Радовиш 2422, Активни 89Крива Паланка 2301, Активни 59Делчево 1862, Активни 48Берово 1683, Активни 27Дебар 1548, Активни 27Валандово 1487, Активни 65Виница 1339, Активни 26Пробиштип 1273, Активни 13Богданци 963, Активни 50Кратово 911, Активни 22Крушево 858, Активни 14Демир Хисар 799, Активни 18Македонски Брод 677, Активни 34Демир Капија 522, Активни 14Македонска Каменица 519, Активни 7Пехчево 446, Активни 8Дојран 248, Активни 5

Македонија | пред 3 години

sinolicka

По приказната за Амбла, актерката Трпркова раскажа сеќавање од Холандија: Мајките се пријавуваа да работат со дете со Даунов синдром

Синоличка Трпкова македонска глумица и професорка на ФДУ, по приказната за Амбла, сподели сеќавање од времето кога нејзината ќерка се школувала во Холандија, каде учела во клас со дете кое имало пречки во развојот. Трпкова посочува дека таму мајките доброволно се пријавувале да работат со соученикот на нивните деца, наместо, како во Македонија, кои бараа детето да биде исклучено од класот.„Се сеќавам, 2004, кога ќерка ми тргна на школо во Холандија, во класот имаше детенце со даунсиндром. Сандер се викаше. Мајките на децата доброволно се пријавуваа да работат по еден час во школото со класот. Тоа беше вообичано тогаш, верувам сеуште е. Инволвираноста на родителите во школо има длабока смисла. Сите мајки имаа некаков ангажман. Мајка за комјутер, мајка за прошетка, мајка за палачинки, мајка за танц итн. Јас бев мајка за компјутер. Имав задача еднаш до два пати во неделата еден час да работам со дечињата на компјутер. Игри за развивање на логика. Игри на вклопување бои, форми итн. Сандер седеше кај мене во скут и секогаш кога компјутерот ќе дадеше весел сигнал на успешно завршена задача потскокнуваше од радост, ја вртеше главата и со очињата бараше потврда од мене. Сандер седеше две години во класот и беше омилен другар на сите деца. Му помагаа кога требаше и сите без исклучок, го сочекуваа и поддржуваа во активностите. Со радост, со бодрење, со отворено срце“, раскажува Трпкова.По две години Сандер морал да замине во друго школо, посочува Трпкова.„Децата не разбираа зошто. Тие не размислуваа ниту пак некогаш посочија, за тоа дека Сандер е поинаков од нив. Мајките, колку и банално да звучеше нивната ангажираност, со задоволство ги играа дадените улоги, секое утро, од 9-10, на смени. Доброволната инволвираност и интерес на родителите во образовниот процес (иако дел од нив и работеа), само укажува на еден поинаков систем на вредности, поразличен од оној -„да се отфрли детето на школо“. Понекогаш мислам дека ваквото искуство, за мене како мајка од Балкан е повредно од сите дипломи и успеси. Но и после толку години обиди за пренесување на моите искуства овде, разбрав дека кај нас ништо од тоа нема да може да се имплементира. Зашто во суштина никому не му гајле ниту за системот, а уште помалку за иднината, со акцент на партиите и нивната племенска култура, како кројачи на нашите животи!“, додава глумицата.

Коментари | пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Се покачи минималната плата, но се покачија и цените: Колку плаќаме за струја, а колку за зејтин

Иако се зголеми минималната плата, се зголемија и трошоците за живот, заедно со цените на основните прехрамбени продукти. Па така, поскапеа електричната енергија и парното, цените во кафеаните и кафичите, како и маркетите. Многумина се израдуваа што минималната плата сега ќе е 18.000 денари, но се коментира и: „Сите трошоци растат во просек 7-8% годишно, а платите 3-4% и истото уште го славите. Не разбирам!?“.Дел од новите цени:Бензин 83 денариЗејтин 115 денариКраставици кг 260 денариСвинско месо кг 300 денариЈунешко месо кг 600 денариПастрмка 150 денариПелети 300 денари (лани беа 180)Еспресо во кафуле 70 денариНескафе 110 денариТост во сендвичара 120 денариНедвижности (покачено за 15% во споредба со лани)пример: цена на квадрат во Центар најмалку 1200 евраСтруја (покачено за 15% во споредба со лани)Парно (покачено за 15% во споредба со лани)

Македонија | пред 3 години

jauleski-960x1280-1

МВР со детали за запалениот автомобил на братот на пратеникот Јаулески

На 11.02.2022 во 21.45 часот во ОВР Струга e пријавено дека било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(36) од Струга.Повредени лица нема, a пожарот е изгаснат со интервенција на територијалната противпожарна единица од Струга. Увид извршија полициски екипи од ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 3 години

273703468_10227875307492657_4344961134314177159_n

На бројот за итни случаи ќе се воведе и ВИП повик, а обичните смртници ќе чекаат, коментира Методијев

Поранешниот новинар, Александар Методијев на социјалните мрежи реагираше во врска со новата линија за итни случаи 112. Тој вели дека повиците без СИМ картичка ќе бидат блокирани, а ќе биде воведена и опција ВИП повик, наменета само за битни личности.„Во Македонија конечно ја пуштиле во употреба линијата 112 за итни случаи.Прво, размислуваат да ги блокираат повиците без СИМ-картичка. Веројатно секој барем еднаш видел на телефонот, поради немање мрежа или лош контакт на картичката, дека може да го користи само за ѕвонење на бројот за итни случаи. Замислете некој повреден планинар да се обидува да побара помош, ама да не може, оти некој решил дека таа опција треба да се блокира, за да се намалеле злоупотребите.Второ, вовеле опција ВИП-повик. Ќе правеле листа на битни личности, како премиер, министри, амбасадори, за да можеле да имаат предност пред сите останати. Другите, обични смртници ќе чекале, оти тој број ќе излегувал пред нивните. Знаејќи колку министри, и заменици, и шефови на кабинети, и секретарки, и спонзоруши, и мој до мојега, и „знаеш ли кој сум ја“ има во Македонијана сигурно таа листа нема да е воопшто мала“, пишиува Методијев.

Коментари | пред 3 години

vakcina-kovid-fajzer

ЕУ ги истражува извештаите за менструални нарушувања од „Фајзер“ и „Модерна“

Одборот за безбедност на Европската агенција за лекови во петокот соопшти дека ги разгледува извештаите за обилно менструално крварење и отсуство на менструација од жени кои примиле вакцини за ковид од Pfizer (PFE.N)/BioNTech (22UAy.DE) и Moderna (МРНа.О).Проценката била во поглед на извештаите за менструални нарушувања по примањето на која било од двете вакцини, обете базирани на технологијата на РНК трансмитер, и сè уште не е јасно дали постои причинско-последична врска, соопшти агенцијата, пренесува Ројтерс.Сè уште не е јасно дали има причинско-последична врска помеѓу вакцините и извештаите, соопшти агенцијата.Менструалните нарушувања може да се појават поради низа основни медицински состојби, како и од стрес и замор, соопшти ЕМА, додавајќи дека случаи на такви нарушувања биле пријавени и по инфекцијата КОВИД-19.Вакцинацијата против КОВИД-19 била поврзана со мала, привремена промена во должината на менструалниот циклус, според една неодамнешна студија финансирана од Националниот институт за здравје, која собрала податоци од речиси 4.000 корисници на апликација за паметни телефони која ги следи менструалните циклуси.Но, ЕМА во декември соопшти дека не воспоставила врска помеѓу промените во менструалните циклуси и вакцините за Ковид-19, откако една студија во Норвешка сугерираше дека некои жени имале потешки периоди откако биле вакцинирани.По разгледувањето на достапните докази, Комитетот за проценка на ризикот за фармаковигиланца (PRAC) на ЕМА соопшти дека одлучил да побара евалуација на сите достапни податоци, вклучувајќи извештаи од пациенти и здравствени работници, клинички испитувања и објавена литература.Агенцијата во петокот додаде дека исто така нема докази кои сугерираат дека вакцините за Ковид-19 влијаеле на плодноста.

пред 3 години

20220211204241

Македонец фатен на албанско – косовска граница со скоро 17.000 евра

Maкедонски државјанин на возраст од 42 години е приведен на граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница при обид да замине со 16.950 евра.„Лицето А.С. патувало со возило мерцедес бенц и на втората контрола при влез на албанска територија му бил откриен непријавениот износ на пари. Тој претходно на прашањето дали има нешто да пријави, одговорил негативно“, пренесуваат албанските медиуми.Парите биле скриени во возилото. Тие се запленети, а против А.С. е поднесена кривична пријава за „непријавување пари и вредни предмети на граница”.

Македонија | пред 3 години

turski1

Министерката за култура ќе го доградува театарот кој го почнаa Груевски и Канческа-Милевска

Министерство за култура ја објави програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи во областа на културата за 2022 година.Во листата која е објавена стои и изградба на објект наменет за НУ Турски театар за која се предвидени 100.000.000 денари.Неизвесно е дали ќе се гради целосно нов објект или ќе се продолжи со изградбата на веќе започнатиот во 2014 година.Театарот на локацијата во близина на Железничката станица во Скопје, почна да се гради во 2014, како еден од капиталните проекти на тогашната Влада со премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Според тогашните најави, карабината на театарот ќе ја финансира Министерството за култура, а за втората фаза пари ќе даде Турција.,Карабината е завршени за сума од 301.092.183,00 денари (скоро 5 милиони евра) со вклучен ДДВ.

Македонија | пред 3 години

Penzioneri

ВМРО-ДПМНЕ бара зголемување на пензиите за 20% и усогласување на платите согласно тежината на работните места

ВМРО-ДПМНЕ преку собраниска процедура бара зголемување на пензиите за 20% и усогласување на платите согласно коефициентот на тежина на работните места. ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден поднесе законско решение за зголемување на пензиите во висина од 20%. Со тоа цениме дека на примателите на пензија ќе им се помогне во периодот на криза, а нивните примања ќе бидат во склад со покачените трошоци за живот, велат од партијата,„Дополнително предлагаме и усогласување на платите со минималната плата и коефициентот на тежина на работните места во јавниот сектор, решение кое го нудиме со амандман на Законот за минимална плата. Со тоа наставниците во основните и средните училишта ќе земаат плата од 45 илјади денари.Големата криза која е предизвикана од страна на СДСМ може да се преброди само со општ пораст на платите и пензиите. Така ќе се анулираат штетите предизвикани со кризата и ќе се зачува реалната вредност на примањата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

jauleski-960x1280-1

(ФОТО) Запаленa колата на братот на пратеникот Јаулески: Правда ќе има!

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека вечерва била запалена колата на неговиот брат.-Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил.Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин.Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале.Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам.Не се плашиме затоа што немаме зошто.Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака.Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така.ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ!Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има.Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам притв оваа криминална власт да си замине наскоро.Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Македонија | пред 3 години

anastasija20ilieska

Илиеска: Иако е покачена просечната плата вие сега можете да купите помалку стоки

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска во „Топ тема“ на Телма истакна дека граѓаните со просечна плата сега можат да купат многу помалку и колку и власта да се фали дека ја покачила, граѓаните секојдневно се изложени на поголеми трошоци и просечната плата помалку им вреди.– Без разлика што просечната плата се покачила вие за просечна плата сега може да купите помалку стоки Сите оние кои во 2020 и 2021 добивале просечна нето плата тоа би изгледало дека со просечна исплатена плата во 2020 сте можеле да купат 528 литри бензин, а во 2021 година 383 литри бензин што е 144 литри помалку. Ако земеме масло за готвење од 70 денари во 2020 ја достигна цената во 2021 година 100 денари и со просечна минимална плата во 2020 година сте можеле да купите 788 литри, а во 2021 година 447 литри, рече Илиеска.Таа посочи дека граѓаните се изложени на дополнителни давачки, даноци, покачена електрична енергија и затоа владата треба да понуди мерки кои реално ќе помогнат, а не популистички, мерки, додавајќи дека минималната плата е социјална , а не економска мерка и има многу граѓани кои се исклучени од неа.– Минималната плата е социјална мерка, а не економска мерка. Од овој систем се исклучени се сите компании кои се во стечајна постапка, немаат исплатено даноци придонеси плати, и сите работници кои биле субвенционирани за персонален данок со претходни мерки се исклучени од зголемување на минимална плата, рече Илиеска.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања