ТОП

Screenshot-2022-02-14-at-08.47.54

ФОТО: Хорор во скопски автобус, турканици наместо дистанца среде пандемија

Иако е пандемија и здравствените власти препорачуваат да се одржува дистанца, сепак во автобус со број „5“ кој се обраќа на линија Дексион-Ново лисиче - утрово патниците велат дека било хорор. Турканици, патници со маски под нос, затворени прозорци. Ова било само дел од состојбата во која се превезувале скопјани. Тие и сами прашуваат: „па нели е пандемија, нели постојат протоколи?“.Во протоколот за превоз на патници стои: Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот. Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата. На автобуските станици, стојалишта и свртувалишта да се означат/обележат точки на патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата. Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата). Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки. Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати. Поставен на јасно видливи места, едукативно информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена. Се забранува јадење, пиење и грицкање во возилата. Означување на правецот на движење на патниците во автобусот. Обезбедување на корпи за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура. Се препорачува сите превозници кои вршат превоз на патници во согласност со точка 1 од овој протокол, да вклучат дополнителни возила за вршење на превозот со цел да ги опслужат потребите за патување на патниците.

Скопје | пред 3 години

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

Полицијата за еден ден казни над 200 возачи: се вози брзо, а возат и пијани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 238 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 43 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се 26 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, 10 мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за прекршоци што ги прават мотоциклите.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

klinika-678x292

Сали за моментите кога немало струја во Клинички центар

Министерот за здравство, Беким Сали на социјалните мрежи објави дека попадот на електричната енергија на клиниката во Скопје се преземени сите мерки.„Ја информираме јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-02-13-at-18.16.10

МЕПСО се огласи за пожарите и причините за исклучувањето на струјата во скоро цело Скопје

Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија.Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување. Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти.

Скопје | пред 3 години

273527189_920255552017626_4906008289386216282_n

Што се случувало во Пинтија: Од искри на далноводот се опожарила трева - пожар имало и во Бунарџик

Скопската пожарна добила повик за пожар во трафостаницата во Пинтија околу 17:45 минути. Оттаму велат дека дојава е добиена и за експлозија на далновод во Бунарџик. Пожарот настанал поради искри од далноводот, а опожарена била сува трева.„Поради сериозноста на објектот, беше испратена дополнителна помош. На лице место видовме дека не е пожарот во трафостаницата, туку близу далноводот. Беше запалена сува трева. Пристапено е за гаснење. Заради пуштање на далноводот, останаа екипите. Од информациите на МЕПСО кажаа дека се е во ред. Поради неколку кратки прекини, претпоставуваме дека причина за пожарот се испадите во претходниот час. Имавме дојава за експлозија на далновод и во индустриската зона Бунарџик“, кажаа од скопската пожарна.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-02-13-185857

Заштитата ја спасила трафостаницата во Пинтија, погонот во Бутел се активирал но оптовраноста била преголема

Заштитата ја деактивирала целата трафостаница во Пинтија, поради што најголем дел од Скопје беше без електрична енергија, дознава Скопје 1.Неофицијално, овој механизам се активирал откако еден од далеководите бил запаленПричините засега се непознати. Експерт во делот на енергетиката, посочуваат дека е добро што трафостаницата немала дефекти. Доколку пожар има под далеководот, заштитата автоматски се активира.Доаѓањето, па исклучување на електричен напон било бидејќи целиот товар за снабдување на електрична енергија го превзел далеководот во Бутел. Поради преголемата оптовареност, неофицијално, имал проблем да го покрие снабдувањето. Истовремено, испади имал и ТЕ-ТО, па производството било прекинато, а сега, повторно се вклучуваСе сигнализира дека пожар имало и близу Бунарџик. Далеководите од Пинтија, со тие од тој крај на Скопје се меѓусебно поврзани. Информацијата не е потврдена.

Македонија | пред 3 години

273880073_483554396731188_8380821233624124270_n

Нема жртви кај Пинтија, Ѓорѓиевски посочи дека има информации за пожар и во Бунарџик

Пожарот во скопска Пинтија кој изби близу трафостаницата е локализиран. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека неофицијално, пожар имало и во Бунарџик, но нема потврда за ова. Тој кажа и дека нема жртви и дека се е под контрола.„Штотуку беше локализиран голем пожар спроти трафостаницата кај индустриската зона. Пожарната вложи максимални напори да го санираат пожарот. Службите на МВР брзо интервенираа. Ќе бидеме тука, бидејќи дел од далеководите се надвор од функција, па да видиме да не избие повторно пожар на некоја позиција. Нема човечки жртви, се е под контрола“, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 години

22405882_2097222927174720_7068645819137385938_n

Ако нема струја од Џевахир најдоле ќе се симнат во четврток, реакции по прекинот на електричната енергија

Нешто по 17 часот голем дел од Скопје остана без струја. Причина за ова беше експлозија на далновод, во близина на Пинтија. Ова предизвика голем дел реакции на социјалните мрежи, а ова се дел од нивhttps://twitter.com/farban_crn/status/1492911268633759747https://twitter.com/Samosvesen/status/1492910930136600578https://twitter.com/SolLeo20/status/1492903412182269959https://twitter.com/METAmorphOsiris/status/1492903541853372423https://twitter.com/hambaboy/status/1492903775119593477https://twitter.com/petite_blu/status/1492910617359011840https://twitter.com/ddarxide/status/1492902947348434952https://twitter.com/epharmamk/status/1492910367541977088https://twitter.com/kurka_32/status/1492902357453127686https://twitter.com/NonoShotar/status/1492902555369840641https://twitter.com/vivianaa9312/status/1492902805966888963https://twitter.com/Shoeder006/status/1492902869611200516

Коментари | пред 3 години

0-02-05-7944267926a83a75de5e5a7888cead4e1ab6529953e38e7d9ea632e3f9a883fa_40b57ecb4a0e79d4-scaled-1

ВИДЕО: Горат далноводите спроти трафостаницата во скопска Пинтија, мобилизирана цела пожарна за гаснење

Горат далноводите спроти трафостаницата која се наоѓа на патот Пинтија-Драчево. Пожарот избил по 17 часот според информации на „Скопје1“. Мобилизирани се сите екипи на противпожарната бригада во Скопје, а доколку има потреба ќе се повикаат и од соседните градови. Протосторот го обезбедува полицијата, бидејќи местото е високоризично. Се прави се за побрзо да се изгасне пожарот.„Поради експолозија на високонапонска мрежа на МЕПСО, дел од Скопје е со прекин во електрична енергија, но се вклучува дел по дел“, велат од ЕВН.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Зошто снема струја во моментите кога Мицкоски даваше отчет за сработеното во општините, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија, велат од опозицијата.„Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор.Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја?Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.31

Само една скопска општина сигурно има струја

Од цело Скопје без електрична енергија, напојување има само во скопската општина Ѓорче Петров и дел од Хром. Ова доаѓа откако попладнево, неколку минути по 17 часот, струја снема низ цел главен град. Причините досега се непознати. Аларми на куќи и деловни простори се активираа со снемувањето на напон.[embed][/embed]

Скопје | пред 3 години

268712274_465525018503888_3565816278959702613_n

Половина Скопје остана без струја

Скоро половина Скопје остана без електрична енергија. Од пред половина час, скопската населба Карпош од 1 до 4, но и Аеодром, Ново Лисиче, Водно, Кисела Вода, Мичурин, Автокоманда, немаат струја. Непознато е каде е дефектот и што е причината за истиот.„Скопје1“ се обрати од ЕВН за детали, но до сега нема одговор. Според неофицијални информации, причината е голем дефект.

Скопје | пред 3 години

4-1

(ВИДЕО) Рации во Кочани: 31 лице се приведени, затворени кафеани, фатени гости со лажни сертификати

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во текот на ноќта (13.02.) извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и други нормативи во ингеренции на овие институции.Како резултат на тие активности, меѓу другото, откриени се 39 лица кои биле во угостителските објекти без поседување на ковид-сертификат, а кај две лица откриени се лажни ковид-сертификати. Затекнати се и 26 малолетници по 00.00 часот, евидентирани се прекршоци по основ на Законот за пушење, а во еден случај и согласно Законот за оружје, бидејќи кај едно малолетно лице бил пронајден нож.Воедно, три угостителски објекти се затворени, односно запечатени од страна на ДПИ, поради евидентирани три кривични дела – две по член 378 („фалсификување исправа“) и едно по член 204 („точење алкохол на малолетно лице“), а регистрирани се и 36 прекршоци по разни основи од доменот на работа на ДПИ, ДТИ и УЈП.Исто така, од страна на полициските службници евидентирани се 39 прекршоци по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, 43 прекршоци по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, три по основ на Закон за лична карта, како и 23 прекршоци по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека пак, 31 лице се приведени.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-02-13-095354

Кичево во темница, градоначаникот вели вовел рестрикции поради енергетската криза

Рестрикции на уличното осветлување во Кичево. Граѓаните се пожалија дека во градот е црна темница, а градоначалникот Фатмир Дехари за ТВ21 признава дека почнале со гасење на уличното светло поради светската криза со снабдување со електрична енергија. Вели дека јавното осветлување во Кичево почнува во 17:30 и трае до 23 во селата, а во градот до полноќ. Но, на снимките на ТВ21, како што пишуваат и по 17:30 има населби и села кои се без осветлување.„Во споредба со претходната година, во декември јавното осветлување беше трипати поскапо и се очекува сметката за јануари-февруари која ќе стигне за 10-тина дена да биде дури до шестпати повисока. Согласно овој тренд значи дека до месец јуни општината ќе „потоне“ во долгови и нема да може да ги реализира приоритетите на месните заедници, главните барања кои ги предвидовме во Буџетот на општината. По ова известување, сите се договоривме да почнеме да делуваме рационално, односно да го ставиме во прекин јавното осветлување во одреден период“, истакна Фатмир Дехари.Дехари вели дека не го зголемил трошокот за улично осветлување и покрај поскапувањето.„Владата на РСМ не го зголеми данокот согласно поскапувањето на електричната енергија за да ги покрие трошоците, поради тоа ние правиме ваков вид прекин“, додава Фатмир Дехари.

Македонија | пред 3 години

danela119iu4

Вмровските градоначалници во Скопје може да се убијат од работа, али Данела увек ќе ги закопа у жив песок, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци вели дека вмровските градоначалници кои водат општини во Скопје може да се убијат од работа, но секогаш ќе биде тука Данела за да ги закопа во жив песок.„Вмровските градоначалници во Скопје може да се убијат од работа, али увек ќе биде тука Данела Арсовска да ги закопа у жив песок со своите глупи и недоделкани изјави од типот - Градот е презадолжен, не можам да купам бусов Жифти капутчет? А, шо...у кампања не знаеше Арсовска дека Градот е ,капут' и дека треба потење задник А ако е презадолжен, не треба да и` приложи на јавноста факти и документи како тоа Шилегов трошел наши пари? Или уште ќе се заебава со кривични за некои кафански сметки со прасеќето на Јанчева кое го пријавила 2 месеци покасно?Арсовска, февруари дојде! Те бараме кај си со песната од Лајонел Ричи! Hellooooo is it me you looking for“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања