ТОП

DSC_0699

25 пациенти починати со корона, 1.269 нови случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.047 тестови, а регистрирани се 1.269 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 686, Тетово – 75, Битола – 65, Куманово – 61, Велес – 48, Гостивар – 44, Кавадарци – 33, Прилеп – 32, Кичево – 26, Гевгелија – 25, Охрид и Валандово – по 20, Неготино – 16, Ресен – 12, Струмица и Струга – по 11, Дебар – 9, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 8, Штип и Делчево – по 7, Радовиш и Крушево – по 6, Виница – 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Пробиштип и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.Регистрирани сe 848 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 78, Куманово – 64, Кавадарци – 58, Битола – 54, Велес – 47, Гевгелија – 35, Прилеп – 32, Гостивар – 30, Неготино и Струмица – по 27, Охрид – 25, Кочани – 23, Штип – 22, Кичево – 13, Струга и Свети Николе – по 12, Ресен – 8, Богданци и Делчево – по 7, Валандово, Крива Паланка и Радовиш – по 6, Дебар, Виница и Кратово – по 4, Демир Капија, Пробиштип и Македонски Брод - по 3, Крушево – 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 4 починати лица од Скопје (53г, 64г, 84г и 85г), по две починати лица од Охрид (75г и 88г), Струга (71г и84г) и Кочани (67г и 79г) и по едно од Делчево (73г), Куманово (74г), Прилеп (70г) и Струмица (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 59 г. до 91г. Лицата за починати се пријавени во период од 30.01. до 12.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.047 тестови преку: ИЈЗ-499, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–3, ЦЈЗ Куманово-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Авицена-189, Биотек-230, Систина-118, лабораторија Лаор-117, Синлаб-82, Ремедика-18, Плодност-32, Генеа-13, Никоб Лаб-387, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-38, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-29, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-29, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.686.Досега во земјата се направени вкупно 1.852.018 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 133336, Активни 5924Куманово 15800, Активни 407Битола 13796, Активни 470Прилеп 13298, Активни 335Тетово 13148, Активни 392Кавадарци 9825, Активни 354Гостивар 9258, Активни 219Велес 9083, Активни 280Охрид 8354, Активни 243Штип 7801, Активни 106Струмица 7724, Активни 191Кичево 5226, Активни 147Кочани 4862, Активни 80Струга 4566, Активни 93Гевгелија 4090, Активни 128Неготино 3500, Активни 139Свети Николе 2582, Активни 64Ресен 2509, Активни 60Радовиш 2430, Активни 69Крива Паланка 2324, Активни 58Делчево 1872, Активни 43Берово 1688, Активни 26Дебар 1561, Активни 27Валандово 1502, Активни 45Виница 1348, Активни 28Пробиштип 1277, Активни 10Богданци 975, Активни 44Кратово 918, Активни 17Крушево 866, Активни 21Демир Хисар 802, Активни 17Македонски Брод 679, Активни 23Демир Капија 532, Активни 18Македонска Каменица 519, Активни 7Пехчево 448, Активни 6Дојран 251, Активни 4

пред 3 години

skolo-uciliste-deca-knigi

Короната се шири се повеќе низ училиштата

Коронавирусот се шири низ училиштата. За една недела, има зголемен број на случаи. Постојат и образовни установи каде и по цели класови се во изолација. Но, петседателот на Комсијата за заразни болести, Александар Петличковски, не е загрижен.„Анализирајќи ја состојбата според индикаторите, како број на нови позитивни новооткриени случаи, процент на позитивни тестови од сите направени, како и број на вкупни случаи активни во државата, се забележува намалување, што значи и подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба. За тоа особено не потсетува возрасната група од 6 до 14 години, каде што забележуваме зголемување на бројот на нови случаи. Тоа се школските деца, кои ја тераат наставата во најголем дел со физичко присуство. Во моментот сѐ уште нема простор за загриженост. Се следи состојбата и ние апелираме како Комисија дословно да се следат протоколите за одржување на наставата со физичко присуство“, рече претседателот Петличковски.

пред 3 години

236599609_2971828763130776_5941306926266456322_n

Одново над 200 казни во Скопје, а најголем дел за еден прекршок кој не се толерира

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 38 санкции за недавање првенство на пешаци, 20 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, 53 за непрописно паркирање.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

kasami-2

Касами ќе ги бара парите назад од оние кои земале плата, а не работеле

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе побараат враќање на средствата од тие што земале плата, а не работеле во општината.– Вкупно 294 претходно вработени во општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за нивното сработено, што значи земале плата, а не работеле. Буџетот се оштетувал за сума од околу 1 милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките – вели Касами.Тoj обвини дека во општината се распишувале тендери откако работата веќе била завршена.– Еден од примерите за злоупотреба е тендерот за велосипедската патека, кој е објавен по завршувањето на работата, а пред изборите. За ова веќе има и кривична постапка. Друг случај е што со договорите за телефонски услуги потпишани на 2 години со А1 и со кои се купувале повеќе од 20 скапи телефони во вредност од 1.000 евра, Самсунзи, Ајфони. Имаме 340 двегодишни договори со А1 кои не можеме да ги раскинеме затоа што ќе плаќаме пенали. И за ова секако веќе се води постапка – додава Касами.

Македонија | пред 3 години

korona-1

Mинатата недела пријавени 1.236 реинфекции со ковид

Во периодот од 07-13.02.2022 година, тестирани се вкупно 26.360 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 21,1% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 8.638 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 13,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 27,2% до 37,4%, просечно 32,2%.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (56,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.052, 23,8%) и 40-49г (n=1.629, 18,9%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=434; 5,0%).Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 9.900 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.236 реинфекции (од кои 6 се втори реинфекции), со намалување за 7,8% во однос на претходната недела.Пријавени се 124 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 32,6% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (49). Во однос на возраста, најголем број (n=121; 97,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (3).Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 699 лица, од нив 412 се на кислородна поддршка, а 11 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (58,9%), кашлица (44,3%) и малаксаност (42,4%).

пред 3 години

sekta-333641

Да се дигнеше оваа малограѓанштинава против трговциве со бело робје, Глигорова реагира за Евреите од Куманово

Активистката Ана Глигорова реагираше на социјалните мрежи по објавата дека Евреите си заминуваат од Куманово.„Да се дигнеше оваа малограѓанштинава против трговциве со бело робје, злоупотребување на мали деца кои питачат по семафориве, детска порнографија и проституција, дилање на дрога во сред бел ден, полни подруми со автоматско оружје,... Тоа тие не го гледаат, а го ГЛЕДААТ секој ден кога дете од 10 години ќе им застане пред очи да пита. Им пречат на билмезите луѓе чудно облечени за кои некој им кажал,а тој некој чул од друг некој, па од некој на тој. Заради нетолеранција и тесноградост ќе стенкаме со стотици години“, вели Глигорова.

Коментари | пред 3 години

benzinska-benzin-nafta-12

Има ли спас, осум недели расте цената на горивата

Веќе осма недела по ред расте цената на горивата. Од денес на бензинските пумпи низ државата бензините ќе се продаваат по повисока цена за еден денар, додека дизелот ќе биде поскап за половина денар во однос на минатата недела. Па така 95-ката во следните седум дена ќе чини 82 денари, 84 денари ќе чини еден литар БС 98, а новата цена на дизелот е 74 денари.Иако во крајната цена на горивата повеќе од 40% се давачки кон државата, од Владата нема најави за дополнителни интервенции со цел да се намали или замрзне цената на горивата, по примерот на некои држави од регионот.Минатата недела Владата на Србија ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати.Оваа одлука на српската влада доаѓа откако Хрватска одлучи да ги замрзне цените на горивата на 30 години, со што спречи нов удар по џебот на граѓаните.https://skopje1.mk/archives/164509

Македонија | пред 3 години

ednostaven-recept-za-najvkusni-sarmi-kafepauza.mk_-1

Струја за готвење сарма у недела неаме, ќе сме ја напаѓале Русија, реагираат скопјани

Откако вчера попладне поради пожар на далновод во близина на Пинтија, Скопје остана без струја, граѓаните почнаа да се шегуваат на социјалните мрежи. На твитер се појавија голем број на коментари, а ова се дел од нивhttps://twitter.com/motordzika1/status/1492919374151397380https://twitter.com/aP41IWsLgUTQD1T/status/1492920889045880832https://twitter.com/Mijakott/status/1492973911876816899https://twitter.com/Kaurkata903/status/1492904288510697475https://twitter.com/TheFitzzz/status/1492923583106060288https://twitter.com/BubaMar36409771/status/1492929145961078785https://twitter.com/Mijakott/status/1492923529083424777https://twitter.com/viksaeu/status/1492934228673273861https://twitter.com/VecitaaO/status/1492940137478737925https://twitter.com/februar1967/status/1492935387752316934https://twitter.com/Bouqet100/status/1492935114673868801https://twitter.com/SevernaNikogas/status/1492941085273997318https://twitter.com/StevanoAna/status/1492940760433442823https://twitter.com/Grdo_pajce/status/1492927615916720136https://twitter.com/petnaesetdotri/status/1492928317783265282https://twitter.com/StevanoAna/status/1492932226153132040

Коментари | пред 3 години

sekta-333641

Евреите заминуваат од Куманово

Членовите на израелската религиозна група, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид во Куманово се подготвуваат да си заминат, дознава Kumanovo.news. Како што пренесува порталот припадниците на израелската религиозна група градот ќе го напуштат во текот на вечерта или најдоцна утре.Претходно, СВР Куманово информираше дека станува збор за странски државјани, припадници на еврејската верска заедница кои имаат легален престој во Република Македонија и дека ќе престојуваат привремено на територија на земјата.Првиот човек на Куманово, по реакцијата на граѓаните дека се уплашени и не можат мирно да спијат, Максим Димитриевски за ТВ 24 вели дека еврејската секта која ненадејно се досели во овој град е добредојдена, се додека се однесува според правилата и прописите.Станува збор за група од околу 30 члена, а десетина се сместени во оваа куќа, другите се распределени на други локации. Според разговорите кои ги имавме со соседите од оваа улица, велат дека тие ретко го напуштаат домот каде што престојуваат, односно само кога имаат потреба, но дека секојдневно пред оваа куќа каде што престојуваат се собираат граѓани, соседи, кумановци, кои што ги интересира што прави оваа религиозна група токму во Куманово.Групата Лев Тахор се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Оваа група до минатата недела престојувала во Сараево, но според тамошните медиуми, не и било дозволено да го продолжи престојот, па се упатиле во Македонија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-10-09-at-16.03.33

Хелсиншки очекува ослободителна пресуда за Пале и одговорност од полицајците кои штителе колега – насилник

Денеска се одржа главната расправа од судењето на Пале Иловска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Исказите на вештаците и сведоците покажаа дека беа оправдани настојувањата на Хелсиншкиот комитет за човекови права и други граѓански организации за промена на обвинението од ,,убиство на миг’’ во дело сторено во самоодбрана, велат од Хелсиншки комитет за човекови права.„Од она што беше презентирано во судницата, оценуваме дека огромна одговорност во овој случај сноси СВР Велес. Сведочењата потврдија дека починатиот во многу наврати бил пријавуван за насилство кон партнерката со која живеел, од страна на членови на нивните семејства и од соседите, но полицијата никогаш не дошла, ниту постапила. Инаку, на дописот на Хелсиншкиот комитет до СВР Велес, со кои беа побарани информации поврзани со случајот, беше добиен одговор дека воопшто немало пријави за насилство. Сето ова буди основан сомнеж дека полицијата се ставила во заштита на својот насилен колега и со своето непостапување против него, придонела за трагичниот тек и исход на настаните. Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.Утре во Основниот суд Велес ќе биде изречена пресуда за овој случај. Со оглед на изнесените докази на главната расправа, очекуваме судот по службена должност да го преквалификува делото во „нужна одбрана'“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Shtip

Штип нема пари за два кабли и микрофон, но има за да му искешира 18 илјади евра на ЈП „Стипион 2011“, обвинува Левица

На денешната седма по ред седница на Советот на Општина Штип, советничката на Левица, Сенада Ибраимова, пред почетокот на седницата повторно реагираше поради техничките недостатоци при пренос на седниците во живо преку фејсбук страната на Општина Штип.Таа побара претседателката на совет да реагира до соодветната техничка служба овој проблем да го решат во најбрз можен рок, така што граѓаните на Општина Штип нема да бидат лишени од транспарентно следење на седниците на советот.„Покрај ова, советничката реагираше и поради цензурата која почна да се врши на предминатата седница, кога најбитните нејзини обраќања, меѓу кои и скандалозното планирано назначување на директор на културната установа „Дом на млади“ - беа цензурирани и необјавени на страната на општина Штип, односно токму тие обраќања беа исечени од преносот.Одговорот од техничкото лице кое го прави преносот во живо, беше во насока дека тоа е технички проблем кој трае веќе 7 години.Ова е небулозен одговор, бидејќи се работи за два-три кабли, кои треба да се набават и соодветно да се приклучат.Меѓутоа, уште понебулозно е кога ќе видиме дека, ЈП „Стипион 2011“ за кварталниот период октомври-декември 2021 година, потрошиле 18 илјади евра за одржување на улици и патишта во зимски услови (иако првиот снег падна во јануари 2022 година!?), за што исто така реагираше советничката, нагласувајќи дека за потрошените средства нема доставено никаков детален извештај ниту до Комисијата за урбанизам, ниту до советниците.Значи Општина Штип, нема пари за два кабли и микрофон, но има за да му искешира 18 илјади евра на јавното претпријатие, дури во услови на сува зима, а патем за тоа не приложува никаква детална документација.Ова е сликата на нетранспарентното работење на општина Штип - граѓаните нема ни да знаат колку пари се потрошени за неизвршена работа, поради лошиот звук на преносите на седниците на Совет.Затоа Левица - Штип, со сите свои можности и ресурси, ќе продолжи да реагира во јавноста за сите неправилности при донесувањето на одлуки во советот, како од говорницата, така и преку средствата за информирање на јавноста“, велат од Левица.

Македонија | пред 3 години

w_56803994

Над 20 починати од ковид за еден ден

Направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, Струга и Гевгелија по – 4, Битола, Тетово, Крива Паланка и Богданци по – 3, Кичево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по -1.Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 92 реинфекции.Регистрирани сe 1.880 оздравени пациенти од: Скопје – 1.181, Кавадарци – 81, Куманово – 68, Битола – 63, Струмица – 56, Велес – 55, Гевгелија – 39, Прилеп и Охрид по - 30, Гостивар и Валандово по – 29, Кичево – 20, Тетово, Неготино и Радовиш по – 19, Штип и Струга по -18, Крива Паланка – 16, Кочани и Свети Николе по - 12, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Ресен – 8, Делчево и Кратово по – 7, Берово – 5, Пехчево – 4, Виница, Пробиштип, Демир Капија и Дојран по – 3 и Демир Хисар – 2.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 6 починати лица од Скопје (70г, 71г, 75г, 80г, 83г и 95г), по две починати лица од Кочани (60г и 75г), Неготино (78г и88г), Прилеп (72г и 77г) и по едно од Велес (78г), Кичево (66г), Куманово (83г), Охрид (93г), Свети Николе (80г), Струга (80г), Струмица (76г) и Штип (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Ресен (72г), починато во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 1.707 тестови преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–149, Жан Митрев (Филип Втори)-95, Авицена-85, Биотек-150, Систина-47, лабораторија Лаор-0, Синлаб-2, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-272, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-20, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 778.Досега во земјата се направени вкупно 1.847.971 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.481, бројот на оздравени пациенти е 269.014, на починати е 8.768, а бројот на активни случаи изнесува 9.699.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 132646, Активни 5467Куманово 15739, Активни 412Битола 13731, Активни 459Прилеп 13265, Активни 336Тетово 13076, Активни 400Кавадарци 9796, Активни 384Гостивар 9216, Активни 207Велес 9034, Активни 278Охрид 8333, Активни 250Штип 7795, Активни 122Струмица 7713, Активни 208Кичево 5200, Активни 134Кочани 4854, Активни 99Струга 4556, Активни 97Гевгелија 4061, Активни 134Неготино 3483, Активни 149Свети Николе 2579, Активни 73Ресен 2497, Активни 56Радовиш 2424, Активни 69Крива Паланка 2315, Активни 55Делчево 1865, Активни 44Берово 1685, Активни 23Дебар 1553, Активни 23Валандово 1485, Активни 34Виница 1343, Активни 27Пробиштип 1276, Активни 12Богданци 969, Активни 45Кратово 914, Активни 17Крушево 859, Активни 15Демир Хисар 799, Активни 14Македонски Брод 677, Активни 24Демир Капија 529, Активни 18Македонска Каменица 519, Активни 7Пехчево 446, Активни 4Дојран 249, Активни 3

пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Ковачевски смета дека градоначалниците се неработници, Мицкоски вели дека не им се даваат пари бидејќи се од ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека за разлика од претходните години, Владата сега дава помалку дотации затоа што повеќето градоначалници се од неговата партијата.„Погледнете ги трансферите и дотациите коишто оваа власт ги прави во изминативе четири години пред оваа 2022 година. Ќе видите дека секоја година започнувајќи од 2018, 2019 следствено 2020, 2021 имаме зголемување на дотациите, дури и во една година тие се 34 милиони евра поголеми од претходната година. Но тогаш нели мнозинството градоначалници беа од редовите на СДСМ, и тогаш тие ценеа дека треба дотациите да бидат поголеми. Но ако ја споредите бројката 2021 и 2022 и покрај тоа што Буџетот е зголемен, екстремно зголемен, арачот на народот и на бизнисот екстра зголемен, дотациите се намалени од 316 на 312 милиони евра“, рече Мицкоски.Премиерот Димитар Ковачевски смета дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат.„Од она што можам да го видам е дека ништо не се прави во општините. Јас живеам во градот Скопје каде што гледам дека ветувањата што беа давани во текот на кампањата воопшто не се реализираат. Единствено нешто што добиваме е барања за помош, но од другата страна не постои никаква иницијатива градоначалниците да се вклучат во справувањето со економската и енергетската криза. Тоа го велам од фактот што овие градоначалници, што се избрани, а половина се од опозицијата и тие мора да сфатат дека се власт во овие општини, самите ги правеа буџетите, знаејќи дека е криза и во нив не предвидоа никакви кризни програми со кои ќе се справат во насока на поддршка на граѓаните и на институциите кои работат во нивни рамки“, изјави Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-10-09-at-16.03.33

Пале од Велес не се чувствува виновна за смртта на мажот, бидејќи го убила во самоодбрана

Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг”. Илоска пред судијката која ја води постапката кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана, пренесе Телма.Овој случај ја потресе јавноста откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен сопруг, и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож. 

Македонија | пред 3 години

w_56097563

Колку имунитет на коронавирус има населението во Македонија, денес започнува скрининг-тестирањето

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски најави дека од денес ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава. Тоа, рече, ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата.Едно вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни односно имаме некаков имунитет.-Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година после првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет. Ова го планираме за Град Скопје, но има можност да го прошириме и на Македонија за да добиеме пореални податоци за имунизацијата во овој момент. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока, рече претседателот на Комисијата.Вчера беа регистрирани нови 920 случаи на Ковид-19 од 3.338 тестови или 27,5 отсто, починати 11 лица и оздравени 1.190 пациенти. Евидентирани се 119 реинфекции.Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања