ТОП

sekira-640x368

Приведен гостиварецот кој нападна новинар

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште, по добиена пријава дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште и во раката имал секира со која му се заканувал.Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 години

ejupi-konzul-vo-new-york

ВМРО-ДПМНЕ: Кога мислевме дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира- именуваа ТВ презентерка и син на провладин аналитичар за конзули

СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа. Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство.Именувањето на Бесмира Ујупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу за конзул во Чикаго е скандалозно. Според кои критериуми овие лица добиле толку важни дипломатски позиции во САД?Дали Петри Муслиу позицијата ја добил заради тоа што неговиот татко ревносно ја брани владата на ДУИ и СДСМ?Дали ТВ презентерката Бесмира Ујупи се квалификувала за ваква позиција затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“?Ова ли се „тешкашите“ во дипломатијата кои ги најавуваше мафијата на власт?Пиунот Ковачевски и Бујар Османи должат одговори, но и одговорност за погубната дипломатија која ја водат. Не е ни чудо што и се случува на Македонија на меѓународен план, кога вакви кадри ја водат македонската дипломатија.

Македонија | пред 3 години

Mile-Janakieski

Миле Јанакиевски за „Топлик“: Не знам каде е мојата вина и за што

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е обвинет во “Топлик”, шест часа е во судницата каде се даваат завршни зборови.Тој вели дека случајот е апсурден и посочи дека постапувал според законот, па затоа формирал комисија и праша: “Каде е тука мојата вина?”.„Апсурдноста е и во тоа што сеуште на крајот на овој процес јас незнам каде е мојата вина и за што. Апсурдно е тврдењето почитувани дека сум ги знаел информациите од првиот записник кога не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене. Обвинет сум дека сум ги знаел информациите од првиот Записник – не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене. Тврдењата во обвинителниот акт не се поткрепени со докази, а притоа, не се следени ниту законите во државата”, кажа Јанакиески.“Како можела комисијата и јас во 2007 година да знаеме дека планот за локалитетот Сончев град ќе биде оспорен и укинат на Уставен суд во 2010 година? Апсурдно е дека во 2007 година сум знаел што ќе се случи, како и дека по вина на Комисијата не се реализирал проектот. Со поништување на планот со одлука на Уставен, не можел да се реализира, а за тоа ние не сме виновни”, додаде Јанакиески.

Македонија | пред 3 години

Pancevski-so-sudot-2

Владимир Панчевски излегува од Шутка

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски утре би требало да излезе од истражниот затвор Шутка каде пред речиси две недели се пријави да ја издржува затворската казна од две и пол години, која му беше досудена за случајот „АКМИС“, пишува Фокус.Највисокиот суд ја укинал второстепената пресуда на Апелацискиот суд поради процесни повреди, со што останува првостепената пресуда на велешкиот суд која со укинатата пресуда на Апелација станува неправосилна.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

ejupi-konzul-vo-new-york

Владата предложи телевизиска презентерка да биде генерален конзул во Њујорк

Дваесет и осумгодишната телевизиска презентерката Бесмира Ејупи е предлогот на МНР и на Владата за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк, пишува ТелмаСиноќа на затворена седница на владата токму таа поминала како предлог да ја претставува државата во Њујорк, речиси без забелешка од министрите иако нејзиното портфолио за оваа позиција е благоречено дискутабилно.Во биографијата на Ејупи доставено пред една година, во декември 2020 година, до собранието кога конкурирала за член во Комисијата за заштита од дискриминација, од работно искуство навела само дека била презентер во четири телевизии.Освен тоа законот пак пропишува за генерален конзул да биде упатено лице кое е државјанин на Македонија и има високо образование, што според биографијата која е достапна за Ејупи се најверојатно единствените два критериуми кои таа ги исполнува од Законот.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-02-16-174149

(ВИДЕО) Весна Бејби протестираше пред ЕВН

Неодамна, актерката Весна Бејби Петрушевска беше изненадена од високата сметка за струја која ја добила за месец јануари, па затоа реши да им се обрати на ЕВН со видеопорака која ја објави на социјалните мрежи.Aктерката сака да ја истера правдата до крај и денеска сама протестираше пред зградата на ЕВН.„Еве, јас дојдов да протестирам сама пред ЕВН. Блиску е Вардар, а вие каде сте? Уште сум сама, а ладно е. Вардар – ладен, фин. И така“, вели Весна во видеото коешто го објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Магазин | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija-3

Рекорден број на починати, 1091 новозаразен

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 586, Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39, Прилеп и Струмица – по 29, Кичево – 23, Штип и Неготино – по 22, Гостивар и Охрид – по 20, Кочани – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Струга – 11, Свети Николе – 9, Дебар – 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево – по 5, Богданци – 4, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Виница и Кратово – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од: Скопје – 1.356, Битола – 113, Охрид – 104, Прилеп – 95, Кавадарци – 90, Тетово – 87, Гостивар – 53, Куманово – 46, Кичево – 41, Велес – 39, Струмица – 33, Гевгелија – 30, Неготино – 29, Штип – 28, Струга – 23, Свети Николе и Делчево – по 19, Радовиш – 17, Берово – 14, Виница – 13, Ресен – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Богданци и Македонски Брод – по 7, Крушево – 6, Кочани – 5, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Дојран – 3, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Пехчево – 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 - 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.

Македонија | пред 3 години

242941363_402329461518991_1497327069978023153_n

Ковачевски постави услови за да им помогне на општините

„Доколку донесат планови за справување на енергетска криза и намалување на ставки кои не се неопходни и ако го зголемуваат оперативното работење, тогаш ние ќе седнеме и се што е дадено од општините, државата ќе помогне“, рече премиерот Димитар Ковачевски за барањето од ЗЕЛС да им се помогне на општините погодени од кризите.Тој додаде: „ЗЕЛС побара состанок со Владата. Нормално дека состанок ќе се одржи. Општините доминантно во овој момент се водени од опозицијата, што не треба да преставува причина за неодржување на состаноци. Имам состаноци со дел од градоначалниците на теми кои ги засегаат. Сите во оваа криза треба да придонесат со работење. Општините односно градоначалниците на општините, прво своите ветувања и изборни програми, кога ќе ги ставите на хартија, ќе се прашате како ќе се реализираат. Сега тие ветувања не можете ни на интернет да ги најдете. Општините сами ги правеа буџетите, требаше да си имаат кризна ставка. Општините треба да бидат одговорни во намалување на тековни трошоци и зголемување на трошоците за енергетската криза“.

Македонија | пред 3 години

DSC_0052

Апсења во Аеродром, Бит Пазар и Гази Баба

Денеска (16.02.2022) во 00.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 15.02.2022 во 17.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ж.Л.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 15.02.2022 во 21.40 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Џ.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.На 15.02.2022 во 16.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

nenad-lazarov4

Доктор Лазаров повеќе не е матичен: Тие се најобезвреднети, за некоја година ќе нема кој да ве лекува

Матичниот доктор од Скопје, Ненад Лазаров, повеќе нема да работи во примарното здравство. Тој посочува дека најбитната гранка во медицината е обезвреднета, просечната старост на кадарот е пред пензионирање и додава: ќе нема кој да ве лекува.„Заминувам на точно 10 години мој стаж во примарно здравство како матичен лекар, со истата горчина во уста која ја почувствував уште првиот ден пред толку години, молејќи за инфо по канцелариите на ФЗО и Министерство за здравство што треба за да отворам ординација. Најбитната гранка во медицината и една благородна работа како матичен лекар е извулгаризирана, обезвреднета и направена непожелна поради што уште некоја година ќе нема кој да ве лекува. Просечна возраст на матичните лекари е 61-62 години. Во меѓувреме се сменија неколку министри, кој од кој поголема брука, а останаа куп усмрдени ликови по канцеларии чија цел е да ви го дозагорчат животот и ништо повеќе“, пишува Лазаров.Тој додава: „А вие народе, слободно и понатака со чемер и јад, дрва и камења по матичните, се ви се враќа ко бумеранг, се премолчеа сите наши апели за промени, сега молчете и трпете ги штетите. И поздрав до бирократите и инспекторите, ако некогаш седнам ја да одлучувам, тешко вас сите во првите 24 часа!“

Коментари | пред 3 години

1-2-1

Возел со 167км/час во Скопје: 210 казни, 49 за брзо возење

210 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возењеМинистерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 35 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 мерка за возач почетник.Изречени се 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за недавање првенство на пешаци, седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

skopje-parking

Ако чекате повратна порака за паркинг во Скопје, голема е веројатноста да не дочекате

ЈП Градски паркинг- Скопје ги извести корисниците на зонското паркирање дека понекогаш претпријатието се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците. Станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање.„Во овој случај, важно е корисниците на паркингот да не го напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка“, велат од Градски паркинг.Граѓаните реагираа на социјалните мрежи во врска со овој проблем и велат дека и во случај да седиш во возилото, тоа значи дека ќе наплати до моментот на обработка на пораката, и на крај ќе ти кажат дека уствари ти си бил паркиран цело време додека да добиеш порака за крај.https://twitter.com/kumrovecot/status/1493561367395278851https://twitter.com/MinaNaSlavko/status/1493589496524324866https://twitter.com/GPockov/status/1493498509550669825https://twitter.com/Rexxoth/status/1493532115367047170https://twitter.com/TojSoSlikite/status/1493554286202130435https://twitter.com/metodij_a/status/1493543436254863361 

Коментари | пред 3 години

dejan-trajkovski

„Секој следен бран би требало да биде сé послаб и послаб“, вели Трајковски

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски, кој прави статистички анализи на бројките поврзани со коронавирусот, во изјава за Фокус вели дека пандемијата полека слабее.„Во моментот имаме промена на сојот, односно во Струмица веќе е секвенциониран „стелт“ потсојот на Омикрон сојот. Со поголема преносливост и непознато дејство на досегашниот стекнат имунитет на коронавируси, најдобро е да почекаме уште десетина дена за појасна слика“, вели Трајковски, кој предлага уште малку трпение, „иако долгорочната прогноза (за следните 1-2 месеци) оди во насока на намалување на дневните броеви на новодијагностицирани“.Околу тоа дали треба да се очекуваат разгорување на епидемијата во земјава по 8 март, проф. Трајковски вели дека ситуацијата сега е различна од онаа во изминатите две години.„Мислам дека овојпат, за разлика од минатите години, населението поседува поголем колективен имунитет, постигнат со прележување и вакцинирање, така што секој следен бран би требало да биде сé послаб и послаб“, анализира професорот.

Коментари | пред 3 години

sekta-333641

Скопски хотели одбиле да ги примат членовите на еврејската група

Во Скопје неколку хотели ги одбиле за престој членовите на еврејската група и до 3 часот по полноќ чекале во автобус, јави Телма.Со полициско обезбедување членовите на  еврејската религиозна група Лев Тахор, кои од четвртокот престојуваа во Куманово поради притисок на дел од јавноста  доцна во ноќта со автобус  се префрлени во хотел во главниот град. Куќата каде беа сместени, граѓаните ја гаѓале со јајца. Оваа еврејска група претходно престојувала во БиХ. Тие ги отфрлаат информациите дека учествувале во злоставување на деца.

Македонија | пред 3 години

273494360_520389109396065_110503107215336496_n

Ослободителна пресуда за Пале

Судот ја ослободи од обвинеиние велешанката Павлинка Пале ИловскаTaa лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес.Вчера се одржа првото рочиште за овој предмет, се изведоа доказите, а беа дадени и завршни зборови. Иловска рече дека не се чувствува виновна. Обвинителката пак побара од судот да ги земе во предвид и олеснителните околности, бидејќи обвинетата е млада, не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство.Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело, направено во самоодбрана, а не убиство на миг кое препишува затворска казна од една до пет години.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања