ТОП

Foto-18.02.2022

Матичните лекари го прекинаа протестот

Претседателот на Лекарска комора на Република Северна Македонија проф. д-р Калина Гривчева Старделова заедно со претседателката на ЗПЛРМ, д-р Лилија Чолакова Дервишова, денес остварија средба со Министерот за здравство д-р Беким Сали и заменик-министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат матичните лекари од примарното здравство.Претставниците на матичните лекари, Комората и Министерството дискутираа за потребата неодложно да се идентификуваат и спроведат решенија кои ќе ја зајакнат примарната здравствена заштита, како еден од основните столбови на здравствениот систем во нашата земја со цел да се подигне квалитетот на здравствена заштита и воедно овој сектор да стане поатрактивен за младите доктори.Лекарската комора препознавајќи ја важноста на улогата на матичниот доктор во континуитет се залага за унапредување на неговата улога и создавање на подобра околина за негово делување. Во изминатите години на иницијатива и во организација на Комората одржани се низа состаноци со Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување на кои се истакнати видувањата на докторите околу тоа што е неопходно да се направи во примарното здравство.Претседателот на Лекарска комора на денешниот состанок даде поддршка на барањата на колегите од примарната здравствена заштита, бидејќи сериозноста на ситуацијата е голема и потребно е брзо изнаоѓање на решение прифатливо за сите засегнати страни.

Македонија | пред 3 години

272638302_3062703247274543_5606465952843851715_n

Обвинителство бара да се продолжи притворот за возачот во сообраќајката кај „Сити мол“

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот.Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба.Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.Имајќи ја предвид тежината на кривичното дело кое му се става на товар на обвинетиот и другите околности, јавниот обвинител оцени дека се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор. ​

Скопје | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija9

18 починати од корона, 905 нови граѓани заразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, Куманово – 38, Тетово – 32, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Радовиш – 16, Гевгелија и Неготино – по 15, Штип – 14, Кичево – 13, Ресен – 12, Свети Николе – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Дебар – 7, Кочани – 6, Валандово – 5, Крива Паланка, Берово и Виница – по 4, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции.Регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти од: Скопје – 970, Куманово – 89, Тетово и Прилеп – по 58, Кавадарци – 57, Битола – 47, Струмица – 31, Велес – 28, Кочани – 24, Неготино – 21, Охрид – 20, Гевгелија и Штип – по 18, Гостивар – 14, Кичево и Струга – по 13, Крива Паланка – 12, Радовиш – 11, Богданци – 9, Македонски Брод – 7, Берово – 6, Свети Николе – 5, Ресен, Виница, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Валандово и Демир Хисар – по 3, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Кратово, Пробиштип и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г). Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.

пред 3 години

Mickoski-18.02

Мицкоски го седна Касами: Македонија се движи во погрешен правец

Мицкоски на средба со Касами: Македонија се движи во погрешен правец, оваа влада треба час поскоро да заминеЗа мене претставува посебна чест и задоволство што денеска сум овде во општина Тетово, што можам да разговарам со градоначалникот на општина Тетово и претседател на политичката партија БЕСА. Имавме навистина исклучително конструктивен состанок.Разговаравме на актуелните теми кои што ги мачат сите граѓани во Македонија, разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација, како што кажа градоначалникот зборувавме за предизвиците со енергетската криза. И навистина дојдовме до еден заеднички заклучок, а тоа е и практично заклучокот на огромно мнозинство граѓани, би рекол повеќе од две третини дека државата оди во погрешен правец, дека Македонија се движи во погрешен правец и дека оваа влада треба час поскоро да замина за да и тргне на Македонија и на граѓаните од Македонија без разлика дали се тоа граѓани на Скопје, Штип, Тетово, Гостивар, Струга или Струмица.Колку подолго оваа влада на СДСМ и ДУИ остане таму каде што е, толку повеќе проблеми ќе имаат сите граѓани, толку повеќе полни автобуси ќе ја напуштаат Македонија и најголем дел од нив никогаш нема да се вратат, толку повеќе ќе имаме корупција, ќе имаме криминал и ќе имаме лоша економска состојба.Ако некогаш можевме да бидеме лидери во регионот според економскиот раст и според бројот на инвестиции, за жал денеска сме на самото дно и тоа е поразувачки факт.За мене преставува чест и задоволство што денеска можевме да поразговараме на овие теми, но и да поразговараме за предизвиците со кои локалната самоуправа и општина Тетово се справуваат на дневна основа. Голема храброст е што господинот Билал Касами го направи тоа најпрвин на локалните избори, а потоа и да се фати директно во костец за решавање на наталожените проблеми кои ги има општина Тетово.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-01-21-at-15.37.12

Сите детали за сообраќајката кај Сити мол се објавени: возачот ќе одговара, а се бара притворот да му биде продолжен

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот.Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба.Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.Имајќи ја предвид тежината на кривичното дело кое му се става на товар на обвинетиот и другите околности, јавниот обвинител оцени дека се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор. ​​

Скопје | пред 3 години

lazarov

Д-р Лазаров: Со име и презиме ќе ги објавиме колегите што денес ќе превземат пациенти

Доктор Ненад Лазаров утрово на социјалните мрежи објави дека колегите кои денес ќе превземаат пациенти јавно со име и презиме ќе бидат објавени.„Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот.Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен.Доста е“, вели Лазаров

Коментари | пред 3 години

lev-tahor-a-750x430-1

(ВИДЕО) „Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола“, вели еврејската група

Нè држат во хотел како еден вид на гето, каде што правилата ги носат полицајците. Има секакви видови полициски групи, добиваме секакви пораки, наредби, како на пример на улица можеме да излеземе само кога е неопходно, а тоа може да го сторат жените, но не и мажите, велат од Лев Тахор за ТВ 24, притоа додаваат дека имаат притисок од сите страни, но најмногу од полицијата.– Не смееме да се среќаваме со надворешни лица, особено не со медиумите и не смееме во хотелот луѓе од медиумите да зборуваат со нас. Исто така не смееме да шетаме во лобито и да дозволиме другите луѓе да не гледаат. Можеме само да бидеме во собите и во ресторанскиот дел, но ништо повеќе – сведочат од оваа група која привлече големо внимание со своето пристигнување во Македонија.Хотелот им е веќе прескап да го плаќаат, бараат куќа за да можат да се сместат со семејствата, но сите каде што ќе се јават ги одбиваат со извинување дека не можат да им издадат сместување поради притисоци.– Каде и да се јавиме да изнајмиме куќа или стан им пристапува полицијата и ги прашува дали се спремни да нè прифатат, им поставуваат секакви услови и поради тоа се откажуваат да нè примат кај нив, што е многу разбирливо, исто како во куќата во Куманово. Секаде околу нас имаше полиција со ротациски светла и нè превезуваа како да сме приведени – вели претставничката на Лев Тахор.Таа додава дека нормално е дека сопствениците на хотели не сакале да ги примат, затоа што полицијата секаде одела со нив и кога ќе ја виделе полицијата не прифаќале да ги примат, затоа што изгледале како да се приведени.– Ако треба да нè приведат, тогаш е логично да бидеме приведени. Ако не треба да бидеме приведени, зошто нè држат како да сме приведени? Имаме право да останеме 90 дена во земјата, но полицијата ни кажа дека го имаме тоа право, но под строга контрола. Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола – сведочат од групата. 

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

Османи демантира: Информациите за Ејупи се шпекулации

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во гостувањето во Дневникот на Сител вечерва демантираше дека има одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во македонскиот конзулат во Њу Џерси, САД.-Шпекулации се информациите. Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов, и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон, рече Османи.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Проституцијата и дипломатијата се меѓу најстарите професии“, Марку рееагира за новиот конзул во Њујорк

„Проституцијата и дипломатијата се навистина меѓу најстарите професии на човештвото... додека градењето држава е сепак нова професија, вели Аделина Марку дипломат во македонското Министерство за надворешни работи, реагирајќи на одлуката на министерот за надворешни работи Бујар Османи за генерален конзул на Македонија во Њујорк да ја прати 28-годишната ТВ презентерката Бесмира Ејупи.„Има такви што за егзистенцијализам вршат дипломатија и проституција, има и такви што за утилитаризам ечат! Вака некако, денес ме натера да помислам една владина одлука.„Нишалото на часовникот е скротен за будалата и будаленкињата!“... изјави големата судијка на Врховниот суд во САД, бранителka на каузата на жените, Рут Бадер Гинсбург“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

Vladika-Agatangel-696x388

Агатангел: Оваа крајно однародена власт го стави македонскиот народ во подредена позиција и предизвика антидржавни чувства

На официјалната страница на Повардарската епархија, тој објави подолго писмо, во кое појаснува дека негова должност е да се грижи и да го заштитува народот.Пишува дека подолг период не реагирал на политичките случувања, оти се надевал како народот ќе ги види замките во кои паднал, од однесувањето на, како што тврди, крајно однародената власт, која не го слушала пулсот на народот.Покрај останатото, тој на крајот пишува дека секој Македонец, без разлика на се, го љуби како роден брат.Во прилог, писмото на Агатангел во целост.-Животот се состои од радост и тага, од задоволства и разочарувања, од победи и падови. Тој е круг од овие случувања кои неизбежно ќе ги почувствува секој еден човек. Наша лична одговорност е како ќе се однесуваме при овие случувања. Дали ќе натежне кај нас достоинственото и Богољубиво расположение на душата или пак ќе одговориме со мрачниот и злорадосен сегмент на нашето битие.Без разлика какви се околностите при тие животни предизвици, нашата лична одговорност е неизбежна. Многу е важно како ние ќе се понесеме во тие моменти. Убаво е преку овие животни прилики да се обидеме да развиеме некоја душевна доблест како на пример, да се радуваме во радоста на нашиот ближен, да сочувствуваме во неговата болка, да се обидеме да му помогнеме во неговата неволја, а преку тоа да се стекнеме со дарот на љубовта, радоста, милоста и смирението. Но, неретко, нашата душа негува и гнев, негува и злорадост, и омраза и лоши помисли, а каде води сето ова? Не води кон пропаст на нашата душа, раздразливост на нашето однесување, одземање на нашиот мир, како и кон помрачување на нашиот ум.Деновиве сме сведоци на една таква животна прилика, која успеa да разбуди многу од овие душевни чувства кај нашиот македонски народ. Некои ја толкуваа оваа ситуација полни со гнев, огорченост, омраза, други пак со поддршка, разбирање и сочувство.Малку подолг период оставив простор без свои јавни реакции на актуелните политички случувања, имајќи надеж дека сепак македонскиот народ јасно ќе ги види замките во кои западна благодарејќи на однесувањето на оваа крајно однародена власт, која насилно и необјасниво протурка смена на името и отвори „добрососедски дебати“ со Бугарија за ревизија на нашата историја, со што го стави македонскиот народ во подредена позиција во однос на други и предизвика многу антидржавни чувства, а со тоа длабоко ги пречекори своите овластувања како извршна власт.Како епископ на Македонската православна црква, секојдневно имам контакти со наши браќа и сестри кои имаат различни идеолошки и политички убедувања, и кои при нашите разговори неретко ја изразуваат својата загриженост и разочараност од потезите на оваа власт, која дефинитивно не го слуша пулсот на народот и неговите потреби, а најмалку ја гледа и ја чувствува неговата болка која несразмерно порасна изминативе неколку години.Тој народ, македонскиот, е Црквата Македонска. Тој народ е душата на Црквата наша. Тој народ е народот за кои ние, како свештенослужители, ги принесуваме нашите молитви кон Севишниот Бог, народ за кој просиме благосостојба, здравје, среќа и напредок. Тој е оној ист народ, кој власта го запостави, му ги зголеми егзистенционалните маки, но згора на се, му ја допре и му ја повреди душата.Мене ми е должност да се грижам за нашиот верен народ и да го заштитувам. Тој е сега ранлив и му треба утеха. Црквата е утеха. Црквата е закрила. Црквата е надеж.И оние кои ме поддржаа овие денови, но и оние кои се изнафрлаа „дрва и камења“ по мене, длабоко во својата душа знаат дека не чинат работите. Дека нашата Македонија не оди во добар правец. Знаат сите, драги мои. И од ова повеќе нема бегање.Прашање е само дали ќе развиеме доблести како народ да ја искористиме оваа крајно лоша ситуација во наша полза или дополнително ќе му дадеме простор на раздорот, неслогата и гневот и понатаму да го расекуваат и раскрвавуваат живото македонско ткиво.Би се заблагодарил и би ги благословил сите Македонци во оваа прилика, онака како што правам секој ден во моите молитви. За мене секој еден од нас е Македонец, без разлика на се, и го љубам како роден брат. Тоа е моето силно чувство, кое никогаш нема да згасне.

Македонија | пред 3 години

majka-vardar-2-780x470-1

(ФОТО) Мајка и дете паднаа во Вардар

Пред неколку моменти мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, пренесува Алсат.Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат. Количката останала во реката.Фото Алсат

Скопје | пред 3 години

doktor

Протест: Матичните лекари ги затвораат ординациите, освен за итните случаи

Матичните доктори утре нема да работат пациенти, односно, нема да издаваат упаати, нема да прегледуваат, ниту да го користат системот „Мој термин“. Ова ќе биде напарвено во знак на протест, откако никој не ги слушна нивните проблеми, не им понуди помош, а им беа давани дополнителни обврски во текот на целата пандемија. Најголемиот револт доаѓа поради малата капитација од 65 денари, донесена во 2018 година. Д-р Марија Михајлова, матична од Скопје, во повеќе наврати посочи дека ги понижуваат и им се девалвира трудот, неа и на нејзините колеги. Инаку, утре, сите матични доктори ќе работат само со итни пациенти.„За нас никој нема слух. Но, има игнорирање. За жал, принудени сме на овој чекор. Во текот на целата пандемија, како и пред неа, се справуваме како знаеме и како можеме. Станавме фотокопирници, административци, хигиеничари, секретари, порај тоа што сме доктори“, посочи Михајлова, специјалист по семејна медицина.Ненад Лазаров, кој од следниот месец ја напушта фелата на матични доктори и ќе работи во приватна болница како специјалист, соопшти зошто утре сите ординации ќе се затворат и кон што е револтот.„Утре секој во својата ординација, достоинствено и соодветно на позивот. Целиот ден протестираме и искажуваме револт кон: 1.Игнорирање и никаква поддршка на примарно здравство во тек на целата пандемија. 2.Срамна вредност на капитационен бод од 65 иако беа ветени 95 денари. 3. Воведување партиципација во примарно здравство. 4. Олеснување од административни бремиња и промени во закон кој не регулира меѓу кои ургентно пациенти да се врзуваат со ординација а не со конкретен лекар. Протестот значи дека ќе се работи исклучиво само со итни случаи! За се останато очекуваме разбирање и поддршка од сите пациенти со оглед на тоа дека ова се суштински моменти во кои или ќе се поправи или распадне примарното здравство. Доста е!“, пишува Лазаров во јавната објава.Се напоменува, матичните доктори ќе работат само за итни пациенти.

Македонија | пред 3 години

vrhoven-sud

Врховен ги разбира критиките кои ги добија по пресудата за Панчевски: Тоа не смее да ја засени одговорнсота

Врховен суд по критиките од јавноста за пресудата на Владимир Панчевски, обвинет за манипулирање со АКМИС системот и екссудија се правда дека постапиле одговорно и непристрасно. Тие велат: Коментарите, изјавите и критиките, се дел од секое современо, демократско општество, меѓутоа тоа не смее да ја засени одговорноста за зачувување на независноста и непристрасноста на судството, за постапување во согласност со законите, како и со меѓународните инструменти и стандарди, што наметнува обврска на сите институции, како и на општеството во целина. Јавноста, како и медиумите имаат важна улога во зачувување на независноста и непристрасноста на судството и на принципот на владеење на правото, што претставува неопходен предуслов за зачувување на довербата на јавноста во судството“.Тие велат дека пресудата на Панчевски падна, а со тоа, тој излезе од затвор, бидејќи се воделе и од пресуди на Европскиот суд за човекови права.„Оттука, на овој начин се запазува конзистентност во постапувањето, со доследна примена на конвенциското право и меѓународно прифатените стандарди за човекови права, а во насока на обезбедување на правна сигурност и јакнење на довербата на јавноста во правосудниот систем. Согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права од државата се бара да обезбеди на сите лица во судски постапки да ги уживаат пред тие судови гаранциите содржани во член 6 од Европската Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи. Воедно, ваквиот начин на постапување е изразен во бројни одлуки на Европскиот суд за човекови права меѓу кои Атанасов против Република Македонија, бр. 22745/06, § 30, 17 февруари 2011 година и Делкур против Белгија (Delcourt v. Belgium), 17 January 1970, § 25, Series A no. 11. Во секој случај, преку начелото на јавно судење и можноста која му се дава на обвинетиот да даде исказ пред апелациониот суд се остварува и целта за гарантирање на правотo на одбрана на обвинетиот Тирс и други против Сан Марино (Tierce and Others v. San Marino), броеви 24954/94 и 2 други, ECHR 2000-IX, § 95“, додава Врховен.

Македонија | пред 3 години

Screenshot_20220216_164920_edit_1184112753718191

„Роди ме мајко презентер и фрли ме конзул да бидам“, јавноста „гори“ додека Бесмира чека да замине

Лавина од реакции, но и шеговити коментари откако на затворена седница, Владата реши презентерката Бесмира Ујупи да ја именув за генерален конзул во Њујорк. Јавноста не престана да прашува, како таа, без да ги исполнува сите услови, е пратена да ја извршува оваа функција. Молк и од институциите. Владата не одговара на новинарски прашања, а исто и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.Пренесуваме дел од реакциите:https://twitter.com/sestratiseverna/status/1494237723766534145https://twitter.com/MaNy_GrEaT0/status/1494219732236611586https://twitter.com/bojankuk/status/1494216132584263680https://twitter.com/Biktop16/status/1494195880479666176https://twitter.com/JankoIlkovski/status/1494173795229351937https://twitter.com/BatmanSaysT/status/1494104885490499587https://twitter.com/milanzng/status/1494097591172317189https://twitter.com/testfaza/status/1494057538848964609https://twitter.com/SofreTrifunoski/status/1494056046977077250https://twitter.com/jepirovski/status/1494053481140871173https://twitter.com/the_mislitelot/status/1494040527695712259https://twitter.com/sheezika/status/1494039000444817413https://twitter.com/Plavaaa/status/1494009821519126534https://twitter.com/papa_immigrant/status/1493957540153020423https://twitter.com/Bouqet100/status/1494025324505583619https://twitter.com/roze_______/status/1494074444775624704https://twitter.com/__lence__/status/1493992440847638531

Коментари | пред 3 години

273494360_520389109396065_110503107215336496_n

Велешанката Пале никаде не пријавила семејно насилство

Велешанката Пале Илоска која завчера беше ослободена од вина за убиството на својот партнер, полицаецот Александар Ристовски наводно го немала пријавено семејното насилство што го трпела, пишува ФокусВелешкото обвинитело во текот на постапката што се водела против нејзе, добило писмено известување од Центарот за социјални работи Велес дека такви пријави не се примени.-Надлежното обвинителство беше исто така усно известено од СВР Велес дека не се примени пријави од Илоска за семејно насилство извршено врз неа, велат од Обвинителството за Фокус.Убениот полицаец два пати бил осуден на условна затворска казна, кога пред 14 години, возејќи со голема брзина, повредил шестмина пешаци на тротоар, а во 2016 година, во семејна расправија, ја фатил за врат сестрата близначка на Пале, заканувајќи и се дека ќе и го скрши вратот, ако не и ја препише на Пале својата половина од нивната куќа. Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања