ТОП

502E3D46-2A2D-4AF0-8D5F-2CE3ACD81532-1

Платен долгот на Пале, ЕВН ќе и ја уклучи струјата

За помалку од 48 часа, се собрани 42.750 денари кои ќе бидат уплатени на сметката на ЕВН за неподмирениот долг на велешанката Пале Илоска, објави на Фејсбук Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.Тие се заблагодарија на сите кои придонеле и овозможиле велешанката повторно да има струја во својот дом.Поради долг од 40.000 денари Пале Илоска остана во куќен притвор во студен дом, чекајќи го судењето за убиството на нејзиниот невенчан сопруг.

Македонија | пред 3 години

ivanovska

ВМРО-ДПМНЕ: Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот, a ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери

Првата антикорупционерка потврди дека функционери имаат имот кој не го пријавуваат, ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изнесените ставови на Билјана Ивановска„Билјана Ивановска, претседател на ДКСК вечерва во интервју за една национална телевизија кажа дека знае функционери кои имаат имоти кои не ги пријавуваат, т.е. се врз други лица.Во изминатиот период имавме бројни скандали и корупциски афери, од кои гледавме како од власта се испумпувани пари преку тендери, набавки се плаќани неколкукратно поскапо од тоа што чинат, изјавата на Ивановска само потврдува дека тие пари завршиле во купување на имот, кои функционерите го кријатДоколку Билјана Ивановска како прв антикорупционер во државата знае за политичари кои имаат имот, а не го пријавеле, т.е. е запишан врз други лица, таа од позиција на институцијата на чие чело се наоѓа треба веднаш да поднесе кривични пријави против истите и да ги обелодени пред јавност.Од изјавата се добива впечаток дека Ивановска точно знае кои лица кријат имот. И таа мора да ги обелодени.Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да ја повика Ивановска на разговор и да отвори постапка по допрен глас.На граѓаните им е преку глава од функционери кои преку ноќ стануваат богати, на сметка на нивните позиции и со злоупотреба на функцијата. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

PRSM-Pendarovski

Пендаровски: Не знам зошто историјата е толку важна за Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски во изјава за „Еуроњуз“, говорејќи за актуелни прашања поврзани со односите со Бугарија, посочува дека „сè уште се бори да најде оправдување зошто настаните што се случиле во далечното минато имаат толку несразмерно влијание врз судбината на неговите граѓани денес.-Не можам да му објаснам на просечен македонски гласач или граѓанин зошто е важно за влезот во ЕУ – организација основана во 1957 година, во 20-иот век – каква етничка припадност имал Гоце Делчев или некој друг херој-основоположник, како цар Самуил пред десет века, вели претседателот.И додеката дебатата за македонскиот идентитет што доведе Бугарија да стави вето на пристапот на нејзиниот сосед во ЕУ, која, како што се посочува во написот на Еуроњуз, влезе во третата година, македонскиот претседател вели дека сè уште верува оти новоизбраните премиери Петков и Ковачевски можат да го решат ќор-сокакот, како „млади луѓе кои доаѓаат надвор од политичкиот мејнстрим [кои] зборуваат различен јазик”.Билатералниот договор за добрососедски односи од 2017 година, потпишан од премиерите Заев и Борисов, се сметаше за важен момент во постојано растечките позитивни ставови меѓу двајцата, потсети Пендаровски.-И потоа, одеднаш – сè уште не знам кој е главниот мотив кој стои зад тоа – почнаа да зборуваат за историјата, за тоа дека историјата е предуслов за напредок кон Брисел, и можам да ви кажам дека сите ние на овој крај на овој политички јаз, или дискусија ако сакате, бевме фатени во тесно и неподготвени… Дури и денес, навистина не сум сигурен за вистинските мотиви на нивната страна, за тоа зошто историјата беше толку важна за нив. Тоа никогаш не ѝ се случило на ниту една друга земја кандидатка за членство во ЕУ, рече Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

273750757_475590607510796_1954960749341975795_n

(ФОТО) Филипче конечно пиеше кафе со Лиде Лиде

Лиде Лиде и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, конечно, пиеја кафе. Тие се сретнаа на Клиниката за неврохирургија, каде што Лиде ја носела мајка си на преглед.Лиде Лиде на социјалните мрежи објави фотографија со поранешниот министер под која напиша:„Кафе пауза... и за вас што ми се смеевте“.Таа во изјава за Репортер рече дека набрзо ќе пијат кафе и во кафуле.„Додека чекавме да ја прегледа мајка ми, го прашав кога ќе го пиеме кафето што го вети јавно. Ми рече дека веднаш ќе ми направи кафе, ме праша какво го пијам и на крајот ми подготви макијато. Ја викна и медицинската сестра да нè фотографира, а потоа ја прегледуваше мајка ми. На крајот, ми рече дека набргу ќе пиеме кафе и во кафуле, но повеќето муабети беа за здравјето на мајка ми и за понатамошните чекори во нејзиното лекување“, раскажа Лиде за „Репортер“.

Магазин | пред 3 години

gruevski-jankuloska-610x400

Груевски: Јанакиески, Јанкулоска и Протоѓер се понижија и признаа вина која не постои

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека со денешните признанија на вина на поранешните функционери Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер за случајот „Титаник“ е направен „пазар“ со Обвинителството и оти тие во таа постапка „се понижиле себеси и признале вина која не постоела“.„Целта на власта и на јавното обвинителство е низ еден долгогодишен мачен судски процес на политички монтирани судски процеси, дел од политички таргетираните обвинети лица да бидат неправедно осудени а дел и затворени за констукции, за кои наместо докази се нудат претпоставки, незаконски обезбедени т.н. докази или уценети сведоци.Исто така цел е дел од таргетираните неправедно обвинети, доведени до агонија од долгите и исцрпувачки судски процеси, некои од нив претрупани и со голем број конструирани судски предмети, од кои со години неможат нормално да функционираат, после долгогодишна борба и докажување на правдата, низ еден процес на нудење “пазар” од страна на обвинителството да бидат приклештени на правење штета на себе и потенцијално на други, а верувајки дека со тоа ќе одбегнат поголема штета, да се понижат и да се принудат самите да си признаат вина која ја немаат.Вина која не постои!Да имаа докази за нивна вина, немаше судењата по 5-6 години да бидат на самиот почеток. Немаше на овие луѓе да треба да им се закануваат со отворање нови судски случаи против нив, немаше да им нудат не започнување на нови конструирани случаи кои им ги најавуваат. Ниту пак ослободувања, ублажувања, преквалификации или повлекувања на дел на обвиненијата со иста цел, или условни казни за дел од актуелните конструирани случаи против нив.И сето тоа со нудење пазар од типот: “ќе ти простам и нема да ти отворам два нови или ќе поминеш добро во два стари случаи кои ти ги измислив и за кои имам моќ и без докази да те затворам, ако признаеш дека си виновен во овој случај кое по којзнае кој пат почнува на почеток и за кое знам дека ќе ја загубам постапката пред меѓународните судови а следствено на тоа и пред домашните судови”.Нудењето на “голем пазар” и одстапки во барањето на висина на казната во овој случај, како и одстапките во други од конструираните случаи кон овие лица, како дел од пазарот на обвинителството, само за да изнудат признание на вина на дел од нападнатите, докажува дека тоа обвинителство не гледа перспектива во овие монтирани процеси и чуствува реален страв од пораз во иднина заради објективната ситуација на водење на политички судски процеси без реални докази и со фингирани обвиненија.Обвинителството и власта со тоа што беа врбувале, ангажирале и задолжиле некои од обвинетите да ги убедуваат другите обвинети да се спогодат, да признаат вина и да добијат условни пресуди, не сакаа да им помогнат ним, туку себе и на власта.По долги преговори и притисоци, убедување комбинирано со закани и нудење одстапки, или со “стап и морков” стратегија, денес се одржа однапред режирана седница во судот, од чии исход има најмалку правда и реална вина на оние кои ја признаа, а најмногу режии на политички судски прогони со долгорочни последици, од едно време кое никогаш не е видено на просторот на Македонија.Целта на ова обвинителството со овој чин е повеќекратна:Прво, да се извлече од пораз пред меѓународен суд, но во дадена фаза и пред домашните судови од неможноста да завршат еден предмет кој по шест години е на самиот почеток и во кој сите до еден успешно шест години ја докажуваа својата невиност, па од потенцијално поразени да изградат перцепција на победници како обвинителство.Лажни победници!Второ, со ваквите изнудени признанија сакаат да ги прикријат актуелните криминали на власта, нудејќи и на истата власт аргументи за наводна борба против криминалот.Сакаат да и овозможат на власта да објави некаков триумф дека нејзините политички противници на кои со години им врши тортура со политички мотивиран прогон сами си признале вина за наводно сторени кривични дела и во иднина да го користи тоа во секојдневната политичка битка со опозицијата.Лажен триумф!Трето, нивните изнудени признанија за вина во ситуација кога таа не постои, да се обидат да ги користат како аргумент во докажување на вината на останатите таргетирани и обвинети без вина, кои несакаат и одбија да прифатат себе понижување и прифаќање своја вина која објективно не постои, ниту пак потенцијално да наштетат на други лица и субјекти заради таквото признание.Лажен аргумент!Изнуден со валкани методи!Четврто да ги понижат обвинетите до таа мера да прифаќајки своја вина која не постои и која шест години аргументирано ја докажуваа, да направат една голема “флека” како за себе лично, така и за партијата, но и потенцијална штета на останатите неправедно обвинети во процесот.Петто, обвинителството има за цел преку ваквите изнудени признанија на вина историски и правно да се обидат да ја покријат својата вина за една голема политичка хајка која ги има сите елементи на хајките на диктатурите и недемократските режими низ историјата. Еден ден кога ќе паднат како “кула од карти”, како што неодамна паднаа на локалните избори, никакви изнудени признанија на вина нема да може да ги покрие нивните валкани игри, злодела и вина за оваа досега незабележана политичка хајка во Македонија.Ништо што ќе се пресуди во време на нивното владеење ќе нема значење во очите на мнозинството Македонци.Народот во основа знае дека ова е хајка на недемократски режим кој беше инсталиран со задача да прифати нешто што мнозинството народ не го прифати, како што беше промената на името, на идентитетот и историјата. Знаат дека овој инсталиран режим безочно ги краде и секојдневно ги лаже, владее со контрола на судско-обвинителскоот систем, контрола најголем дел од медиумите или спроведува нивно држење во страв и врши политички прогон кон неистомилениците.Судско решение за политички проблеми со кои се соочува државата со владеењето на оваа веќе делегитимирана власт нема, како што нема ни можност за заборавање на предавствата и поданичките политики на власта и замена за неспособноста со замајувања.Очигледно е дека немаат друг план освен додека се власт, така да тераат, но еден ден ќе се соочат со вистината и правдата.Историски гледано признанија на вина без вина, во приклештеност, агонија и под ваков притисок не им помогнала на оние кои ги правеле да се спасат од судот на историјата и од победата на вистината.Од минатото и од историјата знаеме дека наследниците на оние кои 45 години владееја без демократски избори, со тортура кон оние кои и се спротиставија, со политички судења и затворања, поинаку не ни знаат да владеат“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

steta-avtomobil

Тепачка меѓу сосетки во Скопје, па едната и го оштетила автомобилот на другата

Се истепале сосетки, пo што едната и го демолирала автомобилот на другата.Во Полициската станица Бит Пазар, вчера околу 17.00 часот, Џ.С.(41) од Скопје пријавила дека околу 11.30 часот во нејзиниот двор физички ја нападнала нејзина сосетка, која со тврд предмет го оштетила и нејзиното возило. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

levica

Левица бара апанажа и за работниците

Ја известуваме јавноста дека пратениците на Политичката партија Левица, како единствена автентична партија на трудот, која ги штити интересите на работниците, до Собранието на Република Македонија ќе поднесат Предлог - закон за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кој ќе се овозможи обичниот работник да зема месечен паричен надоместок за време на привремена невработеност под еднакви услови како и т.н. апанажа, која им следува како КЛАСНА ПРИВИЛЕГИЈА на избраните и именуваните лица, т.е. на јавните функционери во државава, вели Левица.„На ваков чекор се одлучивме предизвикани од вчерашното неподдржување од страна на пратениците на Предлог-законот, поднесен од Левица, за укинување на апанажата на функционерите. Таквото дејстување на, условно кажано, најголемите политички партии, е само продолжение на статус-квото, а против начелото на социјална правда.Дополнително, тоа нивно дејстување е недржавничко и претставува доказ дека за нив правата на обичниот работник за достоинствен живот се безвредни и единствена нивна партиска заложба е директна заштита на капиталот и привилегиите на мала група неспособни функционери.Упатуваме апел до работниците и до синдикатите, јавно и отворено да го поддржат овој наш Предлог - закон и сметаме дека неговото поднесување е во насока на доследно почитување на уставното начело на забрана на дискриминација врз основа на имотна, социјална и општествената положба“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

19 нови починати и 1.348 нови заразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2.Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 196 реинфекции.Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти од: Скопје – 573, Кавадарци – 71, Куманово – 64, Велес – 60, Тетово и Струмица – по 57, Прилеп – 48, Охрид – 41, Гостивар – 40, Битола – 35, Неготино – 32, Кочани и Гевгелија – по 26, Штип – 18, Радовиш – 17, Струга – 12, Свети Николе – 11, Делчево – 9, Богданци и Пехчево – по 7, Ресен, Валандово и Крушево – по 5, Виница, Кратово и Демир Капија – по 4, Дебар – 3, Берово и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г, 81г, 86г, 90г, 92г и 97г), 2 лица од Гостивар (70г и 77г) и по едно лице од Струмица (71г), Велес (80г)и Штип (78г). Од пријавените лица 10 лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55г до 91г. Од пријавените лица 2 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 01.02.2021 - 09.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=19), две лица се целосно вакцинирани, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 3.996 тестови преку: ИЈЗ-476, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–187, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-155, Биотек-183, Систина-78, лабораторија Лаор-76, Синлаб-34, Ремедика-17, Плодност-51, Генеа-19, Никоб Лаб-377, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-50, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-28, Рапид Лаб–26, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.677.Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.

пред 3 години

brza-pomos-3

Од денес за итни повици ѕвoнете на 112

Од денеска во функција е ставен бројот за итни повици 112, на кој во најкраток можен рок граѓаните ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада.– МВР ќе работи на целата територија на Скопје, но одлучивме првите 10-тина дена пожарната и брзата помош да функционираат само на територијата на Скопје. Се работи за сложен систем, моја проценка како директор на ЦУК треба да се гради во движење бидејќи не можеме да чекаме. Остануваат да функционираат барем уште две години останатите броеви на МВР, брза помош, пожарна – вели Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК за Утрински брифинг за воведувањето на новата линија 112.

Македонија | пред 3 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Арифи: Нема 800 договори на дело, Касами ги објави сите уплати кон физички лица

Теута Арифи, поранешната градоначалничка на Тетово, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека општината немала над 800 договори на дело на годишно ниво, туку дека тоа биле повремени исплати кон физички лица по разни основи.- Нема 800 договори на дело. Касами ги објави сите уплати кон физички лица во 2021. Тука има членови на комисии, исплати врз основа на одлуки на Совет и разни исплати кон физички лица. Тоа не значи дека тие се под договор на дело. Тоа е тенденција да се направи приказна, рече Арифи.

Македонија | пред 3 години

20220211105116

Колку траеше летот Софија - Скопје

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски откри дека промотивниот лет од директната авионска линија што треба да се воиспостави помеѓу Софија и Скопје траела 35 минути.„Ги поврзуваме Скопје и Софија и по воздушна линија. За само 35 минути слетавме во Скопје. Во првиот лет заедно со колегата Бочварски и со министерот и заменикот за транспорт и министерот и заменичката за туризам на Бугарија, како и со бројна делегација бугарски туроператори и новинари“, напиша Милевски на Фејсбук.

Македонија | пред 3 години

doktor-niko

Беќаровски: 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom

Токсикологот и член на Комисијата за заразни болести, д-р Нико Беќаровски предупредува дека по прележување на ковид-19, се повеќе пациенти развиваат пост ковид синдром кој има различни симптоми, Во неговата последна објава на Фејсбук, проф. д-р Беќаровски наведува:-Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!!• Отежнато дишење• Малаксалост• Поспаност• Срцева слабост• Проблеми со меморија• Паѓање на косата• Влошување на дијабетот ....Ова се само дел од манифестациите на овој синдром. Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години, пишува токсикологот.

Коментари | пред 3 години

0-02-0a-9af6d16e1b1677563b3d03798d615e8221d1a8f678d872b57af3dc5e535c28f2_265efc90e80

Страшна сообраќајка на патот Штип - Радовиш, едно лице почина

Сообраќајна несреќа со смртен исход се случи на експресниот пат Штип-Радовиш, пишува ммс.мкВо несреќата учествувале две возила, а едно лице е починато.

Македонија | пред 3 години

50-evra

Ми се јавија роднини од Германија да им пуштам 200 евра да поминат до први, реакции по изјавата дека со 300 евра се живее одлично

Откако пензионер што се вратил од Германија јавно кажа дека со 300 евра одлично се живее, не престанува сеирот на Твитер. Велат, среќа што Владата порано не ја зголемила минималната плата на 18.000 денари, оти сега од цел свет ќе сакаат да се доселат кај нас.https://twitter.com/Gogiche/status/1491730629888823304https://twitter.com/Kaurkata903/status/1491068044965298188https://twitter.com/thr_42/status/1491730006552334341https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1491811103189483525https://twitter.com/dvojka32/status/1491827337293438987https://twitter.com/Serdar_Martoloz/status/1491693570839007236https://twitter.com/incognitovskii/status/1491729953699864577https://twitter.com/epharmamk/status/1491721461484118018https://twitter.com/Kaurkata903/status/1491414031843749888https://twitter.com/Nedostapen/status/1491715194485342211https://twitter.com/WVWk6zz1dC72xaR/status/1491700977782697985https://twitter.com/unitedforever08/status/1491685926757675010https://twitter.com/StevanoAna/status/1491674831183568897https://twitter.com/Trim4e_1/status/1491534270606843910https://twitter.com/KajMakamot/status/1491805858799497217https://twitter.com/damata_vo_crven/status/1491804250220892162https://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1491725655935012866

Коментари | пред 3 години

h1n1-533x261

133 заболени од грип минатата недела

Во текот на 5-та недела од 2022 година (31.01-06.02.2022), во Република Северна Македонија пријавени се 133 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, намалување од 47,4% во споредба со минатата недела.Во текот на 5-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 576 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 6 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, не се детектирани позитивни случаи. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 5-та недела од минатата сезона (n=45) е зголемен 3 пати, а во споредба со бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=2.860) се регистрира намалување од 95,3%.Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.Во однос на возрасната дистрибуција, 61 лице се на возраст од 15-64 години, 42 кај деца на возраст од 0-4 години, 25 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 5 кај лица на возраст над 65години. Највисока инциденца (40,4/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.Заболените се пријавени од 11 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 46, во Прилеп – 21, а во останатите ЦЈЗ/ПЕ, бројот на пријавени е помал од 20.Во десет извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а во една (Дебар) се регистрира сезонска активност.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања