ТОП

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Продолжен рокот за постоење на кризна состојба со топлинска енергија до 30 април

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница, која што се одржа преку видео-конференциска врска, донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година.Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година.

Македонија | пред 3 години

talat-dzaferi33

Џафери до Крмов: Еве вие не сте милионер и ќе треба да останете на волја господова

Откако пратеникот Крмов изјави дека има министри кои што се милионери, а бараат апанажа, се огласи собранискиот претседател Талат Џафери објасни зошто гласал против укинувањето на апанажата.„Сите имаме предвид дека Собранието не е локална самоуправа кое функционира без надоместоци. Образложението дека фунционерите се милионери и не треба да им следува апанажа, но што правиме со тие што не се милионери? Еве вие Крмов не сте милионер и ќе треба да останете на волја Господова. Држава се гради врз принципи“, рече Џафери.

Македонија | пред 3 години

Borislav-Krmov-DHaferi-Blograne-sobranie

(ВИДЕО) Министри - милионери земаат апанажа во најсиромашната држава во Европа, вели Крмов

Овој предлог-закон ние го предлагаме од повеќе причини. Платите на фунционерите се многу поголеми од просечните плати на македонските граѓани, а условите за добивање на таканаречената “апанажа” ги става граѓаните на Република Македонија во нееднаква положба, вели пратеникот Борислав Крмов за поднесениот предлог - закон за укинување на апанажа.„По член 9 од Уставот, тоа претставува еден вид на дискриминација по класно, социјално и имотно-опшествена положба, затоа што условите за функционерите, конкретно пратениците се речиси никакви, само со некој минимален стаж за да добиете целосна апанажа, вие треба да имате само две години стаж. Додека за обичните работници се наведени таксативно десет-дванаесет услови, кои што тие мора да ги исполнуваат за да добијат било каков надоместок и тој надоместок им е ограничен само на 50%, додека фунционерите земаат 100% апанажа.Ние имаме тука ситуација, министри кои што се милионери по дефиниција, бараат апанажа. Имат милионски суми во нивните анкетни листови, значи тоа се милионски имоти, а сепак бараат апанажа. Буквално државата да ги издржува и тоа во практично една од најсиромашните или најсиромашната земја во Европа е апсолутно недозволиво.", додаде тој.

Македонија | пред 3 години

korona

28 лица починаа од ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 3.824 тестови, а регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 783, Битола – 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти од: Скопје – 298, Битола – 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 - 07.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 3.824 тестови преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-97, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–167, Жан Митрев (Филип Втори)-127, Авицена-174, Биотек-202, Систина-79, лабораторија Лаор-87, Синлаб-67, Ремедика-7, Плодност-45, Генеа-14, Никоб Лаб-347, ВФВ Медикал-42, Ели Медика-23, Ројал Медика–11, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.561.Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 130451, Активни 6955Куманово 15552, Активни 489Битола 13545, Активни 528Прилеп 13139, Активни 307Тетово 12935, Активни 389Кавадарци 9645, Активни 440Гостивар 9140, Активни 251Велес 8902, Активни 314Охрид 8255, Активни 258Штип 7720, Активни 122Струмица 7594, Активни 253Кичево 5140, Активни 120Кочани 4819, Активни 140Струга 4520, Активни 95Гевгелија 4010, Активни 158Неготино 3424, Активни 162Свети Николе 2539, Активни 71Ресен 2479, Активни 66Радовиш 2394, Активни 89Крива Паланка 2284, Активни 47Делчево 1853, Активни 63Берово 1676, Активни 23Дебар 1541, Активни 23Валандово 1478, Активни 65Виница 1334, Активни 29Пробиштип 1270, Активни 11Богданци 956, Активни 58Кратово 909, Активни 29Крушево 851, Активни 12Демир Хисар 793, Активни 19Македонски Брод 669, Активни 29Демир Капија 521, Активни 18Македонска Каменица 517, Активни 13Пехчево 443, Активни 12Дојран 249, Активни 7

пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски вели Македонија е сиромашна: Мора поголеми плати за сите, предложивме законски измени

„Македонија е помеѓу 4-те најсиромашни држави во Европа, покрај тоа што е помеѓу трите најкорумпирани, најкриминални држави во Европа. Потрошувачката кошница на основните прехрамбени и други производи изнесува во декември 35.042 денари, и оваа сума постојано се зголемува. Не се проблем само минималните плати, туку ниските плати кои што се поголем број на луѓе ги добиваат. Владата мора да има поголемо чувство за потребите на граѓаните. Треба да се симнат розовите очила и да престане да се фали со она во што никој не верува дека тука тече мед и млеко, па дури и дека гастербајтери ќе се враќале затоа што тука со минимална плата се живеело добро, како што велат од владата. Освен дека се во стаклено ѕвоно, се гледа и дека и се фрлени на гол популизам“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој во своето обраќање додаде:„Не се завршува работата со едноставно зголемување на минималната плата, туку со опсежно зголемување на платите кои мора да бидат усогласени со коефициентот на сложенос на работната сила.И тука не треба посебни формули туку почитување на веќе договореното, на веќе постигнатата согласност со синдикатите и колективните договори кои се на сила. Каква е таа социјална правда кога владата не ги почитува сопствените колективни договори.Затоа денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман на законот за минимална плата каде ќе се овозможи зголемување на платите во јавниот сектор.Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата.А каква е сега состојбата и што предлагаме можете да видите на слајдот кој што е прикажан овдека. Дадена е симулација како е во градинките, во основните и средните училишта. Ова се бодовите во градинките, тука се и коефициентите на сложеност на работното место во основните училишта и нешто слично е и во средните училишта.Во моментот перачка – пегларка да речеме, садомијач – сервирка, помошник во кујна има 269 бодови, и има минимална плата од нешто повеќе од 15.000 денари и сега таа според колективниот договор би требало да изнесува нешто повеќе од 18.600 денари.Сите останати плати кои што предлагаме со закон да се нивелираат согласно колективниот договор ни се прикажани во продолжение односно во третата десна колона. А, овде е покачувањето и усогласени се според бодовите кои што ги има секое работно место во градинките.Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач, ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари според амандманот кој го предлагаме, а согласно колективниот договор кој што го имаат потпишано со синдикатот и коефициентот на сложеност на тоа работно место треба да изнесува 41.256 денари нето.Исто така и за наставник кој што има коефициент 2.503, кој што досега има нето плата од 24.782 денари и согласно амандманот што ние го предлагаме да се усогласи со колективниот договор би требало да има нето плата од 45.054 денари.Истото тоа го предлагаме и за средните училишта односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат според предлогот кој што ние го даваме 45.594 денари.Ова е во суштина предлогот на амандманот кој што денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави и очекуваме од страна на владата, од страна на парламентарните партии истиот амандман да биде прифатен затоа штоп секој заслужува подобро да живее и без разлика на тоа во кој дел на администрацијата имаме вработен, државата, владата треба да покажат одговорност и сериозност и да ги усогласат преку личен пример овие коефициенти, односно примањата на вработените во државната и јавна администрација.За ова наше барање, бараме поддршка и од работниците, синдикатите и од пошироката јавност. Не важно по чиј предлог ќе се добијат повисоки плати, туку тие навистина да се покачат.Она што исто така сакам да го истакнам на денешната прес конференција е откако доживеа тежок пораз владата на изминатите локални избори и во првиот и во вториот круг, и откако се повеќе е јасно дека кога и да се случат предвремени парламентарни избори ќе доживеат тежок пораз и на тие предвремени парламентарни избори, владата одлучува да се свети на граѓаните во тие општини каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници со тоа што свесно ги намалува дотациите за вработените во градинките, но и во основните, а во Град Скопје и во останатите општини и во средните училишта.Како за пример во 2017-тата година дотациите за плати во општините биле 243.000.000 евра, во 2018-тата година дотациите за плати во општините каде што доминантно градоначалниците се од редот на СДСМ се 259.000.000 евра, односно за 16.000.000 евра повеќе. Во 2019-тата година таа бројка расте за 17.000.000 евра и дотациите достигнуваат вредност од 276.000.000 евра. Во 2020-тата година бројката продолжува да расте дополнителни 34.000.000 евра и таа бројка сега изнесува во 2020-тата година 310.000.000 евра. Во 2021-та година кога се уште се надеваат дека ќе останат тие градоначалници да бидат таму каде што се бројка расте за дополнителни 6.000.000 евра, и стигна до вредност од 316.000.000 евра. А, во овој историски највисок рекорден буџет кој што го донесе владата на ДУИ администрирана од СДСМ имаме намалување на дотациите за 4.000.000 евра и сега тие изнесуваат 312.000.000 евра.Ја повикувам јавноста сама да одговори на прашањето зошто ова се случува?А истовремено ја повикувам и владата на одговорност бидејќи граѓаните не се виновни затоа што тие се неспособни, затоа што се криминални и затоа што наместо да работеа нивните градоначалници се занимаваа со местење тендери, со крадење на граѓаните, не работа и нереализирање на тоа што го ветиле.Затоа денеска имаме поинаква слика, имаме огромно мнозинство во ЗЕЛС и во Управниот и во Надзорниот одбор и огромно мнозинство градоначалници кои што се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кои што испорачуваат и работат чесно и посветено за граѓаните во општините каде што тие ги водат.Секако ќе се постави прашањето дали има пари: За ова што е и законска обврска на владата согласно колективните договори, одговорот е пари има, само треба да престане да се краде и да запрат криминалните тендери.Повеќе пари ќе се ослободат во економијата и ќе има повеќе пари за сите, и за вработените кои што се дел од јавната и државна администрација, нормално доколку владата одлучи да не продолжи со тоа што досега го правеа, а тоа е да се свети на граѓаните и вработените во општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ па да ги крати дотациите.ВМРО-ДПМНЕ очекува барем еднаш СДСМ да се однесува рационално и ајде еднаш заеднички да се избориме за својот народ, за сите граѓани“.

Македонија | пред 3 години

27052021_PVRSM_Zaev_Sobranie_2

Пратениците не даваат укинување на апанажата за ексфункционерите, само 16 од нив го поддржаа предлогот

Пратениците не дадоа согласност да се укине апанажата за јавните функционери. Ова беше предлог на Левица кој беше преточен во измена на законско решение. По петнаесетина денови, се најде пред народните избраници. Тие не поддржаа, сите функционери на кои ќе им заврши мандатот, да не добиваат апанажа. Ваквиот предлог го поддржале само 16 пратеници од вкупно 120 пратеници, колку што брои Собранието.„За укинување на апанажата на јавните функционери гласаа само 16 пратеници. Толку е постот. #ЕпаЧорбаЕпаМакедонче #ПакДаСиГиГласате“, напиша Димитар Апасиев, лидер на партијата „Левица“ и пратеник.Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, ги користат функционерски привилегии. Апанажата значи дека ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција.Ставот на Левица, по ова прашање беше: „Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50% од просечната нето – плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин. Притоа, за да може работникот да земе надоместок по основ на невработеност, треба да се исполнат уште многу други услови, како на пример: работниот однос да не престанал со отказ од страна на работникот, со спогодба, со отказ од страна на работодавецот поради кршење на работниот ред и дисциплина итн. Од друга страна, за министрите не се предвидени никакви услови, па така ним им следува 100 % од платата која што ја земале додека биле министри, а за министерување од 24 месеци, законот предвидува можност за земање на апанажа од 12 месеци. Додека пак, едно невработено лице за да земе надоместок по основ на невработеност 24 месеци, потребно е да има работен стаж од 25 години!“.Од партијата Левица, барањето за укинување на апанажата го објаснуваа и како: „Воопшто не изненадува фактот дека ниту еден од овие министри во време на економска, здравствена и енергетска криза не се откажа од оваа привилегија, затоа што истите се и главни генератори и виновници на сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата. Пратениците на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог – Закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката – со цел укинување на апанажата“.

Македонија | пред 3 години

migranti

Пакистанци во Македонија пренесувале мигранти кои наместо во Грција, завршија во полиција

На 09.02.2022 во 01.40 часот во околината на с.Стојаково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица пронашле 19 лица - мигранти (16 од Индија и 3 од Пакистан). По преземени мерки било утврдено дека лицата М.О.(31), А.А.(21) и М.А.(22), сите од Пакистан, лажно се претставувале дека се од Индија, а всушност биле водичи на групата која, откако ја прифатиле, имале намера да ја пренесат во Република Грција.За случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по чија наредба трите лица биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 418 од Кривичниот законик и во текот на денот (10.02.2022) ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1. Останатите 16 лица мигранти биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.

Македонија | пред 3 години

DSC_0410

Само за еден ден во Скопје казнети 246 возачи, покрај несреќите - 71 од нив не пропуштиле пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 71 мерка за недавање предност на пешаци, 17 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 за непрописно паркирање.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

bekim-sali-3199

Сали: Има пациенти кои се жртви на пропаганда, протокол за лекување има ама може нѐ мрзи да читаме

Тоа што го гледаме е добрата грижа на здравствените работници, сведочи министерот за здравство Беким Сали за состојбата во болниците каде се лекуваат пациенти заболени со коронавирус. Тој вели: „Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која не е објасниво зошто се прави. Тоа се некои пропаганди за завери, злоупотреби.. Не можеме да лоцираме кои ги прави, ние ги развиваме политките позитивни за справување со кризата“.„Пикот траеше две недели, забележуваме опаѓање на инфицирани, сега доаѓаме до фаза на хоспитализации. Бевме спремни за напливот. Поминаа три бранови, ова е четврти. Институциите знаат како да се справат, ние сме спремни. Немаме финално решение како да го решиме проблемот со вакцинацијата. Нашето општество има и отпор“, кажа Сали во „Само вистина“.Тој вели дека пациенти се обидуваат сами да се лекуваат без лекарска помош. Овој впечаток го добил од разговорите со ковид позитивни пациенти во болниците кои ги посетил.„Протокол за лекување постои и има. Протоколот е од професори на Клиниката за инфективни болести. Тој протокол е од кога се појавил вуханскиот сој, односно во 2019 година. Според тоа што јас го видов, тој протокол е обемен и детално напишан. Во периодот од две години тој е ажуриран“, додаде Сали.

Македонија | пред 3 години

korona-2

1.554 новозаразени со ковид, починаа 34 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.153 тестови, а регистрирани се 1.554 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 825, Тетово – 82, Куманово – 70, Кавадарци – 62, Битола – 59, Велес – 51, Прилеп – 49, Гостивар – 44, Струмица – 33, Охрид и Гевгелија – по 32, Неготино – 30, Кочани – 21, Штип и Кичево – по 20, Струга – 16, Свети Николе – 15, Ресен – 12, Берово и Валандово – по 10, Радовиш – 9, Крива Паланка и Делчево – по 8, Виница – 7, Кратово – 6, Богданци и Демир капија – по 5, Дебар – 4, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.554), регистрирани се 216 реинфекции.Регистрирани сe 1.843 оздравени пациенти од: Скопје – 1.227, Битола – 100, Куманово – 63, Кавадарци – 48, Струмица – 40, Прилеп – 34, Велес – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Гевгелија и Кичево – по 26, Охрид – 24, Тетово – 21, Кочани, Струга и Ресен – по 16, Радовиш – 14, Валандово – 12, Крива Паланка – 11, Свети Николе, Делчево и Виница - по 8, Гостивар – 7, Богданци и Пробиштип – по 6, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 3, Кратово, Демир Капија и Дебар – по 2, Демир Хисар – 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 12 починати лица од Скопје (62г, 71г, 73г,75г, 75г, 75г, 81г, 81г, 86г, 88г, 88г и 92г), и по две починати лица од Битола (54г и 80г), и Струга (76г и 84г), по едно лице од Струмица (66г), Штип (67г), Прилеп (73г), Охрид (81г), Свети Николе (84г) и Демир Капија (86г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Гевгелија (2), Гостивар (1), Богданци (1), Радовиш (1), Скопје (1), Македонска Каменица (1), Струга (1), Охрид (1), Свети Николе (1), Прилеп (1) и Кочани (1).Починатите се на возраст од 59г до 80г. Од пријавените лица 7 лица се починати во болнички услови и 5 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 - 06.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=34), 18 лица се целосно вакцинирани, а кај 33 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.153 тестови преку: ИЈЗ-522, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-90, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–173, Жан Митрев (Филип Втори)-125, Авицена-157, Биотек-198, Систина-93, лабораторија Лаор-116, Синлаб-57, Ремедика-10, Плодност-44, Генеа-10, Никоб Лаб-406, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-28, Ројал Медика–23, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.694.Досега во земјата се направени вкупно 1.830.764 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 282.147, бројот на оздравени пациенти е 261.741, на починати е 8.658, а бројот на активни случаи изнесува 11.748.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 129646, Активни 6456Куманово 15483, Активни 537Битола 13472, Активни 584Прилеп 13097, Активни 337Тетово 12897, Активни 449Кавадарци 9593, Активни 511Гостивар 9101, Активни 290Велес 8859, Активни 348Охрид 8235, Активни 278Штип 7703, Активни 147Струмица 7564, Активни 277Кичево 5124, Активни 138Кочани 4805, Активни 147Струга 4515, Активни 104Гевгелија 3987, Активни 170Неготино 3395, Активни 174Свети Николе 2535, Активни 85Ресен 2464, Активни 72Радовиш 2388, Активни 111Крива Паланка 2278, Активни 62Делчево 1847, Активни 67Берово 1672, Активни 22Дебар 1539, Активни 33Валандово 1468, Активни 97Виница 1329, Активни 31Пробиштип 1269, Активни 11Богданци 952, Активни 67Кратово 908, Активни 30Крушево 848, Активни 12Демир Хисар 793, Активни 27Македонски Брод 663, Активни 24Македонска Каменица 517, Активни 14Демир Капија 514, Активни 19Пехчево 442, Активни 11Дојран 245, Активни 6

пред 3 години

katica

Катица роденденот го дочека во Идризово

На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денес и е роденден и таа наполни 57 години. Роденденот го дочекува во затворот Идризово, каде ја издржува казната од седум години за случајот ,,Рекет”, поради злоупотреба на службената положба и овластување, пишува Фокус.Поради тоа што веќе одлежала една третина од затворската казна, на 31-ви декември лани таа беше пуштена во родната Гевгелија, да ги дочека празниците со семејството, а потоа на втори јануари повторно беше вратена во затворот.Токму во тој период, додека беше во семејната куќа во Гевгелија, Јанева по подолг период се огласи на социјалните мрежи, со мудра мисла – Денес слушнав една прекрасна реченица. Ја прашале една жена, зошто сте вие толку среќна? А таа им одговорила, затоа што така одлучив!Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-02-09-at-12.28.54

(ВИДЕО) Спасувачка акција во Галичник: Извлечен дедо Павле, затрупан од снегот

Месна заедница Галичник сака да изрази благодарност до директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Министерство за внатрешни работи и САЕ Тигар, за организирана акција во која беше вклучен хеликоптер на МВР и припадници на специјалните единици со цел да се извлече дедо Павле, постојан жител на Галичник на лекување во Скопје.„Во невозможност медицински екипи да пристигнат во Галичник поради големи снежни наноси, извлекувањето е направено со имобилизација и повлекување од воздух. Дедо Павле безбедно пристигна во Скопје, згрижен е во Болницата 8ми Септември и му посакуваме брзо закрепнување!“, информираа од МЗ Галичник.

Македонија | пред 3 години

boki-2

Боки 13 не се откажува преку пораките со пола Влада да се дознае вистината:Не ви се смачи да се бламирате?!

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, испрати отворено писмо до граѓаните на Република Македонија.Писмото Ви го пренесуваме во целостДо сите граѓани на Република МакедонијаПоради бруталното кршење од страна на Основниот Кривичен суд Скопје и судијата Софче Гаврилова Ефремова на пропишаната законска процедура согласно одредбите од законот за кривична постапка и загарантирантите уставни права го упатувам ова отворено писмо и апел до сите погоренаведени.Судијата Софче Гаврилова Ефремова која го суди предметот Меѓународен Сојуз не и дозволи на одбраната, односно на мене како првообвинет во споменатиот кривично правен настан да бидат изведени материјалните докази од мојот телефон како што се остварена комуникација со екс премиерот Зоран Заев, со екс градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, со лицата Вице и Трајче Заеви роднини на екс премиерот, ОСТВАРЕНА КОМУНИКАЦИЈА СО ВИЛМА РУСКОВСКА И ОБВИНИТЕЛ НАУМ ПАНОВСКИ ОД ОЈО ГОК и со други лица од високото раководство на СДСМ, а кои комуникации се поврзани со предметот на обвинението за кое се суди овој предмет. Мојата одбрана како и одбраните на другите обвинети лица бараа од судот првично да се изведат материјалните докази од телефонот па потоа предложените и прифатени сведоци да бидат испитани на рочиште за главна расправа!!!УКАЖУВАМ ДЕКА ЈАС И ДРУГИТЕ ОБВИНЕТИ ЛИЦА ВО ПОСТАПКАТА НЕ СЕ ОТКАЖАВМЕ, НИТУ КЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД ИСПИТУВАЊЕ НА СВЕДОЦИТЕ ЗОРАН ЗАЕВ, СТЕФАН БОГОЕВ, МИЛА ЦАРОВСКА, АЛЕКСАНДАР КИРАЦОВСКИ, ГОРАН СУГАРЕВСКИ, НАТАША ПЕТРОВСКА И ДРУГИ, ТУКУ БАРАМЕ ПРВО ДА БИДАТ ИЗВЕДЕНИ ДОКАЗИТЕ ОД МОЈОТ ТЕЛЕФОН ПА ПОТОА ДА ГИ ИСПИТУВАМЕ ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ СВЕДОЦИ, БИДЕЈКИ САМО НА ТОЈ НАЧИН КЕ МОЖЕ ТОЧНО ДА СЕ УТВРДИ ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА. СВЕДОЦИТЕ ИАКО СВЕДОЧАТ ПОД ЗАКЛЕТВА ПРЕД СУДОТ, ПОЗНАВАЈКИ ЈА СТРУКТУРАТА НА ЛИЧНОСТА НА ПОЕДИНИ СВЕДОЦИ НУЖНО Е ДА ИМ СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ МАТЕРИЈАЛНИТЕ ДОКАЗИ ПРЕТХОДНО ИЗВЕДЕНИ ПРЕД СУДОТ.СО ОВОЈ ГРОЗОМОРЕН И КРАЈНО ТЕНДЕНЦИОЗЕН ЧИН СУДОТ САКА ДА ГИ АМНЕСТИРА ОД ОДГОВОРНОСТ ЗОРАН ЗАЕВ И ЛИЦА БЛИСКИ ДО НЕГО. ТОА Е ОДНАПРЕД ДОГОВОРЕНА АГЕНДА, ПА ВО ТОА ИМЕ СЕ СЛУЧУВА ОВАА ПРАВНА РАШОМОНИЈАДА, СУДСКИ ТЕАТАР И НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ И ПРЕРИПУВАЊЕ НА ФАЗИ ВО ПОСТАПКАТА НА ШТЕТА НА ОБВИНИТЕТИТЕ! ВОЕДНО СУДОТ БЕЗРЕЗЕРВНО ЈА ШТИТИ ВИЛМА РУСКОВСКА ОД СИТЕ НЕЈЗИНИ НЕЗАКОНСКИ, НЕГАТИВНИ И ЗЛОУПОТРЕБУВАЧКИ ДЕЈСТВИЈА И НЕ МИ ДОЗВОЛУВА ДА ГИ ИЗВЕДАМ ДОКАЗИТЕ ПОВРЗАНИ СО РУСКОВСКА И НЕЈЗИНИОТ ТОГАШЕН ЗАМЕНИК А СЕГАСЕН ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НАУМ ПАНОВСКИ!!!!СТОООПП ЧЕСЕН СУДЕ ЗАПРЕТЕ СО ВАШЕТО НАСИЛИЕ ОД ПОЗИЦИЈА НА МОЌ, СТООООПП ЧЕСЕН СУДЕ, ПРЕСТАНЕТЕ ДА БИДЕТЕ ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА ВЛАСТА, ЗАСТАНЕТЕ И ПРОБАЈТЕ БАРЕМ МАЛКУ ДА ГО ОБЕЛИТЕ ЦРНИОТ ОБРАЗ НА МАКЕДОНСКО ПРАВОСУДСТВО. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФАКТОТ ДЕКА ГРАЃИНИТЕ ИМААТ НАЈМАЛКУ ДОВЕРБА ВО ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ. И ОНИЕ МАЛКУ ЧЕСНИ СУДИИ, ЗА ЖАЛ ,СЕ СТАВЕНИ НА СТОЛБОТ НА СРАМОТ ПОРАДИ СЕРВИЛНИТЕ, КОРУМПИРАНИТЕ И ПОЛИТИЧКИ ДИРИГИРАНИТЕ СУДИСКИ ВЛАСТИ!АПЕЛИРАМ ДО СУДИЈАТА СОФЧЕ ГАВРИЛОВА ЕФРЕМОВА ДА ЈА ПРОМЕНИ ОДЛУКАТА И ДА ДОЗВОЛИ ДА СЕ ИЗВЕДАТ ДОКАЗИТЕ ОД МОЈОТ ТЕЛЕФОН ПА ПОТОА ДА СЕ ПОВИКААТ СВЕДОЦИТЕ И ДА БИДАТ ИСПИТАНИ СОГЛАСНО ЗАКОН!!!СОГЛАСНО СИТЕ ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА, БИДЕЈКИ ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЖЕЛБОТЕКА НА СУДИЈАТА, ПА ДА МОЖЕ ДА ПРАВИ ШТО САКА СО ПОСТАПКАТА КОЈА ЈА ВОДИ!!! АПЕЛИРАМ ДО СУДИЈАТА ДА НЕ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВА СВОЈАТА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ ПОРАДИ И ПОВЕЌЕ ОД ОЧИГЛЕДНАТА ПОЛИТИЧКО СУДСКА СПРЕГА!!! АПЕЛИРАМ ДО СУДИЈАТА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ГО ПОВРЕДУВА ПРАВОТО НА ОДБРАНА, ДА НЕ ГО КРШИ ФЛАГРАНТНО НАЧЕЛОТО НА ФЕР БАЛАНС И ЕДНАКВОСТ ОРУДИЈАТА НА СТРАНИТЕ ВО ПОСТАПКАТА И ДА НЕ ГО КРШИ ГРУБО НАЧЕЛОТО НА ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ!!!!АПЕЛИРАААМ И ВИ ВЕЛАМ ЧЕСЕН СУДЕ, АМММААААН ВРАТЕТЕ МИ ГО ТЕЛЕФОНОТ И ДОЗВОЛЕТЕ МИ ДА ГИ ИЗВЕДАМ ДОКАЗИТЕ!!!АММАААН, ЗАРЕМ НЕ ВИ СЕ СМАЧИ ДА ИМ СЛУЖИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ НИШТОЖНИЦИ И ТОЛКУ ДА СЕ БЛАМИРАТЕ И ДА ЈА ВАЛКАТЕ СУДИСКАТА ФУНКЦИЈА?!?!ПА БАРЕМ МАЛКУ ПОКАЖЕТЕ ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ. ПОКРАЈ ТОА ШТО СУМ ЗГРОЗЕН ЈАС СУМ И ФРАПИРАН ОД ВАШАТА СЕРВИЛНОСТ, ТОКМУ КАКО И ОНАА НА ВТОРОСТЕПЕНИОТ АПЕЛАЦИОНЕН СУД КОЈ ЕКСПРЕСНО ЈА ПОТВРДИ БЕЗСМИСЛЕНАТА ПРЕСУДА ЗА РЕКЕТ СО МИЛИОН СУШТЕСТВЕНИ ПОВРЕДИ НА ПОСТАПКАТА И БЕЗ ТОЧНО УТВРДЕНА ФАКТИЧКА СОСТОЈБА, ТОКМУ ОНАКА КАКО ШТО БИ РЕКОЛ ЗАЕВ ТРАС ТРАС ОДЛУКА НА АПЕЛАЦИЈА СО НЕГОВО ЗНАЕЊЕ И НЕГОВ “АМИН” !!!АПЕЛИРАМ ДО ИВАН ЏОЛЕВ ВД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ ДА ПРЕСТАНЕ СО ВЛИЈАНИЕ И ПРИТИСОЦИ КОИ ДОАЃААТ ОД НЕГОВИОТ ВЛАСТОДАВАТЕЛ ЗОРАН ЗАЕВ И ДА ПРЕСТАНЕ ДА ИСПОРАЧУВА ПОСТАПКИ И ПРЕСУДИ ПО ЗАЕВИСТИЧКИ МОДЕЛ И ЖЕЛБА. ДА ГО ПОТСЕТАМ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏОЛЕВ ДЕКА НИЕДНА ФУНКЦИЈА НЕ Е ВЕЧНА, ПА ВО ТОА ИМЕ НЕКА ВИДИ КАДЕ Е СЕГА НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК КОЈ ВЕРУВАМ ДЕКА ИМА МНОГУ ПОМАЛКУ ГРЕВОВИ И НЕЗАКОНСКИ ДЕЈСТВИЈА ОД САМИОТ ЏОЛЕВ!!!АПЕЛИРАМ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ И ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ СО ВНИМАНИЕ И АКТИВНО ДА ЈА СЛЕДАТ ОВАА СУДСКА КАТАСТРОФА И ДА ГИ ПРЕВЗЕМАТ СИТЕ РАСПОЛОЖЛИВИ ЗАКОНСКИ СРЕДСТВА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ОВА СУДСКО НАСИЛИЕ И КРШЕЊЕ НА ПРАВОСУДНАТА БИБЛИЈА, А ТОА Е ЗКП.ВИЕ ПОЧИТУВАНИ ЧЛЕНОВИ НА РСС СТЕ ЗАКОНСКИ ИНСТРУМЕНТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА СУДИСКИТЕ ФУНКЦИИ ПА ВО ТАА СМИСЛА АПЕЛИРАМ ДА ПОСТАПИТЕ ВЕДНАШ ПОСЛЕ ОВОЈ ЈАВЕН АПЕЛ И ПОСЛЕ ПИСМЕНОТО КОЕ ГО УПАТИВ ДО ВАС НА ОДЛУЧУВАЊЕ!АРГУМЕНТИ И ФАКТИ ИМАТЕ И ПОВЕЌЕ ОД ПОТРЕБНО, А ДАЛИ ИМАТЕ ВОЛЈА И ЧЕСНА НАМЕРА ОСТАНУВА ДА ВИДИМЕ!!!ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МОЈОТ ПОСЛЕДЕН АПЕЛ Е ДО СИТЕ ВАС, ПРАВДОЉУБИВИ И СЛОБОДОУМНИ ГРАЃАНИ НА ОВАА ЗЕМЈА. ЈА БАРАМ ВАШАТА ПОДДРШКА БИДЕЈЌИ ЕДИНСТВЕНО ВЕРУВАМ ВО ВАС, ВЕ ПОВИКУВАМ ВО ПЕТОК НА ДЕН 11.02.2022 ВО 10 ЧАСОТ ДА ДОЈДЕТЕ ВО ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД НА ЗАКАЖАНОТО РОЧИШТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ!БИДЕЈЌИ СУДИИТЕ НЕЛИ СУДАТ ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ, ПА ТОКМУ ПОРАДИ ТОА ДОЈДЕТЕ И ДА ВИДИМЕ ДАЛИ СУДАТ ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ИЛИ ПАК СУДАТ ВО ИМЕТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЛОПОВИ И КРИМИНАЛЦИ!!!!ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ ПРЕКУ ОВА ПИСМО ВИ ЈА ИСПРАЌАМ МОЈАТА ЗАМОЛНИЦА ДО СЕКОЈ ЕДЕН ОД ВАС КОЈ САКА ДА ЖИВЕЕ ВО ВИСТИНСКИ ПРАВНА ДРЖАВА ДА СЕ ОДВАЖИ НА МОЈОТ ПОВИК И ДА ДОЈДЕ ДА ПРИСУСТВУВА НА ЗАКАЖАНОТО РОЧИШТЕ ВО ПЕТОК ВО 1О ЧАСОТ. САМО СО ВАША ПОМОШ И ПОДДРШКА ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ ЌЕ СТАВИМЕ КРАЈ НА СУДСКИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ, НА НАМЕСТЕНИТЕ ПРЕСУДИ, ЌЕ СТАВИМЕ КРАЈ НА НЕПРАВДАТА И САМО СО ВАША ПОМОШ ВИСТИНАТА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА, ПОИНАКУ НЕ БИДУВА, ОВИЕ СЕ БЕСКРУПУЛОЗНИ И МИСЛАТ ДЕКА СЕ БОГОВИ, НО НАРОДОТ СЕКОГАШ БИЛ И ЌЕ БИДЕ ВИСТИНСКАТА СИЛА И ДВИГАТЕЛ!!!АПЕЛИРАМ НА ЕДЕН ЦИВИЛИЗИРАН, ДЕМОКРАТСКИ И ДОСТОИНСТВЕН НАЧИН ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА СЕЛЕКТИВНАТА ПРАВДА И ОГРОМНАТА НЕПРАВДА, НЕ САМО ЗА СЛУЧАЈОТ МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ И РЕКЕТ КАДЕ СУМ ЈАС ЛИЧНО ЗАСЕГНАТ, ТУКУ И ЗА СИТЕ ДРУГИ ПРЕДМЕТИ, КАДЕ ИМА ОБВИНЕТИ И ОСУДЕНИ НЕВИНИ ЛИЦА !!!!ПОЧИТУВАНИ МЕДИУМИ, ВЕ ПОВИКУВАМ ДА ГО ПРОСЛЕДИТЕ СУДЕЊЕТО ЗАКАЗАНО ВО ПЕТОК НА 11.02.2022 ВО 10 ЧАСОТ!ОВА ПИСМО ЌЕ ГО ЗАВРШАМ СО УШТЕ ЕДЕН АПЕЛ ДО СИТЕ ПРАВДОЛЈУБИВИ ГРАЃАНИПОЧИТУВАНИ, ВАШАТА ПОДДРШКА И ПРИСУСТВО ЌЕ БИДЕ ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ПРАВОСУДНО ЗЛО КОЕ ЈА УЗУРПИРАШЕ НАШАТА ДРЖАВА ЗАРАДИ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ НА ПОЕДИНЦИ!И ЗА КРАЈ НЕ БАРАМ МЕНЕ ДА МЕ БРАНИТЕ, БАРАМ ПОДДРШКА ЗА ВИСТИНАТА, ОДГОВОРНОСТ ЗА ВИСТИНСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ, КРАЈ НА КОРУМПИРАНОТО И ИСПОЛИТИЗИРАНО СУДСТВО ПОД ПАЛКАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ ИЛИ ПАК БИЛО КОЈ ДРУГ СЛЕДЕН ПОЛИТИЧАР!!!И ДА, ЗНАМ ДЕКА НЕКОИ ЌЕ КАЖАТ “ВИДИ ГО ОВОЈ, ГО ОСУДИЈА, ПА СЕГА МУ ТЕКНА ДА ЗБОРУВА, ДА БАРА ПОДДРШКА, КАДЕ БЕШЕ ПОРАНО, ШТО НЕ ЗБОРУВАШЕ ПОРАНО ИТН ИТН...” И ВО ПРАВО СТЕ, НО РАЗБЕРЕТЕ МЕ И НЕ МИ ЗАМЕРУВАЈТЕ, БИДЕЈКИ НАЈВАЖНО Е ДЕКА МОРА ОД НЕКАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ, ЗАТОА СО ЦЕЛО СРЦЕ ЈА БАРАМ ВАШАТА ПОДДРШКА!!!ВО ИМЕ НА ПРАВДАТА И ПРАВНАТА ДРЖАВА!!!СРДЕЧЕН ПОЗДРАВ,БОЈАН ЈОВАНОВСКИ

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-02-09-at-10.02.41

Наскоро покачување на пензиите, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека иако во криза, државата им помага на граѓаните и стопанството. Од текстилна фабрика, посочи дека минималната плата и натаму ќе расте. Тој најави дека државата ќе остане партнер и на работодавачите преку мерки кои ќе им го олеснат функционирањето.„Наскоро може да очекуваме повторно зголемување на пензиите“, додаде Ковачевски.Според Ковачевски, повисоката нето плата ќе значи зголемување на буџетот и животниот стандард.„За менаџментот е важен фактот што државата ќе ги субвенционира придонесите“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

DSC_0040

Над 300 казни за сообраќај само во Скопје, 150 се за пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 303 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 156 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, 20 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 58 за непрописно паркирање.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања