ТОП

posta

Внимавајте, нова интернет измама за достава на поштенски пратки

Во име на АД „Пошта на Северна Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својaта пратка.„АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување.Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи.Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта.За сите информации во врска со Пошта, Ве молиме посетете ја нашата официјална веб страница www.posta.com.mk“, објави Макрадули.

Македонија | пред 3 години

20220208210037

ЕВН и ја исклучи струјата на велешанката Пале додека издржува куќен притвор

На младата велешанка Пале Илоска (23) денеска ѝ ја исклучија струјата во нејзината куќа, каде го издржува куќниот притвор додека го чека судењето, објави Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство„Поради неплатена сметка и долг од 40 илјади денари, оваа жртва на повеќегодишно насилство се грее на плинска греалка и газиена ламба. Бидејќи ја издржува мерката куќен притвор, таа не може да заработува и да сервисира месечни режиски трошоци.Сите што сакаат да помогнат да се покријат сметките за струја може да донираат на жиро сметката на Интервентниот Женски Фонд“, стои во објавата.Жиро сметка: 200003247799194Стопанска Банка АД Скопје

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-02-08-214905

(ВИДЕО) Како изгледа стадиончето во Ново Лисиче кое неодамна беше реновирано

Левица на сцојалните мрежи објави видео од стадиончето во Ново Лисиче кое недамна беше ренвирано.„Ова е состојбата со стадиончето во Ново Лисиче кое неодамна беше „реновирано“ и преименувано во чест на прерано згаснатиот млад живот на Марко Божиновски.Прашуваме зошто беше толку итен пиарот на градоначалникот со отворањето на полузавршениот стадион со шајки и искршени клупи наместо трибини и зошто не се почека додека стадионот не се санира комплетно за да биде отворен, а не вака искршен“, велат од Левица.

Скопје | пред 3 години

273623383_508372027312533_6236077473951179709_n

И новиот министер за здравство нема план за охридската болница која остана без педијатрија, вели Левица

И по неколку месеци, Детското Одделение во охридската болница не е во функција. Оваа состојба не само што е алармантна, туку претставува вистинска катастрофа, бидејќи поради несериозноста на власта и погрешната здравствена политика, цената ја плаќаат родителите и нивните деца, вели Левица.„Покрај борбата против ковид-вирусот, децата страдаат и од многу други тешки акутни и хронични болести, за кои што не можат да добијат здравствена грижа.И претходниот министер Венко Филипче, кој потекнува токму од Охрид, не покажа никаква политичка волја за решавање на овој сериозен колапс во здравствениот систем.Како што истакна директорот на охридската болница ,д-р Горан Балески, кој очигледно не е способен да најде решение за овој проблем со кој се соочуваат охриѓани, на детското одделение нема промени, има само амбулантска служба, додека во вечерните часови, пациентите се праќаат на детското одделение во струшката болница.Но, со недостиг на специјалистички кадар се соочуваат и другите одделенија, како на пример, гинеколошкото. Со оглед на тоа што ситуацијата во охридската болница е повеќе од алармантна, потребно е новиот министер за здравство, Беким Сали, итно да да најде решение и да овозможи соодветно специјалистичко лекување на оваа група на граѓани, бидејќи децата во Охрид веќе со месеци се оставени без соодветна здравствена заштита, а родителите се изложени на дополнителни трошоци, носејќи ги своите деца во струшката болница“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-02-08-200852

(ВИДЕО) Јаулески удри по Беслимовски: Граѓаните ги исклучуваат грејните тела за да не им дојде сметка за струја од која ќе ги боли глава!

Неблагодарно е сред економска, енергетска, здравствена, топлинска, мигрантска криза, пет кризи имаме во државата, навистина е тешко да се избегне она што навистина ги тишти граѓаните. Благодарение на одговорните лица во електро енергетскиот сектор државата е во една таква дупка, во која што јас лично не верувам дека не пости човек во светот кој што може да не извлече, изјави Јован Јаулески.Тој вели дека е разбирливо, бидејќи е глобална е кризата, но не треба да се занемари одговорноста на одговорните лица во Македонија.„РКЕ е директен виновник за овие кризи, т.е. за нивната големина. Нефункционалноста доведе до ситуација буквално граѓаните да смрзнуваат во своите домови, да ги исклучуваат своите грејни апарати за да не им дојде сметка за струја од која ќе ги боли глава. А дека ги боли глава гледаме секој ден од кога пристигнаа јануарските сметки за струја. Очигледно во овој финансиски план на РКЕ за 2022 година, не се зема во обзир тоа, па за вашиот мамурлак наутро сте предвиделе пиење на кафиња дури од 500 денари на ден. Тоа не е рационално кога ги имаме сите овие кризи. Доплонително трошите милион и пол денари за печатарски услуги, па јас навистина не зна, да ги печатевте и хиреоглифите на оригинален папирус немаше толку да ве кошта“, додаде Јаулески

Македонија | пред 3 години

koronavirus-kovid-skopje

1.722 новозаразени со ковид, починаа 25 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.939 тестови, а регистрирани се 1.722 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти од: Скопје – 663, Битола – 250, Кавадарци – 151, Куманово – 106, Тетово – 82, Кичево – 64, Прилеп – 62, Велес – 61, Гевгелија – 51, Струмица – 50, Ресен – 45, Неготино – 43, Гостивар – 42, Охрид – 33, Струга – 27, Радовиш – 22, Штип – 21, Кочани – 20, Крушево – 19, Валандово и Свети Николе – по 18, Богданци – 16, Делчево и Крива Паланка – по 15, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 8, Берово – 6, Дојран и Демир Капија – по 5, Кратово – 4, Дебар, Виница и Пробиштип - по 3, Пехчево – 2, Демир Хисар – 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес ( 68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од пријавените лица пет лица се починати во болнички услови и четири лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 - 05.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.939 тестови преку: ИЈЗ-526, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-115, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-179, Биотек-314, Систина-140, лабораторија Лаор-115, Синлаб-39, Ремедика-22, Плодност-52, Генеа-25, Никоб Лаб-480, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-94, Ројал Медика–34, Спектра-ММ-47, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-39, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.261.Досега во земјата се направени вкупно 1.826.611 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, на починати е 8.624, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 128809, Активни 6859Куманово 15413, Активни 530Битола 13415, Активни 629Прилеп 13047, Активни 323Тетово 12815, Активни 388Кавадарци 9528, Активни 494Гостивар 9059, Активни 256Велес 8808, Активни 330Охрид 8209, Активни 278Штип 7684, Активни 157Струмица 7535, Активни 289Кичево 5106, Активни 146Кочани 4784, Активни 143Струга 4498, Активни 106Гевгелија 3954, Активни 165Неготино 3367, Активни 175Свети Николе 2520, Активни 80Ресен 2452, Активни 76Радовиш 2380, Активни 118Крива Паланка 2270, Активни 65Делчево 1839, Активни 67Берово 1662, Активни 12Дебар 1535, Активни 31Валандово 1458, Активни 99Виница 1321, Активни 31Пробиштип 1267, Активни 15Богданци 949, Активни 71Кратово 903, Активни 27Крушево 845, Активни 12Демир Хисар 792, Активни 27Македонски Брод 661, Активни 25Македонска Каменица 516, Активни 14Демир Капија 509, Активни 17Пехчево 441, Активни 10Дојран 243, Активни 7

пред 4 години

napadnat-bugarski-kulturen-centar-bitola-1024x538-1

Бившата сопруга му го искршила дуќанот, а тој мислел дека се националисти

На 07.02.2022 во СВР Битола, Б.Ш.(44) од с.Брусник, битолско, пријавил дека со тврд предмет било извршено оштетување на стакло од влезна врата на времен објект (киоск), кој го користел за продажба на свеќи и цвеќиња, лоциран на пат за црквата „Света Недела“ во Битола.Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни меѓусебни недоразбирања. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик.Вчера од Културниот центар објавија дека е нападнат објектот на секретарот на Културниот центар Иван Михајлов во Битола. Тие соопштија дека случајот е пријавен во СВР Битола, но и во генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.–Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго, пишуваше во објавата.Сопругата на секретарот синоќа јавно на Фејсбук напиша дека таа го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања и изнесуваше интимни работи поради кои е гневна и поради кои го искршила објектот. Порача деке и во соседна Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

Македонија | пред 4 години

aleksandar-petlickovski-960x698-1

Се истражува зошто има голем број на починати од ковид

Комисијата за заразни болести се обидува да дојде до причините за високата стапка на смртност кај нас.„Еден проблем кој го лоцираме е слабата застапеност на трета доза. Втор проблем, односно втора дискусија која ја отворивме е шифрирањето на починатите од Ковид – 19 и тука се обврзавме во следнава недела да имаме еден состанок со Институт за епидемиологија кои го изготвуваат овој шифрарник за да направиме апдејт. Размислуваме да го освежиме начинот на шифрирање, односно на класифицирање на болеста“, рече претседателот Петличковски.Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317.

пред 4 години

spiro-ristovski

И Спиро Ристовски со имот си доби слобода

Поранешниот министер Спиро Ристовски излегува од куќен притвор.Тој беше осуден на шест години и три месеци затвор за случајот „Организатори на 27 април”,Последната одлука на Кривичниот совет е дека на осудениот Ристовски му е прифатена гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор.Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбите.

Македонија | пред 4 години

w_56102301

За една недела пријавени 1.340 реинфекции со ковид

Тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0% во однос на претходната недела.Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51).

пред 4 години

soobrakajka-aerodrom-blok-kafe-960x428-1

Автомобил удри дете во Аеродром

Според последните информации потврдени од полицијата, малолетник е повреден и пренесен во болница откако детето било удрено од автомобил опел, пишува Телма.Нема информации за здравствената состојба на повреденото дете.Незгодата се случила околу 13 часот на улицата Симеон Кавракиров во скопски Аеродром, во близина на новоизградената деловно-станбено зграда Порта Аеродром.Фото: Телма

Скопје | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Пукање на автопатот Скопје-Велес

На 07.02.2022 во 17.10 часот во СВР Скопје, С.К. пријавил дека на автопатот Скопје-Велес лица кои биле со патничко возило „фолксваген голф“ пукале кон возило во кое се превезувал тој. Повредени лица нема и нема оштетување на возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

danela-arsovska-81812

Катастрофа во најава, Град Скопје: Потребна е итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза

Потребна е итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза во општините во градот Скопје, каде што спаѓаат општините Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и Шуто ОризариНа денешната средба во Координативното тело на градоначалници на Град Скопје, беше дискутирано за енергетската криза и проблемите со кои се соочуваат скопските општини во функционирањето, трошоците за електрична енергија за редовно работење на општините, основните и средните училишта, уличното осветлување кои значително се зголемени некаде и за над 500% особено во општините кои немаат активни договори за снабдување со електрична енергија.- Дел од градоначалниците истакнаа на седницата дека покрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги јадат редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти кои се во интерес на граѓаните - посочи градоначалничката Арсовска на денешното Координативно тело на градоначалници.Истакнато беше дека помалите општини речиси целосно го имаат истрошено делот на редовниот буџет само за сметките за електрична енергија , а најголемиот дел од општините имаат средства за покривање на само уште неколку сметки, по што ќе недостигаат средства за реални проекти за граѓаните.На Координативното тело на градоначалници се донесе заклучок дека во ситуација кога цените на електричната енергија растат, а одредени дотации кон општините кои доаѓаат од централната власт се дури и намалени, се потешко ќе биде функционирањето на општините, па од тие причини потребна е итна интервенција од страна на Владата и надлежните министерства за решавање на енергетската криза со која се соочуваат општините во Градот Скопје, за што ќе биде побаран и состанок.

Скопје | пред 4 години

IMG_0038

Сите кои ќе прележат ковид, сертификатот ќе им важи 180 дена

Комисијата за заразни болести предлага сертификатот за прележан ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ, кажа дека сè уште не се размислува за укинување на сертификатите за влез во затворен простор, бидејќи тоа во моментов не го дозволува епидемиолошката состојба.„Ако ги укинеме сертификатите за затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот. Во земјите каде сертификатите се укинати, како Данска и Велика Британија, вкупниот имунитет од вакцинација е многу поголем. Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку околу 40 отсто. Не може да ги гледаме работите индивидуално, мора да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нас и да носиме одлука“, рече Мехмедовиќ.

пред 4 години

51825283177_d4642d4247_c

До 2026 минималната плата ќе биде 22.000 денари, најави Битиќи

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, на електронскиот медиум „Слободна ТВ“, истакна дека зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и донесувањето на системско законско решение, ќе помогне да се намали процентот на вкупниот број на вработени кои имаат минимални плати, но и ќе влијае на континуирано зголемување на минималната плата во идните години.„Од вкупниот број на работници, во Република Северна Македонија минимална плата земаат околу 13%, додека во ЕУ, тоа се околу 3% од вработените. Ние како држава, како Влада, мора да се бориме да го намалиме овој процент и да тежнееме кон европскиот просек. Треба да потсетиме дека само пред 5 години, минимална беше на 38% од просечна плата, додека денес, со поставување на прагот минималната плата да изнесува 57% од просечна плата, сигурно сме над просекот на сите земји од Западен Балкан, но уште поважно е што работниците добиваат сигурност дека минималните плати ќе продолжат со раст“, подвлече вицепремиерот и додаде дека согласно проекциите на Владата, кои произлегуваат од повеќе макро економски параметри минималната плата во 2026 година би требало да се искачи на околу 22.000 денари.Вицепремиерот Битиќи нагласи дека за време на седниците на економско-социјалниот совет сите три страни имаа свои предлози во економско-социјалниот дијалог, вчерашното решение е компромис од сите предлози на синдикатите, работодавачите и Владата, од кој ниедна страна не е целосно сраќна, но и целосно незадоволна.„Моделот кој е понуден, ќе помогне во овој период, и на работодавачите, во услови на енергетска криза, кога имаме тренд на покачување на цените, за полесно да се прилагодат и да го надминат овој период. Минималната плата најчесто се среќаава во микро и малите претријатија, мал дел се средни или големи компании, сепак фокусот останува за поддршка на работникот, а поддршката кон компаниите за исплата на повисока минимална плата е до крајот на 2022 година“, кажа вицепремиерот и додаде дека и во иднина треба да се размислува за креирање достоинствени, праведни и правични решенија за работниците.„Однесувањето на синдикатите е сосема нормално, како во секое демократско општество, а за нашето општетство е новина. Работодавачите пак си го штитат сопствениот интерес. За жал, имавме претходно Влада во оставка, која не можеше да ги адресира барањата на работниците порано, но ние само за три недели преку дијалог, во присуство на сите засегнати страни, решаваме едно од круцијалните проблеми. Сите круцијални прашања, како прашањето за минимална плата, ќе се решаваат со вклучување на сите засегнати страни и во иднина“, посочи Битиќи.Вицепремиерот информираше дека денес на Владина седница, целосно ќе биде усогласен текстот на Законот за минимална плата, пришто се осврна на коментарите на опозициските партии и нагласи дека во законското решение ќе бидат опфатени сите аспекти.“Во членот 8 во предлог Законот веќе е наведено дека сите плати ќе бидат усогласени со минималната плата, ние при носењето на законите се водиме по принципите на праведност и правичност, а спроведувањето ќе биде откако се донесе Законот. Сепак ќе ги потсетам ВМРО-ДПМНЕ ако се доследни до своите изјави, убаво ќе беше уште пред година дена да го изгласаат законот за наставници и стручни соработници, кадешто е дефинирано усогласувањето со минималната плата, но затоа што овој закон е закочен во Собранието токму од нивните пратеници, нашите сограѓани во образованието, стручните соработници не можат да добијат повисоки плати“, се осврна вицепремиерот на дел од деталите кои се предвидени со новото законско решение за минимална плата.Акцентот на Законот за минимална плата е да се помогне на најранливите категории, изјави вицепремиерот и додаде дека воова година паралелно ќе има покачување на платите во здравството, образованието, правосудството, но во овој случај важни се животите на 80.000 наши граѓани кои се со минимални плати.„Да се надеваме дека со овој закон ќе покажеме разум сите, и позицијата и опозицијата. Ние како позиција ќе го изгласаме, со потреба да влезе во скратена постапка и уште во сабота да биде донесен. Тие наши сограѓани, имаат право на достоинствен живот. Се надевам на поддршка од сите политички субјекти, како за овој закон така и за други закони за граѓаните“, кажа вицепремиерот Битиќи во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања