ТОП

Нема фотографија

Град Скопје поднесе кривична пријава за Шилегов и Јанчева

Град Скопје, согласно одредбите од Законот за кривичната постапка, денес поднесе кривична пријава против Љубица Јанчева, поранешен Претседател на Советот на Град Скопје и Петре Шилегов, поранешен Градоначалник на Град Скопје.Станува збор за кривична пријава поради основано сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.5 вв со ст.1 од Кривичниот Законик.- Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба, од средства од буџетот на Град Скопје искористила средства за прослава во ресторан во Скопје, спротивно на законските прописи за извршени набавки на стоки и услуги и спротивно на Законот за јавни набавки, додека Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со пречекорување на границите на своето службено овластување без да постои склучен договор, спротивно на Законот за јавни набавки, дозволил да се искористат и исплатат средства од буџетот на Град Скопје, на кој начин пријавените прибавиле имотна корист и нанеле штета на буџетот на Град Скопје. Имено, Љубица Јанчева во својство на Претседател на Советот на Град организирала предновогодишна забава во ресторан во Скопје, и за тоа своерачно потпишала и посебен интерен образец со кој потврдува дека ги искористила наведените средства и во прилог кон истиот доставила фактура, со што ги потврдува издатоците за реализирани средства за репрезентација - информираше на денешната прес-конференција Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.За незаконитостите алармирал и Секторот за финансиски прашања при Град Скопје кој во Службена белешка укажал дека се работи за услуги спротивно на законот, каде е наведено дека доставената фактура се однесува за извршени услуги за кои Градот со предметниот правен субјект нема склучен договор со постапка за јавна набавка во 2019 година. И покрај тоа што било укажано од надлежните служби дека се работи за извршени услуги за кои нема склучен договор за јавна набавка, Петре Шилегов како Градоначалник на Град Скопје во тој период, го игнорирал ваквото укажување и свесно дозволил на незаконски начин да се искористат средствата од Буџетот на Град Скопје, кои се средства на граѓаните.- Во конкретниов случај, станува збор за произволно, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните од страна на Шилегов и Јанчева, кои за свои потреби, а спротивно на закон, искористиле средства од Буџетот на Град Скопје, ни помалку ни повеќе за организирање на предновогодишна забава во кафеана. Особено укажуваме дека Градот Скопје во наведениот период за 2019 година, веќе имал спроведено постапка и доделено договор за јавна набавка на други правни субјекти за угостителски услуги, во кои не спаѓа правниот субјект каде се правеле забави на сметка на граѓаните. Оттука, јасно произлегува дека Петре Шилегов и Љубица Јанчева искористиле средства од Буџетот на Град Скопје надвор од законски пропишаната процедура, на кој начин го оштетиле Буџетот на Градот Скопје – додаде Апостолоски.

Скопје | пред 4 години

vesna

(ВИДЕО) Прво нуркаше во Вардар за да ги плати сметките за струја, сега им порача: Рекетари едни!

Една од првите која реагираше на висината на јануарските сметки за струја е и актерката Весна Петрушевска, која на свој начин ги искритикува ЕВН. Таа по новото треба да даде цел минималец за една сметка за струја.-Весна пред неколку години го искористи моментот кога нејзиниот автомобил пропадна во Вардар, па снимаше реклама за ЕВН.Сега, во видеото на Фејсбук таа во свој стил рече:-Слушам се зажлите на сметките за струја. Мене едната сметка ми е 14.000, а другата 18.000 денари. Знаете кога друг пат ќе одам да им ги вадам сметките од вода? Па кога ќе се фрлам јас во Вардар, па они нека ме вадат. Стварно се ненормални! Кога ќе ти стигне волкава сметка не знаеш дали да седнеш на столче, не можеш да го најдеш. Кога ќе го најдеш си викаш, мора да платиш. Рекетари едни, кажа таа.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-10-09-at-16.03.33

(ВИДЕО) Кој го уби полицаецот од Велес, Пале или системот кој му ги простуваше грешките и кривичните дела

23-годишниот полицаец Петар Ѓурчиноски загина пред две години на службена задача додека обезбедуваше место на сообраќајна несреќа на опасниот и тесен автопат Тетово-Гостивар.Но возачот кој беше обвинет за несреќата е осуден на една година затвор по што одбраната ја обжалува затоа што две вештачења утврдиле дека иако го удрил полицаецот не ја предизвикал несреќата.Обвинителот во случајот е истиот обвинител кој ја прифати спогодбата со Зоран Милески-Кичеец за предизвиканата сообраќајна несреќа.За казната од една година за смртта на полицаецот Петар, истиот обвинител одлучил да не се жали, што предизвика и револт и нова вознемиреност во семејството на загинатиот, кое зборува за КОД.Во КОД и приказната за велешанката Пале Илоска. Таа бранејќи се од семејно насилство на кое била жртва со години, на крај заврши како обвинета за убиство во миг. Експертите сметаат дека станува збор за борба за живот односно за нужна одбрана.

Македонија | пред 4 години

mickoski-956

Мицкоски: Ќе поддржиме минимална плата, но тие мислат дека предавството ќе го покриваат со пари

„За што се платени политичарите од власта (како што би рекол Пендаровски) и нивните лакеи? На денот кога се навршија 150 години од раѓањето на големиот македонски син Ѓорѓи Делчев, ниту Пендаровски ниту Ковачевски се осмелија да изустат, а камоли да напишат дека Ѓорѓи Делчев бил Македонец, историчарот Ѓорѓиев (копретседател на комисијата за историски и образовни прашања) тврди дека Бугарија во втората светска војна не била фашистички окупатор, а СДСМ одбива да ја поддржи Декларацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во парламентот за великанот македонски Ѓорѓи Делчев со изговор дека тоа било факт. За истиот тој факт и Ковачевски и Пендаровски се плашат дури и да шепотат, а камоли да кажат дека Делчев е Македонец“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.Тој додава:„За само неколку дена на трипати ги сронија македонските преговарачки позиции што со децении беа создавани.И да, овој срам, како што тоа бива според матрицата на вистинскиот стопан на Ковачевски, а тоа е Зоран Заев, на спектакуларен начин се постигна договор со лакејот од синдикатот за минималната плата. Со високо кренати раце лакејот и Ковачевски го прославија “невидениот” успех постигнат со Владата. Истата таа Влада до 4 февруари оваа година, за нешто повеќе од еден месец, сите македонски граѓани ги задолжи за дополнителни 135 милиони евра или секое семејство за речиси 17 илјади денари.Предавството мислат дека ќе го покриваат со пари и така ќе купат колку-толку поддршка од граѓаните кои ги ограбуваат секој ден.ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.Истовремено очекуваме од СДСМ конечно да се оддели од политиките на Зоран Заев и да ја поддржи декларацијата за Ѓорѓи Делчев, барем еднаш да покажат дека навистина им значат македонските национални интереси, а не криминалот на кланот кој од позадина ја води партијата и владата!“.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-1

Штом министри од ДУИ се судриле, тогаш немало ниту сообраќајка, посочи Апасиев

Вечерва пред Владата се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа и министрите од ДУИ, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.По сообраќајката на социјалните мрежи свој коментар даде лидерот на Левица, Димитар Апасиев„Двајца министри од ДУИ учествувале во сообраќајна незгода пред Влада.Значи, да повториме: сообраќајна незгода пред Влада не се десила!#ПравенПаралелизам“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2022-02-07-223052

Бесими и Бектеши учествуваа во сообраќајката пред Влада, имаат полесни повреди

Фатмир Бесими и Крешник Бектеши се учесници во сообраќајната несреќа која се случи вечерва во близина на Владата„Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“, напиша Бесими.„Заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими попладнево патувајќи на состанок во Владата, службеното возило во која бевме заедно беше учесник во сообраќајна незгода.За среќа нема сериозно повредени лица.Некои од учесниците се здобија со полесни повреди, на кои им посакувам брзо оздравување“, напиша Бектеши

Македонија | пред 4 години

17012022_VRSM_1vaSednica-2

Постигнат договор, минимална плата ќе биде 18 илјади денари

Димитар Ковачевски на социјалните мрежи објави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и работодавачите.„Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите.80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“, објави Ковачевски.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-1

(ФОТО) Сообраќајка кај Влада, има повредени

Три возила учествувале во тешката сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булеварите Илиндендска и Климент Охридски, пишува Инфомакс.Според очевидците, едно од возилата било службено, а имало и повредени .. На самото место има возила на Итна медицинска помош .Увидот е во тек , а од МВР се очекуваат повеќе информации во текот на вечерваФото Канал 5

Скопје | пред 4 години

bekim-sali-3199

Лош е бројот на вакцинирани, Сали апелира: Лицата со коморбидитети најсигурно можат да се заштитат од корона со трета доза

„Можам да кажам дека не е доволен бројот на граѓаните кои примиле прва доза и многу мал број на лица кои примиле трета доза која сметаме дека е безбедна. Според првичните анализи на сите починати до сега, тоа ни дава до знаење дека третата доза е најсигурниот и безбедниот штитник, за сите пациенти кои починале а имале коморбидитети. За да не се сфатиме погрешно, се уште немаме евиденција на лица кои починале, а имале трета доза „Фајзер“ и коморбидитети“, потенцира министерот за здравство, Беким Сали.Тој додава дека не е момент за финансиски калкулации колку ќе се потроши за уништување на вакцините со поминат рок.„Не е момент на финансиски калкулации за тоа колку ќе се потроши за уништување на вакцините кои се со поминат рок. Пандемијата се уште ќе трае. Се додека се занимаваме со секундарни и терцијални работи, примарните ги забораваме. Уништувањето на вакцините, скоро и да не кошта толку колку што се пропагира. Чисто за ваша информација, една вијала која е шест дози на вакцини кошта околу 0.29 денари. Мислам дека не треба да се прави политика за уништувањето, како што е важна навремената вакцинација“, додаде Сали.

Македонија | пред 4 години

embla-1

Таравари: Годинава кај Ембла било забележано агресивно однесување, некои од учениците биле повредувани

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари вели дека имал состаноци си дефектолозите, психологот, учителката и родителите, од кои произлегло дека родителите на Ембла инсистирале таа да посетува настава со инклузија.„Годинава кај неа било забележано агресивно однесување и овој факт го потврдија речиси сите. Иако меѓу децата имало разбирање, сепак има некои од соучениците биле и повредувани. Освен Даунов синдром, Ембла има и форма на аутизам, што е потврдено и во извештајот од комисија која врши категоризација на вакви деца. За неа се обезбедени и посебни услови во училиштето. Сепак, некои од родителите искажеле загриженост за нивните деца. Како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби, тоа ќе се знае наскоро, рече градоначалникот Таравари.Случајот со 11-годишно девојче предизвика внимание откако беше обелоденето дека родители на ученици од училиштето „Единство-Башкими” се незадоволни од нејзиното однесување и потпишале петиција тоа да не следи настава заедно со нив. Второто полугодие Ембла го започна со задоцнување и беше објавено дека има противење таа да следи редовна настава.

Македонија | пред 4 години

osogovski-planini

Мртво 11-годишно девојче пронајдено на Плачковица

Mртво девојче вчера е најдено на планината Плачковица.Како што соопшти СВР Штип, во селото Парналија во Општина Карбинци е најдено мртво 11-годишно девојче пред еден помошен објект. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај девојчето, а не се утврдени траги на насилство. По налог на Обвинителството телото е дадено на семејството, а случајот сепак ќе се истражува.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

690 новозаразени со ковид, 21 починат

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.Регистрирани сe 676 оздравени пациенти од: Скопје – 460, Прилеп – 67, Тетово – 33, Струмица и Охрид – по 24, Гостивар – 21, Кочани – 14, Струга – 10, Штип – 6, Македонски Брод – 3, Гевгелија, Радовиш, Виница, Кратово и Богданци – по 2, Делчево, Валандово, Крушево и Демир Хисар – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 12 починати лица од Скопје (65г, 66г, 69г, 70г, 71г, 73г, 73г, 76г, 79г, 87г , 88г и 89г), 2 починати лица од Охрид (79г и 85г), и по едно починато лице од Гостивар (84г),Струга ( 78г) Куманово (66г) и Битола (83г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 3 починати лица, Охрид (1), Струмица (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 43г до 68г. Од пријавените лица две лица се починато во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 - 05.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=21), 6 лица се целосно вакцинирани, а кај 18 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.790 тестови преку:ИЈЗ-26, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-126, Авицена-109, Биотек-164, Систина-78, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-9, Генеа-0, Никоб Лаб-319, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-70, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.623.Досега во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 127779, Активни 6500Куманово 15330, Активни 553Битола 13325, Активни 790Прилеп 13025, Активни 363Тетово 12767, Активни 423Кавадарци 9443, Активни 560Гостивар 9022, Активни 261Велес 8759, Активни 343Охрид 8187, Активни 291Штип 7679, Активни 173Струмица 7516, Активни 321Кичево 5082, Активни 186Кочани 4772, Активни 152Струга 4481, Активни 117Гевгелија 3935, Активни 197Неготино 3347, Активни 199Свети Николе 2516, Активни 95Ресен 2445, Активни 114Радовиш 2360, Активни 121Крива Паланка 2259, Активни 70Делчево 1826, Активни 71Берово 1657, Активни 13Дебар 1532, Активни 31Валандово 1429, Активни 88Виница 1318, Активни 31Пробиштип 1266, Активни 17Богданци 936, Активни 76Кратово 900, Активни 28Крушево 830, Активни 16Демир Хисар 791, Активни 28Македонски Брод 659, Активни 31Македонска Каменица 515, Активни 21Демир Капија 508, Активни 21Пехчево 439, Активни 10Дојран 237, Активни 6

пред 4 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Несериозно е предлози кон измени на Законот за Влада премиер да испраќа преку медиумите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека е несериозно предлози измени на Законот да за Влада да се испраќа преку медиумите.„Несериозно е предлози кон измени на Законот за Влада премиер да испраќа преку медиумите.Предлози за работни групи за измени за Закон за Влада и Изборниот законик не се договараат преку дописи, соопштенија или медиуми.Барањето за укинувањето на т.н. Пржинска влада не е доказ дека системот е под контрола, туку е доказ дека техничките влади не функционираат во висина на задачата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

31012022_PVRSM_Kovachevski_uvid_OOUPrilep-1

И Ковачевски смета дека негативно мислење не треба да се казнува

Јавноста беше изненадена откако во измените на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кои се наоѓаат во собраниска процедура, стои и дека новинарот може да одговара за навреда ако пренесе нечие „негативно мислење“.Прашан за тоа, премиерот Димитар Ковачевски даде свое мислење, за како што го нарече, грешно формулирање на терминот.„Вчера видов коментари за тоа законско решение и за тоа е задолжено Министерство за правда. Тоа решение е предложено од претставници од ЗНМ и други инстуции, но таа формулација не е добра и мислам дека тоа ќе се промени во најбрз можен рок“, рече Ковачевски.Претходно, ЗНМ и АВМУ предупредуваат дека ваква дефиниција може да поттикне бран тужби кон новинари само за искажано мислење и да предизвика медиумско самоцензурирање, додека Министерството за правда најавува корекција во текот на амандманската расправа Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на владиниот предлог-закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој е во прва фаза на читање во Собранието, поради предвидената одговорност за „негативно мислење“, во случај на навреда.Иако по повеќе реакции во јавноста од Министерството за правда соопштија дека станува збор за погрешна формулација, за кој ќе се интервенира при амандманската расправа во парламентот, од АВМУ предупредуваат денеска дека повикувањето на одговорност за изразено „негативно мислење“, на начинот на кој е дефинирано во предлог-законот, е спротивно на сите демократски практики и може да предизвика медиумско самоцензурирање.„Можноста за санкционирање поради искажано негативно мислење остава простор за злоупотреба и казнување на медиумските професионалци. Новинарите се гласот на јавноста и тие честопати при вршење на својата работа упатуваат критика за одредени политики или појави во општеството и на тој начин поттикнуваат јавна дебата и придонесуваат за поголема одговорност, отчетност и транспарентност на претставниците на власта“, велат од АВМУ.Правото на слобода на изразување, нагласуваат, е уставно загарантирано право и е гарантирано и со Европската конвенција за заштита на човековите права. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт.Од Министерството за правда велат целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носат со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање.За предвидената одговорност за искажано негативно мислење, претходно реагираа и од Здружението на новинари, при што посочија дека станува збор за нова дефиниција која отвора простор за погрешни толкувања.„Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување“, реагираат од ЗНМ и бараат дефиницијата за навреда соодветно да се коригира така што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година.Од ЗНМ посочуваат дека, иако во локалната судска пракса предметите кон медиумски работници се пред сè за клевета и речиси да нема за навреда, ваква дефиниција, доколку не се измени, може да поттикне во иднина бран на тужби кон новинарите само за искажано мислење. Тоа, како што се наведува, е спротивно со начелата на слободата на изразување и правото на информирање на граѓанитеТекстот на овој предлог закон, нагласуваат од ЗМН, од друга страна предвидува значително намалување на нематеријалната штета за новинарите и медиумските работници, како барање што Здружението претходно го имало кон Министерството за правда.

Македонија | пред 4 години

IMG_0085

Горивата одново поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 % во однос на Одлуката од 31.1.2022 година.Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Еуродиезел (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.Од 8.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин Еуросупер БС – 98 83,00 (денари/литар)Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм)Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,662 %, кај дизелот за 4,010 % , кај екстра лесното масло за 3,372 % и кај мазутот за 4,670 %.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,347 % .

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања