ТОП

Jovan-Mitreski

Митрески бара да се повлече декларацијата за Гоце Делчев зошто правела поделби

Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски национални херои, чие наследство силно го промовираме. Од овој став не сме отстапиле ни милиметар, популистичките игри на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев, истакна Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.Наспроти ваквото политикантство, во најдобриот дух на визијата на македонскиот великан, почнавме додаде Митрески, со градење мостови и културен натпревар со цел решавање на сите отворени прашања. Тоа бил и неговиот поглед за иднината и тоа е духот во кој ќе продолжиме понатака.„Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова му да го направи на македонскиот херој Гоце Делчев. Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација! Делото на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев и неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност не заслужува ваков потценувачки однос. Моштите на Гоце Делчев се во Скопје, во главниот град на македонската независна држава и тука ќе останат. Гоце Делчев е вграден во македонската национална химна и таму ќе остане. Имаме град што го носи неговото име, училишта и библиотеки, улици и бројни споменици.Големо е неговото дело и почитта за него“, посочи Митрески.Декларацијата, вели тој е политичко подметнување од страна на ВМРО -ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ.„Партијата која постојано е против нашите евроинтеграции, во нивниот познат манир, по стоти пат ја промашија темата. Бранат нешто што не е нападнато и со тоа си ја покажуваат сопствената несигурност и аматеризам. Таквата несигурност, таквиот аматеризам и таквиот дилетантизам нема да дозволиме да биде пренесен на граѓаните. Нема да дозволиме да ни држат лекции оние кои со бројни потези го срамат ликот и делото на Делчев. ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто правеше споменици на Ќосето, која на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други од тој дел на историјата тотално спротивни на Делчев и на македонските интереси во тој период“, додаде координаторот на пратеничката група на СДСМ.Оценува дека вакво политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес прави да нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некој други бугарски политичари кои имаат за една цел, како што рече, градење политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете држави.Според Митрески, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат и да ја повлечат нивната т.н. Декларација.„Ги повикуваме, ако навистина сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ, да се вклучат на конструктивен начин во процесите кои се од национален интерес. СДСМ и коалицијата нема да учествува во нивниот дневнополитички театар на кој единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. И затоа бараме Декларацијата да биде повлечена“, нагласи Митрески.

Македонија | пред 4 години

48944878_287962282064400_4666950041229852672_n

Противпожарните возила во Тетово немаат сменето гуми од 2005 година

Возилата на Противпожарната единица во Тетово не се сменети цели 17 години. Последен пат ваква набавка била извршена во 2005 година. Станува збор за летни пневматици кои се користат без разлика на годишното време, објави Алсат.Континуирано се упатуваат барања со години, но никогаш не е добиен позитивен одговор.„Точно е дека гумите на специјалните возила мора да се заменат, бидејќи откако ги добивме овие возила, гумите никогаш не биле заменети. Барањето го упативме до надлежните органи и верувам дека ќе наидам на позитивни вести и овие гуми ќе се сменат“, изјави Ука Алити, раководител на противпожарно. 

Македонија | пред 4 години

makraduli

Макрадули бара отказ за вработениот во Пошта кој присвои 220.000 денари од починат

Директорот на АД „Пошта“ Јани Макрадули побарал да се отпушти лицето за кое полицијата извести дека присвоило 220.000 денари од трансакциската сметка на починат во филијала во Центар Жупа. Парите биле уплатени на сметка на ќерката на оштетениот.Од Ад „Пошта“ потврдуваат дека било доставено барање до Самостојната служба за инспекција, за обезбедување податоци и откривање дали е извршена злоупотреба на службената положба и овластување.Од таму велат дека по констатирањето на повредите и неправилностите, при извршувањето на работните задачи, биле преземени сите мерки и активности за постапување против незаконските дејствија и случајот е пријавен до надлежните органи.„Лицето против кое е поднесена кривичната пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, веќе не работи во АД “Пошта на Северна Македонија”, а средствата во износ од 220.000 денари, кои противправно ги присвоил, на ден 30.12.2021 година се вратени, односно уплатени на сметка на ќерката на оштетената. Во АД “Пошта на Северна Македонија” веќе нема компромис во борбата за спречувањето на криминалот и корупцијата“, соопштуваат од АД Пошта.

Македонија | пред 4 години

DSC_0846

Д-р Михајлова: Пост-ковид може да трае со месеци, време е да се размисли за посебни амбуланти

Коронавирусот може да предизвика симптоми кои траат и по неколку недели и месеци по исчезнување на инфекцијата, посочува доктор специјалист Марија Михајлова. Таа посочува дека ова се нарекува пост-корона синдром или „долг ковид“, пишува Инфо.семед.мк„Времето кое е потребно за опоравување од ковид инфекција е различно за секого. Повеќето луѓе се чувствуваат подобро за неколку дена или недели. Но за некои луѓе, симптомите може да траат подолго. Веројатноста да имате долготрајни симптоми не е поврзана со тоа колку сте болни кога првпат ќе заболите од ковид 19“, посочи доктор Михајлова.Според неа и нејзиното искуство со матичните пациенти, вообичаени пост-ковид симптоми се: екстремен замор, вртоглавици, отежнато дишење, болки во градите, болки во зглобови, осипи, срцеви палпитации, депресија и анксиозност, нарушен сензибилитет за мирис или вкус, нарушен сон.Таа посочува и дека државата треба да размисли дали е време нашиот здравствен систем да размисли за отворање на посебни пост-ковид амбуланти.„Целта е да не се губи време во лавиринтот на здравствениот систем, заштеди и да им се помогне на луѓето да чувствуваат поголема контрола над нивната состојба и живеат подобар живот“, посочи докторката специјалист по семејна медицина, Марија Михајлова.Да се размисли за отворање пост-ковид амбуланти, за да луѓето не губат време низ здравствениот лавиринт - Семед Инфо (semed.mk)

пред 4 години

Нема фотографија

Сточарот Манчевски повикан во полиција

Пехчевскиот сточар Александар Мачевски во чиј дом беше снимено видео поради кое здружението „Анима Мунди“ излезе со обвинување за малтретирање на животно, е повикан на распит во полицијата, објави ТВ21.Мачевски вчера на социјалните мрежи објави дека станува збор за традиција и дека не бил прашан како втора страна при пренесувањето на информацијата.-Во врска со вашиот натпис за Инспектор што малтретира јагне. Ве известувам дека снимката е лична и приватна направена во мојот дом како традиција што ја правиме секоја година кога ги продаваме јагнињата. Се свири песната „Изгубеното јагне“ и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и заколено и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушување угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија, напиша во реакција Мачевски на својот ФБ профил.Тој таму постираше и повеќе фотографии од неговата сточарска активност со коментар „Еве како нашето семејство макотрпно заработува една корка леб, а социјалните мрежи го ОЦРНИЈА НАШЕТО СЕМЕЈСТВО кое одгледува 20 години секаков вид на животни.“Претходно реагирааа од Агенцијата за храна и ветеринарство кои се оградија од постапката на инспекторот и најавија дека против сите лица ќе има соодветна законска постапка.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

АХВ се оградува од постапката на инспекторот од ПЕ Берово

Агенцијата за храна и ветеринарство ја осудува и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, во снимката која вчера беше објавена во медиумите и на социјалните мрежи.„Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, во најбрз рок случајот ќе биде разгледан, инспекторот повикан на разговор и соодветно процесуиран“, е потенцирано во соопштението од оваа институција.Од таму додаваат дека против сите лица вклучени во случајот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе покрене и спроведе соодветна законска постапка.

Македонија | пред 4 години

DSC_0420

Во Скопје се вози „лудо“: 312 возачи се казнети, 77 возеле брзо, 70 не пропуштале пешаци!

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 312 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 70 за недавање првенство на минување на пешаци, 38 мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се 12 мерки за нерегистрирани возила, 19 санкции за некористење сигурносен појас, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, седум мерки за возач почетник, пет за користење мобилен телефон.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-02-06-214619

(ВИДЕО) „Сите го сакавте, ама Лиде ви го зема“, Лиде на Венко проговори за кафето со Филипче

Кога на почетокот на пандемијата тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, секојдневно одржуваше пресови за да ги соопшти бројките на заразени и починати од корона, меѓу пораките што ги добиваше беа и оние на извесна Лиде Лиде. Таа постојано го канеше на кафе и со своите шеговити коментари за кратко време се најде во центарот на вниманието. Малкумина тогаш знаеја дека зад Лиде Лиде се крие Лидија Гиновска, која во разговор за „Репортер“ ни откри дека сето ова со министерот почнало од забава, за да си направи да ѝ е интересно.„Не можев да помислам дека меѓу илјадниците пораки што стигнуваа, некој ќе има време да ги чита сите и да ја види мојата. Кога ги приметиле коментарите луѓето почнаа да бараат да бидам присутна. Па требаше да ги смислувам, затоа што немав во секој момент инспирација. Некои ги обмислував многу однапред“, рече Лиде.На почетокот не знаела дека постои корона и целата ситуација не ја сфатила сериозно. За Филипче, пак, знаела дека е хирург, ама не и дека во меѓувреме станал министер. Кога го видела првпат на прес ѝ делувал многу сериозен. „Сакам луѓето што се сериозни да ги реметам“ вели Лиде, па затоа и ја испратила првата порака да го покани министерот на кафе. Скоро една година подоцна, го запозна во едно кафуле во Скопје.„Јас како што се шегувам на секое, не верував дека ќе имам толкава трема и дека ќе изгледам како некое прваче и ќе се изгубам кога ќе застанам да му се претставам на министерот. Немавме шанса да разговараме, направивме само селфи. Беше сериозен на почетокот, ама кога кажав дека сум Лиде почна да се смее“, раскажа Гиновска за првата средба и додава: „Мислам дека на сите жени им се допаѓаше, само што не сакаа да кажат јавно“. Ни призна и дека Филиче ѝ оставил поубав впечаток во живо отколку на телевизија.

Магазин | пред 4 години

FK57ZzUX0AAx-yF

(ФОТО) Скопјанец е хит на интернет откако се заби во реклама со наслов „не можеш да ме промашиш“

На социјалните мрежи се појави фотографија со сообраќајка која најверојатно се случила деновиве во Скопје.Комбе во близина на Алумина удри во билборд.Интересно е тоа што на билбордот стои натпис со големи букви „you can't miss me“.https://twitter.com/DskiGr/status/1490264212169494530?s=20&t=khTihvXDwquxaQJkZUA1vg

Скопје | пред 4 години

w_56674000

1.045 нови случаи, 29 починати од ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица – по 32, Кочани – 19, Штип – 17, Гевгелија – 14, Неготино – 12, Струга и Свети Николе – по 11, Кичево – 8, Ресен – 6, Кратово – 4, Делчево и Богданци – по 3, Радовиш и Валандово – по 2, Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.Регистрирани сe 2.418 оздравени пациенти од: Скопје – 1.456, Битола – 288, Прилеп – 130, Куманово – 84, Ресен – 61, Кавадарци и Кичево – по 54, Велес – 35, Штип – 24, Тетово – 23, Гевгелија – 22, Неготино – 20, Радовиш – 14, Охрид и Струмица – по 13, Гостивар, Кочани, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Демир Хисар – 10, Македонски Брод и Берово – по 9, Крушево и Пехчево – по 6, Дебар – 5, Виница и Дојран – по 4, Делчево, Богданци и Пробиштип – по 3, Кратово и Валандово – по 2, Демир Капија – 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 25 починати лица: 11 починати лица од Скопје (67г, 74г, 74г, 76г, 77г, 77г, 77г, 77г, 80г, 83г и 85г), 3 починати лица од Прилеп (71г, 78г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (57г и 76г) и Штип (65г и 79г) и по едно починато лице од Кратово (81г), Крушево (82г), Неготино (85г), Охрид (86г), Ресен (64г), Куманово (76г) и Струга (69г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Скопје (2), Свети Николе (1) и Струмица (1). Починатите се на возраст од 64г до 82г. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 - 02.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=29),  6 лица се целосно вакцинирани, а кај 26 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.695 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-101, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Авицена-140, Биотек-171, Систина-61, лабораторија Лаор-194, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-32, Генеа-12, Никоб Лаб-362, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-16, Ројал Медика–22, Спектра-ММ-22, Рапид Лаб–27, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.536.Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 127291, Активни 6484Куманово 15304, Активни 528Битола 13317, Активни 783Прилеп 13021, Активни 426Тетово 12761, Активни 450Кавадарци 9401, Активни 518Гостивар 9007, Активни 268Велес 8750, Активни 335Охрид 8172, Активни 303Штип 7659, Активни 159Струмица 7490, Активни 320Кичево 5079, Активни 183Кочани 4768, Активни 162Струга 4479, Активни 126Гевгелија 3931, Активни 195Неготино 3338, Активни 190Свети Николе 2516, Активни 95Ресен 2445, Активни 114Радовиш 2359, Активни 122Крива Паланка 2258, Активни 69Делчево 1826, Активни 72Берово 1657, Активни 13Дебар 1529, Активни 28Валандово 1429, Активни 89Виница 1317, Активни 32Пробиштип 1265, Активни 16Богданци 936, Активни 78Кратово 899, Активни 29Крушево 830, Активни 17Демир Хисар 791, Активни 29Македонски Брод 659, Активни 34Македонска Каменица 515, Активни 21Демир Капија 507, Активни 20Пехчево 439, Активни 10Дојран 237, Активни 6

пред 4 години

grcec2

ДПИ затвори два угостителски објекти

На 05.02.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и с. Мрзенци.При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите. Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти. Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период.

Македонија | пред 4 години

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Вработен во Пошта од трансакциска на починато лице земал 220.000 денари

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа. Тој, во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.

Македонија | пред 4 години

20191228140358

Ѓоргиев: Бугарија била профашистичка, меѓутоа фашистичка не

Може да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација, зашто Бугарија не била фашистичка земја, профашистичка да, меѓутоа фашистичка не, вели за РСЕ копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев.– Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што, од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија – додава вели Ѓоргиев.

Македонија | пред 4 години

20220206114850

Мачевски вели дека му е нарушен угледот: Врзувањето јагне е традиција

Со своја реакција се јави и сточарот Александар Мачевски од беровско кој е автор на видеото со врзаното јагне. Тврди дека станува збор за традиција и дека не бил прашан како втора страна при пренесувањето на информацијата.-Во врска со вашиот натпис за Инспектор што малтретира јагне. Ве известувам дека снимката е лична и приватна направена во мојот дом како традиција што ја правиме секоја година кога ги продаваме јагнињата. Се свири песната „Изгубеното јагне“ и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и заколено и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушување угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија, напиша во реакција Мачевски на својот ФБ профил.Тој таму постираше и повеќе фотографии од неговата сточарска активност со коментар „Еве како нашето семејство макотрпно заработува една корка леб, а социјалните мрежи го ОЦРНИЈА НАШЕТО СЕМЕЈСТВО кое одгледува 20 години секаков вид на животни.“

Македонија | пред 4 години

813508

Еден од противпожарните авиони во Шпанија, другите два чекаат сервис

Дирекцијата за заштита и спасување ја започна новата 2022 година со непоправени противпожарни авиони. Иако договорот со шпанската компанија „Titan Firefighting Company S.L. беше потпишан лани во октомври, оттогаш до сега не е поправен ниту еден противпожарен авион. Еден од нив моментално се сервисира во Шпанија. Дирекцијата располага со три такви авиони, но ниту еден од нив не е моментално во функција, пишува Алсат.„Процесот на поправка започна, еден од авионите е во Шпанија додека за другите два има динамичен план. Првиот авион е веќе таму и според сите проценки ќе се врати на крајот на февруари и ќе биде функционален за гаснење пожари“, соопшти Дирекцијата за заштитаа и спасување.Сервисирањето на авионите ќе се врши во фази. За еден авион поправката ќе трае до 60 дена, по што ќе биде испорачан другиот. Ако првиот авион заврши во февруари, тогаш последниот авион треба да биде готов во јуни.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања