ТОП

sudija

Министерство за правда за Законот за граѓанска одговорност: Формулацијата е погрешна

За навреда и клевета да се одговара и за објавување на негативно мислење, предвидува Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета којшто го предлага Владата, преку Министерството за правда, а деновиве влезе во собраниска процедура.„За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење“, стои во спорниот став од членот 6 во Законот.Од министерството за правда велат дека станува збор за погрешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа.„Министерството за правда ја информира јавноста дека формулацијата во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа. Министерството за правда целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-02-06-094411

(ВИДЕО) Ахмети пее за Енвер Хоџа

Порталот Алмакос на социјалните мрежи објави видео од претседателот на ДУИ, Али Ахмети„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со срце и душа му пее на злогласниот диктатор Енвер Хоџа“, пишува порталот.Хоџа се смета за негативна фигура во историјата на Албанија.

Македонија | пред 4 години

2Kovacki

Ковачки до МВР: Малтретирате специјалци за да констатирате дека немало фискална каса во Грчец

Полковникот Драган Ковачки реагира дека специјални сили упаднале во озлогласеното село Грчец, но не за да уапсат наркобос, туку да констатираат дека нерегистриран угостителски објект не поседувал фискална каза.„Минатата година правеа акција "Планина" во с. Грчец. Требало да се апсат нарко босови. Акцијата пропадна поради нејзино пробивање од највисоките кругови во МВР. Така барем тогаш изјави ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Одговорност не понесе никој.Денеска повторно правеле акција во с. Грчец. И денеска отишле со Специјалци од МВР, инспектори од пазарна, трудова итн. Што е исходот?Нашле неколку малолетници во угостителски објект, објектот немал фискална каса, а кај едно лице пронашле нож.Па добро бре министре Спасовски, до толку ли не ве бива или си правите забава за народ? Има ли смисла да се трошат толкави средства за дневници, гориво, да се малтретираат специјалци за да констатирате дека објектот немал фискална каса?!!На што ја сведовте елитната полиција, на инструмент за личен ПиАр. Барем да беше успешен ПиАр.За оваа акција не требаше ни да објавувате дека сте ја правеле, затоа што поради Вашата и неспособноста на Вашиот тим, полицијата наместо да биде авторитет, служи за подбив“, се вели во објавата на Ковачки.

Коментари | пред 4 години

Нема фотографија

Казна за инспекторот од АХВ кој се изживуваше со јагне

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на својот профил на Фејсбук објави дека ќе биде санкциониран инспекторт од Агенцијата за храна и ветеринарство, за кого на социјалните мрежи беше објави видео како се изживува со јагне.Здружението за заштита на животни “Анима Мунди” објави видео снимка на Фејсбук на која тврди дека е снимен Инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово. Тој е дел од поголема група луѓе снимена во куќа во која едно јагне, врзано за нозете се принесува живо на маса со повеќе луѓе кои ги забавува и жива музика.„Згрозен од монструозниот чин на Инспекторот за благосостојба на животните во подрачната единица Берово, на Агенцијата за храна и ветеринарство, најавувам итно постапување, и преземање на сите дисциплински мерки од страна на АХВ.Предизвикување стрес, малтретирање, и непотребно страдање на невини животни е за секаква осуда“, напиша Николовски на својот профил.

Македонија | пред 4 години

petar_2-768x432-1

(ВИДЕО) Или ова не е Петар Ачковски, или она во чинијата не е грашак

Петар Ачковски се прослави со неговата интересна реакција на изборот на грашок како главно јадење за групата извидници.Денес на Твитер беше објавено ново видео, на кое Петар јаде грашок.„Или ова не е Петар, или она во тајнирот не е грашак. Друго објаснување нема.. Петар легенда“; стои во описот на видеото.https://twitter.com/DskiGr/status/1489889727557873668?s=20&t=AysGjAJBsGhzPvvKNI4S5A 

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Инспектор игра околу живо јагне врзано на маса, „Анима мунди“ ќе поднесе пријава

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ на Фејсбук објави снимка на која се гледа како неколкумина мажи играат околу јагне ставено на маса со врзани нозе. Според организацијата, меѓу мажите на видеото е и инспектор за заштита на благосостојбата на животните, кој го прави спротивното од она што му е работа.„Инспекторите на Агенцијата за храна и ветерина за прв пат ажурни, но во прекршување на законот што треба да го споведуваат!Примитивци - единствениот епитет што може да им се даде на овие лица што намерно се изживуваат врз животно, практично бебе.Со заврзани нозе, маневрираат со него како со предмет а не живо битие што трпи болка и страв, му нанесуваат непотребен стрес група на мажи меѓу кои седи инспектор за заштита на благосостојбата на животните во ПЕ Берово од Агенцијата за храна и ветерина.Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити но го измачува!Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат?Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање?Бараме итно да се покрене дисциплинска постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против инспекторот од ПЕ Берово и трајно да се отстрани од вршење на службена должност во институцијата.Дополнително бараме Агенцијата да покрене постапка против сите овие лица што се соучесници во овој монструозен чин!Нашето здружение ке поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор зашто е неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник а уште помалку некој што треба да заштити животно во невоља судејќи по видеото во прилог“, велат од Анима Мунди

Македонија | пред 4 години

273399843_2070416736467666_5763314862766702471_n-1

„Ние за една Евровизија не знаеме да го цениме сопствениот глас, па треба странци да ни одлучуваат кој ќе оди“, реагира јавноста

Во текот на изминатата недела граѓаните има можност онлајн да гласаат за песна што ќе учествува во изборот за песна на „Евровизија 2022“, што годинава ќе се одржи во Торино, Италија.Од МРТВ информираа дека победникот ќе биде избран врз основа на резултатите на онлајн гласањето, но и од гласањето на меѓународното стручно жири, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).Пејачката Андреа Коевска освои идентичен број гласови со Виктор Апостоловски и двајцата имаа по 20 поени. Според правилата на МРТ во случај на изнедначено, победник е оној кој има добиено повеќе поени од жирито. Во меѓународното жири гласаа Израел, Грузија, Исланд, Малта и Ерменија.Овој настан предизвика лавина реакции на социјалните мрежи каде велат дека како и за секоја работа, така и овој пат странци ни го избраа евровизискиот претставник. Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/Kafedzikata/status/1489948762189582337https://twitter.com/juvesnake/status/1489949856647028740https://twitter.com/Nikola07430970/status/1489936214576750594https://twitter.com/fonscpricn/status/1489914166345449472https://twitter.com/Strastniot/status/1489912672120446980https://twitter.com/zamislena/status/1489898787548114945https://twitter.com/BoKan1429/status/1489895728562405377https://twitter.com/aliciakeysfromb/status/1489879749220569088https://twitter.com/VorrennN/status/1489887233930940421https://twitter.com/Konzulka/status/1489882950535684097https://twitter.com/fonscpricn/status/1489867186843930627https://twitter.com/angelkov1/status/1489854651994460162https://twitter.com/KashlicOfficial/status/1489778746081091586

Коментари | пред 4 години

sofijanova-1

Шестмесечно доенче заразено со ковид e најмладиот пациент

Директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, во вестите на ТВ24 откри дека пред 10 дена шестмесечно доенче било најмладиот пациент досега регистриран како ковид-позитивен.Доенчето било доведено во исклучително тешка состојба, а ковидот бил откриен по направениот ПЦР-тест.„По сите протоколи заврши на механичка вентилација. Имаше потреба од хируршка интервенција, но веќе е дома. Бидејќи ние се испитуваме, го утврдивме тоа. Го склопивме тимот, детето сега е негативно и е дома. Дури и на механичка вентилација, успеавме да го спасиме“, рече Софијанова.Бебето имало откажување на дишните патишта, а Софијанова вели дека најверопјатно се работи за делта-сојот.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

1.500 новозаразени со ковид, починаа 16 лица

Направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 775, Кавадарци – 74, Битола – 66, Куманово – 60, Тетово – 56, Велес – 49, Гостивар – 45, Прилеп – 44, Охрид – 42, Струмица – 38, Кичево и Неготино – по 32, Гевгелија – 30, Кочани – 28, Радовиш – 22, Штип – 18, Струга – 11, Свети Николе и Дебар – по 10, Крива Паланка и Богданци – по 9, Валандово – 8, Делчево – 6, Ресен – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Пробиштип , Македонски Брод , Македонска Каменица , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 2, Берово, Кратово и Крушево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции .Регистрирани сe 522 оздравени пациенти од: Скопје – 209, Охрид – 79, Тетово – 46, Гостивар – 38, Струга – 36, Делчево – 13, Кичево – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија и Кочани – по 8, Велес – 7, Ресен – 6, Радовиш – 5, Неготино, Свети Николе, Дебар , Богданци и Виница – по 4, Прилеп и Македонска Каменица – по 2 и Дојран – 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 87г), Куманово (72г и 80г) и Тетово ( 80г и 89г), и по едно починато лице од Гостивар (62г), Демир Капија (73г), Прилеп (61г) и Струга (84г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13.01.2021 - 03.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=16), 3 лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 5.693 тестови преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-112, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Авицена-223, Биотек-208, Систина-110, лабораторија Лаор-211, Синлаб-33, Ремедика-13, Плодност-34, Генеа-13, Никоб Лаб-481, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-49, Ројал Медика–43, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–23, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.948.Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 126736, Активни 7398Куманово 15248, Активни 557Битола 13265, Активни 1019Прилеп 12986, Активни 524Тетово 12715, Активни 429Кавадарци 9369, Активни 540Гостивар 8974, Активни 247Велес 8709, Активни 329Охрид 8133, Активни 278Штип 7643, Активни 169Струмица 7458, Активни 302Кичево 5072, Активни 230Кочани 4749, Активни 155Струга 4468, Активни 128Гевгелија 3917, Активни 203Неготино 3326, Активни 199Свети Николе 2505, Активни 97Ресен 2438, Активни 169Радовиш 2357, Активни 134Крива Паланка 2258, Активни 81Делчево 1823, Активни 72Берово 1656, Активни 21Дебар 1527, Активни 31Валандово 1429, Активни 91Виница 1316, Активни 35Пробиштип 1265, Активни 19Богданци 935, Активни 80Кратово 894, Активни 27Крушево 829, Активни 23Демир Хисар 789, Активни 37Македонски Брод 658, Активни 42Македонска Каменица 515, Активни 21Демир Капија 505, Активни 19Пехчево 437, Активни 14Дојран 233, Активни 6

пред 4 години

dete-vardar

Пациент од болницата во Бардовци се фрли во Вардар

На 05.02.2022 во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош. Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“.

Скопје | пред 4 години

Capture-3

МВР тврди дека ВМРО-ДПМНЕ лаже за скандалот кој го објави

Најостро ги демантираме дезинформациите што денеска ги пласираше политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, велат од МВР.„За транспарентно инфомрирање на граѓаните, ве известуваме дека МВР во 2021 година согласно својата стратегија за енергетско-ефикасно и еколошко министерство, покрај исфрлањето на огревното дрво и мазутот од употреба, имаше предвидено постапка за инсталација на соларни системи. Првата постапка беше објавена во септември 2021 година и истата заврши со поништување од причина што остана само една прифатлива понуда на економскиот оператор Дон Холдинг, од три поднесени. По извршена анализа, единствената прифатлива понуда беше исклучена поради цени повисоки од проценетата вредност и постапката беше поништена.Во декември 2021 постапката беше повторно објавена, беа поднесени две понуди, од кои по направената анализа беше донесена одлука за избор и беше избрана понудата на Дон Холдинг, која беше во рамките на проценетата вредност. И во двете спроведени постапки, критериумите беа исти односно се бараа минималните услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки и не постоеше ниту еден дополнителен критериум. За двете спроведени постапки не е поставено ниту едно прашање пред јавното отворање, каде било кој заинтересиран економски оператор може да даде забелешки за техничката спецификација или да бара промена на истата, ниту пак е поднесена жалба за тендерската документација или жалба на одлуката за поништување на првата односно избор во втората постапка.Секој одговорен политички актер во земјава треба да го поздрави елиминирањето на огревното дрво и мазут од употреба и префрлање на дел од објектите кон користење на сончевата енергија, што е секако и поисплатливо, но пред се на тој начин придонесуваме за поздрава животна средина. Со спроведената набавка на 15 локации низ државата ќе се обезбеди топла вода во комплетната водоводна мрежа, па во 2022 година дел од објектите за прв пат ќе добијат топла вода во своето постоење. Опфатени се полициски станици, кујни, одморалишта, сместувачки капацитети во центар за обука Идризово.МВР ќе продолжи со имплементација на стратегијата за енергетско-ефикасно и еколошко министерство, и ќе продолжи да ги охрабрува сите политички субјекти во државата вклучително и ВМРО ДПМНЕ да поддржат и да почнат да преземаат енергетско-ефикасни чекори за заштита на животната средина“, се вели во демантот.

Македонија | пред 4 години

grcec1

(ФОТО) МВР со детали за вчерашната контрола во Грчец

На 05.02.2022 околу 00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с. Грчец, скопско.Констатирани се низа неправилности во работењето: угостителскиот објект нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби.Извршен е преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 години

policija-rotaciona-svetla

Полиција во Грчец, претрес во угостителскиот објект на наркобосот Шеваљ

Голема полициска рација имало синоќа во скопски Грчец, а во акцијата учествувала и пазарната инспекција, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.Претресуван бил угостителскиот објект „Кава шиша бар“ на познатиот Шеваљ од Грчец.Кај еден од гостите бил пронајден нож, а поради незаконско работење, објектот бил запечатен.Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат во текот на денот.

Скопје | пред 4 години

Stoilkovski-05.02

МВР дава половина милион евра на транспортната фирма што набавуваше 2 машини за перење од 25.500 во Ѓорче Петров, обвинува Стоилковски

Власта продолжува со криминалот и корупцијата. Нема воопшто борба со криминал и корупцијата, дури напротив, власта на ДУИ и СДСМ уште повеќе го надградува криминалот во Македонија. Истите ликови заради коишто Македонија тоне во тешки кризи не се откажуваат власта и од неразумни тендери, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„МВР на Оливер Спасовски во јануари доделува тендер од половина милион евра за сончеви колектори, оние за топла вода, не за струја. Се работи за зафат во речиси сите СВР-а во Македонија, како и одморалишта на МВР низ земјава.Добитник на овој солен тендер е фирмата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ од Скопје, во конкуренција со уште една пристигната понуда до МВР, од фирма којашто според протфолиото има 20 години стаж и успех специјализирана за климатизација, соларна енергија и водовод.Почитувани,Добитникот на половина милион евра од МВР за сончеви колектори, односно загревачи на топла вода е ДОН ХОЛДИНГ истата онаа фирма којашто доби тендер за набавка на две машини за перење во Ѓорче Петров од 25.500 евра, за градинка во Ѓорче Петров, за две машини за перење 25.500 евра.За скандалот којшто беше голем во предизборието и за којшто постоеше голем интерес и набавката не се изврши под притисок на јавноста, МВР нема покренато иницијатива, но затоа ДОН ХОЛДИНГ фирмата којашто е блиска до СДСМ и до поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров добива тендер токму од МВР од половина милион евра за сончеви колектори.Да потсетам според Централниот регистар, но и според податоци во УЈП, компанијата ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е фирма со основна дејност-транспорт. Документите од Централен регистар и документите од УЈП, велат дека Дон Холдинг ДООЕЛ Скопје, е со дејност товарен патен транспорт, друштво со ограничена одговорност на едно лице, дејност товарен патен транспорт, место со адреса Скопје, Ѓорче Петров.Почитувани, главното прашање кое што се поставува по овој тендер е како фирма за транспорт, товарен транспорт, фирма на едно лице, добива тендер од половина милион евра од МВР?Како е можно МВР да даде тендер за соларни панели, со инсталација, со се низ нејзините објекти, на фирма- за товарен транспорт, фирма на едно лице?По кои критериуми се воделе во МВР, па за соларни панели за топла вода, и за водоинсталатерски работи да изберат фирма за- товарен транспорт?Секако не помалку важно прашање е како токму МВР на тендер избира фирма којашто беше замешана во тежок коруптивен скандал повторно со тендери со набавки?Нема друго логично објаснување освен дека МВР на Спасовски наместо да расчистува криминогени скандали, да се бори со криминал и корупција, МВР на Оливер Спасовски дели тендери со фирми инволвирани во истите скандали!?Наместо да го расчисти скандалот со машините за перење во Ѓорче Петров, Оливер Спасовски и МВР даваат пола милион тендер на истата компанија“, додава тој.

Скопје | пред 4 години

Goce_Delčev_spomenik_u_Skoplju

За Гоце Делчев смее да расправа историската комисија, а не и јавноста, смета Османи

Бујар Османи, министер за надворешни работи, смета дека јавноста и општеството не смеат да расправаат за историските личности и нивното значење, меѓу кои е Гоце Делчев, па посочи дека тоа може да го прави само историската комисија.„Јас знам дека Гоце Делчев е на дневен ред на последните седум состаноци. Во агендата е но не стигнале до него бидејќи не ги надминале претходните прашања. Важно е да има процес. Ако не ги канализирате тие прашања во историски комисии, тогаш ќе се регулираат со декларација како што беше предлог вчера. Важно е историската комисија да решава а не јавноста, политичарите, новинарите. Општествата да не расправаат за овие прашања, тоа беше. За жал има политичка партија која сака да го минира ова. За нас е најважно комисијата во која имаме доверба да продолжи овие прашања да ги решава, а не политиката да ги решава, за да некој добива политички поени на Гоце Делчев, Александар Македонски и така натаму“, рече Османи.Тој посочи дека Бугарија и Македонија не се на иста позиција, бидејќи соседите се членка на ЕУ.„Се додека немаме гаранција и не се имплементираат прашањата за нам важни, не можеме да ги решаваме прашањата на другата страна“, додаде Османи.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања