ТОП

makedonski-avtobus-bugarija5

Бугарски истражител тврди дека ја имаат точната причина за автобуската трагедија

„Недвосмислено е утврдено - од доказите и вештачењата дека трагедијата на автопатот Струма е предизвикана од однесувањето на возачот“, изјави бугарскиот истражител Младен Петров за инцидентот во кој загинаа 45 лица од Македонија.„Само неговото однесување е причина оваа ситуација да настане и да прерасне во несреќа која завршува со овој резултат“, рече Петров.„Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот подалеку од активната лента и ударот во заштитната ограда довело до пробивање и уништување на елементи, компресија на резервоарот, компресија на неговата содржина. Ова е придружено со обилно расејување на искри предизвикано од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за запалување на горивото“, вели Петров.Во врска со шпекулациите дека до инцидентот довело обележувањето на автопатот Струма, Петров додаде дека видливоста не била нарушена.„Точно, хоризонталната ознака, страничната ознака, малку избледе, но не е невидлива. Средината, централната линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива“, вели истражителот.Отсега ќе се разгледува мислењето на истражниот тим.„Треба да бидат вклучени жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење дека нема виновно однесување кое е причинско-последична врска за овој резултат, води до тоа дека постапката најверојатно ќе биде прекината“, рече Петров.

Македонија | пред 4 години

angel-dimitrov

Димитров: Бугарија не го крие клучот од европската врата, Македонија прави притисок врз историската комисија

„Кога се чувствува поактивна комуникација, неосветленото минато или зачуваните скриени позиции се активираат за да се спречи напредокот“. Ова за БНТ го изјави проф. Ангел Димитров, поранешен амбасадор во Скопје и копретседател на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања со Македонија.Тој ја повтори потребата од прецизност за да не се разменуваат вербални тензии, туку мирно да се започне работата на научниците.„Заедничката комисија мора да работи и ќе работи. Секој обид да се прекине нејзината работа е гест на лоша волја и лошо постапување со Договорот за пријателство и добрососедство... Но, јасно е дека постои притисок врз работата на комисијата од Македонија“, додава тој.Проф. Димитров истакна дека е нормално граѓаните на двете земји да одржуваат заеднички прослави со почит кон споменот и делото на Гоце Делчев.„Се надевам дека во Македонија има луѓе кои ќе разберат дека Бугарија не го крие клучот од европската врата, туку тоа го прават одредени кругови во Македонија. Клучот за ЕУ е во рацете на политичарите во Скопје, а не овде“, додаде Димитров.Тој посочи дека европските стандарди се различни од она што се бара како позиција во Македонија.

Македонија | пред 4 години

139017245_3475108272586603_5449268489840246001_n

(ФОТО) Снежна идила во Вевчани

Снежните врнежи го разубавија Вевчани кое периодов изгледа како снежна бајка.На социјалните мрежи се објавуваат фотографии кои одлично ја доловуваат зимската идила.Погледнете и уживајте!

Магазин | пред 4 години

patnici-vo-avtobus

Контролирани 391 возилo кои вршат јавен превоз на деца, констатирани 53 прекршоци поврзани со безбедноста

Вчера (04.02.2022) во периодот од 06.30 до 09.30 часот, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.Притоа биле исконтролирани 391 возило кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 108 локации, при што биле констатирани 20 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 53 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Од сообраќај биле исклучени 11 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 469 полнолетни средношколци, а извршени се 2.457 прегледи на ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

Македонија | пред 4 години

aleksandar-petlickovski-960x698-1

Петличковски: Со околу 70 или 80% имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р Александар Петличковски за Телевизија 24 изјави дека се уште е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот. Тој вели дека со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от.-Ќе има и други варијанти, но има повеќе други параметри кои укажуваат дека пандемијата спласнува со интензитетот. Но, сѐ уште трае и денес сѐ уште умираат луѓе заразени со омикрон за кој велиме дека има многу поблаг тек. Претпоставките се дека пандемијата постепено ќе добие ендемски вид, што значи дека вирусот ќе продолжи да биде меѓу нас, но ќе се појавува во одредени групи, држави, популации и не се очекува да има вакви сериозни импликации односно толку голем број смртни случаи, рече директорот на Институтот за имунологија.За да се постигне колективен имунитет што ќе гарантира дека вирусот нема да се шири, Петличковски рече дека зависи од вирулентноста на вирусот и дека кога станува збор за омикрон веќе е малку 70 отсто вакцинирани, туку процентот се приближува на 90.Не ја исклучува можноста од укинување на сертификатите како услов за влез во моловите. Смета дека тие го губат значењето бидејќи се заразуваат и вакцинирани.-Но мора да се направи сериозна проценка кои би биле придобивките, а која би била загубата од евентуално укинување на сертификатите. Тоа ќе се разговара, но точниот момент дали сега, по две недели или по еден месец треба да се дефинира по темелни анализи, вели тој.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

1.493 новозаразени со ковид, речиси 40 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 720, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга – по 19, Ресен и Радовиш - по 16, Кочани и Валандово – по 13, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – 9, Демир Хисар – 8, Дебар, Виница и Кратово – по 5, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево – 3, Демир Капија – 2, Дојран – 1.Од вкупниот број на позитивни (1.493), регистрирани се 191 реинфекции и една втора реинфекција.Регистрирани сe 2.652 оздравени пациенти од: Скопје – 1.530, Битола – 184, Куманово – 166, Струмица – 85, Кавадарци – 82, Прилеп – 68, Неготино – 48, Кичево – 43, Гостивар и Гевгелија – по 42, Радовиш – 40, Велес – 37, Тетово – 33, Ресен – 30, Кочани – 29, Штип – 28, Охрид – 27, Валандово – 18, Дојран – 15, Струга и Берово – по 14, Крива Паланка – 13, Делчево – 12, Богданци – 9, Демир Хисар – 8, Свети Николе – 7, Македонски Брод, Виница и Пехчево – по 5, Крушево – 4, Македонска Каменица и Пробиштип – по 3, Дебар, Кратово и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: 7 починати лица од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), 5 починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по 3 починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по 2 починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Штип (1), Скопје (1), Делчево (1), Куманово (1), Струга (1) и Гевгелија (1). Починатите се на возраст од 63г до 82г. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 - 31.01.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=39), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 39 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.986 тестови преку: ИЈЗ-598, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-93, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–10, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-1, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–165, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-140, Биотек-212, Систина-72, лабораторија Лаор-108, Синлаб-16, Ремедика-12, Плодност-50, Генеа-17, Никоб Лаб-452, ВФВ Медикал-94, Ели Медика-25, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-36, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–9, Рамус-30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.428.Досега во земјата се направени вкупно 1.808.494 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 275.637, бројот на оздравени пациенти е 254.340, на починати е 8.533, а бројот на активни случаи изнесува 12.764.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 125960, Активни 6834Куманово 15188, Активни 499Битола 13199, Активни 964Прилеп 12945, Активни 486Тетово 12659, Активни 422Кавадарци 9294, Активни 474Гостивар 8927, Активни 239Велес 8660, Активни 287Охрид 8091, Активни 316Штип 7626, Активни 153Струмица 7420, Активни 274Кичево 5040, Активни 211Кочани 4720, Активни 135Струга 4458, Активни 155Гевгелија 3887, Активни 181Неготино 3294, Активни 171Свети Николе 2495, Активни 91Ресен 2433, Активни 170Радовиш 2335, Активни 117Крива Паланка 2249, Активни 72Делчево 1817, Активни 79Берово 1655, Активни 20Дебар 1517, Активни 25Валандово 1421, Активни 83Виница 1314, Активни 37Пробиштип 1263, Активни 17Богданци 926, Активни 75Кратово 893, Активни 26Крушево 828, Активни 22Демир Хисар 785, Активни 33Македонски Брод 656, Активни 40Македонска Каменица 513, Активни 21Демир Капија 503, Активни 18Пехчево 435, Активни 12Дојран 231, Активни 5

пред 4 години

273240377_10222802454709146_6484277861278769514_n

„Министерот за здравство наместо со попови и оџи, нека да дојде да види дека здравството е пред колапс“, нема термини за ехо и мамографии

Докторот ненад Лазаров објави фотографија од системот „Мој термин“ каде се гледа дека нема слободни термини за правење мамографија во скопските болници. Тој смета дека здравството е пред колапс, а министерот за здравство, Беким Сали, треба да превземе нешто наместо да се фотографира со попови и оџи.„Министерот за здравство место со попови и оџи, делегации и амбасадори, нека дојде да види примарното здравство како е пред колапс. Џабе се кампањи за превенција кога базични прегледи за суспектни пациенти и скрининзи се суспендирани. Нема мамграфија, ехо на дојка, ехо на простата, срамота“, пишува доктор Ненад Лазаров.

Коментари | пред 4 години

Screenshot-2022-02-04-at-13.28.55

(ВИДЕО) Пендаровски и Владата исвиркани пред гробот на Гоце Делчев

Денеска за време на церемонијата по повод 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев се случи инцидент.Насобраната толпа пред црквата „Св.Спас“ ја исвирка делегацијата предводена од претседателот Стево Пендаровски, а беа присутни и вицепремиерот Артан Груби, како и министерот Благој Бочварски.„Не знам дали во формална смисла постои одлука за заедничко чествување бидејќи тоа би требало да биде една од надлежностите на историската комисија, меѓутоа не гледам проблем и да не е така. Ние и пред да постои историската комисија имавме заеднички чествувања на одредени настани и личности и без да има одлука на историската комисија сме правеле и во Бугарија и во Македонија на различни паметници. Не гледам проблем во тоа некој од нашите соседи да искажува пиетет кон еден од камен темелниците на нашата државност“, рече Пендаровски. 

Македонија | пред 4 години

Pancevski-so-sudot-2

Како Панчевски од судија стана затвореник, а беше познат како милионер меѓу колегите

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски сам се пријавил да ја опслужи затворската казна за случајот поврзан со АКМИС системот. Тој добил упатен акт за во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Во наредните денови, согласно правилата на затворот, ќе биде изолиран од останатите затвореници и сместен во приемното одделение, по што ќе биде преместен во друго одделение. Таму ќе треба да помина две години и шест месеци, колку што и му е изречената казна од скопска Апелација. Неофицијално, според наши извори, Панчевски за еден месец, ќе бара да биде преместен во друг затвор од отворен тип, што би значело дека ќе му биде овозможено да излегува и се враќа. Ова право е овозможено за осуденици кои имаат помали затворски казни, како што е овој случај.Од судија до затвореникВладимир Панчевски беше познат како милионерот меѓу судиите или судија меѓу милионерите. Неговото име особено исплива во јавноста кога првите случаи на Специјалното јавно обвинителство влегоа во судска процедура. Секојдневно имаше преписки со Катица Јанева која го посочува како кочничар на предметите кои ги отвори СЈО, а тој пак за обвинителите велеше дека се нестручни и поради тоа немале успех ни резултатите во случаите кои ги отворија.Тој не се избори за втор мандат.Владимир Панчевски почетокот на кариерата ја започнува како волонтер во Основното јавно обвинителство. Од 2003-2008 година, работи во Министерството за финансии, во одделот на финансиска полиција. А, потоа влегува во Кривичниот суд каде што една година работи како истражен судија. Со доаѓањето на Лидија Неделковска за Претседателка во Кривичниот суд, Панчевски е прераспореден во Одделот за организиран криминал. Судија е во повторената постапка за случајот „Армиско оружје“, потоа во случајот „Пепел 2“ и „Виторија“. На 38 години е избран за претседател на Кривичниот суд.Панчевски беше познат како сопственик на девет стана, од кои два се со квадратура од околу 140 метри квадратни, еден со 114 метри квадратни, а четири со околу 80 квадрати. За потеклото на сите девет станови, во анкетниот лист пишуваше дека се стекнати со наследство. Два стана гласеа на името на неговите родители, а седум се на име на самиот Панчевски. Вози ново БМВ, има пари во банка, сефови и неколку штедни книшки.Обвинението за АКМИС системот против него беше поднесено во 2019 година. Обвинителството утврдило дека обвинетиот Панчевски о периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. За овој случај, Панчевски беше на распит во ОЈО Скопје на 20 септември 2019 година, а како сведоци беа повикани претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и поранешната в. д. претседателка Снежана Бајлозова. Тој беше првостепено осуден во 2020 година. Во септември 2021 година беше и правосило осуден, со намалена затворска казна

Македонија | пред 4 години

dragan-danilovski-1

Даниловски: Од пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести, до некој кој дава „несериозни изјави опасни за општеството“

Професорт Драган Даниловски останува на својот став дека упаство за ковид не постои и дека токму тој цели две години целосно ја согледува реалноста, наспроти вчерашната изјава на министерот за здравство Беким Сали дека не е спремен да се спарви со реалноста и дека дава нерериозни изјави кои штетно влијаат на општеството.„ОД ПОЖЕЛЕН И ПОКАНЕТ ЧЛЕН ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ИЛИ ТИМОТ СОВЕТНИЦИ, ДО НЕКОЈ „КОЈ НЕ Е СПРЕМЕН ДА СЕ СПРАВИ СО РЕАЛНОСТА“ И КОЈ ДАВА „НЕСЕРИОЗНИ ИЗЈАВИ ОПАСНИ ЗА ОПШТЕСТВОТО“Едно нешто ме чуди. Како е возможен ваков дијаметрално различен став?Професорот Даниловски до само пред некој ден, како „угледен“ експерт, беше пожелен и поканет член во Комисијата за заразни болести или во тимот на советници, но наеднаш, преку ноќ се обвинува како доктор „кој не е спремен да се справи со реалноста“ и дава „несериозни изјави опасни за општеството“!?Не сум бил спремен да се справам со реалноста!?Јас – токму затоа што ја согледувам реалноста - со име и презиме (а не затскриен и покриен зад било какво тело, комисија, колективитет, партија), две години – волонтерски - се трудам да помогнам да се оптимизира курсот на мерките против пандемијава!Не носи ли тоа неспоредливо поголема одговорност?Јас немам апетити, амбиции, ниту за кариера, ниту за лична промоција! Само се обидувам да помогнам безусловно!Нема експерт во епидемиологијата што може да противречи на ноторниот факт дека не е испочитуван член 27, став 1 на Законот за здравствена заштита, кој гласи:„Член 27(1) Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги пропишува министерот за здравство.“ (1)Зошто? Затоа што такво упатство не постои во форма на подзаконски акт! Тоа е видливо од самиот сајт на Министерството за здравство, во делот „Инфектологија“, каде што се гледа дека не постои Упатство за КОВИД-19! (2)Оттаму, секое тврдење дека протокол (упатство) постои, можеби се однесува само на некаков интерен протокол, кој не ги обврзува здравствените установи да го применуваат!Клиниката за инфективни болести направила протокол? Во ред! Се почитува ли тој протокол од страна на сите здравствени установи во државата?Не!Зошто? Затоа што нема сила на законска обврска!И нешто многу важно... Има ли протокол за третман на КОВИД-19 од страна на матичните доктори?Нема!(Нека кажат матичните доктори имаат ли протокол!)Значи, неопходно е да се изготви протокол и за амбулантски третман на болни од КОВИД-19!За да се почитуваат тие протоколи, господине Министре, подигнете ги на ниво на законска обврска! Направете ги подзаконски акти! Имате ингеренции за тоа.Членот 27, став 1 на Законот за здравствена заштита е недвосмислен!Референции:1. https://zfr.org.mk/zakon-za-zdravstvena-zashtita.../...2. http://zdravstvo.gov.mk/infektologija_update/ “, стои во објавата.

Коментари | пред 4 години

raskovski55

Како децата на Рашковски му помогнаа да излезе и притвор и кој е имотот со кој гарантира дека нема да бега

Децата му помогнаа на Драги Рашковски да излезе од притвор. Токму тие се сопственици на имотот со чија помош ексгенералниот секретар на Владата си овозможи да биде на слобода. Малолетниците преку старателот дозволиле да имаат хипотека на недвижностите во Струмица и Скопје. Овој имот, според приложените проценки направени од овластен проценител е со вредност 192.980 евра.Според решението на Апелација, недвижноста во Струмица се простира на 2089 метри квадратни и неговата вредност е 104.450 евра. Станбениот простор во Скопје односно станот и заедничките простории од зградата, се со вредност од 88.530 евра. Судот веќе стави хипотека, што значи дека ако Рашковски биде недостапен за судот, неговите деца ќе останат без овој имот бидејќи државата ќе треба да го заплени.„Приложениот имот ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи мерка притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, побегне или го повтори или го доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува“, вели Апелација.Рашковски сега мора повремено да се јавува на суд, а остана и без пасош што значи дека не смее да ја напушта Македонија. Апелација дозволи да се ослободи ексгенералниот секретар иако Вишото јавно обвинителство се противеше.„ По оценка на овој совет, основани се жалбените наводи на обвинетиот дека доколку се имаат предвид околностите кои одат во прилог на обвинетиот би се утврдило дека и со понудената гаранција што преставува вредносно обезбедување за присуството на обвинетиот во текот на постапката би се постигнала целта. Имено, во конкретниот случај не е спорно дека кривичната постапка е во тек и дека се уште е потребно обезбедување на присуство на обвинетиот со цел да се спречи истиот да се даде во бегство, што преставува основ за мерката куќен притвор предвиден со чл.165 ст.1 точ.1 од ЗКП, но со оглед на предвиденото со чл.144 ст.2 и чл.164 ст.2 од ЗКП и околностите дека идентитетот на обвинетиот е утврден и познат, има оформено потесно семејство, родител е на две малолетни деца,досега не е осудуван и не се водат други постапки против него, имајќи го предвид стадиумот на кривичната постапка, фактот дека е закажана главна расправа, времетраењето на мерката притвор и куќен притвор, околноста дека обвинетиот не ја извршува функцијата-Генерален секретар на Владата на РСМ и со тоа значајно е намалена можноста да стапи во контакт со лица надвор од територијата на РСМ а заради добивање на непречена здравствена заштита согласно здравствената состојба на обвинетиот, како и фактот дека спрема обвинетиот се определени и привремени мерки за обезбедување на имотно правно барање како и привремена мерка одземање на предмети заради обезбедување, имајќи ја предвид и висината на определената гаранција, советот на овој суд цени дека погоренаведените околности преставуваат вредносно обезбедување за присуство на обвинетиот во понатамошниот тек на кривичната постапка“, стои во решението на Апелација.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka_deca

(ВИДЕО) Пpeгазени две деца на тротоар во Кондово

Сообраќајна несреќа попладнево се случила во скопско Кондово, пренесува ТВ21Во сообраќајката учествувале 3 автомобили.Според информациите, повредени се двајца ученици кои се движеле по тротоарот, и моментално се на лекување во болницата.

Скопје | пред 4 години

korona

Над 20 лица починаа од ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – 63, Охрид – 56, Прилеп и Струмица – по 48, Гостивар – 36, Гевгелија – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Кочани – 26, Кичево – 24, Радовиш – 20, Валандово – 17, Богданци – 16, Струга и Крива Паланка – по 14, Ресен – 12, Виница – 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Демир Капија и Пехчево – по 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пробиштип – 3, Дебар и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција.Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти од: Скопје – 1.276, Тетово – 192, Гостивар – 101, Куманово – 88, Кавадарци – 84, Велес – 63, Гевгелија – 44, Кочани – 25, Штип – 24, Неготино – 20, Битола – 19, Радовиш – 18, Крива Паланка – 13, Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево – по 12, Виница и Богданци – по 6, Кратово – 5, Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 4, Берово – 3, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Струга и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 - 01.02.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.811 тестови преку: ИЈЗ-469, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-193, Биотек-222, Систина-70, лабораторија Лаор-98, Синлаб-43, Ремедика-25, Плодност-41, Генеа-15, Никоб Лаб-429, ВФВ Медикал-78, Ели Медика-31, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.290.Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 125211, Активни 7624Куманово 15111, Активни 594Битола 13107, Активни 1058Прилеп 12903, Активни 514Тетово 12611, Активни 408Кавадарци 9227, Активни 490Гостивар 8893, Активни 248Велес 8628, Активни 292Охрид 8052, Активни 307Штип 7596, Активни 152Струмица 7379, Активни 321Кичево 5020, Активни 237Кочани 4705, Активни 149Струга 4434, Активни 147Гевгелија 3853, Активни 190Неготино 3273, Активни 198Свети Николе 2471, Активни 74Ресен 2415, Активни 182Радовиш 2319, Активни 141Крива Паланка 2252, Активни 89Делчево 1813, Активни 88Берово 1650, Активни 29Дебар 1513, Активни 22Валандово 1419, Активни 99Виница 1308, Активни 37Пробиштип 1263, Активни 21Богданци 919, Активни 77Кратово 894, Активни 28Крушево 824, Активни 22Демир Хисар 777, Активни 33Македонски Брод 646, Активни 35Македонска Каменица 509, Активни 20Демир Капија 500, Активни 16Пехчево 434, Активни 16Дојран 215, Активни 4

пред 4 години

imageedit_4_3623195006

(ВИДЕО) Очевидци: Стојкоски од Ѓорче е докторот за кој повредениот Леонид вели дека се обидел да и помогне на загинатата Викторија

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бил докторот за кој повреденото момче Леонид Даов кажува дека прв истрчал да и помогне на загинатата млада девојка Викторија, сведочат очевидци на социјалните мрежи. Според тие кои се затекнале кај раскрсницата на Партизанска, близу „Сити мол“, а споделија информации за трагедијата, Стојкоски случајно се затекнал таму и истрчал на помош во моментот кога се случила несреќата, се обидел да и даде прва помош на Викторија, но единствено што можел да констатира е дека таа починала на лице место, како што сведочеше и повредениот Леонид.„Дотрча од страна. Веднаш се обиде да помогне, да даде прва помош, но беше предоцна бидејќи девојката беше мртва“, пишува во коментарите на социјалните мрежи, каде граѓани сведочат за трагедијата.Во интервјуто кое момчето го даде за „Код“, момчето посочи: „Еден од сведоците беше доктор притрча и ѝ мереше пулс. Уверен сум дека не сакаше да ми каже за најлошото. Луѓе кои беа сведоци на настанот ме тргнаа од Викторија.?t=305Потврда за оваа информација не добивме. Стојкоски не одговори на повиците од нашата редакција. Инаку, тој е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар.Истовремено, сведоци на ужасната трагедија велат дека докторот, но и неколку други лица, за цело време по несреќата бил и со повредениот Леонид, го тргнале настрана и се обиделе да го смират. На помош дошла и Брзата помош, која го земала за да му се направат сите испитувања.За потсетување, во оваа трагична сообраќајна несреќа, животот го загуби 24-годишната Викторија од Радовиш. Постоел обид да и се помогне од докторот, но безуспешен. Нејзиното момче, Леонид Даов, беше повреден и со страшни трауми. Многу очевидци споделија информации за страшната трагедија.

Скопје | пред 4 години

droga-pretres-kamion

Голема акција: Пресечен меѓународен канал за трговија со прекурсори

Во текот на вчерашниот ден, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција е спроведена акција во која полициските службеници од Министерството за внатрешни работи запленија 40 пакувања хемиска материја во вкупна тежина од 1105 килограми. Во акцијата се лишени од слобода две лица како дел од меѓународна организирана криминална група, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајцата осомничени.Во текот на денешниот ден приведените лица ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење на опасност осомничените да се дадат во бегство, да се сокријат, како и да ги уништат трагите од кривичното дело и да влијаат врз сведоци, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за осомничените.Според лабораториските резултати добиени од примерок од пратката, станува збор за супстанца – прекурзор „1 Phenyl – 2 Propanone“ што според член 3 од Законот за прекурзори спаѓа во прва категорија согласно ратификуваните меѓународни договори и меѓународните нормативи и стандарди, истата е на листата за прекузори објавена од Министерството за здравство на која се наоѓаат сите недозволени хемиски материи што се надвор од легитимниот промет. Оваа хемиска материја позната уште и како Phenylacetone и Benzyl Methyl Ketone BMK (P2P) претставува прв прекурзор за добивање на амфетамински тип на стимуланс и се користи за илегално изработување на амфетамин, метамфетамин и МДМА – таблети екстази. Според првични проценки со запленетата количина на прекурсорот би се произвел амфетамин во вредност од над 50 милиони евра.Акцијата е резултат на меѓународна соработка со цел да се открие криминалната група и лицата што вршат недозволена трговија со дрога, како и сите аспекти поврзани со оваа криминална активност.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања