ТОП

collage

Рашковски со имот во Струмица и Скопје, Вељаноски со семејната куќа гарантираат дека нема да избегаат

Експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, од вчера се брани од слобода, а заедно со него и Драги Рашковски, ексгенерален секратар на Владата. Двајцата беа во куќен притвор, но судиите од апелација сметаат дека нема да избегаат, ниту да влијаат на сведоци доколку се ослободат. И Вељановски и Рашковски се ослободени со гаранции.„Гаранцијата на Драги Рашковски е составена од хипотеки на недвижен имот во Струмица и во Скопје во вредност од 192.980 евра. За Трајко Вељаноски гаранцијата е 209.790 евра. Тоа е куќата во која живее, односно тој недвижен имот““, велат од Апелација.Единствена мерка што ја имаат и двајцата им се одземените пасоши, односно забрана за напуштање на државата.Рашковски во куќен притвор помина осум месеци. Од почнувањето на истрагата до овој момент судиите сметаа дека тој може да влијае на сведоци и да избега, па затоа и му беше определена оваа мерка.Тој два месеца издржуваше и притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата што го добила тендерот. Судењата против него почнаа.И Вељаноски, кој е осуден во случајот „Организатори на 27 април“, беше седум месеци во куќен притвор. Мерката ја одреди судот веднаш кога му беа досудени 6,5 години затвор.Тогаш обвинителката Гордана Смаќоска сметаше дека тој може да избега, па поради тоа и рече дека е неопходно да биде во куќен притвор. За овој случај одлучува апелација.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-02-03-at-13.57.09

Сите се сплотија со Амбла: „Прекрасна си“, „Ова е злосторство“, „Немој да бидеш родителот на децата што учат со Амбла“

Стотици сограѓани изразија поддршка за малата Амбла од Гостивар, која соучениците наместо да и помогнат бидејќи е дете со Даунов синдром, тие ја офрлиле, а нивните родители со петиција барале таа да не учи со нив. Освен поддршка, голем дел од статусите го осудуваат направениот чин кон Амбла и бараат одговорнсот. За нив, ништо не значи ниту тоа што од денес, девојчето повторно ќе слуша настава со нејзините соученици, бидејќи со тоа се испраќа порака дека секој може да го направи истото, а да не сноси одговорност.„Немој никогаш да бидеш родителот на децата што учат со Амбла. За Амбла и за сите деца кои трпат тортура и дискриминација, не по своја вина. Еднаш кажав, ќе повторам. Ова не се деца со посебни потреби, со посебни потреби се родителите на здрави деца кои ги учат од најмали како да мразат. Амбла, прекрасна си“, напиша Миа Костова, позната македонска водителка„Каква неправда! Па ова е злосторство. Оставка и отказ за директорот и за сите кои дале "мислење" дека Амбла треба да се изолира во посебна ладна и голема сала а и да ротира! Ова е така добар случај за сите надлежни органи, а бајаги ги има, соодветно да се казнат т.н. образовни кадри во ова училиште.. Срам да ви е! Нацисти“, напиша Мерсиха Смајловиќ.„Необразовани родители одлучуваат да не ги испраќаат своите деца на училиште во ОУ. Братство- Гостивар за да ги образуваат, само затоа што нивните деца треба да учат во ист клас со нивната врсничка Амбла, дете со Даунов синдром. Амбла беше бојкотирана во првото полугодие. Истото го прават и сега. Сеа почнав да верувам дека овде стварано не прскаат со алуминиум жими се“, напиша Дејан Георгиевски Жапон.„Децата учат од родителите. Родителите немало кој да ги научи, но не е доцна да разберат, да се прекине ланецот на дискриминација. За Амбла и за сите деца кои се соочуваат со дискриминација“, напиша Божидар Божиновски.„Ова е Амбла. Амбла е прекрасна. Но необразованиот народ ги учи своите деца на омраза, дискриминација и злоба. Без да размислат дека мечката може да им заигра дома. Немој никогаш да бидеш родителот на децата што учат со Амбла. За Амбла и за сите деца кои трпат тортура и дискриминација, не по своја вина. Ова не се деца со посебни потреби, со посебни потреби се родителите на здрави деца кои ги учат од најмали како да мразат. Амбла, прекрасна си“, напиша Наташа Милошеска.Инаку, Амбла Адеми не можеше да продолжи да следи настава заедно со нејзините другарчиња. Не дека не сакаше, туку родителите на другите ученици не сакаа таа да биде во ист клас со нивните деца, само затоа што Амбла малку е поинаква од другите, има еден хромозом повеќе, има Даунов синдром.И покрај обидите на нејзините родители за таа да го продолжи школувањето со нејзините врсници, Амбла заврши сама во посебна училница, поради ултиматумот од страна на родителите на другите ученици до управата на училиштето.Таткото на Амбла, Илир Адеми раскажува дека таа од септември имала образовен асистент но често требало да ги менува класовите и учителите, што е доста заморно за едно дете со посебни потреби.„Беше кај салата за претстави, сама со асистентот. Родителите одржале состанок, каде што била присутна и жена ми и не се согласила таа да учи неколку часа таму, сама со асистент и само на часовите за вештини да биде во училница со нејзините врсници“, вели татко и.

Коментари | пред 4 години

slobodan-bogoevski

Договорот со Бугарија има замка на која падна Македонија, разузнавачот Богоевски: Катастрофално е

Поранешниот шеф на тајната служба и разузнавач во клучните периоди за Македонија, Слободан Богоевски, тврди дека договорот меѓу Македонија и Бугарија има замка на која паднала нашата држава. Тој вели дека не знае кој го пишувал договорот, но смета дека авторите не се консултирале со познавачите на историјата. Во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, посочи и што е спорно според него, а воедно и опасно за Македонија.„Една од замките на овој договор што е со Бугарија е непознавање на историската наука. Јас не знам кој го пишувал, таму стои дека кога ќе се расправа за историските прашања, ќе се расправа исклучиво на историски факти, мислејќи на пишувани извори. Тоа е опасна замка. Тоа е затоа што никој од оваа држава не бил вклучен во дебатата околу договорите од Преспа и овој со Бугарија од 2017 година. Како и кој го пишувал мене не ми е познато. Што е катастрофално за една држава да одлучува за такви прашања, а да не се консултира со ниту еден човек. Не со мене, не викам со мене, но во Македонија има луѓе кои ги познаваат тие периоди. Што е замката, ниту една пишувана историја не може сама по себе да биде извор на историјата. Зошто? Затоа што и најсовесните автори, пред антиката, по антиката и покасно, имаат субјективен одраз. Не мора ова што јас го гледам да е најточно, но ќе го напишам како што го гледам. Тоа е првично, субјективен одраз е тоа. Сите автори кои се познати пишувале по налог на владетелот, да му се додворат, да бидат спонзорирани. Опасно е ако се ослоните само на пишувани извори. Бидејќи тие, како што беше и со лустрацијата, мождат да бидат неверодостојни или лажни“, рече Богоевски.Бугарите во 1957 година имаат две студии на врвни лингвисти од Бугарија кои го проучуваат коренот на бугарскиот јазик, тоа го коментираше и Богоевски кој рече: „Се приметува дека внимавале при работењето, тоа е фантастичен извор. Ако ги видите имињата кои се во редакцискиот одбор на ова издание, меѓу нив има и лица кои биле топ 5 или 10 во светската лингвистика. Редакторот на првиот том, пишува историјат на развојот на јазиците и дијалетите. И тие го регистрираат тоа на педантен научен начин. Заклучуваат: ако можеме да извлечеме единствен стабилен елемент во бугарскиот јазик и дијалекти тоа е македонскиот јазик. Во сите дијалекти присутни во Бугарија и егејска Македонија, заедничко е македонскиот јазик. И тоа е така“.

Македонија | пред 4 години

pale-ina

„Постои нужна одбрана, ама на системот му одговара да трауматизира жртви“, коментира Ина за случајот на Пале

Познатата инфуенсерка која јавноста ја препознава под псевдонимот Ина Многуфина, смета дека велешанката Пале која е обвинета за извршено убство, не треба да одговара за тоа кривично дело. Таа одново застана во одбрана на обвинетата, откако и по убиството, обзнани за нефункционалнсота на системот.„Во Кривичниот законик постои нешто што се вика нужна одбрана. Ама ако на ова што би требало да е систем му одговара да се суди за самоодбрана, да се влечкаат предмети за силувања, да ги трауматизираме жртвите одново и одново, реконструкции за силувања да праиме, а насилниците проаѓаат со условни казни, пријави се повлекуваат под чудни околности, секој ебен ден имаме вест за силувања и претепувања,... епа ако вака треба да биде нашето општество можеме да се самораспуштиме другари“, посочи Ина Многуфина.За случајот:Обвинителството бара велешанката Пале да одговара за убиство, иако роднини сведочеа дека била тепана од убиениот маж со кој живеела - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Девојката од Велес која уби во самоодбрана е жртва, осудете го девојчето најблаго што може“, лавина реакции за слобода на Пале - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Кај државата не ги штити жртвите на семејно насилство, уште после и ги суди за самоодбрана“, се бара слобода за велешанката - Скопје1.мк (skopje1.mk)Роднина на Пале од Велес која е обвинета за убиство: Морав да ја кажам вистината, оти душата ќе ми препукне - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Коментари | пред 4 години

04042020_Dimitrov_Cestitka_1

Луѓето кои што ме носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, сега ме напаѓаат, вели Димитров

Поранешниот министер Никола Димитров во гостувањето на емисијата „Само вистина“ изјави дека оркестрираните напади кон него се диригирани од еден или два партиски центри.„Луѓето кои што ме носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат. Јас сум истиот човек, ги имам истите гледања и ставови. Ништо не е сменето. Јас сум на правиот пат. Логично е да кажам кога не се согласувам со нешто“, појаснува Димитров.

Македонија | пред 4 години

43078648_555080438265324_3533484914567544832_n

Центар за култура Битола и Камерен оркестар со концерт посветен на Тоше и Аки

Центар за култура Битола и Камерен оркестар, најавуваат концерт насловен „Засекогаш во срцата 3“ , кој оваа година ќе биде посветен на двајца великани во музичкиот свет Тоше Проески и Аки Ракимовски.„19-ти февруари е датумот кога треба да бидете во Битола и кој од сега треба да го запишете во вашите месечни планери“, велат оттаму.

Магазин | пред 4 години

DSC_0410

На точак: Со секоја акција или неакција, општините бираат дали ќе имаме или ќе немаме жртви на улиците

Граѓанската иницијатива „На точак“ побара информација на кој начин општините планираат да ја подобрат безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Тие велат дека се уште го очекуваат одговорот и додаваат дека со секоја нивна акција и неакција бираат дали да има или да инема жртви во сообраќајот„НаТочак во понеделникот побара информација на кој начин општините и Град Скопје планираат да преземат мерки за да ја подобрат безбедноста на СИТЕ учесници во сообраќајот, со акцент на пешаците и велосипедистите, и дали нивните заложби ги опфаќаат следниве мерки:Ослободување, уредување и проширување на тротоари и воведување пешачки зони. Правото на слободно движење треба да биде гарантирано на сите. Нефункционални и узурпирани тротоари доведуваат до принудно движење на ранливите учесници во сообраќајот по коловоз што ја загрозува безбедноста на сите;Воведување велосипедски патеки/ленти. Воведување издвоена велосипедска инфраструкрута не значи само добивање простор за велосипедски сообраќај, туку и смирување на брзините на возилата, скратени премини преку коловоз за пешаците итн., односно докажано влијае на безбедноста на сите, не само на велосипедистите;Воведување на Зона 30, Зона 20 и физичко смирување на сообраќајот преку стеснување на ленти за автомобили, подигнати пешачки премини, шикани-искривувања на коловозот, микро-кружни текови и слично.Во очекување сме на одговор.Институционалната поддршка на:- брзото возење (преку планирање на предимензионирани коловози без мерки на смирување);- бесправното паркирање (преку несанкционирање на окупирањето пешачки површини или преку непоставување физичка заштита);- автоцентричноста (преку планирање со фокус на автомобилите, а не велосипедите и пешаците, што едуцира „јас сум главен“ однос на возачите кон ранливите учесници)е во прилог на небезбедноста!Општините и Градот Скопје мора да одлучат во која насока ќе се движат: БЕЗБЕДНОСТ или НЕБЕЗБЕДНОСТ? Со секоја нивна акција и неакција, тие бираат: да имаме или немаме жртви на улиците“, се вели во објавата.

Коментари | пред 4 години

vodnjanska-brza-pomos

26 починати и 1.543 новозаразени од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија - 14, Делчево – 12, Крива Паланка – 10, Богданци – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 5, Кратово – 4, Берово – 2, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфекции и една втора реинфекција.Регистриран e 1.961 оздравен пациент од: Скопје – 854, Струмица – 144, Кавадарци – 127, Битола – 88, Охрид – 68, Штип – 64, Велес – 62, Гевгелија – 58, Куманово – 56, Валандово – 50, Неготино – 40, Прилеп – 39, Струга – 35, Тетово – 34, Гостивар – 29, Кичево и Свети Николе – по 28, Крива Паланка – 23, Ресен и Делчево – по 20, Кочани – 19, Радовиш – 18, Богданци – 12, Берово – 8, Виница, Пробиштип, Демир Капија , Пехчево и Дојран – по 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Кратово – 2, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), 3 починати лица од Прилеп (56г, 69г и 76г), 2 починати лица од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 04.01.2021 - 29.01.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=26), 12 лица се целосно вакцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 4.667 тестови преку: ИЈЗ-512, ЦЈЗ Скопје-106, ЦЈЗ Битола-98, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Авицена-150, Биотек-225, Систина-81, лабораторија Лаор-176, Синлаб-20, Ремедика-16, Плодност-48, Генеа-17, Никоб Лаб-439, ВФВ Медикал-81, Ели Медика-42, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-53, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.990.Досега во земјата се направени вкупно 1.798.697 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а бројот на активни случаи изнесува 14.336.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 124335, Активни 8031Куманово 15038, Активни 610Битола 13023, Активни 996Прилеп 12857, Активни 480Тетово 12541, Активни 531Кавадарци 9162, Активни 510Гостивар 8858, Активни 314Велес 8562, Активни 290Охрид 8001, Активни 257Штип 7569, Активни 151Струмица 7331, Активни 286Кичево 4995, Активни 216Кочани 4677, Активни 146Струга 4420, Активни 135Гевгелија 3817, Активни 199Неготино 3244, Активни 190Свети Николе 2464, Активни 80Ресен 2403, Активни 171Радовиш 2299, Активни 139Крива Паланка 2237, Активни 87Делчево 1805, Активни 92Берово 1650, Активни 32Дебар 1511, Активни 20Валандово 1402, Активни 83Виница 1298, Активни 33Пробиштип 1260, Активни 20Богданци 901, Активни 65Кратово 890, Активни 29Крушево 824, Активни 22Демир Хисар 774, Активни 32Македонски Брод 642, Активни 31Македонска Каменица 508, Активни 23Демир Капија 496, Активни 16Пехчево 429, Активни 15Дојран 214, Активни 4

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-09-at-16.03.33

Обвинителството бара велешанката Пале да одговара за убиство, иако роднини сведочеа дека била тепана од убиениот маж со кој живеела

Основното јавно обвинителство Велес, по спроведена постапка, поднесе Обвинителен предлог против 23-годишна велешанка за кривично дело – Убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик.Обвинетата, на 29.09.2021 година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот на миг сега починатиот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница.Откако вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави.Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетата, заедно со Обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор определена за обезбедување на присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.​​„Девојката од Велес која уби во самоодбрана е жртва, осудете го девојчето најблаго што може“, лавина реакции за слобода на Пале - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Кај државата не ги штити жртвите на семејно насилство, уште после и ги суди за самоодбрана“, се бара слобода за велешанката - Скопје1.мк (skopje1.mk)Роднина на Пале од Велес која е обвинета за убиство: Морав да ја кажам вистината, оти душата ќе ми препукне - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 4 години

boki-2

Боки 13 со ново писмо и фотографии од разговор со Николовски: Вилмич, не вредиш за некој да одговара како за убиство на човек

Бојан Јовановски-Боки 13, преку неговите адвокати упати ново отворено писмо до јавноста. Овојпат, во него има и фотографии за кои тврди дека се разговорите од неговиот телефон. Писмото е упатено до Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Вилма Русковска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски.Писмото ви го пренесуваме во целост, без никакви корекции:„На самиот почеток на ова отворено писмо ќе го издвојам следново.... смешен и ефтин блеф, бламирачки пропаганден потег е изјавата на Русковска дека и се заканувале со ликвидација доколку не ги гони Заев и популарниот му брат....ееејјј Вилма од нашево правосудство и јавно обвинителски систем ти направи Боливуд со ефтини приказни и сценарија!!!Како прво, госпоѓо Русковска, ти си должна согласно закон да постапиш и да ги гониш припадниците на кланот Заеви, без никој да ти се заканува, доколку постапуваше по закон и доколку и ти самата не си вплеткана во сите незаконски дејанија на споменатите!!!Како второ, фолираш, бидејќи однапред сакаш да се извадиш дека нема да ги гониш со флоскулата дека немаш докази против браќата Заеви, но за да ја разобличам таа твоја флоскула еве јас сега пред целата јавност ќе прикажам комуникации кои укажуваат за незаконските и криминални дејствија на истите, а во што јавноста ќе увиди на кој начин постапуваш, односно непостапуваш и како сокриваш криминал, што би значело според Кривичниот Законик на Република Македонија дека ти си соизвршител или помагач во сторените кривични дела!!!И како трето, Вилмич верувај ми дека никој за тебе не би валкал раце, не вредиш за некој да одговара како за убиство на човек!!!Така да, драга Вилмич не се плаши никој нема да те ликвидира!!! Ти самата ќе се ликвидираш со твоето незаконско и криминално постапување од позиција на моќ, како што ти реков твоето место е загарантирано овде од каде што го пишувам ова писмо, во затворот Идризово, инаку тука не е лошо, можеш да запознаеш и добри луѓе, неправедно и невино осудени од таквите правосудни “професионалци” како тебе!!! Може да се стекнат и пријатели, поискрени и почесни од оние фејк интерес пријатели какви сум ги имал јас!!! Околу ликвидација да ти го објаснам и следново, госпоѓо обвинителке Русковска ти си потребна жива, за да одговараш и да платиш на овоземскиот свет за цело нанесено зло на безброј семејства кои се жртви на твојата пакост, незнаење и луцидност!!!Мојот совет до тебе како познаници од минатото, биди спокојна и подготвувај одбрана со некои од твоите омилени адвокати (особено со еден од нив) ако до тогаш и тие не те фрлат како употребена прљава и измастена крпа за кујна!!!!Едно прашање, госпоѓо обвинителке Русковска и господине обвинител Јовевски - не ви е ли срам до толку ниско да паднете со такви ефтни изјави дека некој ви се заканувал и дека вие не се плашите?!? Јас ве разбирам дека мора да ја оправдате вашата неспособност, селективност и полтронизам, но очекував малку повеќе стил и умешност согласно функциите кои демек ги извршувате.... грозно и трагично, вие сте златна малина за лоша режија, сценарио и глума!Господине обвинител Јовевски, наместо да се бламирате на овој начин пред пензија (иако веќе требаше да бидете заминат во пензија, но мора да ја доизработите зададената агенда) погледнете во ова писмо пред што се замижала и не постапила согласно предвидените законски должности вашата “турнеа” колешка со која си се прошетавте до Бугарија, малку парадиравте по автопатот каде што се случи големата сообраќајна несреќа, додека Македонија тагуваше за изгубените животи на нашите сограѓани!!!Обвинителски блам тандем, тоа сте вие, за жал! Сепак, обвинител Јовевски со оној барем мал процент на личен и професионален интегритет прочитајте го писмово, погледнете ги фактите и самиот одлучете дали ќе бидете и вие соучесник, ако веќе и не сте ?!?!Океј ајде сега одиме по ред...Аналогно на содржината од претходните две отворени писма упатени до Заев и Русковска го упатувам ова отворено писмо до погоре наведените лица и до челата општа и стручна јавност, со цел за прикажување и обелоденување на сите незаконски и негативни, а во иштовреме и несанкционирани дејствија шторени од страна на споменатите и други!Напоменувам дека сите наводи во ова писание ги темелам од лични сознанија, сведоштва и податоци кои се наоѓаат во мојот телефон и истите претставуваат апсолутна материјална вистина, за оние кои сакаат да ја видат а надлежните да ја процесираат после сето опишано и изнесено во ова отворено четиво!Во смисла на зајакнување на веродостојноста и кредибилноста на содржината на изнесеното, во прилог на ова отворено писмо ќе објавам материјални докази од остварени комуникации од мојот телефон. Бидејќи одредени навивачки и платени структури после двете објавени писма ја доведуваа во прашање вистинитоста на моите наводи и велеа дека не ја пишувам вистината па еве денеска платениците ќе останат без плата, а вистината ќе добие светлост на денот, бидејќи со изнесување на денешните докази, платениците ќе мораат да си го голтнат јазикот, посочените да одговараат, а надлежните да делуваат или пак и тие еден ден да одговараат заедно со посочените!!!Господине Заев, гледам дека сте на некое зимување во некој скап европски ски центар.... и јас бев друже Зоки на скапо летување пред да ме уапсите, па во таа смисла сакам да ви кажам дека во случајности не верувам, а во карма да!!!Зоране Заев, ако мислите дека ќе се спасите со молчење и игнорирање на поставените прашања и тези од писмото кое што ви го упатив, ве уверувам дека се лажете!!! Спроведената цензура во медиумите под ваша контрола, кои не смееја ни збор да пренесат од отворените писма, зборува за вашето присутно влијание и владеење и покрај театарската оставка!!!Вие Зоране Заев, позади себе оставивте општествена, социјална и правна ерозија и катастрофа, оставивте целосно девастиран систем во кој сеуште вашите послушници владеат и пустошат, а вие како демек сте се повлекле, ма немојте ве молам! Еден пример од повеќето, вашиот омилен министер за корупција сега повторно се врати да биде министер за земјоделие, небаре нема постручен од него, а и во матните криминални зделки верувам и дека нема, одлично си парирате. “Сличан се сличном радује”! А зошто баш Љупчо Николовски повторно се врати како министер во земјоделие сега ќе им стане јасно на сите и ве молам после ова нема бегање, после ова мора да следи одговорност веднаш!!!Во контекст на ова, го прашувам Љупчо Николовски екс и актуелен министер за земјоделие да одговори :- Љупчо, колку во вашиот прв министерски мандат имате трансформирано државно земјоделско земјиште во државно градежно земјиште, колку законски процедури имате прекршено кои морале да бидат спроведени, за чии потреби и интереси и за колкави пари ја имате разработено оваа криминална шема заедно со Заев, брат му Вице и уште неколку пајташи на кланот Заеви и на крајот колку пари искеширавте сите заедно од погореопишаното???За нештата да станат појасни и за да се види кој ја зборува вистината, а кој панично бега од истата повелете!Првиот земјоделец по заевистичкиот модел вака работел, работи и ќе работи се додека не одговара заедно со неговиот ментор и идол за сите криминали, ова е само еден мал пример, но и повеќе од доволен да се отворат многу прашања и да се превземаат истражни дејствија!!!Господине Зоране Заев во писмото кое ви го упатив наведов дека јас лично сум ве споил со сега покојниот Жарко Луковски и наведов дека изработивте милионски проекти и дека наплативте милионски провизии во име на коруптивни награди за вас и вашиот Рашковски кои вие лично му го делегиравте на Луковски!!! Ќе се види дека и други ваши соработници го барале Луковски, но вие му велите најдобро со Рашковски!!!Меѓудругото денеска ќе се види кој тргувал со СЈО и на кого му се жалел Луковски за истрага во СЈО, на мене или на тебе Зоране Заев?!?!?И на крајот нели Жарко Луковски беше режимски директор од времето на Груевски и кум на Мијалков... еееххх друже Зоки со ова се гледа целата твоја фасада, политичко манипулирање и жонглирање. Пред гласачите рушеше режим, а во кабинетот се полнеше со пари!!!Еве ја целата комуникација. Повелете!“ стои во дописот.

Македонија | пред 4 години

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

УКИМ со драматичен пад од 100 места подолу на скалата на најдобри универзитети, вели ВМРО-ДПМНЕ

Фијаско во високото образование, со Ковачевски и СДСМ, УКИМ со драматичен пад од 100 места подолу на скалата на најдобри универзитети, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Според светската листа на најдобри универзитети УКИМ, како најпрестижен македонски универзитет не е ниту во првите 1.000, туку се наоѓа на 1.594 место, што е за 100 места наназад, во однос од пред 6 месеци кога беше на 1.493 место.И додека универзитетите од регионот како тие во Белград, Љубљана, Загреб се во првите 500-тини, УКИМ е над 1.000 места зад нив.Лошиот рејтинг на УКИМ е пред се поради лошите политики во образованието.Пет години СДСМ и ДУИ не направија ниту еден од неколкуте ветени студентски градови, не е инвестирано во опрема, ниту во човечки капацитет во високото образование, тоа е истата онаа власт, во која Ковачевски е заменик министер за финансии, а сега премиер.И со секој поминат ден повеќе на СДСМ и ДУИ на чело на државата и образованието, УКИМ, но и целото образование ќе тоне. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори со цел брзи промени и закрепнување на државата на сите полиња“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

ezera-zooloska-1

Пред 20 години свеста и едукацијата не беше на ниво како сега, вели Мицковска по случајот во скопската зоолошка

Деновиве Заменик-директорката на Зоолошката градина во Скопје, Тина Мицковска, објави видео кое го видела на „Тикток“.На видеото еден од посетителите ги вознемирува магарињата во скопската зоолошка градина, а таа вели дека треба да влезе во категоријата „Простак на годината“.Тина Мицковска од ЗОО Скопје за „Фокус“ не го криеше разочарувањето од ваквите постапки на луѓето, кои не биле непознаница и во минатото.„Пред 20 години свеста и едукацијата не беше на ниво како сега. Во целата ситуација, ме радува тоа што во последните години преку кампањи ја зголемивме свеста кај посетителите, секојдневно постојано апелираме за совесно однесување, низ градината и на влезот се поставени табли со кодекс на однесување, а и јавните личности и СВР Скопје ни помагаа во едукација на посетителите“, вели таа.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 4 години

micko-slavenje

СДСМ бара одговорност за однесувањето на Мицкоски

Христијан Микоцкоски крши протоколи и си поигрува со здравјето на граѓаните во време кога е зголемен бројот на активни случаи со Ковид-19, кога медицинскиот персонал не може да здивне поради состојбата со вирусот, вели СДСМ„Неговата ВМРО-ДПМНЕ глуми лажна загриженост и наутро бара онлајн настава, а тој напладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните гоштевајќи се, збиено седнат во тесна просторија.Тоа е лицемерието, неодговорноста и самобендисаноста на Христијан Мицкоски.За кршење на протоколите за заштита на здравјето на луѓето треба да има одговорност и надлежните институции да реагираат по однос на ова скандалозно однесување на Мицкоски.Мицкоски од самиот почеток на пандемијата се однесува неодговорно и срамно. Го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги крши протоколите.Јасно е зошто Мицкоски не го осуди однесувањето на охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој наместо во самоизолација, неодоговорно се појави на верски празник меѓу граѓаните.Тоа е истата матрица и едно исто непочитување на законите, ниту на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

policija-srbija

Бегалец кој извршил убиство во Македонија, фатен од белградската полиција

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсија О.Ж. (37), по кого е распишана потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело убиство на територијата на Република Македонија, соопшти МВР.Постапката против О.Ж., на барање на Министерството за правда на Македонија, а согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлена на српските правосудни органи.O.Ж. е изведен пред Вишиот суд во Белград.

Македонија | пред 4 години

273047031_10227771778223587_5129128331962462959_n

Инес Ефремова проговори за голготата низ која поминала нејзината ќерка поради коронавирусот

Ликовната уметница Инес Ефремова на социјалните мрежи ја сподели голготата што нејзината 2-годишна ќерка ја проминала„Сакам да ја споделам голготата што мојата 2-годишна ќерка ја пројде поради короната, пред сè, затоа што можеби ќе помогне некому, па нема да завршите со пневмонија и цитокинска бура додека докторите ве убедуваат дека не ви е ништо.Имено, пред три недели моја Лулу разви температура. Ден потоа развив и јас, веднаш се тестерива и испаднав позитивна на ковид. Се изолиравме, комунцирав со својот матичен лекар за терапија и не ни помислував дека ќерка ми ќе има последици пошто нели „на деца нишо не им е“. После третиот ден мојата температура прекина но, Лулу продолжи да качува. Направивме крва слика, ја однесовме на преглед и матичната нè врати дома велејќи ни да почекаме до 5ти ден со фебрилност. Без да има подобрување, на 5иот ден истиот круг – крвна слика, преглед и матична која нè убедува дека нема простор за паника. Но, со сопругот не сме скроз аналфабети за медицина и веќе почнавме сериозно да се загрижуваме. Доаѓа 7ми ден како Лулу качува температури до 39.5, пак прегледи, крвни слики и пак убедувањеда почекаме.Тогаш решивме дека веќе нема да чекаме одговори од матичната докторка и се упативме во Институтот за белодробни заболувања Козле. Таму и’ направија рентген на бели дробови на Лулу и не вратија дома, велејќи дека ќерка ни е добра. Доаѓа 9ти ден, Лулу на интервали од 4 часа (односно штом помине дејството на антипиретикот) постојано качува температури од над 39 степени. 3ти пат одиме во Козле, втор доктор го гледа рентгенот на Лулу, вели дека плуќата и’ е во ред, ни препишува антибиотик и пак не праќа дома. Вечерта поворно Лулу гори. Тука со сопругот решаваме дека или ќе ја хоспитализираат Лулу во Козле, или ќе молиме во некоја од приватните болници за прием, ама веќе дома не седиме. После долго инсистирање, конечно не’ примија. Утредента и направија испитувања и испадна дека не само што белите дробови не и’ се во ред, односно има пневмонија, туку дека има и цитокинска бура. Следеше интравенозна терапија со корикостероид и антибиотик и 10 дена лежење во болница. Тука ќе прекинам со раскажување од остатокот на хоророт, затоа што не ми е поентата да повторам колку ни се некомпетентни докторите и колку ни е во распад здраството. Важно е дека сега сме дома и Лулу е добра.Го кажувам ова за, доколку сте родител, не спиете на увото „дете е, ко на куче ќе му помине короната“. Исто, за секоја температура која трае повеќе од 3 дена, да не прифаќате ништо помалку од терапија и дополнителни испитувања ако температурата трае 5 дена. Воедно, со оглед на тоа дека последиците од корона се појавуваат многу често од 7миот до 13иот ден, да бидете будни и внимателно да следите ситуација дури и ако има подобрување во првичните симптоми.Не чекајте „другите“ или власта или било кој друг да ве заштити. Нема, треба сами да се штитите и да бидите бидете одговорни за себе и своите блиски. Образувајте се за своето здравје, имате многу медицински релевантни информации достапни на нет и имајте во предвид дека докторите прават (многу) грешки, а короната е болест за која уште малку се знае. Конечно, не верувајте дека омикрон е лабав и ковидот пројде. Козле е полно со деца со последици од ковид, Толку полно што немаат слободни кревети. А, имаат дечиња на кислородна поддршка, до толку е лошо.А, за да не биде ова безлична приказна, еве го лицето на Лулу додека преку болнички прозор го гледаше тато со канила во рака.Никогаш и никому да не се повтори“, вели Инес.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања