ТОП

272822140_489047899252792_5116103359070330363_n

ОМО Илинден-Пирин до Радев: Нашата партија никогаш не се залагала за некаков сепаратизам

Не можеме, а да не реагираме на неодговорните изјави на претседателот на Бугарија Румен Радев за наводните „сепаристичките ставови и претенциозните тврдења за малцинство од личности кои се сретнале со претседателот Стево Пендаровски“, се вели во реакцијата на ОМО Илинден-Пирин на денешната изјава на Радев по средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претставници на повеќе организации на Македонците од Бугарија.Изјавата на Радев е лага и клевета и како таква е срамна за сите, а особено за претседателот бидејќи срамот паѓа на сите граѓани, се вели во реакцијата на ОМО Илинден-Пирин.„Нашата партија никогаш не се залагала за некаков сепаратизам. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не е обвинет, суден или осуден за сепаратистички дејства. Лагата за наводниот наш сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која се изложени бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права. Во последните 18 години дискриминацијата на Македонците во Бугарија е присутна во сите извештаи на меѓународни институции за човекови права. Затоа Бугарија е ставена под зголемен мониторинг во Комитетот на министри. Но, освен лаги и клевети, изјавата на Радев е израз и на ниска политичка култура. Тој ги поврзува малцинските права со сепаратизмот и во нив гледа нешто лошо и неприфатливо. Да го потсетиме претседателот дека Бугарија ја ратификуваше Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и дека Република Бугарија во минатото официјално го призна македонското малцинство, кое оттогаш систематски е подложно на брутален прогон во комунизмот и денес. А колку за информација на Радев, бидејќи тој одбива не само да не прими, туку дури и да одговори на нашите барања за средба, се бориме за демократизација и европеизација на Бугарија, за човекови права, за запирање на негирањето на македонското малцинство, запирање на систематската дискриминација, против стигматизацијата, говорот на омраза и маргинализацијата што се применува врз македонското малцинство. Сакаме на бугарските граѓани со македонска самосвест да им овозможиме рамноправно и целосно да учествуваат во јавниот и политичкиот живот во земјата - нешто што во моментов систематски им се ускратува. Срамота е Бугарија да ја водат политичари со сличен начин на размислување“, се вели во реакцијата на ОМО Илинден-Пирин.На оваа изјава на Радев реагираше и Пендаровски кој изјави дека не е негов проблем ако некому му пречи средба со Македонци од каде било во светот.

Македонија | пред 4 години

w_56674000

2000 нови случаи и 35 починати лица од ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Пехчево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.Регистрирани сe 806 оздравени пациенти од: Кавадарци – 181, Куманово – 127, Велес – 114, Гевгелија – 83, Неготино – 61, Скопје – 58, Кочани, Штип и Свети Николе – по 27, Богданци – 23, Виница – 16, Радовиш – 14, Делчево – 10, Демир Капија – 9, Берово – 7, Пехчево – 4, Тетово, Струмица, Македонска Каменица и Дојран – по 3, Охрид и Крива Паланка – по 2, Кратово и Пробиштип – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 6 починати лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.Од вкупниот број на починати лица (n=35),  13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 5.779 тестови преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-109, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-79, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-222, Биотек-286, Систина-143, лабораторија Лаор-122, Синлаб-40, Ремедика-38, Плодност-87, Генеа-33, Никоб Лаб-649, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-55, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-58, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–27, Нова Лаб Дијагностика–38, Рамус-38, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.624.Досега во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 123581, Активни 8143Куманово 14946, Активни 575Битола 12926, Активни 988Прилеп 12811, Активни 476Тетово 12484, Активни 508Кавадарци 9101, Активни 576Гостивар 8819, Активни 305Велес 8527, Активни 317Охрид 7973, Активни 299Штип 7552, Активни 199Струмица 7276, Активни 376Кичево 4965, Активни 215Кочани 4644, Активни 132Струга 4402, Активни 152Гевгелија 3808, Активни 248Неготино 3215, Активни 201Свети Николе 2449, Активни 93Ресен 2387, Активни 176Радовиш 2273, Активни 131Крива Паланка 2226, Активни 99Делчево 1790, Активни 98Берово 1650, Активни 40Дебар 1510, Активни 20Валандово 1386, Активни 117Виница 1297, Активни 37Пробиштип 1256, Активни 22Богданци 887, Активни 63Кратово 885, Активни 26Крушево 823, Активни 22Демир Хисар 769, Активни 30Македонски Брод 641, Активни 34Македонска Каменица 503, Активни 19Демир Капија 495, Активни 20Пехчево 428, Активни 19Дојран 212, Активни 7

пред 4 години

pendarovski

Бугарите лути на Пендаровски оти се сретнал со ОМО Илинден, тој вели оти мора и ќе продолжи да се среќава

Вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова одби да учествува на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации меѓу Бугарија и Републикa Македонија поради средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претставници на забранетата ОМО Илинден.Оваа средба предизвика остра реакција на бугарското Министерство за надворешни работи.„Денови по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на социјалните тензии предизвикани од конкретните постапки на претседателот на Северна Македонија, кои се обидуваат да ги обноват разговорите за прашања поврзани и соработка од 2017 година. Ваквите постапки не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија“, се вели во ставот на МНР.Денеска претседателот Стево Пендаровски истакна дека ќе продолжи да се среќава со претставниците на ОМО Илинден„Морам и ќе продолжам да се среќавам со тие луѓе. Радев во повеќе наврати прими во Софија граѓани на Македонија со бугарско самочувство. Само во една таква атмосфера можеме да го надминеме овој проблем, изјави Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

20220201144622

Д-р Демири: До денеска немам евидентирано пациент кој е починат, а редовно вакциниран, без коморбидитети

За инфектологот д-р Илир Демири од Инфективната клиника во Скопје сојот омикрон воопшто не е лесен како што тоа се прикажува во јавноста. Според него, ова се должи на неговото искуство и секојдневниот ангажман на клиниката каде се лекуваат потешките случаи.-Оваа варијанта е полесна кај поголемиот број од популацијата, но не треба да се заборава дека добар дел што лесно ја прележуваат болеста се вакцинирани против ковид. Кај одредена популација која е невакцинирана и омикрон варијантата придонесува кон тешка клиничка манифестација. Охрабрувањата од типот дека омикрон е полесен и полесно се поминува, не држи од клинички аспект. Од мое лично искуство, без да се ослонувам на научни факти, можам да кажам дека до ден денеска немам евидентирано ниту еден пациент кој е починат, а редовно вакциниран, без коморбидитети. Иствовремено, сум сведок на многу пациенти кои починале без коморбидитети, но не биле вакцинирани. Сакам да апелирам до јавноста дека единствената мерка би не заштитила е вакцинацијата. Само тоа ни е спас. Од сите кои се починати треба да се направи една посебна статистичка обработка, но 90 проценти од починатите се невакцинирани, имавме и млад живот кој го изгубивме. Пациентот беше невакциниран, со дополнителни здравствени состојби, односно хипертензија и обезност. Жалосно е пациент да живее во Скопје и да не е вакциниран, жалосно е, рече д-р Демири.

Македонија | пред 4 години

berovo

О2: Со поставување на мерната станица митот за чистиот воздух во Берово се разби

Со поставување на мерната станица на МЖСПП за мерење на квалитетот на воздухот, митот за чистиот воздух во Берово се разби, велат од О2 иницијатива.„Зимно време, претпоставуваме поради греењето, особено во утринските и вечерните часови воздухот е поприлично загаден за град кој важи за воздушна бања.Редовни се концентрации на PM10 над 100 µg/m3.Многу поопасните PM2.5 се доста високи, ако ги земеме препорачаните и законски максимално дозволените коцентрации.Гевгелија е со далеку почист воздух од Берово.Само на овој начин, со мерење, може да се види каков е воздухот низ разни места во земјава, што дава потоа основа за делување за да се подобри. Мониторингот е клучен. Затоа, што поитно ставање во функција на мерните инструменти за PM10 и PM2.5 во Битола 1 и SO2 во Лазарополе.Резервни инструменти треба да има дволно постојано“, додаваат од О2 иницијатива.

Македонија | пред 4 години

IMG-717d3c0bdec38c99116341386dc4c15e-V

(ВИДЕО) Снег ненадејно почна да вее во зима, Македонија пат изненадени, еве како изгледаат патиштата

Иако имаше најава, Македонија пат повторно ја изненади снегот, па така на повеќе патни правци сообраќајот се одвива отежнато.Камион се излизга на патот Битола-Ресен, кај Ѓавато. Ова доаѓа по снежните наноси кои паѓаат од утрово, но и лизгавите патишта. Снежните врнежи, како и натрупаниот снег дополнително ја отежнуваат ситуацијата, при што патот е под целосна блокада и создадена километарска колона на автомобили од двата патни правци.Но, освен на патот Битола-Ресен, неисчистен снег има и на Стража и Плетвар. Возачите револтирани на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа и апелираат до останатите да возат внимателно.„Од 15:20 часот, сообраќајот на патниот правец Битола-Ресен е во прекин поради сообраќајна незгода во близина на Кажани.ЗАБРАНИ ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ТМВ:Од 15:55 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато.Од 15:30 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка - г.п. Деве Баир поради обилни врнежи од снег.Од 06:20 часот на потегот Маврово - Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга - Ќафасан.Од 08.30 воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража.Од 10:00 часот на потегот Охрид - Пресека - Кичево и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег. Во поголемиот дел од државата врне снег, а во одредени региони и дожд“; информираат од АМСМ

Македонија | пред 4 години

IMG-3c8ebc09b9145bfbb02fd92e0956dec9-V

(ФОТО) Страшна сообраќајка кај Ѓавато, сообраќајот во прекин

Собраќајна несреќа го блокирше патниот правец Битола-Ресен, кај Ѓавато.Снежните врнежи, како и натрупаниот снег дополнително ја отежнуваат ситуацијата, при што патот е под целосна блокада и создадена километарска колона на автомобили од двата патни правци.Очевидци велат дека причина за сообраќајката е неисчистениот снег од патот, како и врнежите кои траат.„Од 15:20 часот, сообраќајот на патниот правец Битола-Ресен е во прекин поради сообраќајна незгода во близина на Кажани. Од 15:55 часот се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен - Битола преку планинскиот превој Ѓавато“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 4 години

Dr-Aleksandar-Petlickovski-Imunolog

Петличковски ќе раководи со Комисијата за заразни болести

Од денеска Комисијата за заразни болести има нов состав и со неа ќе раководи д-р Александар Петличковски,директор на Институтот за имунологија.Портпарол на Комисијата ќе биде доктор Злате Мехмедовиќ. Претседателот на Комисијата кажа дека новиот состав ќе ги следи научните сознанија за коронавирусот.„Ние нема да работиме на принцип – во Англија се фрлија маските па и ние ќе ги фрлиме. Во Македонија условите се специфични и затоа не може еднострано да се прифаќаат одлуки. Денес имавме дискусија за почетокот на учебната година, скринингот во училиштата, за употребата на сертификатите и набрзо ќе излеземе со првите препораки. Се надеваме дека релативно кратко ќе трае ситуацијата и потребата за чести состаноци“, рече Петличковски.

Македонија | пред 4 години

dara-bubamara

Дара Бубамара за украдената песна: Задоцнија, ја снимив во 2017 година, а сега е 2022, ќе поднесам тужба

Главна тема во шпанските медиуми е кражбата што ја изврши нивниот претставник на Евровизија која ја украде српската пејачкаШпанската пејачка, која себеси се нарекува Шанел, беше обвинета дека ја украла песната „Екстравагантно“ на Дара Бубамара. Дара сега проговори и откри што планира да прави:– Денеска кога влегов на социјалните мрежи бев шокирана. Добив милион пораки од странци во Шпанија. Ми испратија линкови и скриншот од натписи во локалните медиуми дека овогодинешниот претставник на Евровизија ја ископирал мојата песна. Слушнав и сличноста е јасна. Сепак, тие малку задоцнија, или мислеа дека нема да бидат провалени. Ја снимив во 2017 година, а сега е 2022. Гледам дека се крена врева, а мојот тим ќе поднесе тужба – вели Дара.Таа признава дека ѝ годи да ја копираат Шпанците.– Сега цел свет ќе слушне за мојот хит. Така треба да биде. Изборот за песна на Евровизија е светски познато музичко натпреварување и секој ќе коментира за плагијатот. Раста и Цоби ја направија вистинската работа, „екстравагантно“ и неколку пати на моите настапи се бара- вели пејачката.

Магазин | пред 4 години

image-157887

Страшна сообраќајка на патот Делчево-Пехчево

Коловозите низ земјата се влажни и лизгави, поради засилените врнежи од снег.Утрово кратко по 9 часот е евидентирана сообраќајка која се случила на патот Делчево-Пехчево.Како што може да се види од фотографиите на Делчево365, едното возило е со уништена предница, а другото е превртено надвор од коловозот.Според првичните информации, за среќа, нема повредени во оваа сообраќајка.

Македонија | пред 4 години

Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Кој ќе биде дел од Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство денеска ќе го добие новиот состав на Комисијата за заразни болести.Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија, ќе биде новиот претседател на Комисијата за заразни болести, дознава ТВ21.Според информациите на ТВ21, на местото портпатол ќе застане и д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом.Министерот Сали неодамна им предложи на докторите Пановски и Даниловски да станат членови на оваа комисија и да учествуваат во носењето на нови мерки и препораки, според епидемиолошката состојба, но сите го одбија.

Македонија | пред 4 години

Tanja-Karakamiseva

Каракамишева го оспори Преспанскиот договор пред Уставен суд

Универзитетската професорка Тања Каракамишева пред Уставниот суд поднела барање за заштита на слободите и права во врска со Преспанскиот договор.За оваа нејзина иницијатива извести Уставниот суд на својата веб страница и неа оваа судка инстанца ќе ја разгледува на својата утрешна седница.„Според подносителката на барањето повредено е правото на забрана од дискриминација по основ на национална припадност и правото на слобода на уверување, совеста , мислата и јавното изразување на мислата од член 110 став 1 алинеја 3 од Уставот, гарантирани со меѓународни документи. Подносителката смета дека повредата на горенаведените права била направена со дејството потпишување на поединечен акт, односно потпишување на „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации,за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните склучена во Преспа (Нивици) Грција на 17.06.2018 меѓу „Првата страна“ Грција претставувана од министерот за надворешни работи Никос Коsијас и „Втората страна“ (безимена држава) претставувана од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.Подносителката предлага нејзиното барање да биде усвоено во целост и да се утврди повреда на наведените слободи и права, да се поништи поединечниот акт и да се забранат наведените дејствија, а до донесување на конечниот акт Судот да донесе Решение за определување на времена мерка согласно член 57 од Деловникот на Уставниот суд“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

micko-slavenje

Мицкоски преку ден бара онлајн настава, а навечер се гоштева и ги крши сите протоколи за заштита од Ковид-19, вели СДСМ

Христијан Мицкоски повторно на дело го покажа своето лицемерие пред целата јавност. Преку ден бара наставата во второто полугодие да продолжи онлајн, лажно загрижен за здравјето а навечер се гоштева и ги крши сите протоколи за заштита од Ковид-19, вели СДСМ.„Тоа е истиот Мицкоски кој среде пандемија одеше во кафеани и теретани. На сите им е јасно дека Мицкоски едно зборува а друго прави“, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

ahmeti-sobranie-21

(ВИДЕО) Со години постојат напори да ѝ нанесат штета на ДУИ, обвинува Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук објави видео компилација од прес конференции на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.„Со години постојат напори од различни актери да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја користат за оставрување на своите цели во секојдневните партиски политики“, напиша Али Ахмети на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

korona-2

За една недела речиси 12.000 заразени со ковид

Изминатата недела тестирани се вкупно 38.518 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,0% вооднос на минатата недела. Регистрирани сe 11.916 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 2,7% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,8%, просечно 30,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 13.041 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.558 реинфекции, скоро идентично во однос на претходната недела.Пријавени се 148 смртни случаи во 26 градови во текот на изминатата недела, за 38,3% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (48).

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања